Бела Чинонис (Bella Chinonis) пати од една многу ретка болест - синдром 1p36 Depletion. Ова нејзе `и причинува голем број на сериозни проблеми: заостанување во развојот, епилептични напади, како и ограничена способност за говор. Бела е една од само 150-те пациенти под 18 години, на кои им е препишана медицинска Марихуана и/или Канабисово масло во американската држава Мишиген (една од државите во САД кадешто Марихуаната е легализирана за медицинска употреба).
Ида Чинонис, мајката на Бела на локалните медиуми им објасни како Коноповото масло го промени животот на нејзината мала ќерка. „Таа сега може да стои. Таа реагира на звуци и го обожува филмот 'Frozen'. Таа порано не го правеше тоа, а единственото нешто кое го правиме различно од порано е тоа што `и даваме медицинска Марихуана“ - истакнува мајката на Бела.
Постапката на овозможување на медицинска Марихуана за ова мало дете, не била лесна. Неврологот не сакал да `и препише лекови на база на Канабис, па семејството морало да се обрати на друго место. Следен предизвик бил законот во Мишиген, кој налага дека за секој пациент под 18 години, двајца доктори мора да ја дадат својата согласност.
Ида е една од најсреќните родители на нелегално лекувано дете! |
За среќа на семејството Чинонис и малата Бела, медицинските професионалци од Детроит и Тексас, одобрија таа да прима Канабисово масло, откако соодветно ја прегледаа. Маслото кое го користи Бела, беше создадено специфично за нејзините потреби, т.е. за нејзината ретка болест со соодветен сооднос на канабиноидите THC и CBD.
Семејството Чинонис е пресреќно што здравствената состојба на нивната ќерка конечно се подобрува и што имаат пристап до забранетиот лек, но свесни се дека многу други деца ширум светот како нивната Бела, се` уште патат и уште долго време ќе патат и умираат поради законската регулатива. Тие се надеваат дека еден ден, секое дете ќе има пристап до овој лек, којшто може значително да го подобри квалитетот на нивните животи.
No comments:
Post a Comment