Monday, October 30, 2017

Други растенија кои содржат состојки слични на канабиноидите, но не се канабис

Марихуаната доби централно место како едно од најкорисните лековити растенија на планетава, впрочем се покажа дека е најкорисното од сите (над 50 илјади регистрирани употреби)  и најбезбедното од сите (0 смртни случаи). Но, дали знаевте дека постојат и други растенија, цвеќиња, билки и зачини коишто исто така содржат соединенија слични на канабиноидите? ДА!

Чоколадото го зголемува износот на анандамид во телото
Канабиноидите се природни хемиски соединенија кошто се поврзуваат со најголемиот регулаторен систем во нашето тело наречен Ендоканабиноиден систем (ЕКС). ЕКС е одговорен за одржување на хомеостазата во телото. Хомеостазата е совршен внатрешен баланс кој е потребен за оптимално здравје. Подолу е листа на растенија коишто не се марихуана, коишто се легални и кои исто така се имаат улога во ендоканабиноидниот систем, сепак ништо не може да ја замени терапевтската моќ и нетоксичноста на канабисот... Канабис растението го отвори патот за откривање на ендоканабиноидниот систем во нашите тела. Сега ботаничарите и природните научници сметаат дека молекулите слични на канабиноидите во растенијата се поприсутни отколку што првично се сметаше. Сите растенија наведени погоре имаат вредни терапевтски својства. Многу од нив се користат како традиционални лекови со векови. Ние само што започнуваме да разбираме зошто тие се покажаа како толку корисни.


Echinacea
ЕХИНАЦЕА (Echinacea)

Медицинските употреби на ехинацеата се добро познати и далеку достижни. Ова растение може да направи по малку од сè - од борба против обична настинка до олеснување на симптоми на анксиозност, замор, артритис, мигрена и други болести. Се чини дека некои видови на ехинацеа содржат соединенија кои го стимулираат ЕКС слично како канабиноидите. Поконкретно, тие содржат канабимиметици (cannabimimetics). Овие хербални канабимиметици се малку поинакви од оние што се наоѓаат во марихуана растението. Овие соединенија се познати како N-алкил амиди (N-alkyl amides - NAAs). Канабимиметиците во растението ехинацеа комуницираат со CB2 рецепторот. Овој рецептор во голема мера е одговорен за регулирање на имунолошкиот систем и воспалителниот одговор. Во канабисот, психоактивниот канабиноид ТХЦ е примарен стимулатор на CB2 рецепторот. Афинитетот на TХЦ со овој рецептор е делумно поради тоа што се очекува да биде ефикасен во лекувањето на нарушувањата поврзани со воспаленија. Исто така, познато е и дека растението Oxeye (Heliopsis helianthoides) ги содржи овие видови на канабимиметици.


Acmella oleracea
ЕЛЕКТРИЧНА МАРГАРИТКА - (Acmella oleracea)

Исто така познат како растение за забоболка, по потекло од Амазон може да биде претворена во силен гел против болки. Официјалните испитувања на овој гел базиран на растителна основа спроведени од Универзитетот Кембриџ откриле дека растението било успешно во блокирањето на рецепторите за болки во нервните завршетоци. Канабиноидните соединенија познати како N-изобутиламиди (N-Isobutylamides) делуваат на CB2 рецепторот, со тоа што ова цвеќе со чуден изглед го прави моќен лек против болки и воспалителни процеси. Оваа билка е толку моќна, што во моментов се смета за нов лек по избор за стоматолозите кои работат со болни заболувања, како што се осмиците (умниците). 


Helichrysum umbraculigerum
HELICHRYSUM UMBRACULIGERUM

Оваа маргарита која е по потекло од Јужна Африка содржи соединение слично на канабигерол (CBG). CBG има антидепресивни својства, го стабилизира на расположението и има анти-воспалителни својства. За време на предавањето на годишниот состанок на Меѓународната организација за канабиноидни истражувања, италијанскиот хемичар за природни производи, Џовани Апендино (Giovanni Appendino), објави дека сортата хелиризиум се користела „како конопот, за да се создадат испарувања во ритуалните церемонии“ во африканската фармакологија. Тој, исто така, сугерираше дека соединенијата во ова растение може да имаат „психотропско дејство... слично на канабиноидите“.


Radula marginata
ЛИВЕРВОРТ (Radula marginata)

Излегува дека може да има друга верзија на THC во светот. Оваа Новозеландска ливерворт содржи перротетиненска киселина (perrottetinenic acid). Прво е откриена во 2002 година, а најважно е тоа што оваа киселина е неверојатно слична на THC. Дури се очекува да дејствува и на CB1 рецепторот. CB1 рецепторот е примарно место за врзување на THC и е она што му дава на соединението психоактивни ефекти. Досега не се пријавени никакви психоактивни ефекти за оваа сорта растение. Но, растението историски се користи како природен третман за бронхитис, како и за проблеми со жолчното кесе, црниот дроб и мочниот меур. Ова навестува дека постои голема медицинска вредност во овие лишаи.


Theobroma cacao
ЧОКОЛАДО - (Theobroma cacao)

Познато е меѓу пушачите на канабис дека ако консумирате темна чоколада пред да се надувате, тоа го зголемува вашиот хај. Ова е затоа што чоколадата содржи соединенија кои се поврзуваат со ендоканабиноидниот систем. Слично на непсихоактивниот ЦБД пронајден во марихуаната, чоколадото содржи соединенија кои комуницираат со одреден ензим во телото. Овој ензим е познат како FAAH. FAAH е одговорен за распаѓањето на ендоканабиноидот познат како анандамид во нашите тела. Анандамид е нашата природна верзија на ТХЦ. Соединенијата во чоколадото го блокираат овој ензим, зголемувајќи го износот на анандамид во телото. Ова нè прави да се чувствуваме среќни, опуштени и генерално добро. Понатаму, во 1996 година, истражувачите од Институтот за невронаука во Сан Диего, откриле дека две одделни соединенија во чоколадото делуваат како канабиноиди во телото, но нејасно било дали делуваат преку директен или индиректен ангажман со канабиноидните рецептори. 


Piper nigrum
ЦРН БИБЕР (Piper nigrum)

Некои видови марихуана како Hash Plant имаат вкус и арома на бибер. Причината за ова? Тие содржат високи нивоа на одреден терпен, наречен бета-кариофилен (beta-caryophyllene - BCP). Терпен е ароматска молекула што се наоѓа во етеричните масла од растенијата. Не е изненадувачки, овој посебен вкус исто така се наоѓа во црниот бибер. Речиси неодамна беше откриено дека BCP всушност функционира како канабиноид. Како и многу други растителни соединенија наведени во оваа статија, BCP има врзувачки афинитет со CB2 рецепторот. Истражувањата сугерираат дека антиинфламаторните соединенија на овој терпен го прават терапевтски вреден за лекување на состојби како што се артритис и остеопороза. Други истражувања покажаа дека BCP може да ја зголеми ефикасноста на лековите против рак. Ова се само неколку растенија кои се покажаа дека се врзуваат со ендоканабиноидниот систем. Неколку други се Перуанска мака и Кинески рододендрон

Автор: К. К.
Извор: HERB

Saturday, October 28, 2017

Како да направите хашиш со мраз?

Хашот е форма на канабис концентрат, а хашишот со мраз функционира на принципот дека трихомите се потешки од водата, додека вегетативниот материјал не е

Дејството на канабисот многу зависи од начинот на консумињање, а секој екстракт, тинктура, било која форма на препарат од канабис (во помала или поголема мера) е лековит (нула смртни случаи). Користете мешалка за целосно да го измешате материјалот со ледената вода и ослободете ги трихомите.

Ледената вода се користи, бидејќи ги замрзнува жлездите, така што тие лесно се отстрануваат (може да го ставите и садот во замрзнувачот и до два часа однапред). Потоа извадете ја водата и зелената материја и ќе ви остане хашиш богат со трихоми. Ова ќе треба филтрирање до одреден степен, бидејќи сè уште ќе содржи вода. Го најдовme овој рецепт на Порталот Growers Guide to Cannabis, но процесот е адаптиран за да може да се направат неколку од овие серии истовремено.

Ќе ви требаат:

* кофа/леѓенче;
* прскалка;
* дрвена/метална лажица;
*парче картон;
* пешкир;
* блендер или сад и миксер;
* контејнери/садови и вреќи;
* филтери за кафе за повторна употреба или мрежа (приближно 155 микрони со прачки изработени од влакна од поединечно влакно);
* хартиени кафе филтри;
* мраз;
* мелница за кафе (опционално).

Погледнете го видеото за да ви стане појасно. Водич за правење хашиш со мраз чекор по чекор. Имајте убав викенд :)


Friday, October 27, 2017

Како и зошто вашиот мозок произведува сопствени канабиноиди?

Како што веројатно веќе знаете, за разлика од водата, компирот и многуте најпродавани фармацевтски лекови, практично е невозможно предозирањето со марихуана!!! Нема да можете да го сфатите овој извонреден атрибут на тревата, ако не се едуцирате малку повеќе на оваа тема. За да разберете како е невозможно од канабис летално (смртно) да се предозирате, треба да го сфатите фактот дека човечкото тело всушност произведува сопствени „ендогени“ канабиноиди - наречени „ендоканабиноиди“

Еве како функционира ЕКС - ендоканабиноидниот систем
Ендоканабиноидите претставуваат хемикалии што нашето тело природно ги создава и ако имаме недостаток од нив потребно ни е екстерно внесување на канабиноиди, кои се најзастапени во растението канабис). Овие состојки - без разлика дали се формирани во мозокот или се вдишуваат преку  џоинт (или внесуваат на поинаков начин) -  се соединуваат со маснотиите кои се вклопуваат во серија специјализирани рецептори лоцирани низ човечкото тело, со најголема концентрација во хипокампусот (кој ја регулира меморијата), церебралниот кортекс (спознанието), церебелумот (моторната координација), базалната ганглија (движење), хипоталамусот (апетитот) и амигдалата (емоциите).


Канабиноидните рецептори се пронајдени во секој животински вид сè до сунѓерите“ - изјави доктор Доналд Абрамс (Donald Abrams), Директор на хематологија/онкологија во Општата болница во Сан Франциско и водечки научник за медицинска марихуана. Д-р Абрамс даде прекрасно интервју за порталот VICE и дискутираше за канабиноидните рецептори во првата епизода на Weediquette, емисијата на VICE за сите нешта за марихуаната на нивниот нов телевизиски канал - VICELAND. Епизодата ги истражува потенцијалните терапевтски придобивки на ТХЦ кај деца со сериозни болести. Кога ќе се спореди со несаканите ефекти на другите (фармацевтски/конвенционални) лекови кои обично им се препишани на децата со рак, одлуката на родителите за администрирање на големи дози на висококонцентрирано масло од канабис сомногу ТХЦ на нивните болни деца, се чини дека секогаш не само што е подобар, туку вистинскиот избор!


Прво идентификуван во доцните 1980-ти, таканаречениот ендоканабиноиден систем се состои од CB1 рецептори, претежно лоцирани во нервниот систем, сврзното ткиво, жлездите и органите; и CB2 рецептори, коишто првенствено се наоѓаат во имунолошкиот систем и исто така се присутни во виталните органи како: слезината, црниот дроб, срцето, бубрезите, коските, крвните садови, лимфните клетки, ендокрините жлезди и репродуктивните органи. Овие рецептори може да се стимулираат и модулираат со соединенија наречени ендоканабиноиди кои се произведуваат природно во телото, како што е анандамид (ананда е санскритскиот збор за блаженство); Потоа со ингестирање на збир од тесно поврзани фитоканабиноиди (канабиноиди од растително потекло) како што се тетрахидроканабинолот (THC) или канабидиолот (CBD); или со внесување на синтетички канабиноиди произведени во лабораторија (синтетичките канабиноиди имаат бројни несакани последици, затоа што не се од природно потекло). По поврзувањето со рецепторите во телото што ги соединуваат како брава и клуч, овие ендо, фито и/или синтетички канабиноиди произведуваат широк спектар на физиолошки ефекти, менувајќи, т.е. регулирајќи сè: од крвниот притисок, преку реакцијата на болка, подобрување на меморијата, до подобрување на апетитот и подобрувањето на свеста.

Ендогениот канабиноиден систем, именуван по растението што доведе до негово откривање, можеби е најважниот физиолошки систем вклучен во воспоставувањето и одржувањето на здравјето на луѓето“ - вели д-р Дастин Сулак (Dustin Sulak), водечки лекар за тоа што некои ја нарекоа „канабинопатичната медицина“, за време на предавањата на конвенцијата NORML 2010. „Во секое ткиво, канабиноидниот систем врши различни задачи“ - рече тој. „Но, целта е секогаш иста: хомеостаза, одржување на стабилно внатрешно опкружување и покрај флуктуациите во надворешното опкружување“ - заклучува тој. Гледајте ги сите епизоди на „Weediquette“, не само „Weediquette“ епизода 1 - „Stoned Kids“, на едукативниот непристрасен телевизиски канал VICELAND. Помислете на ендоканабиноидниот систем како оперативен систем на „коренот“ на вашето тело - еден вид централна процесорска единица која го регулира и менува функционирањето на многу други важни системи и ја одржува рамнотежата.


Мартин Ли (Martin Lee), автор на „Smoke Signals: A Social History of Marijuana“ („Димни сигнали: општествената историја на марихуаната“), во својата книга забележува дека канабиноидните рецептори се повеќе изобилство во мозокот отколку кој било друг вид рецептор на невротрансмитер и „функционираат како суптилни сензорни уреди, мали вибрирачки скенери кои постојано се подготвуваат да ги земат биохемиските знаци кои течат низ течностите околу секоја клетка ... Кога ќе му се допадне ТХЦ или нејзините ендогени роднини, овие рецептори предизвикуваат каскада на биохемиски промени на клеточно ниво што става кочници врз прекумерната физиолошка активност. Ендоканабиноидите се единствените невротрансмитери кои се вклучени во  „ретроградната сигнализација“, форма на интрацелуларна комуникација која го спречува имунолошкиот одговор, го намалува воспалението, ја релаксира мускулатурата, го намалува крвниот притисок, ги проширува бронхијалните премини и ги нормализира престимулираните нерви. Ретроградната сигнализација служи како механизам за инхибиторна повратна информација, кој им кажува на другите невротрансмитери, кога тие се отпуштаат премногу брзо“ - објаснува тој.


Откривањето на ендоканабиноидниот систем започнало длабока промена во разбирањето на медицинската наука за невролошкото функционирање. Во студијата од 2006 година објавена во Фармаколошки преглед, Националниот истражувачки институт за здравство (Pharmacological Review, National Institute of Health), истражувачот д-р Пал Пакер (Pal Pacher), го објасни когнитивниот скок што се одвиваше. „Во изминатата деценија, ендоканабиноидниот систем е вмешан во сè поголем број на физиолошки функции, како во централниот, така и во периферниот нервен систем и во периферните органи“ - пишува д-р Пакер. „Модулирањето на активноста на ендоканабиноидниот систем се покажа дека има терапевтско ветување во широк спектар на различни болести и патолошки состојби, почнувајќи од нарушувања на расположението и анксиозноста, нарушувања на движењето како Паркинсонова и Хантингтонова болест, невропатска болка, мултиплекс склероза и повреда на 'рбетниот мозок, рак, артериосклероза, миокарден инфаркт, мозочен удар, хипертензија, глауком, дебелина/метаболичен синдром и остеопороза, за да се именуваат само неколку“ - додава тој.


Но, што се случува кога намерно ја нарушувате способноста на телото да го стимулира ендоканабиноидниот систем со употреба на навидум безбедните конвенционални лекови препишани од доктор? Целиот организам може да ни се поремети, а во краен случај може да дојде до смрт, како што беше откриено кога Големата Фармација го тестираше Римонабант (Rimonabant), лек против дебелина дизајниран да создаде еден вид „обратен манчис“ со спречување на канабиноидите (ендо или фито) од врзувањето кон CB1 и CB2 рецепторите. „Munchies“ е термин што означува предизвикување на глад, што е честа последица од консумирањето марихуана - ова е природен процес - поради забрзан метаболизам и ненормално е создавањето на синтетички лекови коишто го нарушуваат нормалниот тек на  метаболизмот и воедно на целиот наш организам.  Оние кои се запишале во планираната 33-месечна студија за Римонабант, пријавиле намалувањето на вкупниот апетит при земање на лекот, но исто така покажале зголемување на депресивното расположение и со тоа зголемен ризик од самоубиство, толку изразено што студијата била прекината по малку од една година. Резултатот од студијата биле четири самоубиства! :(

Од канабис сè уште никој не умрел и ретко кој научник на Балканов се решава да го тестира, а придобивките се безбројни не само во полето на медицината! „Пациентите кои земаат Римонабант пријавиле дека се чувствуваат депресивни и имаат сериозни размислувања за извршување на самоубиство“ - објави Психологија денес (Psychology  Today). Канабисот секогаш дава желба за живот и воопшто не предизвикува самоубиствени мисли. „Тоа беше како пациентите да ја изгубиле способноста да искусат задоволство ...“ - [што] им кажува на невролозите дека нашиот ендоген систем за марихуана вообичаено е вклучен, директно или индиректно, во контролирањето на нашето расположение и ни овозможува да доживееме задоволство. Антагонизирањето (спречувањето) на активностите од оваа хемикалија во мозокот доведуваат до депресија со можни опасни последици. За повеќе информации за ендоканабиноидниот систем и за родителите кои го тестираат канабисот како третман за педијатриски карцином, изгледајте ја внимателно првата епизода насловена „Stoned Kids“ (надувани деца), првата епизода на серијата Weediquette на VICELAND. Едуцирајте се и погледнете ги сите останати епизоди од оваа прекрасна едукативна серија, којашто нашиот тим 420 Macedonia им ја препорачува за како домашна задача на сите македонски даватели на здравствени услуги!!! 



Автор: Кристина Т.
Извор: VICE

Thursday, October 26, 2017

Националниот институт за рак признава дека ТХЦ предизвикува 45% ремисија кај рак на мочен меур, рак на дојка и рак на црниот дроб

Американскиот Национален институт за рак (National Cancer Institute) неодамна го објави извештајот за медицинската марихуана. Прегледот на нивниот заклучок е дека THC (активната состојка во марихуаната) предизвика 45 % намалување на ракот на мочниот меур, ремисија во рак на дојка и црн дроб и многу повеќе

Dr. Christine Sanchez

Националниот институт за рак конечно признава дека ТХЦ предизвикува 45% ремисија кај рак на мочен меур, рак на дојка и рак на црниот дроб и не само тоа! Научниците утврдија дека не постои смртоносна доза на марихуана, пренесува The National Marijuana News пред речиси две години, уште во декември 2015 година, а кај нас се молчи за ова! И потенцијалот на зависнот е значително понизок од било кој друг лек кој е на располагање. Меѓу нивните наоди, тие откриле дека канабисот не е поврзан со несаканата пулмонална функција и не предизвикува рак на белите дробови или било каков рак на аеродигестивниот тракт. Канабисот не предизвикува други видови на рак!


Поздрав од фановите!
Тие откриле дека канабисот има голема анти-туморна активност. Преку нивното тестирање тие утврдиле дека канабисот е поефективен од конвенционалните антиеметици (лекови кои го олеснуваат гадењето). Дури и инхалираната марихуана била поефикасна и побезбедна во споредба со било што кај мачнини предизвикани од хемотерапија или било кој друг третман. 


Некои од нивните други наоди се: 

- апетитот под дејство на канабисот се зголемува на 75 % во споредба со најефективниот лек  за зголемување апетит кој има зголемување од 49 %;

-зголемување на телесната тежина на 11 % во споредба со најефикасниот тековен лек за таа цел кој има зголемување од 3 %.

Кај болка од рак на база на опијати, марихуаната има значително намалување на интензитетот на болката, значителни аналгетски ефекти, антимеметички ефекти и симетрија за апетит. Истражувачите исто така, докажаа дека ТХЦ е поефикасен отколку кодеинот. Околу 10 мг ТХЦ било поефикасно од 60 мг кодеин. 

Поздрав од Битола <3
Немало зголемување на дозата на THC која е потребна при долготрајно управување со болката. Се покажало дека инхалираниот ТХЦ е поефективен во справувањето со невропатската болка отколку моменталната медицина. 

Исто така, покажа подобрување на квалитетот на спиењето и чувството за помала анксиозност. Ова се само некои од наодите на Националниот институт за рак. Сојузната Влада го направи тоа, така што ниту една држава не може да се гони за спроведување на медицинската програма за марихуана. 


Автор: К. К.

Wednesday, October 25, 2017

Програма за обука на докторите за марихуаната во Масачусетс

Македонските лекари постојано треба да се едуцираат за канабисот, нашата земји да ги испраќа во странство на обуки каде што марихуаната веќе одамна е легализирана/декриминализирана, наместо да си продолжуваат да работат во заблуди и да се едуцираат од нас активистите и новинарите. Медицинското друштво во Масачусетс обезбедува континуирана медицинска едукација за здравствените работници ширум светот и се смета за орган за медицинско образование и неодамна објави дека ќе понуди курс за користењето на канабисот за различни медицински цели

Друштвото користи наставна програма развиена од The Answer Page, веќе добро познат снабдувач на медицинско образование. Поголемиот дел од ваквите програми за медицинската марихуана од страна на државата, строго ја контролираат употребата, производството и дистрибуцијата на канабисот и медицинските производи кои содржат канабис, што е добро поради тоа што се воведуваат одредени стандарди, но сепак има низа недостатоци. Поради премногу брзиот развој на индустријата за медицинската марихуана, лекарите и останатите здравствени работници може да се соочат со потешкотии во тоа да останат во тек со потенцијалните употреби и придобивки на производите од марихуана. 


Објаснување како марихуаната може да помогне за медицинските состојби 

И лекарите-противници треба да го разбираат канабисот!
Сеопфатната програма за канабис дава вовед во канабиноидите и нивните реакции во ендоканабиноидниот систем. Оваа информација дава основа за тоа како медицинската марихуана работи во мозокот и може да се користи за менување на дисфункциите кои во крајна линија произлегуваат од активноста на мозокот. Ендоканабиноидниот систем е дел од мозокот и централниот нервен систем кој го регулира апетитот, расположението и меморијата. Тука се случуваат примарните ефекти од медицинската марихуана. 


Со тоа што ја менува рамнотежата на некои хемикалии кои природно се појавуваат во ендокриниот систем, канабисот може да се користи за:
* Намалување на нападите;
* Отстранување на болките;
* Олеснување при гадење.
Исто така, ги намалува симптомите на разни онеспособувачки состојби кои досега не можеле да се третираат.

Едуцирајте се за ЕНДОКАНАБИНОИДЕН СИСТЕМ!
Програмата на Масачусетс има за цел научно докажаните информации да им ги прикаже на лекарите и останатите здравствени работници, кои се консултираат со своите пациенти во врска со медицинската марихуана. Многу лекари ја поздравуваат можноста да го истражат третманот со канабис за нивните пациенти кои страдаат од симптоми кои не се контролираат со останатите третмани кои им се веќе достапни. Курсот од 16 чекори за медицинската марихуана ги опфаќа физичките и психолошките ефекти на марихуаната врз телото. Онлајн програмата исто така ги едуцира лекарите за историјата на канабисот и им дава насоки за тоа кога треба да се препорача третман со медицинска марихуана.



Законот во Масачусетс ги заштитува лекарите!
Сеопфатниот наставен план за канабисот (Comprehensive Cannabis Curriculum) е поставен онлајн во 16 модули. Секој модул обезбедува континуирана медицинска едукација која може да се применува на различни теми за истражување. Здравствени работници кои можат да научат многу од овој курс се:
* Лекарите;
* Лекарските асистенти;
* Фармацевтите.

Сите здравствени работници кои лекуваат пациенти можат да имаат придобивки од сеопфатниот наставен план за канабисот. Државата Масачусетс неодамна ја легализираше рекреативната употреба на марихуаната. Дури и лекарите кои не ја препорачуваат медицинската марихуана треба да имаат поголемо разбирање за нејзините ефекти врз човечкото тело. Доколку имате пациенти кои самите се лекуваат на овој начин, треба да го истражите лекот кој тие го избрале.


Придобивки на лекарите од познавањето на медицинската марихуана 

Биди добар доктор! Биди секогаш во тек! ;)
Една од најголемите придобивки од овој курс е тоа што докторите ќе бидат постојано во тек со најновите и најточни информации за тоа како делува канабисот. Многу информации кои сега се достапни за употребата на канабисот за медицински цели се обезбедени од страна на производителите или дистрибутерите кои имаат финансиски интерес да ги убедат лекарите да го препорачуваат на своите пациенти. Информациите имаат за цел да им помогнат на лекарите во лекувањето на своите пациенти. Производите од медицински канабис претставуваат нова алатка за лекарите да обезбедат повеќе опции за третирање не само на сериозни медицински состојби. 


Марихуаната служи и како лек за хроничните болести, но може да се користи и за да се намали страдањето и да се подобри квалитетот на животот на пациентот. Истражувањата на канабисот се делумно возможни, поради нецелосното разбирање на науката за мозокот, а исто така поради законската регулатива... Учењето повеќе за тоа како работат канабиноидите може да им помогне на лекарите во целокупното разбирање на хроничните болести кои предизвикуваат напади, грчеви и болки. Канабисот не може да наштети, па затоа почитувани лекари секогаш вреди да се обидете своите пациенти да ги лекувате на природен начин и да му дадете шанса на канабисот од алтернативен да стане примарен лек!


Подобар начин за справување со болката

Освести се!
Справувањето со болките е нешто што лекарите „се борат“ да го обезбедат за своите пациенти. Подоброто разбирање за тоа како болката се перцепира и може да биде блокирана од мозокот, им помага на лекарите да внесат надеж кај пациентите кои страдаат од хронични болести. Нападите честопати ги оставаат лекарите немоќни за ефикасно лекување на пациентите. Дознавањето повеќе за потенцијалната употреба  на канабисот за лекување на нападите е нова алатка за користење во борбата против нападите. Третманите за повреди на мозокот, вклучувајќи ги и акутните и долготрајните симптоми, може да се подобрат со дознавањето за тоа како канабиноидите можат да помогнат во процесот на лекувањето, а искуството потврдува дека можат само да помогнат - канабиноидите не можат да наштетат. 

Биди промената што сакаш да ја видиш!!!
Сеопфатниот наставен план ќе им овозможи на лекарите да им помогнат на своите пациенти и да ги задоволат барањата за континуирано медицинско образование. Медицинската употреба на канабисот и неговите разновидни екстракти датираат уште од многу одамна. Современата медицинска употреба на канабисот од неодамна со незапирливо темпо се развива преку државни закони кои го прават канабисот достапен само за лицата со одредени здравствени проблеми. Но, што со пациентите кои имаат потреба од канабис, а не боледуваат од сериозни дијагнози? 

Многу од канабиноидите, кои се активни состојки пронајдени во канабисот се одамна откриени. Нивните специфични употреби како и придобивките, сè уште се изучуваат и документираат и за жал на фармафијата којашто го кочи овој процес - сè уште НЕМА НИТУ ЕДЕН РЕГИСТРИРАН СЛУЧАЈ НА СМРТ ОД ТРЕВА, ниту пак некакво нарушување на здравјето... Ова е првата работа што треба да ја знаат лекарите - КАНАБИСОТ ВООПШТО НЕ Е ТОКСИЧЕН!

Автор: Ангела Т.
Извор: Marijuana Doctors

Tuesday, October 24, 2017

Waldos 420 - еден нов и поинаков бренд на облека во Македонија

Нов бренд на облека во Македонија! :)
4:20 културата започнала кога 5 средношколци кои меѓусебно се нарекувале „Waldos“ затоа што омиленото место за пушење џоинт секој ден после часови им бил еден ѕид (wall) покрај нивното училиште. Мистериозната приказна за „Waldos“ е дека оваа екипа имала план на есен 1971 година да најдат скриено богатство, односно поле марихуана кое го барале со помош на мапа направена од сопственикот на богатството. Омиленото место кадешто се сретнувале им била статуата на Луј Пастер (Louis Pasteur), а договорени биле да се чекаат таму во 4:20 поручек - тие оделе во авантура, односно во потрага по скриеното „богатство“.


Да не заборавиме од каде дошла фразата 4:20 ;)
Секој труд дава плод, иако не секогаш веднаш. Waldos не успејале да го пронајдат богатството, сепак навиката да се собираат во истото време, да се дружат, групно да консумираат канабис и разменуваат идеи - останала - ДО ДЕН ДЕНЕС! Како меѓусебен интерен слоган ја користеле фразата „4:20 Louis“, што по неколку неуспешни обиди да го најдат азното ја преименувале т.е ја скратиле фразата на само „4:20“. Денес оваа фраза не само младите, туку сите ја користат како интернационален код што означува (време за) пушење (консумирање) канабис во глобала. Waldos не успејале да го пронајдат богатството, но ни го покажале на сите патот по кој треба да одиме за да го ослободиме канабисот.


FB/MyMood420
Благодарение на пионерите Waldos, април 20 (20.04) станал меѓународен празник на марихуаната и секоја година ширум светот на тој ден корисниците на марихуана, особено пациентите кои страдаат од канцер, епилепсија и други болести излечиви со канабис, а за кои медицината сè уште нема решение, протестираат на јавни места против законската регулатива која во многу држави и понатаму го демонизира овој Божји лек што не може да наштети, а само може да помогне. За време на протестите џоинти се палат не само во 4:20! Благодарение на Waldos „4:20“ станало симбол, па иако Waldos се во сите од нас, сепак за да не им го заборавиме името, се појави нов македонски бренд на облека - Waldos 4:20 брендираната облека којашто поддржува талентирани street артисти, отсега достапна и кај нас во Македонија :) Можете да ги контактирате преку нивната FB страница или пак, на нивниот e-mail: 420mymood@gmail.com. Погледнете го промотивното видео во продолжение:



Monday, October 23, 2017

Како да се спречи мувлата во отворени одгледувалишта? Outdoor врсти отпорни на мувла

Во утринските часови растресете ги влажните или росни растенија, а особено по дожд секогаш кога можете. Спречувањето на туфките да останат влажни е многу важен дел од спречувањето на гниењето на туфките или мувлата. Ако ги оставате туфките влажни, само правите поголеми шанси за појава и одржување на мувлата и гниењето! Најпрепорачливо е доколку одгледувате канабис во надворешни услови, местата коишто ќе ги одберете не само да бидат заштитени од јавноста, туку истите да бидат изложени на убав провев на ветар, но и многу сончева светлина! Билките треба да добиваат директна сончева светлина особено во утринските часови за побрзо да се исуши утринската роса или ноќниот дожд


Frisian Dew
Кога одгледувате outdoor, речиси секогаш сте оставени на милост и немилост на природата, сепак треба да се потрудите најдобро што можете за да ги заштитите растенијата од премногу влага и студ. Треба особено да внимавате на влажноста во одгледувалиштето, доколку одгледувате во стакленик или пластеник. Студените и влажни услови кога одгледувате надвор се време кога мувлата најверојатно ќе ги погоди вашите пупки. Затоа есента може да биде особено опасна - цветовите од канабисот самошто достигнале период на жетва и станале дебели и густи, што ги прави идеален дом за мувлата. Ако времето е особено ладно и влажно и ако дури и една од вашите билки всушност фати гниење, оберете ги цветовите веднаш! Ако тоа се случило на едно стебло, истото обично ќе се прошири и на другите стебла многу брзо. 

Подобро е да се ожнее малку порано, отколку да се изгуби целата жетва!



Врсти канабис наменети за отворени простори отпорни на мувла 

Иако на ова не можете и не би требало со сигурност да се потпирате, сепак некои видови се поотпорни од другите во поглед на мувлата. Во претходниот текст од оваа серија споменавме две такви врсти наменети за индор. Ако живеете во влажна средина или ако сте одгледувач на отворен простор и се соочувате со студени и влажни услови уште на почетокот од есента, не може да си наштетите ако одберете врсти коишто се поотпорни на мувла! Еве два вида кои се отпорни на мувла и се погодни за одгледување на отворено:

Jamaican Pearl
1.) Frisian Dew (Фризиска роса) - популарен вид по тоа што околу половина од растенијата создаваат пупки кои се претвораат во неверојатна, енергично пурпурна виолетова боја (другата половина од растенијата даваат зелени туфки, но сепак се убави и ефектите се исто толку добри). Овој вид е многу погоден за растење на отворено, дури и во северните клими и е особено отпорен на мувла.

2.) Jamaican Pearl (Јамајкански бисер) - овој вид има овошен мирис, расте многу добро на отворено и не е само отпорен на мувла, туку исто така има големи приноси. Познато е дека произведува уникатен церебрален ефект во твојата глава кој трае долго време и нема да те заспие. Се препорачува жетвата на Јамајкан перл туфките да започне пред трихомите да започнат да добиваат боја на килибар за најдобри ефекти!

Јас сум од Лондон и ова ми е втора жетва воопшто. Прв пат канабис одгледував во Македонија, втор пат тука, ама имам многу читано и имам вујко од Добрејци, Струмица - Сандо кој е 35 години пушач на канабис, кој исто така е искусен одгледувач и ми има дадено многу совети. Не сум нешто посебно задоволен зашто одгледувам надворешно во саксии, па стеблата не се многу големи, но сепак се преубави. Малку доцна ги засадив, негде 20 мај, па затоа и имам проблем со мувлата. Значи сум почнал на 20 мај и сметам дека тоа е малку предоцна за outdoor, затоа што имам најмалку уште 2 недели до крајот на цветањето, плус со влажнава клима како овде во Лондон и не треба да е нејасен мојов проблем, туку за пофалба треба да биде мојот успех. 

Од Александар Пешев, Лондон 2017
Затоа ставив вентилатор внатре и плус таа сивата цевка што ја гледате е за свеж воздух. Го прочистува воздухот, а вентилаторот проветрува и мислам дека ќе го средам проблемот со мувлата. Сум почнал со обична земја од цвеќара. Со семе од sensi seeds од врстата Purple Bud и White Skunk. Сум употребувал чај од коприви, како органско ѓубриво; Чај од врвови од жална речна врба; витамини т. е. нутритиенти н.п.к 15.15.15. и слично. Експериментирав и со лушпи од јајца, лушпи од банана миксирани како шејк со млеко и додаваш и талог од кафе и со ова го храниш растението супер. Кога ќе почне да цвета, јас препорачувам и козјо млеко. 

Јас инаку на средината му ставав и гомна од кокошки... Иако јас препорачувам гомна од гулаби измиксани еден према 7 вода. Ова ми е втора жетва... Воедно и најдобра зашто имам мир и немам проблем со никој за да се плашам да посадам некое коренче за мене. Јас исто и употребував цело време дождова вода. Најубавта вода ја ставав од дожд, благодарение на тоа што куќата во којашто живеам има буриња за собирање дождовница. Се гордеам што успевам во ваква слаба клима да извадам убав дим. Прекрасен дим постигнав од оваа жетва иначе и сум можел и поголеми приноси да извадам, ама здравје следниот пат - секој пат секогаш е подобар од претходниот!“ - во разговор со нас изјавува Александар Пешев од Лондон. ВНИМАНИЕ!!! Користете ѓубриво кога тоа навистина е потребно. Кога користите ѓубриво, внимавајте да не ги изгорите корењата! Со ништо не претерувајте :)








Автор: MoniQue Konopova
Извор: Grow Weed Easy

Sunday, October 22, 2017

Како да се спречи мувлата во затворени одгледувалишта? Indoor врсти отпорни на мувла

Најдобриот начин за да се контролира влажноста е да си го дизајнирате просторот наменет за внатрешно одгледување уште на самиот почеток ;) Најважното нешто кога станува збор за одржување на влажноста на определено ниво, со цел условите да не станат премногу влажни, е да се постави ефикасен издувен систем за вентилација!

Добар систем за вентилација
Поставете добри вентилатори внатре во одгледувачкиот простор за подобра циркулација и осигурајте се дека воздухот струи истовремено под и директно над вашите билки. Со тоа се превенира формирањето на застоен воздух и секаква можна стагнација на воздухот. Бидете свесни за целокупната растителна маса и лисната маса, како и за тоа секој лист од вашата билка постојано додава повеќе влага во воздухот. Колку повеќе лисја има вашето растение, толку повеќе вода пие, а целата вода се ослободува како пареа во вашиот растечки простор! Набавете солиден уред за мониторирање на температурата/влажноста и не заборавајте да го проверувате/надгледувате кога ќе ги проверувате вашите билки.  


Не се фокусирајте на вредностите од сликава :)
Прегледувајте ги растенијата, а особено дебелите големи туфки на редовна основа (секој ден). Ако забележите дека листовите коишто растат од туфките наеднаш започнуваат да се сушат и да и да се виткаат, додека остатокот од растението изгледа добро, тоа е еден од главните првични знаци дека можеби вашите цветови фатиле мувла... Ако се соочите со мувлосани туфки, ако е возможно обидете се да го оберете целото растение што е можно ПОСКОРО! Вие веќе имате спори од мувлата во вашиот простор и таму очигледно имало идеални услови за развој на мувлата, па сега треба да се фокусирате на заштита на она што е можно, т. е. да ја спречите целосната можна загуба на вашиот принос.

Не дозволувајте вашите билки да живеат во екосистем којшто е престуден или претопол за нив. Одредени типови мувла (како белата прашкаста мувла) подобро се развиваат на жешки, застоени услови од 27 °C и повеќе. Повеќето од други врсти на мувла (влакнестата бела мувла, гниењето на туфките итн.) најдобро растат во студени услови од околу 20 °C. Ако е возможно обидете се да ги одржите билките на удобна собна температура од околу 24 °C во ситуации кога е влажно.


Дефолијација (defoliation)!

Дефолијација
Наједноставен начин за спречување на мувлата е да отстраните некои (најчесто долни) лисја од вашите растенија ако вашите растенија се екстра големи и листести. Ако на дното од вашиот растечки простор билките не добиваат доволно светлина, тогаш шансите дека нема соодветен проток на воздух се зголемени. Во тој случај, може да биде добра идеја да се исчистат дополнителни лисја и пупки кон дното на билката. Ова исто така ви дава шанса да ги отстраните пупките кои се ретки и не се развиваат убаво, па растението може да се фокусира со повеќе енергија на врвните туфки, кои всушност добиваат пристап до светлината. Колку помалку вегетативна маса во просторот, толку е намалена влажноста. Но, важно е да не претераш со дефолијацијата на растенијата, бидејќи тоа исто така може драматично да ги намали вашите приноси. 


Поздрав од Александар Пешев, Лондон (мувла)
Само дефолирајте ги многу листестите растенија и фокусирајте се на отстранувањето на лисјата кои или не добиваат никакво светло (кон дното и средината на растението), како и големите листови наречени „вентилатори“ кои блокираат многу од туфките да примаат директна сончева/електрична светлина. Листовите го поттикнуваат растот на растението, а во втората половина од фазата на цветање вашата билка нема да создава повеќе лисја. Затоа, избегнувајте да го соголувате вашето растение за време кога не растат нови лисја и уште сте недели од жетвата. Отстранувањето на премногу лисја може да ги намали вашите приноси и да ги зголеми шансите вашите туфки да ја променат бојата. Тоа е затоа што лисјата обезбедуваат одредена количина на заштита на вашите пупки со тоа што прво ќе ја апсорбираат штетата (како изгореници од хранливи материи, изгореници од светлина и недостатоци). Кога нема листови, оштетувањето прво се појавува кај туфките!


Врсти канабис наменети за затворени простори отпорни на мувла 

Moby Dick
Иако ништо не може да ги реши лошите одгледувачки практики ако самите не се потрудите, некои видови се повеќе отпорни на мувла од другите. Ако растете во помал простор или ако живеете во некој дел од светот кој повремено станува многу влажен, тогаш најдобар избор за вас се врстите поотпорни на мувла! Забелешка: Видовите со пократки цветни периоди имаат помала веројатност да добијат мувла, бидејќи пупките не трошат толку време во фазата на цветање. Еве два вида марихуана кои се отпорни на мувла и се погодни за одгледување во затворен простор, а во продолжение може да погледнете видеа од одгледувачот Александар Пешев од Лондон со кој во следниот текст ќе направиме кратко интервју за неговото искуство со мувлата:

1.) Моби Дик (Moby Dick) - Многу леснa врста за растење, многу е отпорна на мувла, а исто така многу потентна. Мириса малку како мента, но исто така, се опишува дека има старошколски (old school) сканк вкус сличен на популарните сатива пупки од почетокот на 90-тите години. Дава големи приноси, исто така! :)

2.) Свит Тут (Sweet Tooth) [сладок заб] - Во Калифорнија, овој вид е многу популарен во диспанзерите и често се продава по многу високи цени! Добро, сега можете да го одгледувате и дома! Има сладок вкус/вкус којшто потсетува на чоколадо, а ефектите се моќни. Како бонус е отпорен на мувла, благодарение на неговите хавајски корени!

Super Sweet Tooth







Автор: MoniQue Konopova
Извор: Grow Weed Easy

Thursday, October 19, 2017

Како да си го „исчистиме“ системот од канабис?

Сите имаме ендоканабиноиден систем и сите треба редовно да консумираме канабис за да живееме најоптимално здравје, но понекогаш (кога некои одредени услови тоа го бараат) е потребно да се „детоксифицираме“ и да ги отстраниме траговите од канабис од нашиот систем

Најлесен начин е да подметнете урина од мало дете :)
Зборот „исчистиме“ и „детоксицираме“ ги ставив во наводници, затоа што сакам да нагласам дека канабисот воопшто не е токсичен, напротив со помош на канабис ние се детоксицираме од штетните лекови и третмани, како хемотерапија, зрачења итн. Сепак, за жал сè уште некогаш немаме друг избор и мораме да ги отстраниме остатоците од канабис (или да направиме одредена пауза од консумирање) бидејќи многу од работните места налагаат да направиме тест за присуство на дроги (иако тоа е нарушување на приватноста, не ја одредува работноспособноста на лицето и исто така канабисот веќе треба да биде тргнат од категоријата на штетни наркотични супстанци и треба да престане да се мери со смртоносниот хероин). 


Животот понекогаш не е најлесен, пријатели... Иако ТНС останува во нашиот систем само една недела, точно 7 дена, да се помине тестот за дрога е предизвик за редовните пушачи на канабис и пациенти кои се лекуваат со масло. За среќа постојат неколку начини да ги отстраниме ТНС метаболитите.


Што се ТНС метаболити и што детектираат тестовите за дрога?


Метаболит од канабисот...
Тестовите за присуство на дрога вклучуваат тестирање на урината за присуство на метаболити. Но, што се метаболити? Мило ми е што се запраша :) Метаболит е страничен ефект на супстанца којашто е веќе процесирана од телото. Во овој случај, дечките во бели мантили ќе пробаат да детектираат ТНС метаболити или по хемиска формула ТНС-СООН. За да знаеш дали си подготвен/а за тестирање треба да знаеш да го камуфлираш  количеството на ТНС метаболити во твојот систем. Звучи комплицирано, но возможно е и ќе го објасниме овој процес подетално.


Колку долго марихуаната останува во твојот ситем?

Полуживотот на ТНС метаболитот е 7 дена. Ова значи дека количеството на метаболити во телото ќе се намали за 50%. Значи, можеме да претпоставиме дека телото целосно ќе се ослободи од ТНС метаболити за 3-4 недели. Но, тука важно е да се напомене дека овие бројки зависат од тоа колку многу и често пушиш (и колку е јака марихуаната што ја пушиш или екстрактот што го користиш), но и од тоа колкава е твојата телесна маса. Бидејќи ТНС е растворлив во масти, лесно се складира во масното ткиво. 


Поздрав од Струмица...
Како резултат на ова, масните клетки континуирано ќе ослободуваат ТНС метаболити во крвотокот. Но, погоди што? Сè уште може да се помине тестот за дрога без да бидеш 100% чист од ТНС метаболити; нивото на метаболити во крвта треба да ти биде под минималното количество на метаболити за тестот. Типичниот праг е 50 мг/мл. Со ова тестирањето ќе даде негативни резултати и ќе бидеш слободен. Најверојатно, сега си велиш: „Не ме интересира ништо за ТНС метаболити, сакам само да знам како да го поминам тестот“ - запали еден и релакс ;)


Како да го положите тестот за дрога?

Основен метод за поминување на тестот е разредување на урината доволно до ниво под 50мг/мл. Но, постои еден проблем во врска со ова. Дечките со бели мантили можат лесно да забележат разредена урина. Значи не само што треба да ја разредиш урината, туку ќе треба и да го сокриеш фактот дека урината ти е разредена. Скоро невозможно, но постојат начини да се маскира разредената урина.


Како да прикриеш разредена урина?

Постојат неколку начини да се разреди урината. Да почнеме со вода. Водата е Боженствен прочистувач на системот, но не треба да локаш вода недели или денови пред тестирањето бидејќи водата ја разредува урината само во моментот на внес, а исто така можеш да си ги преоптовариш бубрезите. Овде работата може да ви ја заврши препаратот Clear Choice Rescue Cleanse. Подобро да испиеш 3-4 Л во текот на денот пред тестот и уште 1.5 - 2 Л неколку часа пред тестирањето. Најважно овде е да си ги знаеш границите и навистина не би требало да пиеш повеќе од 2 Л бидејќи прекумерниот внес на вода може да резултира со смрт (ете уште еден факт колку канабисот е побезбеден дури и од водата). После многу вода, урината останува безбојна и количеството на креатин се намалува. Супер, нели? Не, баш. Со безбојна урина сиромашна со креатин, испитувачите ќе забележат дека доста си се потрудил да си ја подготвиш урината за тест. А, ти не го сакаш тоа!


Како да го поминеш тестот и покрај се?

Вештачка урина :)
Постојат две важни супстанци кои можат да ја исправат цела оваа работа. Тие се витаминот Б и креатинот. Витаминот Б и дава жолта боја на урината. Најефективни се витаминот Б2 и витаминот Б12. Препорачливо е да се внесат 50-100 мг неколку часа пред тестирањето. Креатинот е биохемиски нус-продукт кој веќе природно го имаме во телото и може да му е од помош на лаборантот да определи дали урината е разредена или не. Бидејќи полуживотот на креатинот е 3 часа, потребно е да внесеш надпросечна доза неколку часа пред тестот. Хранливи додатоци на креатин има по здравите продавнички и кога ќе се ингестира веднаш почнува да се разложува и се исфрла од системот. Топ! Но, тоа не е сè народе! Има уште неколку моменти кои треба да се запазат за да бидеш 420% сигурен дека телото ти е чисто од ТНС метаболити. Повелете народе:


1. Не вежбај!

Не вежбај барем 24 часа пред тестирањето. За некои од нас ова не е воопшто тешко да се оствари бидејќи вежбање со зборот „прескокне“ одат рака под рака. Но, сите вие теретана фанатици стрпете се барем 24 часа бидејќи вежбањето ќе ти ги открие ТНС метаболитите.


2. Алтернирај го текот.

Батка или дадичке, кога мочкаш во чашичката треба да ја наполниш само со средниот дел од текот на урината, бидејќи првиот и последниот дел од течението се предавници - содржат најголем број на ТНС метаболити.


Македонски поз од Лондон <3
3. Детокс пијалаци

Детокс пијалоците за разредување на урината содржат витамин Б и креатин кои ќе ја прикријаат разреденоста. На пример, како Clear Choice Rescue Cleanse за кој споменавме погоре.


4. Синтетичка урина

Ако времето ти избега, не се секирај бидејќи постои синтетичка урина, а исто така може да подметнете урина од мало дете. Clear Choice Sub Solution е популарен производ кој се препорачува на Интернет. Clear Choice е една од најстарите и најдоверливи компании за синтетичка урина. Ако си редовен пушаш или имаш високи нивоа на масти, разредувањето нема да е ефективно, но ако знаеш што правиш, се ќе биде во ред.

Најдобронамерно ве советуваме да одбирате работни места каде што ќе можете да бидете навистина она што сте - без никакви ограничувања, како што никој нема да ви го оспорува овој природен лек од Бога даден! Среќно! Ние веруваме дека овој текст уште малку и нема да ни биде потребен, затоа што знаеме дека во Република Македонија канабисот наскоро ќе биде целосно ослободен :)


Извор: HERB