Saturday, December 24, 2016

Сторијата на Линколн Хорсли - основачот на CureYourOwnCancer

Lincoln Horsley
Во 2010 година случајно наидов на филмот „Run from the cure“ на YouTube. Јас бев многу скептичен кога првично слушнав дека канабисот може да излечи рак. Како и сите, јас претпоставував дека дури и да постои лек за ракот, истиот нема да биде чуван во тајност. По безброј часа гледање видеа и читање статии и студии, почнав да го менувам моето мислење. Имаше толку многу наука зад канабисот и неговите ефекти врз ракот во кои јас не можев да поверувам“ - вели Линколн Хорсли (Lincoln Horsley) креаторот на страницата CUREYOUROWNCANCER.ORG Од 1974 студиите покажуваат дека канабисот има антитуморозни ефекти. Резултатите од студијата од 1974 објавени на 18 август во статија во весникот Washington Post, каде таа состојка од канабисот - THC „го успорувала растот кај туморите на белите дробови, ракот на дојка и вирусно индуцираната леукемија кај лабораториските глувци и ги пролонгирала нивните животи за 36%“. Во 1975 година статија во Journal of the National cancer institute насловена „Антинеопластична активност на канабиноидите“ (Antineoplastic Activity of Cannabinoids) авторот изјавува дека „Растот на аденокарциномот на белите дробови бил ретардиран со орална администрација на тетрахидроканабинол (THC) и канабидиол (CBD). Глувците третирани 20 последователни денови со THC и CBD имале редуцирана големина на примарниот тумор“.

Во 1998 година, истражувачкиот тим од Complutense Универзитетот во Мадрид предводен од д-р Мануел Гузман откриле дека THC може селективно да индуцира програмирана клеточна смрт кај канцерогените клетки во мозокот без негативно влијае на околните здрави клетки. Тие објавија во списанието „Nature Medicine“ дека ги уништиле неизлечивите тумори на мозокот кај стаорците со инјектирање THC. И во 2007 година дури и истражувачите од Харвард откриле дека состојките во марихуаната го намалиле растот на ракот на белите дробови. Исто така постои и една организација наречена SETH група (SETH Group) која покажа дека состојките во марихуаната може да го запрат растот на канцерогените клетки во мозокот мултиформа глиобластом (GBM) кај луѓето. Тие велат: „Ниту една хемотерапија не може да одговара на оваа нетоксична акција во борбата против ракот“. Во 2012 година еден пар научници од Калифорнија Пацифик Медицинскиот центар во Сан Франциско откри дека THC ги запира метастазите кај многу видови на рак.


Тоа се само неколку од спроведените истражувања кои ги покажуваат ефектите што канабисот ги има врз ракот. Дури и по сите овие истражувања зад марихуаната, се чинеше дека овој природен третман се игнорира. „Значи во текот на следната година и пол јас почнав да зборувам за ова скоро секому кој сакаше да слуша и сфатив дека како мене, повеќето луѓе не слушнале ништо за маслото од канабис како третман за рак“ - вели Линколн. Во ноември 2011 година сите напори на Линколн и сето тоа негово зборување со сите за лековитите својства на канабисот, конечно стигнаа до правото лице. „Бев контактиран од страна на човек кој е во потрага за помош. Овој човек сака да остане анонимен, па јас ќе го именувам како Боб. Боб имаше рак од 4 стадиум во неговиот стомак, грлото и панкреасот. Во текот на околу 6-8 недели, од кога Боб беше дијагностициран, тој стана толку болен што веќе не можеше да јаде и тој изгуби повеќе од 20 килограми. Тој всушност требаше да биде мртов пред Денот на благодарноста и кога јас прв пат разговарав со него, нему му беа дадени уште 2 недели живот“ - додава Линколн.

Боб примил зрачење месец пред тој да биде контактиран од Линколн и тој заедно со неговиот доктор се надевале дека радијацијата ќе им помогне. Но, наместо да му помогне таа направи да се влоши неговата состојба со ракот. Па, наместо да се обиде да продолжи да му помогне на својот пациент, лекарот на Боб му рекол дека му е жал, но ракот се проширил премногу и не преостана ништо друго што може да се направи за него. Докторот на Боб едноставно му рече да си оди дома за да умре. „Боб има син и кога јас прв пат зборував со него, тој беше толку исплашен и тажен поради смртта што му се ближи и дека неговиот син ќе остане сам. Бидејќи јас самиот сум татко веднаш сочувствував со него и посакав да му помогнам. Тој ме праша дали би можел да му помогнам и да му го направам маслото, бидејќи тој немал начин како да го направи сам, па затоа се согласив да му помогнам. Во рок од 2 дена по нашиот прв разговор Боб, започна со земање масло од канабис“ - објаснува Линколн.


За време на 8 недели пред Боб да започне со земање на маслото, не можел повеќе да јаде нормална храна и тој изгуби околу 20 килограми. Тој живееше само на енергетски пијалоци и протеински плочки. Бидејќи туморите во неговото тело му предизвикуваа толку многу болка, тој не беше во можност да спие. По неговата прва доза од маслото, тој конечно беше во можност да ја задржи вистинската храна во стомакот и да спие цврсто. Тој побара и изеде 2 сендвичи со мисирка и една порција сладолед. Тој ги воодушеви сите. Еден добар совет што Линколн го нуди од искуството на Боб е да се следат инструкциите за дозирање достапни тука. Боб зема околу 10 пати поголема од препорачаната доза првиот пат. Единствениот пропратен ефект што тој го искуси беше сонот и бидејќи тој не беше запознаен со ефектите на маслото, па затоа се чувствуваше непријатно. Спиел по 8 часа непрекинато. По првата доза, Боб никогаш не земаше повеќе отколку што беше препорачано и тој никогаш не го доживеа истиот пропратен ефект повторно.


Боб отиде кај својот лекар на контрола 30 дена од почетокот на третманот со маслото од канабис. Неговиот лекар закажа посета 2 недели откако Боб требаше да е мртов. Боб не му кажа на неговиот лекар дека почнал да консумира масло од канабис и кога тој се врати на контрола, неговите тумори му се намалиле за 20%. Неговиот доктор беше изненаден од неговиот напредок, па му закажа уште еден преглед 30 дена подоцна. На прегледот по 60 дена Боб ќе ја добие својата најдобра вест до тогаш. Ракот што тој го имаше во неговото грло, желудникот и панкреасот, се намалил толку значително што тие го дијагностицирале дека е во ремисија. „Јас би помислил дека првиот инстинкт кај лекарите ќе биде да го прашаат својот пациент што тој правел поинаку за да ја предизвика оваа промена во неговата состојба, но тоа не беше случај. Наместо тоа, тие му понудија зрачење за по втор пат. Вториот пат Боб одлучи да не го продолжи со радијација. Наместо тоа, тој продолжи со третманот со масло од канабис и денес се` уште е жив и ослободен од ракот“ - заклучува Линколн.

Тоа е чудо на ова од Бога дадено растение. „Значи, откако бев во можност лично да му помогнам некому да се излечи од фаза 4 на ракот, почнав да размислувам за други начини како би можел да ја проширам оваа порака и да им помогнам на повеќе луѓе, на повеќе отколку само на оние што доаѓаат во контакт со мене секој ден. Сакав да бидам во можност да помогнам на другите луѓе од целиот свет. Исто така, сакав да ги спасам луѓето од сите оние долги часови на истражување на информациите за канабисот и ракот, со обезбедување на тие информации на едно место. Па, јас ја создадов CureYourOwnCancer - CYOC за да бидам во можност да ги направам тие работи. Откако почнав со CYOC, страницата била посетена од страна на луѓе од 147 земји и е прегледувана стотици илјади пати. Се надеваме дека овој сајт е во можност да му помогне некому. Ве замолувам да се чувствувате слободни да ми пишете е-мејл на Lincoln.Horsley@cureyourowncancer.org за да ги споделите сите успешна приказни што ги имате или да го споделите тоа како CYOC ви помогнала Вам или некому што го познавате. Со среќа и Бог да ве благослови“ - додава Линколн Хорсли.

Monday, December 12, 2016

Аеропоника системи за одгледување канабис во домашни услови

Аеропонскиот систем е највисока технологија во хидропониката. Хидропоника значи одгледување на растенија без подлога, вкоренети во воден раствор

Запознајте се со системот аеропоника

Иако аеропонската технологија е пронајдена дури во 1930 година, само во последните неколку години се стекнува со поголема важност, особено во пренаселените урбани средини каде што нема слободни места за производство на храна. Аеропонскиот систем е највисока технологија во хидропониката. Хидропоника значи одгледување на растенија без подлога, вкоренети во воден раствор. Во аеропониката корените висат во празно корито, но се капат во фино распрсканите хранливи материи на секои неколку минути (постојано се прскани од магла-спреј од хранливите материи). Придобивките се огромни. Растенијата растат до 50% побрзо отколку на супстрат, па така тие се спремни за жетва и 2-3 пати порано од нормално. На пример, расадот од домати треба да биде стар најмалку 28 дена за пресадување во супстратот, додека кај аеропониката доволни се само 10 дена.

Хранливите материи се нанесуваат директно на корените на растенијата, кои многу полесно ги впиваат, бидејќи има лесно достапен кислород и се стимулира растот на ситните коренчиња. Системот на циркулирање на хранливиот раствор може да биде целосно затворен, со што е голема заштедата на вода. Не постои ризик од болести кои се пренесуваат преку почвата или преку проточната вода, но можно е да се зголеми густината на садењето. Аеропонските системи можат да ја намалат потрошувачката на вода за 98%, употребата на ѓубрива за 60%, употребата на пестициди за 100%, а во исто време даваат максимален принос. Растенијата одгледувани со овој систем се покажаа, исто така, дека имаат повеќе витамини и минерали, што ги прави потенцијално похранливи и поздрави.
Технологијата е целосно програмирана и автоматизирана, дури и можно е преместување на целиот систем, како и примена во домашни услови. Во зависност од системите за одгледување, билките можат да бидат наредени хоризонтално или вертикално. Надземниот дел од билките се придржува за платформата со помош на јака околу долниот дел на стеблото или во перфорирана саксија, а корените се капат во растворот. Главниот недостаток на овој систем е тоа што во комората за полувлажна атмосфера се појавуваат бактерии, така што мора да се врши редовна дезинфекција со хидроген пероксид. Друг недостаток е бучавата што ја предизвикува системот. Целиот систем е прилично скап, а зависи од високиот квалитет на пумпата за висок притисок, од фогерите и тајмерот.



Спротивното мислење дека овие растенија, поради изобилството на храна и вода, се нежни и кршливи е погрешно, тие токму поради тоа имаат доволно цврстина да дадат зголемен род. За овој систем потребна е пумпа и микрораспрскувачи - така наречени фогери, кои можете да ги направите самостојно. Притисокот на водата мора да биде многу висок, така што прскалките да го распрскуваат растворот со големина на капките од 5-50 микрометри. Колку е помала капката, толку подолго таа ќе лебди во воздухот и ќе раствори повеќе кислород. Времето на прскање е обично две секунди на секои 1,5 - 2 минути или една секунда на секоја минута. Истовремено во воздухот може да се додава СO2, со што се зголемува ефикасноста на фотосинтеза. 

Аеропониката не е за почетници! Одгледувачот кој сака да има успех кај аеропониката, треба да има зад себе доста искуство и кај класичното одгледување во земја, треба да знае како расте марихуаната и како изгледа една здрава билка, а секако треба да знае и да ги препознава нутритивните суфицити и дефицити кај билките.


Wednesday, December 7, 2016

Какви типови на марихуана цветови постојат?

Во зависност од вашите потреби и желби, како одгледувачи на марихуана, имате можност да произведете широк дијапазон на разновидни марихуана билки со разновидни цветови. Кај билките пораснати од семе, може да се појават разни видови на цветови според тоа каква е генетиката на семето, но и според тоа во какви услови се растени и на кој начин се одгледувани


Видови на марихуана цветови
Хермафродитно цветче
ЖЕНСКИ цветови - женските билки се примарна цел кај повеќето одгледувачи. Тие произведуваат тешки мрсни цветови (туфки) преполни со канабиноиди, кои потоа се берат, се сушат, поминуваат процес на кјуринг и се користат за рекреативна и медицинска употреба. Доколку се опрашени, женските растенија го стопираат производството на THC и започнуваат да формираат семе.

СЕНСИМИЛА (Sensimilla) - ова е термин кој се користи за цветањето на марихуаната којашто НЕ била опрашена од машка билка. Сенсимила цветовите се најпотентни и содржат најмногу THC и се најценети помеѓу комерцијалните одгледувачи на канабис.

Хермафродитна туфка
МАШКИ цветови - машките билки имаат своја примена, но не произведуваат туфки што се пушат, тие произведуваат цветови со полен што може да се употреби за производство на семе. Доколку сакате да одгледувате нефертилизирани женски марихуана растенија, машките билки во просторијата за растење ќе ги опрашат сенсимила билките и останатите женски билки, доколку не ги отстраните и уништите на време.


ХЕРМАФРОДИТИ (цветови со двополови карактеристики - туфки со прашници полни полен) - хермафродитните билки настануваат поради стрес за време на вегетативниот период или раното цветање. Билката којашто е оставена да цвета предолго, исто така може да стане хермафродит. Доколку ви се појават хермафродити не очајувајте! Тие се` уште може да произведуваат туфки што може да се пушат, но им недостасува потентноста што ја имаат женските, затоа што хермафродитите својата енергија ја насочуваат во производство на семе, а не на канабиноиди.

Sunday, December 4, 2016

Најчести проблеми поврзани со цветањето на марихуаната

Цветањето на марихуаната е фазата од развојот на растението кога женските билки ќе почнат да произведуваат пупки (туфки). Иако постојат машки и женски растенија, најголемиот дел од одгледувачите ги оставаат само женските билки, бидејќи само тие произведуваат висококвалитетни туфки преполни со канабиноиди и со малку или воопшто семки, кои се идеални за консумирање по пат на пушење. Фазата на цветањето кај марихуаната е еден од најважните чекори во процесот на одгледување. Осигурете се дека ќе ги поставите вашите растенија на соодветен светлосен циклус, за марихуаната да ги даде резултатите кои ги сакате.

Најголем дел од проблемите со кои се соочуваат одгледувачите поврзани со фазата на цветање може да ги прочитате подолу. Доколку сте одгледувач - почетник, подобро е да ги прочитете следниве препораки пред самите да се соочите со истите проблеми ;) На страницата Grow Marijuana може да прочитете уште повеќе совети за растење, а исто така и да ги прочитате анонимните коментари од одгледувачите ширум светот, како почетници, така и поискусни, да ги согледате нивните искуства, а исто така и самите да поставите прашање или да оставите коментар! :)


* Мувла - мувлата може да се појави кога влажноста во просторијата за растење е премногу висока. Ова може да се избегне со мерење на влажноста и избегнување на прскањето со вода на вашите растенија.


* Штетници - штетниците во просториите за растење обично доаѓаат од клонови и се ретки кај билките, кои се пораснати директно од семе. Најопасни се пајачињата Spider Mites од семејството Tetranychidae. Затоа одржувајте ги просториите за растење речиси стерилно чисти! Доколку одгледувате надвор - заградете ги билките за да не бидат напаѓани од желки и полжави.

Хермафродит
Последица од пајачињата
* Хермафродит поради стрес - ова може да биде предизвикано од протекување дури и на малку светлина кога билките спијат или започнување на светлосниот циклус за цветање (12-12) уште пред да се оформи цветот. Стресот може да биде предизвикан исто така, поради премногу или премалку вода, како и несоодветни температури - превисоки или прениски од препорачаното. Хермафродитните растенија може да ги опрашат другите растенија во вашиот гроу бокс со ослободување на поленот.

* Протекување на светлина - предизвикува стрес кај билката и доведува до забавување на процесот на цветнање. Исто така, предизвикува хермафродитизам кај билките (на една билка се препознаваат двата пола).

Еве како да го разликувате полот :)
* Презреани туфки - предизвикано од ненавремено берење. Затоа внимавајте да не ги предобрите туфките! :) Не е добро ни да се бере прерано, ниту пак предоцна. Доцната берба на цветовите од марихуаната доведува до тоа тие да не се толку потентни (јаки) и ризикувате билката да стане хермафродит. 

* Машки растенија во собата за растење/гроу боксот - машките растенија ги опрашуваат женските растенија, што доведува до тоа целата енергија којашто е потребна за формирањето на тешките мрсни и потентни туфки, да се трасферира за производство на семе, што значи дека билката дава послаб и помал принос.


Во моментот кога ќе согледате дека имате машки билки, отстранете ги од просторот наменет за растење и уништете ги затоа што поленот се разнесува многу далеку, па дури може и да ги опраши женските марихуана билки од соседите... Ние ви препорачуваме да не ги уништите машките билки, туку да ги употребите во исхраната - од нив да направите суров цеден сок, смуди или чај. Ајде! Прво, па женско!!! :D


СРЕЌНО! :) <3