Showing posts with label дејство. Show all posts
Showing posts with label дејство. Show all posts

Monday, September 25, 2017

Како канабисот делува врз мозокот и телото?

Марихуаната народно позната е по „доброто чувство“ кое го дава и по позитивните ефекти не само при убалжувањето на симптомите, туку и при искоренувањето на причината кај многу болести

Поздрав од Делчево!
Оваа билка во никој случај не може да биде штетна за умот и телото. Редовното консумирање канабис го балансира ендоканабиноидниот систем што сите го поседуваме, а кој е одговорен за правилното функционирање на целиот организам (поради тоа што ЕКС ги регулира речиси сите процеси и системи во телото). Доброто чувство кое го дава марихуаната доаѓа од спојот на канабиноидите, (особено тетрахидроканабинолот [THC] - најмногу влијае на мозокот) и ендоканабиноидните рецептори во нашиот мозок и тело.



Марихуаната предизвикува да се чувствуваме подобро!!!

Кога THC ќе дојде до мозочните клетки, тие ослободуваат допамин - хемиски спој кој предизвикува среќа. Тоа е делот од мозокот кој ве наградува со „убави чувства“ кога ќе направите нешто добро за себе. Истиот процес се случува кога јадеме вкусен оброк или за време на секс. Мозокот реагира на сличен начин и кога се консумираат дроги. Кога прекумерено ќе се конзумира дрога, се создава чувство на еуфорија, што не е добро бидејќи доведува до нарушувања во системот на наградување. Кога ќе зачести прекумереното наградување со чувство на среќа кај самите себе преку конзумација на дрога, се намалува интензитетот на чувството на среќа, при останатите нормални начини на наградување, а тоа води кон апатија и зависност од таа супстанца.


Од фановите од Ченто
Но, канабисот не делува така! Канабисот не е дрога, туку лек! Разликата е во тоа што ендоканабиноидните рецептори се заситуваат до одредено ниво, поради што предозирањето е невозможно. Зависноста е исто така исклучена, затоа што рецепторите ги нема во деловите од мозокот одговорни за дишење (за виталните функции на телото), а исто така канабисот го поттикнува природното создавање на ендоканабиноиди во организмот (значи го поттикнува нормалното природно функционирање на организмот). Канабисот е најбезбедниот лек за третирање на зависности, па дури и зависности од тешки дроги и декриминализацијата може да ја реши опијатската епиделија.


Ганџата ги блокира негативните сеќавања

Редовните мали дози THC може да ја вратат меморијата! Студиите на животински модели покажале дека aктивните состојки од марихуаната делуваат во делот на мозокот наречен хипокампус и го менуваат начинот на кој податоците се обработуваат и формираат спомените. Ова е од суштинско значење за емотивниот баланс на човекот, со тоа што полесно се надминуваат доживеаните трауми. Консумирањето канабис помага да се фокусираме на она што е позитивно во нашиот живот и да го тргнеме фокусот од лошите сеќавања.


Тревата е поздрава е од тутунот за белите дробови

Лек за епи-напади!
Според истражување и студија објавена во „Journal of American Medical Association“ марихуаната не ја нарушува функцијата на белите дробови, дури може и да го зголеми нивниот капацитет и влијае позитивно врз дишењето.


Канабисот ги контролира епилептичните напади

Поранешните истражувања го сугерираа тоа, иако искуството на пациентите потврдува дека канабисот отсекогаш позитивно влијаел врз мозокот и врз контролата и стопирањето на епи-нападите. Истражувања од 2003-та година конечно докажале дека THC, заедно со CBD ги контролира нападите, бидејќи се поврзува со клетките во мозокот кои се одговорни за регулација и контрола на раздразливост и релаксација, а на нив влијае токму THC.


THC го забавува напредувањето на Алцхајмерова болест

Канабисот е лек за рак и хемо!
Марихуаната може да го успори напредувањето на Алцхајмеровата болест. Докажано е дека THC го успорува создавањето на амилоид плакети кои ги убиваат мозочните клетки и предизвикуваат Алцхајмерова болест.


Маслото од канабис лекува рак и оштетувања од хемотерапија!

Науно е докажано дека хемотерапијата е токсична и смртоносна. Америка официјално го потврди тоа! Канабис-терапијата од екстрак од канабис, наместо овој отров е најдобрата, најздравата, најбезболната, најнетоксичната, па и најефтината варијанта за третирање канцер. Просечната канабис терапија изнесува 60 мл квалитетен екстракт, односно побрзо треба да се стигне до 1 мл дневно. Лицата кои одлучиле да примаат хемотерапија, пожелно е да земаат двојно, па дури и тројно повеќе од препорачаната дневна доза!

Дланки полни здравје!
Автор: К. К.
Извор: Live Science

Friday, June 3, 2016

Редовното консумирање канабис го спречува стареењето на мозокот!

Канабисот не` подмладува!
Научниците открија дека волуменот на сивата маса не се намалил по четири години континуирана и обилна консумација на канабис и дури еден дел од мозокот се намалил помалку со текот на времето кај пушачите на трева, во споредба со непушачите


Авторите на најновото истражување за канабисот и активноста на мозокот иницијално предвидоа дека долготрајната употреба на канабис може да намали одредени региони во мозокот. Вака се сметаше до неаодмна, иако реалноста е сосем поинаква и токму тоа беше потврдено со оваа студија. 

Истражувачите од Холандија ги разгледаа конфликтните наоди помеѓу научниците кои велат дека пушачите на трева имаат помали мозоци, оние кои сметаат дека пушачите на трева имаат поголеми мозоци и оние наоди на научниците кои застапуваат било какви други теории. Некои од овие меѓу-секторски студии само претставуваат момент од времето и тие не можат да ја докажат каузалноста во повеќето случаи. Затоа холандските научници одлучија да спроведат лонгитудинален експеримент за да истражат како консумирањето на канабис влијае врз мозокот долгорочно гледано.

Стив Џобс редовно консумирал канабис
За да го спроведат експериментот истражувачите спровеле магнетна резонанца на мозокот кај 33 пушачи на трева и 43 „здрави“ контролни испитаници (кои не пушеле трева). Започнувајќи на просечна возраст од 20 години, волонтерите биле вклучени во студијата се` додека не наполниле 24 години. И покрај тоа што некои од нив биле исклучени од студијата, примерокот сепак бил доволно голем за да се постават значајни заклучоци

Резултатите покажаа дека пушењето канабис за време на доцната адолесценција, не ја менува морфологијата на сивата маса. Она што ги изненади противниците на конопот е дека пушачите на трева во студијата имале поголем церебрален дел (регионот во задниот дел од мозокот кој е одговорен за моториката, координацијата, јазикот и тн.). Овој дел од мозокот природно се собира како што старееме. Се покажа дека редовното консумирање на канабис може на некој начин да ја спречи оваа природна појава. 

Јас сум напушен/а, но не сум глупав/а!
Една друга научна студија објавена во октомври 2015 година ги употреби податоците од Human Connectome Project (масивно мултинационално истражување за да се откријат врските помеѓу сите неврони во мозокот), покажа дека канабисот не е причина за абнормалностите во мозокот, туку за тоа се одговорни гените. Оваа студија ги спореди мозочните снимки од близнаци од кои едниот пушел трева, а другиот не. Се покажа дека сите промени во мозокот кај едниот близнак, биле присутни и кај другиот. Другите научни студии до сега потврдија дека канабисот не претставува опасност за тинејџерскиот мозок во развој. Опасни супстанци кои го загрозуваат развојот на адолесцентскиот мозок се легални и  тоа: никотин, алкохол, кофеин, фармацевтски лекови, синтетички дроги...

Saturday, August 1, 2015

Канабисот не е закана за сообраќајот - корисниците возат подобро

Моторни возила не се управуваат под дејство на супстанци кои влијаат на психомоториката. 

Во оваа категорија спаѓаат алкохолот, дрогите и одредени лекови. Прочуениот мит дека не се вози под дејство на Марихуана побиен е уште од многу одамна и тоа со научни истражувања, со факти и со искуството. Искуството на пациентите кои се лекуваат со Канабис, како и на рекреативните корисници, само ја потврдува безбедноста во сообраќајот под дејство на THC и другите канабиноиди. Надуваните возачи се многу побезбедни возачи отколку пијаните возачи. Од резултатите во едно истражување може да се заклучи дека всушност пијаните возачи претставуваат најголема закана во сообраќајот, во споредба со сите останати под дејство на различни супстанци.

Да тргнеме од фактот што Канабисот не е дрога, туку лековита билка која не влијае негативно врз психомоторните функции на корисникот. Возможно е да постојат одредени потешкотии кога станува збор за првото користење на Канабис во живтот од страна на неискусните, поради тоа што организмот се` уште не е навикнат на новата состојба. За прв пат се соочува со неа, но навистина брзо се навикнува. Организмот на редовните корисници и пациентите е навикнат на психоактивното дејство. Сепак, потврдено е дека луѓето кои редовно користат Канабис, возат дури и повнимателно од сите останати возачи. Исто така, многу важно е тоа колку искусен и сигурен е возачот? Возачите почетници сами по себе се закана во сообраќајот.

Друг доказ дека консумирањето Канабис на било кој начин и за било која цел (рекреативно или како терапија), а во коннкретниов случај по пат на пушење - не им пречи на возачите при возењето. Напротив, може да се забележи дека им помага подобро да управуваат. Во документарниот филм а CNN насловен „WEED“ („Трева“) од д-р Санџај Гупта (Sanjay Gupta), првиот од трилогијата. Испитаниците во истражувањето спороведено за филмот пушеле Марихуана пред да седнат зад волан. Едниот од нив беше секојдневен корисник на Марихуана, додека пак, другиот испитаник беше нередовен пушач. Нередовниот пушач имаше потешкотии при управувањето. Искусниот корисник немаше никакви потешкотии при управувањето. 

Еден од пациентите пак, за кои се зборува во филмот е 19 годишниот Чез Мор кој својот дијафрагмален трепет го лекува со помош на пушење Канабис. Тој и за време на снимањето пуши Канабис, а потоа го во вози докторот Гупта. Чез Мор тврди дека воопшто не се чувствува надуван, туку дека се чувствува нормално. Треба да се има предвид дека дејството на Марихуаната е различно од врста до врста и различните количини, делуваат на различен начин кај секоја индивидуа. Тоа што за некого е премногу во даден момент, некој друг не го ни чувствува. 


Нова студија од Американската национална администрација за безбедност во сообраќајот (National Highway Traffic Safety Administration) потврди дека пушењето трева нема значаен ефект на способноста на лицето да управува со возило. Студијата е спроведена врз 10 илјади возачи од Вирџинија, некои од нив инволвирани во несреќи, а некои не. Научниците открија дека Марихуаната не била еден од ризик факторите за несреќите. Ефектот на Марихуаната врз предизвиканите несреќи, се губи во сенката на ефектите кои ги предизвикува алкохолот. 

Повеќе од 4.600 испитаници во една австралиска студија, дури 70% признаваат дека возеле под дејство на Канабис. Повеќе од 2.200 изјавија дека во изминатите 12 месеци и 16% потврдија дека возеле секојдневно користејќи Канабис. Други 25% потврдуваат дека Канабисот ги прави побавни и подобри возачи.

За да Ве уверам во ова уште повеќе, ќе го споделам со Вас личното искуство на еден од нашите добри пријатели, кој сака да остане анонимен: „Јас сум редовен активен корисник на Канабис веќе неколку години, а со ова растение се запознав уште пред моето полнолетство. За да не ги набројувам моите останати квалификации, коишто само ќе потврдат дека Канабисот воопшто не ми пречи, туку напротив ми помага да бидам успешен високообразован човек, кој е активно вклучен во општеството - ќе останам во рамките на оваа тема. 

Јас сум професионален возач на моторни возила и на мои 26 години ги имам категориите: А, Б и Ц уште од многу одамна. Активно возам автомобил и пушењето Канабис пред да седнам зад воланот ми помага полесно да се сконцентрирам на патот пред мене и успешно да се заштитам од дефокуфирачки мисли. Мислам само на возењето. Стресот исто како алкохолот и дрогите е кобен совозач, бидејќи само дел од секунда невнимание е доволен за да се случи сообраќајна несреќа. Марихуаната е секогаш тука за да ме релаксира и за да ми помогне да ја завршам конкретната задача со леснотија“.