Thursday, May 31, 2018

Израелска студија вели дека орално внесеното ТХЦ е ефективно кај анорексијата

Канабисот може да помогне во лекувањето на некои од најчестите нарушувања во исхраната. Медицинската марихуана се покажа како доста ефективна во третирањето на анорексијата. Нова студија од Израел откри дека тетрахидроканабинолот (THC), психоактивното соединение во канабисот, е ефикасно во лекувањето на анорексија кога се зема орално


Канабисот го подобрува апетитот и уживањето во храната!
Студијата која беше објавена во израелскиот весник за психијатрија и сродни науки (Israeli Journal of Psychiatry and Related Sciences), беше спроведена од страна на истражувачите од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим (Hebrew University in Jerusalem), во соработка со Институтот за нарушувања во исхраната на Универзитетот во Хаифа (Eating Disorders Institution at the University of Haifa). За да се спроведе студијата, истражувачите погледнале како конзумирањето до 2 мг орално ТХЦ влијаело на пациентите кои страдаат од хронична анорексија. На 9-те учесници, од кои сите беа жени над 18 години, беше побарано да консумираат ТХЦ ​​во рок од три недели. Истражувачите откриле дека учесниците забележале значителни подобрувања, особено кога станува збор за состојбата нивното тело (тежината), но и психичката состојба.

Авторите на студијата дури забележале дека сите 9 учесници, освен двајца, успејале да добијат на тежина во текот на студијата. „Оваа студија е прва што покажува подобрување на психолошките симптоми на пациентот со АН (анорексија нервоза) кога се третираат со делта-9-ТХЦ, без несакани ефекти“ - рекоа авторите. „Овие охрабрувачки резултати кај група хронични пациенти со АН укажуваат на тоа дека ниските дози на делта-9-ТХЦ треба понатаму да се проучуваат како додаток на третманот на пациентите со АН“ - додаваат тие.


Канабисот е безбеден и ефективен третман за анорексија

Оваа студија е најнова во сè поголемиот број на докази кои ја поддржуваат ефикасноста на употребата на канабис за лекување на нарушувањата во исхраната, започнувајќи од прекумерната тежина, а вклучувајќи и булимија и анорексија. Американската психијатриска асоцијација (American Psychiatric Association) создаде долг документ од 128 страници кој дава упатства за лекување на пациенти кои имаат нарушувања во исхраната. Се разбира дека овој документ вклучува широка листа на анти-психотични лекови кои наводно помагаат во закрепнувањето. Сепак, многу од лековите вклучени во листата, исто така најчесто резултираат со сериозни несакани ефекти. Несаканите ефекти на фармацевтските лекови се значително полоши кога пациентот е прегладнет... 


Несаканите ефекти на конвенционалните лекови наменети за овие нарушувања може да вклучуваат појава на: коронарна болест, напади, па дури и зависност, што во никој случај не може да се јави поради употреба на канабисот. Канабисот е безбедна примарна алтернатива за лекување на нарушувањата во исхраната, бидејќи ендоканабиноидниот систем помага да се регулираат многу важни телесни функции, а тоа го вклучува и апетитот. CB1 канабиноидните рецептори се познати за промовирање на апетитот и го поврзуваат наградниот аспект на јадење храна. Кога CB1 рецепторите се дефицитарни, ова резултира со симптоми кои се врзани за нарушувања во исхраната. Ова е причината зошто канабисот може да помогне. Конзумирањето канабис го враќа ендоканабиноидниот систем во оптимално здравје, вклучувајќи ги и многуте останати функции и процеси во организмот на кои им помага.


Канабисот работи на два начина кога станува збор за лекување на анорексијата. Прво, внесувањето на одредени видови на канабис може да ги поттикне munchies (чувство на глад) или да го поттикне апетитот, бидејќи го стимулира делот од мозокот наречен инсула. На кратко, внесувањето марихуана ќе ве направи гладен и ќе ве мотивира да јадете вкусна храна. Второ, канабисот, исто така, се осврнува на психолошките проблеми кои се поврзани со анорексијата, поради инсулата уште еднаш. Овој дел од мозокот е одговорен за емоциите, сетилните искуства и нашите мисли. Луѓето со анорексија доживуваат анксиозност во овој дел од мозокот кога се соочуваат со мислата за јадење. Благодарение на тоа што канабисот ја стимулира инсулата, ги активира CB1 рецепторите кај лицата со анорексија.


Конзумирањето марихуана на редовна основа го ублажува стресот и вознемиреноста кои се поврзани со јадењето, така што оброкот го претвора во пријатно искуство. Канабисот исто така може да им помогне на пациентите со анорексија во различни фази на заздравување. На пример, пациент со анорексија кој е во критична состојба, но сепак одбива храна, ќе биде поповолен за консумирање канабис, наместо да прифати присилно хранење преку цевка. Елиминирање на потребата да се користи цевка за хранење додека се осигура дека пациентот сè уште добива соодветна исхрана и калории, може да му помогне на пациентот и на емоционално и на физичко ниво. Канабисот исто така може да се користи дури и откако тежината на пациентот се стабилизира, бидејќи може да промовира релаксација и општа благосостојба на целиот организам.


Заклучок

Науката вели дека канабисот може да се користи за лекување на анорексија и други нарушувања во исхраната. Сепак, придобивките од интервенција од страна на психолог сè уште може да бидат потребни во некои случаи. Доколку се соочувате со овој проблем наречен анорексија, разговарајте со лекар кој е отворен за интегрирање на канабис терапијата во вашиот план за лекување, но и во планот за исхрана, бидејќи подобро е да се биде нелегално здрав, отколку легално болен.

Автор и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Cannabis.net

Wednesday, May 30, 2018

Руски научници откриваат дека ендоканабиноидите се борат против епилепсија и оштетување на мозокот

Научниците претпоставуваат дека активирањето на ендогениот канабиноиден систем (сопствените канабиноди на нашето тело) исто така може да функционира во прилог на лекувањето на оштетувања на мозокот предизвикани од невротоксините


Научниците од Институтот за теоретска и експериментална биофизика на РАС (RAS’ Institute of Theoretical and Experimental Biophysics - ITEB RAS) и Институтот за физика и технологија во Москва (Moscow Institute of Physics and Technology - MIPT) покажаа дека аналогиите на активните супстанции слични на канабисот произведени од телото се многу ефективни борци против болестите, соопшти прес-службата на МИПТ. Резултатите од студијата се објавени во списанието Brain Research.

Покажавме дека симптомите на епилепсија значително може да се намалат или да бидат целосно блокирани ако тестираните животни се инјектираат со супстанции кои симулираат епилепсија, заедно со формулата што ја активира активноста на ендоканабиноидниот систем на мозокот“ - рече раководителот на лабораторијата за системска организација на невроните на ITEB RAS и доктор по биолошки науки, Валентина Кичигина (Valentina Kichigina).


Епилепсијата, мозокот и канабиноидите

Епилепсијата е една од најширокорастечките хронични невролошки заболувања кај луѓето и животните, која се појавува во вид на повторувачки конвулзивни напади во различни делови на мозокот и телото на засегнатото лице. Ако епилепсијата е назначена во темпоралниот лобус, тоа се дијагностицира како т.н. „епилепсија на темпоралниот лобус“ и токму на оваа форма на болеста се фокусираше руското научно истражување. Во денешно време, нема поставени конвенционални начини за лекување на епилепсиите на темпоралниот лобус.


Во случај на тешка форма на епилепсија или форма отпорна на конвенционалните методи на лекување, субјектот се подложува на отстранување на хипокампусот во кој се развиваат епилептичните конвулзии. Хипокампусот е дел од мозокот лоциран во темпоралниот лобус, кој е одговорен за обликување краткорочна меморија и за понатамошно конвертирање на информации во долгорочна меморија. Од таа причина, по отстранувањето на хипокампусот, субјектот веќе не е способен за меморирање на нови информации. Овие мотивирани научници продолжуваат да бараат нови начини за заштита на хипокампусот од развој на епилепсијата.


Канабиноидите се супстанции кои се содржани во канабисот. Телата на животните и човекот, исто така, произведуваат канабиноиди кои се нарекуваат „ендоканабиноиди“, бидејќи се формирани внатрешно. Ендоканабиноидите ја поддржуваат хомеостазата на мозокот, го модулираат ослободувањето на супстанциите кои влијаат на мозокот воедно на возбудливи и инхибиторни начини. Тие, исто така, учествуваат во регулирањето на имунолошкиот систем на телото и контрола на општата благосостојба и сите останати системи и процеси во телото.


Експеримент

Биолозите ја моделираа еволуцијата на епилепсијата на темпоралниот лобус за случајот на заморчиња и го користеа невротоксинот кој влијаеше на т.н. епилептичен статус по инјектирањето во телото на животното. Потоа, супстанциите кои ја стимулираа активноста на ендоканабиноидниот систем беа инјектирани во мозокот на животното. Се покажа дека активирањето на ослободувањето на ендоканабиноидите ја нормализира електричната активност во мозокот и ја намалува нерамнотежата во активноста на хипокампусот.


Покрај тоа, ендоканабиноидите ги штитат клетките на хипокампусот. Без оглед на ефектот на невротоксинот, хипокампусот остана практично неоштетен. Научниците претпоставуваат дека активирањето на ендогениот канабиноиден систем не само што може да помогне во борбата против епилепсијата, туку исто така може да претставува начин на лекување на оштетувања на мозокот предизвикани од невротоксините.


Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Tass Science

Tuesday, May 29, 2018

Откритието на CB3 ререпторот може да биде медицинска пресвртница во човечката историја

Научниците сметаат дека откриле нов канабиноиден рецептор чие понатамошно проучување може да отвори нови можности за лекување. Ова ново истражување покажува дека канабисот може да влијае на човечкото тело на нови и невидени позитивни начини


Откако владата на САД конечно им дозволи на научниците да ги истражуваат можните медицински придобивки од канабисот, целата димензија на човечката биохемија која претходно постоеше во сенките одеднаш се префрли во фокус. Деведесеттите години доведоа до откривање на ендоканабиноидниот систем - витална и важна компонента на централниот нервен систем кој игра улога во сè - од когнитивните процеси и сензорите за болка, до регулирање на апетитот и физичката активност, регулирање на сонот и будноста.


Тоа беше откритие на деценијата! Науката има стекнато подлабоко разбирање за тоа како телото управува и се регулира под дејство на ова најбезбедно и најлековито растение. Во годините откако кутијата на Пандора е отворена, подароците не запираат да излегуваат од неа. Бидејќи ендоканабиноидниот систем достигнува толку многу домени на човечкото искуство, тоа е неверојатно плодна почва за истражување. Тоа е како кога Европејците „ја откриле“ Америка. Одеднаш, има нов, богат свет за да се истражи со чудни нови фасцинации од суштинска важност за среќна иднина на целиот свет и општата благосостојба на секое човечко битие.


Анимација на канцерогена клетка
Делувањето врз ендоканабиноидниот систем со помош на канабиноиди од канабисовото растение ветува превенција и лекување на рак, автоимуни нарушувања, депресија и останати психо-физички состојби, болести и нарушувања. Најголеми и најпознати играчи во ендоканабиноидниот систем се два канабиноидни рецептори најчесто наведени како: CB1 и CB2. Овие молекули се центрите кадешто се случува магијата. Како и сите биохемиски рецептори, CB1 и CB2 се протеински молекули кои примаат хемиски сигнали надвор од клетката. Помислете на нив како на малиот црн дел на вашиот телевизор на кој го насочувате далечинскиот управувач. Тие седат заспани додека не добијат сигнал, а потоа се активираат.


Нашето тело има потреба од канабис
Иако овие два рецептори долги години беа познати како единствени, тие не се единствените рецептори во ендоканабиноидниот систем, бидејќи постојат и други атипични рецептори кои се одговорни за други функции во телото и се активирани од страна на други канабиноиди. Сега научниците мислат дека назначиле нов канабиноиден рецептор, кој може да отвори нови можности за лекување. Молекулата за која станува збор оди со името GPR55, но наскоро може да се нарече CB3. Самата молекула за прв пат била откриена во 1999 година во различни делови на мозокот - хипокампусот, малиот мозок, таламусот итн. Новите истражувања откриле дека се крие и во пооддалечените делови од телото, како што се слезината, гастроинтестиналниот тракт и надбубрежните жлезди.


Доколку оваа молекула е навистина канабиноиден рецептор, тоа значи дека тековното разбирање на ендоканабиноидниот систем е многу нецелосно. Оваа молекула е различна од CB1 и CB2, кои делат многу слични карактеристики. За разлика од тоа, GPR55 има помалку од 15 проценти од својот аминокиселински идентитет. Тоа значи дека е можно оваа молекула, која е насекаде низ нашиот мозок и низ неколку други витални делови од нашето тело, да функционира на нов и поинаков начин отколку што мислевме дека е можно. Би било како да откриете дека нервите во прстите не одговараат на допир на истиот начин како што реагираат нашите прсти; наместо насетување на физички објекти, тие можат да ги насетат магнетните полиња.


Колоректален канцер
Потенцијалот тука е гигантен. Тоа би можело да објасни зошто маслата со целосен спектар на канабиноиди (домашно изработените, не тие од аптека) имаат толку разновиден спектар на здравствени придобивки, од кои многу од нив се докажани преку испитувања, а потврдени и преку искуствата на пациентите, но лошо разбрани од научна перспектива. Ако истражувачите можат да го откријат механизмот со кој функционира медицинскиот канабис, тоа може да нè доведе кон развивање на нови и поефективни терапии за сите видови болести. Но, не само тоа. Откривањето на новите слоеви од ендоканабиноидниот систем и разбирањето како истите делуваат под дејство на канабис, има огромен потенцијал да нè научи за начинот на кој нашите тела функционираат и механизмот со кој се борат против болестите.


Сами одгледајте си го лекот!
Присуството на GPR55 во клетките на ракот звучи опасно, но всушност вреди да се размисли подлабоко на оваа тема. Додека точните функции и фармакологијата на GPR55 се далеку од разбирање, ако можеме да дознаеме што работи во клетките на ракот, ќе знаеме повеќе за самиот рак: како и зошто се јавува, како се шири и како да се стопира и уништува, но и како да се спречи пред да се појави. Ако излезе дека можеме да влијаеме на ракот, манипулирајќи со овој нов канабиноиден рецептор или општо целиот ендоканабиноидниот систем на телото, ќе имаме повеќе оружје во нашиот арсенал на анти-туморските природни лекови. Ова е од суштинско значење за здравата иднина на нашите деца.


Меѓу многуте циркулирачки теории за својствата на CB3 е дека телото може да има способност да трансформира еден вид на канабиноид во друг. Ако тоа е вистина и клетките на ракот можно е да го користат CB3 за некоја лоша намена, па може да биде возможно да се открие соодветен канабиноид од канабисот отпорен на промени што ја забавува прогресијата на туморите и воедно ги уништува. Иако на оваа теорија потребен ѝ е долг пат, сепак заради потенцијалните можности и медицински придобивки вреди ова побрзо да биде истражено многу подетално. CB3 би можел да го претстави следниот чекор напред во лекувањето на човечкото страдање.


Едуцирај се повеќе:

Како и зошто вашиот мозок произведува сопствени канабиноиди?

Човечкото мајчино млеко природно во себе содржи свои сопствени канабиноиди!

Како да се стимулира ендоканабиноидниот систем без употреба на канабис?

Други растенија кои содржат состојки слични на канабиноидите, но не се канабис


Автор, главен и одговорен Уредник, Основач и Претседател на здружението 420Macedonia: MoniQue Konopova
Извор: Rxleaf

Sunday, May 27, 2018

Приказната за CBD врстата канабис Charlotte’s Web: Како едно мало епилептично девојче го промени погледот на медицинската марихуана засекогаш

Денес Charlotte’s Web е високо почитувана врста на канабис пребогата со CBD. Пред оваа сорта канабис да стане спас за родителите кои бараат третман за сериозните епи-напади кај нивните деца, оваа врста со високо ниво на CBD, но ниско ниво на THC беше хумористично наречена „Разочарување на Хипиците“ (Hippie’s Disappointment - R4). Запознајте ја Шарлот Фиги (Charlotte Figi): Малото девојче кое е заштитно лице на оваа врста и кое ја промени историјата на активната состојка CBD


Врстата Шарлотс веб беше еден од првите видови наменски одгледувани за лицето да не може да се надува, тоа е медицинска марихуана во еден од нејзините најдобри облици и ги нуди сите придобивки само како недостаток на оваа врста е слабата моќ во поглед на убивањето на ракот, бидејќи не е наменета за третирање канцери. Секој може да ја користи. На три месеци, Шарлот Фиги го имаше својот прв епилептичен напад. Тој траеше 30 минути. Како што Шарлот растеше, нападите не запираа. Всушност, зачестеноста почна да се зголемува, нападите биле опасни по нејзиниот живот, а фармацевтските лекови можеа да предизвикаат кома и смрт. Младата девојка близначка дошла до точка каде што секојдневно имала бројни напади кои траеле и по четири часа, а за да ја заштитат нејзината глава родителите биле принудени да ѝ ставаат кацига. Кога Шарлот имаше две години, таа почна да покажува индикации на когнитивниот пад. Таа исто така почнала да демонстрира знаци на аутизам. На три години, Шарлот беше врзана за инвалидска количка. Таа престана да зборува и не можеше да јаде. Дијагностицирана со синдромот на Дравет (Dravet syndrome), ретка форма на епилепсија - здравата и среќна иднина за Шарлот не изгледаше реална. На возраст од пет години, Шарлот доживува 300 грозни напади неделно, а нејзините родители, Мет (Matt) и Пејџ (Paige) Фиги беа очајни во потрага по лекот. Тие пробале практично сè.


Нападите што нивното дете ги доживеало го уништиле нејзиното здравје. Нејзиното срце престанало неколку пати, па морале да извршат реанимација. Здравјето на Шарлот станало толку критично и нејзиниот живот бил во опасност, што таа била ставена во клинички индуцирана кома, со цел нејзиното тело да се одмори и наводно да „заздрави“, но родителите биле против тоа, бидејќи не сакале нивната ќерка да стане растение приклучено на апарати. Докторите го информирале семејството Фиги дека не можеле да сторат ништо друго. Дедото на Шарлот веруваше поинаку. Тој прочитал неколку приказни за другите деца кои страдаат од изнемоштувачки напади, чии родители успеале да најдат успех со медицинска марихуана. Поради исцрпеноста на сите опции за клинички третман, родителите на Шарлот одлучија дека немаат што да изгубат ако пробаат со канабис. Родителите на Шарлот набавиле малку масло екстрахирано од R4 (Разочарувањето на Хипиците) за Шарлот и тоа бил моментот кога нивниот свет се променил засекогаш. Резултатите од екстрактот биле речиси инстантни. Шарлот премина од 300 напади неделно на НУЛА напади првата недела, откако тие се обидоа со уљето. По иницијалната доза, нападите почнаа да се појавуваат со многу помала фреквенција. Нејзините родители знаеја дека ќе им биде потребно ова чудотворно масло на долгорочна основа за Шарлот да може да ужива во нејзиното детство.


Пред (лево) и после канабис терапија (десно)!
Семејството Фиги ги контактирало браќата Стенли (Stanley brothers), одгледувачи на медицинска марихуана во Колорадо, кои го создале маслото R4, кое го спасило животот на нивната ќерка. Браќата Стенли беа среќни да го снабдат ова семејство со нивниот сега веќе хипер популарен вид на канабис, за кој дотогаш немале голема надеж дека воопшто ќе се продава, поради слабата психоактивност. Оваа сорта беше толку вешта во контролата на нападите, така што браќата го промениле името на врстата во „Пајажината на Шарлота“ (Charlotte’s Web) во нејзина чест. Не помина долго време после тоа, па друга мајка слушнала за приказната на Шарлот. Станува збор за синот на Хедер Џексон (Heather Jackson), Заки (Zaki) кој страда од синдромот Дуз (Doose), онеспособувачка форма на детска епилепсија. Ако маслото од канабис функционира за Шарлот, можеби тоа би било лек и за нејзиното момче, си помислила таа, па мајката Џексон му дала шанса на лекот. Се покажало дека врстата е исто толку успешна за Заки како што беше за Шарлот. Приказните за овие деца го променија погледот врз канабисот ширум светот и спасија многу деца во слична ситуација.


Хедер и Заки Џексон
Родителите од целиот свет сакаа да дознаат повеќе за тоа и дали нивните деца ќе имаат корист од ова растение исто како Шарлот и Заки. Нивните деца и безброј други сметаат дека нивното здравје се подобрува неизмерно со користење на Шарлотс Веб и други слични ЦБД масла. Приказната на Шарлот го смени начинот на кој светот гледна на медицинската марихуана, но и на епилепсијата. Овој вид на канабис ги спасува животите на децата и не може да те надува. Овие врсти богати со ЦБД, а сиромашни со ТХЦ беа менувач на играта. Особено за децата кои страдаат од изнемоштувачки напади. Од 2011 година, кога Шарлотс веб беше развиена, имало бројни студии кои покажале дека ЦБД е успешно кај контролата на нападите. Најдобро во овој лек е тоа што ЦБД е природно и не содржи никакви несакани ефекти најчесто поврзани со лековите на рецепт. Некои од овие несакани ефекти вклучуваат: главоболки, гадење, опаѓање на косата, депресија, откажување на црниот дроб, двојно гледање, намалувањето на говорот, раздразливост, нарушувања на спиењето и расположението и друго.



Како ЦБД функционира и на кој начин ги стопира епи-нападите

Човечкото тело има природен ендоканабиноиден систем, со канабиноидни рецептори пронајдени низ телото. Овие се познати како CB1 и CB2 рецептори и се одговорни за регулирање на различни функции во телото. Медицинскиот канабис (и CBD и THC) се врзува за овие рецептори кога се консумира, суштински ги враќа во нормала кога ќе станат неурамнотежени. CB1 рецепторите обично се наоѓаат во мозокот и се одговорни за регулирање на нештата како што се: болка, когнитивни способности, движење, расположение и апетит. CB2 рецепторите, од друга страна, се најзастапени во имунолошкиот систем и имаат директно влијание врз болката и воспалението. Епилептичните напади се предизвикани од абнормални електрични празнења во мозочните клетки. За возврат, ова резултира со конвулзии во телото, а понекогаш и со губење на свеста. Со активирање на CB1 рецепторите со помош на медицински канабис, нападите почнуваат да се намалуваат без странични несакани ефекти.


Шарлот е сега нормално, среќно и здраво девојче!
Во 2003 година една студија објавена во Journal of Pharmacology and Experimental Therapeutics открила дека канабиноидите биле многу корисни за луѓето кои страдале од напади. Марихуаната, се чинеше, даваше придобивки кои не беа пронајдени во традиционалните лекови кои се користат за превенција на напади и марихуаната не дава негативни нус ефекти како нив. Според д-р Роберт ДеЛоренцо (Robert DeLorenzo), кој ги студирал ефектите на канабисот врз епилепсија повеќе од една деценија за време на студијата: „Оваа студија покажува дека канабиноидите можат да понудат единствени предности во лекувањето на нападите во споредба со моментално пропишаните антиконвулзиви. Не ја покажува само антиконвулзивната активност на егзогено применетите канабиноиди, но исто така укажува на тоа дека канабиноидниот систем на мозокот работи да го ограничи времетраењето на нападот со активирање на CB1 рецепторот“ - објаснува тој. DeLorenzo и неговиот тим на професионалци за истражување беа првите кои докажаа дека марихуаната може да ги намали нападите со активирање на CB1 рецепторот. DeLorenzo го објасни ова на следниов начин: „Состојките во марихуаната и протеините на каннабиноидните рецептори произведени природно во телото за да го регулираат централниот нервен систем и другите телесни функции играат клучна улога во контролирањето на спонтаните напади кај епилепсијата“ - додава.



Револуционерните придобивки на ЦБД

Можеби една од најголемите придобивки од сите е дека ЦБД не е психоактивна состојка, што значи дека може да се користи од секого и на секоја возраст, вклучувајќи ги и децата и возрасните кои се грижат за своето здравје. Бидејќи ЦБД нема да ја промени свеста на една личност, тоа е лек кој може да го користи некој, во секое време. Безброј луѓе кои најдоа корист во маслото со ЦБД, благодарни ѝ се токму на Шарлот Фиги. Моќта на овој лек го врати ова мало девојче во живот. Сега е веќе на 11-годишна возраст, Шарлот е нормална, среќна и здрава и живее во Колорадо Спрингс. Поради нејзината приказна, сега има мали и големи луѓе низ целиот свет кои добиваат втора шанса за нормален живот. ЦБД работи во синергија со природниот ендоканабиноиден систем на телото за лекување на многу други состојби настрана од животно-загрозувачките напади што Шарлот веќе не ги искусува. Ова непсихоактивно соединение во канабисот покажало дека е корисно за неколку состојби, од кои некои вклучуваат:

  • Редукција на болката;
  • Воспаление;
  • Епилепсија;
  • Алцхајмерова болест;
  • Акни;
  • Опоидно повлекување;
  • Повлекување на никотин;
  • Анксиозност;
  • Депресија;
  • ПТСД;
  • Шизофренија;
  • Рак.

Едуцирај се и информирај се повеќе:











Автор и главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: Greenamerica

Saturday, May 26, 2018

ФИТОРЕМЕДИЈАЦИЈА - Канабисот го чисти нуклеарното зрачење и токсичниот хемиски отпад

ТАРАНТО, Италија - Земјоделците во регионот на Италија што некогаш бил познат по сирењата, се претворил во област за култивирање на еден вид канабис - не за пушење или да продавање - туку за деконтаминирање на загаденото тло. Конопот што тие го растат содржи многу малку ТХЦ (убиец на ракот) - соединение што ги прави луѓето надувани и здрави. Земјоделецот Винченцо Форнаро (Vincenzo Fornaro) расте коноп за да ја спаси својата почва од токсичен хемиски отпад поради фабриката


Винченцо Форнаро и неговиот деконтаминирачки коноп :)
Најголемата европска фабрика за челик во градот Таранто во Италија, се користи за производство на повеќе од 10 милиони тони челик секоја година - 40% од вкупниот број на челик направен во Италија. Локалната економија на Таранто, која брои 200.000 жители, речиси целосно се потпира на челичарницата, која е еден од најголемите и најсмртоносните загадувачи на било кое место во Медитеранот. Фабриката е озлогласен извор на диоксин и се верува дека правот од фабриката е причина зошто Таранто има стапка на рак на белите дробови 30% повисока од националниот просек. Фабриката е толку токсична, така што на земјоделците им е забрането да чуваат добиток во радиус од 20 километри од фабриката, а во 2008 година владата наредила колење на илјадници овци и други животни за кои се покажало дека имаат премногу високи нивоа на диоксин во телата. Областа, исто така, би можела да направи многу пари од туристи поради своите убави плажи и пастирско обработливо земјиште, но челичната фабрика ги задржува потенцијалните посетители од развој на туризмот...


Коноп како природен филтер :)
Во моментов, фабриката е под владина контрола. Здравствените власти наредија фабриката да биде делумно затворена, но овој потег беше блокиран од страна на владините авторитети, а полицијата делумно ја окупираше фабриката како дел од кривичната истрага, а нејзините сопственици беа конечно уапсени и затворени за извршување на „еколошка катастрофа“, сериозен криминал во Италија, а загрозен ни е целиот европски континент. Сепак, фабриката продолжува да работи, произведувајќи многу помалку челик отколку што некогаш го имало. Фармата на Винченцо Форнаро е помалку од една милја оддалечена од фабриката за челик. Пред една деценија мораше да биде убиено целото негово стадо од 600 овци. Оттогаш му било забрането да одгледува добиток или прехранбени култури. Така, наместо тоа, Винченцо Форнаро одлучи да расте коноп!


Со генерации, нашето семејство произведуваше рикота и месо“ - се присети Форнаро. Но во 2008 година владата на Италија го откри токсичниот хемиски диоксин кај своите овци и му го закла целото стадо. Виновникот беше дури една милја подалеку. Загадувачите што излегуваат од масивната фабрика за челик - најголемата во Европа - значеше дека Форнаро никогаш повеќе нема да може да ги пасе своите овци. За да ја исчисти својата земја, решил да се обиде со прилично необичен експеримент. Форнаро засадил индустриски коноп за да се обиде да ги извлече загадувачите од почвата. Науката се нарекува фиторемедијација - процес во кој загадувачите се апсорбираат од брзорастечките корени на билката канабис и ги трансформира токсините во безопасна супстанција. „Мислите дека оваа марихуана е иднината на вашата фарма?“ - Доан (Doane) го прашува Форнаро. „Да, апсолутно“ - рече Форнаро. Фиторемедијацијата е докажана дека извлекува тешки метали од почвата. Беше искористена по нуклеарната катастрофа во Чернобил за отстранување на радиоактивен стронциум и цезиум.


Процесот фиторемедијација
Винченцо не расте трева за да пуши или продава, туку ја расте за да ги извлече токсините од челичарницата надвор од неговата почва. Форнаро засадил огромни области со индустриски коноп на својата фарма. Тој користи тактика наречена „фиторемедијација“. Оваа тактика користи растенија за отстранување на тешки метали, радиоактивен материјал и други лоши работи од земјата. Индустрискиот коноп се користел за чистење на смртоносни загадувачи и во минатото. Најпознатото користење на индустриски коноп за фиторемедијација беше во близина на местото на смртоносната нуклеарка во Чернобил, Украина. Во средината на 1990-тите, компанија наречена Phytotech работела со истражувачи и банка со семенска база во Украина за да засадат илјадници конопни растенија во и околу Чернобил. Фиторемедијацијата е релативно нов процес, но тоа е многу корисно од еколошки аспект и научно докажано.

Зграда изградена со композитни материјали од коноп
Имајќи предвид дека има многу илјади загадени места низ САД и останатите континенти кои се во очајна потреба за безбедно чистење, овој процес може да биде одговор на многу наши прашања. Ништо не може да се изгради на загадените места сè додека не се исчистат, што значи дека овие локации седат и продолжуваат да ја загадуваат земјата сè додека не се направи нешто. Милијарди се трошат секоја година во напорите да се исчисти токсичната почва и сега е време за фиторемедијација! Според истражувачите од Државниот универзитет во Колорадо, конопот е исклучително ефикасен во отстранувањето на токсичниот елемент кадмиум од почвите. Ова е погодно бидејќи контаминацијата со кадмиум е насекаде. Тоа се гледа во фосилните горива, пестицидите и многу други нуспроизводи на човечката цивилизација. Бидејќи конопот расте брзо, има длабоки корени и не изгледа дека е зашеметен со загадување, конопот е еден од најдобрите растенија што треба да се користи за фиторемедијација, затоа што најуспешно ги собира токсините.


Друга неверојатна работа за користењето коноп за овој процес е тоа што, откако ќе ги отстрани отровните хемикалии од почвата, сè уште може да се употребува, но не и како лек, туку како индустриска суровина. Иако можеби не е најдобра идеја да се јаде или да се прават медицински производи од коноп од области каде нуклеарниот отпад некогаш зрачел, овој коноп е сè уште безбеден за натамошна употреба во други апликации. Тој коноп може да се претвори во масло за подмачкување или во други индустриски цели, може да се користи како изолација и може да се користи и како хартија, лиена пластика или градежен материјал (хемпкрит). Најмногу тешки метали се акумулираат во листовите на конопот. Во Италија, каде што конопот се одгледува за детоксикација на земјиштето или токсичните хемикалии кои ги ослободуваат фабриките, активистите всушност почнуваат да го користат конопот за да го заменат челикот! Активистите изградиле сосема нова станбена зграда целосно направена од влакна од коноп. Оваа станбена зграда (прикажана на сликата од лево погоре) - со канабис посаден пред неа - е изградена со композитни материјали од коноп.


Автор и главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извори: Econewsmedia, CBS News

Thursday, May 24, 2018

Синтетичките канабиноиди претставуваат сериозна опасност по здравјето

Секојдневието на свесните и разбудени луѓе денес поради преплавеноста од хемикалии и токсини е сведено на одбирање оргнаска храна за да се избегнат пестицидите и хемикалиите со кои се прска овошјето и зеленчукот. Секогаш треба да се одбира природното и органското, наместо вештачкото и синтетичкото! За жал зголемен е бројот на луѓе хоспитализирани поради синтетички канабиноиди. Зарем би јаделе синтетички домати и краставички?!


Разлика во составот!
Наречени К2 или лажна марихуана, синтетичките канабиноиди се психоактивни хемиски соединенија направени во лаборатории, прскани на иситнет растителен материјал. Исушениот дел испрскан со хемикалиите се витка и се пуши во џоинт, а постои и течна верзија за вапоризирање и вдишување преку електронски цигари и слични помагала. За среќа, лесно е да се пронајдат овие натрапници. Законски се продаваат по бензински во некои држави и хед шопови (оние продавнички кај што продаваат прибори за пушење) и се означени како безбедна и природна алтернатива на марихуаната. А тоа е лага! Синтетичките канабиноиди имаат непредвлидилви странични ефекти кои можат да бидат моментални и долгорочни и многу опасни по здравјето, од силна параноја и халуцинации, до опаѓање на бубрежната фунција, срцеви удари и оштетување на другите витални органи.



Која е разликата?

Повеќе од очигледна... Одбирај цели цветови!
Канабисот е цветна лековита билка која дава семе и плод и расте од земја, како секое друго природно растение на планетава, а синтетичката легална замена наречена „спајс“ (spice) е ѓубре направено во лабораторија од страна на човекот. Кога ќе слушниме термин лажна марихуана претпоставуваме дека се работи за нешто со ефект сличен на марихуаната, но не е така. Постои значајна разлика помеѓу овие две супстанции и тоа како тие взаемно делуваат врз телото и умот. „Кога пушиме вистинска марихуана, ТХЦ-то се врзува за ЦБ1 и ЦБ2 канабиноидните рецептори во мозокот за да го доловат посакуваниот ефект. ЦБД, кој исто така е присутен во марихуаната, ги одржува ефектите на ТХЦ под контрола. Синтетичките канабиноиди, исто така содржат синтетичка форма на ТХЦ, но не и ЦБД“ - вели за CBS News д-р Дипак Д’Соуза (Deepak D’Souza) кој ги проучува ефектите на марихуаната веќе 20 години.


Д’Соуза е професор по психијатрија на Yale University School of Medicine. Без ЦБД, психоактивните ефекти на синтетичкото ТХЦ се поопсежни. Плус, хемиските компоненти во лажната марихуана можат да бидат од 10 до 200 пати помоќни, отколку ТХЦ споредени од доза на доза. Покрај ова, истражувачите не се сигурни како К2 влијае на мозокот бидејќи не е регулирана и хемикалиите можат да бидат различни од еден тип до друг. Но, некои истражувања сугерираат дека различните структури на лажната марихуана можат да активираат други рецептори кои не се ЦБ1 и ЦБ2, што пак, ќе објасни некои од опасните ефекти што се јавуваат кај синтетичкава дрога, кои се нетипични и никогаш не се јавуваат кај органскиот лек канабис. Лажната марихуана понекогаш е измешана со други супстанци како амфетамини или од оние за смирување, опијати. Во Илиноис 9 луѓе биле хоспитализирани поради силно крварење откако користеле синтетички канабиноиди и биле позитивни на тестот за brodifacoum, летална хемикалија користена како отров за глувци.


Опасности и странични ефекти на синтетичката марихуана

Од почетокот на март оваа (2018) година, 153 лица од Чикаго и централен Илиноис се разболеле од синтетичка марихуана, а 4 починале (од канабис до сега никој не се разболел). За сите случаи била неопходна хоспитализација поради искашлување крв, уринирање крв и обилно крварење од носот и непцата. Страничните ефекти на К2 варираат во однос на специфичните компоненти кои секој од нив ги содржи, но корисниците како чести ефекти споменале: повраќање, халуцинации, силна анксиозност, напади на паника, епилептични напади и агресивност. Долгорочните ефекти од синтетичките канабиоиди сè уште не се познати, но соопштени се оштетувања на срцето како миокардична исхемија и оштетување на бубрезите. До сега од природен органски канабис никој не починал!


Кога купуваш синтетички канабиноиди, немаш поим што навистина има во производот кој го купуваш и пушиш или консумираш на друг начин. Ако сакаш да пушиш трева, нека биде природна како и досега. Во Македонија сè уште не сум слушнал дека К2 се продава или воопшто постои. Ако некој знае нешто нека сподели во коментар, да го откриеме потеклото и местото на продажба и да го споделиме меѓу сите за да се заштитиме. Без разлика на сè, не би ми паднало на памет да купувам марихуана од некоја продавничка или сл, туку од органски одгледувач. Јас си знам од каде си земам добра, квалитетна и чиста трева, а ти? Синтетичката марихуана е отров, а канабисот е лек. Канабисот всушност ги лекува сите ефекти кои синтетичкиот ги предизвикува! Спајсот предизвикува зависност, додека пак тревата не.


После овој текст на сите ни е појасно зошто прехрамбените гиганти Монсанто и Бајер сакат да ја земат во свои раце индустријата за канабисот и генетски да го модифицираат за да не може да се репродуцира по природен пат. Не сите знаат дека цел свет протестира против нив поради натрупување токсини во нивните производи. Доколку ни го земат канабисот, ќе ни ги одземат природното здраво откачување кое ни го пружа канабисот, продлабочувањето на свеста и благотворното чувство на љубов, благосостојба и единство со сè. Тоа би било само продолжение на војната против експанзијата на човековата свест. Тие се решени да го доведат човекот до состојба на зомби поради полесна комплетна контрола. Затоа, да се обединиме и да го избркаме Монсанто од Македонија бојкотирајќи ги производите од неговите фирми и да се свртиме кон нашите многу повкусни, поздрави и етички произведени домашни и балкански производи и балкански канабис, а најмногу со тоа ќе придобие домашната економија, но и здравјето на Македонците значително ќе се подобри. И сите здрави и економијата појака. Би имале само чисти придобивки доколку го постигнеме ова.


Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: Marijuana

Wednesday, May 23, 2018

Легализацијата не треба да претставува алчност, туку слобода и одлично здравје

Која е разликата помеѓу рекреативната и медицинската марихуана? Технички ништо. Употребата на цвеќето на канабисот како лек за третман на заболување, за рекреација или превенција е определена исклучиво од страна на корисникот


Секоја употреба е медицинска!
Пациентите треба да имаат слобода да направат здрав избор

Дали воопшто треба да се направи разлика помеѓу медицинската и рекреативната марихуана? Се чини дека вештачки наметнатата поделба може да предизвика поголема штета, отколку добро. Во случајот на американските држави во ерата на легализација, повеќе не е правото на корисникот да го утврди начинот на нивната употреба, туку на владата. Ако владата мисли дека само сакаш да се „забавуваш“, тие можат да акцизираат 20 проценти или повеќе во данок. Ова ги стимулира државите да ја класифицираат употребата на повеќе корисници како рекреативни наместо медицински.


Канабисот е најздравиот: цвет, плод, зеленчук, зачин...!
Повеќето држави со медицински канабис имаат листа на услови за кои препораките се одобрени. Овие обично вклучуваат најсериозни и чести фатални и хронични болести, како што се: рак, СИДА, автоимуни нарушувања и епилепсија. Кога станува збор за ментални нарушувања, болестите не се вклопуваат во списокот или правото да користат канабис наместо „потребни“ лекови како аспирин, државните влади утврдиле дека оваа употреба е рекреативна, а не медицинска.


Во Орегон, Вашингтон и Колорадо државните законодавци се многу загрижени за тоа кој сè уште може да има пристап до поевтин медицински канабис без данок. Ова доведе до „раздвојување“ на пациентите од нивните старатели и на многу пациенти им било кажано дека веќе не се квалификуваат како медицински. Додека САД се движи кон федерално решение, треба да ги нагласиме конзервативните и либералните ставови дека слободата значи автономија врз нашите тела и лековите што ние ги избираме за да ги користиме за лекување на сè што е во нашите тела. Пациентите треба да имаат право на избор, секоја марихуана е лековита и секој начин на употреба е лековит, што значи дека и рекреативното користење е медицинско.



Автор и главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: Civilized

Monday, May 21, 2018

Владата на САД конечно признава дека канабисот ги уништува клетките на ракот и ги заштитува здравите клетки

За скоро еден век, канабисот е демонизиран како „почетничка дрога“, но денес веќе официјално знаеме дека канабисот е всушност „излезна дрога“ и решение за зависниците од опијати, но исто така дека успешно лекува епилепсија, ги намалува несаканите ефекти од хемотерапијата и другите токсични лекови, но и дека лекува најтешки форми на канцери и во најдоцните стадиуми. Зачудувачко признание и потврда на сето ова доаѓа од Националниот институт за рак (National Cancer Institute - NCI), дека канабисот ги уништува клетките на ракот без да ги повреди нормалните клетки и исто така дека ја поттикнува нивната регенерација


Ако сè уште не сте запознаени со канабисот, MedicineNet го дефинира канабисот како растение кое произлегува од фамилијата на конопови растенија. Тие додаваат дека канабисот може да се пуши или да се јаде и може да произведе благо чувство на еуфорија. Во врска со тоа како NIC дојде до ова признание, тие објаснуваат на својата веб-страница дека студиите врз глувци и стаорци покажуваат дека канабиноидите може да го инхибираат растот на туморот. Еден од најдобрите начини да го инхибира растот на туморот е да се уништат клетките на ракот и тие тврдат дека канабиноидите можат да го направат тоа. Тие исто така тврдат дека канабиноидите можат да го блокираат клеточниот раст, како и развојот на крвните садови со кои туморите треба да растат. 


Сега да ги разгледаме студиите кои ги поддржуваат нивните тврдења. Како што споменав, тие правеа студии врз глодари - глувци и стаорци; и една од студиите што ги правеа на глувците беше да се тестира како канабиноидите би реагирале против ракот на дебелото црево. Студијата покажа дека канабиноидите можат да заштитат од воспаление на дебелото црево, кое во суштина би можело да го намали ризикот од рак на дебелото црево или дури да помогне да се уништат клетките на ракот за време на третманот. Друга студија беше спроведена на делта-9-ТХЦ во клетките на хепатоцелуларниот карцином (карцином на црниот дроб). Студијата покажала дека делта-9-ТХЦ всушност ги оштетила или убила клетките на ракот. Истата делта-9-ТХЦ студија на глувци кои страдаат од рак на црниот дроб покажа дека постојат антитуморни ефекти.


Неодамна објавена студија во Меѓународниот весник за онкологија (International Journal of Oncology), започна да ја истражува поврзаноста помеѓу канабиноидите и борбата против леукемичните клетки. Студијата, исто така, ја разгледа можноста за употреба на канабиноиди во комбинација со постојните хемотераписки лекови цитарабин и винкристин. Водечкиот тим на истражувачи се состоеше од д-р Ваи Лиу (Wai Liu) од St George’s Универзитетот во Лондон, објавија Medical News. За да ги добијат резултатите, тестирале различни комбинации на канабиноиди и лекови за хемотерапија, за да најдат најуспешни групи. Тимот открил дека канабидиолот и ТХЦ, кога се користат сами, ги убиле клетките на леукемијата. Исто така, откриле дека почетната доза на хемотерапија, проследена со канабиноиди, всушност ги подобрува клеточните резултати против клетките на леукемијата. Овие наоди се објавени во Меѓународниот весник за онкологија. Сепак, истражувачите истакнаа дека зголемената моќност на двата лека била можна само кога канабиноидите биле дадени по хемотерапијата. 


Заклучувајќи ги нивните наоди, д-р Лиу вели дека резултатите се крајно ветувачки, но имаат долг пат, објавија Medical News Today. Тој исто така им рекол: „За првпат покажавме дека редоследот во кој се користат канабиноидите и хемотерапијата е од клучно значење за одредување на севкупната ефективност на овој третман. Канабиноидите се многу возбудливи перспективи во онкологијата“. Иако постојат значителни докази од мали примероци, сè уште требаат многу повеќе истражувања пред да можеме со сигурност да кажеме дека канабиноидите се одржлива опција за убивање на ракот сметаат истражувачите. Не се согласувам целосно со д-р Лиу, поради тоа што од моето лично искуство како активист и долгогодишниот контакт со пациентите, сметам дека канабис терапијата треба да биде примарна и давана од самиот почеток на дијагнозата (конвенционалните терапии пожелно е да се одложат доколку е возможно), а луѓето што примаат хемотерапија, имале операција за отстранување на канцерот или биле зрачени, треба да примат двојно или тројно повеќе масло од препорачаното. Една просечна терапија изнесува 60 мл масло кое треба да се внесе во период од 90 дена, по што следува период на доза за одржување. Тоа масло сè уште го нема во нашите аптеки, затоа пациентите се осудени законот да ги третира како криминалци и да се снаоѓаат самите како знаат и умеат. 


Читај повеќе:






Автор и главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: Providr

Sunday, May 20, 2018

Дали е безбедно да се користи CBD за третирање на симптомите од бременоста?

Канабис за време бременоста е популарна, но сè уште доста контроверзна тема. Многу луѓе сакаат да знаат дали е безбедно да се користи ЦБД против гадење, утрински мачнини, болка и мигрена како последица на бременоста. Но, да видиме што вели науката...


На бебето му требаат канабиноиди исто како и на родителите!
Плус, марихуаната е најпопуларна „незаконска“ супстнаца која трудниците ја користат за полесно справување со бременоста особено во првото тромесечие. Според Државната анкета за употреба на лекови и здравје од 2014 година, 5.3% од трудниците пушат канабис. Но, што за изолирано масло со ЦБД без ТХЦ? Дали е безбедно за бременоста? ТХЦ исто така не може да наштети во тој период, а ЦБД е исклучително безбедна состојка. 


Основи за ЦБД во текот на бременоста: Што е ЦБД?

ЦБД е скратеница за канабидиол, кој е вториот најзабележителен канабидноид во канабисовото растение. ЦБД не е психоактивен и не напушува. Медицинските карактеристики на ЦБД се следниве: ублажување на болка, воспаление, стрес, гадење, гастроинтестинални потешкотии, стимулација на апетит, помага при заспивање, контрола на епилептичен напад и тресење. Канабидиолот помага за многу различни телесни функции бидејќи делува врз ендоканабиноидниот систем (ЕКС) на телото. ЕКС ја подобрува хомеостазата, односно балансот во телото и игра улога во расположението, имунитетот и перцепцијата за болка. Всушност, ЕКС игра улога дури и во феталниот развиток.



Што кажува истражувањето за ЦБД и бременоста?

Засега не постојат клинички истражувања врз луѓе за ЦБД и бременост, иако постојат некои успешни обиди врз стаорци. Но, анегдотичните информации за ЦБД и бременоста се зголемуваат брзо. Многу бремени жени ја потврдуваат успешноста на ЦБД против утрински мачнини и гадење, болка, воспаление, проблеми со спиење и опуштање. Неколку истражувања го посматрале ефектот на ЦБД на плацентата ин витро; заклучиле дека ЦБД може да ги смени физиолошките карактеристики на плацентата, т.е. да ја направи поеластична, а тоа може да биде опасно за фетусот. Но, многумина покажале дека ова откритие може да биде различно кај сегашните жени бидејќи истражувачите ставале ЦБД на плацентата постојано од 24 до 72 часа.


Најголем дел од истражувањата за ефектите на канабисот врз бременоста се фокусираат на ТХЦ, иако и овие истражувања не се многубројни. Истражувањата не нашле негативни последици од користење канабис при бременоста. На пример, истражување уште од 1994 година спроведено во Јамајка не нашло значајни разлики кај новороденчиња изложени на канабис ин-утеро и оние кои небиле изложени. Она што е восхитувачки е дека ова истражување продолжило кај бебињата и кога наполнине еден месец и истражувачите откриле дека бебињата изложени на канабис биле поздрави во споредба со оние кои не биле изложени на канабис додека биле во утробите на мајките. Тие имале подобар перформанс од оние кои не биле изложени на канабис за автономна стабилност, квалитет на будност, иритабилност и себерегулирање.



Значи, дали ЦБД за време на бременоста е безбедна состојка?

На крајот на краиштата, постои ризик при изложување на бебето на која и да е нова супстанца. Како што Проект ЦБД укажува, поради суштинската улога која ЕКС ја игра во феталниот развој, нервниот развиток и преживувањето на новороденчето постои ризик од додавање на фитоканабиноиди како ТХЦ или ЦБД за развивање на мозочните ендоканабиноиди. Како и да е, вистината е таа дека мајките повеќе декади користеле канабис при бременоста и најголем дел од нив потврдуваат дека нивните деца се апсолутни здрави и факт е дека до сега ниту еден фетус не настрадал поради канабисот. Акушерите и гинеколозите понатаму сметаат дека мена доволно истражувња за да ги посоветуваат идните мајки на оваа тема. За многу жени, бременоста може да биде многу тешка. Гадењето и утринските мачнини можат да траат цел ден. Кога ја имаат опцијата за конзумирање на органски екстракт од канабис, сè повеќе и повеќе жени ја одбираат природната опција.



Совети ако одлучите да користите ЦБД за време на бременоста:

Купете органско, неГМО ЦБД, растено без пестициди и хемикалии или екстрактот подгответе си го сами, но претходно анализирајте го по лабораториски пат. Можете површински да нанесувате, а вапоризирањето исто така е добра опција. Избегнувајте тинктури од ЦБД екстрахирани во каков и да е алкохол, алкохолот треба да се избегнува за време на блажената состојба! Микродозирајте и користете само колку што ви е потребно, кога имате болки, кога ви се гади и имате несоница и сл. Исто така со маст, крема или чист екстракт од канабис имате шанса многу побрзо да ги решите здодевните стрии после породувањето.



Како што со радозналост и радост ги откривам благодетите на ова свето растение со секој нов ден, мојата восхит и понизност пред ова растение растат со секое ново изгрејсонце“ - 

Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: HERB

Читај повеќе: