Sunday, November 29, 2015

Легализацијата на марихуаната може да ја истисне Виаграта од употреба

Внесете нова димензија во својот кревет.
Доколку канабисот се легализира на глобално ниво и доколку луѓето активно започнат да го користат овој природен лек, односно доколку користењето марихуана стане нормален дел од секојдневието, слично како секојдневното користење на витамини, тогаш експертите сметаат дека никој нема да има потреба од Виагра и слични лекови за поттикнување на машкото и женското либидо. Ова се одлични вести особено за мажите со еректилна дисфункција

Швајцарските научници спровеле научна студија врз глувци за да го докажат ова. Тие веруваат дека постои потенцијална позитивна поврзаност помеѓу користењето трева и остварувањето на подобри ерекции. Истражувачите од Ecole Polytechnique од Швајцарија открија дека марихуаната ги намалува хистолошките карактеристики, коишто биле поврзани со еректилната дисфункција кај хиперхолестеролемичните (со преголемо ниво на холестерол) глувци.

Канабисот ја зголемува желбата за секс!
Една од најчестите причини за појава на еректилна дисфункција е високото ниво на холестерол, што доведува до запушување на крвните садови и намалување на дотокот на крв во пенисот. Со текот на времето ова може да доведе до перманентна дисфункција. За среќа научните сознанија спроведени пред две години објавени во зборникот Clinical & Developmental Immunology (Клиничка и Развојна Имунологија) објаснуваат на кој начин марихуаната може да помогне.

Таргетирајќи ги специфичните патеки поврзани со марихуаната наречени CB2 рецептори, истражувачите од Швајцарија биле во можност да ги редуцираат еректилните оштетувања кај глувците. CB2 рецепторите се присутни во целото тело кај сите цицачи `рбетници, па вклучувајќи го и пенисот. 

Накратко, активацијата на CB2 ги намалила хистолошките особини, коишто биле поврзани со еректилната дисфункција кај хиперхолестеролемичните глувци“ - велат научниците.  

По три месечна терапија со канабис, примероците од ткивото на глувците покажале пониски нивоа на фиброза (наталожување на абнормално ткиво) и пониски нивоа на други повреди поврзани со холестеролот, во споредба со глувците коишто не биле лекувани со канабис.

Канабисот е природен афродизијак!

Д-р Лестер Гринспун (Lester Grinspoon) психијатар и пензиониран професор од Харвард (Harvard Medical School), познат автор на многу книги и статии за канабисот и неговите медицински својства, познат и по многу документарни филмови и емисии за светата билка, меѓу кои и филмот „Clearing the Smoke: The Science of Cannabis“ во едно интервју за High Times од 2001 година вели:

Јас заклучив дека марихуаната во голема мера го истакнува сексуалното искуство кај многумина. Не постои сомнеж дека кога луѓето се „хај“ тие се повеќе осетливи кон нивните сексуални чувства и пориви. Во овој поглед, тревата може да биде афродизијак“.

Канабисот предизвикува љубов! <3
Видете, доколку дојдете кај мене и ми кажете дека имате потешкотии во сексуалното распалување или доколку се соочувате со прерана ејакулација или еректилна дисфункција, јас би ве прашал: `Дали некогаш претходно сте пробале марихуана? Тоа нема да ви наштети. Можете да пробате`“ - додава Д-р Гринспун.

Марихуаната несомнено го зголемува и женското либидо. Од неодамна создадена е нова врста на канабис наречена Sexxpot наменета за женската популација.

Многу од мажите велат дека тревата ја спречува прераната ејакулација


Врста откриена од жена, за жените.
Да, дефинитивно. Таа им помага на некои луѓе, но не и на секого. Со марихуаната, морате да ги земете предвид биолошките варијации. Прераната ејалукација е психо-физиолошки одговор“ - истакнува Д-р Лестер.

МИТ: Пушењето на семките од канабис предизвикува неплодност!

Љубовниците кои љубат канабис остануваат заедно!

Кога сме веќе кај оваа тема, сакаме да разјасниме и еден длабоко вкоренет МИТ помеѓу пушачите на канабис. Пушењето на семките во никој случај не може да предизвика неплодност. Семките треба да се отстранат пред пушење поради тоа што пукаат и мирисаат грозно кога се запалени, па затоа го упропастуваат моментот на уживање. Можеби постојат луѓе на кои семките не им сметаат во џоинт - тоа е право на избор, но како и да е нивното пушење не е штетно. Семките се наменети за јадење и за правење на ладно цедено масло (зејтин).

Луѓе! Сакајте се! :)

Sunday, November 22, 2015

Готвење со канабис

WAKE & BAKE!

Канабисот е билка што се јаде! Храни се здраво! Јади повеќе канабис!

Дури и за најискусните пушачи на канабис и консументи на производите од канабис, јадењето на јадења што содржат Марихуана и екстракти од ова растение може да се претвори во потполно ново прекрасно и превкусно искуство. Ова е одлично решение за тие коишто не сакаат да пушат трева, а сакаат да ги уживаат нејзините благодети - идеално решение за лицата коишто користат марихуана во медицински цели.


Консумирајте повеќе зеленчук!

Една од клучните состојки кај речиси сите кулинарни рецепти со Марихуана е токму путерот со канабис (Кана-путер, Cannabutter), којшто при подготовката на јадењето служи како замена на стандардниот путер. Јадењето на свеж канабис и пиењето на сок од суров цеден канабис и правењето на свежи смудиа и сосови од билката има бројни здравствени придобивки, меѓутоа на тој начин не може да ја исползувате целосната медицинска моќ од канабиноидите. За да ја подготвите тревата за јадење и за да го постигнете ефектот што го сакате, таа мора да биде згреена на некој начин. Нема да ги активирате канабиноидите доколку ја изедете тревата свежа без термичка обработка. Затоа кога готвите со канабис многу е важно да употребите некакво масло (зејтин, путер, млеко), бидејќи канабиноидот Тетрахидроканабинол (THC) е растворлив во масти, а не во вода. Затоа е невозможно да се напушите од пиење на чај од канабис, без да додадете малку млеко во чајот! ;) 

На кој начин делува?

Јадењето на активирана Марихуана е различно од нејзиното пушење. Ефектите траат многу подолго, а искуството може да биде многу поинтензивно. Ефектот може да започне од 30 минути па се` до 2 часа, по консумирањето на храната со канабис. Иако не почувствувате никаква промена извесно време, не бидете нетрпеливи и алчни и не јадете повеќе од препорачаната порција. Најдобро е да се започне со мала порција од оброкот, а потоа истата да се зголеми следниот пат, доколку не сте задоволни од „хајот“. Кога канабиноидите ќе започнат да делуваат, ќе започнете да се чувствувате многу опуштено. Па, доколку седите во удобна положба и на удобно место, нема да сакате да се помрднете, а ќе имате чувство како телото да ви е тешко и многу опуштено.

Што треба да направите доколку изедете премногу?

Запомнете: Предозирањето со Марихуана е невозножно, односно не е смртоносно. Претерувањето со храната подготвена со канабис, за некои луѓе (особено почетниците) може да биде непријатно искуство. Може да почувствуваат паника, вознемиреност, збунетост, понекогаш проблеми со координацијата, но тоа трае многу кратко и не може да предизвика сериозни последици! Доколку се прејадете со колач со путер од канабис или пак, со некакво друго јадење со екстракт од канабис и доколку ефектот е прејак за вас и не ви се допаѓа, може да го пробате следново:

1. Дишете длабоко и не паничете, бидејќи вие ја контролирате анксиозноста и вознемиреноста, Вие можете да си ја зголемите, но и вие сте тие кои можете да ја намалите и победите. Јадете храна со канабис во друштво на вашите добри пријатели кои ќе ви направат убава и удобна атмосфера;
2. Напијте се сок од свежо исцедени цитруси (лимони, портокали, мандарини, цитрони) или јадете ги свежи;
3. Јадете `фстаси или ореви од бор, препорачуваат од The Stoner's Cookbook;
4. Употребете етерично масло од бор со мачкање на кожа или по пат на инхалација;
Гответе со канабис, киф и хашиш!
5. Консумирајте повеќе CBD - Употребете производ од канабис (спреј, тинктура, масло и сл.) богат со канабиноидот Канабидиол (CBD) или пак, пушете (или консумирајте на друг начин) Марихуана со нивко ниво на THC и повисоко ниво на CBD. Канабидиолот е природен антидотум за ефектот на Тетрахидроканабидиолот, а се содржи во истото растение.

Колку канабис треба да употребите?

Потешкотијата при готвењето со канабис е одредувањето на неговата јачина, што е најголемо мерило за тоа колку трева треба да употребите. Токму затоа не се придржувајте строго кон рецептот, доколку ќе готвите со прилично слаба трева. Треба да се експериментира за да се утврди соодветната количина на канабис за конкретниот рецепт што сакате да си го приготвите. 

Декарбоксилација

Суровиот канабис содржи многу THCA (tetrahydrocannabinolic acid) кој е непсихоактивен канабиноид. Како што марихуаната се суши, таа постепено се претвора во THC. Кога пушите или вапоризирате канабис, канабиноидите поминуваат низ процесот наречен декарбоксилација и стануваат психоактивни. Токму затоа, доколку сакате да го почувствувате целосниот ефект на „напушување“ од јадењето што планирате да го подготвите, најпрво морате да го декарбоксилирате канабисот пред да готвите со него. 


Други методи за екстракција на THC

Канабисот е превкусен зачин за секое јадење!
Путерот од туфки, односно Кана-путерот не е единствениот начин за готвење со Канабис. Во многу рецепти можете да употребите Масло со канабис (Зејтин со Канабис - не станува збор за екстрактот маслото од канабис коешто се користи за лекување рак и други болести), Млеко со канабис (Cannamilk), Мед со канабис (Cannahoney), Брашно со канабис (Cannaflour), Павлака со канабис (CannaCream Cheese) и сл.

Рецепти со канабис:

Неколку превкусни слатки и солени рецепти што можете да ги испробате, а доколку ги немате сите потребни состојки, овие рецепти можеби ќе ја разбудат вашата кулинарна фантазија бидејќи канабисот ја поттикнува креативноста:

2. Специјални браунис (Special Brownies);
3. Крем супа со канабис (Cream of Cannabis soup);
4. Марихуана пица (Marijuana Pizza);
5. Стонерски тостови со топен кашкавал (Stoner Grilled Cheese Sandwiches).


Канабисот го отвора апетитот и ги изострува сетилата и затоа храната е повкусна. Храната може да биде лек. Ти си тоа што го јадеш!
УЖИВАЈТЕ ВО СЕКОЈ ОБРОК и пријатно готвење со канабис :)

Коцки мраз со канабис
Цедење суров канабис

Tuesday, November 10, 2015

Хемотерапијата е токсична и неефикасна, канабисовото масло е ефикасно и нетоксично при лекувањето ЛЕУКЕМИЈА



Канабисовото масло убива секаков вид на рак, па дури и рак на крв Леукемија, а не го убива пациентот каков што е случајот со хемотерапијата!

Портокаловата боја сега е зелена!
Многу студии до сега ja потврдија моќта на марихуаната да го убива ракот, а искуството на пациентите секојдневно тоа го потврдува. Една неодамнешна научна студија повторно докажа дека канабисот консумиран орално (преку уста) во форма на екстрахирана смола (народски позната како канабисово масло - конопово уље) може да претставува ефикасен лек за секој вид на рак, но и за ракот на крв Леукемија. За лекување на рак се препорачува и ректалната примена на маслото по пат на супозитории - чепчиња. На овој начин се продолжува дејството на канабиноидите, а се намалува психоактивниот ефект поради тоа што состојките од канабисот навлегуваат директно во крвотокот од долниот дел од телото.

Испитаник во студијата беше тинејџерка која била дијагностицирана со акутна лимфобластична леукемија (acute lymphoblastic leukemia) - рак на лимфоцитите со мутација на хромозомот Филаделфија (Philadelphia chromosome mutation). Поради мутацијата на хромозомите, леукемијата кај овој пациент била многу агресивна. 

Таа ги поминала стандардните третмани на акутна и агресивна хемотерапија, како и трансплантацијата на коскена срцевина. Се покажа дека ниту еден од овие конвенционални и модерни начини на лекување на ракот не беше ефикасен и не ја подобри ни најмалку состојбата на девојката. Пациентите со рак се „принудени“ да ги поминуваат тие мачни и болни терапии кои не се бесплатни, за потоа семејствата да мораат да бараат алтернативен излез. Таков беше случајот и со нејзиното семејство. Тие дознаа за лековитата моќ на марихуаната и одлучија пациентката да ја лекуваат со помош на канабиноиди кои таа ги консумирала орално во форма на масло од канабис.

Докторите од Торонто Јадвиндер Син (Yadvinder Singh) и Чамендип Бали (Chamandeep Bali) ги произнесоа деталите од ова истражување.

Состојбата на пациентката драстично се подобрила во поглед на зголемувањето на бројот на матичните клетки, коишто се незрели клетки во коскената срцевина и најчесто не завршуваат со созревање, што доведува до разни типови на рак на крв. Невиден број на пациенти на различна возраст, па дури и малечки деца се имаат излечено од леукемија со канабис. Таков е случајот на пример со 3-годишниот Лендон Ридл или 9-годишната Мајкајла. И покрај тоа што оваа пациентка е почината, оваа студија е од огромно значење бидејќи лекувањето со канабис било започнато предоцна, кога телото веќе било многу силно нападнато од ракот, а исто така целиот организам бил оштетен од катастрофалните последици на хемотерапиите и преморен од операциите за трансплантација на коскена срцевина. 

Mykayla се излечи од леукемија со помош на канабисово масло!
Хемотерапијата не помогна...

На сите пациенти на кои канабисот не успеал да им помогне да се спасат од работ на смртта поради тоа што лекувањето е започнато многу доцна и тоа со неквалитетно и несоодветно масло, како и поради оштетувањата на организмот од конвенционалните лекови, овој природен лек на пациентите им овозможува последните денови од животот да ги дочекаат во мир, без стрес, без гадење и повраќање, во опуштена атмосфера - им овозможува достоинствено заминување од овој свет.

Лендон Ридл се спаси благодарение на
канабисот и неговите разумни родители!
Лекарите од болницата каде што се лекувала девојката потврдуваат дека Канабиноидите немале никакви токсични ефекти врз пациентот. И покрај некои незначителни психосоматски својства од употребата на маслото, што немаат негативен ефект, туку имаат антистресен ефект, состојбата на пациентот се подобрила и размножувањето на матичните (бластични) клетки било ставено под контрола.

Лекарите се уверени дека многу е важно каква врста на канабис се користи. Секое заболување најдобро се третира со одредена врста, но исто така она масло од канабис кое е идеално за еден пациент, може да нема некој голем ефект кај некој друг пациент. Тоа значи дека треба да се пробува се` додека не се пронајде онаа врста на канабис најсоодветна за вас.

Лабораториските анализи се круцијални за да се утврди соодносот на состојките на врстите коишто покажуваат најпозитивни антиканцерогени резултати“ - објаснуваат докторите што ја спровеле студијата.

Македонските доктори лека полека се едуцираат и опаметуваат. Наскоро сите ќе мораме да го промените својот до сега погрешен став за ова Божјо растение, бидејќи вистината е една - конопот лекува! Сега е време да започнат да се едуцираат и освестуваат македонските политичари, затоа што во нивни раце е здравјето и животот на многу Македонци! 


Легализација на медицинската употреба на марихуаната гостин Д-р Весна Лаброска