Showing posts with label сестри. Show all posts
Showing posts with label сестри. Show all posts

Friday, May 11, 2018

Фестивалски трејлер за новиот документарец „Breaking Habits“ за калуѓерките кои одгледуваат канабис

„Тие се во бизнисот на помагање на луѓето во болка“. Чекај, што? Калуѓерки кои растат трева? Филмот „Breaking Habits“, новиот филм на Роберт Рајан (Robert Ryan) е документарен филм за група монахињи кои започнале да работат со медицинска марихуана во Калифорнија


Сестрата Кејт со Божјата билка
Ова се навистина вистински калуѓерки, но тие работат под оваа маска во манастирот - фармата наречена „Сестри на долината“ (Sisters of the Valley), со цел безбедно да го водат својот бизнис и безбедно да го одгледуваат и прават лекот. Се разбира, „Сестра Кејт“ исто така, „се соочила со голем број предизвици во текот на годините, вклучително и проблемите со окружниот шериф и крадците на црниот пазар, како и закани од локалните нарко картели и Калифорниското државно биро за регулирање на канабисот“. 


Еве го првиот фестивалски YouTube трејлер за документарниот филм на Роберт Рајан „Breaking Habits“:


Филмот на Роб Рајан, за калифорниската сонародност од друг вид, го следи Кристин Мејзен (Christine Meeusen), одгледувач на канабис што се свршила со канабис, која се пронајде себе си во овој лековит бизнис. Филмот раскажува како Мејзен, предадена од сопруг бигамист, по 17 години избегала со своите три мали деца и го открила профитабилниот бизнис за одгледување на канабис. Таа ја прифати личноста на монахиња наречена „Сестра Кејт“ и ги основала „Сестри на долината“, бизнис што прави и продава лековити канабис производи. „Breaking habits“ (раскинување на навиките) е во режија на британскиот режисер Роберт Рајан. Овој филм моментално се продава на пазарот во Кан, а сè уште нема потврдено официјална дистрибуција. Оригиналното објаснување за филмот го имате на порталот Deadline.



Автор: MoniQue Konopova
Извор: Firstshowing.net

Thursday, March 31, 2016

Часните сестри кои ја одгледуваат Божјата билка

Запознајте ги „канабис калуѓерките“ од градот Мерсед во Калифорнија кои одгледуваат марихуана. Тие својот бизнис наречен „Sisters of the Valley“ (Сестрите од Долината) го започнаа минатата година, а имаат и своја фан страница на Фејсбук

Кликнете на секоја фотографија за да ја видите во поголема димензија
Запознајте ги „канабис калуѓерките“ од градот Мерсед во Калифорнија кои одгледуваат марихуана. Тие својот бизнис наречен „Sisters of the Valley“ (Сестрите од Долината) го започнаа минатата година, а имаат и своја фан страница на Фејсбук. Часните сестри од билките што самостојно ги растат, самостојно произведуваат мелеми, масла и тинктури кои имаат потенцијал да ја намалуваат болката и ги продаваат на Интернет, поточно на нивната Веб страница, а до неодамна и на Etsy за што имаа доста реакции. Сестрите одгледуваат по 12 билки, а препаратите што рачно ги изработуваат се наменети за третирање на болки во грбот, главоболки и други непријатни здравствени состојби. Нивните органски производи содржат мали нивоа на Тетрахидроканабинол - THC, а поголеми нивоа на Канабидиол - CBD. Сестрите со својата молитва во секое шишенце од лекот внесуваат уште повеќе магија. Тие се молат над секоја тегличка пред таа да им биде испратена на потрошувачите. 

Модерните монахињи Сестра Кејт (чие правилно име е Christine Meeusen) која има 56 години и Сестра Дарси (Darcy Johnson) која има 24 години, се лиценцирани одгледувачи на марихуана и се борат канабисот нашироко да се употребува како лек и се борат да го одржат својот бизнис во живот. Сепак, покрај дозволата што ја поседуваат, нивниот бизнис им ги боде очите на алчните великани и Властите што ги интересира само нивниот личен профит и експанзија и кои се плашат затоа што нивните црни бизниси се загрозени. 

На фотогравиите прикажан е секојдневниот живот на овие предобри монахињи. На едни слики се гледа нивната напорна работа, додека на други нивната почит и љубов кон самите себе, односно можеме да видиме како тие се релаксираат и ги регенерираат своите клетки пробувајќи го вкусот на сопствената градина. Ете ви уште еден доказ дека нема ништо лошо во пушењето трева, затоа што тоа е само уште еден начин на консумирање на ова растение. Овие продуховени луѓе посветени на Бог, треба да бидат пример за сите нас. Тие не прават ништо погрешно, затоа што постапуваат според Божјите правила запишани во Светото писмо. Имено, во Библијата, Прва книга Мојсеева (Битие) пишува: 

29. И рече Бог: „Еве, ви дадов секаков вид растение, што дава семе, и какво има по целата земја, и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид: тоа да ви биде за храна!
30. А на сите ѕверови земни, и на сите птици небески, и на сè што се движи по земјата, и во кое има жива душа, им ги дадов сите тревни растенија, за да имаат да јадат.” Така и стана.

Верските институции најчесто ја искривоколчуваат верата и за да не дојдат во сукоп со Властите, повеќе ги почитуваат правилата што ги наметнува државата, наместо да се водат според неприкосновените сакрални вечни правила на постоењето запишани во Светите книги. За среќа, луѓето се освестуваат! Овие калуѓерки се водат според правилата на љубовта и мирот - основните вредности и темелот на сите религии. Тие се свесни дека канабисот е лековито растение кое им помага на луѓето и кое не може никому да му наштети. Тие се свесни дека човечката алчност и злоба довеле до забраната и затоа тие се борат со притисоците што постојано им се упатувани. Но, Бог ги заштитува исто како што не` заштитува нас активистите и сите кои имаат добра намера и чисто срце. 


Нашиот сон беше живење на едноставен живот, правејќи го лекот на мирна фарма, во спиритуална средина и да бидеме самоодржливи - велат овие прекрасни свештени жени. За среќа на вистината и доброто, а за жал на лагата и злото, часниве сестри се упорни и нема да престанат со својата добротворна работа. Со нивната верба и помошта од добрите луѓе, тие умешно и успешно ги прескокнуваат сите препреки што пред нив ги става злонамерната човечка слободна волја. Вашата поддршка за нивната благословена работа можете да ја искажете со донација или едноставно со споделување на социјалните мрежи на нивната страница за донации.

Споделете ја оваа статија за целиот свет да дознае за тоа што овие монахињи прават! Останете во МИР...