Sunday, July 30, 2017

Конопот ги заштитил античките Ellora пештери во Индија од распаѓање!

Археолозите откриле дека конопот - мешавина од коноп, глина и вар - ги спречил познатите антички Ellora пештери од распаѓање. Студиите спроведени во Европа сугерираат дека објектите изградени со употреба на cannabis sativa може да траат до 600-800 години! Овие пештери докажуваат дека само 10% од канабисот помешан со глина или вар може да трае како градба над 1.500 години...

Влакната од канабисот по сé изгледа имаат подобар квалитет и издржливост од останатите влакна. Дополнително, смолестите и лепливи својства на канабисот веројатно исто така помогнале глината и варта да се сврзат во поцврст сврзувачки материјал.


Влакната од конопот имаат голема издржливост и квалитет, тие ѝ помагаат на глината и варта да се сврзат. Извесни студии од Европа проценуваат дека малтерот од канабис може многу долго да трае и покрај надворешните влијанија и зголемената влажност за време на дождовните сезони во Индија!

Saturday, July 29, 2017

Откриени се златни бонгови од Ариевски цар!

Малку забранета историја! Додека екипа од градежни работници поставуваше енергетски линии во Русија, тие наидоа на едно од најбизарните археолошки откритија - златен бонг од Ариевски цар. Никој не очекуваше дека потребата за проширување на националните енергетски нивоа ќе биде толку интригантна. Неодамна откриените златни бонгови датираат од околу 2.400 година п. н. е., а биле откриени во камена комора скриена под густ слој на глина, веројатно поради тоа што античките команданти се грижеле премногу за своето азно 


Човештвото се цивилизирало со канабисот!
Откако густите остатоци од внатрешноста на бонговите биле тестирани, беше откриено дека тоа се остатоци од изгорен канабис помешан со опиум, за што се претпоставува дека бил пушен од страна на племенските лидери со Скитско потекло. Она што ова откритие го прави да е уште поспецифично е фактот што овие златни бонгови се едни од најстарите археолошки артефакти од овој вид коишто потврдуваат дека човештвото отсекогаш консумирало канабис, па и можеби токму поради користењето канабис ја проширило својата свест. Покрај овие златни бонгови, археолозите исто така откриле златен накит, чинии и други предмети кои потоа биле префрлени во еден руски музеј.


Историчарите сега веруваат дека Скитите комбинирале цветови од канабис со опиум и ја пушеле таа мешавина со помош на бонговите пред да одат во војна. Станува збор за номадско племе чиишто територии константно се проширувале во Европа и Азија во периодот помеѓу IX и IV столетие п. н. е. Веројатно е дека овој ритуал се употребувал како форма на лековита рекреација во времето на мир, но примарната цел била да се инхалира лековитиот развеселувачки чад пред битките со цел да се поткрене духот, т.е. расположението на луѓето кои потоа ќе треба крваво да војуваат. Познатиот грчки историчар Херодот напишал: „СКИТИТЕ КОРИСТЕЛЕ РАСТЕНИЕ ЗА ДА ПРОИЗВЕДАТ ЧАД ШТО НИТУ ЕДЕН ГРК НЕ МОЖЕЛ ДА ГО НАДМИНЕ ШТО ГИ ТЕРАЛО ДА ВИКААТ ГЛАСНО“. Се чини дека нашите предци имале неколку начини за откривање на „чудесните“ билки и печурки коишто им помагале за време на битките, особено за справување со телесните и душевните болки.


Wednesday, July 26, 2017

Заштита од штетникот - белата пеперутка Metcalfa pruinosa

Канабисот е растение кое созрева за 3-4 месеци, е многу издржливо на атмосферските влијанија и ретко го напаѓаат штетници, меѓутоа постојат исклучителни ситуации за кои треба да бидете свесни. Неколкумина од македонските одгледувачи на канабис кои лично ги познаваме, покрај нападите од желки, оваа година се пожалија на напад од штетникот Metcalfa pruinosa (citrus flatid planthopper) кај дел од своите outdoor посеви. Станува збор за едно бело пеперутче кое ги цица стеблата и остава памуци. 

Белата пеперутка Metcalfa pruinosa
Потекнува од Северна Америка, a од неодамна е регистриран и во Јужна Европа и се смета дека истоимениот штетник е дојден на Балканов преку Италија уште изминатата година. Ова може да биде мал предизвик кај оние кои одгледуваат канабис за подготовка на лек, а може да ви ги нападне и другите култури и декоративните цвеќиња. Metcalfa pruinosa e вид на инсект од фамилијата planthoppers, а првпат е опишан од американскиот ентомолог, конхолог и херпетолог Томас Сај (Thomas Say) во 1830 година. 

Не е некој голем штетник, но сепак го успорува растот на билките. Ова е проблем за оние кои одгледуваат на органски начин без хемиска прихрана и без хемиска заштита. Јас на 2-3 дена ги отстранувам бубачките рачно, зашто ако останат го цицаат стеблото и значително го успоруваат растот. Бело е онака и прави како памук, јајца пушта и остава памуци и може да го намали квалитетот и квантитетот на приносот“ - заклучува нашиот соговорник кој сè уште би сакал да остане анонимен. 

Дали вие сте имале проблем со овој конкретен штетник или пак со некаков друг и како се справувате со него/нив? Споделете го вашето искуство со целата заедница 420 Macedonia! Пишете во инбокс на нашата Фејсбук страница www.facebook.com/420macedonia или на нашиот е-mail: 420macedonia@gmail.com.

Monday, July 24, 2017

Со мојот сопруг одиме напред, тумор маркерите се стабилизираат!

55 годишниот П. С. од Скопје успешно го убива својот аденоцарцином на дебелото црево со метастази на црниот дроб со помош на екстракт од канабис од црниот пазар. „Со мојот сопруг одиме напред тумор маркерите се стабилизираат. Денес направивме испитувања и тумор маркерите се нормализираат!“ - истакнува Л. С. од Скопје.


П. С. оздравува благодарение на маслото од канабис!
420 Macedonia: Од што боледувал вашиот сопруг? Каков вид на тумор и кога му е дијагностициран?

Л. С. Мажот ми се оперираше од рак на дебело црево со метастази на црниот дроб пред девет месеци. После операцијата 4 месеци воопшто не примаше хемотерапија. Бевме на природна исхрана и на алтернативна медицина. Но, заради добивање на инвалидска пензија бевме принудени на хемотерапија и тоа после 4 месеци. За среќа после успеав да го набавам маслото и го применувавме заедно со хемото, со што полесно ја поднесуваше таа токсична хемотерапија и почнаа да се намалуваат тумор маркерите. Докторите се чудеа на тоа, оздравувањето им беше сомнително и секогаш ни велеа дека станува збор за тешка болест од која никој не се излекувал до сега. Но, ете благодарение на маслото, а не на хемото мојот сопруг е жив! Тоа е чудо затоа што докторите го сметаа за безнадежен случај. Сега тумор маркерите се од 606 на 22 нормален, CA 19.9 а севкупниот од 296 сега е 9.44, на што докторот вели дека сега постои шанса.


420 Macedonia: Каков начин на живот водеше вашиот сопруг пред дијагнозата? Дали бил изложен на голем стрес?

Л. С. Живееше нормално, како и секој човек. Беше возач, така што не внимаваше многу на исхраната, нешто на брзина сè внесуваше и месо, а знаеше и да се напие не да речам многу, ама ете имавме доста стресни случки. Го носев во болница пред да се случи ова и докторот му велеше: „...ништо не ти е, здрав си“.


420 Macedonia: Како дозна дека е болен?

Л. С. Вака се жалеше на стомачни болки цела година. Го прегледаа на ехо и ни рекоа дека е супер и така започна, но после болките во стомакот се зголемуваа и така тераше можеби 3-5 месеци. После тоа не можеше да отиде по голема нужда. Пробаа со клизма и неможеше така да се направи. Битно потоа со компјутерско снимање и тогаш се виде дека има илеус и почна да повраќа, па итно го однесовме во Скопје и таму го оперираа на дебелото црево и после откако го отворија видоа дека се работи за рак на дебело црево со метастази на црн дроб и така започнаa нашите маки... Покрај илеус се виде дека се работи и за рак на дебело црево и тоа во 4 стадиум. Изваден е поголем дел од дебелото црево и има ќеса наречена анус претер. Илеус е состојба кога не може да оди по голема нужда и имаше застој во цревата и нагони за повраќање.


420 Macedonia: Какво беше неговото првично мислење за канабисот и како дознавте за лековитата моќ на канабисот? Како го дозиравте маслото?

Л. С. Сопругот канабисот го прифати како надеж за живот, откако јас му објаснив за лековитата моќ на канабисот. За канабисот дознав од интернет и од телевизија од емисиите за канабис кои започнаа да се емитуваат по нашите телевизии, а доста научив од вашата страница. Шемата за дозирање еднаш вие ми ја испративте. 


420 Macedonia: Кога се случија првите подобрувања и дали сопругот лесно се навикна на маслото?

Л. С. Го примаме орално заради тоа што е изваден поголем дел од дебелото црево и како што кажав има ќеса поради која не може да зема супозитории. Многу брзо и лесно се навикна на терапијата. Секоja доза многу му ги олеснуваше болките, немаше болки. Имаше само еден ден проливи, а повраќање немаше никогаш и со маслото се чуствуваше одлично.


Резултатите се подобруваат! Хемото е отров! Канабисот е лек!
420 Macedonia: Колку хемотерапии примил сопругот до сега?

Л. С. Инаку јас сум медицинско лице и никогаш не бев поборник на хемотерапијата и сакам да бидам анонимна, поради тоа што од некои луѓе бев тотално разочарана и ме обвинуваат дека наеднаш престанав да го носам на хемотерапија, туку после 4 месеци, како наводно сум сакала да го убијам мојот сопруг, иако докторите ми рекоа за 6 месеци повеќе нема да има, ама тој е сè уште жив! 


420 Macedonia: Колку масло има земено и дали ви беше познат квалитетот на маслото?

Л. С. Во грамови незнам точно да кажам колку има внесено, затоа што дозата постепено ја зголемувавме, поради хемото. Масло земаше три пати на ден. Тумор маркерите беа доста високи, па после земање на канабисот почнаа да се намалуваат и сега да се нормализираат. Во понеделник одиме на контрола, бидејќи минатиот пат нè вратија. Сега резултатите се добри, а и крвната слика е добра и црвените и белите крвни зрнца и хемоглобинот се добри. Што се однесува на квалитетот на маслото, тој што ми го правеше велеше дека е доста добро, па јас му верував нему, бидејќи ми е близок човек. 


420 Macedonia: Како П. С. се чувствува сега?

Л. С. Добро. Може да вози, оди дури сам до продавница со велосипед. Дури сам возеше до Битола и назад, иако прими хемотерапија, благодарение на маслото има волја за живот и ете сега се спремаме за свадба за нашата ќеркичка.


420 Macedonia: Какво е вашето мислење за нашето движење 420 Macedonia и за нашата Нацинална кампања за декриминализација на канабисот во РМ преку интервјуа со јавноста и што ќе им порачаш на читателите?

Л. С. Да, вашата страница е супер и доста ми беше од помош и треба така да се продолжи. Да не се плашиме сите ние луѓето кои се бориме со оваа болест да се сплотиме и јавно да зборуваме за лековитата моќ на канабисот и за нејзино легализирање, а не да се разединуваме. Оти јас знам и доктори што го употребувале за нивно лекување и кои се излекувани ама молчат, а онколозите да се изборат за поинаков пристап кон болните од рак, а не на нив да гледаат само како на бројка. Моментално нив не им е важно дали пациентите ќе бидат живи или ќе се случи најстрашното. 

Saturday, July 22, 2017

Целата моја фамилија има подобро здравје со користење на канабис масло

Драган од Велес е дипломиран информатичар. „Моментално работам како раководител, главен механичар и информатичар. Како раководител сум одговорен за поголема група работници со кои работно, продуктивно и позитивно го минеме поголемиот дел од денот. Во слободното време активно работам како интернет маркетер, аналитичар на социјалните мрежи и канабис ентузијаст. Одговорното користење на канабис никогаш не ми правело проблеми во извршувањето на работните задачи, напротив се трудам да бидам модел на добар работник и со позитивни говори за марихуаната субтилно ги едуцирам оние кои сè уште се скептици за слободна и одговорна употреба на канабисот“ - вели тој.


Работната маса на Драган
420 Macedonia: Канабисот за тебе е...

Д: Канабисот ми нуди сосема поинаква перспектива на работите, ми овозможува да размислувам поинаку за конкретни ситуации. Ме смирува кога се чувтсвувам нервозен, ме радува кога се чувтсвувам тажен и меѓу другото ми помага да заспијам побрзо. Исто така ми помага да уживам во повеќето активности, ми дозволува поинаку да го видам светот, пореално. Некој пат имам тенденција  да претерам со анализирањата и негативно да размислувам за себе, канабисот ми дозволува да го надминам целиот тој стрес, да разберам зошто не треба да се чувствувам така и ми ја обновува енергијата.


420 Macedonia: Кога прв пат проба канабис? Опиши го твојот прв HIGH! :)


Д: Прв пат пробав канабис во средно. Другарите мои ве'е сите имаа пробано и за мене тоа беше премногу кул. После наставата отидовме во паркот и покрај Вардар прв пат потегнав од таа чудна цигара. Си мислев кој знае што ќе ми се случи, дека ќе почнат да ми се матат боите, дека ќе почнам да слушам чудни звуци... но, ништо од тоа не бидна. Збунет, но задоволен од новото искуство отидов дома, се затворив во собата, пуштив музика и се препуштив на задоволството. Но, дефинитивно не бев напушен, можеби не сум повлекувал правилно, хехехехе.
Мој совет за оние кои што прв пат пробуваат марихуана, дали рекреативно или од медицински причини, е да се едуцираат пред време за тоа искуство. Да бидат во пријатна и опуштена атмосфера, лесна музика и без негативни мисли. Не е ништо страшно, но сепак имајте на ум дека марихуаната е девојка и лесно може да ви го сврти умот. :)


420 Macedonia: Која е твојата омилена врста/врсти?

Д: Мојата омилена врста, хммм. Може да кажам сите врсти? Хехехе. Порано (околу 1999/2000 година) не ни знаев дека постојат различни врсти на марихуана. Имаше трева со гранки и семки, добивавме повеќе гранчиња и семчиња отколку цвет. И бевме задоволни, презадоволни. Тревата беше најчесто со слаб квалитет, за разлика од сега.
Но, од кога почнав подетално да се едуцирам за канабисот и да имам пристап до квалитетни врсти,  Amnezia Haze ми е фаворит. На второ место Lemon Haze, го обожавам радлер вкусот.


420 Macedonia: Индика, сатива или хибрид?

Д: Повеќето едуцирани љубители на канабисот ја знаат разликата помеѓу Индика, Сатива и Хибрид.
Цветовите на индиката се густи и збиени, стеблото е грмушкасто и листовите се дебели, ефектот е „телесен хај“ (couch lock effect), додека кај сативата, цветовите се поретки, стеблото е издолжено и листовите се тенки. Дејството е енергично и стимулативно.
Хибридот е микс помеѓу индика и сатива.
Лично јас користам индика и сатива за различни пригоди.
Индика за редуцирање на стресот, после долгиот напоред работен ден и инсомнија, а сативазапрошетка низ природа, за социјални евенти и слично.


420 Macedonia: Колку често консумираш канабис?

Од градината на Драган - Microgrow Lemon Haze
Д: Релативно е тоа колку често користам канабис. Имам пушено и по десетици џоинти дневно со друштво, а имам и на 2-3 месеци пробано и по еден дим. Со текот на годините се научив да ги ползувам максимално бенефициите на канабисот и го користам само кога мислам дека ми треба. Најчесто после работа, за време на концерти, на седенки со пријатели итн. 


420 Macedonia: Кој е твојот омилен начин за консумирање канабис и во кој период од денот? Дали имаш посебно место наменето за ова уживање?

Д: Омилен начин...хмммм. Ја сакам церемонијата на мотање џоинт. Едноставно е и брзо. Исто така џоинтот е правото нешто за социјализација. На сите ни е познат терминот „Фани два дима и подај.“ :)
Обожувам и бонг и вапорајзер, но нив ги користам само кога немам ризли или тутун.
Најчесто пушам навечер, а омилено место ми е било каде покрај езеро или река.  


420 Macedonia: Џоинт, бонг или вапоризирање?

Д: Ова е нај филозовското прашање поврзано со конзумирањето на марихуаната. Овие три начини се сите различни и си имаат свои следбеници. :)
Лично јас преферирам џоинт, но и бонг. Мислам дека ништо не може да те „удри“ повеќе од добар бонг.
Вапоризирањето е повеќе за медицински потреби и за оние коишто не можат да го поднесат димот од џоинтот. Со вапоризација може да ја подесеш температурата со цел да ги искористиш максимално медицинските бенефиции од канабисот.
Без разлика како ќе го конзумираш канабисот, лековитите својства се неизбежни.


420 Macedonia: Дали си пробал DABs?

Уште некое цвеќенце на Драган
Д: За жал не. Сакам да пробам, се надевам есеноска кога ќе ме однесе патот накај државите каде што е легален канабисот.


420 Macedonia: Дали твоето психофизичко здравје се подобри откако започна редовно да консумираш канабис?

Д: Можам да го наведам стресот на работните места и динамичниот живот, којшто максимално го редуцирам со употреба на канабис. Честите акутни болки на зглобовите од замор исто така успешно ги третирам со уље од канабис.


420 Macedonia: Дали имаш излечено или спречено некакво заболување или здравствена состојба со помош на канабис?

Д: Да, мајка ми, пати од гонартроза, артроза на колената. Имаше максимална болка во колената којашто не минуваше ни со лекарства, ни со скапи физикални терапии. По само една недела од користење на канабис CBD уље,  жената почна да оди без помагала. Болките и престанаа и сега може да трча побрзо од мене. Во секој момент кај мене дома има уље со висок процент на CBD канабиноиди. Кој го користиме за смирување, за дијабетес, за регулирање на крвен притисок или едноставно за сè помага. 


420 Macedonia: Дали познаваш лично некој што успеал да го подобри своето здравје со помош на марихуана?

Д: Да, целата моја фамилија има подобро здравје со користење на канабис маслото.


420 Macedonia: Дали го користиш канабисот во исхраната и како?

Д: Додека некои се запознаени само со пушенето на канабис, други го користат и во исхраната... Кога ќе се легализира марихуаната во Македонија, јас би работел како одгледувач и готвач со канабис, хехехехехе.
Готвењето со канабис може да биде и малку комплицирано. Потребно е по малку да се експериментира во кујната, да се пробаат различни методи и најбитно од сè e да се внимава на потребната температура, бидејќи активната состојка THC испарува на одредена температура и со тоа може да ни пропадне нашиот оброк (т.е. да се намали неговата лековита вредност). :(
Некои сигурно ќе се запрашаат како да користиме марихуана во исхраната кога сè уште не е легална? Хмммм, засадете и бидете тивки... :)
Колкава доза е потребно за да се готви со канабис? Е на ова прашање треба многу да се внимава, бидејќи храната со канабис е многу потентна, затоа ве советувам да почнете со помали количини.
Јадења со канабис им приготвувам на моите пријатели, кои ја користат секоја прилика да ги пробаат моите специјалитети.


420 Macedonia: Кое е највкусното јадење што си го приготвил со канабис. Сподели го со нас рецептот!

Д: Мое омилено и најбрзо се приготвуваат „Firecrakers“ или колачиња со марихуана како што ги викаат моите пријатели.

Koj нема пробано Firecrackers, а е уживател на марихуаната нека го направи тоа уште денеска.
Firecracker е колач направен од марихуана, путер и бисквити. Јас си правам често и сум многу задоволен од дејството.
Кога е дигестирана марихуаната, има многу подруги ефекти, отколку кога е испушена и самиот хај е различен.
Ефектот го сеќавам после 1-2 часа, после 2 часа сум на посакуваното ниво.  Значи да не се прејадеш колачи, бидејќи ќе се мрднеш, буквално. Дејството трае од 6 до 8 часа и повеќе, зависно од квалитетот на марихуаната.
Треба да се користат органски масти кои ги има во путерот и во некој маргарини. Марихуаната се разложува само во маснотии. Најдобро е да се користи високо мастен путер, високо мастен маргарин или крем Нутела кој изобилува со органски масти и има убав вкус. Јас последен пат правев колачи со Нутела крем.

Колачите на Драган
1. Јас употребувам Бамби/Плазма бисквити или диетални суви колачи, ги купувам од маркет за здрава храна, а можете и да употребите и оризни плочки. Ги мачкам бисквитите од едната страна со Нутела или маргарин и ставам наслага од ситно исецкана марихуана. Дозата ми е 0.8 грам за колаче од високо квалитетна марихуана. За неискусни направете со помала количина на марихуана 0,25г – 0,50г. бидејќи, ќе напоменам повторно, ефектот може да биде многу јак, за разлика од испушен џоинт.

2. Ги поклопувате бисквитите и благо притискате за да се распореди кремот рамномерно, кремот што ќе излезе надвор од бисквитите намачкајте го по краевите или одстранете го. Потоа замотајте го колачот со алуминиумска фолија во два или повеќе наслаги.  

3. Најважно: Ставете го да се пече во предходно загреана релна на 150 степени и оставете го да се растопи кремот и да се спои со ТХЦ, активната состојка. Оставете го да стои точно 22 минути, пак ќе напоменам на температуа не поголема од 150-160 степени / 22 минути.
За точно време јас користам штоперица. Оставете да се излади 10-20 минути, што би рекол јас, да легне ганџата.
5. = Профит

Резиме:
1. Крем Нутела или било кој високо мастен органски путер или маргарин. Алуминиумска фолија.
2. 1 грам квалитетна марихуана, за почетници 0,25г – 0.5г.
3. Предходно загреана релна на 150-160 степени и оставете да се пече не повеќе од 22 минути.
4. Во кујната нема да се сети миризба на марихуана. Нема потреба од паника. Проверено.


Уште некое колаче :P
Ако го загревате на повисока температура од 160 степени, ТХЦ, активната состојка која ни треба ќе испари и нема да го добиеме посакуваниот ефект. Исто ако се загрева на ниска температура, марихуаната (ТХЦ-то) нема да се разложи и пак, нема да имаме ефект. 
Значи 150 степени, 22 минути.

Неколку пати напоменувам за времето и температурата, бидејќи тоа е единствениот начин да се згреши рецептот.
Совет: Чекајте 2 и повеќе часа пред да изедете уште еден колач. Ефектот е јак, ако претерате нема да знаете кај ви е главата. Искусните уживатели, им советувам после 1 час да запалат мал џоинт за ефектот да биде по интензивен.   Ефектот е многу добар и „спуштањето“ од дејството е многу подобро отколку испушен џоинт + ова е добро за оние на кои им смета димот од марихуана.

Досегашно искуство, можам да кажам дека овој рецепт му давам оценка 8.5/10. Нема да се разочарате.


Bon Appetite



420 Macedonia: Спореди ја марихуаната во Македонија со марихуаната во земјите коиштоги имаш посетено. 

Д: Пред 10-15 години да најдеш квалитетна марихуана во Македонија беше реткост. Читав на интернет порано дека марихуаната во Амстердам била пет пати појака отколку на другите места. Но, последниве 6-7 години, тврдам дека ја имаме најјаката марихуана во Европа.  Не најдобрата, туку најјаката. Во Холандија, можеш да си купиш каква сакаш марихуана, слаба, јака, ваква, таква, а кај нас добиваш непознато нешто. Тоа е разликата. 


420 Macedonia: Раскажи ни некаква интересна случка од coffee shop!

Д: Хммм, кога отидов прв пат во Амстердам, да бидам искрен ми беше страв да запалам џоинт. Ме маваа паранои да не ми се сврти, да не паднам, да не се онесвестам, оти сите мои другари кои биле таму, буквално се онесвестувале... И така со страв го запалив првиот џоинт. Се чувствував како прв пат да пушам марихуана. По неколку испушени џоинти се чувствував перфектно. Дури да не речам и не бев под дејство какво што очекував. Изедов десетици колачи, пушевме од секоја врста канабис и хашиш што можевме да ја купиме и сè уште не бев толку многу надуван како што мислев дека ке бидам. Едноставно беше прекрасно. :)


Шака преполна здравје - домашно!
420 Macedonia: Дали повеќе преферираш indoor или outdoor одгледување на канабис и зошто?

Д: Јас повеќе преферирам Indoor одгледување, бидејќи можам да го контролирам производот, да манипулирам со растот, едноставно, да комуницирам со растението. Тоа ми е хоби, обожавам Micro Grow. 


420 Macedonia: Како според тебе треба да биде регулиран канабисот кај нас и во светот?

Д: Кај нас кога купуваме уље или цветови од канабис, најчесто купуваме од улица и не знаеме што ќе добиеме. Уште по страшно, уљето го купуваме по високи цени од улични дилери и не знаеме со што е мешано, ниту дали воопшто има марихуана во него.  
Со регулирана продажба, потрошувачот ќе знае што купува и како е произведено истото. Со самото купување на маријуаната или нејзино одгледување, ќе ја заштитиме природата и самите нас, отколку да ги богатиме матните улични дилери и најбитно од сè, нема да живееме во страв дека ке бидеме уапсени и осудени.


420 Macedonia: Што мислиш за нашето граѓанско движење 420 Macedonia и за Националната кампања за декриминализација на канабидот во Македонија, којашто ја започнавме со цел на секој засегнат поединец во нашава земја да му дадеме можност да го искаже своето мислење на оваа тема преку интервјуа?

Д: Голема поддршка од мене, како поединец и уживател на канабисот. Секоја чест на основачите на ова движење. Активно ви ја следам кампањата уште од првиот ден и можам да кажам дека допринесовте максимално да се крене свеста кај населението околу употребата на оваа билка. Многу луѓе поради Вас јавно се осмелија да говорат за канабисот.
Продолжете со добрата работа и останете безбедни. 


420 Macedonia: Што ќе ги советуваш сите љубители, корисници и поддржувачи на кабисот во Република Македонија?

Д: Што можам да ги советувам, а што веќе не е кажано? 
Едуцирајте се повеќе за марихуаната. Колку повеќе знаете за неа, толку повеќе ќе ја засакате. Гледајте документарци, филмови и слушајте музика поврзана со марихуаната.
Пренесете го вашето знаење на сите околу вас. Колку повеќе знаат другите за марихуаната, подобро е за сите нас.


420 Macedonia: Нешто да додадеш или да одземеш? :)

Д: Можам да ви подадам ако сакате да фатите два дима, хахахахаха! Ве сакам!

Friday, July 21, 2017

Како правилно да се ѓубрат и наводнуваат билките?

Ни премногу, ни премалку вода!
Прашавме искусен македонски одгледувач за тоа како правилно да се ѓубрат билките, како надополнување на тоа која прихрана според него е најдобра, најлесно достапна и најевтина кај нас, тој додаде: „и еднаш оди ѓубрењето, а вториот пат вода и така наизменично да не го прегноиш тоа. Да ти кажам зашто е тоа така, затоа што водата го испира коренот и ја бутка храната од земјата во долниот дел од почвата, таму каде што се корењата, па затоа се препорачува така да се ѓубри - НАИЗМЕНИЧНО - еден ден ѓубриво, еден само вода“ - вели тој.


Најдобро е да се наводнува кога земјата во саксијата ќе биде веќе речиси сува, немојте да ги удавите билките, канабисот не е водно растение, канабисот не е алга. „На пример 25 мл на 2л вода, а следниот пат само два литра вода во зависност од температура. Ако е претопло, на пример од 34 степени Целзиусови и нагоре, можеш секој ден да им ставаш вода, а ако атмосферската температура е пониска, тогаш на два дена ставаш ѓубре, па после два дена вода и така, по овој циклус“ - додава нашиот пријател.

Рецепт за домашна прихрана: берете 300 грама коприва, земате големо 6 литарско пластично шише од минерална вода, го полните и оставате да искисне копривата некаде 7-10 дена под сенка. Капакот се пробушува за да има дупки, за смесата да може да дише и за да може полесно да ферментира. После 7-миот ден имаме готова домашна органска прихрана, идеална за до 10 август за аутдор, додека сè уште билките се во фазата на вегетација. Смесата се меша со вода во сооднос од 1 спрема 4 (на литар ѓубриво се става 4 литра вода).

Thursday, July 20, 2017

Малку забранета историја: Божиците на канабисот

Дали знаевте дека и древните Египќани имале своја Божица на канабисот?

Божицата на канабисот во Древен Египет
Старите Египќани со сигурност може да се каже дека го употребувале Божјото растение за лечење на хемороиди и други болести, за убавите и целосна благосостојба, за што има и бројни докази по саркофазите во гробниците на фараоните, во пирамидите. Имено во еден текст од II век пред нашата ера има докази дека марихуаната се сметала како лек против рак.

Сешат (Seshat) е претскажана како божица на мудроста, знаењето и пишувањето. Заштитничка на повеќе науки: астрономијата, математиката, градежништвото астрологијата. Во древните магични текстови таа исто така се опишува како лик кој ги „отвора небесните врати“ за секој кој трага по знаење.

Oсвен Сешат постои и друга божица поврзана со употребата на ова Свето растение Норвешката паганска божица на љубовта - Фреја (Freya). Таа исто така се поврзува со употребата на канабисот уште од дамнешни времиња.

Канабисот се користел во сите култури низ историјата, како за лекување, така и за спиритуални цели, но и за време на некои религиозни ритуали и обреди. Поради тоа постојат и други Божества коишто ја слават моќта на најлековитото растение на планетава.



Божицата Фреја

Основна прихрана на вашите канабис билки

Ги има и кај нас!
Плантела ЛИСТ (шише со зелена боја) и Плантела ЦВЕТ (шише со црвена боја). Ги има кај нас во слободна продажба во поголемите маркети, како што се на пример Меркур и Бриколаж. 


Сега црвената амбалажа е кафена. Цената на шише од литар од овие прихрани е по околу 150 денари, а се продавале и по 220 денари како комплет. 

Прво се става од зелената прихрата - таа е за вегетација - до некаде 10 август. Потоа се става од црвената прихрана - таа е за цветање.

Ова се советчиња од еден пријател одгледувач. Па кај нас исто така има добра и евтина квалитетна земја Florobella и Potground H. Во Македонија освен ова, нема друго добро готово ѓубриво. 

Тие се доволни и за првиот месец не треба ѓубре, прибидејќи има во нив доволно за билка од 1 месец да не мора да се ѓубри.

Епа, тие се од германски производител и се pH идеални 5,5 до 6,5. Еве ова го има кај нас и само ова вреди. Во другите земјишта заостанува растението и не е квалитетно растењето, а со тоа слаб е и приносот. Сега веќе е доцна за садење аутдор. 

Нема ни месец за вегетација и само аутоматик сега му е мајката и денес некој да засади - нема да има време да му се развие билчето (од 20 август до 15-ти почнува цветањето, а тоа е помалку од месец од 10-ти до 15-ти). 

Индор можете да садите во текот на целата година :)

Некои пак велат дека NPK - Азот (N), фосфор (P) и калиум (K) е сè што ни е потребно!

* Внимавајте и како наводнувате - не премногу вода - канабисот не е водно растение ;)


Wednesday, July 19, 2017

Од што се состоела првата продажба преку Интернет во Светов?

Секојдневно сите купуваме најзралични работи од интернет и сигурно и вам ви се случило да купите нешто од интернет, сепак дали сте се запрашале „Која е првата продадена и купена работа на интернет“?

Во почетоците на 70-тите години на минатиот век група студенти за да си купат трева го употребиле сајтот ARPANET.

Првата е-продажба се состоела од ТРЕВА! :)
Новото видео направено од софтверската компанија за е-трговија Shopify, објаснува за овој дел од историјата на интернетот со цел да ја пронајде првата официјална трансакција за е-трговија. Патеката започнува на ARPANET, со договор за комбинација за да си купат трева од 1971 година помеѓу студентите по компјутерски науки од Стенфорд и МИТ.  

Сè уште не се знае колкава количина им била доставена на студентите од елитниот и престижен универзитет. Експертите сметаат дека овој пример не треба да се зема предвид поради тоа што студентите интернетот го употребиле само за да договорат време и место за средбата за нивниот „ДИЛ“, т.е. парите не биле разменети онлајн.

Втората, односно првата вистинска е-продажба и трансакција не се случила сè до 1994 година до пронаоѓањето на интернетот каков што ни е познат денес. Овој вид на онлајн продажба исто така е поврзан со канабис културата. Кога ќе ни се пријаде под дејство на канабиноидите (MUNCHIES) прво нешто што се нарачува преку Интернет е токму пицата :) 

Иако Pizza Hut често добива пофалби за првата регистрирана е-продажба (оваа компанија започна да продава пици онлајн на крајот од август 1994 година), сепак вистинската пофалба ја заслужува Дан Кохн (Dan Kohn), 21-годишен претприемач кој води веб-страница со седиште во Њу Хемпшир наречена NetMarket.

П.С. Предлог зачин за пица - наместо оригано - исушен издробен КАНАБИС! ;)
С. Г.

Tuesday, July 18, 2017

Студентка од земјоделски сака секој земјоделец легално да може да одгледува коноп во Република Македонија

ДЕКРИМИНАЛИЗИРАЈ!!! Рекреативна употреба = Превентивна употреба

С. Г. сака конопот легално да се сади!
С. Г. е дваесет  годишна здрава, убава, паметна, среќна и преамбициозна млада жена од Скопје, студентка на државниот факултет за земјоделски науки и храна, при крајот на нејзините студии на смерот Фитомедицина. С. Г. сака во Македонија да се престане со увезувањето на земјоделски производи и сака секој земјоделец да може да одгледува коноп и канабис, покрај останатите култури. Во слободно време таа е екологист, активна е во акциите за чистење на нашата држава, доста е физички активна и често планинари. С. Г. собира секакви тревки, има свој личен хербариум, го едуцира друштвото за растенијата преку прошетки во природа, а исто така одгледува своја бавчичка, т.е. органска градина во своите викендички. На Македонија ѝ требаат многу повеќе вакви храбри и здрави млади умови, кои имаат толку позитивен потенцијал во себе, што секој дел од своето време го трошат на подобрување на животната средина, на олеснување и усовршување на животот на сожителите, на помагање... Токму затоа на Македонија ѝ треба целосна декриминализација на канабисот, за македонската младина да сака да остане да живее тука! 


420 Macedonia: Што за тебе претставува канабисот?

С. Г. Канабисот за мене претставува растение на животот, кое може да се користи за многу работи: лек, храна, козметика, текстил итн... Многу друштво имам запознаено поради ова растение. Канабисот е дар од природата за луѓето и во никој случај не треба да се смета за дрога.


420 Macedonia: Какво е мислењето на професорите од нашиот земјоделски факултет за канабисот? Дали си пробувала да разговараш за канабисот со нив? Дали го поддржуваат целосното ослободување на канабисот?

С. Г. Па во глобала ретко зборауваат на оваа тема, одбегнуваат. За конопот неколку пати имаме зборувано, за неговиот хемизам и физиологија, додека пак, за целосно ослободување на канабисот немаме зборувано.


420 Macedonia: Како иден експерт во земјоделството дали сметаш дека Македонија има соодветно поднебје и почва за одгледување коноп/канабис?

С. Г. Секако дека нашата држава има соодветно поднебје за одгледување коноп и канабис! Имаме дури 280 сончеви денови во текот на годината, ако малце повеќе ја истражите нашата држава ќе видите дека насекаде има диворастечки коноп, впрочем имаме и село чие име очигледно е дека е добиено од диворастечкиот коноп - Селото Конопиште!!! Ако не верувате – прошетајте и ќе се уверите :)


420 Macedonia: Како познавач на растенијата какво е твоето мислење за ГМО марихуаната?

С. Г. Иако во некои земји е забрането ГМО тоа секаде го има... Без него нема да може да се нахрани целата светска популација. Гигантската фирма „Монсанто“ која е позната по производството на ГМО семиња веќе подолг период работи на генетски модифицираната марихуана која наводно ќе го зголеми количеството на ТХЦ.


420 Macedonia: Какво е твоето лично искуство со канабисот? Кога прв пат ја проба оваа лековита билка и на каков начин?

С. Г. Прва година средно и тоа пробав во блант. Ми беше одлично и дури денес сè уште се дружам со таа екипа, одлична е фини прекрасни луѓе, пред сè интелектуалци и често се дружиме на по „еден“ блант.


420 Macedonia: Колку често консумираш канабис и како? Која е твојата омилена врста? Кој начин на консумирање канабис го преферираш? Кое е твоето омилено време за консумирање?

С. Г. Конзумирам неколку пати неделно секогаш во друштво. Канабисот за мене е нешто што ги зближува луѓето, па дури и тотално непознатите. Имам пробано неколку пати сама, но сепак кога ќе помине некој дечко/девојка што не го/ја познавам и ќе им понудам. Секој период од денот ми е омилен за канабис. Омилена врста немам сè додека е некое добро - природно и не е прскана. Сакам малце повеќе да експериментирам, па пробувам од бонгови, преку овошје, наргиле, луле. Имам направено една голема листа „101 ways to smoke weed“ и стигнав до 42 начини. Кога ќе стигнам до 101 ќе ја споделам со вас таа листа. Пробајте и вие, ви препорачувам!


420 Macedonia: За што тебе ти помага канабисот и дали имаш излечено или спречено некакво заболување или здравствена состојба?

С. Г. Секако, ми го подобрува пред менструалниот синдром (ПМС) и расположението. Имав анксизност која повеќе ја немам, болки во мускулите кои ги имам бидејќи често пешачам со саати. Јас немам посетено доктор веќе 3 години, бев пред некој месец да си проверам крв и бев шокирана за резултатите - сè ми е во доволен број - што порано, кога не консумирав канабис не беше така. Исто така и сум крводарител, сакам да спасувам животи и ги охрабрувам сите да го сторат тоа!


Друштвениот вкусен момент :P
420 Macedonia: Канабисот е и храна и лек воедно, билка и зеленчук воедно. Дали знаеш некакви рецепти за подготовка на здрави прехранбени продукти од канабис?

С. Г. Коноповото семе  е одлично за ужина. Се користи на многу начини како прелив за салата, додаток во ручекот (наместо сол која е многу штетна за нашиот организам особено во прекумерни количини), може и да се прави: сладолед, колачи, чоколади... Јас ви препорачувам млеко од коноп и леб од коноп!


Млеко од коноп

Потребни состојки: 
* 1 чаша конопови семки (може да ги најдете во пет-шоп, продавница за здрава исхрана, меѓутоа да знаете семките се стерилни, но ако имате среќа и од нив може да ви никне нешто);
* 4 чаши природна минерална вода;
* 1 ванила стапче\ 1 цимет.

Начин на подготовка: Целата оваа смеса ја ставате во блендер и исфилтрирајте со газа, додадете засладувач (стевиа,к афеав шеќер, мед), по желба се додава некое шумско овошје. Доколку коноповите семки се со лушпа оставете да покиснат 8-12 часа (ја исцедувате водата во која се натопени семките). Потоа млекото можете да го додадете во вашето кафе, смуди. Ова е одличен извор на протеини кој ќе го убие гладот за подолго време.


Вака полесно се завршува факс! ;)
Леб од коноп

Потребни состојки:
* 900 грама брашно;
* 75 грама брашно од коноп;
* 75 грама лупени семки од коноп;
* 550 мл вода;
* 25 грама квасец;
* 20 грама сол;
* 10 грама путер.

Начин на подготовка: Брашната се ставаат во длабок сад и се мешаат сè додека не се соединат, потоа се додаваат и останатите продукти, а водата постепено се додава додека го замесувате тестото. Се остава 15-20 минути тестото да искисне (за тоа време пафнете си еден) и се пече околу 20 минути на 230 степени.


420 Macedonia: Дали сметаш дека одгледувањето коноп/канабис може да го подобри квалитетот на почвата за другите култури и дали може да ни ја подобри живостната средина?

С. Г. Република Македонија е бoгaтa сo aлувијaлни пoчви, бoгaти сo мoшне хрaнливи мaтерии и зaтoa се пoгoдни зa одгледувaње на рaзни земјoделски култури, меѓу кoи и кoнoпoт. Нo сепaк, пoрaди нерaциoнaлнoтo кoристње нa пoчвите и уништувaњетo нa целaтa вегетaцијa вo нaшaтa земјa, чест е случaјoт тие дa oсирoмaшaт или дa бидaт ерoдирaни. И недoвoлнaтa грижa зa пoчвaтa и вoдaтa, дoведувa дo нивнo зaгaдувaње сo штo тие не смеaт дa се кoристaт зa нaвoднувaње или зa сaдење, а познато е дека конопот е култура којашто не само што го прочистува воздухот подобро од шумите, конопот исто така ја прочистува земјата, дури и од штетното дејство на радијацијата. Затоа во Фукушима масовно треба да се сади коноп, но не само таму, конопот треба слободно да си расте насекаде низ светов!


420 Macedonia: Ова интервју е дел од Националната кампања за декриминализација на најлековитата билка на планетава во Македонија, преку која сакаме на секој да му дадеме можност да го искаже своето мислење, затоа што сметаме дека сечие мислење е важно. Што мислиш за граѓанското движење 420 Macedonia и за оваа кампања?

С. Г. ужива после активниот напоредн ден ^_^
С. Г. Одлично е сè што правите бидејќи вие го освестувате народот! Јас ве следам уште кога имавте 200 лајкови (случајно ве открив сама побарав 420 Македонија) бев шокирана кога видов дека во Македонија има ваква страна и премногу се израдував и измотивирав уште повеќе да ви се приклучам! Го охрабрувам секој да направи сè што може за ослободување на конопот, а сите кои немаат време нека стават лајкче на вашата страница на фејсбук, нека поканат пријатели да стават лајк и секојдневно нека се едуцираат и споделуваат информативно-едукативните објави што ги постирате! Секој што ја игнорира забраната на конопот е соучесник на таа забрана која секојдневно убива невини души, а самиот коноп до сега никого не убил!


420 Macedonia: Која е твојата порака до сите љубители, уживатели и поддржувачи на канабисот?

С. Г. Тој што не знае доволно за ова растение – Научи го!
Тој што има здравствени проблеми и депресија – Излечи го!
Тој што знае и ужива во ова растение – Дружи се со него!
Тој што вика дека канабисот е дрога и не лечи болести – Освести го и бегај од него!!!

Од хербариумот на С.Г. :)
С.Г. на сите ни препорачува да го погледнеме д-р Масару Емото:

Што претставува познатиот код 420?

420 денес означува глобално движење за ослободување на канабисот, но од каде доаѓа овој симбол?

Постојат повеќе теории за потеклото на овој симбол и за тоа на кој начин истиот е поврзан со марихуаната.

Покрај тоа што на 20 април (4/20) се празнува светскиот (интернационален) ден на канабисот проследен со протести за ослободување на најлековитото растение на планетава, постои еден клучен факт што се смета дека е најточен за настанокот на шифрата „4:20“. 

Во почетоците на 70-тите години од минатиот век група од пет средошколци од средното училиште Сан Рафаел во Калифорнија започнуваат да ја употребуваат оваа фраза за која не ни насетувале дека ќе стане толку позната. 

Steve Capper, Dave Reddix, Jeffrey Noel, Larry Schwartz и Mark Gravich се имињата на петте основачи на движењето 4:20. Имено во 1971 година тие додека шетале низ ходниците викале „420 Louis“ (ФОРТВЕНТИ ЛУИС) - што значело се чекаме после часови со џоинт пред статуата на Луј Пастер (Louis Pasteur).

С.Г.

Monday, July 17, 2017

Редовните мали дози THC може да ја вратат меморијата!

Неодамнешна научна студија откри дека активната состојка во канабисот, т.е. психоактивниот канабиноид Тетрахидроканабинол THC ја враќа меморијата кај постарите глувци. Ова е добро познат факт кај сите долгогодишни корисници на марихуана. Оставете ги глувците на раат! Доста ги малтретирате невините животинки со цел да ни докажете нешто кое сите веќе одамна го знаеме! Одамна е време канабисот да се тестира на луѓе, затоа што сите имаме ендоканабиноиден систем и лековите наменети за луѓе, треба да бидат тестирани на луѓе, а не на животни

Марихуаната го заштитува мозокот!
Студијата објавена во зборникот Nature Medicine беше спроведена од страна на германски научници. Во период од еден месец, на една мониторирана група на глувци на различна возраст, континуирано им беа давани ниски дози на тетрахидроканабинол (THC). Контролната група глувци била лекувана со плацебо. Научниците ги тестирале когнитивните способности како помнењето и способностите за учење кај глувците. 

Нормално со текот на возраста се очекува меморијата и способноста за учење да опаѓаат, но оваа студија покажува дека употребата на мали дози ТХЦ има обратно дејство кај овој природен процес. По 28 дена од третманот со THC, кај постарите глувци е регистирирано подобрување на меморијата и способноста за учење како кај младите здрави глувци. Тие просто станале попаметни и нивните когнитивни способности можеле да се споредат со оние кај помладите здрави глувци од контролната група. 

Научниците исто така ги испитале мозоците на сите тестирани глувци на крајот од студијата. Тие биле најмногу заинтересирани за нивните хипокампуси - делот од мозокот одговорен за помнењето. Кога тие ги споредиле синапсите и нервните конекции, како и нивоата на генетска експресија во хипокампусот, тие откриле дека мозоците на постарите глувци на кои им било администрирано ТХЦ физички исто така се промениле. Тие изгледале како мозоците на помладите здрави глувци кои не земале ТХЦ. 

Балансот помеѓу одредените стохастички процеси на стареењето и спротивставените хомеостатски механизми во голема мера ја одредуваат прогресијата на стареењето. Постојат значителни докази што укажуваат дека ендоканабиноидниот систем (ECS) е дел од вториот систем, бидејќи тој ги модулира физиолошките процеси коишто лежат во основата на стареењето. Активноста на ендоканабиноидниот систем исто така се намалува со текот на времето, затоа што експресијата на CB1 рецепторот и спојувањето со G-протеините се намалени во ткивата од мозокот кај постарите животни и нивоата на главните ендоканабиноиди 2-arachidonoylglycerol (2-AG) се помали. Заклучок = со редовна употреба на канабис го спречуваме процесот на стареење не само на мозокот, туку на сите ткива и органи!

Sunday, July 16, 2017

За пронаоѓачот на магичните колачи со марихуана! :P

Brownie Mary Jane Rathbun
„Брауни“ (Brownie - колаче со марихуана) Мери Џејн Ратбун (Mary Jane Rathbun), позната како Брауни Мери е пронаоѓач на марихуана колачите. 


За време на 1980-тите Мери Џејн нелегално печеше над 4.000 браунис неделно за пациентите со канцер и СИДА во Калифорнија, како волонтер во општата болница во Сан Франциско. Покрај бројните апсења, таа остана активен застапник на марихуаната до нејзиниот последен ден на овој свет.

Заедно со активистот Денис Перон (Dennis Peron), Ратбун лобираше за легализација на канабисот за медицинска употреба и таа помогна да се надмине Забраната во Сан Франциско (1991) и Забраната во Калифорнија 215 (1996) за да ги постигнат тие цели. Таа исто така, придонесе за основање на Сан Франциско канабис купувачиот клуб, првата медицинска продавница (dispensary) за канабис во САД.


Замрзнувањето е задолжително кога алкохолот се користи како растворувач

Еве едноставен совет за подобрување на квалитетот на домашниот екстракт од канабис - подобрување на бојата и вкусот, т.е. намалување на количеството на хлорофил во екстрактот 

Со замрзнувањето на почетниот цветен материјал и растворувачот (алкохолот, на пр. изопропил од 96% па нагоре) за околу 6-8 часа, а потоа брзо миење од 2-3 минути на почетниот материјал со алкохолот, лесно се отстрануваат трихомните жлезди и откако листестиот материјал е замрзнат, многу од хлорофилот не преминува во маслото... На овој начин не само што се намалува горчината на маслото (горчливиот вкус), туку конечното масло нема да биде темно зеленкасто, туку ќе биде златно-килибарно. Кога ќе се заврши со постапката на подготовка на маслото, серијата ќе биде 90%+ во зависност од врстата/врстите и финалната декарбоксилација... Хлорофилот не се смета за нешто лошо, но за пациентите со канцер и други сериозни хронични заболувања, потребно ви е масло коешто е најмоќно во поглед на THC и со што е можно помачку додатни непотребни примеси.

Теглата од лево е по брзото замрзнато перење, теглата од десно не

Friday, July 14, 2017

Марихуаната е лек за секого! Секое суштество со ECS има потреба од канабиноиди

Марихуаната е лек за секого. Не само за хипиците, како што пропагандата за забрана на конопот базирана на лаги сакаше да верувате. Колку побрзо ќе ги надминете вашите ментални блокови и ќе почнете да го користите канабисот како лек (а секоја употреба е медицинска), толку побрзо ќе разберете дека поголемиот дел од она што медицинскиот систем ви го кажува е чиста бесмислица. И колку порано ќе почнете да внесувате канабиноиди, толку повеќе ги спречувате болестите да го нападнат вашиот систем. Не верувајте на сопствените очи. Не верувајте на сопствените уши. Не ја збогатувајте фарМАФИЈАТА, којашто до вчера ве лажеше дека конопот е опасна дрога! Самостојно подгответе си мала експериментална количина екстракт од канабис и уверете се на сопствена КОЖА! Нула смртни случаи до сега, а безброј оздравени, па зашто да не испробате сами? ;)

Ендоканабиноидниот систем (Endocannabinoid system - ECS) се состои од ЦБ рецептори, ендоканабиноиди и ензими кои се вклучени во нивната биосинтеза и деградација и тој е присутен и во мозокот и периферните ткива, вклучувајќи го и црниот дроб. Хепаталниот ЕЦС (hepatic ECS) се активира кај различни заболувања на црниот дроб и придонесува до основните патологии.“ https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/21254182

„Ендоканабиноидниот систем е во голема мера надрегулиран за време на хроничните заболувања на црниот дроб и конзистентните експериментални и клинички наоди покажуваат дека тој игра улога во патогенезата на фиброзата на црниот дроб и заболувањето на масното ткиво на црниот дроб поврзано со дебелина, злоупотреба на алкохол и хепатитис Ц.“ https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/23890208

„И покрај значителниот напредок во разбирањето на механизмите преку кои канабиноидите ги регулираат имунолошките функции, не се знае многу за улогата на ендоканабиноидите во патогенезата или спречувањето на автоимуните болести.“ 

„Прекумерната употреба на канабиноиди покажа дека ја влошува фиброгенезата на црниот дроб кај пациенти со хронична хепатитис Ц инфекција вклучувајќи го CB1 рецепторот. Сепак, активацијата на CB2 рецепторот може да игра заштитна улога за време на хронични заболувања на црниот дроб.“ Ова потврдува дека за идеална избалансирана благосостојба потребно ни е целото растение со сите состојки коишто природно се наоѓаат во него. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/19647124

Wednesday, July 12, 2017

Збор-два од д-р Џефри за ректалната апсорпција на канабиноиди

Клучната поента за ректална администрација е да се избегне психо-активноста, додека се постигнува висока доза од канабиноидната терапија. Ако се залагав за администрација на високи дози, би го користел оралниот пат, сè додека повеќе докази не ја откријат динамиката на ректалниот пат


Д-р Raphael Mechoulam и д-р Jeffrey Hergenrather
Доктор Џефри Хержонрејдер (Jeffrey Hergenrather), лекар и истакнат канабис консултант, а воедно и Претседател на Медицинската група за канабис во Калифорнија (California Cannabis Research Medical Group), истакна дека причината зошто канабисот е ефективен во третирањето на многуте болести е поради тоа што сите животни, со исклучок на инсектите, произведуваат нивни сопствени канабиноиди наречени ендоканабиноиди чијашто основна функција е заштита на телото од канцери и други повреди. 

Животните поседуваат ендоканабиноиден систем составен од канабиноидни рецептори во нивните мозоци, срца, црни дробови и во гастроинтестиналните системи кои можат да одговорат на надворешно аднинистрирани производи од канабис, пренесува пациентот кој се лекува со канабис и е еден од најистакнатите активисти за ослободување на канабисот во светот Сет Грин од Тенеси, во објава од The Freedom to Heal Foundation, којашто е основана за да овозможи обезбедување на слободен пристап до алтернативните медицински третмани за пациенти со ниски примања.

Доктор Џефри ја започна својата медицинска кариера како општ лекар во 1976 година. Неговата пракса опфати општа медицина, OB-GYN, педијатрија, неонатална нега и итна медицина. По повеќе од 25 години во вонредната медицина, тој ја започна својата медицинска пракса како консултант обезбедувајќи консултации за канабис и консултации за општа медицина во 1999 година. Докторот Хержонрејдер обезбедува препораки за канабис за жителите на Калифорнија со сериозни здравствени состојби и спроведува консултации низ целиот свет по телефон, како и онлајн состаноци. Можете да го контактирате на неговата е-маил адреса: jhergmd@gmail.com


Заедницата на канабис доктори (The Society of Cannabis Clinicians) е образовна и научна заедница од квалификувани лекари и други професионалци посветени на промоцијата и поддршката на канабисот за медицинска употреба и д-р Џеф е дел од таа заедница. Во една објава за страницата www.beyondthc.com, д-р Џефри објаснува колку се ефикасни канабис супозиториите. „Јас ја проверив литературата за да видам дали има некакви фармакодинамични/фармакокинетички студии за апсорпцијата на канабиноиди низ ректумот. Нема според моето спознание. До сега јас само имам анегдоти како што веќе споменавте. Јас сум посигурен за оралниот пат само поради тоа што имам многу искуство со тоа, но не би ги отфрлил приказните за ефикасноста по ректален пат.


Заедницата на канабис доктори е образовна и научна заедница

Постои „вкрстување“ на вени во ректумот. Колективно тие се нарекуваат ректален или хемороидален плексус. Поголемиот дел од венскиот проток (после апсорпцијата на канабиноиди) оди преку супериорната ректална вена во порталната вена, додека инфериорните вени течат во венечната вена (vena cava). Порталната вена го собира најголемиот дел од венското враќање од панкреасот во ректумот со сите хранливи материи и ензими за варење, кадешто крвта оди до црниот дроб за она што е наречено „метаболизам на првиот премин“ (first-pass metabolism). Поголемиот дел од THC е конвертирано во 11-OH-THC, слична психоактивна молекула. Венечната вена од друга страна оди назад кон срцето и во општата циркулација пред таа полека да стигне до црниот дроб за метаболизизам.


Се согласувам дека патот преку вдишување е само околу 10-20% апсорбиран. Оралниот пат варира широко во зависност од оброците и видот на препаратите. Листот од канабис не е добро апсорбиран додека маслата се апсорбираат доста добро. Јас би очекувал дека обилните оброци би ја забавиле апсорпцијата во споредба со мали мрсни оброци. Клучната поента за ректална администрација е да се избегне психо-активноста, додека се постигнува висока доза од канабиноидната терапија. Ако се залагав за администрација на високи дози, би го користел оралниот пат, сè додека повеќе докази не ја откријат динамиката на ректалниот пат.

Секој вид на рак се лекува со канабисово масло!
Се сомневам дека канабис лекарите имаат тенденција да препорачаат повеќе канабис/канабиноиди поголемиот дел од времето, според ургентноста што ја бара клиничкиот третман. Кога има повеќе време јас претпоставувам дека малите стабилни дози се соодветни за чувствителните канцери, додека помалку чувствителните канцери може да бараат мегадози на маслото, „60 грама за 90 дена“ или 20-25 мг/кг/ден на канабиноиди, без оглед на итноста. На крајот, клиничките студии ќе ги водат нашите препораки. До тогаш обидете се да внесете што повеќе канабиноиди во телото по било кој пат, со фреквенција на администрацијата најмалку дневно и по можност неколку пати на ден - заклучува д-р Џеф.