Thursday, January 26, 2017

Израелската Влада ќе финансира истражувањa на медицинскиот канабис

Израелските Министерства за земјоделство и за здравство ќе обезбедат 8 милиони Израелски нови шекели (скоро 2 милиони евра) за финансирање на 13 медицински студии врз канабисот. Меркава е првиот заеднички напор од ваков вид помеѓу единицата за медицински канабис при Министерството за здравство и главната научна единица при Министерството за земјоделство. Студиите, кои ќе бидат финансирани преку Фондот управуван од страна на главната научна единица, ќе се справуваат со биохемиските и медицинските аспекти, како и подобрувањетo на приносите на медицинскиот канабис како култура.

Министерството за земјоделство пред неколку дена изјави дека финансирањето на студиите е пионерски чекор за Израел, кој може да им овозможи на истражувачите да се спроведат основни и применети истражувања за пет години, за време на кои ќе се развиваат алатки и инфраструктура за да ѝ се олесни на следната генерација канабис растителни производи за медицинска употреба.

Меѓу биохемиските и медицинските студии одобрени од страна на Министерствата за земјоделство и за здравство на Израел се идентификацијата и спецификацијата на новите состојки кај видовите на медицински канабис, употребата на марихуаната и нејзиното влијание врз видот, вклучувањето на канабисот во спречувањето и убивањето на развојот на ракот на дебелото црево, третманот на мултиплекс склерозата со користење на канабис, употребата на марихуаната за да се спречи отфрлањето на трансплантирани органи, како и тест за способноста на растението канабис во одложување на развојот на штетните бактерии. Овие студии наскоро ќе добијат финансирање од страна на Израелската Влада.

Во прилог на овие испитувања, во следните неколку години, државата ќе го финансира истражувањето што ќе го испитува развојот на нови и подобрени технологии за одгледување, т.е. наводнување и ѓубрење на растенијата канабис, потоа подобрување на начините за справување со растителните болести и штетници кои го напаѓаат растението канабис, развој на усовршени методи за размножување и калемење на билките канабис за создавање на генетска банка и национална банка од семки на медицински растенија канабис, подобрување и развивање на нови видови канабис и многу повеќе.

13-те канабис студии за да добијат државна поддршка ќе бидат спроведувани од страна на одредените фармацевтски компании, универзитети, истражувачки институти и болници, откако тимовите од експерти ќе одговорат на повикот од главниот научник д-р Авичаи Прл (Avichai Pearl) од Министерството за земјоделство. Посебна комисија ги испитува предлозите и го направи својот избор за државна финансиска поддршка од 30-те поднесени. Министерот за земјоделство на Израел Ури Ариел рече: „Програмата покажува дека земјоделството е важно во сите аспекти од животот“.


Извор: Globes

Wednesday, January 18, 2017

Лекување лузни и рани од орален канцер со канабис

Маслото може да се користи надворешно и внатрешно
Канабисот помага во регенерацијата на ткивата


Средовечен човек од Канада со орален канцер откри дека канабисовото масло му помогнало во намалувањето на лузната што ракот му ја создал на образот, се вели во извештајот насловен „Медицинскиот канабис за смирување на малигни рани - студија на случај“ во јануарското издание на зборникот Journal of Pain and Symptom Management. Третманот со канабисово масло, исто така ги намалил болките кај пациентот откако ракот предизвикал дупка во неговиот десен образ. Студиите сугерираат дека марихуаната може да биде ефикасен третман за третирање на болките кај пациенти болни од рак.


Потребни се дополнителни истражувања кои ќе потврдат дека канабисот навистина има својство да ги лекува раните, иако случајот со овој пациент „навистина гo потврдува она што е познато низ илјадници години за корисноста на канабиноидите во толку многу различни области“ - вели д-р Винсент Маида (Vincent Maida) вонреден професор на Одделот за Палијативна нега при Универзитетот во Торонто, кој се грижел токму за пациентот за кој станува збор во конкретниов случај. „Античките култури употребувале екстракти од канабис за лузни“ - додава д-р Маида.


Палијативната нега генерално вклучува само третмани за редуцирање на болките. 44 годишниот пациент заминал на преглед кај д-р Маида на клиниката за палијативна нега во Торонто пролетта во 2016 година, за лекување на болките предизвикани од малигните рани во неговиор десен образ. Човекот бил дијагностициран со орален канцер три години претходно и покрај тоа што туморот му бил хируршки отстранет, а бил подложен и на третмани со хемотерапија и зрачења, па затоа канцерот се вратил. Мажот одбрал две години пред да го посети д-р Маида, да продолжи со понатамошните третмани за негивиот канцер, како што вели извештајот.

Канабис против акни
Пациентот се обидел со земање на опијати, но и покрај нив тој се‘ уште имал тешки болки во неговиот образ. Но, ова не е се‘ низ што поминувал пациентот... Лековите кои ги земал, а всушност воопшто не му помагале, му предизвикувале негативни несакани последици како поспаност и опстипација.

Поради ова тој го замолил д-р Маида да му препише медицинска марихуана за третирање на неговите болки. Докторот му препишал на пациентот медицинска марихуана за вапоризирање, којшто тој потоа ја користел наредните неколку месеци. Канабисот му помогна значително да му се намалат болките и му помогна на мажот да ги редуцира дозите на опијатни фармацевтски лекови коишто се‘ уште ги примал. Сепак, раната во неговиот образ растеше и ракот на крајот го проби неговиот образ создавајќи дупка, што му оневозможи на пациентот понатаму да продолжи да користи марихуана по пат на вапоризација.
Увери се во лековитата моќ на канабисот...

Пациентот потоа го замолил д-р Маида да му препише масло од канабис коешто тој можел да го нанесува директно на раната. Пациентот го користел маслото на ваков начин 4 пати дневно во времетраење од еден месец. Тој откри дека неговата рана престанала да расте, напротив, раната значително се намалила за околу 5% во текот на целиот месец. Пациентот истакна дека тој се соочувал со ослободување од болките 10-15 минути откако ќе го нанел маслото директно на раната и ефектот се задржувал цели 2 часа по нанесувањето.

Иако до сега не постојат многу нови студии коишто го разгледуваат користењето на маслото од канабис за лекување рани кај луѓето, самите можете да се уверите во регенеративната моќ на канабисот нанесуван на кожа надворешно. Со канабис може да лекуавте акни и црвенило, изгореници, егзема, меланом итн. Една студија, направена врз човечки клетки од цревата одгледувани во лабораториски петриеви садови, сугерираше дека канабиноидите може да го подобрат затворањето на раните. И покрај тоа што не е јасно зошто маслото од канабис можеби има ефект за лекување рани во овој случај, една можна причина може да биде дека маслото го намалило воспалението, истакна д-р Анита Гупта (Anita Gupta), потпретседател на Одделот за медицина против болки при Колеџот за медицина Дрексел во Филаделфија. Сепак, таа додаде дека потребни се повеќе истражувања за да се испита дали маслото од канабис може да има ефект кај поголем број на пациенти со значајни рани.

Извор: Live Science

Friday, January 13, 2017

Магичните колачи со канабис му го променија животот на ова момче

Болна исповед на една мајка...

Marie Myung-Ok Lee со сопругот и 12 годишниот син
Marie Myung-Ok Lee е писател и есеист кој често пишува за науката. Таа предава на Универзитетот Колумбија. Таа во една неодамнешна колумна за The Washington Post изјавува: Ми беше потребно извесно време за да го усовршам рецептот за колачите. Експериментирав со состојките: Blueberry, Strawberry, Sour Diesel, White Widow, Bubba Kush, AK-47 - сите врсти на канабис коишто ги чував, помешани со глицерин во прецизно означени тегли на полицата во кујната. Откако колачињата завршуваа со печењето, јас ги вкусував трошките и ги забележував ефектите во тетратка. Често се чувствував опуштено. Една варијанта ме успа. Кога се убедив себе си дека серијата е во ред, јас му дадов колаче на мојот 9 годишен син. Во тоа време тој беше обземен од насилни напади на бес. Тој ја трескаше главата, вриштеше со часови и буквално ги јадеше своите маици. За време на вечерата, тој ги фрлаше неговите чинии толку силно што имаше храна закачена на таванот. Тој се гребеше и удираше и себеси и другите, така што луѓето ќе ги погледнеа црвените линии на нашите тела и не‘ прашуваа претпазливо, дали имаме мачки?

Но, кога ги погодив колачињата, тој се смири. Неговите агресии станаа помалку жестоки и поретки. Времето на оброците стана помалку бурно. Тој беше во можност да задржи доволно ниво на само-смиреност, така што тој дури и научи да вози велосипед - и покрај фактот што секој експерт ни кажуваше дека тоа никогаш нема да се случи. Сфаќам дека некои луѓе може да гледаат со лутење на родителите кои чуваат трева во домот, а камоли да спроведуваат полулегални медицински експерименти врз нивните деца. Но, крајно време е да се преиспитаат културните и правните ограничувања што се наметнати врз канабисот, особено кога станува збор за децата. Животот на мојот син е променет поради тоа.

Уште откако беше новороденче, јас го гледав мојот син како страда. На 18 месеци, тој беше подложен на две големи операции за отстранување на тумори на 'рбетниот мозок, само неколку недели една од друга и беше имобилизиран во гипс цела една година. После тоа, насилното беснеење започна - понекогаш дури 300 напади во еден ден. Мојот сопруг и јас не разбиравме зошто тој постапува на овој начин, се‘ додека тој беше дијагностициран од воспалителна болест на цревата на возраст од 3 години, за која дознавме дека му предизвикува болки поголем дел од денот, како и тежок аутизам, што му претставуваше тешкотија за него да се изрази себе си или да побара помош.

Се обидовме со сите видови на третмани, вклучувајќи и применувана анализа на однесувањето (applied behavior analysis - претпоставениот златен стандард кај терапијата на аутизмот), работна терапија, терапија со коњи и аудитивна интеграција. Неговиот гастроентеролог му препиша моќни антиинфламаторни лекови. Од времето кога наполни 5, нашиот син беше во специјално училиште и на хипоалергична исхрана. Потоа, неколку години подоцна, лековите престанаа да работат, а неговите агресии експлодираа. Неговото училиште, инсистираше тој да посетува психијатар, кој го препорача лекот Risperdal за лекување на неговата „аутистичка раздразливост“. 

Се чинеше дека ние повеќе немавме опции. Тогаш јас налетав на став во „Ботаниката на копнежот“ (The Botany of Desire) од Michael Pollan. Тој тврди дека канабисот е одличен за намалување на болката и може да ја забави краткотрајната меморија. Би можело ли ова, се прашував, да му помогне во ублажувањето на болката на мојот син и нападите од умствените сигнали што тој се бореше да ги процесира? За да го истражам ова прашање, јас станав дел од група на пациенти за медицинска марихуана која се состана на Универзитетот Браун (Brown University), каде што јас предавав. На собирот на тешко болни пациенти еден по друг зборуваа за лековитите влијанија на канабисот. Еден млад човек со парализирачка анксиозност и Туретов синдром, рече дека еден куп на психијатриски лекови не можат да ги смират неговите напади, но тревата можеше.

Мари на прошетка со нејзиниот здрав син!
Се убедив дека марихуаната вреди да се проба. По неколку недели на колебања, неврологот на мојот син се согласи. И така, на возраст од 9 години, мојот син стана најмладата личност со дозвола за медицинска марихуана во Род Ајленд. Најдовме сертифициран снабдувач. Потоа, бевме зафатени со пронаоѓањето на типот на марихуана што најдобро ќе функционира за него и на кој начин да го натераме да ја консумира? Д-р Lester Grinspoon, психијатар и професор на Медицинскиот факултет Харвард, кој го истражува канабисот од 1960-тите, ме увери дека најлошото што можеме да му го направиме на нашиот син е да заспие. Се разбира, паранојата е уште еден извитоперен и несакан ефект на марихуаната, но неврологот Карл Харт од Универзитетот Колумбија, кој давал марихуана на илјадници истражувачки субјекти, забележал дека паранојата исчезнува по неколку часа и со текот на употребата на канабисот пациентот се навикнува на ефектите и повеќе не му се необични и непријатни, т.е. тие се намалуваат.

И навистина канабисот е една од неколкуте природни супстанци на планевата што не можат да те убијат! За мојот син, не секој вид на канабис помагаше. Но, на крајот, ние се базиравме на врстата White Russian, миленик на пациентите заболени од рак во големи болки и преминавме од колачињата на маслена тинктура што мојот син ја добиваше орално на секои неколку часа со капалка. Тоа изгледаше како чудо. И седум години подоцна, тоа се‘ уште функционира.

Целата сторија можете да ја прочитате тука: The Washington Post

Saturday, January 7, 2017

80 годишниот Стан Ратнер се излечи од рак на мозокот и белите дробови со канабисово масло

Среќните Stan & Barb Rutner
На 18 ноември 2013 година, во медиумите се појави објава за чудесната приказна за еден неверојатен природен лек канабис, што на 80 годишниот Стан Ратнер (Stan Rutner) од Калифорнија успеја да му помогне во борбата со ракот на мозокот и белите дробови. Оваа сторија е неверојатна поради тешката состојба во која се наоѓал Стан, во домот за неизлечиво болни лица. Деталите за исцелувањето на Стан со помош на канабис, може да ги проследите на страницата CureYourOwnCancer.

Хемотерапијата и радијацијата само го убиваа и не правеа скоро ништо полезно за неговите канцери на мозокот и белите дробови. Тој беше доведен на работ од смртта и мораше да започне со користење на кислород 24/7. Тогаш неговиот иден зет Џон (John) и неговата ќерка Корин (Corrine) го убедиле изнемоштениот Стан да проба канабисово масло. Резултатите биле неверојатни!

Корин била задолжена за неговото лекување и била негова негувателка. Таа не помислила на канабисот се‘ додека нејзиниот сопруг Џон не ѝ кажал за канабисот како последна опција. Тие разговарале за користењето на канабисово масло со онкологот на Стан, откако дознале дека Стан може да почине за две недели. 

Конвенционалната медицина не можеше да го убие за профит. Затоа онкологот потоа им рече дека ќе биде во ред да се обидат со било што. Стен се согласи на се‘ она што ќе биде лесно за него за користење и тој започна со масло од канабис во капсула со кокосово масло наутро и масло од канабис со високо ниво на THC пред да оди на спиење. Резултатите се неверојатни. По само неколку дена, тој беше во можност да спије подобро, да јаде повеќе, да се движи без користење на кислород и да оди без потпора. Во рок од девет месеци, тој беше целосно излечен од ракот!


Но, дали овие резултати се одржале и понатаму? Дали Стан доживеал метастази и како тој се чувствува сега, три и пол години по неговата првична дијагноза на негова тогаш 77 годишна возраст? Корин и Џон објавиле новости на нивната страница за канабис https://unitedpatientsgroup.com/, коишто ја основале откако започнале да истражуваат за канабисот поради таткото на Корин. Тоа е страница богата со факти и други корисни информации за користењето канабис. Тие постојано комуницираат со читателите, одговараат на нивните прашања, им објаснуваат како да добијат дозвола за користење на медицинска марихуана во Калифорнија и како да најдат и направат канабисово масло. На страницата има и други корисни информации за природните начини на лекување канцер, за соодветниот начин на исхрана и како да го превенираме ракот.

Стан се излечи со канабисово масло
Корин на 20ти март 2014 година објави дека Стан и покрај неговата возраст, повторно беше многу активен, дури повеќе отколку пред да се разболи. Тој отпатува до Монтана за венчавката на неговата ќерка Корин. Стан дури и активно е вклучен во борбата за легализација на канабисот, се појавува на интервјуа и дискусии. Во следна објава од 16 Јуни 2014 година, Стан вели: „Прекрасно е да се биде жив“ и „Јас сум среќник што ја имам можноста да уживам во животот повторно“.

Стан се‘ уште го консумира канабисовото масло во помали количини и тој се чувствува одлично. Треба да ве потсетиме дека во неговиот случај не стануваше збор за канцер во почетен стадиум, туку канабисот буквално го воскресна од смртната постела. Тој престана со примање на стандардната медицина - хемо и зрачења, затоа што тие конвенционални смртоносни терапии му го оштетија имуниот систем и му предизвикаа сериозна двојна пневмонија. Лекарите престанаа легално да го убиваат и одредија дека Стан нема да преживее повеќе од неколку недели.

Стан всушност се здоби со сериозни здравствени проблеми откако тој започна со конвенционалните онколошки третмани. Потоа, неговата состојба се влоши и самиот има споменато дека тој мислел дека има грип и кога отишол на преглед, му беше дијагностициран рак. И еве ја иронијата на нашиот превртен свет... Агенцијата за храна и лекови - FDA ги одобрува медицинските интервенции кои не го лекуваат ракот, а често пати го убиваат пациентот. Додека Администрација за борба против дрогата - DEA тврдоглаво го рангирана канабисот како нелегална дрога бр. 1 (опасна и без медицински придобивки), а вистината сите ја знаеме - канабисот лекува и најчесто без несакани последици.

Статија од Culture Magazine од септември 2013