Запознајте ги „канабис калуѓерките“ од градот Мерсед во Калифорнија кои одгледуваат марихуана. Тие својот бизнис наречен „Sisters of the Valley“ (Сестрите од Долината) го започнаа минатата година, а имаат и своја фан страница на Фејсбук
Кликнете на секоја фотографија за да ја видите во поголема димензија |
Модерните монахињи Сестра Кејт (чие правилно име е Christine Meeusen) која има 56 години и Сестра Дарси (Darcy Johnson) која има 24 години, се лиценцирани одгледувачи на марихуана и се борат канабисот нашироко да се употребува како лек и се борат да го одржат својот бизнис во живот. Сепак, покрај дозволата што ја поседуваат, нивниот бизнис им ги боде очите на алчните великани и Властите што ги интересира само нивниот личен профит и експанзија и кои се плашат затоа што нивните црни бизниси се загрозени.
На фотогравиите прикажан е секојдневниот живот на овие предобри монахињи. На едни слики се гледа нивната напорна работа, додека на други нивната почит и љубов кон самите себе, односно можеме да видиме како тие се релаксираат и ги регенерираат своите клетки пробувајќи го вкусот на сопствената градина. Ете ви уште еден доказ дека нема ништо лошо во пушењето трева, затоа што тоа е само уште еден начин на консумирање на ова растение. Овие продуховени луѓе посветени на Бог, треба да бидат пример за сите нас. Тие не прават ништо погрешно, затоа што постапуваат според Божјите правила запишани во Светото писмо. Имено, во Библијата, Прва книга Мојсеева (Битие) пишува:
29. И рече Бог: „Еве, ви дадов секаков вид растение, што дава семе, и какво има по целата земја, и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид: тоа да ви биде за храна!
30. А на сите ѕверови земни, и на сите птици небески, и на сè што се движи по земјата, и во кое има жива душа, им ги дадов сите тревни растенија, за да имаат да јадат.” Така и стана.
Верските институции најчесто ја искривоколчуваат верата и за да не дојдат во сукоп со Властите, повеќе ги почитуваат правилата што ги наметнува државата, наместо да се водат според неприкосновените сакрални вечни правила на постоењето запишани во Светите книги. За среќа, луѓето се освестуваат! Овие калуѓерки се водат според правилата на љубовта и мирот - основните вредности и темелот на сите религии. Тие се свесни дека канабисот е лековито растение кое им помага на луѓето и кое не може никому да му наштети. Тие се свесни дека човечката алчност и злоба довеле до забраната и затоа тие се борат со притисоците што постојано им се упатувани. Но, Бог ги заштитува исто како што не` заштитува нас активистите и сите кои имаат добра намера и чисто срце.
„Нашиот сон беше живење на едноставен живот, правејќи го лекот на мирна фарма, во спиритуална средина и да бидеме самоодржливи“ - велат овие прекрасни свештени жени. За среќа на вистината и доброто, а за жал на лагата и злото, часниве сестри се упорни и нема да престанат со својата добротворна работа. Со нивната верба и помошта од добрите луѓе, тие умешно и успешно ги прескокнуваат сите препреки што пред нив ги става злонамерната човечка слободна волја. Вашата поддршка за нивната благословена работа можете да ја искажете со донација или едноставно со споделување на социјалните мрежи на нивната страница за донации.
Споделете ја оваа статија за целиот свет да дознае за тоа што овие монахињи прават! Останете во МИР...
This comment has been removed by a blog administrator.
ReplyDelete