Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
Пациент кој со години своите здравствени проблеми ги решава токму со тоа што се лекува со канабис на различни начини, препорачува дека нема подобар лек за проблемите со дишењето од чист џоинт сролан без тутун, само од сув цвет од канабис измешан со сушена лаванда
Тоа неверојатно и одлично помага при белодробни заболувања, особено кога станува збор за астма и за превентивно прочистување на белите дробови кај здравите лица. Тој сакаше да остане анонимен и тврди дека оваа техника е идеална за хронични пушачи на тутун, кои според него од време на време треба да ги прочистат своите дишни патишта од катранот и останатите токсини од смртоносните легални цигари. Може да се употребат и други билки наместо лаванда за истовремена употреба со канабисот.
Нашиот соговорник тврди исто така дека дејството на лавандата е смирувачко, па препорачува ваквиот џоинт дека има најубав ефект врз целокупното здравје доколку е сролан со индика врсти на канабис и се консумира пред спиење по напорниот ден. Општо познато е дека лавандата (Lavandula) е релаксирачка билка. Има пријатен цветен мирис и од неа се прават етерични масла, освежувачи на простории и е одлична билка за ароматерапија и масажа. Сепак, лавандата и канабисот имаат нешто заедничко. Не само што и двете билки може да се пушат, двете изобилуваат со терпенот линалул. Терпен е фенси збор за мирисна молекула на арома. Кога се комбинира со ТХЦ, Linalool-от има потенцијал како мускулен релаксант.
Кога се комбинира со CBD, линалолот ги зголемува анти-конвулзивните својства на канабиноидот Канабидиол. Сам по себе, линалолот има анти-воспалителни својства. Исто така, ја намалува чувствителноста на болка. Додавањето на малку масло од лаванда може да ги засили релаксирачките, анти-волспалителните и останатите квалитети на маслото од канабис кои делуваат особено против болките. Можете исто така да додадете малку чај од лаванда и активиран цвет и/или лист од канабис и миксот да го употребите како зачин врз вашето омилено јадење, за да ги добиете придобивките од двете билки. Можете да бидете креативни и да си направите чај од двете билки со додавање на млеко за да го извлечете ефектот од активните состојки на канабисот.
Додека вкусовите се многу различни, ефектите се прилично слични. Лавандата е миризливо цветно растение од видот на растението Lamiaceae, попознати како семејство на нане. И лавандата и нането можат да ви помогнат да се релаксирате физички и ментално. Исто така, двете можат да го ублажат чадот и го намалуваат кашлањето, особено кога се пуши од бонг.
Користете ја оваа комбинација пред спиење за да спиете помирно во текот на ноќта и за да ги ползувате благодетите на природно поттикнат континуиран целовечерен сон. Нането најдобро е да се вапоризира на 160 - 175 °C. Кога се вапоризира самостојно, лавандата обично се вапоризира на пониски температури, некаде околу 130 °C. Но, многу корисници на билки ги пушат и вапоризираат заедно со канабисот на повисоки температури и немаат никакви проблеми, а може да ја изгубат само: несоницата, болките, лошото расположение и проблемите со дишењето.
Туберкулозата (ТБ) е изнемоштувачка респираторна болест која обично резултира со смрт ако не се лекува. Програмите за вакцинација и модерните антибиотици до одредена мера ја држеа ТБ под некаква контрола со децении во најразвиените општества, но сега се појавуваат нови измутирани видови на бактеријата, отпорни на лекови... Се покажа дека канабисот има антимикробни ефекти врз туберкулозата и сличните микроби и ја спречува болеста пред нејзиното појавување, може да ја излечи, а исто така ги елиминира и непријатните симптоми од болеста
Лекувањето на ТБ не е едноставно и може да се појави повторување на болеста ако не се излечи правилно. Обично тоа се јавува кога препишуваните антибиотици се прекинуваат со употреба пред бактериите целосно да се искоренат. Во овие случаи, остануваат во организмот на пациентот најчесто најотпорните форми на бактеријата - оние со особено непропустливи клеточни ѕидови (M. tuberculosis е позната по своите дебели, восочни клеточни ѕидови), оние кои целосно мутирале. Овие еластични бактерии потоа се реплицираат и можат да се пренесуваат. Постојат докази дека постои помала веројатност од појавата на епидемии од ТБ кај здрави популации, тие се почести кај имунокомпромитираните лица, како што се пациентите со ХИВ / СИДА.
Откако инфекцијата со туберкулоза станала отпорна на лекови, стапката на морталитет генерално се зголемила на околу 80%. Сè уште има некои лекови кои можат да го лекуваат ТБ, вклучувајќи и некои форми на хемотерапија, но несаканите ефекти може да бидат многу лоши за долгорочното здравје на пациентот. Ако овие терапии со „втор ред“ се лошо управувани, MDR-ТB може да стане XDR-TB отпорна на лекови. Се проценува дека секоја година се дијагностицираат 40.000 случаи на TB и се чини дека преваленцата се зголемува: во 2008 година, 49 земји документирале случаи на XDR-TB. Стандардната BCG вакцина не е целосно ефективна против сите видови на ТБ. Така, итно се бараат нови вакцини и опции за лекување, а владите и меѓународните организации низ целата планета вложуваат пари во истражување и развој, а не сфаќаат дека лекот е одамна добро познат - канабис, уште во минатото оваа билка се користела за лекување на оваа болест.
Долгата историја на употребата на канабисот, уште од почетокот на човештвото, особено за лекување на туберкулозата е документирана во многу делови од светот. Во некои случаи употребата на канабис како народен третман за туберкулозата до ден денес опстојува и покрај ширењето на современите медицински практики кои никако не можат да ја истиснат употребата на канабисот од народната медицина. Употребата на канабис како третман за туберкулоза за прв пат се евидентира во Индија и се чини дека е добро позната од времето на Indian Hemp Drugs Commission од 1893-1894. Комисијата го сослуша сведочењето за употреба на канабис за лекување туберкулоза и широк спектар на други состојби, како од индиските, така и од западните лекари, што укажува на тоа дека оваа практика е позната и во современа Европа.
Канабисот е важен елемент на традиционалната Африканска фармакопеја (African pharmacopoeia), а особено беше употребуван од страна на Зулус (Zulus) од Јужна Африка за лекување на разни болести на респираторниот систем, вклучувајќи астма, обична настинка и туберкулоза, која била третирана со специјално изработени декорации (инфузии со топла вода). Исто така, постојат извештаи за традиционалната употреба на канабис во Мексико како третман за туберкулоза и тоа со пушење канабис за да ги намалат симптомите. Се чини дека употребата во мексиканската народна медицина опстојува до денес, иако во модерните времиња туберкулозата е поверојатно да се третира со тинктура од канабис. Исто така, постојат извештаи за канабисот, дека се користи за третман на туберкулоза во традиционалната народна медицина во Аргентина.
Пред Втората светска војна во Чехословачка семето од коноп беше рутински употребувано како дел од програмата за лекување на деца заболени од ТБ. Семето од коноп се потопувало во топло млеко (60-80 °C) најмалку триесет минути, пред да се исфилтрира. Потоа, смесата се администрирала врз пациентот и секоја доза требала да содржи 375 ml млеко и да содржи 50-80 грама семе. Набљудувањата регистрирани во текот на речиси триесетина години во Jince Sanatorium во западна Чехословачка (сега дел од Чешка), покажаа дека третманот со млеко од семе од коноп обично резултира со значителни подобрувања и многу успешни ефекти, дури и во отсуство на други лекови. Се смета дека високата содржина на полинезаситени есенцијални масни киселини кои се наоѓаат природно во семето од конопот, едестин, се важни во третманот на ТБ. Докажано е дека туберкулозните бактерии се уништуваат побрзо кога високите нивоа на арахидонска киселина се присутни; арахидонската киселина се произведува во телото преку метаболизмот на линолеичната киселина, која се наоѓа во многу високи нивоа во семето од коноп.
Во 1950-тите години, истражувањата почнаа да обезбедуваат докази за значајните антимикробни својства на канабисот, а истрагите за неговата потенцијална употреба како третман за туберкулоза продолжија со својата сериозност, со ветувачки првични резултати. Во 1960 година беше докажано дека изолираната смола од канабис го спречува растот на M. tuberculosis и разни други бактериски патогени, дури и при разредувања од 1:150.000. Откривањето на специфичните канабиноиди беше во развој (CBD и CBN биле изолирани во 1940-тите, но ТХЦ и другите канабиноиди нема да бидат идентификувани до 1964 година) и како што светот почна да ги зајакнува законите против канабисот во 1960-тите и 1970-тите, истражувањата почнаа да стагнираат. Сепак, ЦБД се покажало дека врши специфични антимикробни својства, а со оглед на тоа што брзината на истражувањето почнала да се зголемува уште во 1990-тите.
Друга студија во 1960-тите открила дека смолата (екстрактот) од марихуана го спречила растот на бактериите на туберкулозата и други патогени. Истражувачите тогаш не знаеле многу за канабиноидите, но тие сметале дека антимикробните карактеристики на ЦБД се особено корисни и ефективни за третман на туберкулозата. Американското здружение за фармакогнозија (The American Society of Pharmacognosy) и Американското хемиско здружение (American Chemical Society) спроведоа студија за наоѓање на медицински пијалак високо ефективен во борбата против Staphylococcus aureus (MRSA) отпорна на метицилин, како и за други смртоносни бактерии отпорни на конвенционални лекови. Студијата покажа дека пет главни канабиноиди во марихуаната имале потентна антибактериска активност. Овие канабиноиди не само што беа успешни во борбата против MRSA и низа други опасни бактерии, туку и кај микобактериската туберкулоза отпорна на третман. Овие канабиноиди се:
Cannabidiol (CBD)
Delta-9-tetrahydrocannabinol (THC)
Cannabigerol
Cannabinol
Cannabichromene
Денешните истражувања за микробиолошките својства на канабисот откриле значителен доказ дека врстите на пневмонија отпорна на лекови и MRSA се уништени од страна на погореспоменатите неколку канабиноиди: CBC, CBG, CBD и THC. Студија спроведена во 2011 година врз стаорци инјектирани со M. tuberculosis покажа дека последователниот третман со ЦБД во голема мера ја забавил прогресијата на болеста. Истражувачите заклучиле дека овој ефект бил посредуван од инхибиција на Т-клеточната пролиферација индуцирана од ЦБД (канабидиол) и овој канабиноид има директно бактерицидно дејство на М. туберкулоза и со тоа игра одредена улога во забавувањето на прогресијата на болеста.
Постојат значителни докази кои ја покажуваат врската помеѓу пушењето тутун и зголемениот ризик од туберкулозна инфекција, додека пак пушењето канабис има сосем спротивен ефект. Од друга страна, постојат значителни докази кои покажуваат дека ширењето на туберкулозата и другите заразни респираторни болести може да биде намалено со разни методи на консумирање канабис. Во случај на заедничка употреба на канабис преку џоинт или бонг, ризикот од пренесување може да биде голем, затоа не консумирајте канабис заедно со заболените од оваа болест и не престојувајте со нив во иста просторија.
Какви несакани ефекти и симптоми на туберкулозата можат да се лекуваат со медицинска марихуана?
Сè повеќе луѓе со ТБ се одлучуваат за медицински канабис за туберкулоза. Третманот на туберкулоза со канабис може да биде ефикасен за цела низа симптоми на ТБ, вклучувајќи:
Замор;
Болка во градите или болка при кашлање или дишење;
Гадење од фармацевтски лекови;
Стрес;
Депресија;
Анксиозност;
Ненамерно губење на тежината;
Губење на апетит;
Несоница;
Полесно искашлување и тн...
Најдобрите видови на марихуана за третирање туберкулоза и нејзините несакани ефекти
Во различни области ширум светот луѓето користеле третмани со марихуана за туберкулоза уште од историските времиња. Денес, во многу култури, луѓето сметаат дека канабисот е коренот на медицината за лекување туберкулоза и други нарушувања. Подолу се наведени пет видови на марихуана најмногу употребувани за ТБ од страна на пациентите:
Charlotte’s Web (Sativa)
Strawberry Cough (Sativa)
ACDC (hybrid)
Girl Scout Cookies (hybrid)
Blue Dream (hybrid)
Марихуаната за третман на туберкулоза не е ограничена само на пушење. Најгенијален метод е кога канабисот или екстрактите ги додавате во вашата омилена храна/колачи, бидејќи канабисот предизвикува „munchies“ (отвора апетит, затоа што го забрзува метаболизмот) и може да им помогне на оние кои се борат со губењето на тежината и недостаток на апетит. Некои популарни методи за консумирање марихуана кај ТБ и други нарушувања/заболувања вклучуваат: чај, пушење, испарување, тинктури и тоници, јадења, балсами, восок и хашиш.
Марихуаната народно позната е по „доброто чувство“ кое го дава и по позитивните ефекти не само при убалжувањето на симптомите, туку и при искоренувањето на причината кај многу болести
Поздрав од Делчево!
Оваа билка во никој случај не може да биде штетна за умот и телото. Редовното консумирање канабис го балансира ендоканабиноидниот систем што сите го поседуваме, а кој е одговорен за правилното функционирање на целиот организам (поради тоа што ЕКС ги регулира речиси сите процеси и системи во телото). Доброто чувство кое го дава марихуаната доаѓа од спојот на канабиноидите, (особено тетрахидроканабинолот [THC] - најмногу влијае на мозокот) и ендоканабиноидните рецептори во нашиот мозок и тело.
Марихуаната предизвикува да се чувствуваме подобро!!!
Кога THC ќе дојде до мозочните клетки, тие ослободуваат допамин - хемиски спој кој предизвикува среќа. Тоа е делот од мозокот кој ве наградува со „убави чувства“ кога ќе направите нешто добро за себе. Истиот процес се случува кога јадеме вкусен оброк или за време на секс. Мозокот реагира на сличен начин и кога се консумираат дроги. Кога прекумерено ќе се конзумира дрога, се создава чувство на еуфорија, што не е добро бидејќи доведува до нарушувања во системот на наградување. Кога ќе зачести прекумереното наградување со чувство на среќа кај самите себе преку конзумација на дрога, се намалува интензитетот на чувството на среќа, при останатите нормални начини на наградување, а тоа води кон апатија и зависност од таа супстанца.
Но, канабисот не делува така! Канабисот не е дрога, туку лек! Разликата е во тоа што ендоканабиноидните рецептори се заситуваат до одредено ниво, поради што предозирањето е невозможно. Зависноста е исто така исклучена, затоа што рецепторите ги нема во деловите од мозокот одговорни за дишење (за виталните функции на телото), а исто така канабисот го поттикнува природното создавање на ендоканабиноиди во организмот (значи го поттикнува нормалното природно функционирање на организмот). Канабисот е најбезбедниот лек за третирање на зависности, па дури и зависности од тешки дроги и декриминализацијата може да ја реши опијатската епиделија.
Ганџата ги блокира негативните сеќавања
Редовните мали дози THC може да ја вратат меморијата! Студиите на животински модели покажале дека aктивните состојки од марихуаната делуваат во делот на мозокот наречен хипокампус и го менуваат начинот на кој податоците се обработуваат и формираат спомените. Ова е од суштинско значење за емотивниот баланс на човекот, со тоа што полесно се надминуваат доживеаните трауми. Консумирањето канабис помага да се фокусираме на она што е позитивно во нашиот живот и да го тргнеме фокусот од лошите сеќавања.
Тревата е поздрава е од тутунот за белите дробови
Лек за епи-напади!
Според истражување и студија објавена во „Journal of American Medical Association“ марихуаната не ја нарушува функцијата на белите дробови, дури може и да го зголеми нивниот капацитет и влијае позитивно врз дишењето.
Канабисот ги контролира епилептичните напади
Поранешните истражувања го сугерираа тоа, иако искуството на пациентите потврдува дека канабисот отсекогаш позитивно влијаел врз мозокот и врз контролата и стопирањето на епи-нападите. Истражувања од 2003-та година конечно докажале дека THC, заедно со CBD ги контролира нападите, бидејќи се поврзува со клетките во мозокот кои се одговорни за регулација и контрола на раздразливост и релаксација, а на нив влијае токму THC.
THC го забавува напредувањето на Алцхајмерова болест
Канабисот е лек за рак и хемо!
Марихуаната може да го успори напредувањето на Алцхајмеровата болест. Докажано е дека THC го успорува создавањето на амилоид плакети кои ги убиваат мозочните клетки и предизвикуваат Алцхајмерова болест.
Маслото од канабис лекува рак и оштетувања од хемотерапија!
Науно е докажано дека хемотерапијата е токсична и смртоносна. Америка официјално го потврди тоа! Канабис-терапијата од екстрак од канабис, наместо овој отров е најдобрата, најздравата, најбезболната, најнетоксичната, па и најефтината варијанта за третирање канцер. Просечната канабис терапија изнесува 60 мл квалитетен екстракт, односно побрзо треба да се стигне до 1 мл дневно. Лицата кои одлучиле да примаат хемотерапија, пожелно е да земаат двојно, па дури и тројно повеќе од препорачаната дневна доза!
Истражувањата покажале дека канабиноидите од канабисовото растение ги заштитуваат белите дробови и ја ублажуваат констрикцијата и непријатноста предизвикани од астмата. Проценето е дека едно од 12 деца страда од астма - хронична болест на дишните патишта која се појавува во детството. Иако повеќето астматичари искусуваат минимални симптоми, болеста е поврзана со 3.000 смртни случаи годишно
Канабисот е познат бронходилататор!
Повеќето астматичари го изоставаат канабисот како варијанта стравувајќи од влошување на нивните симптоми. Но, спротивно од вообичаеното верување, истражувањата покажуваат дека канабисот има позитивно влијание врз белите дробови и го олеснува дишењето. Всушност, канабисот повеќе им помага отколку што им штети на пациентите со астма. Чадот од тутунот не е ист со чадот од тревата. Чадот од тутунот е штетен за белите дробови, па оние кои пушат цигари, се препорачува и да консумираат марихуана.
Канабисот во поголем степен ги отвора отколку што ги затвора воздушните патишта во нашето тело! Истражување објавено во Journal of Pharmacology and Experimental Therapeutics покажало колку канабиноидите ги заштитуваат белите дробови. Експериментирајќи на гвинејски свињи, истражувачите ја измериле способноста на канабиноидите да ја спречат бронхоконстрикцијата (стеснувањето на бронхиите).
Алфа-пинене го олеснува дишењето!
Посебно внимание посветиле на ТНС, ЦБД, ЦБГ, ЦБЦ, ЦБД-А и ТХЦ-В канабиноидите. Откриле дека ТХЦ и ТХЦ-В (THC-V) се единствените канабиноиди кои ја спречуваат констрикцијата и дека ТНС е поефективен. Значи, канабисот делува како бронходилататор, а не како бронхоконстриктор! Резултатите биле вчудовидувачки земајќи во предвид дека бронхоконстрикцијата е еден од најголемите проблеми што ги мачат астматичарите. При напад на астма, бронхиолите [воздушни ходници по кои поминува воздухот низ носот и устата до алвеолите (воздушни торбички) во белите дробови] се стеснуваат. Како резултат на тоа, стапката на проток на кислород е многу намалена. Но, според ова истражување канабисот им помага на бронхиолите да се отворат.
Лекот се крие во трихомите!
Истражување од 1974 година покажало дека бронходилаторниот ефект на канабисот е послаб од тој на исопротеренол-от, но трае доста подолго и дека е еднакво ефективен како салбутамол-от, кој пак, постигнува максимална бронходилатација за пократко време. Д-р. Рејчел Нокс (Rachel Knox), шеф на Minority Cannabis Bussiness Association, вели: „ТНС е многу моќен бронходилататор и е тоа што ни треба кога лечиме астма. Кога астматичарот добива напад од астма, бронхиолите се стеснуваат меѓу себе и значително го отежнуваат дишењето. Тогаш, внеси ТНС. ТНС веднаш ќе ги отвори и дишењето ќе се подобри“
Канабисот има добро познати антивоспалителни својства реагирајќи со канабиноидните рецептори низ телото вклучувајќи ги и белите дробови. На пример, едно истражување во весникот Mediators of Inflammation открило дека канабиноидот ЦБД го намалува прекумерното лачење на слуз кое е главна карактеристика на астмата. Иако истражувањето не е извршено врз луѓе, научниците заклучиле дека ЦБД е моќна и успешна природна и безопасна состојка при третирањето на астмата, бидејќи го регулира претераното воспаление во телото. Овие кристалчиња со форма на печурки се трихомите на канабисот и содржат најголем број од активните канабиноиди од растението.
Канабисот ја намалува бронхијалната вкочанетост!
Канабисот е познат по своите релаксаторни својства, познат е по опуштањето на мускулатурата. Бронхоспазмот пак, (бронхијалната вкочанетост) е ненадејна констрикција на мускулите во белите дробови која може да предизвика груби реакции во дишењето кај астматичарите. Но, канабисот има неверојатен ефект при ублажувањето и елиминирањето на мускулните контракции. Како? Релаксирајќи ги мускулите во белите дробови, воздушните патишта се прошируваат и така се зголемува протокот на воздух!
Од фановите од Куманово
Според др. Џесика Нокс (Jessica Knox) тоа е резултат на присуството на алфа-пиненот во канабисот. Значи, консумирањето канабис резултира со акутна бронходилатација! Алфа-пиненот (α-Pinene) е терпен кој се скоро сите врсти канабис. Исто така, се наоќа во маслата од иглолисните дрва, како борот, но и во есенцилајното масло до рузмарин!
Кој е најдобар метод за третирање на астмата со канабис?
Значи, позитивното влијание на канабисот врз астматичарите е очигледно, иако многу од нив се двоумат и плашат да го пробаат... Токму пушењето/вапоризирањето/инхалирањето канабис е најдобриот начин за справување со проблемите со дишење. Благодарение на модерната технологија, постојат повеќе софистицирани начини за консумирање на канабисот и третман со истиот. Вапоризацијата е еден од тие начини - испарувањето на канабисот. Испарувањето (вапоризирањето) е многу попријатно за консумирање и го пренесува лекот без никаква иритација, затоа што се вдишува студен чад.
Вапоризирањето е попријатно од џоинт
Д-р Дастин Сулак (Dustin Sulak), водечки доктор во полето на медицински канабис, открил дека испарувањето на канабисот е високо ефективно решение за пациентите со астма бидејќи обезбедува поголема температурна контрола. „Можеби 90% од астматичарите можат да вдишат испарлив канабис... Ако го направат то правилно, ќе можат да дишат подлабоко, да си ги прошират белите дробови и да ја ублажат констрикцијата“ - истакнува тој. Доктор Сулак препорачува ДНЕВНО ДОЗИРАЊЕ како лек и за подобра контрола на астмата.
За брзо ослободување од болката при напад од астма, тој препорачува тинктура или испарувач бидејќи така лекот ќе се нанесе без никаква иритација. Но, пред сè, д-р Сулак ги советува пациентите да го слушаат своето тело. „Многу е важно да го слушаш твоето тело. Ако користењето на испарувач ти предизвикува кашлица или ти ги влошува симптомите, тогаш не треба да го користиш овој метод“ - заклучува тој. При таков случај, тој препорачува орална ингестија - џвакање на канабисот, маслото од канабис или тинктурата нанесена сублингвално - под јазикот.
Сте имале ли некакви корисни извештаи за коноповото масло и срцевите состојби?
„За тие со срцеви проблеми кои започнуваат третман со маслото, тие треба да бидат свесни дека често маслото може да ја зголеми стапката на отчукување на срцето, сè додека тие не се прилагодат на неговата употреба. Зголемувањето на стапката на отчукување на срцето обично е само мала, но јас чувствувам дека пациентот треба да знае дека тоа може да се случи.
Овој лек е ефективен за да ги намали нивоата на холестерол и ја подобрува циркулацијата на крвта, па тоа само по себе би било од огромна корист за срцето на пациентот. Секако, срцето е витален орган и од нашето искуство, коноповото масло може да ги подмлади виталните органи. Иако јас никогаш не сум им рекол на луѓето да престанат да ги земаат нивните лекови за срце, многумина го направиле тоа без никакви штетни ефекти. Чувствувам дека ефектот на коноповото масло на срцевите состојби бара повеќе истражувања, но од она што сме го виделе, овој лек се чини дека е многу корисен за срцето.
Може ли маслото да го регулира крвниот притисок?
Коноповото масло може да го регулира крвниот притисок, навистина. Јас го користам самиот за да ми помогне да спијам и за да го регулира мојот сопствен крвен притисок. Кога се започнува третман со конопово масло, јас им кажувам на пациентите кои веќе земаат лек за оваа состојба внимателно да го надгледуваат нивниот крвен притисок. Повеќето кои користеле фармацевтски лекови за контрола на нивниот крвен притисок повеќе немаат потреба од нив по започнувањето на третманот со конопово масло.
Откако коноповото масло го намалува крвниот притисок, секој кој се обидува да продолжи со употребата на нивните фармацевтски лекови за крвен притисок најверојатно ќе откријат дека комбинацијата од двете ќе го намали нивниот крвен притисок премногу. Тоа е добра идеја да се избегне оваа ситуација и со употребата на преносните мерачи за крвен притисок достапни денес, ова лесно може да биде остварено.
Може ли тоа да помогне со други болести на внатрешните органи?
„Од она што сум го видел со употребата на коноповото масло, многу состојби на внатрешните органи и поврзани проблеми може да бидат контролирани или излечени. Кога внатрешен орган е подмладен и излечен, тој може повторно да продолжи со своите должности во рамките на нашето тело. Лично, јас мислам дека тоа има многу повеќе смисла да се подмладат нашите сопствени витални органи со употребата на ова масло, наместо да се помине низ трансплантација на орган со сите поврзани опасности со тоа и потоа поминување на остатокот од твојот живот земајќи лекови за органот да не биде отфрлен (имуносупресивни лекови). Во некои случаи, трансплантацијата на органот може да биде единствениот одговор, но доколку овој лек се користи правилно за подмладување на виталните органи, јас мислам дека таму би имало многу помала потреба за трансплантација.“ - Рик Симпсон, Коноп: Најмедицинското Растение
„Срцето е внатрешен орган и маслото ги подмладува виталните органи. Кога пациентите започнуваат да го користат маслото, тие обично ги намалуваат нивните дози од нивните лекови за срце на половина, и повеќето престануваат да ги користат лековите веднаш штом тие ќе почувствуваат дека тие можат да престанат да ги користат. Маслото е многу корисно за срцето.
Канабис е лек и за Астма!
Маслото може да го регулира крвниот притисок и аритмијата многу лесно. Тоа вообичаено го намалува крвниот притисок, па оние кои користат лекови за крвен притисок треба да бидат внимателни со употребата на маслото додека не се навикнат на него. Комбинацијата од лекови за крвен притисок и маслото може да го намали притисокот значително, и затоа добра идеја е да се мониторира крвниот притисок користејќи мерач за крвен притисок. Во многу случаи, маслото нежно ја зголемува стапката на отчукување на срцето.
Оваа област бара многу повеќе истражување, па пациентите треба да го следат нивниот здрав разум кога започнуваат со маслото, но тие треба исто така да останат во контакт со нивниот лекар за да се осигураат во правилната работа на срцето.
Срцево болните треба да ги проверат електричните инсталации во нивниот дом или на работа.
Срцето работи на електромагнетни импулси, и затоа тие треба да избегнуваат да престојуваат во електромагнетни полиња колку што е можно повеќе.
Одбери го соодветниот „инхалатор“! ;)
Јас би го јадел маслото и јас исто така би го користел во супозитории. Што се однесува до надворешната апликација, тоа никогаш не боли но јас не можам да кажам колку корисно тоа навистина е во моментов. Како секогаш, јас би користел коноп на сите можни начини. Јас исто така би вклучил конопово семе и конопово масло во мојата диета, двете семето и маслото се познати дека имаат многу корисни ефекти за многу срцеви состојби.
Доколку јас бев доктор и треба да извршам операција или трансплантација на срцето, итн., јас би се обидел да го подмладам органот со најмалку 60 г од маслото. Ако 60 г нема да го доведат пациентот во доволна здравствена состојба, јас и понатаму би продолжил да им го давам маслото.“ ЈБ
Астма
Канабисот го олеснува дишењето!
„Дури и пушењето трева е корисно за многу страдалници од астма, но внесувањето на маслото или вапоризирањето тоа е многу поефективен и медицински начин за третирање на оваа состојба. Користењето на маслото во супозиторна форма е исто така многу ефективно за оние со проблеми со дишењето, и затоа оваа метода може да биде од корист исто така. Ние знаеме многу луѓе кои имаат астма на коишто им е помогнато со употребата на овој лек и јас можам искрено да кажам дека јас не сум свесен за било каков третман за оваа состојба којашто е поефикасна. Дури и оние кои страдаат од такви нешта како COPD сведочеле неверојатни подобрувања во нивната способност да дишат правилно со употребата на овој лек. Ако вие се соочувате со било каков тип на проблеми со дишењето, дајте му шанса на маслото и јас сум сигурен дека нема да се каете.“ - Рик Симпсон, Коноп: Најмедицинското Растение
„Некој би очекувал дека вапоризирањето на маслото е најдобриот третман за астма или проблемите со дишењето. Изненадувачки, ние дознавме дека супозиториите со конопово масло се екстремно ефикасни во отварањето на дишните патишта. Обично, за 30 минути откако пациентот зема супозиторија, тие пријавуваат дека тие чувствуваат како нивните бели дробови се отворени и тие можат да дишат многу полесно. Секако, како и со секоја друга болест, јас би внесувал стандардна 60 г доза во три месеци и потоа јас би останал на грам дневно додека јас не се чувствувам целосно здрав. Потоа, секако, јас би останал на доза за одржување до крајот од мојот живот. Би го користел маслото орално, надворешно на моето грло и гради и во супозиторна форма.“ ЈБ
Канабиноидите не се одговорни за мирисот на канабисот, туку ароматичните молекули наречени терпени!
Канабисот мириса на елка поради терпинот Alpha-Pinene!
Доколку се разгледаат состојките од марихуаната што го прават нејзиниот мирис толку прекрасен, може да се заклучи дека помеѓу 10% - 30% тоа се терпините. Тоа се ароматичните молекули во растенијата. Повеќето од мирисите и аромите што не` асоцираат на конкретни растенија и билки се резултат од терпинитие и флавоноидите. Кај канабисот тие се произведуваат во смолата на растението.
Растенијата испуштаат мирисни молекули поради повеќе причини, со цел да се заштитат од одредени предатори, но и за да привлечат инсекти опрашувачи. Терпините се клучната состојка од есенцијалните масла на растенијата. Ароматерапијата ги користи медицинските својства на терпините за да се регулира расположението, проблемите со сонот, но и целокупното здравје. Ароматерапијата помага и при медитација и јога.
Дознајте кои терпини најмногу ви се потребни
Како и од секое друго растение кое има мирис, така и од марихуаната може да се направи есенцијално масло по пат на екстракција со пареа. За да не дојде до забуна кај неинформираните, есенцијалното масло не е канабисовото масло направено по пат на декарбоксилација од смолата на цветовите, користено за лекување рак и други болелсти. Станува збор за миризливото етерично масло, кое се користи во козметиката, за производство на парфеми, сапуни, свеќи, но и како арома за готвење, етеричното масло се употребува во индустријата за производство на слатки/бонбони, како и за производство на алкохолни и безалкохолни пијалаци со вкус на канабис.
Откако канабисот е набран, тој содржи околу 1% есенцијално масло составено од многу лесно испарливите монотерпини (80-90%), кои испаруваат многу брзо. Откако канабисот е потполно сув, количеството на есенцијалното масло е само 0.1% и околу 50% од ова количество е составено од сескитерпини (sesquiterpenes) коишто се многу помалку испарливи.
Повеќе од 100 различни терпини се откриени во марихуаната, но постојат многу повеќе доколку се разгледаат разновидните варијации на растението. На пример, типичниот мирис на цитрусни овошни плодови кај некои врсти на канабис како што е врстата Lemon haze, доаѓа од терпините наречени Limonenes што варираат во концентрација кај секој хибрид/врста. Секој терпин исто така има свои варијации во мирисот. Па така, терпините Limonenes од лимонот се идентични со терпините Limonenes во портокалите, но секоја врста е дефинирана со различна арома, што резултира со минимални разлики во пропорциите на формите на терпините Limonenes што се содржани.
Еве ја листата на главните терпини откриени во билката Cannabis Sativa:
А-Pinene, Linalool, Beta Caryophyllene, Mycrene, Limonene, Terpineol, Borneol, Eucalyptol, Nerolidol. Другите терпини пронајдени во смолата од некои врсти марихуана се: Phellandrene, Phytol, Humulene, Pulegone, Bergamotene, Farnesene, D3-carene, Elemene, Fenchol, Aromadendrene, Bisabolene и многу други!
Овој мирис за некого е неодолив, а за некого непријатен
Терпините не само што се одговорни за мирисот на канабисот, туку и за вкусот на секоја врста. Важно е да се запомни дека доколку растението има слаба арома, тогаш ќе има и слаб вкус. Возраста на растението и времето за берење исто така може да се одреди според количеството на терпините. Вообичаено мирисот станува многу појак за време на цветањето, но тоа може да варира поради временските услови или стресот што го доживува растението или пак, од периодот од денот. Можете да забележите дека мирисот на канабисот е најчесто многу појак во мугрите, отколку во самрак.
Секој терпин има различен ефект врз здравјето на човекот.
Терпините имаат многу голема упога во целокупниот здравствен ефект од канабисот. Се смета дека одредени терпини ја зголемуваат моќта на одредени канабиноиди, ја зголемуваат асимилацијата на канабиноидот THC, додека други се одговорни за производството на хормоните допамин и серотонин во човечкиот организам - двата главни регулатори на расположението и однесувањето. Затоа многумина се развеселуваат само кога ќе ја помирисаат свежата или исушена незапалена марихуана. Важно е да се запомни дека диверзитетот што го нуди природата е невозможно да се изолира и репродуцира во лабораторија за фармацевтската индустрија, која упорно се бори да ги изолира активните состојки од марихуаната за да ги патентира и репродуцира по синтетички пат! Факт е дека чистиот изолиран канабиноид Тетрахидроканабинол THC не може да ги има истите својства како целото растение поради недостигот од синергијата на другите канабиноиди и терпините, кои само заедно можат да го имаат посакуваниот ефект. Сега сфаќате зошто фармацијата упорно се бори ова растение да остане нелегално?