Wednesday, December 30, 2015

Колку време остануваат трагови од канабис во метаболизмот по консумирањето?

Тетрахидроканабинолот - THC e главната природна хемиска состојка откриена во марихуаната која е одговорна за еуфоричното чувтсво што го сакаат рекреативните корисници, но и состојка која е одговорна за убивањето на канцерогените клетки, ефект посакуван од страна на пациентите. Оваа органска состојка е екстремно хидрофобна и се распаѓа во телото за време на метаболитичните процеси во околу 80 различни метаболити

Поради хидрофобната природа на овие метаболити, поларните молекули како што е водата, не можат да ги растворат, за разлика од лесното растворување на алкохолните молекули од страна на водата. Метаболитите од канабисот се групираат со други неполарни молекули, како што се алканите и масните молекули (телесните масти), во косата и ноктите. THC всушност се складира во мастите и кога спортуваме се ослободува давајќи ни додатна енергија - ефект посакуван и нашироко употребуван од страна на спортистите.

Канабисот не е дрога, но поради законските одредни што така го класифицираат, ограничуваат и забрануваат ова растение, одредени работни места на пример не дозволуваат употреба ниту на марихуана и покрај тоа што лицето е болно и со помош на канабис само се лекува. За да го надитрите законот или пак само за да го „положите“ тестот за присуство на канабис што некој ви наложил или ве замолил да го направите, треба да знаете колку време во системот се задржуваат трагите од користењето марихуана и на кој начин таа се разложува. И покрај тоа што рекреативниот ефект трае сосем кратко без никакви последици врз свеста на корисникот, трагите од користењето се задржуваат подолг период. Остатоците од канабис се возможни за детектирање извесно подолг период, во споредба со некои синтетички дроги/лекови. Па честопати на тестовите за присуство на супстанци многу полесно си поминуваат наркоманите, во споредба со пушачите на трева.

Концентрации на нивото на THC по консумирањето

Пушењето и вапоризацијата на цветови и екстракти е најчестиот начин на внесување канабиноиди. По инхалацијата, тетрахидроканабинолот веднаш се внесува во крвниот систем низ белите дробови. Со забрзаната циркулација на срцето, овој канабиноид во комбинација со голем број на други, меѓу кои и канабидиолот - CBD, делуваат веднаш на човечкиот ендоканабиноиден систем со интеракција на CB1 и CB2 рецепторите лоцирани насекаде низ телото. THC многу лесно и веднаш се детектира непосредно по консумирањето. Кај нередовните корисници, нивото на THC паѓа побрзо, во споредба со редовните корисници. 

Ова растечка и профитабилна индустрија!
Генерално, концентрацијата на THC во крвта исто така многу брзо опаѓа по консумирањето канабис, поради тоа што се распространува со крвотокот до сите ткива и органи. Како и да е, не е невообичаена појавата нивото на THC да остане високо во крвта и неколку денови кај секојдневните корисници на марихуана. Кај секого е индивидуално. Научниците заклучиле дека телото елиминира 60-80% од состојките на канбисот низ изметот. 

Исто така треба да се знае дека THC e неполарна липосолубилна молекула, што значи дека е апсорбирана од страна на липидите, т.е. масните клетки од телото. Студиите покажуваат дека THC е складирано во телесните масти и со редовната употреба, може да се задржи таму и неколку недели. Со текот на времето, масните ткива ги враќаат молекулите на THC во крвта, каде што црниот дроб ги преработува во непсихоактивни THC-COOH деривати за одржување на телото. И покрај тоа што не треба да се плашите и срамите од правење нешто што е здраво, сепак доколку морате да се криете и доколку ви претстои опастност од тестирање, подобро е и да направите некој месец пауза.

Видови на тестови за присуство на канабис

Остатоците во косата остануваат подолго
отколку во крвта и урината
Тестовите за присуство на THC во крвта можат да бидат поделени во две групи - поранешна употреба и моментална интоксикација. За проверка дали лицето некогаш користело марихуана, најчесто се крости тест на урина или коса (кој е многу скап). Овие тестови најчесто секогаш го проверуваат присуството на THC-COOH молекулите. За детекција на моменталното присуство најчесто се прават тестови на крвта или плунката. Овие тестови проверуваат дали има присуство на THC молекули во моментот, што за службените лица е индикатор дека лицето е под дејство, но тие не знаат дека секој човек има различен праг на толеранција на THC. Количеството канабис што е доволно или премалку за еден, може да биде премногу за друг. Марихуаната не е алкохол и оттука толеранцијата на количество марихуана не може да се споредува со толеранцијата на исто количество на алкохол. 

Прочитајте повеќе за триковите како успешно да ги прелажете тестовите за детектирање на марихуана во следниот текст.

Извор: THC Over Dose

Sunday, December 27, 2015

Научниците велат дека THC може да ги превенира болестите кај идните генерации

Неодамнешно научно истражување потврди дека состојките од канабисот имаат значителна моќ во модификацијата на генетската активност. Истражувачите од катедрата за медицина при Универзитетот во Јужна Каролина велат дека откриле одредена група на микроРНА што ја означува метаморфозата кај глувците изложени на Тетрахидроканабинол (THC). Ова откритие е од огромно значење, бидејќи микроРНА е фактор што придонесува во регулацијата на гените и многумина веруваат дека е одговорен за предизвикување на многу комплицирани болести.

Според главниот истражувач Д-р Пракаш Нагаркати (Prakash Nagarkatti) и Д-р Мици Нагаркати (Mitzi Nagarkatti), откако проучиле околу 610 различни микроРНА, тие откриле дека 13 од нив имале значителна реакција на THC, вклучувајќи го mir-690, што имаше најоптимистички одговор. 

Ова евентуално може да биде основа за развој на напредни третмани за воспалителните болести, но и за ракот.

Додека нашата студија ги идентификува молекуларните механизми на имуно-променливите ефекти на марихуаната, селектираните идентификувани микроРНА можат да послужат како важни молекуларни цели за манипулирање на активноста MDSC кај ракот и воспалителните болести“ - изјави Д-р Мици Нагаркати.

Други неодамнешни истражувања од страна на италијански научници, исто така довеле до заклучокот и доказите дека сугерираните канабиноиди, конкретно Канабидиолот (CBD), Канабигерол (CBG) и Канабиварин (CBV), можат да ги променат негативните активности на гените поврзани со канцерогените заболувања на кожата.

Тие заклучиле дека опсегот на канабисовиот потенцијал да ги модифицира гените, во голема мера ги надмина кожните заболувања и може да ја промени генетската реверберација на болестите како што е мултиплекс склерозата и разни типови на рак и епилепсија.

Friday, December 25, 2015

Ставот на здруженијата што се борат за легализација на марихуаната во Македонија кој произлезе откако ја посетивме јавната дебата организирана од Министерството за здравство на РМ

Државата наместо да ги заштити фармацевтските компании, треба да ги заштити нејзините (нај)ранливи граѓани. Канабисот за болните треба да има симболична цена, а не некој да се богати на нивниот грб. Лицата кои сакаат да го користат канабисот превентивно, треба да можат легално да си го купат во специјални продавници или билни аптеки! Која е логиката растение кое секој сам може да си го одгледува слично како домашните цвеќиња, да се наплаќа како да е злато. Заради користење или одгледување на растение кое само помага, а никому не му наштетило и никој не умрел од него, се лежи затвор и подолго отколку да си убил некого со умисла!
Соопштение до медиумите
Здружението Зелена Алтернатива, Канабис Клуб и активисти од Македонија кои се залагаат за легализација и декриминализација на Канабис во Македонија, на заеднички состанок решија своите ставови околу можното законско решение, да ги соопштат на Министерството за Здравство и медиумите.
Наши ставови се следните:

1. За медицинска употреба на канабис на издаден рецепт канабисот за вапоризирање или маслото да се издава во аптеки и да се води евиденција за корисникот, дозата и лекарот кој го препишал. Секој пациент кој ќе изрази желба за лекување на својата здравствена состојба со канабис, а е влезена во групата на состојби за кои постојат индиции дека канабисот може да му помогне, може да избере да се лекува со канабис. Листата на индицирани болести месечно ќе се евалуира и проширува. Лекарот треба да ја прати редовно состојбата на пациентот и за тоа да го известува органот во Министерство за Здравство како би се собрале корисни податоци за дејството на канабисот на одредени состојби;

2. Нема логика канабисот да се дава само на терминално болните. Дали треба да се чека некој да стане терминално болен за да дојде до лековитиот канабис? Со тоа повторно не се спречува црниот пазар;

3. Условите за правни лица кои ќе добијат лиценци за производство на сушен канабис и преработки од канабис да се дефинираат на начин кој нема да овозможи дејност само на фарма компаниите т.е. лабораториските испитувања на потентноста на сушениот препарат од канабис или масло треба да го извршува државна лабораторија или приватна која за тоа има лиценца од државата по утврден ценовник и тоа за потребите за правните субјекти, приватните здруженија и рекреативните корисници;

4. Секој поединец над 21 годишна возраст да може да засади и одгледува во домашни услови до 4 растенија
едновремено за свои потреби;

5. Доколку навистина една од целите е и спречување на црниот пазар, на рекреативните корисници на канабис да се дозволи купување на канабис во специјални аутлети или канабис социјални клубови по примерот на Шпанија и Португалија. Канабис за рекреативна употреба да можат да користат жители на Македонија по наполнети 21 година старост. Канабисот за рекреативна употреба да е оданочен и има определена цена која ќе биде значително пониска од онаа на црниот пазар;

6. Сите они кои се наоѓаат во Затвор за обвиненија кои се поврзани исклучиво со поседување или одгледување на канабис (со исклучок на други опијати) веднаш да се ослободат од затвор и да им се избрише криминалнотот досие;

7. Поседувањето, одгледувањето и рекреативното користење на канабис да се декриминализира!

8. За поседување на повеќе од 4 растенија едновремено, за поседување на повеќе од 5 грама сув цвет од канабис на јавно место во скриена форма или рекреативно користење на канабис на јавно место да се одговара прекршочно.


Прес конференција на ХОПС за законот за медицинска употреба на канабис

Saturday, December 12, 2015

Ед го уништи ракот на црниот дроб во 4-та фаза со канабисово масло!

Уште долго ќе можат заедно
да му се радуваат на животот!


Неговата сопруга е пресреќна што не дозволиле Ед да се збогува со овој свет, благодарение на ароматичната билка што постои од секогаш на оваа планета

Желбата за живот не е секогаш доволна. Таа треба да биде поткрепена со сите фактори кои влијаат за некој потполно да се исцели. Ед Мур е само уште еден пример и доказ дека канабисовото масло лекува рак и дека конвенционалните методи најчесто не помагаат

Мојот сопруг беше дијагностициран од четврди стадиум на обичен рак на црниот дроб во март 2012 година. Докторот ни рече дека не може многу да се направи поради тоа што туморот беше голем 7 инчи (17.78 см) и го покриваше неговиот долен лобус и исто така се проширил на неговите лимфни јазли. Ние одлучивме да одиме дома и се обративме во болница за терминално болни пациенти за да ни дадат морфиум против болки. 

Ед го
мразеше морфиумот бидејќи го тераше на повраќање и исто така имаше влијание врз неговиот ум. По една недела дома ние одлучивме да го правиме она што го правевме низ многу години - да се потпреме еден на друг“ - објаснува Биата Мур (Beate Moore) сопругата на оздравениот Ед Мур (Ed Moore).

Ед воопшто не бил задоволен од конвенционалната медицина и од начинот на кој лекарите го третирале. Неговата животна сопатничка го споделува нивното искуство: „Ние бевме во болница само три дена со силни болки. Карциномот го блокираше неговиот жолчен канал, по што ние одбравме натуропатски лекар и не продолживме со конвенционалните терапии“ - вели Биата.


Од сите алтернативни терапии коишто им биле познати, Ед е најзадоволен од канабисовото масло, кое го вратило во живот и го убило ракот, а не него. „Во нашата област ние го растеме нашиот сопствен лек-канабис и започнавме да го правиме маслото на Рик Симпсон Phoenix Tears. Ед прекина да користи морфиум по само една недела откако започна да јаде по грам масло на ден“ - истакнува Биата. 

Ед започнал на разновидни начини да го консумира растението канабис, бидејќи секој дел од билката има свои лековити својства и секој начин на консумирање на канабисот е лековит и кога некој се лекува со маслото пожелно е да ја зголеми лековитата моќ на терапијата со консумирање на што е можно повеќе канабис. „Подоцна ние започнавме да цедиме свежи туфки и листови измешани со зеленчук“. Тој исто така многу внимавал на исхраната. „Ед има 65 години и е во одлична форма. За само неколку недели неговите болки и отечениот стомак исчезнаа, а заедно со тоа се појави надежта и квалитетниот живот“.
Верувај ми, јас сум секогаш во право и никако канабис,
бидејќи не е доволно истражен!
За да се исчисти од токсините од конвенционалните терапии и морфиумот, тој исто така оди во сауна, солени бањи и користи рицинусово масло и многу Витамин Ц. „Ние не отидовме на онколог и направивме само испитувае на крвта по првата дијагноза со компјутерска томографија. Неговиот маркер за тумор премина од над 6.000 во нормала и тој се чувствува добро. Ние не знаеме како ова се случува, но уживаме во секој ден и сме благодарни“ - објаснува сопругатаЕд користи масло од канабис 4 пати дневно во доза од 1/2 грам. „Сега тој консумира по 2 грама канабисово масло дневно и не се чувствува напушен. Јас исто така го пијам превкусниот сок од канабис, кој нема ефект (поради тоа што канабиноидите се активираат со декарбоксилација и се растворливи во масти, а не во вода). Не секој може да толерира толку голема доза на THC, но за него таа е соодветна“ - нагласува жена му на Ед.

Прва книга Мојсеева (Битие) -
Создавање на светот. Човекот образ Божји.
Биата додава дека многу од пациентите со слична состојба како нејзиниот сопруг во доцните стадиуми од болеста, предоцна се одлучуваат за алтернативните терапии, т.е. за користење на канабисово масло и кога ќе започнат да го користат, чувствуваат подобрувања, меѓутоа нивните организми се толку истрошени, оштетени и затруени со токсини од конвенционалните третмани (хемотерапии, зрачења, токсични лекови...), што за некои е предоцна.

Целата автентична приказна за Ед и начинот на којшто тој се хранел (и се` уште се храни) додека се лекувал со канабисово масло, можете да ја проследите тука. Биата Мур со задоволство ќе одговори секому кој се интересира за режимот на исхрана и суплементите што ги користи Ед, како и за канабисовото масло со кое се лекуваат и одржуваат во топ форма. Ова е нејзиниот е-маил: beatemoore@earthlink.net
.

Saturday, December 5, 2015

Терпени - молекулите што го прават мирисот на канабисот толку неодолив

Канабиноидите не се одговорни за мирисот на канабисот, туку ароматичните молекули наречени терпени!


Канабисот мириса на елка поради терпинот Alpha-Pinene!
Доколку се разгледаат состојките од марихуаната што го прават нејзиниот мирис толку прекрасен, може да се заклучи дека помеѓу 10% - 30% тоа се терпините. Тоа се ароматичните молекули во растенијата. Повеќето од мирисите и аромите што не` асоцираат на конкретни растенија и билки се резултат од терпинитие и флавоноидите. Кај канабисот тие се произведуваат во смолата на растението.

Растенијата испуштаат мирисни молекули поради повеќе причини, со цел да се заштитат од одредени предатори, но и за да привлечат инсекти опрашувачи. Терпините се клучната состојка од есенцијалните масла на растенијата. Ароматерапијата ги користи медицинските својства на терпините за да се регулира расположението, проблемите со сонот, но и целокупното здравје. Ароматерапијата помага и при медитација и јога.

Дознајте кои терпини најмногу ви се потребни
Како и од секое друго растение кое има мирис, така и од марихуаната може да се направи есенцијално масло по пат на екстракција со пареа. За да не дојде до забуна кај неинформираните, есенцијалното масло не е канабисовото масло направено по пат на декарбоксилација од смолата на цветовите, користено за лекување рак и други болелсти. Станува збор за миризливото етерично масло, кое се користи во козметиката, за производство на парфеми, сапуни, свеќи, но и како арома за готвење, етеричното масло се употребува во индустријата за производство на слатки/бонбони, како и за производство на алкохолни и безалкохолни пијалаци со вкус на канабис.

Откако канабисот е набран, тој содржи околу 1% есенцијално масло составено од многу лесно испарливите монотерпини (80-90%), кои испаруваат многу брзо. Откако канабисот е потполно сув, количеството на есенцијалното масло е само 0.1% и околу 50% од ова количество е составено од сескитерпини (sesquiterpenes) коишто се многу помалку испарливи.

Повеќе од 100 различни терпини се откриени во марихуаната, но постојат многу повеќе доколку се разгледаат разновидните варијации на растението. На пример, типичниот мирис на цитрусни овошни плодови кај некои врсти на канабис како што е врстата Lemon haze, доаѓа од терпините наречени Limonenes што варираат во концентрација кај секој хибрид/врста. Секој терпин исто така има свои варијации во мирисот. Па така, терпините Limonenes од лимонот се идентични со терпините Limonenes во портокалите, но секоја врста е дефинирана со различна арома, што резултира со минимални разлики во пропорциите на формите на терпините Limonenes што се содржани.

Еве ја листата на главните терпини откриени во билката Cannabis Sativa:
А-Pinene, Linalool, Beta Caryophyllene, Mycrene, Limonene, Terpineol, Borneol, Eucalyptol, Nerolidol. Другите терпини пронајдени во смолата од некои врсти марихуана се: Phellandrene, Phytol, Humulene, Pulegone, Bergamotene, Farnesene, D3-carene, Elemene, Fenchol, Aromadendrene, Bisabolene и многу други! 

Овој мирис за некого е неодолив, а за некого непријатен
Терпините не само што се одговорни за мирисот на канабисот, туку и за вкусот на секоја врста. Важно е да се запомни дека доколку растението има слаба арома, тогаш ќе има и слаб вкус. Возраста на растението и времето за берење исто така може да се одреди според количеството на терпините. Вообичаено мирисот станува многу појак за време на цветањето, но тоа може да варира поради временските услови или стресот што го доживува растението или пак, од периодот од денот. Можете да забележите дека мирисот на канабисот е најчесто многу појак во мугрите, отколку во самрак. 

Секој терпин има различен ефект врз здравјето на човекот.

Терпините имаат многу голема упога во целокупниот здравствен ефект од канабисот. Се смета дека одредени терпини ја зголемуваат моќта на одредени канабиноиди, ја зголемуваат асимилацијата на канабиноидот THC, додека други се одговорни за производството на хормоните допамин и серотонин во човечкиот организам - двата главни регулатори на расположението и однесувањето. Затоа многумина се развеселуваат само кога ќе ја помирисаат свежата или исушена незапалена марихуана. Важно е да се запомни дека диверзитетот што го нуди природата е невозможно да се изолира и репродуцира во лабораторија за фармацевтската индустрија, која упорно се бори да ги изолира активните состојки од марихуаната за да ги патентира и репродуцира по синтетички пат! Факт е дека чистиот изолиран канабиноид Тетрахидроканабинол THC не може да ги има истите својства како целото растение поради недостигот од синергијата на другите канабиноиди и терпините, кои само заедно можат да го имаат посакуваниот ефект. Сега сфаќате зошто фармацијата упорно се бори ова растение да остане нелегално?