По само два дена поминати на канабис терапија (со екстракт од цветовите на канабисот), ова девет годишно аутистично и повлечено во себе дете, прозворува за прв пат!
Семејството Сантиаго пресреќно што може да го слуша гласот на нивниот син! |
Семејството од Пуерто Рико проба се` за да му помогне на нивниот 9 годишен син со Аутизам, Калел Сантиаго (Kalel Santiago). Калел никогаш во својот живот не зборувал и не изустил ниту еден збор, но само по два дена откако тој ја прими првата доза на екстракт од канабис, неговата судбина драстично се промени.
Во Пуерто Рико употребата на марихуана во медицински цели беше нелегална, се` до пролетта оваа година. Во мај, откако Гувернерот на Пуерто Рико потпиша извршна наредба со којашто се легализираше канабисот во медицински цели, семејството Сантиаго одлучи да проба да го лекува малиот Калел со помош на канабисово масло.
Кога малечкиот Калел имаше само 10 месеци, тој бил дијагностициран со редок вид на детски рак наречен неуробластома. Оваа болест на Калел му уништи две години од неговото детство за операции, хемотерапии и радијации. Тоа не беше се`... Семејството Сантиаго, уморни и истрауматизирани поради ракот на Калел, добија уште една дијагноза од лекарите - невербален аутизам.
Малиот Калел сега може да се смее гласно како секое дете! |
„Додека тој беше во болница, ние забележавме дека тој воопшто не зборува и дека се однесува на несоодветен начин, како што е мавтањето со рацете и одењето на прсти. Но, ние чекавме додека тој не наполни 3 години и не се излечи целосно од ракот, за да започнеме да го третираме неговото однесување“ - изјавува таткото на Калел, Абиел Гомез Сантиаго (Abiel Gomez Santiago) во едно интервју за Yahoo Parenting.
Абиел заедно со неговата жена, мајката на Калел Гладис Сантиаго (Gladys Santiago) многу долго истражуваа за немиот аутизам, но исто така пробуваа се` на што ќе налетаат со цел да му помогнат на своето дете. Но, како што легализацијата на медицинскиот канабис во нивната држава земаше се` поголем замав, тие дознаа за лековитите својства на канабисот, особено на канабиноидот (состојката од канабисот) наречена Канабидиол (CBD) и за успешноста на третманите со канабисово масло при третирањето на Аутизам, АДД, АДХД и други невролошки нарушувања.
Тие дознаа за стотици среќни приказни на успешно излечени епилептични и аутистични деца со помош на CBD. Калел започна да користи канабисово масло во спреј и семејството тврди дека по само два дена момчето прозборело за прв пат во својот живот. „Тој не` изненади на училиште кажувајќи ги самогласките 'A-E-I-O-U'. Тоа беше прв пат до сега“ - истакнува таткото Абиел. „Не можете ни да си ги замислите емоциите кои ние ги имавме, слушајќи го гласот на Калел за прв пат. Тоа беше неверојатно. Учителката го снимаше и ни ја испрати снимката на мене и на мојата сопруга и ние рековме добро, единствената разлика што ја правевме беше користењето на CBD“ - додава тој.
Набрзо по овој мил настан, Калел започнал да употребуба консонанти во својот говор за да ги поврзе гласовите. „Тој рече: 'amo mi mama' - Ја сакам мојата мајка“ - објаснува Абиел.
Лекарите упорно ќе тврдат дека аутизмот на Калел бил вроден, но многу голема веројатност постои дека ова невролошко нарушување се појавило поради хемиските препарати и разновидните штетни лекови што ова детенце „морало“ да ги прима поради ракот. Едно е сигурно, доколку овие родители слушнеле порано за лековитоста на канабисот и за тоа дека ова растение успешно го убива ракот без несакани последици и започнале да го лекуваат со канабис уште додека била поставена првата дијагноза - организмот на нивниот син многу побрзо и на природен начин ќе се справел со канцерот. Калел исто така ќе започнел да зборува на време, како сите деца, бидејќи канабисот го потпомага правилното развивање на мозокот и центрите за говор.
Слушнете што имаат да кажат за канабисот и канабисовото масло овие спресреќни родители кои го имаат истиот проблем како родителите на Калел Сантиаго - Аутизам.
No comments:
Post a Comment