Showing posts with label блант. Show all posts
Showing posts with label блант. Show all posts

Sunday, May 6, 2018

Зошто избелените ризли не се најмедицинскиот избор?

Треба да знаеш што пушиш и во што го виткаш тоа. Ризлите за ролање џоинт се делат на две поголеми групи: избелени (шарени) и неизбелени. Има ли разлика? Дали неизбелените се подобри од избелените? Мислењата варираат, а загриженоста е оправдана. Избелените ризли не се најдобри за здравјето погледнато долгорочно


Без тутун е поздраво :)
Зошто треба да се избегнуваат избелените ризли?

Голем дел од ризлите се избелуваат при процесот на производство. Зошто? Најпрво, за хартијата да изгледа бела. Фирмите кои го прават ова веруваат дека муштериите преферираат блескаво бели ризли наместо светло-кафена или валкано-сива нијанса од неизбелените сурови варијанти на ризли.


Исто така, избелувањето прави ризлите да горат побавно. Или барем така велат произведувачите. Во секој случај, повеќето од избелените ризли имаат додатни хемиски адитиви како магнезиум карбонат (за контрола на бојата на пепелта) и натриум цитрат (за контрола на брзината на горење). За да се добие таа бисерно бела нијанса, избелените ризли содржат и хлор и калциум карбонат. Постапките во избелувањето на ризлите се лоши за околината и негативно влијаат врз вкусот на канабисот. Никој не сака да пуши марихуана испрскана со хемикалии. Зошто да пушиш во такви ризли?


Кафени наместо бели - за поздрава планета и дишни патишта!
Кои ризли се избелени?

Ако обожаваш џоинт колку и јас и целиот наш тим 420macedonia, значи пушиш минимум 3 дневно. И ако си „береш гајле“ за здравјето како нас и за тоа што внесуваш во себе, можеби би одлучил/а да избегнуваш избелени ризли. Но, како да ги препознаеш? Ризлите кои изгледаат светло бели се скоро секогаш избелени и тоа е знак дека треба да побараш други ризли. Избелените ризли се секогаш подебели од неизбелените, а подебелите ризли горат со непријатен чад. Она за што се работи во оваа ситуација е културна транзиција од „овие ризли ќе се користат за пушење тутун“ во „оние ризли кои ќе се користат за пушење марихуана“. Во првиот случај, вкусот не бил толку важен за уживањето, а подебелите ризли биле направени од дрвена маса. Во вториот случај, луѓето сакаат да ја вкусат марихуаната.


Луле од морков
Кои се најдобрите неизбелени ризли?

Избегнувајте проѕирни ризли, што изгледаат како пластични. Барај ризли на чие пакување пишува UNBLEACHED, органски или природно. Барајте ризли направени од коноп. Барај ги најтенките ризли кои можеш да ги најдеш. Но, бидејќи овие ризли не се избелени не значи дека горат брзо. Повеќето од нив се направени за да горат бавно што го прави пушењето лежерно. Ризлите RAW Natural Unbleached, највероватно најпопуларните, се без хлор и се 100% вегански. Тие имаат природна боја и не се третирани со никакви хемикалии. Тие се толку тенки што преминуваат во полупроѕирни, а цик-цак насоката на водените жигови на ризлата го прават горењето мазно.


Други брендови на природни и неизбелени ризли се: Elements, Pure Hemp, Smoking Organic Unbleached, Rips Unbleached Slims и Dutchie Natural Unbleached. Во Македонија нема да ги најдеме сите овие марки на ризли, но сите познаваме минимум неколкумина пријатели кои често патуваат ова и можеме да им порачаме да ни купат, а наскоро кај нас ќе се отвори прекрасна продавница Grow Shop Mania во која ќе може да си набавите секакви корисни додатоци и папири. Или, ако веќе се заштитуваме од отровни хемикалии, да избереме природно до крај. Виткајте трева во внимателно изваден лист од кромид, лист од ружа и сл. Или ако немате време за виткање прилагодете некој плод како да пушите од луле, на пример јаболко или морков.


Извор: HERB

Sunday, September 24, 2017

Органски здрав блант сролан од цветни листови од роза

Фактот дека пушењето канабис е само еден од начините на консумирање на оваа билка не може да се оспори


Блант од роза
Многу пациенти наоѓаат олеснување, токму на овој начин. Сепак, дебатите за тоа кој е најдобриот и најздравиот начин на пушење немаат крај. До сега се знае дека употребата на уреди за вапоризација и дебинг (вапоризери, електронски цигари, волкано, бонгови и тн.) се најдобри за белите дробови. Но, кои ризли/блантови се најдобри? Избелуваните ризли не се најдобри за здравјето, па за среќа постојат органски ризли од коноп, но и други интересни начини како да сролате здрав џоинт.

Повеќето од компаниите што произведуваат ризли, ги избелуваат со хемикалии како хлор и калциум карбонат. Овие хемикалии ги прават „документите“ бели, но исто така со цел да горат побавно. Генерално, сите папири кои се бели се избелувани со хемикалии и кога одбирате ризли, настојувајте истите да бидат потенки, за да не пушите непотребна дебела хартија на која има акумулирано уште повеќе од избелувачите. Поретко ролајте во шарени слатки ризли на кои има и засладувачи, што непотребно завршуваат во вашата плуќа, а исто така поретко на вашата трпеза нека гостуваат блантовите и сличните обвивки за ролање, како и проѕирните ризли. Тие само може да содржат многу повеќе штетни хемикалии. Кога пушите во квалитетни ризли, не само што се грижите за здравјето, туку го зголемувате уживањето и хајот.

Цвет сролан во цвет!
Кога одбирате ризли, водете се истите да бидат потенки, да не бидат избелувани и да бидат произведени од природни состојки, по можност купувајте ризли направени од коноп! Постојат толку многу алтернативни начини за пушење, како на пример бонгови од овошен плод, на пример од јаболко, бонг од шише, кофа... Потребно е малку алуминиумска фолија, неколку квалитетни туфчиња, запалка и отворена имагинација. Внесувањето канабиноиди низ белите дробови е најдобар начин за инстантно ползување на нивниот ефект, како при акутни еднократни и хронични главоболки, болни меснтруации, останати болки од повреда, згрчени мускули, несоница, преголем стрес, анксиозност, тага, лутина и бес, очај... Непотребните, штетни (и што предизвикуваат зависност) дијазепани, лексилиуми и останати апчиња за смирување и антидепресиви, може наједноставно да ги замените со само неколку дима од „магичното цигарче“.

Џоинт може да сролате практично со секаков растителен лист, на пример лист од пченка, лушпа од кромид (погледнете како музичката група Die Antwoord ролаат „драчевски џоинт“)... Користејќи само три органски ливчиња од роза и нејзината рерна, Саша (Sasha) покажува како можеме да направиме импровизирана обвивка за блант, која е функционална и флорална во исто време. По подготовката на блантот од роза за нешто повеќе од 2 минути, Саша коментира за оваа убава и органска креација за пушење, велејќи колку е поцветен џоинтот, толку е подобар. Нејзиното филмувано упатство за подготовка на блант од роза чекор-по-чекор направи „БУМ“ на интернет и ги возбуди корисниците на канабис ширум светот, па тие започнаа да ги објавуваат нивните цветни џоинти. Израдувајте ја саканата личност со „цвет сролан во цвет“ :) Ги очекуваме фотките од вашите креации! ...и зошто да фрлате пари на ризли? :)

Еве како да направите БЛАНТ ОД РУЖА :)


Еве како да сролате ЏОИНТ ВО ЛИСТ ОД ПЧЕНКА ;)


Еве како да сролаш драчевски џоинт! :)




Автор: Monique Konopova