Tuesday, April 30, 2019

ФОТО од 1910 година: Парижанка со нејзината мачка во нејзината канабис градина!

На оваа историска фотографија документирана е една прекрасна млада Французинка од Париз, која заедно со своите домашни миленици ужива во спокојот на нејзината бујна градина во 1910 година и чита дневен весник, градина во која вирее канабисот!


Фотографија од 1910 година, Франција
Оваа убаво облечена млада жена ужива во природата, а нејзини придружници се нејзината мека верна ангорска мачка и нејзината птица во кафез. Чувањето на птиците песнопојки како домашни миленици е хоби кое е старо како и античките Сумери, но малите домашни птици станаа статусен симбол во 1800-тите и почетокот на 1900-тите. Сигурно е тоа дека оваа млада дама ужива во друштвото на нејзините животни и растенија и седењето во градината е начин за поврзување со природата... Но, каков е симболот на канабис растенијата до неа? Дали само престижните луѓе одгледувале канабис или тоа бил можеби вообичаен „зеленчук“ застапен во сечија градина на почетокот од тој век? 


Интересно е тоа што нејзината градина содржи неколку растенија од сортата канабис. Тоа би можело да биде објаснето со фактот што најверојатно уникатните листови и живописното зеленило на канабисот го правело да е баран како градинарско растение, а можеби оваа млада дама или некој од нејзиното семејство ги користеле медицинските својства на канабис билката за лекување на некоја форма на заболување во тоа време. А, можеби во тоа време секој имал канабис во својата градина? На училиште по историја учиме за крајно неважни податоци што не може да ни помогнат во животот... Како и да било, историјата не можеме да ја промениме, но можеме да ја промениме иднината! Ајде, да го вратиме канабисот во нашите градини и полиња!!!

Уредник и (дипломиран) новинар: MoniQue Konopova
Извор: Themindcircle
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 

Малку забранета историја: Канабисот и војната во 1812 година

Историјата на канабисот во Африка и Америка

Истражувачите конечно потврдуваат дека ракот е болест создадена од човекот!

9 антички употреби на медицинскиот канабис

Малку забранета историја: Божиците на канабисот

9 докази дека Исус Христос ја користел Божјата билка за самолекување и исцелување на неговите следбеници

Откриени се златни бонгови од Ариевски цар!

За Фестивалот во Непал каде пушењето марихуана е светост!

Sunday, April 28, 2019

Дали канабисот во затворен простор расте подобро од оној одгледуван на отворено?

Внетре или надвор? Под сијалица или на сонце? Како е подобро? Можеби нешто помеѓу? Одговорот е поврзан со причината заради која канабиот е одгледуван. Повеќе производители на канабис во светот бараат да профитираат од одгледување на отворено, за производство на прехранбени артикли и пијалаци, но фармацијата бара строго контролирани (вештачки) услови за растење на билката


Внатре или надвор? Како е подобро?
Додека сигурно постои простор за дебата, многумина сметаат дека внимателно одгледуваниот индор (внатрешен) канабис дава најдобри суви цветови, додека пак, канабисот кој се одгледува на отворено и на големо може да одговара на потребите за оние сè уште недостапни екстракциони производи. Аутдор (надворешното) одгледување е добро кога „... не ви треба туфка со врвен изглед“ - вели Жанет ВандерМарел (Jeannette VanderMarel), ко-главен извршен раководител и директор на 48North Cannabis Corp. Затвореното производство нуди најголема контрола врз условите за одгледување. Полузатвореното производство со оранжерии/стакленици и пластеници е интересна опција и е некаде на средина, бидејќи иако тие се затворени простори, се потпираат на природната сончева топлина и светлина и често се изложени на влијанијата од надворешната средина, вели Алан Ревак (Allan Rewak), потпретседател за комуникации и односи со засегнатите страни во Emerald Health Therapeutics Inc.

Надворешно производство


Постојат три основни методи за одгледување на канабис на големо:

1. Контролирано затворено производство;
2. Оранжерии;
3. Надворешно одгледување со комерцијални размери - додава тој.



Кои се придобивките и недостатоците од растењето канабис надвор? 

Заштеда на енергија
48North беше првата компанија која аплицираше за одгледувачка лиценца на отворено во Канада, а ВандерМарел го наведува она што го гледа како неколку позитивни страни од одгледувањето надвор - одгледувачите имаат можност да добиваат поголеми и побрзи приноси кога висината и кореновиот раст на растенијата не се ограничени од стаклениците/пластениците или објектите за одгледување (grow rooms), што би можело да помогне во решавањето на недостигот од залиха во оваа индустрија. Најочигледните придобивки од растењето на отворено, сепак, се заштедите на енергија од растење во природна средина, како што е можноста за целосно искористување на сончевата светлина. Покрај тоа што овој начин е повеќе енергетски ефикасен, емисијата на јаглерод на полето е исто така многу помала, а исто така многу од пациентите веруваат дека најдобар благословен лек се прави од билките кои се одгледани на природен начин, наместо во вештачки услови.


Таа додава дека растенијата произведуваат терпени т.е. соединенија во етеричните масла, за да се заштитат од штетници и патогени. „Надвор, [канабис билките] имаат тенденција да произведат повеќе, бидејќи се повеќе изложени на елементите“ - забележува таа. Терпените, исто така, можат да ги подобрат медицинските ефекти на канабисот. Се разбира, растењето на отворено не е без предизвици, особено поради тоа што сезоната на растење е ограничена од зимите (во Канада), а голем недостиг кај овој начин е и непредвидливоста на временските климатски услови (како на пример премногу дождови, ветрови и сл.). „Можеби ќе имате можност да добиете една или две реколти, ако имате среќа, додека пак, можете да добиете три до четири во нормална година од стаклените градини во големи размери“ - вели Ревак.




Кои се придобивките и недостатоците од растењето канабис внатре?

Внатрешно одгледување - контролирани услови
Затворените објекти за одгледување и стаклениците, како и хибридните верзии на овие два производствени начина им овозможуваат на одгледувачите да растат преку целата година и да ги намалат ризиците од микробактерии и штетници. Ревак укажува на објектот на Aurora Cannabis надвор од меѓународниот аеродром во Едмонтон, кој е хибриден затворен објект со стаклен покрив (за сончева светлина), кој „е под висок притисок за да ги заштити честичките и опасните микроорганизми надвор од производствениот систем“. На отворено - „постои помал степен на контрола и зголемен ризик од надворешни фактори, без разлика дали тоа е микробактериски материјал од почвата, итн, така малку е потешко да се контролира квалитетот“.


Хибридни пластеници и стакленици (полузатворени простори)
Додека повеќето затворени објекти и оранжерии не се хибридни како што е објектот Aurora Sky вели Ревак, експертите се согласуваат дека недостатокот кај затвореното производство е дека тоа е најмалку енергетски ефикасен метод поради неговата употреба на вештачко осветлување додава ВандерМарел, потоа трошоци за греење и вентилација (HVAC - Heating, ventilation, and air conditioning). На крајот, ова го прави затвореното производство поскапо. Марк ЛеБланк (Marc LeBlanc), претседател на стартап компанијата во Њу Бранзвик (една од провинциите во Источна Канада) Solargram Farms Corp. вели дека неговата компанија има строго планови за на отворено сега, бидејќи се надева дека ова значително ќе ги намали трошоците за одгледување на канабисот. „Цифрите што ги гледаме за одгледувачите во затворен простор секаде се движат меѓу 1,50 до 3 долари за грам. Нашиот модел на трошоци е под 25 центи“ - вели ЛеБланк.


Употреба на сончевата светлина и топлина
ВандерМарел, исто така, изрази уверување дека приносите на нејзината компанија ќе достигнат приближно 25 центи за грам, додека информациите од веб-страницата на Канада Compliance Inc. забележуваат дека: „трошоците за производство на многу ефикасната операција во затворен простор од големи размери се движат од 1 до 3 долари за грам, додека отвореното одгледување, теоретски, може да донесе комерцијални трошоци за производство под 25 центи за грам врз основа на нашето моделирање“. ЛеБланк понатаму ги цитира неодамнешните бројки од Statistics Canada кои покажуваат дека околу 80 отсто од потрошувачите на канабис сè уште купуваат од црниот пазар и покрај легализацијата. „Тоа значи дека тоа е или поради цената или потрошувачите ги отфрлаат производите кои се веќе во продавниците за канабис“ - објаснува тој.


Генерално, растењето во затворени простории нема да излезе од употреба во скоро време. 48North на пример, ќе ги задржи своите два лиценцирани објекти за складирање на премиум сушени производи, но како потрошувачите настојуваат да купуваат повеќе екстракциони производи откако тие станаа легални, лиценцираните производители се надеваат дека оваа есен ќе предводат на патот со големите фарми. „Јас често ја користам аналогијата дека не нè гледате како растеме масло од канола или пченка за етанол во затворен простор. Тоа се надворешни производства и тоа е местото каде што било кој екстрактивен производ се одгледува“ - коментира ВандерМарел.


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Тhegrowthop

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Како инвеститорите на марихуана прават акции? 5 задолжителни книги пред да инвестирате во канабисот

Одгледувачите на зеленчук се свртуваат кон канабисот за да ја забрзаат промената

Како одгледувањето канабис ми помогна да станам експерт по градинарство


* * *

КОРИСНИ СОВЕТИ:







Saturday, April 27, 2019

Хенри Форд во 1941 создал автомобил од коноп што работел на масло од конопово семе

Неговиот прототип конопно-пластичен автомобил бил изграден од целулозна пластика од конопови влакна. Очигледно Форд сакал да го тргне својот „Модел Т“ од употребата на етанолот. Всушност Хенри Форд и Рудолф Дизел никогаш немале намера да користат бензин во своите автомобили!


Кога Хенри Форд (Henry Ford) неодамна го обелодени својот пластичен автомобил, како резултат на 12-годишни истражувања, тој му даде на светот увид во автомобилот од иднината, неговите јаки панели обликувани под хидрауличен притисок од 700 килограми на квадратен инч (psi) од рецепт кој повикува на 70 отсто целулозни влакна од пченична слама, коноп и Agave sisalana плус 30 проценти смолесто врзивно средство (лепило). Единствениот челик во автомобилот е неговата цевчеста заварена рамка. Пластичниот автомобил тежи еден тон, со што е за 450 кг полесен во споредба со челичен автомобил“ - велат Popular Mechanics.



Рудолф Дизел (Rudolf Diesel), пронаоѓачот на дизел моторот, го дизајнирал истиот да работи на зеленчуково масло и масло од семе како коноповото. Форд првично сакал неговите возила да се оттргнат од употребата на растителни масла од конопово семе и семе од други зеленчуци, наведувајќи дека „има доволно алкохол во годишен принос од еден хектар компири за да се управува со машините потребни за да се одгледуваат полињата за сто години“. Сепак, бензин индустријата тешко лобираше за да се задржат даноците на алкохолот високи и да се случи пад на цената на бензинот. Ова дури „се совпаднало“ со забраната на алкохолот и конопот во 1920-тите. Еве пооригинална снимка од Фордовиот конопно-пластичен автомобил:


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извори: Waking times, Minds

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:




* * *




Wednesday, April 24, 2019

Нова технологија наречена Cannavore за справување со отпадот од канабис

Компанија во градот Делта во Канада која има развиено пренослива технологија за обработка на отпадот од канабис, ја одбележа официјалната премиера на производот пред неколку дена. Новиот иновативен систем е наречен Cannavore и создаден е од страна на компанијата Micronwaste Technologies


Џорџ Харви и Карла Калтроу гости во Micronwaste Technologies
Откако веќе разви нов иновативен систем за конвертирање на отпадот од храна во чиста вода и компактни биосолиди, користејќи аеробен процес, Micronwaste Technologies сега го стори истото за отпадот од канабис, систем наречен Cannavore. „Овој објект ни овозможува да развиеме нови биолошки процеси за третман на органски отпад и отпадни води. Тоа ни овозможува брзо развивање на прототипови пред да изградиме комерцијално подготвен систем“ - рече претседателот и извршен директор на Micronwaste Technologies, Алфред Вонг (Alfred Wong). „Често го поставувам прашањето: ‚Кој е твојот таен сос?‘, Сфатив дека нашиот таен сос не е во нашиот патентиран био-процес, туку повеќе во луѓето со имагинација од оваа компанија“ - додаде тој.

Свечено отварање на новата технологија за канабис отпад
Претставник на Парламентот од Делта, Карла Калтроу (Carla Qualtrough) минатата недела беше гостин и говорник на настанот, велејќи дека компаниите како Мајкрон покажуваат дека Канада има можност да стане глобален лидер во технологиите за чистота. Исто така, присуствуваше градоначалникот на Делта, Џорџ Харви (George Harvie) кој разговараше за иницијативите на градот за поттикнување на повеќе индустриски развој и намалување на еколошките влијанија. „Технологијата што се развива и рафинира во овој објект е составен дел на решавањето на ова прашање на локален и одржлив начин. Управувањето со органскиот отпад онаму каде што е создаден на прво место, има многу смисла“ - истакна Харви.


Истакнувајќи дека правилата за отпад од канабис се исклучително строги, новиот процес на компанијата се одликува со серија специјално дизајнирана опрема што може да се транспортира во камионска приколка за употреба на било која локација каде што расте марихуаната. Тоа е технологија која доаѓа откако рекреативниот канабис е легализиран во Канада и повеќе одгледувачки операции, вклучувајќи неколку големи оранжерии во Делта, добиваат лиценци за растење на производот.

Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Vancouverisawesome





ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:



Wednesday, April 17, 2019

НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - Канабиноидите во третманот на неизлечива епилепсија (8 дел)

Извештаите за употребата на канабис во третманот на епилепсија се јавуваат уште во 1800 година п.н.е. Научни извештаи се појавуваат во 1881 година од невролози кои користеле индиски коноп за лекување на епилепсија со драматичен успех


Неизлечива епилепсија - Канабидиол (Cannabidiol)

Извештаите за употребата на канабис во третманот на епилепсија се јавуваат уште во 1800 година п.н.е. Научни извештаи се појавуваат во 1881 година од невролози кои користеле индиски коноп за лекување на епилепсија со драматичен успех. Употребата на терапија со канабис за третман на епилепсија се намалила со воведувањето на фармацевтските лекови: фенобарбитал и фенитоин и донесувањето закони со кои се забранува употреба на марихуана во САД. Експериментите со Δ9-THC покажаа хиперексцитабилност во ЦНС кај глувци, со зголемена невронска ексцитабилност и зголемена чувствителност кон конвулзии и не била употребена кај повеќето испитувања на неизлечива епилепсија. CBD, сепак, произведува антиепилептиформни и антиконвулзивни ефекти кај моделите in vitro и in vivo.


Како и со повеќето канабиноидни истражувања досега, спроведувањето на студиите може да биде тешко поради ограничениот легален пристап до медицинска класа на марихуана и фитоканабиноидни екстракти. Меѓутоа, ЦБД, добиен од коноп, неодамна доживеа помалку регулации и како резултат на тоа, истражувањата со употреба на ЦБД за рефрактерна епилепсија доживеаја повторно оживување. Неодамна, во 1980 година, Cunha et al., објави double-blind студија која го проценува ЦБД за неизлечива епилепсија кај 16 пациенти со големи напади. Секој пациент добивал 200-300 mg на ден од CBD или плацебо, заедно со антиепилептични лекови до 4 месеци. Тие откриле дека во групата со третман, 7 од 8 одговориле со помалку напади. Во плацебо групата 1 од 8 одговориле со помалку напади. Бидејќи овој извештај беше објавен, има обновен интерес за медицинска марихуана за клиничка употреба, но повеќето студии се изолирани извештаи за случаи и мали клинички испитувања. Сите овие укажуваат на тоа дека ЦБД, непсихоактивното соединение во канабисот, потенцијално може да биде корисно за контролирање на епи-нападите отпорни на лекови.


CBD ја намалува невронската хиперактивност кај епилепсијата

Севкупниот ефект на ЦБД се чини дека резултира со намалување на невронската хиперактивност кај епилепсијата. Како што беше дискутирано претходно, CB1 рецепторот е пресинаптички рецептор поврзан со G-протеин кој ги активира калциумовите канали со засилен напон и ја подобрува спроводливоста на калиум-каналот во пресинаптичките терминали. Додека Δ9-THC се врзува директно за CB1 рецепторите, CBD има индиректни ефекти со зголемување на ендогениот израз на анандамид. Анандамидот влијае на ексцитабилноста во невронските мрежи со активирање на транзиентниот рецепторен потенцијал (TRP). CBD регулацијата на Ca2 + хомеостазата преку неколку механизми може да придонесе за овие дејства, особено за делумни или генерализирани напади.



Ендогени канабиноиди

Ендогените канабиноиди влијаат врз иницијацијата, пропагацијата и ширењето на нападите. Студиите ги идентификуваа дефектите во ECS кај некои пациенти со нарушувања како рефракторни напади, особено со ниски нивоа на анандамид и намален број на CB1 рецептори во церебро-спиналната течност и ткивна биопсија. Дополнително, ЕКС е силно активиран од напади, а зголемената активност на CB1 рецепторната активност има антиконвулзивни ефекти. Фармацевтската компанија, GW Pharmaceuticals, во моментов го развива ЦБД лекот, Epidiolex®, кој е пречистен, 99% маслен ЦБД екстракт од билката канабис. Резултатите од неодамнешната отворена студија од 2015 година (без плацебо контрола) кај 137 лица со епилепсија отпорна на третман покажаа дека 12 недели со Epidiolex® го намалија средниот број на напади за 54%.


Имено, субјектите во оваа студија се движеле од 2 до 26 годишна возраст со просечна возраст од 11 години. Дозирањето за ЦБД (Epidiolex®) било 2-5 mg / kg дневно, постепено зголемувано до нетолеранција или до максимална доза од 25 mg / кг или 50 мг / кг дневно (зависно од локацијата на студијата). Иако оваа студија исклучиво бараше ефекти врз инциденцата на напади, не постојат докази дека антиепилептичните ефекти на ЦБД се ограничени на третманот на оваа состојба. Други отворени студии за Epidiolex® се во тек во САД. Во моментов, ФДА од САД даде дозвола да го користи овој лек за „сочувствителна употреба“ за ограничен број на субјекти со синдроми на епилепсија отпорна на третман, како што е Lennox-Gastaut синдром (детска епилепсија отпорна на третман, која се карактеризира со повеќекратни типови на напади и задоцнувања во развојот) кај деца и возрасни и кај Драветовиот синдром (тешка миоклонична епилепсија кај новороденчиња) кај деца.


Безбедност

Сеопфатен преглед на безбедноста и несаканите ефекти на CBD во 2016 година, како на студии врз животни и луѓе, опиша одличен безбедносен профил на ЦБД кај луѓето во широк спектар на дози. Најчесто пријавени несакани ефекти се замор, зголемен апетит. Во студиите споредувајќи други медицински лекови кои се користат за третман на овие медицински состојби, ЦБД, исто така, имаше многу поволен профил на несаканите ефекти. ЦБД има интеракции со честите хепатални (лекови) -метаболизирачки ензими, кои припаѓаат на семејството на цитохром Р450.


Дозирање

Не е во опсегот на овој преглед обезбедувањето какви било значајни препораки за дозирање на ЦБД или Δ9-THC. Како и другите канабиноиди, ЦБД може да дејствува со различни механизми според неговата концентрација или истовремено присуство на други канабиноидни лиганди. Генерално, поради значителни психоактивни својства на Δ9-THC, опсегот на терапевтските дози е ограничен. Со моментално проценети 850 брендови на производи од CBD од марихуана и 150 производи од коноп добиени на пазарот и уште поголем број на различни екстракти од Δ9-THC и марихуана растенија кои се одгледуваат за да произведат максимум Δ9-THC концентрација, препораките за универзална дозирање се скоро невозможни. Дозирањето треба индивидуално да се прилагоди (нула смртни случаи). За епилепсија сами направете си екстракт од сатива врсти на канабис и/или див коноп.



ЗАКЛУЧОК

Иако сојузните и државните американски закони се недоследни во врска со законитоста на производство на канабис, неговите сè повеќе документирани здравствени придобивки го прават уште еднаш релевантен во медицината. Тековните истражувања укажуваат на тоа дека фитоканабиноидите имаат моќен терапевтски потенцијал кај различни заболувања првенствено преку нивната интеракција со ендоканабиноидниот систем. CBD е од особен интерес поради своите широки способности и недостаток на несакани ефекти кај различни невролошки состојби и болести.



Потреба од едукација

Поради брзата легализација на медицинската марихуана од страна на мнозинството државни законодавства во САД, лекарите се соочуваат со недостаток на формално образование и основни познавања за можните индикации, несакани ефекти, интеракции и дозирање кога се препишува медицинска марихуана. Поради федералните ограничувања за човечки истражувања во САД, ни недостасува бројот и квалитетот на човечките испитувања кои обично се користат при пропишување лекови. Овој преглед на невролошките придобивки на фитоканабиноидите покажа значителни придобивки за невропротекција и редуцирање на широк спектар на невролошки болести и состојби кај луѓето.



Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извори: NCBI, Surgicalneurologyint

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ОВАА СТУДИЈА:

* НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - ОПШТО (1 дел) 

* НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - ВОВЕД (2 дел) 

* НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - Подетално за ЦБД и ЕКС (3 дел) 

* НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - Канабиноидни рецепторни интеракции и невропротективни ефекти на канабиноидите (4 дел) 

* НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - Употреба на лекови базирани на канабис за невродегенеративни состојби (5 дел) 

* НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - Невропсихијатриска и мозочна траума третирани со канабис (6 дел)

НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - Намалување на канцери (7 дел)

Tuesday, April 16, 2019

Конопот е новиот даб: Изградена е првата американска „конопно-дрварска“ фабрика!

Зошто да ги уништуваме шумите? „HempWood“ (даските од коноп) се за 20 проценти потешки од дабот и суровината расте 100 пати побрзо. Тоа е одржлива алтернатива за мебел од полно дрво, дрвени предмети, подови и многу повеќе


Даски од конопни влакна!
Сега кога е веќе легално да се одгледува коноп во САД, човекот кој ја минал последната деценија во развојот на „цврсто дрво“ од коноп, гради фабрика во вредност од 6 милиони долари за масовно производство на овој индустриски конопен производ. Неговиот патентиран производ наречен „HempWood“ е направен од компримирани растителни влакна од коноп, кои се спојуваат заедно со лепило засновано на соја. Додека тоа може да звучи како некоја нова верзија на шпер-плоча, тоа не е така.


Влакна од коноп

Изгледа и дава чувство како да е даб, но „конопното дрво“ всушност е за 20 проценти потешко од најпознатото цврсто дрво. Исто така, конопот расте побрзо за 100 пати (3-4 реколти во годината, бидејќи созрева за 3-4 месеци). Додека на дабовото дрво потребни му се најмалку 6 децении за да созрее. Тоа е добра вест за екологистите и за дабовите шуми, бидејќи тие се меѓу најзагрозените дрвја на планетата, поради високата побарувачка за цврст дабов мебел. Сопственикот на новата start up компанија Fibonacci, Грег Вилсон (Greg Wilson), беше пионер во индустријата за подови од бамбус пред конопот да стане легален.


Јажиња од коноп
Компанијата користи технологија популаризирана од кинеската индустрија за плетење бамбус, како надополнување на технологијата развиена во другата компанија на Вилсон, SmartOak, која создава конструирани производи од дрво користејќи трупови, кои инаку би биле претворени во дрвени струготини. HempWood ќе се користи за производство на блокови, плочки, подни летви, плочи за сечење и скејтборди, сите по цени кои се многу поевтини од дабот, велат од компанијата. Компанијата ќе биде со седиште во Кентаки, каде веќе се одгледува повеќе од 40.000 хектари коноп.


Може да изградите куќа од коноп!

Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извори: ThelakenewsReturntonow

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Ѕидање со коноп! Куќа од коноп изградена во руралните предели на Калифорнија!

Зошто на светот му е потребна еколошки биоразградлива пластика од коноп?

Како конопот може да ја деконтаминира почвата и да го спаси светот?

БИОГОРИВА - Eнергетскиот потенцијал на индустрискиот коноп!

Дознајте како и зошто конопот станал нелегален?

Friday, April 12, 2019

Конопфест 2019: „Билка што ЖИВОТ значи“ - во организација на здружението Билка

Ајде заедно да го прославиме нашиот празник - интернационалниот ден на канабисот 4/20! На 20ти април „КОНОПФЕСТ 2019“ оваа година под мотото „БИЛКА што ЖИВОТ значи“ ќе се одржи на два подиума со почеток во 13:00 часот во градскиот парк во Скопје!


Конопфест 2019: „Билка што ЖИВОТ значи“
КОНОПФЕСТ 2019 оваа година под мотото „БИЛКА што ЖИВОТ значи“ - ќе се одржи на два стејџа:

1. Школка во Парк, каде што ќе се одржат неколку едукативни предавања, по што ќе следува настап на диџеи;
2. Полјаната Вембли, на која ќе настапат повеќе реномирани македонски бендови и артисти.

Оваа година ги споивме силите со Универзална сала со која заедно ќе го коорганизираме овогодинешниот КОНОПФЕСТ“ - велат основачите на здружението Билка во објавениот настан на нивната фејсбук страница. 

Конечниот line up за годинешниов Коноп Фест!
Едукативен дел:

- Предавање на основачот на БИЛКА, м-р адвокат Јанаки Митровски на тема: „Приватизација на канабис“;
- Предавање на основачот на БИЛКА, д-р Дарко Костовски на тема: „Употреба на канабисот во тртетман на опијатски зависности“;
- Предавање на активистот Давор Ангеловски на тема: „Медицинска употреба на канабис“;
- Мини перформанс на тема: „Канабис екипа Партизани“.

КЛИКНИ ТУКА!
Дојдете во што е можно поголем број за да упатиме јасна порака до политичките фактори дека сме свесни, дека сме тука, дека сме многу и дека не сме криминалци! БИЛКА веднаш по завршувањето на претседателските избори ќе поднесе предлог законски измени на Кривичниот Законик кои доколку се усвојат ќе доведат до декриминализација на канабисот! Нашето здружение 420 Македонија ќе има свој промотивен штанд на овогодинешниот Конопфест! Граски парк - Булевар Илинден - Се гледаме СОБОРЦИ!

Погледнете го најновото интервју на м-р Моника Ристеска (Monique Konopova), дипломиран новинар и Претседател на здружението за демистификација на канабисот 420 Македонија со адвокатот м-р Јанаки Митровски, Основач на здружението за декриминализација на канабисот и унапедување на животната средина Билка, по повод „Конопфест 2019 - Билка што ЖИВОТ значи“, којшто ќе се одржи на 20ти април во градскиот парк во Скопје!

Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Билка

Wednesday, April 10, 2019

Дали знаевте дека може да консумирате канабис преку папокот?

Канабисот е воодушевувачки природен лек, користен од страна на сите култури со векови. Исто така, тоа е лек кој за разлика од другите лекови може да се користи на различни начини, во зависнот од потребите, можностите и желбите. Канабисот може да се консумира преку вдлабнатината во средишниот дел на мевот што сите ја имаме од раѓањето, а се јавува како последица на прекинувањето на папочната врвца


Раната на папокот најбрзо заздравува со нанесување канабис
Некои од најчестите начини на користење на овој лек се преку методите на инхалација, потоа пушењето на исушен цвет или вапоризирање  на цветовите, односно цврстите екстракти или маслените екстракти, преку јадење на масла или тинктури екстрахирани од растението или пак, со помош на надворешно мачкање на екстракти/кремови/масти/лосиони на кожа или анална/вагинална апликација со помош на супозитории. Другите вообичаени методи на внесување канабис вклучуваат јадење храна со додаден канабис, сублингвални тинктури базирани на алкохол и капсули од канабис. Исто така, постојат лепенки за болка со канабис, сапуни итн.


Тетоважите, исто така, најбрзо заздравуваат со канабис!
Еден невообичаен начин на внесување канабис за кој многу малку се зборува среде научната фела и најчесто не се користи (токму поради тоа што е непознат од страна на корисниците) е консумирање канабис преку папокот, метод наречен „Печоти“ (Pechoti). Овој начин на консумирање канабис е доста користен во некои култури ширум светот. Овој метод на употреба на канабис можеби не е најпопуларниот во „модерниот“ свет, но нуди многу потенцијални придобивки кои не ги овозможуваат другите методи на консумирање на оваа лековита билка.



Значи, што е Печоти? Едноставно кажано, тоа е жлезда зад папокот на стомакот. Во текот на бременоста, хранливите материи и кислородот се пренесуваат од мајката во нејзиниот фетус, преку папочната врвца. На крајот од таа папочна врвца се наоѓа жлездата Печоти, која останува по раѓањето. Секој човек ја има оваа жлезда која е поврзана со повеќе од 72.000 нерви кои поминуваат низ телото кон различни органи и ткива. Во земјите и културите кои практикуваат Ayurveda медицина, примената на масла низ дупчето од стомакот преку Печоти е вообичаена практика за решавање на многу различни физички и ментални заболувања. Нанесувањето екстракти во папокот за да бидат апсорбирани преку жлездата Печоти се користи за лекување на практично сè: од суви очи и слаб вид, па сè до болки во зглобовите, летаргија, гастроинтестинални проблеми и многу повеќе. 


Во папокот има многу бактерии, затоа нанесувајте канабис!
Со примена на масло од канабис во папокот на стомакот, канабиноидите имаат способност брзо да стигнат до секој дел од вашето тело преку ендоканабиноидните рецептори без да го почувствувате хајот, слично како со чепчињата. Ова е нешто што ниеден друг начин на аплицирање не може да го обезбеди.  Доколу имате инфекција на папокот или сакате побрзо да ви заздрави пирсингот на папокот, овој начин на консумирање канабис (со нанесување екстракт или тинктура во папокот) е најсоодветен, затоа што секогаш активните состојки од канабисот треба да се аплицираат што е можно поблиску до болното место. Децениите на забраната ги погребаа традиционалните методи на консумирање, како што е преку жлездата Печоти во папокот на нашите стомаци. Како што легализацијата на канабисот продолжува да се шири, а во подем се исто така и истражувањата на оваа тема, може да очекуваме само да дознаваме за уште поневеројатни начини на уживање во овој растителен лек.


Интересни факти за папоците

Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: CannaLance


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Дац најпрво го отстрани меланомот мачкајќи го со канабисово масло, а сега ја нема повеќе и лузната!

Инструкции од Рик Симпсон за лекување рак на кожа - меланом и изгореници со канабисово масло!

Канабис и болести на очите. Како канабисот влијае на окуларното здравје и видот?

Thursday, April 4, 2019

НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - Намалување на канцери (7 дел)

Синергијата на фитоканабиноидите ТХЦ и ЦБД за намалување на секакви видови на туморски клетки. Употреба на кнабис за глиобластома мултиформ. Студиите на животни и луѓе покажаа дека Δ9-ТХЦ и ЦБД, комбинирани и одделно, имаат значителни антитуморни дејства. ЦБД во комбинација со ТХЦ го намалува растот на различните туморски ксенографти


Рак (Синергијата на ЦБД и ТХЦ)

Ракот е болест која се карактеризира со неконтролирана поделба на (измутирани) клетки со нивната способност брзо да се шират. Новите антиканцерогени агенси често се тестираат за нивната способност да предизвикаат апоптоза и да ја одржуваат стабилната состојба на клеточната популација. Во раните 1970-ти, фитоканабиноидите покажаа дека го инхибираат растот на туморите и го продолжуваат животот на глувците со аденокарцином на белите дробови. Подоцнежните студии покажаа дека канабиноидите го инхибираат растот на туморските клетки и индуцираат апоптоза преку модулирање на различни патишта за сигнализација на клетките во: глиомите, лимфомите, клетките на простатата, дојките, кожата и клетките на ракот во панкреасот.


Употреба на кнабис за глиобластома мултиформ (glioblastoma multiforme)

Glioblastoma multiforme (GBM) е најчестата класа на малигни примарни мозочни тумори. Студиите на животни и луѓе покажаа дека Δ9-ТХЦ и ЦБД, комбинирани и одделно, имаат значителни антитуморни дејства врз растот на канцерогените клетки кај ГБМ. Механизмот на антитуморското дејство на Δ9-THC е преку ER сигнализацијата поврзана со стресот и зголемување на регулацијата на транскрипционите коактиватори кои ја промовираат автофагијата.


ЦБД во комбинација со ТХЦ го намалува растот на различните туморски ксенографти

ЦБД, исто така, се покажа дека го намалува растот на различните типови на ксенографти, вклучувајќи ги и глиомите. Се смета дека механизмот на делување на ЦБД е зголемено производство на ROS (Reactive oxygen species) во глиомните клетки, со што се индуцира цитотоксичност или апоптоза и автофагија. ЦБД е способен да ја инхибира инвазијата и метастазите на клетките на ракот посредувани со инхибиција на факторот кај епидермален раст, NF-κB и mTOR патеките. mTOR сигнализирачкиот пат делува како централен регулатор на клеточниот метаболизам, растот, пролиферацијата и опстанокот и е круцијален за супресија на туморот. ЦБД, исто така, ја намалува ангиогенезата преку делување на туморот и на ендотелните клетки. Комбинираната администрација на THC и CBD во моментов е терапевтски испитувана во студии на луѓе.


Во февруари 2017 година, GW Pharmaceuticals објави позитивни резултати од контролирана плацебо клиничка студија во фаза 2 од нивниот комерцијален лек што комбинира Δ9-THC и CBD, спроведена на 21 пациент со повторлив GBM. Резултатите покажаа 83% годишна стапка на преживување на терапијата, во споредба со 53% кај пациентите во плацебо групата (P = 0.042). Средното преживување беше поголемо од 550 дена, во споредба со 369 дена кај плацебо групата. Оваа фармацевтска компанија подоцна добила Orphan Drug Designation од Американската администрација за храна и лекови (FDA) и Европската агенција за лекови (European Medicines Agency - ЕМА) за нивната комбинација на Δ9-THC и CBD за третман на малигните глиоми.


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извори: NCBI, Surgicalneurologyint


ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ:

Нашето тело е создадено да консумира канабис - мозочните клетки имаат рецептор за THC!

Тајните на канабиноидите и нивните медицински придобивки

Како и зошто настанува ракот според Ото Варбург и како може да се спречи и излечи?


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ОВАА СТУДИЈА:

* НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - ОПШТО (1 дел) 

* НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - ВОВЕД (2 дел)

* НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - Подетално за ЦБД и ЕКС (3 дел)

* НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - Канабиноидни рецепторни интеракции и невропротективни ефекти на канабиноидите (4 дел)

* НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - Употреба на лекови базирани на канабис за невродегенеративни состојби (5 дел)

НАУЧНА СТУДИЈА: Преглед на невролошките придобивки од фитоканабиноидите - Невропсихијатриска и мозочна траума третирани со канабис (6 дел)