Saturday, December 24, 2016

Сторијата на Линколн Хорсли - основачот на CureYourOwnCancer

Lincoln Horsley
Во 2010 година случајно наидов на филмот „Run from the cure“ на YouTube. Јас бев многу скептичен кога првично слушнав дека канабисот може да излечи рак. Како и сите, јас претпоставував дека дури и да постои лек за ракот, истиот нема да биде чуван во тајност. По безброј часа гледање видеа и читање статии и студии, почнав да го менувам моето мислење. Имаше толку многу наука зад канабисот и неговите ефекти врз ракот во кои јас не можев да поверувам“ - вели Линколн Хорсли (Lincoln Horsley) креаторот на страницата CUREYOUROWNCANCER.ORG Од 1974 студиите покажуваат дека канабисот има антитуморозни ефекти. Резултатите од студијата од 1974 објавени на 18 август во статија во весникот Washington Post, каде таа состојка од канабисот - THC „го успорувала растот кај туморите на белите дробови, ракот на дојка и вирусно индуцираната леукемија кај лабораториските глувци и ги пролонгирала нивните животи за 36%“. Во 1975 година статија во Journal of the National cancer institute насловена „Антинеопластична активност на канабиноидите“ (Antineoplastic Activity of Cannabinoids) авторот изјавува дека „Растот на аденокарциномот на белите дробови бил ретардиран со орална администрација на тетрахидроканабинол (THC) и канабидиол (CBD). Глувците третирани 20 последователни денови со THC и CBD имале редуцирана големина на примарниот тумор“.

Во 1998 година, истражувачкиот тим од Complutense Универзитетот во Мадрид предводен од д-р Мануел Гузман откриле дека THC може селективно да индуцира програмирана клеточна смрт кај канцерогените клетки во мозокот без негативно влијае на околните здрави клетки. Тие објавија во списанието „Nature Medicine“ дека ги уништиле неизлечивите тумори на мозокот кај стаорците со инјектирање THC. И во 2007 година дури и истражувачите од Харвард откриле дека состојките во марихуаната го намалиле растот на ракот на белите дробови. Исто така постои и една организација наречена SETH група (SETH Group) која покажа дека состојките во марихуаната може да го запрат растот на канцерогените клетки во мозокот мултиформа глиобластом (GBM) кај луѓето. Тие велат: „Ниту една хемотерапија не може да одговара на оваа нетоксична акција во борбата против ракот“. Во 2012 година еден пар научници од Калифорнија Пацифик Медицинскиот центар во Сан Франциско откри дека THC ги запира метастазите кај многу видови на рак.


Тоа се само неколку од спроведените истражувања кои ги покажуваат ефектите што канабисот ги има врз ракот. Дури и по сите овие истражувања зад марихуаната, се чинеше дека овој природен третман се игнорира. „Значи во текот на следната година и пол јас почнав да зборувам за ова скоро секому кој сакаше да слуша и сфатив дека како мене, повеќето луѓе не слушнале ништо за маслото од канабис како третман за рак“ - вели Линколн. Во ноември 2011 година сите напори на Линколн и сето тоа негово зборување со сите за лековитите својства на канабисот, конечно стигнаа до правото лице. „Бев контактиран од страна на човек кој е во потрага за помош. Овој човек сака да остане анонимен, па јас ќе го именувам како Боб. Боб имаше рак од 4 стадиум во неговиот стомак, грлото и панкреасот. Во текот на околу 6-8 недели, од кога Боб беше дијагностициран, тој стана толку болен што веќе не можеше да јаде и тој изгуби повеќе од 20 килограми. Тој всушност требаше да биде мртов пред Денот на благодарноста и кога јас прв пат разговарав со него, нему му беа дадени уште 2 недели живот“ - додава Линколн.

Боб примил зрачење месец пред тој да биде контактиран од Линколн и тој заедно со неговиот доктор се надевале дека радијацијата ќе им помогне. Но, наместо да му помогне таа направи да се влоши неговата состојба со ракот. Па, наместо да се обиде да продолжи да му помогне на својот пациент, лекарот на Боб му рекол дека му е жал, но ракот се проширил премногу и не преостана ништо друго што може да се направи за него. Докторот на Боб едноставно му рече да си оди дома за да умре. „Боб има син и кога јас прв пат зборував со него, тој беше толку исплашен и тажен поради смртта што му се ближи и дека неговиот син ќе остане сам. Бидејќи јас самиот сум татко веднаш сочувствував со него и посакав да му помогнам. Тој ме праша дали би можел да му помогнам и да му го направам маслото, бидејќи тој немал начин како да го направи сам, па затоа се согласив да му помогнам. Во рок од 2 дена по нашиот прв разговор Боб, започна со земање масло од канабис“ - објаснува Линколн.


За време на 8 недели пред Боб да започне со земање на маслото, не можел повеќе да јаде нормална храна и тој изгуби околу 20 килограми. Тој живееше само на енергетски пијалоци и протеински плочки. Бидејќи туморите во неговото тело му предизвикуваа толку многу болка, тој не беше во можност да спие. По неговата прва доза од маслото, тој конечно беше во можност да ја задржи вистинската храна во стомакот и да спие цврсто. Тој побара и изеде 2 сендвичи со мисирка и една порција сладолед. Тој ги воодушеви сите. Еден добар совет што Линколн го нуди од искуството на Боб е да се следат инструкциите за дозирање достапни тука. Боб зема околу 10 пати поголема од препорачаната доза првиот пат. Единствениот пропратен ефект што тој го искуси беше сонот и бидејќи тој не беше запознаен со ефектите на маслото, па затоа се чувствуваше непријатно. Спиел по 8 часа непрекинато. По првата доза, Боб никогаш не земаше повеќе отколку што беше препорачано и тој никогаш не го доживеа истиот пропратен ефект повторно.


Боб отиде кај својот лекар на контрола 30 дена од почетокот на третманот со маслото од канабис. Неговиот лекар закажа посета 2 недели откако Боб требаше да е мртов. Боб не му кажа на неговиот лекар дека почнал да консумира масло од канабис и кога тој се врати на контрола, неговите тумори му се намалиле за 20%. Неговиот доктор беше изненаден од неговиот напредок, па му закажа уште еден преглед 30 дена подоцна. На прегледот по 60 дена Боб ќе ја добие својата најдобра вест до тогаш. Ракот што тој го имаше во неговото грло, желудникот и панкреасот, се намалил толку значително што тие го дијагностицирале дека е во ремисија. „Јас би помислил дека првиот инстинкт кај лекарите ќе биде да го прашаат својот пациент што тој правел поинаку за да ја предизвика оваа промена во неговата состојба, но тоа не беше случај. Наместо тоа, тие му понудија зрачење за по втор пат. Вториот пат Боб одлучи да не го продолжи со радијација. Наместо тоа, тој продолжи со третманот со масло од канабис и денес се` уште е жив и ослободен од ракот“ - заклучува Линколн.

Тоа е чудо на ова од Бога дадено растение. „Значи, откако бев во можност лично да му помогнам некому да се излечи од фаза 4 на ракот, почнав да размислувам за други начини како би можел да ја проширам оваа порака и да им помогнам на повеќе луѓе, на повеќе отколку само на оние што доаѓаат во контакт со мене секој ден. Сакав да бидам во можност да помогнам на другите луѓе од целиот свет. Исто така, сакав да ги спасам луѓето од сите оние долги часови на истражување на информациите за канабисот и ракот, со обезбедување на тие информации на едно место. Па, јас ја создадов CureYourOwnCancer - CYOC за да бидам во можност да ги направам тие работи. Откако почнав со CYOC, страницата била посетена од страна на луѓе од 147 земји и е прегледувана стотици илјади пати. Се надеваме дека овој сајт е во можност да му помогне некому. Ве замолувам да се чувствувате слободни да ми пишете е-мејл на Lincoln.Horsley@cureyourowncancer.org за да ги споделите сите успешна приказни што ги имате или да го споделите тоа како CYOC ви помогнала Вам или некому што го познавате. Со среќа и Бог да ве благослови“ - додава Линколн Хорсли.

Monday, December 12, 2016

Аеропоника системи за одгледување канабис во домашни услови

Аеропонскиот систем е највисока технологија во хидропониката. Хидропоника значи одгледување на растенија без подлога, вкоренети во воден раствор

Запознајте се со системот аеропоника

Иако аеропонската технологија е пронајдена дури во 1930 година, само во последните неколку години се стекнува со поголема важност, особено во пренаселените урбани средини каде што нема слободни места за производство на храна. Аеропонскиот систем е највисока технологија во хидропониката. Хидропоника значи одгледување на растенија без подлога, вкоренети во воден раствор. Во аеропониката корените висат во празно корито, но се капат во фино распрсканите хранливи материи на секои неколку минути (постојано се прскани од магла-спреј од хранливите материи). Придобивките се огромни. Растенијата растат до 50% побрзо отколку на супстрат, па така тие се спремни за жетва и 2-3 пати порано од нормално. На пример, расадот од домати треба да биде стар најмалку 28 дена за пресадување во супстратот, додека кај аеропониката доволни се само 10 дена.

Хранливите материи се нанесуваат директно на корените на растенијата, кои многу полесно ги впиваат, бидејќи има лесно достапен кислород и се стимулира растот на ситните коренчиња. Системот на циркулирање на хранливиот раствор може да биде целосно затворен, со што е голема заштедата на вода. Не постои ризик од болести кои се пренесуваат преку почвата или преку проточната вода, но можно е да се зголеми густината на садењето. Аеропонските системи можат да ја намалат потрошувачката на вода за 98%, употребата на ѓубрива за 60%, употребата на пестициди за 100%, а во исто време даваат максимален принос. Растенијата одгледувани со овој систем се покажаа, исто така, дека имаат повеќе витамини и минерали, што ги прави потенцијално похранливи и поздрави.
Технологијата е целосно програмирана и автоматизирана, дури и можно е преместување на целиот систем, како и примена во домашни услови. Во зависност од системите за одгледување, билките можат да бидат наредени хоризонтално или вертикално. Надземниот дел од билките се придржува за платформата со помош на јака околу долниот дел на стеблото или во перфорирана саксија, а корените се капат во растворот. Главниот недостаток на овој систем е тоа што во комората за полувлажна атмосфера се појавуваат бактерии, така што мора да се врши редовна дезинфекција со хидроген пероксид. Друг недостаток е бучавата што ја предизвикува системот. Целиот систем е прилично скап, а зависи од високиот квалитет на пумпата за висок притисок, од фогерите и тајмерот.



Спротивното мислење дека овие растенија, поради изобилството на храна и вода, се нежни и кршливи е погрешно, тие токму поради тоа имаат доволно цврстина да дадат зголемен род. За овој систем потребна е пумпа и микрораспрскувачи - така наречени фогери, кои можете да ги направите самостојно. Притисокот на водата мора да биде многу висок, така што прскалките да го распрскуваат растворот со големина на капките од 5-50 микрометри. Колку е помала капката, толку подолго таа ќе лебди во воздухот и ќе раствори повеќе кислород. Времето на прскање е обично две секунди на секои 1,5 - 2 минути или една секунда на секоја минута. Истовремено во воздухот може да се додава СO2, со што се зголемува ефикасноста на фотосинтеза. 

Аеропониката не е за почетници! Одгледувачот кој сака да има успех кај аеропониката, треба да има зад себе доста искуство и кај класичното одгледување во земја, треба да знае како расте марихуаната и како изгледа една здрава билка, а секако треба да знае и да ги препознава нутритивните суфицити и дефицити кај билките.


Wednesday, December 7, 2016

Какви типови на марихуана цветови постојат?

Во зависност од вашите потреби и желби, како одгледувачи на марихуана, имате можност да произведете широк дијапазон на разновидни марихуана билки со разновидни цветови. Кај билките пораснати од семе, може да се појават разни видови на цветови според тоа каква е генетиката на семето, но и според тоа во какви услови се растени и на кој начин се одгледувани


Видови на марихуана цветови
Хермафродитно цветче
ЖЕНСКИ цветови - женските билки се примарна цел кај повеќето одгледувачи. Тие произведуваат тешки мрсни цветови (туфки) преполни со канабиноиди, кои потоа се берат, се сушат, поминуваат процес на кјуринг и се користат за рекреативна и медицинска употреба. Доколку се опрашени, женските растенија го стопираат производството на THC и започнуваат да формираат семе.

СЕНСИМИЛА (Sensimilla) - ова е термин кој се користи за цветањето на марихуаната којашто НЕ била опрашена од машка билка. Сенсимила цветовите се најпотентни и содржат најмногу THC и се најценети помеѓу комерцијалните одгледувачи на канабис.

Хермафродитна туфка
МАШКИ цветови - машките билки имаат своја примена, но не произведуваат туфки што се пушат, тие произведуваат цветови со полен што може да се употреби за производство на семе. Доколку сакате да одгледувате нефертилизирани женски марихуана растенија, машките билки во просторијата за растење ќе ги опрашат сенсимила билките и останатите женски билки, доколку не ги отстраните и уништите на време.


ХЕРМАФРОДИТИ (цветови со двополови карактеристики - туфки со прашници полни полен) - хермафродитните билки настануваат поради стрес за време на вегетативниот период или раното цветање. Билката којашто е оставена да цвета предолго, исто така може да стане хермафродит. Доколку ви се појават хермафродити не очајувајте! Тие се` уште може да произведуваат туфки што може да се пушат, но им недостасува потентноста што ја имаат женските, затоа што хермафродитите својата енергија ја насочуваат во производство на семе, а не на канабиноиди.

Sunday, December 4, 2016

Најчести проблеми поврзани со цветањето на марихуаната

Цветањето на марихуаната е фазата од развојот на растението кога женските билки ќе почнат да произведуваат пупки (туфки). Иако постојат машки и женски растенија, најголемиот дел од одгледувачите ги оставаат само женските билки, бидејќи само тие произведуваат висококвалитетни туфки преполни со канабиноиди и со малку или воопшто семки, кои се идеални за консумирање по пат на пушење. Фазата на цветањето кај марихуаната е еден од најважните чекори во процесот на одгледување. Осигурете се дека ќе ги поставите вашите растенија на соодветен светлосен циклус, за марихуаната да ги даде резултатите кои ги сакате.

Најголем дел од проблемите со кои се соочуваат одгледувачите поврзани со фазата на цветање може да ги прочитате подолу. Доколку сте одгледувач - почетник, подобро е да ги прочитете следниве препораки пред самите да се соочите со истите проблеми ;) На страницата Grow Marijuana може да прочитете уште повеќе совети за растење, а исто така и да ги прочитате анонимните коментари од одгледувачите ширум светот, како почетници, така и поискусни, да ги согледате нивните искуства, а исто така и самите да поставите прашање или да оставите коментар! :)


* Мувла - мувлата може да се појави кога влажноста во просторијата за растење е премногу висока. Ова може да се избегне со мерење на влажноста и избегнување на прскањето со вода на вашите растенија.


* Штетници - штетниците во просториите за растење обично доаѓаат од клонови и се ретки кај билките, кои се пораснати директно од семе. Најопасни се пајачињата Spider Mites од семејството Tetranychidae. Затоа одржувајте ги просториите за растење речиси стерилно чисти! Доколку одгледувате надвор - заградете ги билките за да не бидат напаѓани од желки и полжави.

Хермафродит
Последица од пајачињата
* Хермафродит поради стрес - ова може да биде предизвикано од протекување дури и на малку светлина кога билките спијат или започнување на светлосниот циклус за цветање (12-12) уште пред да се оформи цветот. Стресот може да биде предизвикан исто така, поради премногу или премалку вода, како и несоодветни температури - превисоки или прениски од препорачаното. Хермафродитните растенија може да ги опрашат другите растенија во вашиот гроу бокс со ослободување на поленот.

* Протекување на светлина - предизвикува стрес кај билката и доведува до забавување на процесот на цветнање. Исто така, предизвикува хермафродитизам кај билките (на една билка се препознаваат двата пола).

Еве како да го разликувате полот :)
* Презреани туфки - предизвикано од ненавремено берење. Затоа внимавајте да не ги предобрите туфките! :) Не е добро ни да се бере прерано, ниту пак предоцна. Доцната берба на цветовите од марихуаната доведува до тоа тие да не се толку потентни (јаки) и ризикувате билката да стане хермафродит. 

* Машки растенија во собата за растење/гроу боксот - машките растенија ги опрашуваат женските растенија, што доведува до тоа целата енергија којашто е потребна за формирањето на тешките мрсни и потентни туфки, да се трасферира за производство на семе, што значи дека билката дава послаб и помал принос.


Во моментот кога ќе согледате дека имате машки билки, отстранете ги од просторот наменет за растење и уништете ги затоа што поленот се разнесува многу далеку, па дури може и да ги опраши женските марихуана билки од соседите... Ние ви препорачуваме да не ги уништите машките билки, туку да ги употребите во исхраната - од нив да направите суров цеден сок, смуди или чај. Ајде! Прво, па женско!!! :D


СРЕЌНО! :) <3

Sunday, November 27, 2016

Пушењето марихуана како лек за воспалителни болести на цревата!






Кога станува збор за несвојствените воспалителни заболувања кај цревата (Inflammatory Bowel Disease - IBD), канабисот може да биде единственото природно решение, многу побезбедно и поефикасно од фармацевтските лекови


Научниците знаат дека марихуаната содржи повеќе од 100 состојки наречени канабиноиди, коишто имаат биолошки позитивен ефект врз телото на консументот. Канабисот веќе долго време се препишува како лек од страна на лекарите во некои земји и тоа за третирање на физички заболувања како артритис, епилепсија, рак, но и за ментални нарушувања како што е ПТСД, депресија или анксиозност. Сепак, улогата што марихуаната може да ја игра во медицината се` уште не е испрецизирана, иако потенцијалот што го има ова растение во подобрувањето на целокупната благосостојба на човекот (па дури и милениците) е веќе одамна добро позната. Канабисот се покажа и како лек за пациентите кои претрпеле трансплантација на органи - оваа билка им помага новиот орган да е полесно прифатен од страна на нивното тело. Недостатокот на истражувања во голем дел се должи на фактот што повеќето студии се фокусирани на незаконската употреба на марихуаната, а не на терапевтскиот потенцијал и поради тоа што канабисот во поголемиот дел од светот е класифициран како дрога бр. 1, што го прави научното истражување речиси и невозможно...


Coltyn Turner успешно ја победи Кроновата болест
Во потрагата по одговори за потенцијалот што го има марихуаната врз здравјето на човекот, научниците дојдоа до интересни наоди. Кога станува збор за несвојствените воспалителни заболувања кај цревата (Inflammatory Bowel Disease - IBD), канабисот може да биде единственото природно решение, многу побезбедно и поефикасно од фармацевтските лекови. Имено, постојат два типа на IBD и тоа Улцерозен колитис и Кронова болест. Употребата на канабис како терапија според Д-р Џордан Тишлер (Jordan Tishler) кој своето образование го завршил на Харвард и е водечки експерт за канабис терапевтика во Масачусетс, канабисот е решението и е многу побезбеден и помалку штетен во споредба со другите лекови.  Да појасниме дека споредните ефекти од канабист не се негативни ефекти. Тие вклучуваат сонливост или на пример зголемен апетит - а тоа се знаци дека телото се лекува - телото си кажува дека му требаат повеќе хранливи материи и сон за да се избори со болеста! Она што е најважно е дека споредните ефекти од канабисот не се летални (смртоносни) како кај фармацевтските лекови. Друга важна работа е што токму кај пациентите со гастроинтестинални нарушувања, споредниот ефект од марихуаната кој предизвикува зголемен апетит - е токму она што им е најпотребно!


'Подобро е да сум нелегално жив, отколку легално мртов'
Постои изобилство од канабиноидни рецептори во гастроинтестиналниот ѕид, истовремено во имуните клетки и клетките од цревата. Канабисот е многу ефективен кај воспалителните заболувања во третирањето на двете истовремено - основната болест, како и нејзините симптоми. Несаканите последици се вистински, но можам да го избројам бројот на пациенти коишто не успеваат со канабис терапијата поради нетолеранција на споредните ефекти од една страна. Внимателното планирање на режимот, согласноста на пациентот, како и редовното следење, исто како и кај било кој друг лек, можат ефикасно да ги надминат овие потешкотии“ - истакнува Д-р Тишлер.


Ти благодариме д-р Рашна! Сите лекари да бидат како тебе :)
Д-р Тишлер и другите негови колеги, коишто препишуваат медицински канабис се ангажирани да го намалат влијанието што воспалителните болести на цревата го имаат врз секојдневниот живот на луѓето што страдаат од овие болести. Поради тоа што симптомите и степенот на болеста се различни кај секоја индивидуа, тој препорачува вариетет од подготовки и начини на употреба на канабисот. „Оралните подготовки (edibles) даваат многу подолга покриеност, додека за повремените симптоми јас обично преферирам вапоризиран цвет. За оние пациенти коишто имаат потреба од дополнителен третман, јас понекогаш комбинирам орален режим со вапоризирање туфки. Како и кај сите лекови, постојат ризици и придобивки од канабисот и целта е секогаш да се најде начинот и да се користи најмалата возможна доза за да се добие најдобриот резултат, со најмалку споредни ефекти“ - додава Д-р Тишлер. Тој исто така нагласи дека медицинскиот режим значително се разликува од рекреативниот и покрај тоа што секоја употреба на канабист е медицинска.

Д-р Рашна Пател (Rachna Patel) исто така е лиценциран лекар во Калифорнија и таа ја раководи нејзината сопствена клиника за медицинска марихуана. Позната како „Експерт за медицинска марихуана“ (The Medical Marijuana Expert) д-р Рашна третира IBD користејќи канабис со многу успех до сега. „Јас открив дека тој им помага на моите пациенти на повеќе начини. Тој им помага да се намалат стомачните грчеви, гадењето и тој исто така помага да се стимулира апетитот со оглед на тоа што пациентите коишто страдаат од IBD често имаат проблеми со губењето на тежината, па користењето на канабис може да помогне кај апетитот и контролата на тежината“ - истакнува таа.


Победи ги воспаленијата!
Најновото откритие кај истражувањата на Кроновата болест немамерно го поддржува канабисот не само како лек за симптомите, туку и како лек за болеста сама по себе. Студијата спроведена од страна на интернационален тим раководен од Case Western University School of Medicine, откри дека габите и бактериите вообичаено присутни во човечкото тело имаат нетипични интеракции во телата на пациентите со Кронова болест. Како надополнување на ова, со истражувањето на фекалната материја кај здравите индивидуи и лицата со Кронова болест во исто семејство, истражувачите откриле дека во споредба со здравите членови од семејството, лицата со Крон имале повисоки нивоа на два вида на бактерии и една габа, коишто заедно ја создаваат лигавата материја што го предизвикува воспалението во цревата.


Ова научно достигнување во комбинација со идентификувањето на антигабичното и антибактериското дејство на канабисот го има потенцијалот да создаде нови третмани и конечно и лек за Кроновата болест и другите видови на нетипични воспаленија на цревата. Со култивирањето на различни врсти на канабиноиди со овие својства, научниците се фокусирани на максимизирање на антигабичното (антифунгалното) и антибактериското дејство кај надворешната како и кај внатрешната употреба на оваа медицинска билка.


Wednesday, November 23, 2016

Научниците откриле дека ЦБД ги стопира метастазите кај агресивните видови на рак!

Во канабисот е иднината!
Како што е истакнато на официјалната Веб страница на Hemproject, група научници од болницата California Pacific Medical Center во Сан Франциско покажаа дека соединението добиено од марихуаната може да ги запре метастазите кај многу видови на агресивен рак, потенцијално менувајќи ја смртноста од оваа болест засекогаш. „Тоа ни одзеде околу 20 години истражувања за ова да се открие, но ние сме многу возбудени. Сакаме да започнеме со испитувања што е можно поскоро“ - истакна за The Huffington Post Д-р Пјер Деспрез (Pierre Desprez), еден од научниците кој стои зад откритието. The Daily Beast први го проследија со објава ова откритие, кое веќе ги претрпе двете видови на тестирања, како лабораториските, така и тестирањата врз животни и се чека дозвола за клинички испитувања врз луѓето.

Не само ТХЦ и не само ЦБД, туку сите канабиноиди во корелација меѓусебно си помагаат во убивањето на ракот! 

Немаше да биде меѓу нас да не беше канабисот!
Д-р Деспрез кој е молекуларен биолог со децении го истражува генот ID-1 што го предизвикува ракот да се шири низ телото. Во меѓувреме, соработникот истражувач Д-р Шон МекАлистер (Sean McAllister) ги проучувал ефектите од Канабидиолот (Cannabidiol - CBD) - непсихоактивната состојка којашто ја има во различни концентрации во секоја билка од канабисот, без разлика на врстата. За среќа, оваа интелектуална двојка соработувала заедно при ова најново истражување. Научниците ги комбинирале клетките кои содржат високо ниво на гените ID-1 заедно со CBD во петриеви садови.

5 факти за Канабидиолот (CBD) кои мора да ги знаете
 
Она што го откривме беше дека неговиот Канабидиол би можел суштински да го 'исклучи'  ID-1“ - изјави Д-р Деспрез. Клетките запреле во ширењето и се вратиле во нормала. „Ние најверојатно не би го дознале ова самостојно“ - додаде тој. „Тоа е причината зошто соработката е од толку суштинско значење за научното откритие“ - заклучува Д-р Деспрез. Двајцата доктори први објавиле труд во врска со наодов во 2007 година. Од тогаш до сега нивниот тим покажа дека CBD функционира истовремено како во лабораторија, така и кај животните. И сега, тие откриле уште една добра вест! „Ние започнавме со истражување на ракот на дојка. Но, сега ние откривме дека Канабидиолот функционира кај многу видови на агресивен рак - на мозок, простата - било кој вид во кој овие високи нивоа на ID-1 се присутни“ - рече Д-р Деспрез.
Часните сестри кои ја одгледуваат Божјата билка

Хемо VS. Мара :)
Д-р Деспрез се надева дека клиничките испитувања ќе започнат веднаш. „Ние не најдовме никаква токсичност кај животните кои ги тестиравме и Канабидиолот веќе официјално се користи кај луѓето за разни други болести“ - рече тој. Навистина, оваа состојка се користи за ублажување на анксиозноста и гадењето и бидејќи таа е не-психоактивна и претставува докажан природен антидотум на ефектот на Тетрахидроканабинолот - ТХЦ, па затоа е потполно безбедна. Канабидиолот е веќе докажан природен лек за разни видови на епилепсија и дури и најтешките форми на епилепсија кај новороденчињата се третираат со ЦБД. 


Твоето здравје е во твои раце!
Ние употребивме инјекции во тестирањето кај животните и исто така тестираме и со таблети. Но, вие никогаш не може да добиете доволно количество на Канабидиол за тој да биде ефективен само од пушењето“ - истакнува тој. Покрај тоа, тимот почна синтетизирање на соединението во лабораторија, наместо да го користат растението, во обид да го направат повеќе потентно. „Тоа е вообичаена практика. Но, за среќа тоа ќе не` држи настрана од сите пречки додека бараме одобрување“ - заклучува Д-р Деспрез.

Синтетички канабиноиди за редукција на остеоартритис

Д-р Деспрез и Д-р Шон МекАлистер
ДОЗВОЛЕТЕ ИМ НА НАУЧНИЦИТЕ ЛЕГАЛНО ДА МОЖАТ ДА ВРШАТ ИСТРАЖУВАЊА ВРЗ МАРИХУАНАТА!!! Зарем на сите природни соединенија ние треба да направиме хемиски синтетички супститут во лабораторија под разни изговори?!? Само природниот канабис е потполно безбеден и само природните канабиноиди може да не` излечат од многу болести. Ниту еден изолиран канабиноид не може да се справи со болестите, затоа што му треба помошта од другите канабиноиди, а за синтетичките да не правиме ни муабет. Универзумот не згрешил кога го искреирал ова растение...

Sunday, November 20, 2016

Канабисот како природен лек за зависности од тешки дроги

Лековита билка или уште повеќе фармацевтски дроги?

Медицинскиот канабис го има потенцијалот на природен начин и без несакани последици да им помогне на зависниците од опијати и други тешки синтетички дроги во борбата со нивната зависност, сугерира една нова научна студија. 

Прегледот на претходните истражувања откри рани докази дека марихуаната може да помогне во лекувањето на менталните здравствени проблеми како што се пост-трауматско стресно нарушување (Post Traumatic Stress Disorder - PTSD - ПТСД) и нарушувањата со злоупотреба на супстанции.


Корисник на канабис VS. зависник од дроги!
Истражувањето објавено во најновиот број на зборникот Clinical Psychology Review journal направи преглед на сите студии кои го вклучувале менталното здравје и марихуаната објавени од далечната 1960та година, откри дека многу од испитаниците ја замениле употребата на опијати со канабис. „Истражувањето сугерира дека луѓето може да го употребуваат канабисот како излезна дрога за да ја редуцираат употребата на супстанците коишто се потенцијално многу поштетни“ - изјави во едно соопштение главниот автор на студијата Зек Волш (Zach Walsh) психолог и истражувач на марихуаната од кампусот на Универзитетот од Британска Колумбија Оканаган (UBC’s Okanagan campus).


Почитувани лекари, освестете се!
Пациентот Грег Милер (Greg Miller) е еден од тие среќници. Тој долго време се бореше со злоупотребата на дрога и алкохол откако по една трагична сообраќајна несреќа тој се здоби со хронична болка. Но, потоа тој својата зависност ја замени со медицинска марихуана и имаше успех исто така и во справувањето со неговата болка, без употреба на морфиум и алкохол. „Таа ми помага да ги контролирам моите проблеми со болката“ - истакна Милер за CTV Vancouver.

Доколку канабисот ја намалува употребата на поштетна супстанца, тогаш тој е од корист за општеството“ - додава Волш.
Канабис = Здравје = Љубов! <3
Потенцијалниот јавен интерес може да биде можно решение за кризата со опитаји што доведе до смрт на стотици Канаѓани и илјадници други хоспитализирани. Канадскиот Министерот за здравство, Џејн Филпот (Jane Philpott) е домаќин на самитот во Отава на кој ќе се дискутира за можните решенија на опијатната криза. Додека Центарот за зависности и ментално здравје (Centre for Addiction and Mental Health - CAMH) веќе има сугерирано рестрикција во препишувањето на големи дози на опијати, Волш вели дека системот треба да понуди алтернатива. „Ние не можеме само да речеме опијати наспроти без опијати, ние мора да бидеме во можност да понудиме сочувствително решение за луѓето кои страдаат и за некои луѓе тоа изгледа како тука може да има улога за канабисот“ - заклучува таа.

Saturday, November 12, 2016

Научна студија потврди дека пушењето канабис ги подобрува мозочните перформанси




Една неодамнешна канадска студија исто така потврди дека THC (тетрахидроканабинолот) ги прави лабораториските стаорци попаметни

Се запрашувате зошто корисниците на канабис се толку паметни и креативни? Научните наоди неодамна објавени во зборникот Frontiers in Pharmacology ја расчистија мистеријата еднаш засекогаш. Прелиминарните истражувања од страна на медицинските истражувачи од McLean Hospital, Harvard Medical School и Tufts University укажуваат дека користењето трева ги подобрува когнитивните перформанси! Когнитивниот перформанс е нашата способност да ги користиме знаењата стекнати од менталните процеси во мозокот. Со други зборови, извршување на задачи кои бараат процесирање на информации (размислување). 

Научниците кои се занимаваат со однесувањето во своето истражување „Сјај во тревата? Пилот студија што го проценува влијанието на марихуаната врз извршната функција“ (Splendor in the Grass? A Pilot Study Assessing the Impact of Medical Marijuana on Executive Function) проследуваа 24 сертифицирани пациенти кои користат медицинска марихуана, во период од три месеци на користењето на овој природен лек. Испитаниците биле постојано надгледувани и им биле мерени когнитивните вештини преку разни тестови на интелигенција и предизвици кои ги вклучувале тестовите Trail Making Test, како и Stroop Color Word Test

Д-р Стејси Грубер (Staci Gruber) директор на програмата „Истражувања врз марихуаната за невронаучното откритие“ (Marijuana Investigations for Neuroscientific Discovery - MIND) при болницата McLean Hospital - Harvard Medical School’s со нејзиниот извештај даде двојно позитивно мислење за канабисот. Третманот со трева доведе пациентите да се справат со мозочните тестови и загатки со невидена леснотија, брзина и точност. „По три месечен третман со марихуана, пациентите всушност даваа подобри резултати, од аспект на нивната способност за извршување на одредени когнитивни задачи, посебно оние со посредство на фронталниот кортекс“ - објаснува Грубер. 


Учесниците во студијата, исто така, изјавиле подобрувања во нивните специфични клинички состојби, спиење и општото здравје, како и намалена потреба од употреба на конвенционалните лекови, особено опијати. „Видовме намалување за 42 отсто кај употребата на опијати. Ова е значајно, особено за оние од нас во Масачусетс и другите области на земјата каде што епидемијата со опијати убива толку многу. Ова прелиминарно откритие со сигурност бара подлабока и поширока истрага“ - додава таа.

За помалку од една недела, електоратот во пет американски држави (една од нив е Масачусестс) имаат можност да гласаат за легалниот марихуана клуб. Доколку само една од овие држави, Калифорнија на пример, изгласа легална употреба за возрасни, буквално милиони Амњериканци ќе добијат можност легално да користат марихуана, без страв дека ќе бидат прогонувани од полицијата и без да го имаат чувството дека според закон се криминалци.

Кој пробал - знае! Нам не ни се потребни додатни истражувања за да се докажува она што отсекогаш се знае дека е така. Да. Канабисот може да те направви попаметен и посреќен човек и да, луѓето ќе ја користат марихуаната. „Луѓето ќе ја користат. Наша задача е да ги дознаеме најдобрите и најбезбедните начини на кои тие можат да го прават тоа“ - заклучува Д-р Грубер.


П.С. Авторот беше напушен и пушеше канабис додека го пишуваше овој текст... :)

M. Konopova

Tuesday, October 25, 2016

Подготовка на канабисово масло во домашни услови

„Сè што треба да направите e внимателно да ги следите овие упатства и откако ќе го произведете овој лек неколку пати, ќе сфатите дека тоа не е многу потешко од правењето филџан кафе“ - вели Рик Симпсон


Ставете го почетниот материјал (туфките - цветовите од канабис) во длабока кофа за да спречите мешавината од растворувачот и состојките од канабисот, да се истураат и прскаат за време на процесот на миење на цветовите. Потоа, потопете и потиснете ги туфките со растворувачот. Цветовите добро раздробете ги со помош на дрво. Откако туфките се убаво издробени во кофата заедно со растворувачот, додадете уште растворувач се` додека туфките не се целосно нурнати во растворувачот. Ова правете го извесно време (неколку минути) со помош на дрвото (стапот). Потоа полека и внимателно истурете ја течноста (мешавината од масло и растворувач) во друг чист сад, оставајќи го почетниот материјал (туфките) во првиот сад, за да може да го измиете со растворувач уште еднаш. За да го сторите тоа, повторно додајте чист растворувач во првата кофа со почетниот материјал и повторете ја постапката - потопете ги туфките и гмечете ги со стапот 3-4 минути.


Потоа, претурете ја само течноста од второто миење на туфките во истиот (или во друг сад, доколку сакате маслото да е направено само од првото перење) сад во кој сте го претуриле растворувачот со маслото од првото миење. Не е погрешно туфките да ги измиете со растворувач и по трет пат, но според Рик Симпсон, обидот да го измиете почетниот материјал по трет пат, дава помалку масло и истото ќе биде послабо со многу помала медицинска вредност. Доколу одлучите да ги измиете и по трет пат, маслото кое ќе го добиете на овој начин исто така може да биде од голема корист и може да се користи за третирање на помали и понесериозни здравствени проблеми, како проблемите на кожата или лекувањето на домашните миленици или чисто за превенција од некои полесни здравствени нарушувања. Првото перење раствoра 75-80% од расположливите топченца со лековита смола од почетниот материјал. Второто перење потоа отстранува поголем дел од корисната смола што е останата. Маслата произведени од првото перење се најпотентни и имаат најголема медицинска вредност, меѓутоа доколку се користи квалитетна марихуана, екстрактите произведени и од второто перење, исто така имаат многу голема медицинска вредност.


Доколку поради некоја причина мора да правите масло од материјал којшто не е толку многу медицински активен како што треба, најдобро е да се употребува маслото направено од првото миење само за внатрешна употреба, само колку да се започне со канабис терапијата, а потоа вели Рик најдобро е да започнете да си ја растете соодветната врста или едноставно да побарате поквалитетен канабис за следната подготовка на масло. „Запомнете дека КВАЛИТЕТОТ Е ПОВАЖЕН ОД КВАНТИТЕТОТ и колку повеќе медицинска вредност поседува конечното масло, толку истото ќе функционира подобро како лек. Користете нешто како што се чисти контејнери за вода со мал отвор на врвот и вметнете ги инките во отворите, а потоа ставете хартиени филтери за кафе во инките“ - објаснува тој. Внимателно истурете ја мешавината од растворувач и екстракт од канабис од првото и второто перење низ инките со филтери за кафе и овозможете ѝ на смесата да се исцеди во садовите со цел да ги отстраните несаканите растителни остатоци од канабис.

Колку повеќе садови со инки користите, толку побрзо смесата ќе се прецеди. Откако мешавината е исфилтрирана, истата сега е подготвена за загревање со цел да евапорира (да испари) растворувачот. „Јас исто така треба да споменам дека доколку користите висококвалитетни туфки, откако миксот од растворувач и масло ќе биде исфилтриран, тој често наликува речиси исто како бензинот, а понекогаш може да изгледа дури и потемно. Запомнете дека растворувачот што сте го користеле бил проѕирен, па жолтата или потемната боја што ја добил растворувачот се должи на лековитите топчиња со смола коишто сега се растворени во него“ - додава Рик Симпсон. Доколку се` уше не поседувате еден, потребно е да си набавите просечен електричен уред за готвење ориз (или фритеза) со отворен врв којшто поседува подесување на топлината, за со соодветно вриење ефикасно да испари растворувачот од маслото. Но, бидете сигурни дека уредот за ориз е поставен во добро проветрена просторија со добра вентилација, а потоа ставете вентилатор во близина, за да ги раздувува издувните гасови што се ослободуваат од смесата како што растворувачот зоврива.


Ова ќе ги спречи издувните гасови од кондензација, што може да биде опасно. Електричните шпорети за готвење ориз (фритезите) се дизајнирани да не го горат оризот, додека тој врие. Па, сензорите за температура кои се вградени во овие уреди, автоматски ќе ја намалат температурата, доколку таа започне да станува превисока. Кога го произведувате маслото, доколку температурата се покачи малку над 300°F (148 °C), тоа ќе започне да ги испарува канабиноидите од маслото и се разбира, тоа не сакате да се случи. Доколку уредот за готвење ви е исправен, тој автоматски ќе го исклучи подесувањето на големата топлина на околу 210 до 230°F (100 до 110°C), што е над температурата за којашто повеќето луѓе велат дека се одвива декарбоксилацијата.

Оваа температура се` уште е далеку од точката во која THC и другите канабиноиди ќе евапорираат од маслото, коешто преостанува во фритезата. „Ова е причината зошто јас силно препорачувам употреба на уред за готвење ориз, за оние коишто никогаш до сега не произведувале масло, бидејќи ја елиминира секоја опасност од оштетување на маслото. Плус резултирачкото масло е декарбоксилирано, што исто така е важно, така што маслото може да го постигне својот полн медицински потенцијал. Сугерирам дека луѓето не би требало да се обидуваат да користат електрични тенџериња за бавно готвење од типот на Crock-Pot и слични апарати за подготовка на маслото. Кога јас прв пат се обидов да направам масло, јас употребив таков уред и бидејќи не знаев колку топлина овие уреди можат да генерираат, маслото беше прегреано и уништено“ - предупредува Рик.

Рик нагласува дека почетниците најдобро е да користат електричен уред за готвење ориз и да ги следат внимателно неговите инструкции. Пожелно е исто така да си набавите индустриски топломер кој мери високи температури. Доколку внимателно ги следите советите на Рик, помалку е веројатно да го утнете маслото и ќе правите помалку грешки, односно многу брзо ќе научите како правилно се подготвува истото. Исто така, Рик вели дека може да се употреби и уред за дестилирање за производство на овој природен лек, како и за враќање на растворувачот што е употребен. „Овој начин навистина има повеќе смисла отколку употребата на електрично тенџере за ориз. Но, уредите за дестилирање коишто се дизајнирани за безбедно испарување на растворувачите се скапи и повеќето од луѓето не знаат како правилно да ракуваат со овие апарати. Доколку имате некој ваков на располагање, јас преферирам да се користи дестилатор, но во некои држави, поседувањето на ваков уред е противзаконско. Доколку некој е сериозен и сака да произведе големи количества масло, нека се едуцира за дестилирањето и за правилната употреба на оваа опрема“ - вели тој.


Секогаш бидете сигурни дека не постојат искри, отворен пламен или црвени вжештени елементи во оваа област, додека го полните електричното тенџере за ориз или додека го вриете растворувачот за да испари, бидејќи гасовите произведени од растворувачите се многу запаливи и доста токсични. „Јас го користев истиов процес стотици пати и никогаш не сум имал несреќа, но за ваша безбедност, ве замолувам да ги следите инструкциите и да бидете сигурни дека местото е добро проветрено. Јас исто така, предупредувам да се избегнува вдишување на гасовите кои се ослободуваат од растворувачите, бидејќи тие може да имаат непријатни последици врз секој во близина. Исто така е важно да се напомене дека протокот на воздух од вентилаторот, треба да биде насочен кон дното на шпоретот за ориз (фритезата), бидејќи гасовите од растворувачот често може да се акумулираат таму. Ако погледнете на дното на тенџерето за ориз, ќе најдете еден или два мали отвори и доколку гасовите од растворувачот навлезат во овие отвори тоа може да предизвика пожар“ - објаснува Рик.

Па, јас открив дека со насочување на протокот на воздух од вентилаторот приближно во центарот на уредот за готвење, протокот на воздух се` уште ќе ги носи далеку гасовите од врвот на тенџерето, а исто така ќе се спречи овие гасови да се акумулираат под тенџерето во исто време. Бидете сигурни дека вентилаторот работи и произведува доволно воздушно струење за да ги раздува гасовите и ако користите вентилатор со повеќе брзини веројатно ќе откриете дека поставувањето на помала брзина ќе ја постигне оваа задача. Потоа наполнете го електричниот уред за готвење ориз, додека тој е околу три четвртини полн со мешавината од растворувач и масло, ова овозможува простор за мешавината да се вари без да прска надвор. Поставете го уредот за готвење на висока температура, а потоа започнете да го извривате растворувачот од смесата. Никогаш не се обидувајте да го направите тоа без употреба на вентилатор, поради тоа што гасовите од растворувачот може да се акумулираат и ако тие дојдат во контакт со грејните елементи од шпоретчето, тоа може да предизвика овие гасови да се запалат“ - додава тој.

Како што нивото на смесата во електирчниот готвач се намалува, продолжете внимателно да додавате од мешавината што ви преостанува, се` додека не преостане ништо. Кога нивото на мешавината во електирчниот уред за говење ориз ќе се намали за последен пат се` додека не дојде до ниво од два инча (5 см) додадете околу 10-12 капки вода во смесата што врие во електричното тенџере (фритезата). Оваа мала количина на вода овозможува преостанатиот растворувач да испари од маслото што преостанува во тенџерето полесно и тоа исто така помага во чистењето на маслото од остатоците на растворувачот, како што испарува крајниот остаток од растворувачот во мешавината.


Потребен е 99% изопропил, но бидејќи тешко се наоѓа, нема да погрешите и доколку употребите 96% етанол, најдобро замрзнат на -5 степени кога ќе се пере материјалот (туфките) во него. Не е толку важен растворувачот, колку што е битна декарбоксилацијата. Во однос на следењето на температурата - додека алкохолот врие, тој не може да качи температура повисока од 80 степени, затоа што на таа температура алкохолот испарува. Откако количеството на алкохол прилично ќе се намали во растворот, ќе започне и да се зголемува неговата температура. Температурата не смее да надмине 140 степени Целзиусови. За следење на температурата потребен е индустриски термометар (го има и во нашите продавници со алати и опрема).
 

Кога има многу мало количество преостанато во уредот, јас вообичаено ставам пар ракавици и потоа го земам уредот и започнувам да ја мешам неговата содржина. Ова е направено со проток на воздух од вентилаторот што се` уште ги отстранува гасовите и тоа може малку да го забрза крајниот процес. Како што топлината во уредот се зголемува, тој автоматски ќе се префрли од поставување на висока топлина на неговото поставување на ниска температура, што превенира маслото во него да се прегрее. Како што остатокот од растворувачот е целосно испарен, ќе слушнете чкриплив звук од маслото што е останато во уредот и ќе видите доста меурчиња во маслото кое преостанува. Исто така, ќе видите нешто што изгледа како мало количество на чад што доаѓа од маслото во тенџерето, но не бидете загрижени, затоа што тоа најчесто е пареата произведена од неколкуте капки вода што сте ги додале“ - објаснува Рик Симпсон.

Откако уредот за готвење автоматски ќе се префрли на неговото ниско поставување на топлината, јас вообичаено оставам да се олади додека тој може повторно да биде префрлен на поставување на висока топлина. Откако уредот за готвење автоматски ќе се префрли на поставување на ниска температура по втор пат, јас тогаш го вадам внатрешното тенџере надвор од уредот и ја претурам содржината во чашка за мерење од не`рѓосувачки челик. Открив дека некои врсти канабис може да произведат масло, коешто всушност е готово и спремно за употреба откако уредот за готвење се префрлил на ниска температура по втор пат, но во повеќето случаи најдобро е да се заврши маслото правилно. Ќе има мало количество на масло преостанато во тенџерето што ќе видите дека е всушност невозможно за отстранување, освен ако не употребите нешто како сув леб за да го апсорбира маслото додека се` уште е топло. Потоа, мали количества на тој леб може да бидат јадени како лек, но запомнете понекогаш може да требаат час или повеќе пред да ги почувствувате неговите ефекти“ - додава тој.

Па, бидете внимателни околу тоа колку ваков леб ќе консумирате, затоа што дури и многу мало количество може да ве успие за неколку часа, исто како и суровото масло. Друг добар начин како да се исчистат остатоците од масло во тенџерето е истото да се измие со мало количество на алкохол што ќе го апсорбира маслото, а вам тоа ќе ви даде тинктура со канабисово масло, која ќе варира со својата медицинска вредност, зависно од тоа колку масло содржи алкохолот што сте го употребиле. Тинктурата како оваа може да биде многу ефикасна за лекувањето на кожните заболувања, а само мало количество може долго да ви користи, што може да ви заштеди многу пари. „Откако јас често сакав да мешам масла од неколку врсти како и да е, јас вообичаено го оставам преостанатото масло во тенџерето до следниот пат кога треба да правам масло. Покрај тоа, за оние кои пушат цигари и би сакале да видат колку многу од неговите штетни ефекти се отстранети, тогаш производството на она што јас го нарекувам ‚среќни цигари‘ треба да ги задоволи нивните потреби. Се` што треба да направите е да загреете мало количество тутун во уредот за готвење ориз за да се апсорбираат остатоците од масло, а потоа ќе имате супстанца којашто ќе биде многу помалку штетна и ќе ве расположува кога пушите“ - нагласува Рик.

Со мешање на масла од различни врсти, ќе ги добиете медицинските придобивки од сите овие различни типови на масла и јас открив дека таквите масла се ефективни во лекувањето на скоро се`. Ако имате многу различни видови на добри цветови на канабис на располагање, мислам дека мешањето на маслата од различните Индика врсти е многу добра идеја, но доколку немате, често маслото од само една врста најверојатно ќе ги задоволи твоите потреби“ - вели Рик. Земете го маслото што сте го претуриле во чашката за мерење од не`рѓосувачки челик и ставете ја на уред кој нежно грее, како што е уредот за греење кафе за да евапорира надвор она што преостанало од капките вода во маслото. Мошне често, потребно е само малку време за да испари преостанатата вода, но исто така некои врсти произведуваат повеќе природни терпини и флавноиди отколку други. Овие терпини и флавоноиди може да предизвикаат маслото коешто сега го имате на грејачот за кафе да клокоти доста извесно време и може да потрае некое време за ваквите масла да престанат со оваа активност. Кога маслото на грејачот за кафе има мала или повеќе нема видлива активност со меурчиња, тргнете го маслото од грејачот и овозможете да се олади малку, по што ќе може да се префрли во пластични шприцеви за употреба.

Друг начин да се заврши маслото без да се употребува грејач за кафе, е да се стави маслото во релна поставена на 120°C (250°F) на околу 30 минути до еден час. Двата овие начини функционираат многу добро за да го доведат маслото во краен стадиум. Потоа со користење на пластични апликатори или шприцеви без игли достапни во аптеките, полека извлекувајте го топлото масло нагоре со шприцовите, а потоа оставете го да се олади. Како што маслото се стабилизира и доаѓа до собна температура, смолата или маслото што содржи лековити канабиноиди, ќе стане како супстанца во вид на густа маст, којашто потоа е веќе готова да биде употребена како лек. Понекогаш смолата е толку густа што може да биде тешко да се извади од шприцот, откако ќе се олади. Доколку нешто вакво ви се случи, едноставно ставете го шприцот во чаша со топла вода, а потоа по катко време ќе бидете во можност полесно и прецизно да ја истиснете својата доза од шприцот.

Постојат моменти кога пациентот ќе извади премногу масло од шприцот, но доколку ова се случи, само вратете го назад со помош на шприцот, без поголема тешкотија. Во просек, пола кило сув канабис ќе бара околу 2 галони (8-9 литри) растворувач за да се спроведат двете миења кои се потребни. Ако планирате да произведувате масло од повеќе или помалку почетен материјал (канабис), едноставно направете ја математиката за приближно да утврдите колку растворувач ќе ви биде потребно. Од почетокот до крајот обично процесот трае три до четири часа за да се заврши целосно, а потоа го имате лекот покрај себе готов за употреба! „Исто така, треба да се напомене дека ова масло има исклучително долг рок на траење. Но, за долгорочно чување, јас би го ставил во темно шише со цврст капак или сад од не`рѓосувачки челик. Ако се чува на ладно и темно место, може да ја задржи својата лековита моќ за голем број на години. Од прва, тоа може да изгледа застрашувачки за некој да се обиде да го произведе својот сопствен лек, но во реалноста, овој процес е екстремно едноставен“ - заклучува Рик Симпсон.

Извор: http://phoenixtears.ca/producing-the-oil/

Фотографиите се преземени од Зелена Алтернатива: На првата слика има 3 мл од 3 различни масла: светлото лево е од пет индики (La conf. Northern lights, Cream caramel, Uk cheese и Purple bud), тоа во средина е од Kush и тоа десно е од непозната Индика. На втората слика белиот прашок е 100% CBD се додава заради намалување на сајдефектите од огромната доза. На третата слика се додава масло од темјан поради тоа што и темјанот има анти канцерогени својства и одлично работи во комбинација со масло од канабис. На четвртата слика се додава стопен путер од какао. На петтата слика смесата е готова. На шестата се полнат супозиториите. Пациентот имаше прогноза дека ќе живее уште еден месец, а прогнозата беше дадена пред две години :)