Sunday, November 27, 2016

Пушењето марихуана како лек за воспалителни болести на цревата!






Кога станува збор за несвојствените воспалителни заболувања кај цревата (Inflammatory Bowel Disease - IBD), канабисот може да биде единственото природно решение, многу побезбедно и поефикасно од фармацевтските лекови


Научниците знаат дека марихуаната содржи повеќе од 100 состојки наречени канабиноиди, коишто имаат биолошки позитивен ефект врз телото на консументот. Канабисот веќе долго време се препишува како лек од страна на лекарите во некои земји и тоа за третирање на физички заболувања како артритис, епилепсија, рак, но и за ментални нарушувања како што е ПТСД, депресија или анксиозност. Сепак, улогата што марихуаната може да ја игра во медицината се` уште не е испрецизирана, иако потенцијалот што го има ова растение во подобрувањето на целокупната благосостојба на човекот (па дури и милениците) е веќе одамна добро позната. Канабисот се покажа и како лек за пациентите кои претрпеле трансплантација на органи - оваа билка им помага новиот орган да е полесно прифатен од страна на нивното тело. Недостатокот на истражувања во голем дел се должи на фактот што повеќето студии се фокусирани на незаконската употреба на марихуаната, а не на терапевтскиот потенцијал и поради тоа што канабисот во поголемиот дел од светот е класифициран како дрога бр. 1, што го прави научното истражување речиси и невозможно...


Coltyn Turner успешно ја победи Кроновата болест
Во потрагата по одговори за потенцијалот што го има марихуаната врз здравјето на човекот, научниците дојдоа до интересни наоди. Кога станува збор за несвојствените воспалителни заболувања кај цревата (Inflammatory Bowel Disease - IBD), канабисот може да биде единственото природно решение, многу побезбедно и поефикасно од фармацевтските лекови. Имено, постојат два типа на IBD и тоа Улцерозен колитис и Кронова болест. Употребата на канабис како терапија според Д-р Џордан Тишлер (Jordan Tishler) кој своето образование го завршил на Харвард и е водечки експерт за канабис терапевтика во Масачусетс, канабисот е решението и е многу побезбеден и помалку штетен во споредба со другите лекови.  Да појасниме дека споредните ефекти од канабист не се негативни ефекти. Тие вклучуваат сонливост или на пример зголемен апетит - а тоа се знаци дека телото се лекува - телото си кажува дека му требаат повеќе хранливи материи и сон за да се избори со болеста! Она што е најважно е дека споредните ефекти од канабисот не се летални (смртоносни) како кај фармацевтските лекови. Друга важна работа е што токму кај пациентите со гастроинтестинални нарушувања, споредниот ефект од марихуаната кој предизвикува зголемен апетит - е токму она што им е најпотребно!


'Подобро е да сум нелегално жив, отколку легално мртов'
Постои изобилство од канабиноидни рецептори во гастроинтестиналниот ѕид, истовремено во имуните клетки и клетките од цревата. Канабисот е многу ефективен кај воспалителните заболувања во третирањето на двете истовремено - основната болест, како и нејзините симптоми. Несаканите последици се вистински, но можам да го избројам бројот на пациенти коишто не успеваат со канабис терапијата поради нетолеранција на споредните ефекти од една страна. Внимателното планирање на режимот, согласноста на пациентот, како и редовното следење, исто како и кај било кој друг лек, можат ефикасно да ги надминат овие потешкотии“ - истакнува Д-р Тишлер.


Ти благодариме д-р Рашна! Сите лекари да бидат како тебе :)
Д-р Тишлер и другите негови колеги, коишто препишуваат медицински канабис се ангажирани да го намалат влијанието што воспалителните болести на цревата го имаат врз секојдневниот живот на луѓето што страдаат од овие болести. Поради тоа што симптомите и степенот на болеста се различни кај секоја индивидуа, тој препорачува вариетет од подготовки и начини на употреба на канабисот. „Оралните подготовки (edibles) даваат многу подолга покриеност, додека за повремените симптоми јас обично преферирам вапоризиран цвет. За оние пациенти коишто имаат потреба од дополнителен третман, јас понекогаш комбинирам орален режим со вапоризирање туфки. Како и кај сите лекови, постојат ризици и придобивки од канабисот и целта е секогаш да се најде начинот и да се користи најмалата возможна доза за да се добие најдобриот резултат, со најмалку споредни ефекти“ - додава Д-р Тишлер. Тој исто така нагласи дека медицинскиот режим значително се разликува од рекреативниот и покрај тоа што секоја употреба на канабист е медицинска.

Д-р Рашна Пател (Rachna Patel) исто така е лиценциран лекар во Калифорнија и таа ја раководи нејзината сопствена клиника за медицинска марихуана. Позната како „Експерт за медицинска марихуана“ (The Medical Marijuana Expert) д-р Рашна третира IBD користејќи канабис со многу успех до сега. „Јас открив дека тој им помага на моите пациенти на повеќе начини. Тој им помага да се намалат стомачните грчеви, гадењето и тој исто така помага да се стимулира апетитот со оглед на тоа што пациентите коишто страдаат од IBD често имаат проблеми со губењето на тежината, па користењето на канабис може да помогне кај апетитот и контролата на тежината“ - истакнува таа.


Победи ги воспаленијата!
Најновото откритие кај истражувањата на Кроновата болест немамерно го поддржува канабисот не само како лек за симптомите, туку и како лек за болеста сама по себе. Студијата спроведена од страна на интернационален тим раководен од Case Western University School of Medicine, откри дека габите и бактериите вообичаено присутни во човечкото тело имаат нетипични интеракции во телата на пациентите со Кронова болест. Како надополнување на ова, со истражувањето на фекалната материја кај здравите индивидуи и лицата со Кронова болест во исто семејство, истражувачите откриле дека во споредба со здравите членови од семејството, лицата со Крон имале повисоки нивоа на два вида на бактерии и една габа, коишто заедно ја создаваат лигавата материја што го предизвикува воспалението во цревата.


Ова научно достигнување во комбинација со идентификувањето на антигабичното и антибактериското дејство на канабисот го има потенцијалот да создаде нови третмани и конечно и лек за Кроновата болест и другите видови на нетипични воспаленија на цревата. Со култивирањето на различни врсти на канабиноиди со овие својства, научниците се фокусирани на максимизирање на антигабичното (антифунгалното) и антибактериското дејство кај надворешната како и кај внатрешната употреба на оваа медицинска билка.


Wednesday, November 23, 2016

Научниците откриле дека ЦБД ги стопира метастазите кај агресивните видови на рак!

Во канабисот е иднината!
Како што е истакнато на официјалната Веб страница на Hemproject, група научници од болницата California Pacific Medical Center во Сан Франциско покажаа дека соединението добиено од марихуаната може да ги запре метастазите кај многу видови на агресивен рак, потенцијално менувајќи ја смртноста од оваа болест засекогаш. „Тоа ни одзеде околу 20 години истражувања за ова да се открие, но ние сме многу возбудени. Сакаме да започнеме со испитувања што е можно поскоро“ - истакна за The Huffington Post Д-р Пјер Деспрез (Pierre Desprez), еден од научниците кој стои зад откритието. The Daily Beast први го проследија со објава ова откритие, кое веќе ги претрпе двете видови на тестирања, како лабораториските, така и тестирањата врз животни и се чека дозвола за клинички испитувања врз луѓето.

Не само ТХЦ и не само ЦБД, туку сите канабиноиди во корелација меѓусебно си помагаат во убивањето на ракот! 

Немаше да биде меѓу нас да не беше канабисот!
Д-р Деспрез кој е молекуларен биолог со децении го истражува генот ID-1 што го предизвикува ракот да се шири низ телото. Во меѓувреме, соработникот истражувач Д-р Шон МекАлистер (Sean McAllister) ги проучувал ефектите од Канабидиолот (Cannabidiol - CBD) - непсихоактивната состојка којашто ја има во различни концентрации во секоја билка од канабисот, без разлика на врстата. За среќа, оваа интелектуална двојка соработувала заедно при ова најново истражување. Научниците ги комбинирале клетките кои содржат високо ниво на гените ID-1 заедно со CBD во петриеви садови.

5 факти за Канабидиолот (CBD) кои мора да ги знаете
 
Она што го откривме беше дека неговиот Канабидиол би можел суштински да го 'исклучи'  ID-1“ - изјави Д-р Деспрез. Клетките запреле во ширењето и се вратиле во нормала. „Ние најверојатно не би го дознале ова самостојно“ - додаде тој. „Тоа е причината зошто соработката е од толку суштинско значење за научното откритие“ - заклучува Д-р Деспрез. Двајцата доктори први објавиле труд во врска со наодов во 2007 година. Од тогаш до сега нивниот тим покажа дека CBD функционира истовремено како во лабораторија, така и кај животните. И сега, тие откриле уште една добра вест! „Ние започнавме со истражување на ракот на дојка. Но, сега ние откривме дека Канабидиолот функционира кај многу видови на агресивен рак - на мозок, простата - било кој вид во кој овие високи нивоа на ID-1 се присутни“ - рече Д-р Деспрез.
Часните сестри кои ја одгледуваат Божјата билка

Хемо VS. Мара :)
Д-р Деспрез се надева дека клиничките испитувања ќе започнат веднаш. „Ние не најдовме никаква токсичност кај животните кои ги тестиравме и Канабидиолот веќе официјално се користи кај луѓето за разни други болести“ - рече тој. Навистина, оваа состојка се користи за ублажување на анксиозноста и гадењето и бидејќи таа е не-психоактивна и претставува докажан природен антидотум на ефектот на Тетрахидроканабинолот - ТХЦ, па затоа е потполно безбедна. Канабидиолот е веќе докажан природен лек за разни видови на епилепсија и дури и најтешките форми на епилепсија кај новороденчињата се третираат со ЦБД. 


Твоето здравје е во твои раце!
Ние употребивме инјекции во тестирањето кај животните и исто така тестираме и со таблети. Но, вие никогаш не може да добиете доволно количество на Канабидиол за тој да биде ефективен само од пушењето“ - истакнува тој. Покрај тоа, тимот почна синтетизирање на соединението во лабораторија, наместо да го користат растението, во обид да го направат повеќе потентно. „Тоа е вообичаена практика. Но, за среќа тоа ќе не` држи настрана од сите пречки додека бараме одобрување“ - заклучува Д-р Деспрез.

Синтетички канабиноиди за редукција на остеоартритис

Д-р Деспрез и Д-р Шон МекАлистер
ДОЗВОЛЕТЕ ИМ НА НАУЧНИЦИТЕ ЛЕГАЛНО ДА МОЖАТ ДА ВРШАТ ИСТРАЖУВАЊА ВРЗ МАРИХУАНАТА!!! Зарем на сите природни соединенија ние треба да направиме хемиски синтетички супститут во лабораторија под разни изговори?!? Само природниот канабис е потполно безбеден и само природните канабиноиди може да не` излечат од многу болести. Ниту еден изолиран канабиноид не може да се справи со болестите, затоа што му треба помошта од другите канабиноиди, а за синтетичките да не правиме ни муабет. Универзумот не згрешил кога го искреирал ова растение...

Sunday, November 20, 2016

Канабисот како природен лек за зависности од тешки дроги

Лековита билка или уште повеќе фармацевтски дроги?

Медицинскиот канабис го има потенцијалот на природен начин и без несакани последици да им помогне на зависниците од опијати и други тешки синтетички дроги во борбата со нивната зависност, сугерира една нова научна студија. 

Прегледот на претходните истражувања откри рани докази дека марихуаната може да помогне во лекувањето на менталните здравствени проблеми како што се пост-трауматско стресно нарушување (Post Traumatic Stress Disorder - PTSD - ПТСД) и нарушувањата со злоупотреба на супстанции.


Корисник на канабис VS. зависник од дроги!
Истражувањето објавено во најновиот број на зборникот Clinical Psychology Review journal направи преглед на сите студии кои го вклучувале менталното здравје и марихуаната објавени од далечната 1960та година, откри дека многу од испитаниците ја замениле употребата на опијати со канабис. „Истражувањето сугерира дека луѓето може да го употребуваат канабисот како излезна дрога за да ја редуцираат употребата на супстанците коишто се потенцијално многу поштетни“ - изјави во едно соопштение главниот автор на студијата Зек Волш (Zach Walsh) психолог и истражувач на марихуаната од кампусот на Универзитетот од Британска Колумбија Оканаган (UBC’s Okanagan campus).


Почитувани лекари, освестете се!
Пациентот Грег Милер (Greg Miller) е еден од тие среќници. Тој долго време се бореше со злоупотребата на дрога и алкохол откако по една трагична сообраќајна несреќа тој се здоби со хронична болка. Но, потоа тој својата зависност ја замени со медицинска марихуана и имаше успех исто така и во справувањето со неговата болка, без употреба на морфиум и алкохол. „Таа ми помага да ги контролирам моите проблеми со болката“ - истакна Милер за CTV Vancouver.

Доколку канабисот ја намалува употребата на поштетна супстанца, тогаш тој е од корист за општеството“ - додава Волш.
Канабис = Здравје = Љубов! <3
Потенцијалниот јавен интерес може да биде можно решение за кризата со опитаји што доведе до смрт на стотици Канаѓани и илјадници други хоспитализирани. Канадскиот Министерот за здравство, Џејн Филпот (Jane Philpott) е домаќин на самитот во Отава на кој ќе се дискутира за можните решенија на опијатната криза. Додека Центарот за зависности и ментално здравје (Centre for Addiction and Mental Health - CAMH) веќе има сугерирано рестрикција во препишувањето на големи дози на опијати, Волш вели дека системот треба да понуди алтернатива. „Ние не можеме само да речеме опијати наспроти без опијати, ние мора да бидеме во можност да понудиме сочувствително решение за луѓето кои страдаат и за некои луѓе тоа изгледа како тука може да има улога за канабисот“ - заклучува таа.

Saturday, November 12, 2016

Научна студија потврди дека пушењето канабис ги подобрува мозочните перформанси




Една неодамнешна канадска студија исто така потврди дека THC (тетрахидроканабинолот) ги прави лабораториските стаорци попаметни

Се запрашувате зошто корисниците на канабис се толку паметни и креативни? Научните наоди неодамна објавени во зборникот Frontiers in Pharmacology ја расчистија мистеријата еднаш засекогаш. Прелиминарните истражувања од страна на медицинските истражувачи од McLean Hospital, Harvard Medical School и Tufts University укажуваат дека користењето трева ги подобрува когнитивните перформанси! Когнитивниот перформанс е нашата способност да ги користиме знаењата стекнати од менталните процеси во мозокот. Со други зборови, извршување на задачи кои бараат процесирање на информации (размислување). 

Научниците кои се занимаваат со однесувањето во своето истражување „Сјај во тревата? Пилот студија што го проценува влијанието на марихуаната врз извршната функција“ (Splendor in the Grass? A Pilot Study Assessing the Impact of Medical Marijuana on Executive Function) проследуваа 24 сертифицирани пациенти кои користат медицинска марихуана, во период од три месеци на користењето на овој природен лек. Испитаниците биле постојано надгледувани и им биле мерени когнитивните вештини преку разни тестови на интелигенција и предизвици кои ги вклучувале тестовите Trail Making Test, како и Stroop Color Word Test

Д-р Стејси Грубер (Staci Gruber) директор на програмата „Истражувања врз марихуаната за невронаучното откритие“ (Marijuana Investigations for Neuroscientific Discovery - MIND) при болницата McLean Hospital - Harvard Medical School’s со нејзиниот извештај даде двојно позитивно мислење за канабисот. Третманот со трева доведе пациентите да се справат со мозочните тестови и загатки со невидена леснотија, брзина и точност. „По три месечен третман со марихуана, пациентите всушност даваа подобри резултати, од аспект на нивната способност за извршување на одредени когнитивни задачи, посебно оние со посредство на фронталниот кортекс“ - објаснува Грубер. 


Учесниците во студијата, исто така, изјавиле подобрувања во нивните специфични клинички состојби, спиење и општото здравје, како и намалена потреба од употреба на конвенционалните лекови, особено опијати. „Видовме намалување за 42 отсто кај употребата на опијати. Ова е значајно, особено за оние од нас во Масачусетс и другите области на земјата каде што епидемијата со опијати убива толку многу. Ова прелиминарно откритие со сигурност бара подлабока и поширока истрага“ - додава таа.

За помалку од една недела, електоратот во пет американски држави (една од нив е Масачусестс) имаат можност да гласаат за легалниот марихуана клуб. Доколку само една од овие држави, Калифорнија на пример, изгласа легална употреба за возрасни, буквално милиони Амњериканци ќе добијат можност легално да користат марихуана, без страв дека ќе бидат прогонувани од полицијата и без да го имаат чувството дека според закон се криминалци.

Кој пробал - знае! Нам не ни се потребни додатни истражувања за да се докажува она што отсекогаш се знае дека е така. Да. Канабисот може да те направви попаметен и посреќен човек и да, луѓето ќе ја користат марихуаната. „Луѓето ќе ја користат. Наша задача е да ги дознаеме најдобрите и најбезбедните начини на кои тие можат да го прават тоа“ - заклучува Д-р Грубер.


П.С. Авторот беше напушен и пушеше канабис додека го пишуваше овој текст... :)

M. Konopova