Saturday, June 30, 2018

Воведна лекција за трихоми и нивните основни својства

Што се тоа трихоми? Што во врска со нивната содржина? Што во врска со нивната улога? Како и сите делови од канабисовото растение, така и трихомите, сами по себе се посебни на свој начин, специфични за нешто и величествени!


Кога ќе ги погледнете цветовите на марихуаната, ќе забележите дека постојат мали кристално блескави топченца по површината во кои се соджи лекот. Читајќи литература за канабисот многу често го среќаваме поимот трихоми и единственото нешто што во кој и да е контекст е напишано за нив е кратка дефиниција дека претставуваат жлезди преполни со смола од активните состојки, во вид на микроструктури кои ги има во голем број околу пупките од цветот, но и на листовите. Ќе откријам една тајна за нив - имено токму овие магични топчести жлездички се показател дали канабисовите цветови се подготвени за берба, доколку од бели се претворат во килибарно-кафени.


Значи, трихомите се оние малечки и кристални влакненца кои ги покриваат туфките и со себе го носат најдобриот дел од лековитите состојки, а тоа се канабиноидите, терпените и флавоноидите. Имено, хашишот се прави токму од овие малечки кристални влакненца поради тоа што тие ја содржат скоро целата смола на растението, што го прави и доста леплив вид на екстракт! Значи, најимпактантната карактеристика на трихомите е нивната способност да ги создаваат канабиноидите и терпените, иако долго време научниците мислеле дека ТХЦ со останатите канабиноиди се создаваат во зелените ткива на растението и се транспортираат до трихомите за време на цветањето. Но, не е така!



Сите делови од канабисовото растение имаат барем малку ТХЦ во него,  додека туфките имаат 25-30% ТХЦ од сувата маса, поради тоа што сите делови од туфката се прекриени со трихоми, од внатрешното стебло, па се до околните ливчиња. Ова е сè што ќе кажеме за трихомите засега... За домашно, разгледајте ги трихомите на вашите канабисови цветчиња и направете добри фотки и испратете ни ги за да ги објавиме на ФБ страницата, до наредниот текст – продолжение на овој серијал за трихоми. Да ѝ оддадеме симболичен гест на почит и поклон кон оваа Универзумска карактеристика на растението Канабис, моќта да ја создава материјата која претставува лек и ресетирање за духот, умот и телото, посебно во овој период од колективната човечка свесност! Најавувам дека наредниот текст ќе зборува повеќе за морфологијата, физиологијата и разни останати карактеристики на трихомите.





Извор: Leafly, HERB

Friday, June 29, 2018

„НЕВЕРОЈАТНИ ВИСТИНИ И ВИСТИНСКИ ЛАГИ ЗА КАНЦЕРОТ“ - Анита Гибсон - КОНКУРС!

ПОЛЕСНО Е ДА ГИ ИЗМАМИШ ЛУЃЕТО, ОТКОЛКУ ДА ГИ УБЕДИШ ДЕКА БИЛЕ ИЗМАМЕНИ - МАРК ТВЕН

Оваа книга претставува преглед и интерпретација на голем број различни извори, достапни за секого, на темата канцер, негова превенција и можни лекови, диети и здрава исхрана. Авторката на книгата се потрудила на секој можен начин да се увери дека фактите, информациите и заклучоците се точни и ажурирани во време на објавувањето...“ -  пишува пред предговорот на книгата.


Растението канабис со векови се користи речиси во секоја култура. Канабисот е наведен на листата од 50 основни билки во изобилието на билки и тревки што се користат во рамките на традиционалната кинеска медицина. Во некои антички текстови се трврди дека има лековита моќ врз повеќе од 100 болки. Во последниве години колективното мислење во САД во врска канабисот (или марихуаната) се менува. Јас лично претпочитам да го употребувам терминот „канабис“ бидејќи тоа е правилното име на ова растение, а терминот „марихуана“ (со мексиканско потекло) бил популаризиран во раните 1930-ти години од Федералното биро за наркотици (подоцна ДЕА) за да направат ова извонредно растение да звучи злосторнички и да ги избришат постоечките познавања за него и за медицинската примена на неговите тинктури....“ - извадок од книгата „НЕВЕРОЈАТНИ ВИСТИНИ И ВИСТИНСКИ ЛАГИ ЗА КАНЦЕРОТ“ на Анита Гибсон, ПОГЛАВЈЕ 9 - Масло од канабис - стр. 243.

Од авторката Анита Гибсон добивме на подарок 30 примероци од нејзината освестувачка книга. Пет примероци ќе останат во здружението за нашите научно-истражувачки цели, додека останатите 25 примероци, преку страницата на нашето здружение ќе бидат доделени на првите среќници.  Книгата според нас е задолжителна литература за секој што се грижи за своето здравје и за секој што сака да излезе од заблудите за канцерот и да навлезе повеќе во вистините за канабисот. Првите 25 лица кои ќе одговорат правилно на подолниве три прашања во комнетар под објавата на текстов на ФБ страницата на нашето здружение на граѓани 420 МАКЕДОНИЈА - Скопје, ќе бидат среќните добитници и УСЛОВ е кога ќе ви ги доделуваме да Ве фотографираме со книгата за страницата. Еве ги прашањата:

1. Што е тоа ендоканабиноиден систем и рецептори?
2. Дали канабисот е токсичен и дали може да предизвика смрт кај пациентот?
3. Доколку кај Вас би бил дијагностициран канцер, како би се лекувале? Дали со конвенционални методи (хемотерапија, зрачење и операција), дали со комбинација на конвенционални и алтернативни третмани? Дали само со помош на канабисово масло со висок процент на ТХЦ и дополнителни природни третмани?

* ОДГОВОРЕТЕ ГИ ПРАШАЊАТА ТУКА!

Доколку имате потешкотии со одговарање на погоренаведените прашања, препорачувам да се едуцирате повеќе со тоа што ќе го разгледате подетално нашиов блог - https://420macedonia.blogspot.com/, а откако ќе ја добиете книгата, ќе може подетално да си прочитате црно на бело, за тоа што Ве прашуваме :) Наскоро очекувајте интервју со Г-ѓа Анита во писмена форма, а во август и видео интервју!


СРЕЌНО!!!


Активист и дипломиран новинар, Уредник на блогот: MoniQue Konopova


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 







Tuesday, June 26, 2018

Повеќе од половина од израелските војници пушат канабис

Најмалку 54,3 отсто од израелските војници минатата година пушеле канабис, објави израелскиот весник Yedioth Ahronoth


Весникот објави дека официјалната статистика објавена од страна на Израелската агенција за борба против дрогата (Anti-Drugs Authority - IADA) го покажува остриот пораст на бројот на војници кои го користат нелегалниот лек, во споредба со 2009 година кога стапката била само 11 проценти.


Во минатото, пушењето хашиш беше опасно злосторство во армијата“ - пишува весникот. „Во многу случаи, војниците беа обвинети со кривични пријави и беа испраќани во затвор“ - се вели во објавата. „Од јануари 2017 година“ - пишува весникот - „израелската армија усвои поблага политика, дозволувајќи им на израелските војници да пушат до пет пати додека не се на должност“. Весникот исто така рече дека: „дури и за оние кои пушат канабис на должност или повеќе од пет пати не се соочуваат со судски спорови или кривични пријави според постојните прописи“.


Еден од израелските војници изјави во сведоштво: „Исто така, командантите пушат, вработените пушат, лекарот пуши, сите пушат, па кој ќе го спроведе тоа? Командантот на компанијата не може да пуши, но е свесен за сите војници кои пушат. Тој ги гледа како одат надвор, а потоа се враќаат малку уморни, но тој го игнорира тоа. Тоа не му пречи, ако тие не се во оперативна активност или нема опасност“.


Повеќе:




Автор: MoniQue Konopova
Извор: Middleeastmonitor

Monday, June 25, 2018

Како да исушиш мокра марихуана? Неколку интересни совети

Доколку некогаш ти се изводени марихуаната, не грижи се бидејќи тоа немора да значи дека е пропадната. Постојат начини за благословените туфчиња да се вратат во живот за она за што Творецот ги предодредил


Доколку цветовите се само влажни и не скапале во меѓувреме, процесот на повторно сушење само ќе потрае 2 до 3 дена. И тоа не треба да ти влијае на трпението или да те онерасположува - туфката пак ќе стане квалитетна за пушење или изработка на екстракт, доколку направиш нешто од следново:


1. МЕТОД СО ХАРТИЈА

Марихуаната да се стави во кафеава хартиена ќеса, како на сликава десно, или во кујнска хартија за бришење раце;
Остави ја ќесата или хартијата на темно и суво место;
Нека биде во просторија со проток на воздух. Ако е потребно постави вентилатор;
Смени ја ќесата или хартијата и врти ги туфките на неколку часа;
Свртувајќи ја туфката провери дали има фатено мувла - провери ја секоја одделно!



2. МЕТОД СО ОРИЗ

Стави ги влажните туфки во стаклена тегла и наполни ја со ориз;
Остави ја теглата отворена еден ден;
Извади ги туфките и провери дали има мувла;
Нека има проток на воздух во просторијата за да се спречи мувлата или вентилатор;
Кога туфките изгледаат суви, иситни ги и ако е потребно остави ги во кујнска хартија неколку часа за целосно да се доотстрани влажноста.


Вентилатор ја суши марихуаната во целосно темна соба
Наводенетата марихуана се чува на суво и темно место

Кога ти се намокрува марихуаната најпрво помислуваш да ја исушиш со фен, да ја ставиш во микробранова печка или во рерна на мала температура или пак, на сонце или под ламба за неколку часа. Но, овие практики не се најдобри тактики за одржување на интегритетот на марихуаната, бидејќи влагата нема соодветно да ја исушат, а може да предизвикаат декарбоксилација. Овие методи хемиски ги оштетуваат трихомите, губејќи ТХЦ и други канабиноиди и терпени и активни состојки кои се присутни на туфките. Плус, туфките исушени на некој од овие начини стануваат погруби и понепријатни за пушење. Значи, најдобро е да се има трпение со некој од горенаведените два методи и да се избегнуваат топлина и светлина.


Кога ќе ти се наводени марихуаната најважно е да се избегне мувлата. Ако туфката почне да фаќа мувла која рапидно се шири, жал ми е но, веќе е ѓубре: пушењето мувла е штетно по здравјето! Друга важна работа која треба да ја припазиш е дека ако ти падне марихуанчето во море или во базен треба да го фрлиш. Боли, но да внесуваш сол од океанот или хемикалии од базенот може да боли повеќе... Доколку ти падне двојката во бонг или ја потуриш со пијалок базиран на вода, највероватно ќе можеш да успееш да ја спасиш со некој од погорните два методи со хартија или со ориз или пак, комбинација од двaтa. Бидејќи ТХЦ не се раствора во вода, одредена количина на вода не би требало да влијае врз интензитетот на марихуаната. После овие методи за сушење, туфките можеби нема да изгледаат најубаво, но ќе можат да се искористат, евентуално за подготовка на масло од канабис за лична употреба, но не и за продажба.

Уредник: MoniQue Konopova
Извор: HERB

Sunday, June 24, 2018

Споредба на Канабинолот (Cannabinol-CBN) со Канабидиолот (Cannabidiol-CBD)

Кога консумирате било каков вид на продукт од канабис, без разлика дали по пат на пушење, вапоризирање, дебинг или јадење, може да се запознаете со различни канабиноиди, но најчесто со THC, CBD и CBN. Со помош на Cannabistraininguniversity направиме споредба на активните состојки од канабисот CBN и CBD, за подобро да разберете како тие функционираат


Овие канабиноиди циркулираат во крвотокот и одат низ останатиот дел од телото и завршуваат во мозокот. Кога станува збор за мозокот, канабиноидите се активираат од специјални невронски рецептори, кои произведуваат различни ефекти во главата и низ телото. Канабидиолот (Cannabidiol-CBD) нема да ве надува, но Канабинолот (Cannabinol-CBN) ќе даде малку психоактивен ефект, но тој е многу лесен.


Едноставно објаснување

Разберете ги CBN и CBD споредбите како клуч кој отклучува одредена врата. Кога копчињата ја отвораат вратата, има пораки кои ќе поминат низ нив, ќе одат директно во мозокот, а потоа и низ целото тело. Ако имате било каков вид на вознемиреност, CBD ќе ја отклучи и ќе ја отвори вратата, сигнализирајќи го вашето тело да ги ослободи оние хормони кои предизвикуваат анксиозност. Процесот може да се чини дека е покомплексен отколку што претходно го опишавме, но можеби веќе сте ја добиле сликата. Ајде сега да обрнеме подетално внимание на производството на ЦБД и ЦБН во канабис билката.


Комплексното објаснување

Споредбите на CBD и CBN укажуваат на нивните разлики и сличности: дека и двата постојат во билката марихуана и двата од нив се канабиноиди и двата од нив се во интеракција со невроните во мозокот. Сепак, да ги пронајдеме и разликите? Разликата е целокупното производство на овие два канабиноиди во канабис растението. Сè започнува со биосинтезата во билката и комбинацијата на хемиски елементи како: Канабигерол (Cannabigerol-CBGA), која на крајот произведува Канабихромен (Cannabichromene-CBCA), Канабидиолична киселина - CBDA и Тетрахидроканабинолна киселина - THCA. Сите тие дејствуваат како родители на канабиноидите, бидејќи претставуваат киселинска форма на: CBC, THC и CBD.




Молекулна споредба на канабиноидите
Различни фази

Сето ова се случува додека марихуаната поминува низ фазата на раст до бербата. Откако ќе се обере, растителниот материјал ќе се користи за консумирање, но ефектите на тревата нема да се почувствуваат веднаш. Киселиот облик на канабиноидите, прво треба да се распадне за да се почувствува хајот, па затоа процесот на нивно кршење се нарекува декарбоксилација. Ова се прави со загревање на марихуаната, користејќи еден од два методи. Еден метод се врши во рерна, а другиот е со пушење на исушените цветови во форма на џоинт.


Декарбоксилација

Кога ќе ги активирате (декарбоксилирате) цветовите од марихуаната, врските се распаѓаат од одредената топлина, дозволувајќи им на киселините да се оттргнат и оставајќи ги: CBD, CBC и THC. Затоа единствениот начин на кој можете да пристапите до било која форма на CBD е преку процесот на декарбоксилација. Можеби се прашувате зошто ние не го спомнавме CBN како што првпат почнавме да ги објаснуваме CBN и CBD споредувањата. Па, да видиме... CBN не е ист како овие кисели форми на канабиноиди. Постојат два начини на кои може да се произведе CBN. Можете да го користите процесот на стареење, но и процесот на декарбоксилација. Додека декарбоксилирате, ќе откриете дека дел од THC ќе се распадне понатаму и ќе се претвори во CBN. Тоа е како разделување на атом во помали субатомски единици. Добрата работа е дека овој процес на декарбоксилација е побрз. Процесот на стареење бара повеќе време.



Автор и Уредник: MoniQue Konopova

Saturday, June 23, 2018

Поленизација на канабисот - собирање и чување на поленот од машките цветови

Кога одгледувачот сака да ја опраши билката за да го обезбеди семето, најдобро е да започне со светлосен режим од 12 часа светлина и 12 часа темнина во времетраење од седум дена, по што машката билка треба да се премести во собата за цветање


Поленов прав од машки билки од канабис
Пред да зборуваме за собирање на поленот, да го разгледаме начинот на зашеметување (staggering) и што тој прави за опрашувањето на канабисот. Staggering е тактика која му овозможува на одгледувачот на канабис да добие максимум семе во секоја канабис билка. Ако сакате да дознаете повеќе за полинацијата и бербата семе од канабис, може да ги усовршите своите практични и теоретски знаења со добивање на мастер сертификат за канабис, онлајн на Универзитетот за канабис тренинг (Cannabis Training University).


Временска рамка

Треба да се има на ум дека секоја врста ќе биде различна во текот на овој временски период. Ако сакате да го одгледувате вашиот канабис или да направите семе од канабис, потребно е исто така да знаете како ќе го собирате поленот и ефективно ќе го опрашите растението.


Отворете ги ќесињата со полен

Откако машките растенија од канабис почнуваат да цветаат, можете да го соберете поленот. Ако женската билка ги феминизира своите семиња, можете да го направите истото. Веднаш штом ќе ги видите топчињата со полен кои пукаат на билката како да се отвораат, треба да бидете подготвени да го соберете поленовиот прав. Еден начин на кој може да се каже дали вашиот полен е подготвен за да биде собран е внимателно да ги отстраните вреќичките со полен и да им овозможите да се исушат за една недела. Откако ќе се исушат, тогаш ќе ги ставите сите во зиперка. За да знаете сигурно дека се подготвени, едноставно ја тресете затворената зиперка со полен и жолтеникавиот прав треба лесно да се истури.


Чување на вашиот полен

Сега, кога успешно сте го собрале поленот, веќе е време да го зачувате. Непријателот за чување на поленот е влагата. Таквиот полен во голема мера може да го оштети семето од канабис. Додавањето брашно за готвење за премачкување на собраниот полен или зрна ориз успешно ја задржуваат влагата. Ако додадете повеќе брашно и го ставите поленот во замрзнувач, всушност може да го зачувате вашиот полен за една година или дури и подолго. Користете кутии за замрзнување, наместо пластични ќеси за замрзнувач. 


Опрашување на женските билки

Почекајте додека вашите женски растенија не се до три недели во фазата на цветање, пред да го разгледувате опрашувањето. Сега, кога вашата мајка е во својата трета недела на цветање, користете четка и аплицирајте го феминизираниот полен каде туфките се развиваат. До третата недела, туфките треба да покажат многу тенки бели влакна. Ќе го нанесете поленот на овие тенки бели влакна. Ќе забележите дека цветовите што го допираат поленот се единствените кои ќе создадат семе од марихуана. Можете да одлучите да опрашите неколку туфки или сите. Бидете сигурни дека сите женски влакна се допираат со поленот.


Бербата на семињата

Треба да почекате околу шест недели пред бербата на семето, бидејќи тоа е времето кое ќе биде потребно за семето од канабис да се развие. Бидете сигурни дека канабис растенијата ќе останат живи пред да падне семето. Можете веднаш да ги користите вашите семиња за садење или да ги чувате на суво и темно место, додека не ви се потребни, дури и со години. Сепак, секогаш означете го семето, ставајќи го датумот на складирање на етикетата, но и врстата или вкрстените врсти од кои е добиено.



Автор и Уредник: MoniQue Konopova

Friday, June 22, 2018

Кога да ги одвоите машките од женските канабис билки?

Секој што веќе одгледува се запрашува зашто не започнал да го прави тоа порано? Не само што е важно да ги одберете соодветните врсти, треба да знаете и кога да ги тргнете машките билки надвор од одгледувалиштето


Машки цвет од канабис/коноп
Растењето марихуана дома не само што е интересно хоби, туку оние кои стекнале соодветно искуство, можат да се гордеат со својата жетва, како и да заштедат многу пари со производство на сопствен лековит цвет. Билката комуницира со одгледувачот и поради тоа ќе ви го даде лекот што ви е најпотребен токму Вам.


Одгледувачот мора да се осигура дека сите машки растенија се отстранети од собата за растење од женските билки, пред поленот да започне да се ослободува од прашниците. Ако ова не се направи на време, тоа може да претставува целосна катастрофа за успехот на жетвата и производството на високо-квалитетни цвеќиња без семе е практично невозможно, поради тоа што женските цветови се претвораат во хермафродити. 


Одгледувачите почетници не треба да се обидуваат да ги користат машките билки за размножувачки цели. Вкрстувањето разновидни канабис врсти за создавање на нови меѓувидови е доста напредна постапка со која може да се пофалат поискусните. Најдобар совет за почетниците е да се отстранат машките растенија веднаш по нивната идентификација и да се уништат со тоа што се сечат и фрлаат во пластични ќеси, кои го спречуваат истекувањето на поленот, а може исто така и веднаш да се употребат за чаеви бидејќи листовите се богати со CBD.


Женски цвет од канабис
Мажјаците обично го откриваат својот пол порано од женките. Одгледувачот мора да внимава на местото каде што поединечните странични гранки ги исполнуваат главните вертикални стебленца на растението. Машките предцветови се појавуваат како staminate primordia, кои се чини дека се мали кластери на топченца кои висат. Женските предцветови се појавуваат во истата област на растението како кај машките, меѓутоа се појавуваат како каликси (pistil primordia) кои се појавуваат како мали тенки бели влакна кои растат нагоре. Машките предцветови може брзо да созреат и да создадат полен во изненадувачки краток временски период! ВНИМАВАЈТЕ!


Денешната канабис индустрија,  го негува канабисот во исклучително контролирани средини. Освен за тесно контролирани и следени проекти на одгледување, женските и машките канабис растенија се сегрегирани и се одделуваат едни од други. Кога ќе се избере соодветна машка билка (обично со добра структура и големо производство на смола), потоа нејзиниот полен се собира, па размножувањето на примарната женка се прави по строг протокол.


Кога станува збор за одгледување во домашни услови, практиката на отфрлање на машките растенија е исклучително важна за севкупниот успех на жетвата. Денешните домашни производители обично го набавуваат своето семе од семенска компанија или банка и имаат избор помеѓу феминизираното семе (семе што ќе произведува само женски растенија) и нормално семе (семе што ќе произведува женски и машки растенија). Женските растенија го прекинуваат производството на смола во вид на снегулести, лепливи трихоми на нивните цветови, откако ќе станат опрашени од машкиот полен - а трихомите содржат највисоки нивоа на канабиноиди.


Бессемениот канабис се појавил на црниот пазар, познат како „sinsemilla“, што во превод значи „без семе“ (зборот е изведен од латински sine „без“ [see sans] + semen „семе“ [see semen]). Ваквиот канабис без семе брзо го привлече вниманието на потрошувачите, бидејќи е со многу повисок квалитет во поглед на неговата содржина со високи нивоа на смола. Денес во канабис индустријата, сите комерцијални цвеќиња се sinsemilla и тоа подразбира дека цвеќињата не содржат семе.



Читај повеќе за одгледувањето канабис:










Автор и Уредник: MoniQue Konopova

Wednesday, June 20, 2018

Како и зошто настанува ракот според Ото Варбург и како може да се спречи и излечи?

Повеќе за откритието како здравите клетки се претвораат во рак кога за тоа ќе се создадат услови во човечкото тело и тоа е откриено пред скоро 100тина години, ама за тоа не се зборува, нели треба неморалните луѓе да направат уште некоја милјарда долари, пред страдалниците да почнат се лечат сами... Што Ото Хајнрих Варбург (Otto Heinrich Warburg) всушност открил за канцерот?


Две милијарди долари коштаат годишно третманите за лечење од рак и слично, а при тоа има 97% смртност што значи дека на фармацијата ѝ требаат клиенти, а не самолечење со канабис! Грубо кажано 7 лица од 10 се убиени со хемо, додека 7 лица од 10 се оздравени со домашно канабисово масло! Спречувањето канцери е многу едноставно - со правилна исхрана, со сирова храна, детоксикација, многу вода и цедени сокови, физичка активност и се разбира канабис, позитивна мисла и телото се алкализира во краток период, а клетките од ракот не егзистират во алкална средина. Нобеловиот лауреат Ото Варбург открил дека ракот е предизвикан од ниско ниво на кислород и кисела pH вредност. Иако честопати е погрешно толкуван, д-р Ото Варбург не ја освои Нобеловата награда за откривање дека ракот не може да живее во кислородно богата или алкална средина... Она што го открил Варбург и за што добил Нобелова награда, беше едноставно откривањето дека малото ниво на кислород е карактеристично за клетките на ракот.


Ото Варбург направи некои важни откритија за механизмите на ракот, особено во однос на дишењето и митохондријалната малфункција. Наместо широко распространетата дезинформација за Варбург, дека недостатокот на кислород е главната причина за ракот и дека открил дека кислородот е лек за ракот, вистината може да ве изненади... Она што Варбург всушност открил беше дека клетките на ракот биле ниски со кислород поради промената во клеточното дишење со употреба на кислород за користење на ферментација на шеќерите. Ракот, над сите други болести, има безброј секундарни причини. Но, дури и за рак, постои само една примарна причина. Сумирано во неколку збора, главната причина за ракот е замена на кислородното дишење во нормалните телесни клетки со ферментација на шеќер“ - објаснува д-р Ото. Распространетото погрешно толкување на откритието на Варбург најчесто е поради комерцијални причини, т.е. за поддршка на продажбата на производи, книги или третмани кои центрираат околу убивање на канцерите со кислород и алкализација. Порано, Варбург претпоставуваше дека кислородот може да се искористи за лекување на ракот. Меѓутоа, кога ја тестирал својата хипотеза и се обидел да го излечи ракот со кислород, тој не успеал.


Лесно е да се види зошто напорите на Варбург за лекување на ракот со додаден кислород не успеале. Ова е затоа што недостатокот на кислород не е примарна причина за ракот - токсините се главната причина за рак. Клетките на ракот се ниски со кислород, првенствено поради тоа што тие се менуваат од земање и искористување на кислород за респирација до попримитивна форма на дишење која користи шеќер, наместо кислород. Тоа е самиот процес на ракот кој предизвикува најголем дел од недостатокот на кислород, а не дека недостатокот на кислород го предизвикува процесот на рак. Без оглед на тоа што Варбург претпоставувал и напишал порано, во неговите подоцнежни години самиот се убедил дека болеста е резултат на загадување. Со тоа, тој дојде многу поблиску до вистинската примарна причина за туморите и другите болести. Ова е нешто што беше постулирано половина век порано од страна на починатиот голем француски научник Антоан Бекамп (Antoine Bechamp). Бекамп верува дека болеста е резултат на комбинација на токсини и нездрав клеточен терен.



Продолжена изложеност на токсини, особено во комбинација со клетки кои не биле соодветно хранети, оксигенирани, хидрирани и исчистени, е примарна причина за рак. Ова е особено важно ако некој го гледа зрачењето како токсин. Со текот на времето стресот и воспалението што произлегуваат од токсините доведува до дисфункција во клеточните митохондрии. Ова доведува до клеточен одбранбен механизам во кој клетките се враќаат во попримитивна форма на дишење (шеќерна ферментација), одбиваат да умрат, да се размножат и формираат заштитна бариера. Едноставно кажано, клетките на ракот имаат низок кислород, бидејќи тие престанале да земаат кислород за дишење како дел од самиот процес на рак. Слично на тоа, самиот процес на ракот предизвикува телото да станува сè повеќе кисело. Телото напорно работи за одржување на pH вредноста во тесен опсег (7,35 - 7,45), а повеќето луѓе прво добиваат рак кога нивната pH вредност е близу до нормалниот опсег. Како што напредува ракот, телото станува сè покисело. Има многу „примарни причини“ за појава на ракот, како што се: габи, бактерии, вируси, паразити, стрес, ниска pH вредност и така натаму и натаму. Но, особено, речиси сите тие постојат околу илјадници и илјадници години на планетава. Она што не постои на планетава отсекогаш, се токму токсините од индустријализацијата на модерното време кои предизвикуваат зголемена инциденца на канцери.



Од почетокот на индустриското време, човекот создаде над 100.000 неприродни хемиски соединенија. Тие постојано се испуштани или истурани во воздухот што го дишеме, почвата на која растат растенијата и водата што ја пиеме и постојано се разградуваат насекаде, па и во нас... Само конопот ја има моќта да се справи со тие загадувачи. Дополнителни предизвикувачи на рак се:


  • Зголеменото зрачење од сите нуклеарни бомби (и неодамнешните нуклеарните катастрофи како што се Чернобил и Фукушима);
  • Микробранова радијација;
  • Вакцините и другите синтетички лекови кои телото ги препознава како токсини;
  • Сите пестициди, инсектициди, козметички производи и лепезата на хемикалии во форма на средства за домаќинство;
  • Преработената храна во која се додаваат штетните адитиви, конзервираната храна;



Нормално, кислородот игра важна улога во природно програмираната клеточна смрт. Тоа се должи на оксидативното оштетување предизвикано од реактивни видови на кислород (РОС). ROS се хемиски реактивни молекули кои содржат кислород. Примерите вклучуваат кислородни јони и пероксиди. ROS се формираат како природен нуспроизвод на нормалниот метаболизам на кислородот. Трикот во обид да се победи ракот со кислород е администрирање кислородот во клетките. Не е доволно едноставно да се обезбеди средина богата со кислород околу клетките на ракот или во крвотокот. Тоа е затоа што, како што беше посочено претходно, клетките на ракот престануваат да земаат кислород - и тоа е вистина без разлика колку кислород може да биде достапен. Екстра кислород, како и здрава алкална исхрана и консумирање на фитоканабиноиди од канабисовото растение, се многу здрави и круцијални работи со цел превенирање на канцерите.


Продлабочи ја својата мудрост:







Автор: MoniQue Konopova
Извор: Thetruthaboutcancer

Sunday, June 17, 2018

Полицијата се согласи да го ослободи медицинскиот канабис конфискуван од епилептично момче

Властите попуштаат! Нова надеж за 12 годишно епилептично момче, кое се бори за живот, бидејќи Министерството за внатрешни работи на Велика Британија се согласи да го испрати маслото од канабис во неговата болница, запленето од неговата мајка во Хитроу


Среќникот Били и неговата храбра мајка!
Шарлот Калдвел (Charlotte Caldwell) се обиде да го пренесе лекот на аеродромот Хитроу од САД во последен обид за лекување на нејзиниот 12- годишен син Били (Billy), но истиот беше отстранет од страна на граничните службеници. Според Би-Би-Си, лекот бил пренесен во болницата во Челзи и Вестмингстер во саботата, кога Били бил примен откако неговиот лек бил конфискуван. Тоа беше спроведено под посебна 20-дневна лиценца и не беше дозволено да се однесе дома. Секретарот Сајдид Џавид (Sajid Javid) рече дека користи „исклучителна моќ“ за да му дозволи на Били да биде лекуван, наместо да го менува законот за отстранување на нелегалниот статус на дрогата, според Independent. „Ова е многу сложена ситуација, но нашиот непосреден приоритет е да се осигураме дека Били ќе добие најефективен третман на сигурен начин“ - рече Џавид. „Ние сме биле во близок контакт со медицинскиот тим на Били во текот на ноќта и мојата одлука е заснована на совети од постарите лекари кои јасно ставиле до знаење дека ова е итна медицинска помош“ - додава.


Били сега може да ужива во детството!
Последната залиха на Били - која г-ѓа Калдвел се обиде да ја донесе во Велика Британија од Канада - беше конфискувана на аеродромот Хитроу во понеделникот. Таа пристигна во Челзи и Вестминстер болницата, каде што Били се лекува, во саботата попладне. Маслото беше спроведено под посебна 20-дневна лиценца и не е дозволено да се однесе дома. Портпаролот на семејството во саботата изјави: „Лекот што го донесе во земјата и беше конфискуван, овој лек е на пат кон болницата“. Били бил пренесен во болницата во Челзи и во Вестминстер во Лондон, откако неговите епилептични напади „интензивирале“ оваа недела. Неговата мајка од округот Тајрон, Северна Ирска, смета дека влошувањето во неговата состојба е предизвикано од недостаток на масло од канабис, кое го препишал лекар од Велика Британија пред тој да му рече на Министерството за внатрешни работи. Таа ги опиша владините акции како „надвор од суровоста“ во изјавата оваа недела.


Нејзиниот син страда од неподнослива ретка форма на епилепсија, што значи дека неговите ужасни напади може да траат со часови, а до сега не постои соодветен фармацевтски лек што успешно би ги спречил, без несакани последици по целокупното здравје. Момчето стана првиот пациент кој добил NHS рецепт за масло од канабис кое го содржи тетрахидроканабинолот (ТХЦ) во 2017 година, откако се докажа дека драматично му ги намалува речиси 100-те напади што ги имал дневно. Прво му беше дадена медицинска марихуана во Лос Анџелес, каде што неговата мајка Шарлот Калдвел го зеде за лекување пред една година.


Кога се вратија во Велика Британија, докторот на Били Калдвел, д-р Брендан О'Хејр (Brendan O'Hare) продолжи со рецептите. Но, кога пред една година го информирал Министерството за внатрешни работи, му наредиле да запре. Г-ѓа Калдвел претходно изјави за MailOnline: „Нападите на Били молчат. Ги нарекувам тивки убијци“. Тој има статус на епилептичар, што значи дека тој не може да се врати од нападот сам по себе, му треба лек и кислород, бидејќи тој почнува да станува модар. Еден напад може да го убие, објаснува мајката: „Нашата куќа е 50 минути од болницата и тие почнаа да го реанимираат во задниот дел на амбулантното возило. Медицинските сестри се толку љубезни, доаѓаат за да ме информираат и ми кажуваат: 'не знаеме дали ќе го вратиме овој пат'. Еден напад траеше седум и пол часа пред неколку години“ - заклучува мајката на Били.


Читај повеќе: 





Автор: MoniQue Konopova
Извор: Daily Mail

Thursday, June 14, 2018

Како да се откажеш од пушење цигари со помош на ЦБД?

Што вели науката? Во минативе неколку години направени се две многу интересни истражувања за откажувањето на цигарите со помош на ЦБД на University College London. Истражувачите претпоставиле дека „лековите кои го изменуваат ендоканабиноидниот систем можат да бидат ефективен третман за никотинската зависност“. Сепак, потребни им се повеќе истражувања


Првото истражување кое е објавено во 2013 година вклучило 12 зависни пушачи на кои им бил даден инхалатор со Канабидиол, а на други 12 пушачи плацебо инхалатор за да го користат кога имаат потреба да запалат цигара. Истражувањето заклучило дека оние со инхалатор со ЦБД го намалиле внесот на цигари за 40%, додека оние кои користеле плацебо немале значајна промена. Во мај оваа (2018) година, значи пред само неколку месеци, објавено е друго истражување на оваа тема во Обединетото Кралство. Имено, на 30 зависни пушачи им се дало 800 мг ЦБД орално или плацебо. На учесниците им се покажале „сликовити ознаки со тутун“ и биле тестирани за откажување, желба, пулс и притисок. Во вистинскиот живот, овие „ознаки со тутун“ би можеле да се ситуации каде можноста за враќање на навиката е највисока, како на забави или со друштво кое пуши. Интересно е она што го откриле: единствената доза од 800 мг на ЦБД помогнала да се намали „задоволството“ гледајќи ги ознаките со цигари, споредено со плацебо групата, посебно кога учесниците апстинирале од цигари во текот на една ноќ.


Бидејќи повторувањето е мајка на знаењето, да се потсетиме на основната карактеристика на ЦБД, дека тоа е непсихоактивен канабиноид во канабисовото растение и располага со тон медицински придобивки, вклучувајќи ублажување на анксиозност и болка. Плус, продуктите богати со ЦБД добиени од коноп, а со мала концентрација на ТХЦ се достапни и кај нас. Значи, опциите се бројни кога бараме ЦБД за откажување од цигари, а исто така и начините на консумирање на состојката се многубројни. Наједноставен начин да се откажете од цигари е да го промените само составот на цигарата :)


Крај на зависностите!
Иако заменувањето на тутунот со ЦБД цвет може да биде најлесниот начин за откажување на цигарите, оваа техника се користи само во првите неколку недели, за целосно да се победи желбата за пушење. Повеќето од најуспешните техники за откажување од цигарите вклучуваат замена на пушачката навика со нови и поздрави навики, како прошетка после оброк или уживање во шоља чај, наместо цигара во моменти кога ти текнува на цигара. Сума сумарум, замената на тутунот со цигари од ЦБД не е долгорочно решение, но е првиот и сигурен чекор во транзицијата. 


Потоа, поздраво е да избереш електорнска цигара за вапорицирање на маслата или да конзумираш ЦБД орално во форма на масло, гума за џвакање, спреј и сл. Истражувањата покажале дека дневна доза на ЦБД им помага на зависниците да се откажат и од други супстанци како опиоиди и кокаин. Да се пуши марихуана за да се откажат цигари не е нова финта, но за да се избегне успореноста од премногу напушеност, предноста на ЦБД се крие во тоа што ти помага да се ослободиш од стресот и од желбата да запалиш уште една, без да ти влијае на моменталната состојба.



Како што со радозналост и радост ги откривам благодетите на ова свето растение со секој нов ден, мојата восхит и понизност пред ова растение растат со секое ново изгрејсонце“ - Ваш Никола

Автор и Основач на здружението: Никола Станчески
Извори: News.herbapproach

Читај повеќе: 


Израелски канабис активист испи цело шише CBD масло за да ја докаже неговата нетоксичност

ВИДЕО!!! За време на дискусијата на комитетот за промените во израелските правила за канабис, еден страствен канабис активист испил цело шише масло од канабис, според Jerusalem Post. „Имам медицинско масло од канабис што содржи 30% THC“ - рече тој. „Вие велите дека тоа е опасна дрога, што ќе ми се случи ако го консумирам?“ - додава активистот


Активист пие цело шише масло од канабис!
Пост објави дека тој потоа ја проголта содржината на шишето, велејќи дека: „не можете да се предозирате со медицинско масло од канабис“. Беше веднаш отстранет. Човекот е поранешен војник кој вели дека зависи од маслото од канабис за лекување на неговото пост трауматско стресно нарушување, пишува Times of Israel. Друг човек, чија ќерка зависи од канабисот за да ги спречи нападите, рече дека ќе мора да се сврти кон црниот пазар ако реформите за канабис во моментов го принудат на тој чекор. Се вели дека реформите ги вклучуваат промените што ќе спречат некои видови на канабис да бидат продавани од дистрибутивни компании во Израел, што предивика страшна паника помеѓу пациентите кои зависат токму от тие врсти.


Јас ќе го земам сега, иако рокот му е истечен, бидејќи мојата ќерка веќе не се згрчува“ - рече таткото, пред да го испие маслото. „Ако ја допрете нејзината лиценца за да добива канабис, јас лично ќе отворам лабораторија за производство“ - додал тој. Мајката на друг пациент беше исто така отстранета, иако таа не отиде толку далеку. На нејзиното излегување, таа го прозва министерот за здравство, Јаков Литцман (Yaakov Litzman), како „бездушен“. Литцман ги увери присутните дека Министерството за здравство нема намера да ги спречи да пристапат кон врстите во Израел. Стравувањата на пациентите, исто така, беа поттикнати од гласините дека значително се зголемуваат цените и тој вети дека ќе работи и на решавање на проблемите со цените.


Канабисот е лек“ - рече тој. „Тоа бев јас, а не моите претходници, кои предложија реформа во полето. Не е лесно. Сакаме да спречиме истекување од огледувачите; ние сакаме само квалификувани луѓе да го добијат канабисот со достоинство во аптеките. Ние додадовме лекари кои можат да препишат канабис за пациентите, а ние ќе додадеме повеќе. Оваа реформа е добра, но тука и таму има тешкотии. Постои проблем со скапи цени за тешките корисници и тоа ќе се решава“ - објаснува министерот. Пациентите кои имаат добиено лекарско одобрение во Израел, моментално го добиваат својот канабис од осум дистрибутивни центри под надзор на единицата за медицински канабис на Министерството за здравство, со еден од најголемите, Тикун Олам (Tikun Olam), растејќи околу 230 уникатни врсти. Тоа беше еден од производите на Тикун Олам, што поранешниот војник го консумирал, Avidekel - масло од канабис со висок процент на ЦБД и минимални психоактивни ефекти. 


Медицинскиот канабис е легален за специфични состојби во Израел од 90-тите години и во моментов има околу 26.000 регистрирани пациенти во земјата, а се очекува бројов да се дуплира оваа година. Додека Израел е познат по најсовремената наука за истражување на канабисот, израелскиот научник Рафаел Мешулам (Raphael Mechoulam) прв го изолира ТХЦ од канабисот во 1964 година, но израелските компании го водат полето на рекреативното користење и понатаму како нелегално. Предлог-законот за декриминализација на канабисот моментално напредува во Израел.



Автор: MoniQue Konopova
Извор: HERB

Tuesday, June 12, 2018

„Јас ќе продолжам да одгледувам канабис“ - изјавува уапсената фризерка од Шефилд

Фризерка од Шефилд во Велика Британија, која беше уапсена под сомневање дека се занимава со производство на канабис, вети дека ќе продолжи да го расте лекот за кој вели дека ѝ помага да ѝ ги олесни долгорочните здравствени проблеми


Лиза се гордее со тоа што е корисник на канабис
Лиза Ендрјус (Lisa Andrews) која има 41 година од Китс Роуд во Фокс Хил, беше уапсена на 25 април, како дел од полициската операција што резултираше со 40.000 фунти за нелегални дроги во областа. Полицајците велат дека пронајдоа 50 растенија од билката канабис во нејзината куќа, но Лиза вели дека тие ѝ требаат за да го направи маслото за кое се надева дека ќе ѝ го олесни нејзиното страдање. Таа сега вети дека ќе им се спротивстави на властите и ќе продолжи да го користи и расте канабисот, класифициран таму како дрога од класа Б - тврдејќи дека нема друг избор освен да го прекрши законот. Таа рече: „Јас сум граѓанин кој ги почитува законите - никогаш не сум добила ниту еден билет за пребрзо возење или парична казна“. 


Лиза вели дека почнала да ја расте тревата, откако го загубила фризерскиот бизнис, што за неа претставувал примарен извор на примања. Таа вели дека тревата ѝ помага кај голем број сериозни состојби од кои страда - вклучувајќи проблеми со срцето, висок крвен притисок, анксиозност, депресија, лоша циркулација и гадење. „Не можам да си дозволам да продолжам да го купувам, но знам за фактот дека ми помага за мојата состојба“ - додава таа. „Ако не можат да ме излечат, јас ќе го направам самостојно - јас сум интелигентна дама и знам што е добро за моето тело“ - дообјаснува Лиза. 


Таа вели дека ситуацијата е дури и повеќе од нелогична и неправедна со оглед на износот на канабис што Велика Британија го произведува секоја година за медицински и научни цели. „Во 2016 година Велика Британија произведе 95 тони канабис - тие се најголемиот дилер во светот“ - вели таа. „Сепак, тие велат дека воопшто нема медицинска или терапевтска вредност. Зошто тогаш произведуваат толку многу од тоа? Тоа е незамисливо за Владата да каже дека не сака да го одобри, но сепак да ја извезува во остатокот од светот“ - додава таа. Полицијата ја уапси Лиза за поседување канабис и за одгледување и таа и понатаму е под истрага. Таа вели дека ќе продолжи да го расте лекот и дури стапи во контакт со полицијата од Јужен Јоркшир за да побара појаснување на законот, но досега нема одговор.



Автор: MoniQue Konopova
Извор: Thestar

Му дале марихуана на својот син за успешно стопирање на нападите - сега детето им е одземено и оставено е без потребниот лек!

Родители од Џорџија, кои велат дека му дозволиле на нивниот тинејџер да пуши канабис, за да ги третира епилептичните напади поради тоа што ниту еден фармацевтски лек не помагал, сега се соочуваат со кривични пријави и го изгубиле старателството


Семејството Брил се бори за слободен пристап до лекот!
Ништо друго не функционираше“ - рече мајката на момчето, Сузана Брил (Suzeanna Brill), која живее во близина на Мејкон во округот Твигс. „Не можам да дозволам моето дете да умира, бидејќи никој не сака да слуша“. „Дури и со последиците од законот, не ми е гајле“ - изјави очувот на момчето, Метју Брил (Matthew Brill) за порталот The New York Times. „За 71 ден тој можеше да вози велосипед, да оди да игра, да крева тегови. Ние успеавме да го постигнеме тоа кај Дејвид, но не со помош на Големата Фармација, туку лекувајќи го со марихуана“ - додава тој.


Нивниот 15-годишен син доживувал неколку изнемоштувачки напади на ден и тие се обиделе со различни познати решенија, вклучувајќи и лекови на рецепт, па и масло од канабис, но ништо не изгледало како да функционира, изјавуваат родителите. Потоа му дозволија на момчето да пуши марихуана, па нападите целосно запреле. Ако некој сега се запраша како може маслото да не му помагало, а пушењето да? - Одговорот е едноставен! Ова не е тешко да се објасни - секоја индивидуа е различна и кај секого различните начини на консумирање на канабисот и/или екстрактите делува поинаку, а исто така од круцијално значење е какво масло користеле (со каков сооднос на главните активни состојки, од какви врсти било направено и на кој начин било направено, дали било активирано, т.е. декарбоксилирано)? Кога канабисот се пуши, инстантно се внесуваат активните состојки од исушениот издробен цвет.


Но, она што двојката го направила, според канцеларијата на Шерифот во Твигс Каунти, не е олеснување за синот, туку прекршување на законот. Поради тоа, двојката беше обвинета за невнимателно однесување и Одделот за семејство и деца во Џорџија им го одзеде старателството врз тинејџерот. Овој случај моментално е во центарот на вниманието и во средината на дебатата околу легализацијата на марихуаната. Дваесет и девет држави и округот Колумбија дозволуваат медицинска марихуана. Девет држави плус Колумбија овозможуваат рекреативна употреба на билката. 


Од друга страна, Џорџија не дозволува ништо од тоа. Државата има строги закони против овој лек. Лекарите не смеат да препишат трева, а незаконски е истата да се поседува или продава, иако ако едно лице има картичка издадена од државата, може да поседува масло со ниска вредност на THC. Откако 15-годишникот почнал да пуши марихуана, неговите родители изјавија дека нивниот син Дејвид, немал напад во период од 71 ден. Сега е сместен во групен дом. На 20 април, денот кога беше отстранет од нивниот дом, момчето имаше напад и беше упатено во болница, велат тие. Семејството Брилс се бори да го врати старателството врз нивниот син, но се бори и тој да може да го користи својот природен лек. Иако се соочуваат со обвиненија, тие рекоа дека ќе го третираат на ист начин како и до сега со канабис, за да ја подобрат неговата состојба.



Автор и Главен и одговорен уредник, Претседател на здружението: MoniQue Konopova
Извор: Usatoday