Канабиноидите не се одговорни за мирисот на канабисот, туку ароматичните молекули наречени терпени!
Канабисот мириса на елка поради терпинот Alpha-Pinene! |
Доколку се разгледаат состојките од марихуаната што го прават нејзиниот мирис толку прекрасен, може да се заклучи дека помеѓу 10% - 30% тоа се терпините. Тоа се ароматичните молекули во растенијата. Повеќето од мирисите и аромите што не` асоцираат на конкретни растенија и билки се резултат од терпинитие и флавоноидите. Кај канабисот тие се произведуваат во смолата на растението.
Растенијата испуштаат мирисни молекули поради повеќе причини, со цел да се заштитат од одредени предатори, но и за да привлечат инсекти опрашувачи. Терпините се клучната состојка од есенцијалните масла на растенијата. Ароматерапијата ги користи медицинските својства на терпините за да се регулира расположението, проблемите со сонот, но и целокупното здравје. Ароматерапијата помага и при медитација и јога.
Дознајте кои терпини најмногу ви се потребни |
Како и од секое друго растение кое има мирис, така и од марихуаната може да се направи есенцијално масло по пат на екстракција со пареа. За да не дојде до забуна кај неинформираните, есенцијалното масло не е канабисовото масло направено по пат на декарбоксилација од смолата на цветовите, користено за лекување рак и други болелсти. Станува збор за миризливото етерично масло, кое се користи во козметиката, за производство на парфеми, сапуни, свеќи, но и како арома за готвење, етеричното масло се употребува во индустријата за производство на слатки/бонбони, како и за производство на алкохолни и безалкохолни пијалаци со вкус на канабис.
Откако канабисот е набран, тој содржи околу 1% есенцијално масло составено од многу лесно испарливите монотерпини (80-90%), кои испаруваат многу брзо. Откако канабисот е потполно сув, количеството на есенцијалното масло е само 0.1% и околу 50% од ова количество е составено од сескитерпини (sesquiterpenes) коишто се многу помалку испарливи.
Повеќе од 100 различни терпини се откриени во марихуаната, но постојат многу повеќе доколку се разгледаат разновидните варијации на растението. На пример, типичниот мирис на цитрусни овошни плодови кај некои врсти на канабис како што е врстата Lemon haze, доаѓа од терпините наречени Limonenes што варираат во концентрација кај секој хибрид/врста. Секој терпин исто така има свои варијации во мирисот. Па така, терпините Limonenes од лимонот се идентични со терпините Limonenes во портокалите, но секоја врста е дефинирана со различна арома, што резултира со минимални разлики во пропорциите на формите на терпините Limonenes што се содржани.
Еве ја листата на главните терпини откриени во билката Cannabis Sativa:
А-Pinene, Linalool, Beta Caryophyllene, Mycrene, Limonene, Terpineol, Borneol, Eucalyptol, Nerolidol. Другите терпини пронајдени во смолата од некои врсти марихуана се: Phellandrene, Phytol, Humulene, Pulegone, Bergamotene, Farnesene, D3-carene, Elemene, Fenchol, Aromadendrene, Bisabolene и многу други!
Овој мирис за некого е неодолив, а за некого непријатен |
Терпините не само што се одговорни за мирисот на канабисот, туку и за вкусот на секоја врста. Важно е да се запомни дека доколку растението има слаба арома, тогаш ќе има и слаб вкус. Возраста на растението и времето за берење исто така може да се одреди според количеството на терпините. Вообичаено мирисот станува многу појак за време на цветањето, но тоа може да варира поради временските услови или стресот што го доживува растението или пак, од периодот од денот. Можете да забележите дека мирисот на канабисот е најчесто многу појак во мугрите, отколку во самрак.
Секој терпин има различен ефект врз здравјето на човекот.
Терпините имаат многу голема упога во целокупниот здравствен ефект од канабисот. Се смета дека одредени терпини ја зголемуваат моќта на одредени канабиноиди, ја зголемуваат асимилацијата на канабиноидот THC, додека други се одговорни за производството на хормоните допамин и серотонин во човечкиот организам - двата главни регулатори на расположението и однесувањето. Затоа многумина се развеселуваат само кога ќе ја помирисаат свежата или исушена незапалена марихуана. Важно е да се запомни дека диверзитетот што го нуди природата е невозможно да се изолира и репродуцира во лабораторија за фармацевтската индустрија, која упорно се бори да ги изолира активните состојки од марихуаната за да ги патентира и репродуцира по синтетички пат! Факт е дека чистиот изолиран канабиноид Тетрахидроканабинол THC не може да ги има истите својства како целото растение поради недостигот од синергијата на другите канабиноиди и терпините, кои само заедно можат да го имаат посакуваниот ефект. Сега сфаќате зошто фармацијата упорно се бори ова растение да остане нелегално?
No comments:
Post a Comment