Wednesday, January 31, 2018

Шерил Шуман од „Мајки за марихуана“ го менува светот - џоинт во секое време

„Жените имаат моќ, а во жените е тајната на целата оваа работа. Ако ги има жените во одборот, посебно мајките, тогаш е полесно да го смениме мислењето околу канабисот“ - изјавува убавицата и најпознатата активистка Шерил Шуман

Cheryl Shuman со нејзините лековити бебиња! :)
За мене, тоа беше духовно будење, ми беше дадена втора шанса и чувствувам дека моја обврска е да го сменам мислењето во врска со канабисот на секаде во светот“ - истакнува моќната Шерил Шуман (Cheryl Shuman). Таа е активист за ослободување на марихуаната, излечена од рак со помош на канабис и поранешен водител на неколку ТВ емисии, каде што била и оптичар за актерите. Покрај тоа што заштитното лицето на „Мајки за марихуана“ (Moms for Marijuana), што е најголемата група на влијателни жени-активисти во индустријата. Оваа група има бројни локални подгрупи кои функционираат обединето - со повеќе членови од NORML, WAMM и Women Grow, оваа 57-годишна мајка почна да ја користи моќта на социјалните медиуми, за да го промени начинот на кој светот ги доживува жените кои користат канабис.

Шерил објаснува како престанала со хемотерапија и наместо тоа користела THC и CBD производи за лекување на нејзиниот рак и како започнало нејзиното движење. „Групата „Мајки за марихуана“ е основана од една млада дама по име Сера Френк (Serra Frank), лажно име што го користеше во тоа време [во 2005] за да се заштити себеси, бидејќи живееше во Ајдахо, нелегална држава“ -  рече Шуман. „Така „Мајки за марихуана“ започна да работи на страната My Space, која имаше околу 5.000 следбеници во тој момент и ми се допадна, бидејќи бев активист. Имав толку големо искуство со канабис. Преку употребата на производи од канабис, се спасив од смрт од рак на јајниците до целосна ремисија“ - додава таа. 


Заедно со колешката активист Вупи Голдберг
Пред да се вклучи во индустријата за канабис, Шуман направи уметничко богатство од филмски и телевизиски сетови, работејќи со најпознатите фаци од холивудската елита како: Вупи Голдберг, Том Круз, Мадона, до Анџелина Џоли и Бред Пит. „Бев девојка. Но, тогаш добив рак и се вратив во мојата домашна држава Охајо да умрам, затоа што сакав да бидам со моето семејство. Тоа беше лошо, навистина лошо. Се спакував и се вратив во Калифорнија за да започне лекувањето со канабис и да пушам марихуана до крајот на мојот живот, размислувајќи за Бог, јас сакав умрам со насмевка на моето лице. Јас едноставно не им верувам на лекарите повеќе“ - вели оваа мајка за пример.

Назад во Калифорнија, таа започна со истражување на забраната како начин за реформирање на законот за канабис, посебно проучувајќи го животот на Полин Сабин (Pauline Sabin). „Жените, всушност, беа заслужни за завршување на забраната, а тоа беше Полин Сабин, која беше лидер на оваа група жени. Читав сè што можев, и си помислив, што има таа што ја немам?“ - вели таа. Тогаш Шуман го основаше „Беверли Хилс Канабис Клубот“ кој во основа организираше забави, но за канабис каде што жените од Беверли Хилс се собираат за да дознаат за најновите трендови за марихуаната. Клубот стана многу популарен во рок од  неколку месеци, па наскоро го привлече вниманието на CBS News. „Кон крајот на снимањето, водителката Николет Медина (Nicolette Medina) праша зошто го сторив тоа. Марихуаната ме прави подобра мајка и сосема искрено, подобро човечко суштество. Јас сум подмладена, пожртвувана и секој што ме познава ќе ти го потврди тоа“ - рече Шуман.

Сигурно верувајќи во моќта на социјалните медиуми, Шуман, која ги финансира „Мајки за марихуана“, на Сера Френк ѝ купи компјутер за да ги прошири организациите низ разни платформи, бидејќи Шуман почна да прави редовни телевизиски настапи зборувајќи за важноста на здружението „Мајките за марихуана“. „Сакав да знаат дека не се сами. Не плашете се дека ќе бидете фатени, не плашете се дека ќе ги изгубите вашите деца. Заедно сме посилни. Ние ќе ви помогнеме“ - рече таа. „Тогаш тоа предизвика огромна бура, ураган и торнадо, сè заедно. Добивме лавина од луѓе. Тоа беше навистина кул“ - додава таа.

„Мајки за марихуана“ моментално се гордеат со моментално 542.413 следбеници на ФБ, блиску до пет пати повеќе од NORML Women's Alliance и Women Grow во комбинација. Покрај нормализирањето на законите за употребата на марихуаната, најголемото прашање со кое се занимаваат овие активисти е децата да не бидат одземени од нивните родители поради мали прекршоци поврзани со ова лековито растение.

Тоа е погрешно“ - вели Шуман. „Луѓето од социјалните сложби добиваат бонус од 5.000 долари во нивните буџети за секое дете кое користи марихуана, бидејќи тие најлесно можат да ги најдат домовите“ - кажува таа. Многу пати, бараат помош и самохрани мајки, измачувани жени кои ги оставиле своите насилни мажи. Затоа таа се обидува да им помогне на луѓето околу судските трошоци, па преку страницата Go Fund Me тие собираат средства и помагаат финансиски. Имаат и адвокати кои волонтираат со нив. Овие жени не само се обидуваат, туку навистина прават и повеќе од возможното! 

Промата на начинот на кој луѓето ги гледаат корисниците на канабис експлодира како тема на разговор во последниве години, а Шуман е на чело на овој дијалог. „Сакам да им покажам на луѓето во медиумите каква беше слободата. Имам нормален живот како јавна личност користејќи канабис наместо Xanax или нешто друго. Сега јас работам и не сум губитник, денес работам на филмски сет. Успешни славни личности уживаат во канабисот. Според Adweek, жените прават 85% од сите одлуки за домаќинството. Жените имаат моќ, а жените се тајната на целата оваа работа. Ако имате жени во одборот, посебно мајки, тие можат да променат сè“ - истакнува Шерил.

Вечниот оптимизам на Шуман неодамна ја водеше во нова насока, помагајќи да се бори против кризата со опијати во нејзината матична држава Охајо. Со работата при Универзитетот во Ерусалим, но и со канадската компанија наречена Medipure, се создаде нов марихуана производ на рецепт, кој може да го замени местото на повеќе штетни фармацевтски лекови како што е Suboxone, додека се покриени со осигурување. „Тоа не е синтетизиран канабис, тоа е канабис на молекуларно ниво“ - објасни таа. „Во овој момент сакам да направам нешто за да им помогнам на многу луѓе во мојот роден град. Посетете ја веб-страницата на Шерил и нејзиниот YouTube канал, за да дознаете повеќе за нејзините напори и успеси во канабис активизмот и во правниот канабис простор.


Автор: Кристина Т.
Извори: Merry Jane, Vice

Мустафа од Германија ја третира својата фибромијалгија со канабис на рецепт

Мустафа се согласи да биде еден од главните ликови во нашиот прв документарен филм, за кој заедно со нашите пријатели МАСЛО ОД КАНАБИС планираме да биде готов до крајот на оваа година или почетокот на наредната. Мустафа мора да живее во Германија за да може да се лекува со канабис!

Мустафа со неговиот канабис!
Здраво, Да, јас би сакал да се започне со вашиот тим документарен филм, поради тоа што јас сум навистина роден во Германија и пораснав таму, но јас сум исто така македонски државјанин, а граѓанин на светот кој се бори за легализација на канабисот. Канабисот е лек. Јас сум среќен што имам канабис на рецепт од аптека, но загрижен сум за сите други во светот кои имаат тешкотија да дојдат до квалитетен канабис, затоа што е нелегален... На црниот пазар има само лаги и страв од полицијата. Ова мора да се запре, па ние сите ја знаеме вистината за канабисот која се шири, а има толку неуки во политиката, а сите знаеме дека канабисот е многу стар лек“ - вели нашиот соговорник Мустафа Сабаудин кој боледува од фибромијалгија и нè поздравува со неколку препрасни фотографии. 

Но, дали безобразно глупавите македонски закони што заштитуваат поединци ќе ни дозволат овој пациент да дојде во Македонија за снимањето заедно со неговиот препишан лек?

Снимаме документарец за борбата на македонските пациентите на кои им е потребен канабис и канабисово масло. За изјавите следува гратис одредена количина масло со над 80% THC (идеално за лекување канцер) или бесплатна подготовка на маслото од ваш материјал + гратис обука во вашиот дом. Благодариме за нашиот фан од Ресен што сакаше да остане анонимен, донираше квалитетно масло за ова хумано движење да тргне. Ни требаат изјави пред камера.

Неговите лекови од канабис
Доколку и вие сакате да ја кажете вистината за канабисовото масло или да ја раскажете вашата лична борба или борбата на некој ваш близок, слободно пријавете се - ќе бидете наградени со домашно изработено квалитетно канабисово масло. Доколку сте загрижени за вашата безбедност, можеби поради вашата професија може изјавата да ја земеме анонимно, можеме да го мутираме гласот - ќе се договориме соодветно, важно е повеќе да не се плашите затоа што нема место за сите нас во затвор! Пиши ни во инбокс или на нашиот маил: 420macedonia@gmail.com

Не заборавајте дека секогаш можете и треба самите да си го направите лекот! ФАРМАЦИЈАТА посакува да сте вечен корисник на нивните отрови. Полицијата и судиите посакуваат да сте во затвор, а не да сте излечени. Канабисовото масло е сè уште државна тајна, но треба сам/а да одредиш дали е подобро да си легално закопан/а или нелегално здрав/а цел живот од природно растение што нема потреба да го консумираш редовно откако ќе се излечиш од одредена болест. Маслото лекува преку 5.000 илјади болести, без несакани последици и без да предизвика зависност!








Monday, January 29, 2018

Франција се обидува да ги ублажи законите кои се противат на употребата на канабис

Франција ги има најтешките закони против пушењето канабис во Европа, но повеќе луѓе ја консумираат оваа трева отколку во речиси сите други европски земји. Новиот извештај на Владата препорачува да се воведат фиксни казни за решавање на проблемот

Во Франција, најновите достапни податоци покажуваат дека 17 милиони луѓе пробале канабис, 1,4 милиони луѓе го користат редовно - 700.000 на дневна основа, а потрошувачката е во пораст. Сепак, законите против пушењето се поостри од било кое друго место во Европа. Според постојното законодавство, корисниците можат да се соочат со една година затвор и парична казна од 3.750 евра. Новиот парламентарен извештај што треба да биде објавен во среда препорачува воведување на фиксна казна од 150 до 200 евра. Се заклучува дека сегашното законодавство не функционира. Во 2015 година, имало околу 64.000 пресуди поврзани со дрога - од кои 40.000 биле за нелегална употреба на дрога, меѓу кои и за канабис. Од нив само 3,098 резултираа со затворска казна.


Користење канабис во изминатата година, според The Spectator Index:
Америка: 16.2%
Италија: 14.6%
Нигерија: 14.3%
Канада: 12.7%
Австралија: 10.6%
Шпанија: 10.6%
Франција: 8.6%
Англија: 6.6%
Египет: 6.2%
Германија: 4.8%
Пакистан: 3.9%
Индија: 3.2%
Бразил: 2.6%
Турција: 1.9%
Индонезија: 0.4%
Јапонија: 0.3%
Саудиска Арабија: 0.3%

Полициските службеници се распаѓаат под тежината на бирократијата

И покрај нискиот број пресуди, полицајците во земјата се распаѓаат под тежината на бирократијата поврзана со овие престапи. Укинувањето на сегашното законодавство ќе помогне да се намали овој обем на работа, се тврди во извештајот и да се ослободи полицијата за да ги концентрира нивните напори во борбата против трговијата со луѓе. „Фиксната парична казна од 150-200 евра што јас ја предлагам ќе им овозможи на полициските службеници во областа да ја сопрат правната постапка, а потоа и со лицето што е фатено“ - Пратеникот Робин Реда (Robin Reda), кој го предводеше извештајот со пратеникот Ерик Пуилат (Eric Pouillat), изјавија за Le Parisien. „Предноста на ова е дека казната е итна и систематска“ - додаваат.


Се смета дека во Франција 40,9% од населението троши канабис, во споредба со 35% во Данска, 30,40% во Шпанија и 25% во Холандија. Со толку голем број корисници на канабис во Франција, дали треба пушењето џоинт да останe кривично дело? На оваа тема и двајцата се разликуваат во ставовите. Пуилат од владејачката партија La République en Marche смета дека законските процедури треба да започнат ако фиксната парична казна не се плаќа во рок од 45 дена. Реда, пак од опозициската партија Les Républicains, верува дека казните треба да се отфрлат целосно. 


Автор: Кате К.
Извор: France 24

Потeнцијален лек за домашните миленици: Дали медицинската марихуана може да му помогне на твоето куче?

Алисон Етел (Alison Ettel), никогаш не се здоби со висока слава, но таа би сакала да го нахрани вашето куче со канабис! Зошто? Алисон е извршен директор на TreatWell Health, калифорниска фирма која прави медицински производи од марихуана за луѓе - и нивните кучиња

Alison и колегата Harry прават кана-производи за луѓе и животни!
Нејзините ривали вклучуваат Treatibles, кој продава масло од коноп „за животни од сите видови“ и Pet Releaf, чија тревка изгледа како фенси вегетаријанска ужинка за кучиња. Ветеринарните групи во најдобар случај се претпазливи; но, зголемениот број сопственици на кучиња велат дека лекот е олеснување за анксиозноста и хроничната болка кај нивните животни. Прво, очигледното прашање: Не, тие не го пушат. Или го јадат целото растение. Канабисот како што го конзумираат луѓето може да биде ненајсоодветен за кучињата, така што фирмите прават  масла, тинктури и тематски креми користејќи екстракт од канабис.


Некои користат марихуана, но почесто се користи коноп, кој припаѓа на истите растителни видови. Двете го содржат соединението Cannabidiol (CBD), кое може да го намали воспалението и да се бори против нападите и анксиозноста. Мелинда Хејс (Melinda Hayes), која работи на услугата за доставување медицински канабис во Лос Анџелес, ѝ дава на Тинвел тинктура од канабис за Дајва (Diva), нејзиното 12-годишно куче кое има артритис. „Таа е во добра здравствена состојба за куче на нејзината возраст“ - вели таа - „му го препишувам тоа на добрите гени, добрата храна и канабисот“ - додава. Единствените несакани ефекти кои може да се случат се поспаност и зголемена жед.

TreatWell тинктура од канабис за миленици
Цимет (Cinnamon) од Мисури, го зема маслото од PetReleaf секојдневно за нејзините лоши колкови. Нејзината сопственичка Џојс Латимер (Joyce Lattimer) тврди дека по една доза „таа скокна веднаш од нејзиниот стол кога ја викнав да одиме надвор - обично морам да повикувам неколку пати и да ја туркам“. Следниот ден, вели таа - „таа дојде сама за да се поздрави и да ме лиже по нозете. Јас речиси и плачев, таа долго не го направила тоа“. Можеби мислите, зошто да му дадете на вашето куче канабис кога ќе добиете лек одобрен од ФДА? Производителите признаваат дека за многу сопственици, тоа е последно средство. Нивното куче може да биде крајно болно и страшно да страда од лоши зглобови. „Ние третираме анксиозност, артритис ... но, веројатно број еден што третираме е ракот“ - вели г-ѓа Еттел (Ettel).


Конопот што ќе го добие вашето куче има многу пониски нивоа на ТХЦ, психоактивно соединение кое се наоѓа во канабисот. Г-ѓа Еттел вели дека дури и нејзините напивки од марихуана нема да му наштетат на вашето куче бидејќи дозата е мала и внимателно контролирана. „Има неколку луѓе кои им даваат на своите миленици марихуана од забава без да има медицинска потреба“ - наведува д-р Сара Брендон (Sarah Brandon), ветеринар кој прави производи од коноп под брендот Canna Companion. „Ние им зборуваме на луѓето да не го прават тоа. Не давајте им на вашата мачка или куче марухуана без потреба. Тие не го сакаат тоа, не разбираат што им се случува...“ - објаснува таа. Меѓутоа иако дејството може кај нив да биде непријатно и збунувачко, не треба да заборавиме дека канабисот не може да предизвика никаква штета, ни смрт кај милениците.

Кучето Diva се лекува со канабис од артритис
Но, дали канабисот за кучиња е законски? На кратко, тоа зависи од тоа каде живеете и што сакате за вашето милениче. Законот за канабис во Америка е неуреден, бидејќи додека 29 држави и округот Колумбија легализираат марихуана за медицинска употреба - и девет рекреативно - сè уште е нелегално на федерално ниво. Тоа значи дека е нелегално за американските ветеринари да препишат производи од канабис за кучиња и мачиња. Г-ѓа Еттел може да продава само во Калифорнија. На Сопствениците им треба медицинска картичка за марихуана за да ги купат нејзините производи.

Меѓутоа, проект CBD, непрофитна група во корист на медицинската марихуана, вели дека маслото базирано на коноп врз основа на ЦБД е технички нелегално на федерално ниво, иако американските власти во голема мера ја толерираат продажбата преку државни линии. Запрашани за своите ставови за канабис, Американското ветеринарно медицинско здружение соопшти дека „засега нема да ги советува сопствениците на миленичиња дека е безбедно да користат канабис за своите миленици“. Американското друштво за спречување на суровоста кон животните се согласи со тоа. „Во овој момент, оваа област содржи повеќе прашања отколку одговори“ - вели д-р Тина Висмер (Tina Wismer), медицински директор на Центарот за контрола на отрови кај животните.


Treatibles - велнес компанија - прави тинктури, капсули и закуски
Американскиот пазар за животински додатоци вреди повеќе од половина милијарда долари и се очекува значително да се зголеми во следните пет години. И без разлика дали го гледате како прогресивна или само хипи бесмислица - има шанса канабисот веќе да биде во продавницата блиску до вас. „Имаме стотици илјади животни кои ги користат нашите производи низ целата земја“ - рече Џулијана Карила (Julianna Carella), чија компанија Treatibles продава масло од коноп и капсули.

Растот на индустријата за канабис во целина навистина го премести фокусот на ова. На Државниот универзитет во Колорадо, Колеџот за ветеринарна медицина и биомедицински науки се спроведуваат две клинички испитувања со CBD - едно кое вклучува лекување на артритис, а друго епилепсија кај кучињата. За сега, за CBD го шират зборот на ниво на земјата. „Луѓето со свои очи гледаат што се случува со нивните животни кога им го даваат производот“ - вели г-ѓа Карила. И ако сè што сторивме сега се анегдотски докази, мислам дека тоа е одличен почеток“ - заклучува таа.

Автор: Кристина Т.
Извор: BBC

Sunday, January 28, 2018

Зошто луѓето треба да престанат да ја споредуваат марихуаната со алкохолот и цигарите?

Да ги погледнеме податоците и да се повикаме на науката, еднаш засекогаш! Уживајте во овој експериментално богат, експлицитен текст преполн со податоци. Повикајте се на очигледната вистина и во нејзина чест, понизно и љубопитно одберете ја правилната, од Мајка Земја дадена супстанца за здрава разонода првиот нареден пат


Марихуана, алкохол и никотин

Во 2015 година научниците користеле нов метод за да го измерат ризикот од смрт од 10 чести и нелегални супстанции. Истражувањето вклучувало: канабис, алкохол, тутун, хероин, кокаин, МДМА (екстаза), метамфетамин, дијазепам, амфетамин и метадон. Истражувањето открило дека алкохолот претставува највисок ризик на смрт, пропратен од никотинот, кокаинот и хероинот. А, канабисот останал последен на листата, како најбезбедна супстанца, иако споредена со алкохолот и тутунот.


Резултатите, според водечкиот автор Дик Лахенмаер (Dick Lachenmeier), повторуваат поранешни и веќе познати резултати од други истражувања, но со комплетно различна методологија. Истражувањето го извршиле со нова техника за одредување ризик наречена „Маргина на изложеност“ (Margin of Exposure - MOE). Во суптина, овој метод се фокусира на односот меѓу дозата која се карактеризира со лош ефект и количеството кое луѓето типично го користат. Според истражувачите, опасностите од канабисот биле преценети во минатото, додека ризикот од алкохол бил најчесто потценет, пренесува NBC News; откриле дека алкохолот е 114 пати посмртоносен од канабисот.


Кликни на сликата!
Алкохолот е одговорен за 1 од 10 смртни случаи кај возрасни луѓе

Според Центарот за контрола и превенција на болести, најверојатно 1 од 10 смртни случаи на возрасни во работен однос во САД им се припишува прекумерна употреба на алкохол. Алкохолот е поврзан со секакви болести - од срцеви до рак. Труењето со алкохол (предозирање) предизвикува 2.000 смртни случаи годишно. Додека кој и да е репутабилен експерт кој ги познава фактите ќе ти потврди дека никогаш не е евидентирана смрт од предозирање со канабис во историјата. „Гледаме животи еден по друг проголтани од алкохолот“ - вели д-р Питер Гринспун (Peter Grinspoon), кој практикува основна нега во болницата Масс Генерал Хоспитал, изјавува WBUR. „Сè што гледаме се фамилии кои се распаѓаат поради алкохолот“ - додава тој. Дури, не мора да одиме ни далеку за да видиме животи уништени од тутунот. „Како доктор по примарна нега, низ 20 години никогаш не сум видел ни еден живот згаснат од марихуаната“ - заклучува.



Тутунот се смета за водечка превентабилна причина за смрт во САД

Истражувањата докажаа дека тутунот е далеку поштетен од канабисот врз белите дробови. Пушењето цигари е одговорно за повеќе од 480.000 смртни случаи во САД, вклучувајќи повеќе од 41.000 смртни случаи од пасивно пушење (изложеност на  чадот од цигарите), според CDC. Или околу 1.300 смртни случаи дневно. Пушачите на тутун умираат просечно 10 години помлади од непушачите. Додека вдишувањето на каков и да е чад ги оштетува дишните патишта и буди симптоми на бронхитис, канабиноидите од чадот на марихуаната очигледно  се исклучок од ова правило бидејќи имаат подобрувачки ефект врз дишните патишта, намалувајќи ја штетата поради астма или никотин. Истражувањата неуспеале да пронајдат корелација меѓу употребата на марихуана со рак на белите дробови, рак главата и вратот.


Канабисот не ја оштетува функцијата на белите дробови, барем не дозата која ја вдишуваат најголем број на корисници, според најголемото и најдолго истражување од својот тип некогаш, изјавува TIME. Истражувачите откриваат дека додека на пушачите на тутун им се намалува функцијата на белите дробови со текот на времето, чадот од канабисот имал неочекувани и очигледно позитивни ефекти. Нечести до умерени корисници на канабис, всушност, покажале зголемен капацитет на белите дробови, споредени со непушачи на два теста. На еден од тестовите, дури и долгорочните, тешки корисни на канабис покажале повисока фунција од непушачите.


Извор: HERB

Friday, January 26, 2018

„Избрав масло од канабис наместо операција“ - преживеана од рак ја победи болеста по трет пат

Во пресрет на нејзиниот 21-ти роденден, Џесика Олсон (Jessica Olson) се спротивстави на наредбите на лекарите да ја победи третата рунда со ракот. Младата студентка по новинарство се сврте кон маслото од канабис, кога туморот се врати во нејзиниот врат во 2016 година

Jessica Olson се излечи од рак со канабис!
Лекарите и рекоа на Џес да побара операција за отстранување на грутката по успешното, иако привремено, надминување на нодуларен склерозирачки Хочкинов лимфом фаза II, два пати претходно. Без операција, таа би добила само неколку месеци живот, со операција би добила шанса за опстанок од 10% придружена со сериозно намален стандард за квалитетен живот.

Решив дека не сакав да го имам ... да живеам така, тоа не беше за мене“ - изјави Џес. „Не сакав да седам дома или да бидам болна, реков дека повеќе би сакала да се борам и да уживам во моето време“. Во повеќе од една прилика, лекарите ги потсетија жителите на Менај, колку мали се шансите на Џес без екстремна операција. „Докторот ми кажа да си одам дома, да направам последна листа и да испланирам како би сакала да бидам запамтена, бидејќи имав само месеци живот“ - додава оваа талентирана девојка... „Без операција, ми дадоа неколку месеци, рекоа дека туморот ќе порасне од вратот и во устата, во основа, би умрела од задушување. Џес имала само 15 години, кога грутка во вратот го фрлила нејзиниот безгрижен живот како средношколец во неред. Во 2011 година русокосата убавица залудно претрпе осум исцрпувачки рунди на хемотерапија. До декември истата година, таа доби неверојатна вест дека е чиста, но мораше да остане без канцер пет години пред да може да биде прогласена за „излекувана“. 

Кога примала хемо на 15 години :(
Тоа беше четвртата година кога таа почувствувала уште една грутка, овој пат под нејзината вилица, за која вели дека е резултат на третманот со зрачење. Во мај 2016 година, Џес претрпела операција за отстранување на жлездата, некои ткива и 30 лимфни јазли од нејзината вилица. Со големи шанси, таа и нејзиното семејство славеа втора победа врз ракот, пред Џес да се справи со уште еден удар - зрачењето беше неефикасно и грутката се врати. Со помош на страницата GoFundMe која привлече повеќе од 50.000 долари, ученичката од Универзитетот Волонгонг (Wollongong University) се сврте кон нелегална и скапа алтернатива - масло од канабис.

Високо концентрираниот производ во форма на екстракт од марихуана беше инјектиран во нејзиното тело три пати на ден, 13 последователни недели, чинејќи неверојатни 1,200 долари за само осум дена во вредност од производ. Одбивајќи да прифати дека нејзините денови биле изброени, силата почнала да се враќа во ослабеното тело на Џес, што ја натерало да посети лекар за да се увери во вистината. „Околу три месеци откако почнав да го користам (маслото од канабис), отидов кај лекар за да видам дали грутката се намалила“ - рече таа. 


Ги добивме резултатите назад - грутката исчезнала. Седев во нејзината (докторска) канцеларија кога стигнаа рендгенските снимки на компјутер и таа беше само во шок, сметаше дека е грешка. Таа заѕвони кај луѓето кои ме снимаа кои потврдија дека нема карциномска активност во мојот врат. Мама беше со мене и таа само плачеше, речиси сите само плачеа“ - изјавува оваа млада убавица. Нејзините доктори ова го нарекуваа „чудо“. Нејзиното прифаќање на спорни лекови следи сѐ поголема листа на пациенти со епилепсија кои ги пронајдоа своите напади, но исчезнаа како резултат на високо концентрираното масло. За сега, Џес планира да продолжи со строга вегетативна исхрана за да го ослободи своето тело од непотребни токсини, киселини и хемикалии во обид да ја поврати целосната сила и да се врати во нормалниот тек на животот како студент на Универзитетот и таа е една од најактивните активисти за ослободување на лекот.

Автор: Кате К.
Извор: Yahoo News

Thursday, January 25, 2018

Канабидиолот од канабисот може да биде корисна состојка за лекување на психоза - тврди нова студија

Наодите од една нова студија за канабис укажуваат дека оваа билка не само што е добра за телото, туку добра е и за умот, духот, но и мозокот - психата во целост! Клучниот проблем во грижата за пациентите со психоза е тоа што тие често се колебаат да земаат антипсихотични лекови поради загриженост за несаканите ефекти - но, лекувањето базирано на канабис може да го промени ова

Канабисот лекува и спречува психоза!
Психијатриските пациенти третирани со супстанцијата пронајдена во канабисот, канабидиол, покажаа значително намалување на психотичните симптоми и исто така, е поверојатно да бидат оценети како „подобрени“ од страна на нивниот психијатар - покажува една најнова студија. Психотичните нарушувања влијаат на 2-3 проценти од популацијата. Тие обично започнуваат во раните зрели години и симптомите можат да бидат доживотни. Пациентите обично доживуваат параноја, халуцинации и недостаток на мотивација. Главниот третман за психоза е антипсихотичен синтетички лек, кој беше првата линија на третманот од 1950-тите. Овие лекови обично се делумно ефикасни, со низа трајни оштетувања од несаканите последици, зависност и кај околу една третина од пациентите воопшто не делуваат.



Нова класа на третман

Антипсихотичните лекови дејствуваат со блокирање на допаминските рецептори во мозокот. Сепак, допаминот не е единствениот невротрансмитер чија функција е изменета за време на психоза. И кај некои пациенти, функцијата на допамин дури може да биде релативно нормална. Значи, постои потреба од нови лекови кои се насочени кон други невротрансмитерни системи кои се вмешани при појавата и развојот на оваа ментална состојба. Претходните истражувања на Кралскиот колеџ во Лондон (King’s College London) покажаа дека канабидолот (ЦБД), супстанца пронајдена во канабисот, има широко спротивни ефекти врз функцијата на мозокот и врз симптомите на главното психоактивно соединение во канабисот, делта-9-тетрахидроканабинол (THC). ЦБД ги намалува непријатните ефекти од големите количини на ТХЦ, особено истакнати кај некои почетници. Ова сугерира дека ЦБД би можело да биде корисно како третман за психоза и други нарушувања во менталното здравје. Оваа студија, објавена во American Journal of Psychiatry, е прва плацебо-контролирана клиничка студија на ЦБД кај пациенти со психоза.


Поздравче од Велес ^_^
Филип Мекгиер (Philip Mcguire) е професор по психијатрија на Кралскиот колеџ во Лондон. „Ние на испитување дадовме 88 пациенти со психоза или ЦБД или плацебо во период од шест недели заедно со постојаните антипсихотични лекови“ - велат истражувачите. Пред и по третманот, истражувачите го оценија нивото на психотични симптоми и психијатарот на пациентот ја оцени нивната состојба во целост. Ниту истражувачите, ниту психијатрите не знаеле дали пациентите примале ЦБД или плацебо. Имаше намалување на симптомите кај пациентите третирани со ЦБД, а клиничарите во потрага по нив мислат дека тие се подобрија. Стапката на можни несакани ефекти кај пациентите кои биле третирани на ЦБД не била повисока од кај пациентите кои биле третирани со плацебо.


Иако сè уште е нејасно точно како функционира ЦБД, знаеме дека дејствува на поинаков начин од антипсихотичните лекови, па затоа може да претставува нова класа на третман. Отсуството на несакани ефекти е исто така потенцијално важно, бидејќи клучен проблем во грижата за пациентите со психоза е тоа што тие често се колебаат да земаат антипсихотични лекови поради загриженост за несаканите ефекти и поради страв да не станат зависници. Следните чекори се да се спроведат поголеми испитувања на ЦБД за да се потврдат овие почетни ветувачки наоди и да се процени ефективноста на ЦБД кај други пациенти.


Автор: Кристина Т.

Wednesday, January 24, 2018

7 најнеобични начини за да се „надувате“ и излекувате

Благодарение на креативните претприемачи, слатките од марихуана и „цигарите“ повеќе не се единствени начини за влез во „другата димензија“. Иако растечкиот пазар на канабисот има воведено вкусни медицински десерти, изборот не се состои само од темна чоколада и гумени бонбони. Неодамна, имав шанса да искусам некои малку чудни, но интересни ефекти


Лубриканти

Би занемарил ако направам листа на производи од канабис и да не спомнам лубрикант. Инфузионираниот лубрикант не е нов феномен - портали како VICE и GQ не го спомнуваат едноставно бидејќи е табу тема. Општата согласност за канабис лубрикант е таа дека иако е нов и интересен производ, не поттикнува повеќе од еден вид на пецкање. Ако имаш ваков лубрикант и не си задоволен од резултатите, тогаш можеш да го користиш како тинктура. Безбеден е за конзумирање, но морам да ве предупредам дека мене ми ја отежна способноста за читање на неколку часа.


Инфузирана вода

Ако си желен да потрошиш околу 700 денари за една скоро невкусна вода со вкус на витаминизирана вода која била оставена отворена еден ден, тогаш овој производ не е за тебе. Неколку мали голтки се доволни за ефективен за хај, но тоа ја поразува целта како пијалок бидејќи не ти ја гаси жедта и ти бара поголема доза од потребното. Некои брендови како Пуратион нудат продукти на база на канабис за опуштање на телото и ослободување од болки при вежбање. Не се лоши, но најсигурно е да користиш ЦБД лосион.



Супи

Пакетчиња со по 10 мг ТХЦ изгледаат како совршена форма на ужинка за кампување, ладни зимски ноќи и опуштени неделни попладниња. Но, реалноста за овој производ е далеку од рекламираната супа „превкусна за умот“. Лепливиот, полутечен, нејадлив хаос е неуспешен обид на ветувачкиот концепт.


Сублингвална лента

Ви текнува на Listerine лентите за освежување на здивот? Каналентите пак, се проѕирни ленти кои брзо се раствораат под јазикот, а канабиноидите се абсорбираат во системот за 5-15 минути. Обележани се како непушачка алтернатива за пациенти со болка, но имаат  непријатен вкус каде чувствуваш како лентата се раствора во слузав мукус кој го проголтуваш.


Трансдермална лепенка

Како што се повеќе и повеќе истражувања го докажуваат потенцијалот на канабисот за справување со болка, беше само парашање на време кога некој ќе почне да продава трансдермални лепенки? Овие лепенки кои се легални во некои места пружаат хај многу поразличен од оној при пушење и јадење канабиноиди. Тие постојано испуштаат ТХЦ во крвотокот преку кожата. Траат до 8 часа, а корисниците изјавуваат дека во ниеден момент не се чувствуваат претерано хај.



Супозитории

Супозиториите се исклучително добри за пациенти на кои им треба ефективно и итно подобрување. Им треба од 10 до 15 минути да дејствуваат и телото абсорбира околу 80% од канабисот, споредено со 15% при пушење. Foria нуди и вагинални супозитории, познати како канатампони за силни менструални грчеви... Постојат многу начини за хај, наместо ставање на пилула во задникот!


Паста за заби

Антивоспалителните својства на канабисот ја прават пастата потенцијално возбудлив нов производ за милиони низ светот кои имаат проблеми со непцата. Овој производ е уште еден во низата на примери како канабисот може да го подобри нашиот секојдневен живот. 

Извор: HERB

Monday, January 22, 2018

Насилниот криминал и убиствата масовно опаѓаат во американските држави кои го легализираа конопот

Противниците на канабисот отсекогаш тврделе дека тој е поврзан со психоза, насилство и грабежи извршени од беспомошни зависници. Но, во американските држави, каде што легализиран канабисот се чини дека е сосем спротивно од тој мит - стапката на насилен криминал насилно се намалува, открива нова студија

Канабисот може да донесе мир во светот, смирува и го намалува насилното однесување. Студијата: „Дали е легалната трева ги ограбува мексиканските организации за трговија со дрога?“, покажа дека насилниот криминал опаднал за 13 отсто на мексиканската граница во државите со медицинска марихуана. Седум наркокартели на наркотици досега - во голема мера ја контролираа трговијата со марихуана, која е најпрофитабилна супстанца која се шверцувала во Америка, објави Guardian. Но, сега, локалните земјоделци произведуваат трева во самата Америка - што значи дека картелите имаат помалку бизнис и помалку причина да извршат насилство.


Авторот на студијата, Евелина Гаврилова (Evelina Gavrilova), рече: „Овие закони им дозволуваат на локалните земјоделци да растат марихуана, која потоа може да се продаде на диспанзерите каде што се продава легално. Овие одгледувачи се во директна конкуренција со мексикански нарко картели кои шверцуваат марихуана во САД. Како резултат на тоа, картелите добиваат многу помалку бизнис“.


Истражувачите ги анализирале извештаите на ФБИ и утврдиле дека грабежите опаднале за 19 отсто во држави со медицинска марихуана, стапката на убиства е намалено за 10 отсто, а убиствата поврзани со трговијата со дрога опаднале за 41 отсто. Гаврилова додаде: „Кога ефектот врз криминалот е толку значаен, очигледно е подобро да се регулира марихуаната и да им се дозволи на луѓето да плаќаат даноци наместо тоа да биде нелегално. За мене тоа не е прилично очекувано дека треба да биде легално и треба да се регулира, а приносите одат во Трезорот“ - заклучува таа.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Metro.co.uk

Sunday, January 21, 2018

Како ветераните бараат канабис за пост-трауматско стресно растројство?

Науката во трка да ги отклучи тајните на канабисот. Прекините на студиите даваат ограничено разбирање на терапевтските механизми на марихуаната, но политичкиот притисок и промената во истражувањето нудат имаат светла иднина. Користејќи канабис обезбеден од страна на федералната влада и протокол одобрен од страна на американската администрација за храна и лекови, тие го водат првото рандомизирано контролно испитување за ефикасноста на марихуаната за ПТСН

Елвис Алонзо (Elvis Alonzo) почна да пуши канабис како последно средство. Три години како офицер на Маринскиот корпус и 13 години во полицискиот оддел во Грендел во Аризона, каде што бил изложен на убиства, самоубиства и луѓе што умираат во раце, го оставија емоционално осакатен. Кон крајот на неговата полициска служба, лекарите му дијагностицирале  посттрауматско стресно нарушување и му пропишале разни лекови за да ги ублажат неговите кошмари. „Лековите ме претворија во зомби“ - вели тој. „Бев омалаксан, се чувствував немоќно од тоа што дури не можев ни да возам, така што тие (полицискиот оддел) мораа да ме пензионираат“ - додава тој. Алонзо престана да се тушира. Неговата сопруга го остави и речиси ја изгуби својата куќа. Тогаш еден пријател му предложи да проба марихуана за да ги ублажи симптомите. „Тоа беше Божји дар“ - вели тој. „Тоа направи да изчезне мојата анксиозност, и можам да спијам фантастично најмалку четири часа. Треба да се изучува“ - додава.

Илјадници воени ветерани го потврдуваат тврдењето на Алонзо со години. Тие ги притискаа федералните и државните законодавци да го легализираат лекот канабис за да го олеснат  истражувањето на очигледните терапевтски својства на растението, тврдејќи дека тоа може да помогне да се намалат стапките на самоубиство кај поранешните војници. Поддржани од огромната јавна поддршка за поширока легализација, нивните барања почнуваат да се појавуваат во државните куќи низ целата земја. Минатиот ноември, гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо (Andrew Cuomo) избра на Денот на ветераните да го направи ПТСН квалификуван услов за строго контролираната медицинска марихуана во државата. Њујорк се приклучи како и седумте други држави оваа година - 27 во целост - кои вклучуваат ПТСН во нивните листи на услови кои го квалификуваат пациентот за медицински канабис.


Но, некои истражувачи на канабис - иако ја признаваат итноста да најдат подобри третмани за ПТСН - остануваат скептични за легализирање премногу брзо и предупредуваат дека фармаколошките својства на марихуаната остануваат во голема мера непознати, што е чиста лага. Сепак, научниците веќе долго време се фокусираат на две соединенија од растението повеќе од другите 120 активни соединенија, како можни третмани за симптомите на ПТСН. Тие го гледаат тетрахидроканабинолот или ТХЦ, кој е главната психоактивна состојка на растението и канабидиолот или ЦБД, кој не е опоен и предизвикува интерес за можни медицински апликации, како лек против болки и контраефект на ТХЦ.

Од двете соединенија, ТХЦ е малку подобро разбрана, затоа што подолго е истражувана. Се врзува за специфични ендоканабиноини рецептори на мозочните клетки кои помагаат во регулирањето на расположението, спиењето и перцепцијата на болка. Научниците, исто така, веруваат дека тоа е во интеракција со рецепторите во емоционалните центри на мозокот - амигдалата и хипокампусот - за да се намали анксиозноста, што може да помогне да се објасни реакцијата на Алонзо на канабисот. ТХЦ истражувањето кое вклучува ПТСН, иако е мало, покажа одредено ветување. Клиничкото испитување во Канада во 2009 година покажа дека  ТХЦ ја намалува фреквенцијата и интензитетот на кошмарите кај 72 проценти од 47 испитани пациенти

Истражувањата во CBD остануваат недопроучени. Се чини дека со ЦБД ефикасно се третираат некои форми на епилепсија, но научниците не знаат зошто? Тие имаат подобро чувство за тоа како може да се ослободат од анксиозноста некои корисници со таргетирање и зголемување на сигналот на 5-HT1A серотонински рецептори на мозочните клетки. Серотонинот е невротрансмитер кој помага во регулирањето на расположението и е поврзан со чувството на благосостојба. CBD е моќен анти-инфламатор и антиоксиданс, исто така ја зголемува гама-аминобутерната киселина или GABA, инхибиторен невротрансмитер кој создава смирувачки ефект кога се засилува. Но, резултатите од студиите сè уште се во голема мера несоодветни, обележани со мали димензии на примероци, тесни методолошки контроли и контрадикторни наоди. Иако 29 држави го легализираат медицинскиот или рекреативниот канабис од 1996 година, федералната влада продолжува официјално да го забранува лекот и има направено малку за да го олесни истражувањето на целокупниот медицински потенцијал.

И покрај ограниченото истражување, многу научници неодамна го пренасочуваат фокусот од ТХЦ во ЦБД  - вели Марсел Бон-Милер (Marcel Bonn-Miller), професор по психологија и психијатрија на Универзитетот во Пенсилванија. „Мислам на ЦБД како пушка. Таа покаѓа толку многу рецептори. Луѓето сè уште се обидуваат да го разберат тоа“ - објаснува Бон-Милер. „Ако сакате да лекувате ПТСР, најголем дел од доказите упатуваат кон ЦБД. Но, повеќето луѓе со ПТСР гравитираат кон [марихуана] производи со високи нивоа на ТХЦ, кои можат да помогнат на краток рок...“ - додава тој

Бон-Милер и психијатарот Сју Сислеј (Sue Sisley), поранешен професор на колеџот за медицина на Универзитетот во Аризона, се обидуваат да ги решат овие прашања. Користејќи канабис обезбеден од страна на федералната влада и протокол одобрен од страна на американската администрација за храна и лекови, тие го водат првото рандомизирано контролно испитување за ефикасноста на марихуаната за ПТСН. Студијата, финансирана со грант од 2,2 милиони долари од Одделот за јавно здравство и животна средина во Колорадо, испитува четири различни видови на канабис на воените ветерани подложени на третманот: високо-THC серија, високо-ЦБД серија, мешавина со еднакви концентрации на ТХЦ и КБР и плацебо контролна група. Сислеј забележува дека клучен белег на ПТСР е несоницата, која обично е проследена со кошмари  - и дека ако канабисот може да им помогне на ветераните да иницираат спиење и да заспијат, тоа е победа сама по себе. „Додека не ги неутрализираме и анализираме сите податоци, не можеме да направиме никакви заклучоци“ - вели Сислеј, осврнувајќи се на студијата во Аризона. „Но, можам да ви кажам дека имавме скоро 30 ветерани кои го завршија протоколот од 10 недели и студијата напредува добро“ - заклучува тој.

Бон-Милер исто така е главен истражувач во една опсервациона студија на 150 пациенти со ПТСН во Денвер, Колорадо, финансирана од Универзитетот во Пенсилванија. Половина од испитаниците ќе користат канабис добиен од амбуланта, а половина од нив нема да консумираат канабис. Бон-Милер ги следи симптомите на учесниците во текот на една година - со проценки на три, шест, девет и 12 месеци - додека научно го тестира канабисот што го користат корисниците, за да утврди дали постојат одредени канабиноидни концентрации кои се покорисни од други за намалување на симптомите на ПТСН. Единствениот критериум е  учесниците да се снабдуваат со канабис од локалните диспанзери, така што истражувачите лесно можат да го тестираат. Тој ги испитува промените во употребата на канабисот заради ПТСД. „Рано е. Ние навистина не ги разбираме механизмите на дејствување многу добро во овој момент“ - објаснува Бон-Милер за фармакологијата на марихуаната, пред да се нагласи она што го гледа како медицински потенцијал на растението: „Нешто што може да ги намали нападите, да ја подобри анксиозноста и да го намали воспалението“ - нагласува тој.

Автор: Кристина Т.
Извор: Scientific American

Saturday, January 20, 2018

Пет лекови на рецепт што луѓето ги заменуваат со канабис

Дефинирањето на лековите е предизвик. Сè повеќе и повеќе луѓе се свртуваат кон олеснување на своите здравствени маки со помош на канабисот, наместо лековите на рецепт. Неодамнешните студии покажуваат дека легитимниот пристап до медицинската трева во САД ефективно и значително го намалува бројот на препишани рецепти, а исто така и износот на поврзани трошоци за осигурување кои се направени годишно

Користејќи податоци од сите рецепти пополнети од претплатниците на Medicare Part D од 2010 до 2013 година, беше откриено дека стапките на употреба на лекови на рецепт драматично опаднаа во државите каде медицинската марихуана е опција. Севкупното намалување на владините трошоци беше проценето на 165,2 милиони долари годишно во 2013 година, што значи дека медицинскиот канабис значително го менува пределот на конвенционалната медицина. Болката, без разлика дали е физичка, ментална или емоционална, од нас зема соодветен „данок“, за среќа може да ја сузбиеме на природен начин - со канабис. Таа нè крши и прави дури и смислата на животот понекогаш навистина да ја снема. 

Историски гледано, ако имаме болка, докторот ја проверува и ни дава „апче“ на рецепт кое ќе ги реши сите наши проблеми. Додека тоа изгледа како совршено добра идеја, за жал тоа не е толку едноставно. Рецептите што се нудат се синтетички дроги, кои се креирани, тестирани и одобрени од големите корпорации и други владини тела кои не размислуваат секогаш за здравјето на поединецот и за последиците кои може да ги предизвикаат. За нив е најважно да си го остварат својот профит и да имаат моментален ефект, а тоа што тие привидно „лекуваат“ едно, а предизвикуваат цела низа други здравствени проблеми во организмот на пациентот - тоа на тие корпорациски настроени „луѓе“ па, воопшто и не им е важно. Канабисот никако не може да наштети, а може само да помогне.


Марихуана како лек

Едноставно кажано, луѓето ширум светот избираат алтернатива на конвенционалните лекови, а таа алтернатива е медицинска марихуана, која всушност треба секогаш да биде примарна оппција за сè. Наместо да ризикуваат случајна зависност и уште полошо, физичка или ментална зависност од синтетичките лекови кои се штетни за здравјето на сите, луѓето почнуваат да го избираат своето добро и покрај актуелните негативни владини регулативи и преземаат чекори за вклучување на канабисот во нивниот животен стил по секоја цена и тоа со невиден успех.

Друг напис, објавен во 2016 година, нуди увид во дискусијата за тоа дали или не заменувајќи ги лековите, алкохолот или другите недозволени супстанции на рецепт со канабис, всушност може да игра улога во намалувањето на штетата во однос на овие три категории на супстанции. Откако е работено со тест група од 473 лица кои користеле канабис за терапевтски цели, одговорот беше убедливо „ДА“!

  • 80,3% пријавиле замена на лековите на рецепт;
  • 51,7% пријавиле замена на алкохол;
  • 32,6% пријавиле замена на недозволени супстанции;

Во суштина, ова покажува дека, од тестираната група, 87% од луѓето избрале да го сметаат користењето на марихуана како алтернатива, веројатно покажувајќи дека повеќе од половина од пациентите кои веќе имаат пристап до медицински и терапевтски канабис се потпираат на на него со сигурност, наместо на било какви други лекови на рецепт или лекови во слободна продажба. Уште еден напис, објавен во 2016 година, сугерира дека употребата на медицинска марихуана за третман на хронична болка може да има специфични бенефиции за корисникот. Меѓу учесниците во оваа студија, во која беа вклучени 244 пациенти со медицински канабис во САД помеѓу 2013 и 2015 година, имаше 64% намалување на употребата на опиоиди и намален број на несакани ефекти од лековите, што помага да се подобри општото здравје. Еве пет различни типови лекови кои се на рецепт и лекови кои не се во целост на рецепт, а кои се заменуваат со медицинска марихуана.


1. Анти-анксиозни лекови

Лековите против анксиозност, како што се Xanax и Valium, Asentra... психијатрите им ги препишуваат на луѓето со цел да ја регулираат нивната способност да се справат со тешки ситуации, стрес и анксиозност. Тие пациенти најчесто стануваат потоа зависници од антидепресиви. Алтернативно, марихуаната ги поседува истите способности само што е целосно природна и не создава зависност. Еве дури и да создава зависност (што не е така), од што е подобро да си зависен - од билка во форма на цвет или од вештачко наркоманско апче?Канабиноидите активни во марихуаната ефикасно се приврзуваат на различни рецептори во мозокот помагаат да се намали вознемиреноста, нервозата и напнатоста. Индика врстите генерално се препорачуваат затоа што го релаксираат мозокот и телото и обично се наменети за вечерна употреба.


2. Лекови против болки

„Пејнкилерите“ како што се Викодин и Оксикодон, Трамадол... се моќни лекови кои, кога не се регулирани, можат да бидат злоупотребени, што доведува до здравствени проблеми, зависност, па дури и смрт. Помеѓу 1999 и 2014 година, продажбата на лекови за лекување болки на рецепт (опиоиди) се зголемила за четири пати во САД, а заедно со тоа дојде до драматично зголемување на предозирањата и бројот на зависници. Марихуаната е екстремно ефикасен третман за болка и е докажано дека всушност „го одвлекува вниманието“ на мозокот од препознавање на неговите рецептори за болка. ТХЦ, психоактивен канабиноид пронајден во марихуаната, влијае на емотивната реакција на болката и му помага на пациентот да се справи со хроничната болка поинаку и поорганично. Исто така, тоа е природна алтернатива и на други лекови на рецепт. Девојки, следен пат кога имате болки ради ПМС - пафнете џоинт или земете малку екстракт, а ако имате душевна болка - сторете го истото, наместо да пиете алкохол или да земате антидепресиви ;)


3. Стимуланси

Аддерал, Риталин и други амфетамини често се препишувани за различни нарушувања на расположението, како ADD и ADHD. Обично откриени рано во животот, овие нарушувања можат да ве следат низ животот и да ве спречат да живеете во потполност со цела плуќа. Намалувањето на расположението, депресијата и анксиозноста се чести несакани ефекти, како што се импулсивност, неможност да седат мирни и недостаток на концентрација. Канабиноидите присутни во марихуаната може да ги зголемат концентрациите на допамин во мозокот и да ги активираат невроните на допаминот, помагајќи да се регулираат и балансираат нивоата така што пациентот може полесно да се фокусира и концентрира. Sativa врстите, познати се по своите засилувачки и еуфорични ефекти, често се препорачуваат за оние кои живеат со хронични нарушувања на расположението и повеќе се наменети за дневна употреба.


4. Антидепресанти

Антидепресивите, како што е Золофт, се препишуваат за сите видови на проблеми, од тага до промени во расположението (вртелешка), до депресија. Не само што антидепресивите се користат многу, но често се злоупотребуваат, што доведува до зависност, па и полошо (смрт). Марихуаната помага да се врати подобрата ендоканабиноидна функција и помага да се стабилизираат промените во расположението, што може да доведе до попозитивни перспективи на животот. Сативата како Џек Хеер (Jack Herer), Синекс (Cinex) и Саур Дизел (Sour Diesel) се корисни, како и некои хибриди на индиката кои имаат избалансиран indica:sativa сооднос.


5. Лекови за спиење

Спиењето е неопходно за сите нас да одржуваме здрав начин на живот, тогаш телото се одмора, се бори со напаѓачите, се регенерира. Многу луѓе имаат проблеми со заспивањето или со навлегување во цврст сон и сл. Помошни средства за спиење, како што се Амбиен или Лунеста, често се препишуваат за многумина кои се сметаат себеси за „инсомничари“ за да можат да спијат. За жал, овие лекови имаат несакани ефекти кои можат да бидат штетни за вашето здравје. Марихуаната е ефикасен третман за нарушувања на спиењето, особено индика врстите кои имаат седативни и релаксирачки ефекти врз мозокот и телото, овозможувајќи му на корисникот да добие многу потребен, регенеративен сон. Врстите како што се Granddaddy Purple, Afghan Kush, Northern Lights и 9 Pound Hammer, се познати индики кои содржат Myrcene, терпен кој го промовира чувството на поспаност, што заспивањето и спиењето го прават многу полесно и вистинско уживање.

Автор: MoniQue Konopova