Showing posts with label секс. Show all posts
Showing posts with label секс. Show all posts

Sunday, September 10, 2017

Вистината за тоа како марихуаната влијае врз сексуалните перформанси

Сигурно сте слушнале различни шпекулации и невистини за тоа како марихуаната влијае на сексуалните перформанси кај двата пола, особено кај машката популација

Кога нешто влијае позитивно врз сексуалното и целокупното здравје, најлесно е да се фрли анатема врз истото. Истражувањата покажале дека многу момци и девојки пријавуваат сексуални придобивки од употребата на марихуана, како што е зголемената сексуална издржливост, а кај жените полесно достигнување до точката на врв. Од друга страна не можеме да ја исклучиме можноста дека употребата на канабис ја менува перцепцијата за времето. Со други зборови, сексот може да изгледа како да трае подолго кога сте надувани, кога сте хај, што значи иако сексот ви трае исто, дефинитивно сите корисници на канабис потврдуваат дека уживањето е зголемено.


Покрај дозата, постојат најмалку две други работи што треба да се имаат на ум зошто канабисот го зголемува сексуалното доживување и зошто кај секого делува различно во интимните моменти. Прво, марихуаната не е само една работа. Постојат различни видови на канабис што можат да влијаат на телото и умот на многу различни начини. Еден вид (индика) има тенденција за релаксирање, додека другиот (сатива) има тенденција да биде повеќе стимулирачки. Истражувачите сè уште не размислувале дали овие видови на канабис влијаат на сексуалното функционирање на различни начини, но вреди ова да се истражи подетално (може со нас да ги споделите вашите лични искуства:). 

Канабистое е љубов! <3
Второ, луѓето се разликуваат во нивната чувствителност кон марихуаната, исто како што се разликуваат во нивната чувствителност кон други супстанци. Истото важи и за консумирањето марихуана или за уживањето во некои јадења: некои се весели, други се поспани, а некои се малку параноични. Мора да се каже, различните психоактивни ефекти на марихуаната веројатно се резултат на комбинацијата на разлики во чувствителноста на активните состојки во канабисот, како и употребата на различни видови на канабис. Сепак, дури и со истиот вид, многу е веројатно дека секој индивидуално ќе доживее различни сексуални искуства, врз основа на тоа како канабисот ќе влијае врз моменталната благосостојба. 

Во надеж дека ќе дадат попрецизен одговор, биомедицинските истражувачи почнаа да спроведуваат повеќе контролирани истражувања во поглед на ефектот на марихуаната врз еректилните функции кај мажите и кај жените. Создадена е и специјална врста на канабис наменета за поттикнување на оргазмот кај жените. Оваа врста е наречена sexxpot. Sexxpot е indica врста одгледувана генетиката на Mr. Nice за која се вели дека има својства на афродизијак. Приказната за Sexxpot започнува во спалната соба на откривачот на оваа врста. Имено таа беше инспирирана од поттикнувачките квалитети на канабисот на нејзиниот партнер. Дизајниран да содржи пониски нивоа на ТХЦ кои паѓаат на околу 14 проценти, идејата зад Sexxpot е да обезбеди еуфорично искуство без да го зашемети потрошувачот.

Автор: К. К.

Sunday, November 29, 2015

Легализацијата на марихуаната може да ја истисне Виаграта од употреба

Внесете нова димензија во својот кревет.
Доколку канабисот се легализира на глобално ниво и доколку луѓето активно започнат да го користат овој природен лек, односно доколку користењето марихуана стане нормален дел од секојдневието, слично како секојдневното користење на витамини, тогаш експертите сметаат дека никој нема да има потреба од Виагра и слични лекови за поттикнување на машкото и женското либидо. Ова се одлични вести особено за мажите со еректилна дисфункција

Швајцарските научници спровеле научна студија врз глувци за да го докажат ова. Тие веруваат дека постои потенцијална позитивна поврзаност помеѓу користењето трева и остварувањето на подобри ерекции. Истражувачите од Ecole Polytechnique од Швајцарија открија дека марихуаната ги намалува хистолошките карактеристики, коишто биле поврзани со еректилната дисфункција кај хиперхолестеролемичните (со преголемо ниво на холестерол) глувци.

Канабисот ја зголемува желбата за секс!
Една од најчестите причини за појава на еректилна дисфункција е високото ниво на холестерол, што доведува до запушување на крвните садови и намалување на дотокот на крв во пенисот. Со текот на времето ова може да доведе до перманентна дисфункција. За среќа научните сознанија спроведени пред две години објавени во зборникот Clinical & Developmental Immunology (Клиничка и Развојна Имунологија) објаснуваат на кој начин марихуаната може да помогне.

Таргетирајќи ги специфичните патеки поврзани со марихуаната наречени CB2 рецептори, истражувачите од Швајцарија биле во можност да ги редуцираат еректилните оштетувања кај глувците. CB2 рецепторите се присутни во целото тело кај сите цицачи `рбетници, па вклучувајќи го и пенисот. 

Накратко, активацијата на CB2 ги намалила хистолошките особини, коишто биле поврзани со еректилната дисфункција кај хиперхолестеролемичните глувци“ - велат научниците.  

По три месечна терапија со канабис, примероците од ткивото на глувците покажале пониски нивоа на фиброза (наталожување на абнормално ткиво) и пониски нивоа на други повреди поврзани со холестеролот, во споредба со глувците коишто не биле лекувани со канабис.

Канабисот е природен афродизијак!

Д-р Лестер Гринспун (Lester Grinspoon) психијатар и пензиониран професор од Харвард (Harvard Medical School), познат автор на многу книги и статии за канабисот и неговите медицински својства, познат и по многу документарни филмови и емисии за светата билка, меѓу кои и филмот „Clearing the Smoke: The Science of Cannabis“ во едно интервју за High Times од 2001 година вели:

Јас заклучив дека марихуаната во голема мера го истакнува сексуалното искуство кај многумина. Не постои сомнеж дека кога луѓето се „хај“ тие се повеќе осетливи кон нивните сексуални чувства и пориви. Во овој поглед, тревата може да биде афродизијак“.

Канабисот предизвикува љубов! <3
Видете, доколку дојдете кај мене и ми кажете дека имате потешкотии во сексуалното распалување или доколку се соочувате со прерана ејакулација или еректилна дисфункција, јас би ве прашал: `Дали некогаш претходно сте пробале марихуана? Тоа нема да ви наштети. Можете да пробате`“ - додава Д-р Гринспун.

Марихуаната несомнено го зголемува и женското либидо. Од неодамна создадена е нова врста на канабис наречена Sexxpot наменета за женската популација.

Многу од мажите велат дека тревата ја спречува прераната ејакулација


Врста откриена од жена, за жените.
Да, дефинитивно. Таа им помага на некои луѓе, но не и на секого. Со марихуаната, морате да ги земете предвид биолошките варијации. Прераната ејалукација е психо-физиолошки одговор“ - истакнува Д-р Лестер.

МИТ: Пушењето на семките од канабис предизвикува неплодност!

Љубовниците кои љубат канабис остануваат заедно!

Кога сме веќе кај оваа тема, сакаме да разјасниме и еден длабоко вкоренет МИТ помеѓу пушачите на канабис. Пушењето на семките во никој случај не може да предизвика неплодност. Семките треба да се отстранат пред пушење поради тоа што пукаат и мирисаат грозно кога се запалени, па затоа го упропастуваат моментот на уживање. Можеби постојат луѓе на кои семките не им сметаат во џоинт - тоа е право на избор, но како и да е нивното пушење не е штетно. Семките се наменети за јадење и за правење на ладно цедено масло (зејтин).

Луѓе! Сакајте се! :)