Wednesday, October 14, 2015

Хемпкрит - еколошко градежништво!

Почитувани градежни фирми, време е еколошки и економично да се ориентирате!!!

Конопот е растение од кое може да се произведе буквално СЕ`! Се` што не е од стакло или метал, може да се направи од коноп. Покрај тоа што индустрискиот коноп претставува идеален прочистувач на воздухот, ова растение е обновлива суровина  за производство на био-гориво, за производство на лиена пластика, но и идеална суровина за производство на градежни материјали. Конопот е лесен за производство бидејќи не бара ниту фунгизиди, ниту пестициди за време на одгледувањето на оваа култура.

Хемпкрит - HEMPCRETE (бетон од коноп) претставува лесен и цврст градежен материјал мешавина од конопови влакна и материјал за сврзување (мешавина од цемент, вар и песок). Циглите од хемкрит се користат исто така и за топлотна и звучна изолација. Хемпкритот се смета за еколошки (бидејќи дише и е биоразградлив) и огноотпорен материјал со просечна густина од околу 15% од густината на конвенционалниот бетон. Овој градежен материјал од коноп на пазарот може да се сретне со повеќе имиња и тоа: Hempcrete, Canobiote, Canosmose или Isochanvre и сл.

Конопот за време на својот животен циклус преработува огромно количество на јаглерод диоксид во кислород. На овој начин, големи количини јаглерод се вградени во домот преку хемпкритот, што му оневозможува на јаглеродот да биде ослободен во атмосферата, бидејќи има големи количества на целулоза во себе. Еден дом/објект може да заштеди околу 10 илјади килограми јаглерод кога е изграден од хемпкрит.

Хемпкритот е многу полесен за работа во споредба со традиционалните микстури од цемент и поради тоа што претставува идеален регулатор на влагата. Надворешните ѕидови направени од хемпкрит идеално ја пропуштаат влагата без гниење и оштетување на материјалот. Ова придонесува градбите од хемпкрит да бидат многу временски поиздржливи од традиционалните градби. Ѕидовите направени од хемкрит потребно е да имаат потпорна рамка од друг материјал, којшто ќе претставува поткрепа на вертикалното оптоварување.

Хемпкритот се смета за најиздржливиот и воедно најлесниот градежен материјал до сега и научниците сметаат дека тој ќе го револуционизира градежништвото и начинот на кој до сега се градело. Инженерите потврдуват дека дури и при силни земјотреси куќите од хемкрит не пукаат, бидејќи овој материјал е три пати поиздржлив од традиционалниот обичен бетон. Легализацијата на индустрискиот коноп, од кој исто така може да се произведуваат и лекови, може да го направи светот подобро место за живеење на идните поколенија. Застани и ти на наша страна - за иднината на твоите деца се работи!


СПОДЕЛИ!


No comments:

Post a Comment