Friday, March 23, 2018

Женава со масло од канабис ги ублажува симптомите на паркинсонова болест

Оваа жена која страда од треперења и спазматична контракција на мускулите тврди дека маслото од канабис ги контролира симптомите на Паркинсонова болест. Дајан Ли (Diane Lee) зема масло од канабис осум месеци, вели дека тоа го контролира нејзиното треперење


Diane Lee со нејзиниот лек <3
Дајан Ли (53) вели дека ѝ бил дијагностициран Паркинсонизам индуциран од лекови кои ѝапредизвикуваат треперење на телото. Г-ѓа Ли, од Престатин (Prestatyn), за The Daily Post изјави дека нејзината состојба беше предизвикана од антидепресивот сертралин (sertraline), кој таа го зема две години. Таа вели дека нејзините лекари ја советуваат да продолжи со земање на сертралин. Сепак, г-ѓа Ли вели дека со земањето на тој штетен фармацевтси лек не може да држи чаша или да спие правилно поради треперења и спазматичната контракција на мускулите што ги доживува. 


Производителите на сертралин велат дека во клинички испитувања кај возрасните еден од десет може да доживеат треперење. Таа зема две капки масло од каннабидиол CBD кога станува наутро и истата доза  пред спиење. Во рок од 10 минути по ставање на неколку капки под нејзиниот јазик таа престана да трепери и опиша дека чувство на смиреност го опфати нејзиното тело. Г-ѓа Ли ја откри нејзината состојба на дебатата околу повици за легализација на канабисот за медицинска употреба. Понудата за дебата околу ова прашање во Парламентот на Велика Британија не успеа. 


Г-ѓа Ли рече: „Лекарите одбија да ми дадат лекови за Паркинсоновата болест, бидејќи состојбата беше предизвикана од лекови. Тие ми рекоа да го намалам сертралинот, бидејќи имам недостаток на хемиски допамин во мозокот, што предизвикува Паркинсонова болест предизвикана од лекови. Но, дури и ако ја испуштам дозата, го чувствувам тоа, па морам да продолжам со антидепресивите. Паркинсонизмот предизвикува треперења и контракција на мускулите. Не е пријатно. CBD ме прави посмирена и тоа е единственото нешто што ги зема треперењата и контракциите во мускулите - можам да почувствувам дека минува низ моето тело“.


Г-ѓа Ли го открила маслото од канабис пред осум месеци откако нејзиниот сопруг, Мајкл (Michael) (72), го забележал во продавница во Блекпул и го купил. Г-дин Ли купил ЦБД во форма на таблети откако прочитал дека може да му помогнат на неговото артритно колено - тврди дека ја искоренал непријатноста. ЦБД е еден од околу 600 хемиски соединенија кои ги содржи канабисот. Sativex е прв лек базиран на канабис (спреј за орална употреба) признаен од британската влада, но активистите сакаат ослободување на природните канабиноиди за употреба на состојби започнувајќи од рак на мозок до блага депресија.

Автор: Кристина Т.
Извор: Dailypost

Sunday, March 18, 2018

Анкета: Ако марихуаната е легализирана, пациентите со рак ќе ја изберат како примарен лек

Ако марихуаната е легализирана, пациентите со рак ќе го изберат како примарен лек, според новото истражување од еден од водечките истражувачки капацитети за истражување на ракот


Тим истражувачи од истражувачкиот центар за истражување на ракот Фред Хатчинсон (Fred Hutchinson Cancer Research Center), со седиште во Сиетл, Вашингтон, анкетирале 926 пациенти со канцер и откриле дека околу 25 % од нив користеле канабис како примарен лек за лекување во изминатата година. Резултатите се објавени во он-лајн медицинскиот зборник CANCER, рецензирани весник на Американското здружение за рак (American Cancer Society).


Оваа револуционерна истражувачкат студија заклучи:

„Оваа студија за пациенти со рак во една држава со легализиран канабис покажала високи стапки на активна употреба во широките подгрупи и легализацијата била пријавена како важна за одлуката на пациентите за да користат. Пациентите сакаат, но не добиваат информации за употреба на канабис за време на третманот од лекарите на онкологија. Повеќето пациенти со рак известуваат дека канабисот им помага со болка, гадење, стрес, депресија, несоница и други состојби“.


Но, пациентите се фрустрирани поради недостатокот на информации што ги добиваат од американскиот систем за здравствена заштита. Лекарите, медицинските сестри и другите здравствени работници немаат обука и образование во науката за канабис. „Повеќе од половина од активните корисници објавија дека легализацијата значително ја зголемила веројатноста за користење, а употребата на канабис се шири низ демографските подгрупи, вклучувајќи ги и подгрупите врз основа на возраст, пол и дијагноза на ракот“ - се вели во студијата.



Според истражувањето:

Средната возраст на испитаниците била 58;
74 % од пациентите сакаат информации провајдери за рак и имале голем интерес за учење за канабис за време на третманот;
24 % користеле канабис како медицинска терапија во изминатата година;
21 % се само-третирани со канабис во изминатиот месец;
70 % го вдишуваат (пушат или вапоризираат) нивниот лек;
70 % го консумираат во јадења;
40 % ги направиле и двете;
75 % објавија дека нивната примарна употреба била за физичка болка;
64 % го користеле за невропсихијатриски симптоми.


Се надеваме дека оваа студија помага да се отвори вратата за повеќе студии насочени кон оценување на ризиците и придобивките од марихуаната кај оваа популација“ - вели авторот на студијата, д-р Стивен Пергам (Steven Pergam). „Ова е важно, бидејќи ако не ги едуцираме нашите пациенти за марихуаната, тие ќе продолжат да се информираат на друго место“ - додава тој. Американското здружение за рак (American Cancer Society) признава дека се потребни повеќе истражувања за марихуаната како третман за симптоми на ракот. 


Организацијата соопшти дека својствата на марихуаната имаат потенцијал да се борат против клетките на ракот. Ова беше додадено во „cancer.gov“ во изминатата година. Веб-страницата на владата на САД признава дека знае дека канабиноидите ги убиваат клетките на ракот и им помага на пациентите со рак:


Автор: Кате К.

Saturday, March 17, 2018

Шокантни нови студии: Половина од пациентите со рак се убиени од хемотерапија, а не од рак

Без оглед на тоа колку лекари го форсираат конвенционалниот третман, хемотерапијата можеби не е најдобрата опција во борбата против ракот, бидејќи една нова студија покажува дека до 50 % од пациентите се убиени од страна на хемотерапијата - а не самата болест


Истражувачите од Јавното Здравство во Англија (Public Health England) и Cancer Research UK спроведоа нова студија и за прв пат бројот на пациенти со рак кои починаа во рок од 30 дена од почетокот на хемотерапијата, укажува дека третманот, а не на ракот, беше причина за смрт. Гледајќи ги оние стапки на смртност во болниците низ Велика Британија, истражувачите откриле алармантна стапка на смртност која е поврзана со хемотерапијата. „По цела Англија, околу 8,4 % од пациентите со рак на белите дробови и 2,4 % од пациентите со рак на дојка, починале во рок од еден месецНо, во некои болници бројката беше многу повисока. Во Милтон Кејнс стапката на смртност за лекување на рак на белите дробови изнесуваше 50,9 %, иако беше заснована на многу мал број пациенти“ - објави Телеграф
Алармантно, стапката на морталитет во Ланкашир кај оние болни кои поминуваа на палијативна, а не на куративна хемотерапија за рак на белите дробови, изнесуваше цели 28 %. Еден од пет пациенти со рак на дојка кои примале палијативна нега на Универзитетските болници во Кембриџ починале од третманот. Во одредени области: Блекпул, Ковентри, Дерби, Јужен Тенеси, Сари и Сасекс, смртните случаи на пациенти со рак на белите дробови со хемотерапија беа „далеку повисоки“ од националниот просек. Д-р Џем Рашбас (Jem Rashbass), раководител за рак на јавното здравство во Англија и националната здравствена служба, побара студија и како што цитира Телеграф: „Хемотерапијата е витален дел од лекувањето рак и е голема причина зад подобрените стапки на преживување во текот на последните четири децении. Сепак, тоа е моќен лек со значителни несакани ефекти и често дава рамнотежа кај пациентите кои се третираат агресивно и може да биде тешко. Оние болници чиишто стапки на смртност се надвор од очекуваниот опсег ги имаат откриено наодите, па ги замоливме да ги разгледаат нивните практики и податоци“.


За анализата, истражувачите ги вклучија сите жени со рак на дојка и сите мажи и жени со рак на белите дробови кои живееја во Англија, а беа на возраст од 24 години или постари и кои започнаа циклус на хемотерапија во 2014 година. Долго време за лекување на разни видови на рак, хемотерапијата влече критики во последниве години, бидејќи лекот не прави разлика помеѓу здравите и канцерогените клетки. Сега, оваа студија, објавена во Лансет, покажува како ова премоќно својство за уништување на клетките може исто така да значи смрт за пациентите. Истражувачите ги советуваа лекарите да вежбаат повеќе претпазливост при проверка на тоа кои пациенти би требало да примаат хемотерапија. Постарите и пациенти во поодминати фази на болеста, особено, би можеле да бидат подобри без да добијат палијативна нега, која е дизајнирана да понуди олеснување наместо лекување на болеста.


Статистиката не сугерира лоша практика во целост“ - забележа професорот Дејвид Додвел  (David Dodwell) од Институтот за онкологија во болницата Сент Џејмс во Лидс. „Тоа може да биде проблем и со податоците, а бројките се искривени поради само неколку смртни случаи, но сепак тоа може да се сведе на проблеми со клиничката пракса“ - продолжи тој. „Мислам дека е важно пациентите да се освестат дека постојат потенцијално опасни по живот пречки за хемотерапија. И лекарите треба да бидат повнимателни во врска со тоа кои пациенти ги лекуваат со хемотерапија. Сите вклучени болници велат дека ги разгледуваат информациите и се сигурни дека хемотерапијата е безбедна со тоа што изборот на пациентот за третманот можеби ќе треба да биде повеќе дискрециони“. Професорот Дејвид Камерон од Центарот за рак во Единбург во Западната општа болница во Единбург, Шкотска, истакна: „Загриженоста е дека кај некои пациенти кои умираат во рок од 30 дена откако ќе им биде дадена хемотерапија, најверојатно е дека не треба да им се дава. Но, колкумина? Не постои лесен начин да се одговори на тоа, но можеби ќе ги разгледате оние места/болници каде што стапката на смртност е повисока“.


Ова никогаш нема да те убие, а ќе го убие само ракот!
Понатаму, ако дадеме помалку хемотерапија, тогаш некои пациенти ќе умрат бидејќи не добиле доволно хемотерапија. Тоа е одлична рамнотежа и колку повеќе податоци имаме толку е подобро, па можеме да бидеме сигурни дека ќе го добиеме балансот“ - додава. Во меѓувреме, лекарите во САД, најверојатно, би требало да земат предвид, со оглед на големиот број на пациенти кои се присилени да се подложат на хемотерапија по налог на државата и покрај приговорите од тие пациенти и нивните семејства. Во еден пример, 17-годишен, дијагностициран со Hodgkin лимфом одлучил да побара алтернативи за хемотерапија, но неговите лекари, така вметнати во пропагандата на државата и Биг Фарма, контактирале со семејните служби, кои потоа го киднапирале младото момче и го сместиле во центар за згрижувачка нега.


На крајот му беше дозволено да се врати дома откако се согласи да се подложи на често изнемоштувачкиот третман, но избега откако докторите го информираа дека ќе мора да издржи операција за имплантација на хемотерапија. Во неверојатен чин на Орвелската голема влада, Врховниот суд пресуди дека државата е во право во овој случај и откако бил киднапиран и принуден да се лекува против негова волја, му бил одбиен контакт со сопственото семејство.  Алтернативните третмани, всушност, постојат. Најмногу ветува, за многу видови на рак, различни формулации на над 80% ТХЦ масло, дериват на канабис. Но, благодарение на феноменот на неуспешната војна со билката, пациентите со рак во повеќето области на САД не се во можност да го набават потребниот лек или се принудени да примаат третман под закана да завршат зад решетки, едноставно поради тоа што сакаат да се излекуваат.

Автор: Кате. К.
Извор: Thehealthconsciousness

Извор на уредникот: 








Thursday, March 15, 2018

Канабиноидот Канабидиол - ЦБД безбедно и брзо лекува артритис

Како што со радозналост и радост ги откривам благодетите на ова свето растение со секој нов ден, мојата восхит и понизност пред ова растение растат со секое ново изгрејсонце“ - вели авторот наовој текст, кој сака да ни соопшти дека ЦБД е алтернативен третман за артритис кој со голема брзина добива популарност... Но, со прекрасна причина


Пушењето канабис е форма на лекување
ЦБД за артритис станува популарна варијанта на третман за 52.5 милиони Американци здобиени со хроничната болка. Без разлика дали се работи за остеоартритис или ревматоиден артритис, следи објаснување за како ЦБД помага кај болката, воспалението и целосниот квалитет на живот на погодените од артритис.


ШТО Е ЦБД? 

Бидејќи повторувањето е мајка на знаењето, по не знам кој пат ќе повториме што е ЦБД. Канабидиолот е еден од повеќе од 80-те различни канабиноиди најдени во канабисовото растение заедно со ТХЦ. Но, за разлика од ТХЦ, ЦБД не е психоактивен, т.е. не напушува. Во основа, во ЦБД се состои целиот медицински третман на канабисот кога се исклучува напушувањето што го прави природен третман за кој и да е човек. ЦБД делува како антидотум на ефектот на ТХЦ, што значи дека треба да се консумираат заедно. И не постои причина да се плашиш за да го користиш ЦБД, бидејќи канабисот е нелегален. ЦБД екстрахиран од индустриски коноп со само 0.3% на ТХЦ или помалку е ПОТПОЛНО легален.



РАЗЛИКА МЕЃУ РЕВМАТОИДЕН И ОСТЕОАРТРИТИС

Постојат повеќе од 100 типови на артритис, вклучувајќи ги и овие два кои што се водечка причина за инвалидитет во САД. ЦБД помага и во двата случаи. Ревматоидниот артритис е автоимуна болест која погодува луѓе од сите возрасти. Имуниот систем го напаѓа телото мислејќи дека е бактерија или вирус и така го разложува мекото ткиво во зглобовите и околу коските, што е проследено со воспаление кое води до влошување, болка и лузни. Остеоартритисот е малку различен. Не е автоимуна болест, туку ефект на стареење и живеење многу активен живот. Ова е најчеста форма на артритис која ги погаѓа луѓето во години. Други фактори кои предизвикуваат остеоартритис се мината повреда, прекумерна тежина, генетика и постојано телесно истрошување. При остеоартритисот, `рскавицата која ги заштитува зглобовите и коските се истрошува со текот на времето и доведува до триење на коските - што всушност е артритисот. Предизвикува: хронични болки, ригидност, чувство на гризење во коските, омекнување на коските и губење на флексибилност. 


Канабисот ја спречува оваа појава
КАКО ЦБД ГО АНУЛИРА АРТРИТИСОТ?

Ендоканабиноидниот систем во телото е она што го прави ЦБД толку ефективен за артритисот. ЕКС е најголемиот регулаторен систем на телото. Цицачите имаат природни ендоканабиноиди и рецептори низ цело тело вклучувајќи ги мозокот, органите, жлездите и имуните клетки. Клучна е неговата комплексна интеракција со имуниот систем. Канабиноидите природно синтетизирани во нашите тела ја минимализираат болката и воспалението околу заболените делови. Затоа не е ни изненадувачки дека ЦБД функционира на ист начин за артритисот - се врзува за природните ендоканабиноидни рецептори во телото за да го зајакне природниот одговор на телото.
Научна студија од 2003-та ги погледнала ефектите на ЦБД врз глодари на кои им е дадена провоспалитена супстанца со цел да имитираат артритис. Кога орално им се администрирало ЦБД, воспалението се намалило. Исто така, клиничко тестирање од 2010 година кое погледнало врз пушениот канабис за невропатска болка открило слични резултати. На испитаниците им се давал само еден дим од канабис со 9.4% ТХЦ три пати дневно и истражувачите откриле дека микродозата ја намалувала болката и го зголемувала квалитетот на спиењето. Значи, и пушењето канабис е препорачано за третирање на артритис, бидејќи артритисот покрај болка предизвикува и други симптоми како: нарушено спиење, гастроинтестинален стрес и умор. И тоа е веќе поинаков начин на кој ЦБД помага при артритисот. Им помага на луѓето да се опуштат и да заспијаат, го подобрува здравјето на гастроинтестиналниот тракт и го зголемува апетитот, плус постојат дневни  производи со ЦБД кои го анулираат уморот.



КАКО СЕ КОРИСТИ ЦБД ЗА АРТРИТИС?

Постојат многу варијанти за како канабисот да се користи против артритис: површински, масло, капсули, пушење и вапоризирање на врсти и екстракти високи со ЦБД. Кетлин Меј (Kathleen May) е 45 годишна жена со артритис која користи ЦБД масло и ЦБД површински, вели: „Јас трчам и тренирав фудбал додека не ги оперирав лигаментите пред 10 години. Десното колено секогаш ме болеше после тренинг. Му ставав мраз и земав ибупрофен, но како никогаш да не ми помагаа. Пред 4 години и левото колено почна да ми претставува проблем. На рентген снимка изгледаше во ред, иако ме болеше дури и кога слегував по скали. Живеам во Висконзин и единствени легални производи беа оние со ЦБД од коноп. Три месеци откако почнав да го внесувам маслото моите колена престанаа да ме болат. Имав и други проблеми со зглобовите, но ЦБД ја среди секоја болка и со нив“.


Кетлин објасни како престанала да внесува ЦБД додека пребарувала други производи. „Една недела откако престанав да внесувам ЦБД коленото кое ми го оперираа поради лигаментите отече до големина на портокал. Бев во толкави болки што не можев ни да пешачам. Помеѓу ноември и декември го посетив мојот доктор дури 3 пати. Ми кажа дека имам артритис во коленото и најверојатно во зглобовите на дланките и лактиците (ме болеа и тие делови, но коленото беше најнеподносливо)“. Докторот ѝ препишал орални стероиди и сè уште не внесувала ЦБД. „Стероидите ми помогнаа малку со болката, но отокот не опаѓаше. Сè уште не можев да трчам и скоро да не можев да тренирам ни јога“ - вели таа.


Потоа, нејзиниот физиотерапевт ѝ препорачал ЦБД површински произведено од фирмата Fab CBD кое ѝ го променило животот. „Беше вчудоневидувачки. Не претерувам кога велам дека само за неколку денови користејќи го маслото отокот на коленото опадна, а со тоа болката веќе се толерираше. Кога почнав повторно да трчам мислев дека ќе имам големи болки, но само мала неудобност беше се што почувствував“ - заклучува Кетлин. За неа и многу други, оралната и површинска администрација на масло и крем од ЦБД на болните зглобови драстично им го подобрила квалитетот на нивните животи.


ПРОИЗВОДИ СО ЦБД ЗА АРТРИТИС

Не треба ни да се спомне дека ЦБД е помалку штетен (ВООПШТО НЕ Е ШТЕТЕН) за телото во споредба со фармафијашкиот Тиленол. Ако се купува ЦБД преку интернет важно е да се провери дека е лабораториски тестиран од трета страна за подобар квалитет и сигурност. Green Roads World за масло, капсули и храна со ЦБД. За површинска администрација, еве ја листата на порталот Herb со 10 производи за справување со хронична болка. Производи и врсти на трева со 1:1 ТХЦ:ЦБД се најдобри за ослободување од болка. Такви се: Aura CBD, Legion of Bloom, Dosist. Некои луѓе преферираат вапоризација на ЦБД екстракти за инстантно ослободување од болки. Меѓутоа, за не само наједноставна туку и за најбрза помош за изработка на екстракт обратете се на тимот на 420 Macedonia за канабисово масло подготвено според вашите потреби. Доколку некој има искуство за тоа како ЦБД лекува артритис, нека ја сподели својата приказна за сите да дознаеме!

Извор: HERB

Tuesday, March 13, 2018

Соединението CBD помага да се спречи зачестеноста на епилептичните напади

Едно природно соединение, наречено канабидиол - CBD кое го содржи канабисот, може да помогне да се спречи зачестеноста на епилептичните напади, сугерира научната јавност врз база на достапните докази, објавени на интернет во Journal of Neurology Neurosurgery & Psychiatry

Канабисот лекува епилепсија!
Доказите до денес се најзастапени помеѓу децата или тинејџери и ретките и сериозни форми на состојбата. Значи досегашните докази се ограничени само на третман на епилептични пациенти, чија епилепсија не реагира на конвенционалните лекови, предупредуваат истражувачите. Помеѓу 70 и 80 проценти од луѓето со дијагностицирана епилепсија успеваат целосно да ги контролираат нападите со користење на конвенционални лекови како што се Валпроат (valproate) и Карбамазепин (carbamazepine), но сепак до една третина оваа состојба воопшто не реагира на овие третмани и да не заборавиме колку се штетни долгорочните последици од овие конвенционални третман за епилепсија!


Прелиминарните истражувања сугерираат дека соединенијата што се наоѓаат во канабисот (канабиноидите) можат да ги потиснат конвулзиите. И еден од овие канабиноиди, канабидиолот или ЦеБеДе, се чини дека покажува ветување за спречување на нападите. За да го истражат ова подетално, истражувачите ги следеле истражувачките бази на објавени и необјавени студии и податоци во врска со потенцијалното влијание на канабиноидите како додаток на вообичаениот третман за епилептичните напади, објавени до октомври 2017 година.


Шарлот Фиги заедно со нејзиниот анти-епилептичен лек! :)
Во серија од 91 студија се откриени шест клинички испитувања (555 пациенти) и 30 опсервациони студии (2.865 пациенти) кои се квалификувале за вклучување во нивниот преглед. Сите учесници, чија просечна возраст била 16 години, имале ретки форми на епилепсија кои не реагирале на вообичаениот третман. Вкупната анализа на податоците од клиничките испитувања покажа дека ЦБД е поефикасен од лажниот лек (плацебо) 50 проценти или повеќе и на испитаниците им понуди подобрување на квалитетот на животот. Канабидиолот, исто така, беше поефективен од плацебо во целосно уништување на нападите, иако ова беше сè уште ретко.


Збирните податоци од 17-те опсервативни студии покажаа дека фреквенцијата на напади се намалила за најмалку 50 проценти кај половина од пациентите и целосно исчезнала кај речиси  10 (8,5%) во осум од овие студии. Квалитетот на животот се подобрил на половина од пациентите во 12 од студиите. „Фармацевтското ЦБД при адјувантна (adjuvant) терапија кај педијатриски почетни епилепсии отпорни на лекови може да ја намали фреквенцијата на напади“ - заклучуваат истражувачите. „Постоечките [рандомизирани контролирани испитувања] докази се најчесто во педијатриски примероци со ретки и тешки епилептични синдроми,  кои ги испитуваат другите синдроми и канабиноиди“ - додаваат истражувачите.


На видеата подолу, може да дознаете за малата Шарлот Фиги (Charlotte Figi) која боледуваше од Драветов синдром, но благодарение на посебната врста канабис „Шарлотс веб“ (Charlotte's web) - именувана и создадена специјално за ова мало пациентче, таа сега е нормално девојче и може нормално да расте, д асе развива и да се радува на детството! Повеќе за таа дизајнирана врста на канабис во која доминира канабидиолот, може да дознаете во второто видео. Ве замолуваме да го споделите овој текст на социјалните мрежи!


Поврзани статии - избор на Уредникот:









Автор: Кристина Т.
Извор: Eurekalert.org
Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova

Monday, March 12, 2018

Атипични ендоканабиноидни рецептори (1 дел) - GPR18, GPR55, GPR119. Не се само ЦБ1 и ЦБ2!

По извесно време знаеме дека CB1 и CB2 рецепторите не посредуваат во сите активности на канабиноидите. Како можеме да го знаеме ова? Во повеќето статии на ендоканабиноидниот систем, приказната запира таму. Сепак, ајде да ги разоткриеме новите возбудливи истражувања од последните две децении за кои ретко се зборува!
* Канабисот е во твојата ДНК! - Фармафијата се надеваше дека ова никогаш нема да го дознаеш
Глувците со генетски избришани CB1 и CB2 рецептори беа вкрстени за да создадат глувци кои немаа ниту еден од тие рецептори. Доколку никој друг рецептор не бил активиран од канабиноидите, тогаш не треба да има ефект на THC или анандамид кај овие глувци. Сепак, почнувајќи со првиот извештај во 1999 година, забележани се многу различни ефекти на канабиноидите кај овие двојно модифицирани глувци. На пример, канабиноидите сѐ уште можеле да влијаат на крвниот притисок, болката, воспалението и проблеми со желудникот и тоа во отсуство на CB1 и CB2 рецептори. Потрагата била да се најдат нови канабиноидни рецептори! Оттогаш откриено е дека ендоканабиноидите се врзуваат за многу рецептори кои не се сметаат за дел од ендоканабиноидниот систем.


GPR18

Овој рецептор бил откриен во 1997 година, но веќе неколку години бил „сираче“, што значи дека научниците не знаеја што е неговиот лиганд. Во 2006 година изненадувачко откритие - овој рецептор може да се активира со ендоканабиноиди! GPR18 може да се активира со анандамид, но тоа е главниот ендоканабиноиден лиганд кој се чини дека е N-арахидонил глицин (NAGly), кој е метаболит на анандамид. GPR18 рецепторот е изразен високо во 'рбетниот мозок, тенкото црево, имуните клетки, слезината, коскената срцевина, тимусот, белите дробови, тестисите и малиот мозок. Активирањето на GPR18 може да го намали крвниот притисок. Исто така, има значајни функции во имуните клетки. Тоа дејствува како моќен хемоатрактант - што значи дека предизвикува миграција на имуните клетки.


GPR55

Овој рецептор има слична приказна како GPR18. Тоа беше занемарен рецептор многу години, сè додека неговите лиганди не беа откриени. GPR55 е активиран од ендоканабиноидите 2-АГ и анандамид, но неговиот главен лиганд се чини дека е уште еден намерен ендоканабиноид наречен лизофосфатидилинозитол (LPI). Овој рецептор се изразува со високи нивоа во централниот нервен систем, како и надбубрежните жлезди, гастроинтестиналниот тракт, белите дробови, црниот дроб, матката, мочниот меур и бубрезите. Тоа е широка дистрибуција на ткива што ги дава улогите во различни системи на телото. Активирањето на GPR55 предизвикува хипотензија (го намалува крвниот притисок), е антиинфламаторно и во некои случаи е анти-ноцицептивно (блокирање на болка). GPR55 го регулира внесот на енергија и распределбата, што може да влијае на болестите како што се дебелина и дијабетес. Исто така, се изразува во коскените клетки со можна улога кај остеопорозата. GPR55 е невропротективен и дава намалена невродегенерација кај моделите со мултиплекс склероза.


GPR119

Експресијата на рецепторот GPR119 е ограничена на одреден број ткива. Првенствено се наоѓа во панкреасот и гастроинтестиналниот тракт - навестувајќи дека неговата улога е регулирање на енергијата и метаболизмот. GPR119 се активира првенствено од ендоканабиноид ОЕА, со минимална активација од други ендоканабиноиди како што се анандамид и 2-АГ. Активацијата го намалува внесот на храна, го подобрува ракувањето со шеќерот во крвта и ја намалува телесната тежина. Овие ефекти се чини дека се посредувани преку регулирање на хормоните како што се инсулинот и GLP-1.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Profofpot

Sunday, March 11, 2018

Племето Flandreau Santee Sioux мораше да ја изгори целата нивна трева!

Љубовта е во воздухот. Тоа е трева! Тоа е дефинитивно трева! По потврдувањето на нивниот суверенитет во 2015 година, првата племенска нација што ќе се движи напред со правото да произведува и продава марихуана Племето во Јужна Дакота ги запалило нивните плантажи, наведувајќи ги судските прашања како главна пречка за нивното работење


Прочитавте правилно - патот до легализацијата не е лесен, па видете со што се соочувал овој народ. Племето Santee Sioux во јуни 2015 година стана првата племенска нација која се впушти во светот на легализација, со нивниот напор да се изгради првото марихуана одморалиште во државата. Ова излезе од задниот дел од Меморандумот за 2014 година, дозволувајќи племенските земји да растат и продаваат марихуана, под услов тие да се придржуваат до истите насоки како државите кои се одлучија за легализација. Како такво, племето имаше жесток пат во остварувањето на правото на суверенитет, станувајќи првото племе кое требаше да влезе во светот на правното производство и продажба. 

Прашањето за вистинскиот суверенитет го натера племето во Јужна Дакота да преземе сопствена акција, откако беше прогласено дека сите промени во племенскиот закон ги погодуваат членовите на племето. Се сметаше дека не-племенските членови кои се враќаат на државно земјиште ќе бидат одговорни за прогон според државниот закон и бидејќи марихуаната има тенденција да остане во вашиот систем подолго време, тоа ќе биде само прашање на време пред да се извршат казните. По разговорите со властите, одделот за правда на САД и американскиот адвокат за Јужна Дакота, племето одлучи дека е во најдобар интерес да преземат превентивни мерки и да ја запалат нивната скапоцена лековита култура. Притоа, тие спречија било каква потенцијална штета на нивниот објект, што може да дојде од веќе потпишан и одобрен федерален напад.

Иако одлуката да се запалат културите се смета за „во најдобар интерес на племенските и не-племенските членови“, тоа не го запре разочарувањето на голем број семејства кои сега се соочуваат со проблематичниот пристап до лекови од канабис кои спасуваат живот, а да не ги спомнуваме потенцијалните загуби на приход од 2 милиони американски долари месечно за Санти Сиукс. Меѓутоа, племето изјави дека планираат да работат заедно со државните и федералните одделенија за да обезбедат остварување на своето право на суверенитет и дека овој чекор е фундаментален во обезбедувањето на успехот со нивниот канабис бизнис.

Автор: Кате К.
Извор: Herb

Friday, March 9, 2018

Канабисот е во твојата ДНК! - Фармафијата се надеваше дека ова никогаш нема да го дознаеш

Хранливата вредност и исцелителната моќ на свежиот суров канабис е една од најдобро сочуваните тајни на минатиот век. Наодите покажуваат дека потребата за канабис ни е  запишана во гените, со што може да се објасни зашто некои луѓе толку многу сакаат канабис, додека други немаат некоја посебна потреба од билката


Канабисот е дел од нас!
Состојките во билката се соединуваат со една од најважните мрежи на невротрансмитери кај луѓето и другите животни (цицачи). Оваа мрежа се нарекува ендоканабиноиден систем (ЕКС). ЕКС е она што го премостува мозокот со телото. Овој систем е одговорен за исклучително широк спектар на телесни функции, вклучувајќи висцерална сензација. Едноставно кажано, висцерална сензација е твоето чудно „чувство во стомакот“. Тоа е она што ви овозможува да почувствувате пеперутки во стомакот или болка по прејадување. Бидејќи канабисот во суштина е мистериозна и чудотворна билка, тоа беше само прашање на време кога пропагандата против канабисот засновата на лаги - ќе згасне. Тоа е она што се случува денес. Ова видео ги прозива „владите“ кои не прават ништо, туку им штетат на населението со цел личен профит и корупција на државата.


ECS, исто така, ви помага да учите од вашата околина, помагајќи ви да одредите што да запомните и што да заборавите. ECS е составен од мали комуникациски молекули кои слетуваат на специфични рецепторни локации на површината на вашите клетки. Овие комуникациски молекули се нарекуваат ендоканабиноиди и тие ни помагаат да обработиме и да одговориме на нашата околина за да ја одржиме оптималната рамнотежа во телото. Канабисот е толку уникатно и вредно лековито растение, бидејќи соединенијата во тревата, како познатиот психоактивен тетрахидроканабинол (THC), директно го ангажираат ендоканабиноидниот систем.


Забелешка од уредникот на Consciouslifenews, Роберт О'Лери (Robert O’Leary) кој имал постојан интерес за алтернативни здравствени производи и модалитети уште од почетокот на 1970-тите и тој видел како тие буквално ги трансформираат луѓето од недостаток на здравје до живописно здравје: Посебна благодарност до д-р Рима Лајбо (Rima Laibow) што ме упати на ова важно видео во неодамнешниот е-маил од нејзина страна. Импликациите од оваа вест се толку монументални и далекусежни, јас би сугерирал дека тоа е една од најважните вести досега. Уште еднаш, лагите од некои од нашите најголеми бизниси и организации, па дури и нашата Влада, доаѓаат на виделина. Ве молиме погледнете го ова видео за да разберете повеќе, а потоа ве молиме преземете акција за да го раширите вирално и да започнете дискусија во вашите локални заедници за оваа важна тема.


Кажано со други зборови, канабисот се поврзува со голем систем во телото што ја регулира хармоничната интеракција на нашите органски системи и нашиот мозок. За некои, тоа може да изгледа како ужасно голема случајност дека една трева сама по себе го држи клучот за отклучување на таквата огромна мрежа на невротрансмитери. Градежните блокови на оваа мрежа се кодирани од страна на нашата ДНК. Генетиката и Дезоксирибонуклеинската киселина не мора да ве направат љубител на канабис. Наместо тоа, овие фактори го одредуваат изгледот на ECS во вашето тело и колку добро вашето тело може да произведе сопствени ендоканабиноиди.


Постои зголемен број на докази кои сугерираат дека некои луѓе може да бидат генетски посклони да посегнат по канабис од другите. Во оваа смисла, да, употребата на канабис е запишана во нашата ДНК. Како што пишува уредникот на New York Times, околу 20 проценти од светското население на тест испаднало позитивно за присуството на овој „ген на доброто чувство“. Овој ген спречува распаѓање на ендоканабиноидот наречен анандамид, кој е природен ТХЦ произведен од нашето тело. Всушност, зборот ananda доаѓа од санскритскиот збор за „блаженство“.


Среќниците што го добиле овој генетски благослов со своето раѓање може да имаат помала веројатност да бидат вознемирени, депресивни и анксиозни и поголема веројатност да бидат посмирени. Сепак, теоријата вели дека кај овие луѓе, исто така, може да биде помалку веројатно да станат хронични потрошувачи на канабис.  Ете го одговорот зошто некои луѓе имаат поголема потреба од канабис или се страствени љубители, а зошто некои не и ова е само уште една потврда дека канабисот е лек за болни и здрави, кај кои оваа билка им е од круцијално значење за остварување на најоптимална благосостојба. Дополнителние истражувања од 2016 година откриле дека постојат специфични гени кои би можеле да го направат лицето поверојатно да стане обожувател на билката. 

* * *

Избор на уредникот (поврзани статии): 






Автор и Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извори: Medicinalcannabisnews, Herb

Thursday, March 8, 2018

Антидепресивите може да те убијат, потврдува научна студија. Анксиозните луѓе во депресија се свртуваат кон канабисот, потврдува искуството!

Во изминатите 15 години, стапките на консумација на антидепресиви скокнала во целиот свет. За среќа многу луѓе кои се борат со депресија и анксиозност се откажуваат од употребата на фармацевтски антидепресиви што создаваат зависност и може да те убијат, во замена за нешто природно и безбедно, како што е канабисот


Запознај се со канабисот и заборави што е тоа депресија!
Минатата година, 2017-та, употребата на аналгетици убила повеќе американци отколку што војната во Виетнам убила американски војници. Затоа не е никакво изненадување дека сè повеќе и повеќе пациенти бараат нештетни алтернативи на обично препишуваните токсични аналгетици. Анкета објавена минатата година 63% од пациентите од Канада избрале природен лек наместо препишани лекови. Од нив, 30% избрале канабис наместо опиоиден аналгетик. Иако опиоидите се главна тема во последниве неколку години, истражувањата сега покажуваат дека постои друга епидемија помеѓу нас, а таа е прекумерната употреба на антидепресиви. Многу луѓе кои страдаат од депресија преминуваат од штетните антидепресиви на ефективните природни варијанти, поради тоа што се поефективни, немаат несакани последици и се безбедни на долгорочен план.

Додека лековите се препишуваат за да ги ублажат симптомите на депресија и анксиозност, податоци од McMaster University укажуваат на тоа дека лековите значително го зголемуваат ризикот од смрт неповрзана со депресијата. Во една мета-анализа објавена во весникот Psychotherapy and Psychosomatics, доцентот Пол Ендрјус (Paul Andrews) и неговиот тим откриле дека оние кои се на антидепресиви, се соочуваат со 33% поголем ризик од смрт во споредба со контролната група која не ги конзумирала. Анализата вклучила податоци од стотици илјади пациенти од неколку различни студии.


Другите 14% од учесниците кои ги конзумирале лековите, исто така се соочиле со поголем ризик од кардиоваскуларни компликации отколку контролната група која не ги конзумирала. Овие компликации вклучуваат инфаркт. Зошто се зголемува ризикот? Најчестиот тип на антидепресив, ССРИ (selective serototin reuptake inhibitor - SSRI) - селективен инхибитор на повторна употреба на серотонин, може да влијае на некои од највиталните органи во телото, не само мозокот. „Нè загрижуваат овие резултати“ - вели Ендрјус за Science. „Сугерираат дека не треба да земаме антидепресиви ако не разбираме точно како вземно делуваат со телото“ - истакнува тој.

Пробај, може да ја издубиш само депресијата! ;)
Да, дури и без цврсто разбирање на долгорочните физиолошки ефекти на ССРИ, тие се меѓу најпрепишуваните лекови во западните држави. А, зошто баш таму? Бидејќи тие се типични капиталистички земји врз чие население се прават „здравствени експерименти“. Еве вака: најзападно е американскиот континент со неговата „водечка“ сила - САД. САД, лулката на капитализмот, проширувајќи го нивното влијание кон Европа го расеале капитализмот, а во Европа овој општествено-економски систем е позастапен во западните држави, отколку во југоисточните. Од тука доаѓа изреката - „капитализмот убива“ (не без причина депресијата и анксиозноста се во полна пареа во цел тој дел на светот). Но, иако Балканот не е западна територија, во последниве години сите сведочиме пораст на стапката на случаи со депресија и слични психички заболувања и состојби. Исто така, во последниве години сведочиме и пораснато влијание на зионистичката западна политика на Балканот. Случајност?          

       .
Во САД, консумацијата на антидепресиви се зголемила за 65% од 1999 до 2014 година. Приближно на еден од шест Американци му се препишува антидепресив. Ниедна друга држава не конзумира толку антидепресиви како САД - лулката на капитализмот, која е најнепосредно изложена на хировите на банкарите кои го спроведуваат поредокот во целиот свет. Случајност? Во Канада, 86 од 1.000 луѓе земаат некаков тип на антидепресив. Ова ја става Канада на четврто место на листата. Австралијанците се малку повеќе несреќни со 89 од секои 1.000 кои конзумираат антидепресиви.

Додека антидепресивите имаат штетни странични ефекти на долгорочно поле, нетретирана та депресија може да резултира во самоубиство. Затоа не е ни чудо што пациентите веќе почнуваат да преминуваат на контроверзниот природен лек - канабис. Не без причина луѓето кои консумираат канабис се постојано среќни. Оваа билка добива еуфорична репутација поради својата нетоксичност, а канцерот, несоницата, епилепцијата, анксиозноста и депресијата, се најчестите причини зошто пациентите ја одбираат тревата.


Бројни рани и предклинички истражувања имаат покажано дека канабидиолот ЦБД и тетрахидроканабиолот ТХЦ имаат антидепресивни својства, особено доколку се земаат во мали до умерени дози. Моментално во Англија, се спроведуваат истражувања кои го испитуваат ЦБД како третман за оние со тешки ментални болести и психотични пореметувања.
Години од легални бариери на истражувањата ги спречувало научниците од земање сериозен чекор кон растението како третман за ментални болести. Но, недостатокот на клинички истражувања не ги спречувало пациентите да ја пробаат тревата. Во анкета спроведена меѓу пациенте, 12% изјавиле дека конзумираат канабис наместо фармацевтски антидепресиви.

Исто така, истражување објавено во Health Affairs открило дека парите од здравственото осигирување потрошени на антидепресиви се намалиле во сојузните држави со легализиран канабис. Односно, заштедени се цели 165 милиони долари! Каков поразителен удар за фармафијата! А, оваа година канабисот е легализиран и во една од најголемите држави во САД, Калифорнија. Тек допрва билката ќе продолжи да се ослободува и во неколку други земји од САД, во Канада и во другите земји од светов, вклучително и Република Македонија, а тоа ќе биде шах-матовски потег кон БигФармата - убиецот на здравјето на Земјата.


Бројни поддржувачи на здравјето меѓу кои и сенаторката од САД Елизабет Варен (Elizabeth Warren), предложиле канабисот да го истражуваат од аспект на намалување на штетата предизвикана од кризата со опиоидите. А, истото е вистина и за антидепресивите! Лекови како Proczac и други ССРИ можат да го зголемат ризикот од смрт на долгорочен план, но колкумина загубиле живот од долгорочни компликации од канабис? Ниту еден човек, до ден денес не починалод канабис....

- Случајност?                                   
-Не би рекол.                                                                                                      
Ваш,

Извор: HERB

Wednesday, March 7, 2018

Како самите да си направите канабис капсули за третирање на многу дијагнози?

Капсулите од канабис се дизајниран, лесен, дискретен и суперефективен начин на лекување. Консумирањето пилула најмногу се вклопува во секојдневната рутина на повеќето луѓе во споредба со пушењето, испарувањето или јадењето на специјалните прехранбени продукти со додаток на медицински канабис. Изработката на канабис капсулите дома е едноставен начин за да се осигурате дека внесувате чист органски лек кој е создаден специјално за да одговари на вашите индивидуални потреби


Сами направете си го лекот!
Дневната ниска доза на канабиноиди може да помогне во олеснувањето на широк спектар на заболувања, а кога третирате хронично растројство, важно е постојано да го снабдувате вашето тело со лековити канабиноиди. Постојат два начина кои треба да ги знаете кога правите свои капсули - капсули од масло или од декарбоксилиран сув канабис. Некои претпочитаат да прават капсули на база на масло, бидејќи сувиот канабис може да биде малку потежок за варење за чувствителните стомаци. 

Но, ако барате брзина и леснотија за време на лекувањето, пилулите од сув цвет од канабис се начинот што треба да го одберете затоа што е толку многу ефикасен. Правењето домашни канабис капсули не само што е креативно и забавно, можете да експериментирате со додавање и на други билки, темјан и сл. со цел да направите персонализиран лек. Можете дури и смесата што ја подготвувате за правење на канабис супозитории (со путер од кокос или какао путер), да ја искористите за подготовка на капсули. Капсулите можете да ги направите и од активиран киф. Капсулите од неактивирано масло/цвет се наменети за третирање на дијагнози кај кои потребни се канабиноидите токму во неактивирана форма како ТХЦ-А или ЦБД-А, таква болест е лупусот.

Најпрво купете си празни капсули или испразнете капсули од некакви органски суплементи! За да ја одредиме потентноста (јачината) на капсулите, треба да направиме брза и лесна математичка пресметка: Ние ќе користиме празни капсули со големина „0“ кои можат да содржат приближно 0,5 грама (тежина). За пресметување на количината на декарбоксилиран цвет од канабис, ние ќе претпоставиме дека употребениот материјал е приближно 5% ТХЦ. Ова значи дека има 50 мг ТХЦ на секој 1 грам (тежина) од растителниот материјал. Секоја капсула со пилули содржи околу 0,1 грам (тежина) растителен материјал кој има приближно 5 мг активиран ТХЦ. Со овие пресметки, секоја празна капсула наполнета со декарбоксилираните туфки ќе содржи околу 5 мг THC.

Персонализиран лек според вашите потреби и желби!
Кога станува збор за капсулите базирани на масло, можете многу лесно да ја прилагодите јачината само доколку знаете колку јако ви е маслото врз основа на тоа од каков материјал е направено и на каков начин. Најдобро е маслото пред да ги правите капсулите и/или чепчињата да биде анализирано во лабораторија (вакви испитувања веќе се прават и кај нас во Македонија). Значи треба само да внимавате колку од испитаното масло ќе ставите во секоја од капсулите. Ако сакате појака пилула, едноставно вметнете повеќе цвет во маслото. Како што споменав погоре, капсулата со големина 0 ќе содржи околу 0,4 грама (тежина), но ќе имаме за цел да ја наполниме капсулата за околу 80% од нејзиниот капацитет (400 мг / 0.4 грам во тежина што е еднакво на 0,4 мл во обем/волумен).

Во паксулите може да се стави: масло, киф или декарбоксилиран цвет...
  • Заради доследност, ќе претпоставиме дека просечен грам канабис содржи 50 мг THC. 7 грама канабис во ¼ чаша масло: (7 грама x 50 мг THC = 350 мг THC) - ¼ чаша = 62,5 мл

- 350 мг поделено со 62.5 мл = 5.6 мг на 1 мл;
- 5,6 мг THC на 1 мл x 0,4 мл (по капсула) = 2,24 мг THC.

  • 14 грама канабис во ¼ чаша масло: (14 грама x 50 мг THC = 700 мг THC) - ¼ чаша = 62,5 мл

- 700 мг поделено со 62.5 мл = 11.2 мг на 1 мл;
- 11,2 мг THC на 1 мл x 0,4 мл (по капсула) = 4,48 мг THC.


Ако сакате капсула на база на вметнато масло, започнете најпрво со набавка на готово (домашно) или со изработка на сопствено масло од каннабис - следете ги овие рецепти за да направите домашно масло со кокосово масло или маслиново масло. Ако сакате капсули со сурова или сушена билка, започнете со загревање на рерната на 105 степени целзиусови. Додека рерната се загрева, ситно мелете го канабисот со мелница за билки, мелница за кафе  или бибер или со аван и толчник. Покријте ја тепсијата за печење со пергаментна хартија и истурете го вашиот канабис рамномерно на врвот. Печете околу 20 - 60 минути, уверете се дека печката не се издига над 120 степени целзиусови.

Бидете креативни!
Ако барате дополнителен исцелителен удар од билни лекови или во некој рецепт, обидете се со додавање на некои од следниве билки во маслото од канабис или едноставно измешајте ги со правот од канабисот после декарбоксилација: за смирување или за несоница, додадете издробен корен од валеријана во капсулите, маточина, екстракт од лимон или цвеќе од хмељ. За хранливи капсули за збогатување на диетата и како супер храна додадете спирулина, хлорела, куркума. За зајакнување на имунитетот во дневните капсули додадете: ѓумбир, корен од гинко, корен од мака или астрагал.

Откако канабисот или маслото се декарбоксилирани, време е да се наполнат капсулите. Користењето на машината со калапи за капсули го скратува овој процес на 5 минути или помалку, но можно е да ги пополните и без оваа корисна алатка. Јас дефинитивно би Ви ја препорачала машината, тие се помалку од 50 долари ако ги нарачате на интернет и заштедуваат многу пари на долг рок ако постојано правите разновидни билни капсули, особено ако сте пациент со канцер или некоја друга сериозна болест.

Капсули со декарбоксилиран канабис
Започнете со одвојување на врвовите и дното од капсулите (долните страни се подолгите страни). Поставете ја долната половина од капсулите во основата на машината за капсули. Ако се решивте за капсулите од сува билка, истурете ја вашата билна смеса во машинчето за пилули. Користете пластична картичка за рамномерно распоредување на билките низ отворите на капсулите. Користете ја алатката за вметнување вклучена во комплетот за капсули за нежно притиснување на билките надолу во калапите и додадете уште повеќе ако има простор. Наполнете го капакот на машината со врвовите од капсулите и ставете ги во уредот. Извадете ја машината од нејзиниот држач и притиснете ја со двете раце додека не се спојат капсулите. Подигнете, извадете ги пополнетите капсули, ставете ги во тегличка и ВОАЛА!

Ако ги избирате капсулите базирани на екстракт, употребувајте шприц или капалка за внимателно и прецизно пополнување на дното на капсулите. (Забелешка: ако користите кокосово масло треба истото да се загрее за да стане течно со што ќе го олесните процесот на полнење. Сепак мора да внимавате затоа што ако маслото е премногу топло, капсулите може да се стопат, па затоа е важно да останете во таа неутрална температурна зона, а имајте предвид дека кокосовото масло и маслиновото брзо се загреваат). Откако ќе се наполнат капсулите, ставете ги врвовите на капсулите во капакот на уредот и ставете го во уредот. Движете ја машината и притиснете ја на врвот со двете раце. Подигнете, извадете ги пополнетите капсули и ставете си ги во тегличка - сега имате златни канабис капсули спремни за подобрување на вашето здравје!


Автор: MoniQue Konopova
Извор: Marijuana