Showing posts with label перформанси. Show all posts
Showing posts with label перформанси. Show all posts

Sunday, September 10, 2017

Вистината за тоа како марихуаната влијае врз сексуалните перформанси

Сигурно сте слушнале различни шпекулации и невистини за тоа како марихуаната влијае на сексуалните перформанси кај двата пола, особено кај машката популација

Кога нешто влијае позитивно врз сексуалното и целокупното здравје, најлесно е да се фрли анатема врз истото. Истражувањата покажале дека многу момци и девојки пријавуваат сексуални придобивки од употребата на марихуана, како што е зголемената сексуална издржливост, а кај жените полесно достигнување до точката на врв. Од друга страна не можеме да ја исклучиме можноста дека употребата на канабис ја менува перцепцијата за времето. Со други зборови, сексот може да изгледа како да трае подолго кога сте надувани, кога сте хај, што значи иако сексот ви трае исто, дефинитивно сите корисници на канабис потврдуваат дека уживањето е зголемено.


Покрај дозата, постојат најмалку две други работи што треба да се имаат на ум зошто канабисот го зголемува сексуалното доживување и зошто кај секого делува различно во интимните моменти. Прво, марихуаната не е само една работа. Постојат различни видови на канабис што можат да влијаат на телото и умот на многу различни начини. Еден вид (индика) има тенденција за релаксирање, додека другиот (сатива) има тенденција да биде повеќе стимулирачки. Истражувачите сè уште не размислувале дали овие видови на канабис влијаат на сексуалното функционирање на различни начини, но вреди ова да се истражи подетално (може со нас да ги споделите вашите лични искуства:). 

Канабистое е љубов! <3
Второ, луѓето се разликуваат во нивната чувствителност кон марихуаната, исто како што се разликуваат во нивната чувствителност кон други супстанци. Истото важи и за консумирањето марихуана или за уживањето во некои јадења: некои се весели, други се поспани, а некои се малку параноични. Мора да се каже, различните психоактивни ефекти на марихуаната веројатно се резултат на комбинацијата на разлики во чувствителноста на активните состојки во канабисот, како и употребата на различни видови на канабис. Сепак, дури и со истиот вид, многу е веројатно дека секој индивидуално ќе доживее различни сексуални искуства, врз основа на тоа како канабисот ќе влијае врз моменталната благосостојба. 

Во надеж дека ќе дадат попрецизен одговор, биомедицинските истражувачи почнаа да спроведуваат повеќе контролирани истражувања во поглед на ефектот на марихуаната врз еректилните функции кај мажите и кај жените. Создадена е и специјална врста на канабис наменета за поттикнување на оргазмот кај жените. Оваа врста е наречена sexxpot. Sexxpot е indica врста одгледувана генетиката на Mr. Nice за која се вели дека има својства на афродизијак. Приказната за Sexxpot започнува во спалната соба на откривачот на оваа врста. Имено таа беше инспирирана од поттикнувачките квалитети на канабисот на нејзиниот партнер. Дизајниран да содржи пониски нивоа на ТХЦ кои паѓаат на околу 14 проценти, идејата зад Sexxpot е да обезбеди еуфорично искуство без да го зашемети потрошувачот.

Автор: К. К.

Saturday, November 12, 2016

Научна студија потврди дека пушењето канабис ги подобрува мозочните перформанси




Една неодамнешна канадска студија исто така потврди дека THC (тетрахидроканабинолот) ги прави лабораториските стаорци попаметни

Се запрашувате зошто корисниците на канабис се толку паметни и креативни? Научните наоди неодамна објавени во зборникот Frontiers in Pharmacology ја расчистија мистеријата еднаш засекогаш. Прелиминарните истражувања од страна на медицинските истражувачи од McLean Hospital, Harvard Medical School и Tufts University укажуваат дека користењето трева ги подобрува когнитивните перформанси! Когнитивниот перформанс е нашата способност да ги користиме знаењата стекнати од менталните процеси во мозокот. Со други зборови, извршување на задачи кои бараат процесирање на информации (размислување). 

Научниците кои се занимаваат со однесувањето во своето истражување „Сјај во тревата? Пилот студија што го проценува влијанието на марихуаната врз извршната функција“ (Splendor in the Grass? A Pilot Study Assessing the Impact of Medical Marijuana on Executive Function) проследуваа 24 сертифицирани пациенти кои користат медицинска марихуана, во период од три месеци на користењето на овој природен лек. Испитаниците биле постојано надгледувани и им биле мерени когнитивните вештини преку разни тестови на интелигенција и предизвици кои ги вклучувале тестовите Trail Making Test, како и Stroop Color Word Test

Д-р Стејси Грубер (Staci Gruber) директор на програмата „Истражувања врз марихуаната за невронаучното откритие“ (Marijuana Investigations for Neuroscientific Discovery - MIND) при болницата McLean Hospital - Harvard Medical School’s со нејзиниот извештај даде двојно позитивно мислење за канабисот. Третманот со трева доведе пациентите да се справат со мозочните тестови и загатки со невидена леснотија, брзина и точност. „По три месечен третман со марихуана, пациентите всушност даваа подобри резултати, од аспект на нивната способност за извршување на одредени когнитивни задачи, посебно оние со посредство на фронталниот кортекс“ - објаснува Грубер. 


Учесниците во студијата, исто така, изјавиле подобрувања во нивните специфични клинички состојби, спиење и општото здравје, како и намалена потреба од употреба на конвенционалните лекови, особено опијати. „Видовме намалување за 42 отсто кај употребата на опијати. Ова е значајно, особено за оние од нас во Масачусетс и другите области на земјата каде што епидемијата со опијати убива толку многу. Ова прелиминарно откритие со сигурност бара подлабока и поширока истрага“ - додава таа.

За помалку од една недела, електоратот во пет американски држави (една од нив е Масачусестс) имаат можност да гласаат за легалниот марихуана клуб. Доколку само една од овие држави, Калифорнија на пример, изгласа легална употреба за возрасни, буквално милиони Амњериканци ќе добијат можност легално да користат марихуана, без страв дека ќе бидат прогонувани од полицијата и без да го имаат чувството дека според закон се криминалци.

Кој пробал - знае! Нам не ни се потребни додатни истражувања за да се докажува она што отсекогаш се знае дека е така. Да. Канабисот може да те направви попаметен и посреќен човек и да, луѓето ќе ја користат марихуаната. „Луѓето ќе ја користат. Наша задача е да ги дознаеме најдобрите и најбезбедните начини на кои тие можат да го прават тоа“ - заклучува Д-р Грубер.


П.С. Авторот беше напушен и пушеше канабис додека го пишуваше овој текст... :)

M. Konopova