Tuesday, June 30, 2015

Интервју со М-р Јанаки Митровски: Кои се моите права?

Интервју со М-р Јанаки Митровски, адвокат во Адвокатската канцеларија „Маруша Митровска“. Приправник од 2009-2011 година. Адвокат од 01.04.2012 година.
Јанаки во 2014 година магистрираше на тема „Легализацијата како начин на сузбивање на трговијата со наркотици“ на Правниот факултет во Скопје „Јустинијан Први“. Тој ќе ни даде неколку стручни совети за тоа кои се нашите права поврзани со користењето и поседувањето Марихуана, а исто така ќе продискутираме и за контрадикторноста на нашиот застарен македонски закон.

420 Macedonia: Дали во нашиот закон постои ограничување за дозволена количина на Марихуана за лична употреба? Кои се тие ограничувања? Дали постои минимално дозволено количество?
Јанаки: Македонскиот Кривичен Законик не дозволува легален посед на никаква количина на марихуана колку и да е таа мала. За жал Македонскиот Кривичен Законик не прави дистинкција помеѓу различните наркотици согласно нивната потенција за создавање адикција и опасност по здравјето, ниту пак регулира т.н. количина за лична употреба. Став 2 од член 215 кој го регулира ова прашање дозволува привилегирана (полесна) форма на делото за наркотици во помала количина, но самиот закон не дефинира која количина е помала. На илегален начин тоа го чини Републичкиот Јавен Обвинител со задолжителна директива до сите Јавни Обвинители согласно која, конкретно по Вашето прашање, марихуана до пет грама се смета за помала количина. Значи внимавајте помала количина, а не количина за лична употреба, бидејќи таквиот термин за Македонското казнено законодавство е туѓ.
Ваквата директива не е илегална сама по себе, бидејки Јавниот Обвинител има право на интерни директиви и упаства, но проблем е што самите судови ја третираат оваа директива како извор на право и судат по обвиненија покренати токму по оваа дикректива што е скандалозно, но нажалост тоа е моменталната состојба.
Инаку сите три меѓународни конвенции за наркотици чиј потписник е Република Македонија: Единствената конвенција за наркотични дроги од 1961, Конвенцијата за психотропни супстанци од 1971 и особено Конвенцијата против илегалната трговија со наркотици и психотропни супстанци од 1988 - налагаат да државите потписнички ги групираат наркотиците согласно нивната опасност по здравјето на луѓето, но до денешен ден и после неколку децении Р. Македонија ја нема применето оваа меѓународно преземена обврска.  

420 Macedonia: Дали секогаш и секаде службеникот смее да ме претресува? Дали имам право да одбијам претрес? 
Јанаки: Службеникот има право да ве претресе доколку постои наредба за претрес од страна на судот. По исклучок има право да ве претресе и без налог, доколку сте затекнати во вршење на кривично дело или има околности кои јасно укажуваат дека сте извршиле кривично дело. Во тие случаи немате право да одбиете претрес. За жал праксата кај нас покажува дека службениците си дозволуваат на улица да претресуваат кого и каде сакаат. Во тие случаи имате право да го прашате службеникот зашто сака да пристапи кон претрес, дали има налог за тоа и доколку не, кои се околностите кои укажуваат на тоа дека сте сториле кривично дело. 
Ви посакувам многу среќа при одбивање на нелегален претрес :)

420 Macedonia: Што треба лице фатено со Марихуана да стори? Дали е подобро да признае или да молчи или пак, да повика адвокат? Кои се нашите права?
Јанаки: Во дадената ситуација секогаш најдобра опција е да повикате адвокат. Мит е дека полицискиот службеник е нискоинтелегентен како во вицовите и дека можете да си играте со него. Не заборавајте дека инспеткорите во МВР се претежно факултетско образовани луѓе со години искуство позади нив и тешко дека лесно ќе ги прелажете. Во однос на Вашите права имате право да се извести Вашето семејство, да ви биде образложено зашто сте приведени, право да повикате адвокат кој ќе биде присутен на распит пред полиција или пред судија во претходна постапка пред кој е задолжително да бидете изведени во рок од најдоцна 24 часа од Вашето приведување. По потреба да ви се пружи и лекарска помош.

420 Macedonia: Дали полициските службеници можат да ми извршат интимен преглед на телесните отвори?
Јанаки: Законот по ова прашање е експлицитен. Преглед на интимни делови и телесни отвори се врши строго по наредба на судот и тоа од страна на медицинско лице од ист пол.

420 Macedonia: Искуството потврдува дека многу од корисниците или лицата фатени со Марихуана биле жестоко физички малтретирани за време на претрес и/или информативен разговор во полициска станица од страна на службените лица. Што треба да прави уапсеното лице доколку тоа му се случи? Службениците секако ќе негираат...
Јанаки: Првенствено да се јави на лекар кој ќе ги констатира евентуалните телесни повреди. Потоа да пријави во Внатрешна конторла на МВР која факт е дека наместо да си ја врши работата повеќе служи за прикривање на насилните припадници на МВР, па така имам прочитано извештај од Внатрешна контрола согласно кој приведено лице со рацете во лисици позади грб при превоз во полициското комбе, почнало само да си ја удира главата во комбето. 
И на крај да пријавите во Јавното Обвинителство. Со среќа и со тоа! 

420 Macedonia: Дали полициските службеници можат да ми извршат претрес на домот и возилото без налог за претрес? Дали смеам да употребам физичка сила во самоодбрана и во одбрана на моето живеалиште, доколку службеникот сака да влезе во мојот дом без налог?
Јанаки: Може но, по исклучок само ако е во тек извршување на кривично дело, поради лишување од слобода на сторител кој е затечен при извршување на кривично дело кое се гони по службена должност или ако во домот се наоѓа лице кое треба да се приведе.
Било каква примена на сила ќе се најде под удар на законот во смисла на член 382 од Казнен законик по кривично дело - Спречување на службено лице во вршење службено дејствие и член 383 - Напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста. Но, законот дава исклучок да е можно да бидете ослободени од казна доколку постои грубо или незаконито постапување на службеникот со што конкретниот одговор на Вашето прашање би бил ДА имате формално право на примена на сила доколку службеникот сака да преземе илегален претрес на Вашиот дом. 
Како што неколку пати напоменав, а особено со користење на ова право Ви пожелувам многу среќа.

420 Macedonia: Дали очекуваш легализација на Канабисот во Македонија за брзо или пак, барем одредена промена на некој од законите што ја регулираат оваа проблематика? Какви промени?
Јанаки: Легализацијата на канабисот е невозможна поради меѓународно правните обврски кои ги има преземено Републиката. Конвенцијата против илегалната трговија со наркотици и психотропни супстанци експлицитно налага дека продажбата, употребата, превозот и држењето заради продажба на наркотици се пропише како Кривично дело.
Во таа смисла максимум што може да се добие е декриминализација/депенализација или поблиско дефинирање на количина за лична употреба која би се третирала како прекршок. Повторно е илегално, но не е кривично дело. Не сум оптимист дека во блиска иднина ќе се случат вакви промени кај нас поради во голем дел се` уште длабоко конзервативната јавност и неспремноста на политичките елити да губат гласачи поради вакви законски измени.

420 Macedonia: Твоето мислење за дејноста и движењето на 420macedonia? Што би ги советувал нашите следбеници? Да не имаш нешто друго да додадеш?
Јанаки: Имате полна поддршка до мене. Како совет - памет во глава :D

Tuesday, June 23, 2015

„Здраво. Јас сум Кејти...“ - Канабис против Пери Ромберг синдром!

Драги 420 пријатели! Запознајте ја Кејти. Таа е едно од лицата на Канабисот, едно од лицата спасено со помош на ова чудотворно растение... Едно од прекрасните, среќни и насмеани лица, кое доби поквалитетен и подолг живот благодарение на оваа билка! Животните патешествија на овие деца и возрасни ја имаат моќта да го разубедат и најголемиот противник на легализацијата и најголемиот поборник на забраната на цвеќето наречено Марихуана. Можеби ќе си речеш: „Ма што ми е мене гајле за оваа________? Нејзин проблем. Она е болна, сама нека си се бори. Што има јас да се замарам? Што имам јас од тоа?“ 


Генерациите се менуваат и треба да се трудиме да оставиме подобра подлога зад себе, за генерациите што следуваат. Со еден збор - доколку ние сме се мачеле, да направиме барем нашите деца да не се соочуваат со истите проблеми како нас! Болестите не бираат. Светот се менува, а со него се јавуваат и нови болести, а постојат и многу болести кои се` уште не се доволно, точно или целосно истражени, а лекот е ист, не се менува и постои од кога постои оваа планета - КАНАБИС! 

Ова може да биде човекот кој го сакаш најмногу. 
Ова може да биде твоето дете...
Ова може да бидеш ти! 

Кејти боледува од синдромот
Пери Ромберг и само
Канабисовото
масло и ги олеснува маките,
давајќи `и поквалитетен живот
КЕЈТИ: „Јас имам една многу ретка болест наречена Пери Ромберг (Parry Romberg Disease). Постојат само околу 500 дијагностицирани случаи во светот. Причината за ова заболување се` уште е непозната, а лекот исто така е непознат. Кај мене првите симптоми се појавија кога имав 7-8 години. Не бев дијагностицирана се до мојата 18-та година, кога ги открив последиците од оваа болест. Со прости зборови кажано, мојата глава се топи, се јаде сама себе. Мојата глава и моето лице се губат пред моите очи, а особено мојата лева страна.

До пред да наполнам 34 години, дознав како оваа болест завршува. Се веруваше дека болеста достигнува до одредена фаза, меѓутоа едно научно истражување објавено во 1981 година со неколку лични сведоштва од пациенти, покажа дека 2/3 од луѓето заболени од Ромберг, продолжуваат да боледуваат се` до атрофија на мозокот. Оваа болест до сега 26 години го троши ткивото на моето лице, вклучувајќи го черепот на лицето, мускулите, масното ткиво, но и видот. Ова најверојатно ќе заврши и со зафаќање на функцијата на мојот мозок, оставајќи дупки. 

Понекогаш болката е страшно неподнослива - без разлика дали е физичка, ментална или емоционална. Да се страда од нешто, за кое најпаметните луѓе на земјава страдаат да го разберат - е вистинска мака. Страдањето од постојаните општествени предрасуди на секаде на патот претставува повеќе и од најголема болка. Нападите и другите нарушувања одат рака под рака со Ромберг, поради што олеснувањето од сите овие маки е речиси невозможно“.

Право на избор! Дали ти би сакал/а да се лекуваш со смртоносни лекови кои создаваат зависност или пак, по природен пат - со растение кое не може да ти наштети?

„Канабисот и канабисовото масло се појавија во мојот живот токму кога јас се трудев да најдам начини за олеснување од оваа болест. Јас пробав многу лекови, па дури и Метадон и исклучително инвазивни процедури со цел да ја редуцирам болката, бидејќи не постои начин за запирање на оваа болест. Канабисовото масло не само што ми помогна да се справам со болката на сите нивоа, тоа ми овозможи да бидам активен учесник во животот на моето семејство. Лекот Оксикотин (Oxycontin) и другите тешки и јаки, опасни лекови беа на мојот хоризонт, да не се појавеше Канабисот

Јас секогаш ќе бидам болна од синдромот Пери Ромберг, но благодарение на Канабисовото масло, јас имам шанса за поквалитетен живот без болка.“

Tuesday, June 16, 2015

Што е Канабис РУДЕРАЛИС?

Раѓа многу малку туфки
со малку THC.
Канабис РУДЕРАЛИС е третата голема варијација на растенија од семејството Канабис, покрај Сативата и Индиката. Тој за прв пат бил пронајден во дивината на Јужно-источна Русија, но и во Полска и Чешка и за прв пат е класифициран во 1924 година од страна на рускиот ботаничар D.E. Janischevsky. Местата во сите држави во кои првично е пронајден, биле диви предели и тоа над 50 степени северно од Екваторот. Името Рудералис доаѓа од „примитивно“ и овој термин се користи од страна на ботаничарите за да се опишат жилавите, диви и не-домашни растенија, со други зборови - тревишта. Мислењата на научниците дали Рудералисот е засебна врста на Канабис или пак, дали е хибрид од Сатива и Индика - се поделени. Имено научната студија од 2005 година откри дека нема доволно генетски податоци кои би потврдиле дека Рудералисот е посебна врста. Како и да е, генерално и народски кажано Рудералисот се смета за дива врста на Канабис.


Разликите помеѓу трите врсти на Канабис.
Кликнете на сликата за да ја видите во целосна големина.
Канабис Рудералис се разликува од Сативите и Индиките по многу карактеристики, а пред се` растот - големината на растението, изгледот на листовите, изгледот на целото растение, како и по условите во кои успева. Рудералисот е многу помал во раст за разлика од сативата и индиката со максимална височина од 90 см, расте многу брзо, а што се однесува до листовите, тие се исто така многу мали и тенки (најчесто со пет или три краци, од кои последните краци кај основата се значително мали). Рудералисот обично не се разгранува или му се јавуваат само неколку споредни гранки и раѓа многу малку цветови. На Рудералисот не му е потребна посебна светлосна шема за да започне да цвета. Тој автоматски започнува со цветање како што расте, без разлика колку сонце прима во текот на животниот циклус. Значи неговата старост е услов за цветањето, а не количината на светлината, т.е. фото-периодот и за разлика од сативите и индиките може да издржи многу постудени климатски услови

Се карактеризира со својот мал раст.
Рудералисот до неодамна беше сметан за бескорисен. Поради ниското ниво на канабиноиди, а пред се` THC и CBD - оваа врста на Канабис сама по себе не е вреднувана на пазарот за медицинска и рекреативна употреба. Хемискиот состав на Рудералисот многу наликува на составот на Конопот. И покрај ова од неодамна поради неговите типични особини, т.е. негова позитивна страна - способноста за „само-цветање“ (autoflowering), потоа брзото растење и временските (не)прилики (како на пример студ) што ова растение лесно ги поднесува и не му претставуваат пречка, па затоа истото се користи за вкрстување со сативи и индики. На тој начин се добиваат квалитетни само-цветни семиња со доминантни карактеристики на сатива или индика (или двете од еднаш, бидејќи сите три можат меѓусебно да бидат вкрстувани), но се задржуваат и карактеристиките на само-цветање и брзо растење од рудералисот. Оваа техника е особено значајна за одгледувачите кои живеат во постудените предели од светот или пак, за оние кои што растат во надворешни услови. Поради брзиот раст на ваквите хибриди, возможна е берба дури и неколку пати во годината.


Основни разлики помеѓу Канабис САТИВА, ИНДИКА и РУДЕРАЛИС

Monday, June 8, 2015

Канабис и Коноп не е исто!

Психоактивната состојка во Канабисот
Зборовите Канабис и Коноп се синоними, но се однесуваат на два малку различни поими. Тие имаат различно значење, бидејќи се однесуваат на две толку слични, а сепак различни растенија. Тоа се всушност 2 подврсти од едно исто семејство растенија Cannabis Sativa L. Најголемата разлика помеѓу нив е тоа што се одгледувани за различни потреби. Индустрискиот коноп се одгледува за потребите на индустриите за производство на: храна за луѓе и добиток, текстил, обувки, лиена пластика, градежни и изолациони материјали, хартија, биодизел годиво, етерични масла, масло за јадење, додатоци за исхрана, легло за добиток, декоративна козметика и козметика за нега на телото, но и лекови. За разлика од него, медицинскиот Канабис се одгледува за потребите на медицината, за производство на лекови (Канабисово масло и екстракти) и други лековити производи (најчесто од цветовите и листовите) за лекување на многу тешки хронични болести, но и за спиритуална/ректеативна/превентивна употреба. Многу од тие заболувања како што е ракот (од секаков вид) или пак, епилепсијата (од секаков вид) кога се третирани со традиционалните фармацевтски лекови, (коишто само ја влошуваат состојбата на пациентите и имаат безброј негативни споредни ефекти) не покажуваат позитивен резултат.
Жетва на Конопово поле

Пoмеѓу Конопот и Канабисот постојат и други разлики.

Конопот вообичаено расте во височина и поради неговите тенки и долги стебла повеќе наликува на трска, додека пак, Канабисот без разлика дали станува збор за Индика или за Сатива, вообичаено повеќе наликува на грмушка. Покрај разликите во изгледот на овие две растенија, Канабисот се користи во медицината токму поради разликата во составот, т.е. во количеството на состојките. Имено, Конопот просечно содржи од 0.01-1.5% (максимум 3%) од психоактивната состојка delta-9 tetrahydrocannabinol (THC), додека пак, Канабисот во просек содржи од 5% до 20% (а новите хибриди содржат дури и повеќе).

Разликата е повеќе од очигледна.

Поради фактот што се одгледуваат за различни намени, Конопот и Канабисот бараат различни услови за нивно одгледување. Медицинскиот Канабис бара оптимални услови за производство на женски цветни растенија се` до цветната фаза од нивниот животен циклус.  Индустриските Конопови растенија се најчесто машки без цветни туфки. Затоа Конопот нема THC и расте многу побрзо во височина и тоа во надворешни услови, отпорен на временските (не)прилики. За да се постигне пак, максимум ниво на THC во Канабисот, тој бара повеќе нега и внимание и тоа најчесто во внатрешни услови: константна температура, влажност, константно одредена светлина и темнина (специјални светилки), како и соодветно количество на кислород и јаглерод диоксид.

Во однос пак, на легалниот статус кај нас, жалосно е тоа што двете растенија се забранети. И покрај тоа што едниот тип растенија се користи исклучиво за индустриска примена, двете растенија се нелегални и нивното производство е забрането. Парадоксално е тоа што легално е да се купуваат производи направени од Коноп, а незаконски е истиот да се одгледува? Во светот повеќе од 30 држави одгледуваат Коноп, а најмногу се одгледува во Кина.

Без разлика за што се употребува и без разлика која е коректната терминологија, легализацијата на Марихуаната претставува закана за фармацевтската индустрија и за останатите веќе постоечки индустрии, што можат да го користат Конопот како суровина, а наместо тоа користат штетни материјали за производство и немаат намера да започнат еколошки да функционираат, бидејќи од тоа немаат профит. Марихуаната може да ни го спаси светот и да ја подобри економската состојба на нашата држава на подобро и тоа на секое поле.

ЛЕГАЛИЗИРАЈТЕ ЈА МАРИХУАНАТА!


Friday, June 5, 2015

Семето од коноп нè прави посреќни - Конопово семе против стрес и рак!

Физичкиот и емоционалниот стрес го покачуваат нивото на хормонот  на стрес Кортизол што е најчеста причина за ослабен имунитет, појава на рак и други заболувања. Семето од коноп благодарение на своите есенцијални масни амино киселини го намалува штетното дејство од Кортизолот и го поттикнува излачувањето на хормонот на среќа Допамин



Физичкиот и емоционалниот стрес прават нарушување на хормоналниот баланс во организмот, а најмногу покачување на нивото на хормонот Кортизол. Овој хормон е излачуван од надбубрежните жлезди и народски е познат како „хормон на стресот“. Тој е многу корисен кога наеднаш на телото му е потребен силен наплив на енергија (како на пример во ситуација на тепачка), за помагање на меморијата или пак, давање на поттик на имуниот систем. Кортизолот е многу важен хормон што помага во регулирањето на инсулинот, крвниот притисок, правилното функционирање на имунитетот, ги контролира реакциите на воспалителни процеси и метаболизмот на гликоза.


Сепак, во прекумерни количини и кога на телото му е непотребен, овој хормон создава несакани последици. Во ситуации на хроничен стрес, вишокот на кортизол може да направи сериозни нарушувања и компликации, што е најчеста причина за појава на ракот и други заболувања поради ослабениот имунитет. 


За да се избегнат штетните несакани последици од овој хормон, треба да го избегнуваме стресот, да му помагаме на нашето тело да се релаксира, да спиеме квалитетно и квантитено, да ги избегнуваме прекумерните количини на кофеин, шеќер, никотин и алкохол. 


За избалансирано физичко, ментално и емоционално здравје соодветната нутриционистика игра речиси клучна улога, бидејчи „ти си тоа што го јадеш“. За намалување на штетните ефекти од вишокот кортизол во организмот, помагаат есенцијалните масни амино киселини, со активирањето на хормонот на среќа допамин. Покрај оваа особина, амино киселините имаат и бројни други придобивки, а им помагаат и на лицата заболени од Алцхајмерова болест и депресија.


Една таква „супер храна“ против стрес и најбогата со омега масти е коноповото семе и маслото од конопово семе. Семето од коноп не содржи психоактивни состојки наречени канабиноиди, па затоа нивното консумирање со сурова или печена форма или во вид на масло е потполно безбедно. Слично како лененото семе и семето чиа, Коноповото семе е богато со Омега амино масни киселини, а најмногу Омега 3 и Омега 6 и на човечкото тело му го даваат идеалниот сооднос на овие масти. Поради нивното изобилство од протеини, минерали, витамини (како што е витаминот Е) и други нутритивни елементи во ова семе, истото се препорачува во вегетаријанската и веганската диета. Семето од коноп може да го забави процесот на прерано стареење предизвикано од хроничните воспаленија.

Не постои природен производ што е побогат со амино киселини од коноповото семе. Дури и семето од лен има помалку есенцијални масти од коноповото.

Коноповото семе се одликува од другите семиња и по тоа што неговите протеини не предизвикувале надуеност и гасови. Исто така, коноповото семе е побогато со протеини за разлика од чиата и ленот. За разлика пак, од сојата која има енормно високи количества на фитинска киселина (состојка што не` спречува од апсорпција на минералите), коноповото семе не содржи фитинска киселина. Тоа е богато со растителни влакна и со минерали како магнезиум, железо, цинк и калиум.  Многу е лесно сварливо и може да се користи како замена за други житарки што создаваат алергии.
За разлика од другите јаткасти плодови и семиња, коноповото семе не е алергено и не содржи глутен.

Коноповото семе содржи протеин едистен, па оттука е слично со глобуларните протеини од човечката крвна плазма. Семето од коноп содржи големи количини на албумин, а неговите протеини се лесно достапни за телото во форма многу слична со онаа пронајдена во крвната плазма. Покрај тоа што јадењето на ова семе на телото му ги дава сите есенцијални амино киселини круцијални за одржување на добро здравје, овие масни киселини на телото му помагаат и во создавањето на серум албумините и серум глобулините.

Исто како и другите семиња, коноповото семе може да се консумира на разновидни начини, во шејкови, смудиа, супи, како додаток на лебови и пецива, во салати и може да биде додаток или зачин на речиси сите слатки и солени рецепти. Сепак, најкорисно за организмот е доколку се јаде наутро за појадок во мусли, заедно со други житарки и семиња, така што на телото ќе му се обезбедат нужните нутритивни состојки, масти и калории потребни за почеток на денот и за правилно функционирање на телото и умот во текот на целиот ден.