Showing posts with label возење. Show all posts
Showing posts with label возење. Show all posts

Wednesday, February 14, 2018

Научната студија не открива попреченост при возење под влијание на марихуаната

Канабисот практично отсекогаш бил круцијален фактор за развојот на човештвото и отсекогаш бил помошно средство за разни намени, започнувајќи од медицински, продолжувајќи на спиритуални и завршувајќи на индустриските. Првата студија за анализата на ефектите од канабисот врз ефикасноста на возењето покажала дека не се евидентирани никакви сериозни оштетувања и попречувања! 

Поздрав од авторот, животот е патување :)
Влијанието што го предизвикала марихуаната врз возачите, „навидум“ било слично на она што било забележано под влијание на легалното ограничување на алкохолот за време на возење, а возењето под дејство на алкохол е значително поотежнато во споредба со возењето под дејство на трева. Можам да потврдам и дури дека возењето под дејтво на канабис и пијаното возење - се неспоредливи! Затоа велам „навидум“ и тоа е така поради тоа што алкохолот делува на психо-моториката и ги отежнува движењата и рефлексите. Канабиноидите пак, даваат зголемен фокус, на некој начин даваат чувство  на успореност на времето, така што рефлексите се многу побрзи, а вниманието на патот е значително зголемено. Истражувачите од Националниот напреден симулатор за возење при Универзитетот во Ајова (University of Iowa) ја спроведоа студијата, спонзорирана од Националната администрација за безбедност на сообраќајот на патиштата, Националниот институт за злоупотреба на дрога и Канцеларијата за национална политика за контрола на дрога.


Еднаш во симулаторот - Малибу седан од 1996 година - возачите се оценуваат според три критериуми: се проценуваше шантрање (лево/десно) во лентата без соодветна сигнализација, колку често автомобилот ја напушта лентата и брзината на шантрање. Возачите кои биле само на алкохол во нивните системи, покажаа попречености во сите три категории, додека оние кои беа стриктно под дејство на канабис покажаа само минорни проблеми со шантрањето во лентата. Возачите со концентрации во крвта од 13,1 ug/l ТХЦ или delta-9-tetrahydrocannabinol, активната состојка во марихуаната, покажаа зголемено шантрање коешто било слично со оние кои имале 0.8 промили на концентрација на алкохол во здивот, што претставува законска граница во повеќето држави. Правното ограничување на ТХЦ во Вашингтон и Колорадо е 5 ug/l, истите износи важат и за други држави“ - вели истражувањето.


Успешните луѓе користат канабис ;)
Како што се очекуваше, имаше нарушувања во сите области кога алкохолот и канабисот се мешаа. Но, самиот канабис, кога се зема во умерени количини, изгледа дека не предизвикува значително нарушување за време на возењето. Всушност, не само јас туку речиси сите долгогодишни корисници на канабис можат да го потврдат фактот дека оваа билка ги тера да се движат побезбедно или побавно. Наодите на студијата дополнително го осветлуваат фактот дека алкохолот е многу поопасен „лек“ од канабисот, иако првиот е легален, додека вториот не е.


Друг важен наод треба да ги одврати сите обиди за распоредување на инстант тестови на патиштата за нивоата на ТХЦ во крвта. Не е лесно да се испита нарушувањето кај одредена личност од дејството на канабисот, проади тоа што иста доза канабис/екстракт не делува исто кај секого и поради специфичните метаболички својства на канабисот. „Студијата исто така утврди дека анализирањето на оралните течности на возачот може да ја открие последната употреба на марихуана, но не е веродостојна мерка за моменталната попреченост. Секој возач сака уред за проверка на здивот што функционира кај алкохолот, бидејќи истиот е метаболизиран во белите дробови“ - вели Ендрју Спургин (Andrew Spurgin) помошник истражувач со постдокторски студии од колеџ по фармација.


Don't drink & drive! Smoke & fly!
Ова истражување е од особена важност за возачите почетници, особено оние кои истовремено се и почетници во консумирањето на канабис. Исто така пациентите кои се терминално болни и мораат да примаат ударни дози од екстрактите од канабис, поради седативниот ефект што го предизвикуваат, пожелно е да не возат кога се преморени и поспани од преголемото дејство на THC, особено во вечерните часови. Дека под дејство на канабис се вози подобро, отколку трезен можам и јас да ви го потврдам од моето лично искуство. Имено јас сум професионален возач со А1, А, Б, Ц1 и Ц категории и кога возам напушена имам чувство како да возам тазе испрана кола со чисти прозорци, чусвтвувам зголемена концентрација и повеќе самодоверба и сигурност зад воланот. 

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Urhealthguide

Saturday, August 1, 2015

Канабисот не е закана за сообраќајот - корисниците возат подобро

Моторни возила не се управуваат под дејство на супстанци кои влијаат на психомоториката. 

Во оваа категорија спаѓаат алкохолот, дрогите и одредени лекови. Прочуениот мит дека не се вози под дејство на Марихуана побиен е уште од многу одамна и тоа со научни истражувања, со факти и со искуството. Искуството на пациентите кои се лекуваат со Канабис, како и на рекреативните корисници, само ја потврдува безбедноста во сообраќајот под дејство на THC и другите канабиноиди. Надуваните возачи се многу побезбедни возачи отколку пијаните возачи. Од резултатите во едно истражување може да се заклучи дека всушност пијаните возачи претставуваат најголема закана во сообраќајот, во споредба со сите останати под дејство на различни супстанци.

Да тргнеме од фактот што Канабисот не е дрога, туку лековита билка која не влијае негативно врз психомоторните функции на корисникот. Возможно е да постојат одредени потешкотии кога станува збор за првото користење на Канабис во живтот од страна на неискусните, поради тоа што организмот се` уште не е навикнат на новата состојба. За прв пат се соочува со неа, но навистина брзо се навикнува. Организмот на редовните корисници и пациентите е навикнат на психоактивното дејство. Сепак, потврдено е дека луѓето кои редовно користат Канабис, возат дури и повнимателно од сите останати возачи. Исто така, многу важно е тоа колку искусен и сигурен е возачот? Возачите почетници сами по себе се закана во сообраќајот.

Друг доказ дека консумирањето Канабис на било кој начин и за било која цел (рекреативно или како терапија), а во коннкретниов случај по пат на пушење - не им пречи на возачите при возењето. Напротив, може да се забележи дека им помага подобро да управуваат. Во документарниот филм а CNN насловен „WEED“ („Трева“) од д-р Санџај Гупта (Sanjay Gupta), првиот од трилогијата. Испитаниците во истражувањето спороведено за филмот пушеле Марихуана пред да седнат зад волан. Едниот од нив беше секојдневен корисник на Марихуана, додека пак, другиот испитаник беше нередовен пушач. Нередовниот пушач имаше потешкотии при управувањето. Искусниот корисник немаше никакви потешкотии при управувањето. 

Еден од пациентите пак, за кои се зборува во филмот е 19 годишниот Чез Мор кој својот дијафрагмален трепет го лекува со помош на пушење Канабис. Тој и за време на снимањето пуши Канабис, а потоа го во вози докторот Гупта. Чез Мор тврди дека воопшто не се чувствува надуван, туку дека се чувствува нормално. Треба да се има предвид дека дејството на Марихуаната е различно од врста до врста и различните количини, делуваат на различен начин кај секоја индивидуа. Тоа што за некого е премногу во даден момент, некој друг не го ни чувствува. 


Нова студија од Американската национална администрација за безбедност во сообраќајот (National Highway Traffic Safety Administration) потврди дека пушењето трева нема значаен ефект на способноста на лицето да управува со возило. Студијата е спроведена врз 10 илјади возачи од Вирџинија, некои од нив инволвирани во несреќи, а некои не. Научниците открија дека Марихуаната не била еден од ризик факторите за несреќите. Ефектот на Марихуаната врз предизвиканите несреќи, се губи во сенката на ефектите кои ги предизвикува алкохолот. 

Повеќе од 4.600 испитаници во една австралиска студија, дури 70% признаваат дека возеле под дејство на Канабис. Повеќе од 2.200 изјавија дека во изминатите 12 месеци и 16% потврдија дека возеле секојдневно користејќи Канабис. Други 25% потврдуваат дека Канабисот ги прави побавни и подобри возачи.

За да Ве уверам во ова уште повеќе, ќе го споделам со Вас личното искуство на еден од нашите добри пријатели, кој сака да остане анонимен: „Јас сум редовен активен корисник на Канабис веќе неколку години, а со ова растение се запознав уште пред моето полнолетство. За да не ги набројувам моите останати квалификации, коишто само ќе потврдат дека Канабисот воопшто не ми пречи, туку напротив ми помага да бидам успешен високообразован човек, кој е активно вклучен во општеството - ќе останам во рамките на оваа тема. 

Јас сум професионален возач на моторни возила и на мои 26 години ги имам категориите: А, Б и Ц уште од многу одамна. Активно возам автомобил и пушењето Канабис пред да седнам зад воланот ми помага полесно да се сконцентрирам на патот пред мене и успешно да се заштитам од дефокуфирачки мисли. Мислам само на возењето. Стресот исто како алкохолот и дрогите е кобен совозач, бидејќи само дел од секунда невнимание е доволен за да се случи сообраќајна несреќа. Марихуаната е секогаш тука за да ме релаксира и за да ми помогне да ја завршам конкретната задача со леснотија“.