Saturday, August 1, 2015

Канабисот не е закана за сообраќајот - корисниците возат подобро

Моторни возила не се управуваат под дејство на супстанци кои влијаат на психомоториката. 

Во оваа категорија спаѓаат алкохолот, дрогите и одредени лекови. Прочуениот мит дека не се вози под дејство на Марихуана побиен е уште од многу одамна и тоа со научни истражувања, со факти и со искуството. Искуството на пациентите кои се лекуваат со Канабис, како и на рекреативните корисници, само ја потврдува безбедноста во сообраќајот под дејство на THC и другите канабиноиди. Надуваните возачи се многу побезбедни возачи отколку пијаните возачи. Од резултатите во едно истражување може да се заклучи дека всушност пијаните возачи претставуваат најголема закана во сообраќајот, во споредба со сите останати под дејство на различни супстанци.

Да тргнеме од фактот што Канабисот не е дрога, туку лековита билка која не влијае негативно врз психомоторните функции на корисникот. Возможно е да постојат одредени потешкотии кога станува збор за првото користење на Канабис во живтот од страна на неискусните, поради тоа што организмот се` уште не е навикнат на новата состојба. За прв пат се соочува со неа, но навистина брзо се навикнува. Организмот на редовните корисници и пациентите е навикнат на психоактивното дејство. Сепак, потврдено е дека луѓето кои редовно користат Канабис, возат дури и повнимателно од сите останати возачи. Исто така, многу важно е тоа колку искусен и сигурен е возачот? Возачите почетници сами по себе се закана во сообраќајот.

Друг доказ дека консумирањето Канабис на било кој начин и за било која цел (рекреативно или како терапија), а во коннкретниов случај по пат на пушење - не им пречи на возачите при возењето. Напротив, може да се забележи дека им помага подобро да управуваат. Во документарниот филм а CNN насловен „WEED“ („Трева“) од д-р Санџај Гупта (Sanjay Gupta), првиот од трилогијата. Испитаниците во истражувањето спороведено за филмот пушеле Марихуана пред да седнат зад волан. Едниот од нив беше секојдневен корисник на Марихуана, додека пак, другиот испитаник беше нередовен пушач. Нередовниот пушач имаше потешкотии при управувањето. Искусниот корисник немаше никакви потешкотии при управувањето. 

Еден од пациентите пак, за кои се зборува во филмот е 19 годишниот Чез Мор кој својот дијафрагмален трепет го лекува со помош на пушење Канабис. Тој и за време на снимањето пуши Канабис, а потоа го во вози докторот Гупта. Чез Мор тврди дека воопшто не се чувствува надуван, туку дека се чувствува нормално. Треба да се има предвид дека дејството на Марихуаната е различно од врста до врста и различните количини, делуваат на различен начин кај секоја индивидуа. Тоа што за некого е премногу во даден момент, некој друг не го ни чувствува. 


Нова студија од Американската национална администрација за безбедност во сообраќајот (National Highway Traffic Safety Administration) потврди дека пушењето трева нема значаен ефект на способноста на лицето да управува со возило. Студијата е спроведена врз 10 илјади возачи од Вирџинија, некои од нив инволвирани во несреќи, а некои не. Научниците открија дека Марихуаната не била еден од ризик факторите за несреќите. Ефектот на Марихуаната врз предизвиканите несреќи, се губи во сенката на ефектите кои ги предизвикува алкохолот. 

Повеќе од 4.600 испитаници во една австралиска студија, дури 70% признаваат дека возеле под дејство на Канабис. Повеќе од 2.200 изјавија дека во изминатите 12 месеци и 16% потврдија дека возеле секојдневно користејќи Канабис. Други 25% потврдуваат дека Канабисот ги прави побавни и подобри возачи.

За да Ве уверам во ова уште повеќе, ќе го споделам со Вас личното искуство на еден од нашите добри пријатели, кој сака да остане анонимен: „Јас сум редовен активен корисник на Канабис веќе неколку години, а со ова растение се запознав уште пред моето полнолетство. За да не ги набројувам моите останати квалификации, коишто само ќе потврдат дека Канабисот воопшто не ми пречи, туку напротив ми помага да бидам успешен високообразован човек, кој е активно вклучен во општеството - ќе останам во рамките на оваа тема. 

Јас сум професионален возач на моторни возила и на мои 26 години ги имам категориите: А, Б и Ц уште од многу одамна. Активно возам автомобил и пушењето Канабис пред да седнам зад воланот ми помага полесно да се сконцентрирам на патот пред мене и успешно да се заштитам од дефокуфирачки мисли. Мислам само на возењето. Стресот исто како алкохолот и дрогите е кобен совозач, бидејќи само дел од секунда невнимание е доволен за да се случи сообраќајна несреќа. Марихуаната е секогаш тука за да ме релаксира и за да ми помогне да ја завршам конкретната задача со леснотија“.

No comments:

Post a Comment