Растењето на здрави билки може да биде лесно, забавно и да претставува релаксирачко хоби, доколку се знаат некои основни работи
Постојат одредени важни фактори што треба да се имаат во знаење и коишто треба редовно да се следат кога се расте канабис во внатрешни услови. Не се обесхрабрувајте, бидете упорни - ретко кој успеал да има добра берба од првиот пат. Со секоја тура учите нешто ново. Наша препорака е да не се врзувате здраво за готово за сите совети што ќе ги прочитате на Интернет, како и за советите што ви ги делат вашите пријателки и пријатели одгледувачи. Каков што е случајот со техниките за работење на себе на духовен план, слично е и со одгледувањето марихуана - она што му одговрара на еден одгледувач и на неговите билки, не мора да значи дека ќе биде добра практика и за тебе и твоите чеда. Пробувајте, учете од туѓите и сопствените грешки - што и да се случи насмевнете се и уживајте во магијата што ќе се случува пред вашите очи.
1. ФЛАСТЕР НА УСТА!
Додека канабисот целосно не се легализира во Македонија, првиот наш совет е да бидете многу внимателни и да размислете добро со кого ќе ја споделите вашата тајна и дали воопшто треба некому да кажете ;) Доколку се` уште не сте започнале со одгледување, ќе се уверите колку ќе биде силно чувството на гордост и среќа од она што расте во вашиот дом и колку ќе биде силно чувството на потреба тоа да го споделите со најблиските. Сите луѓе по природа се добри, меѓутоа има моменти кога луѓето знаат да бидат заслепени од негативните емоции. Имајте во знаење дека во животот можеби имате луѓе што сакаат или можеби ќе посакаат да ви наштетат, да ви се одмаздат или едноставно нема да можат да ја поднесат вашата среќа поради тоа што се љубоморни. Заштитете се и бидете што е можно повнимателни.
2. Одржувајте чистота!
Хермафродит од стрес од нарушен темен период |
Покрај личната хигиена на телото и духот што ни помага да бидеме позитивни и да им зрачиме со позитивна енергија на нашите билки, потребно е да одржуваме хигиена како на околината во која ги одгледуваме, така и хигиена на алатките со кои се грижиме за нашите растенија. Добро дезинфицираниот простор пред започнувањето со вегетативниот период, но и честото чистење помага во спречувањето на инсектите и болестите. Внимавајте да имате чисти раце пред да ги допирате и билките да немаат контакт со средствата за хигиена, ниту пак со гасовите од средствата за хигиена што испаруваат во етерот - добро проветрете по чистењето.
3. Одбирајте квалитетно семе
Квалитетните семки купени во специјалните продавници за канабис или пак, на Интернет гарантираат успех, доколку условите за растење им се горе-доле погодени. Финалниот производ кон кој се стремите дури 90% е зависен од неговата генетика. Бидете спремни на пораз и со насмевка прифатете го неуспехот, доколку растете непознати семки. Бидете пресреќни доколку од обични семки собрани дури и од најдобрите туфки што сте ги пушеле успеете да имате добар род :)
4. Користете добра почва
Направете соодветна почвена мешавина со соодветна pH вредност од околу 6.5 за повеќето канабис билки. Купете си мерач за pH вредноста на почвата и за pH вредноста на водата и соодветно алкализирајте или закиселувајте по потреба. Во земјата може да додадете перлит, лушпи од кокос или стиропор за поголем простор на коренот да расте.
5. Соодветно светло
Со дигитален или аналоген тајмер светлосните шеми самите автоматски ќе се регулираат - за тоа нема потреба да се грижите вие. Вие треба само да се погрижите да ја погодите келвинажата во секоја фаза од развојот, со што ќе ги симулирате природните услови, односно сонцето. Попречувањето на нивната ноќ предизвикува стрес што може да се манифестира со појава на хермафродити како на сликата погоре. Изборот на светлото зависи од вас, од тоа колкав е просторот во кој сакате да растете, како и од тоа колку брзо сакате да растат билките, но и колкав е вашиот буџет наменет за сметките за струја. Metal Halide, High Pressure Sodium, CFL, LED, флуоресцентни или други - останува вие да одлучите :) Светлото не треба да ги допира врвовите на растенијата.
Часа светлина: Часа темнина:
Расад 16-24 8-0
Клон 18-24 6-0
Вегетативна фаза 18 6
Фаза на цветање 12 12
6. Соодветно наводнување
Сам/а порасни си го лекот! |
7. Прихрана
Доколку земјата е збогатена со минерали и останати хранливи состојки, нема потреба да додавате прихрана барем на почетокот од вегетацијата. Премногу прихрана може да ги изгори билките! Вегетативната фаза сака повеќе Азот, додека пак фазата на цветање сака повеќе Фосфат. Најдобро е да користите органско ѓубриво (компост) како прихрана и внимавајте тоа да биде многу разредено. Следете го изгледот и виталноста на билките, затоа што секој дефицит или суфицит од нутритивни состојки се забележува по бојата и изгледот на листовите.
8. Обезбедете најоптимални услови за растење
Температурата треба да се движи од 20-30°C во вегетативната фаза преку нивниот ден. Температурата од околу 25°C е најоптимална, а разликата помеѓу ноќната и дневната температура да не е поголема од 10°C. Во фазата на цветање препорачливо е светлото да се појача, но и температурата малку да се намали. Внимавајте на влажноста на воздухот во гроу боксот или гроу румот. Потребно е да симулирате ветар со вентилаторче што ќе ги ниша лисовите. Циркулацијата на воздухот исто така е доста важна. Препорачуваме убаво да им зборувате на вашите билки, да им ја искажувате вашата љубов, почит и восхит кон нив, да им пеете и да им пуштате музика со вибрации што го потикнуваат растењето. Имајте во знаење исто така дека колку што билката расте над земја, толку таа треба да има простор и за растење под земја. Затоа редовно пресадувајте или одгледувајте од самиот старт во поголема саксија - препорачуваме 6 литарски исечени шишиња од вода.
9. Не берете прерано!
Сте чекале 2 и нешто месеци поминати во вегетација и над 3 месеци поминати во цветање, па затоа не бидете нетрпеливи. Мерило за зрелост на цветовите е бојата на трихомите - кога ќе станат кремасто-кафени со боја на килибар, тогаш е време за берење.
10. Исушете пред да пушите :)
Откако туфките ви се набрани за канабиноидите да постигнат максимум од својата зрелост, потребно е соодветно да ги исушите цветовите, но и да го завршите процесот наречен CURING.
https://www.youtube.com/watch?v=InJHDLNCRzc
ReplyDelete