Showing posts with label пушење. Show all posts
Showing posts with label пушење. Show all posts

Friday, May 10, 2019

95-годишна жена вели дека пушењето канабис е клуч за долг и среќен живот

Висока речиси метар и половина, таа имаше 95 години кога за неа е напишана оваа кратка статија, Мелита Гордон (Melita Gordon) од Јамајка веројатно е рекордер во пушење канабис! И покрај несогласувањата од нејзиното семејство, таа пуши трева цели 85 години, поточно од 10 годишна возраст


95 годишна баба тврди дека канабисот е лек за долговечност!
И таа нема да престане да пуши ганџа додека не умре, изјави Гордон за Green Rush Daily. Доживотната здрава навика на Гордон е среќно одобрена од нејзиниот примарен лекар, чие гледиште е дека доколку таа престане да консумира канабис, таа може сериозно да го наруши своето здравје и живот. Госпоѓа Гордон, заедно со нејзиниот лекар сметаат дека нејзината навика да пуши канабис, може да биде делумно одговорна за нејзината долговечност и одличното здравје. Мелита вели дека започнала со канабисот, бидејќи растела во растафаријанска куќа и ги палела лулињата на постарите.


Таа вели дека се навикнала да пуши марихуана кога била „крстена“ во праксата на нејзината култура и религија од страна на нејзините родители, Мишел Џонс (Michelle Jones) и Ричард Гордон (Richard Gordon), кои исто така пушеле трева. Сепак, не сите во семејството на Мелита денес се задоволни со навиките за пушење толку многу канабис. Ќерката на Мелита Гордон, со која заедно живеат, ја молеше својата мајка таа да престане. Нејзината ќерка дури ѝ предложила компромис и побарала од нејзината мајка да го намали пушењето на еднаш дневно. Но, Мелита е навикната да пуши трева по цел ден, секој ден. Дури и додека работела во сега затворена фабрика во Марун Таун, таа станала позната како „Дамата со луле“ (Pipe Lady). Сопругот на Мелита не ја осудува нејзината навика таа постојано да пуши трева, но тој самиот не ја практикува оваа навика.

Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Greenrushdaily

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Марихуана или тутун: кој чад претставува поголем ризик за вашето здравје?

Органски здрав блант сролан од цветни листови од роза

Туберкулозата најбезбедно, најприродно и најуспешно се лекува со канабис!

Студија: „Пушењето канабис не претставува канцероген“

Како да се откажеш од пушење цигари со помош на ЦБД?

Зошто избелените ризли не се најмедицинскиот избор?

Ефектите на канабисот врз бременоста - консумирањето е корисно како за мајката, така и за идното бебе (научна студија спроведена во Јамајка)

Во Кингстон се отвори продавница за канабис и кафетерија

Monday, February 11, 2019

Оваа паметна електронска цигара за канабис ги помни вашите отпечатоци од прсти и комуницира со вашиот лекар

Благодарение на напредната технологија, но и на растечкиот интерес од страна на пациентите кои користат канабис, уредите за испарување преземаат карактеристики на паметните телефони и користат апликации за оптимизирање на искуството. Дознајте повеќе за најновата генерација префинети „смарт“ испарувачи, т.е. вепорајзери за канабис што неодамна се појавија на пазарот


Овие елегантни електронски цигари се наменети за новата софистицирана и елитна генерација на корисници на канабис, корисници кои не преферираат виткање на канабисот во форма на џоинт или пак, полнење луленца или бонгови. Да им појаснам на неупатените, испарувачите функционираат со загревање на цветот од канабис или конценртатот (екстрактот) до точка каде што активираните канабиноиди можат да се вдишат во форма на пареа. Повеќето корисници го сметаат овој начин, многу помалку груб за нивните бели дробови, отколку чадот од канабис вдишан од  запален џоинт. Предизвикот за производителите на вепорајзери е намалувањето на големината на висококвалитетните елементи за загревање, но од друга страна поголема издржливост на батеријата. Сега испарувачите ги преземаат функциите на паметни телефони и користат апликации за оптимизирање на искуството. Lifespot Health Ltd. австралиска медицинска компанија за дијагностицирање и мониторинг, неодамна објави Bluetooth-поврзан испарувач на канабис, кој се отклучува со отпечатокот од прст на сопственикот, ја прилагодува јачината на дозата на екранот и ги споделува податоците со медицинските професионалци во реално време за постојан надзор на здравствената состојба на пациентот.


Не мислам дека некој има целосно интегриран систем како нашиот“ - изјави неизвршниот претседател на Lifespot Health, Родни Хенингтон (Rodney Hannington), за Yahoo Finance Канада. „Како што корисникот вапоризира, тие можат да ја погодат целта на нивната болка и можеме да следиме колку тие вдишуваат и дали нивната болка е олеснета или не“ - додава тој. Lifespot Health ја поврза својата BodyTel технологија за следење на пациентот со на пакет на целосна медицинска опрема започнувајќи од сензори за срце, па сè до монитори за шеќер во крвта. Компанијата соработува со германскиот производител на испарувачи од септември минатата година, наречена Seng-Vital, која произведува Canamed bluetooth vaping системи. Хенингтон изјави дека медицинскиот уред Cannamed ќе се продава преку медицински клиники за околу 200 американски долари, плус надоместоци за апликацијата, т.е. услугите за обработка на податоците. Lifespot Health, исто така, во моментов работи со две други компании во Канада и САД за брендирање и продавање на рекреативни верзии на испарувачите со цена од 100 до 150 долари.


Облаци од испарените податоци

Дозволувајќи лекарите активно да ги следат навиките за употреба на канабис кај пациентите со помош на овие уреди, а дури и да го исклучат уредот од далечина ако сметаат дека е злоупотребен, звучи навистина напредно. Хенингтон инсистира на тоа дека блиската комуникација е оправдана, со оглед на недостатокот на ригорозни клинички испитувања на различните медицински канабис апликации, па со помош на овие уреди медицинската јавност ќе има попрегелден увид во тоа како канабисот навистина делува. Сепак, приватноста е голема загриженост, со оглед на тоа што медицинскиот и рекреативниот канабис останува нелегален во многу делови од светот. Хенингтон уверува дека Lifespot Health ги обработува своите медицински податоци на начин „компатибилен со пациентите“. Откако ќе се постигне доволен број на корисници, податоците би можеле да обезбедат вреден увид во трендовите на консумирање и ублажување на болката, рече тој. Многу теоратичари веруваат дека вапоризирањето ќе стане најпосакуван начин за консумирање медицински канабис. Во октомври минатата година , Aurora Cannabis Inc. го откри Aurora Cloud, првата линија на ЦБД масла за вапоризирање компатибилна со Health Canada, од лиценциран производител. Извршниот директор Тери Бут (Terry Booth) рече дека новиот производ ѝ се обраќа на неисполнета потреба на пазарот.


Одредете го вашиот „хај“

Голем број неискусни корисници ќе ја тестираат нивната толеранција за канабис за првпат, како што сè повеќе правни системи ја либерализираат политиката за медицинска и рекреативна употреба на канабисот. Способноста за постојано одбирање на вистинската доза е клучна карактеристика на Lifespot Health и други производители, како што е Gofire Inc. со седиште во Денвер, вградена во нивните уреди. Одредувањето на правилното поставување на уредот во секое време може да значи разлика помеѓу нежниот „ХАЈ“ (надуваност/напушеност) и неколку часовното стонирање на вашиот кауч. Токму затоа придобивките од активирање на овој вапорајзер со отпечатоци се очигледни... Иако канабисот е безбеден лек без несакани токсични и смртни последици, со помош на персонализацијата на овој уред, децата и „пријателите“ не можат да ви го „украдат“ лекот, затоа што не можат да го вдишат она што не можат да го отклучат. Lifespot Health, исто така, ја разгледува можноста за развивање на геолокациските функционалности кои би можеле да ги спречат корисниците да го користат во одредени области. Функцијата со потсетник за повторно полнење е следна идеја на компанијата. „Ние можеме да го следиме обемот на корисникот“ - рече Хенингтон. „Потоа на нивниот паметен телефон можеме да им речеме: ‚Ќе ти снема за неколку дена. Дали сакате да нарачате повеќе канабис?‘“ - заклучува тој.


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Yahoo Finance

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

За оваа мајка со тежок облик на егзема канабисовото масло е незаменливо ЧУДО!

Медицинската марихуана лекува и спречува пневмонија и други респираторни инфекции

Туберкулозата најбезбедно, најприродно и најуспешно се лекува со канабис!

Sunday, December 30, 2018

Зошто корисниците на канабис не можат да се предозираат?

Со векови и до ден денес, никој не може физиолошки да претера со канабис, ниту пак има пријавено или документирано смрт од преголема доза на канабис до сега. Зошто е токму така и зошто канабисот е различен од другите најчесто користени фармацевтски лекови, синтетички дроги или алкохол? Зошто корисниците на канабис не можат да претераат со консумацијата на канабисот?


Според Центрите за контрола на болести и превенција во 2016 година, над 40 проценти од сите смртни случаи од предозирање со опиоиди во САД опфаќаат опиоиди на рецепт, што е еднакво на над 46 смртни случаи секој ден. Кога станува збор за алкохолот, секоја година умираат околу 88.000 луѓе. Иако опиоидите и алкохолот се дозволени супстанции, тие можат да бидат многу штетни, да создадат зависност и се опасни по здравјето и животот. Една растителна супстанција која е забранета, но обезбедува лековити и безбедни ефекти за корисниците е: канабисот!


Позадина на ендоканабиноидниот систем и неговата поврзаност со канабисот

Сите ние имаме ендоканабиноиден систем (ECS) и ендогена мрежа на различни канабиноидни рецептори. ECS се состои од ендоканабиноиди, канабиноидни рецептори и различни ензими. Двата главни канабиноидни рецептори кои луѓето ги препознаваат се CB1 и CB2 рецепторите. Потоа, постојат различни канабиноиди кои се наоѓаат во растението канабис, а два од најпознатите се ЦБД (непсихоактивен) и ТХЦ (психоактивен, но не ја менува свеста). Канабиноидните рецептори се расфрлани низ нашите тела и мозок и тие имаат единствена врска со ECS. Според канабис авторот Мартин Ли (Martin Lee), следново се наведува во врска со канабиноидните рецептори и каде се најконцентрирани: Канабиноидните рецептори се во поголемо изобилство во мозокот отколку кој било друг вид рецептор на невротрансмитер и функционираат како суптилни сензори. Во суштина, ЕКС работи како централизиран центар за обработка и гарантира дека сите системи се избалансирани и работат правилно. ЕКС е вклучен во регулирањето на многу различни основни физиолошки процеси, како што се: меморија, когниција, апетит, координација, расположение итн. Иако канабиноидните рецептори се расфрлани низ нашите тела, тие не се присутни во мозочното стебло. Наместо тоа, тие се присутни во делови од мозокот кои ги регулираат различните процеси наведени погоре.


Како телото и мозокот реагираат на опиоид, алкохол и конзумирање канабис?

Сега кога знаете каде се лоцирани канабиноидните рецептори, каква е важноста на ова? Ова значи дека во телото и мозокот канабисот делува различно од другите лекови како опиоидите. Постои ендогена мрежа на различни канабиноидни рецептори, но исто така постои и ендоген систем на опиоидни рецептори. Во последните неколку децении, предозирањето со опиоиди брзо се зголемува, што се претвори во широко распространета епидемија. Кога поединци ќе се предозираат со опиоиди, мозокот не добива кислорот, бидејќи опиоидите депримираат дел од мозочното стебло. Кога тоа ќе се случи, дишењето значително ќе се забави, а потоа поединецот целосно ќе престане да дише, што резултира со смрт од недостаток на кислород. Ова во никој случај не може да се случи со канабисот - не ги засегнува центрите одговорни за виталните органи. Дополнително, опиоидите можат да ослабнат одредени региони на мозокот, особено региони кои ја контролираат крвта и циркулацијата на срцето. Поради ова слабеење, нечиј крвен притисок може да се намали на небезбедни нивоа од опиоидите. Во врска со други супстанции, како алкохол, може да се појават предозирање и смрт. Кога некој ќе умре од предозирање со алкохол, телото не може да се ослободи од вишокот на алкохол од црниот дроб. Од тука, алкохолот се пробива до одредени региони на мозокот и ги нарушува оние делови кои го регулираат дишењето, крвотокот и циркулацијата на срцето.

Со канабисот, се случува сосем спротивното. Бидејќи канабиноидните рецептори не се присутни во мозочното стебло, т.е. деловите од мозокот што го контролираат дишењето, крвниот притисок и срцевата фрекфенција не се погодени од употребата на канабис. Во минатото, беше откриено дека нашите мозоци произведуваат хормон познат како pregnenolone, кој делува како заштита од психоактивните ефекти на канабисот. Откако ТХЦ се врзува за соодветните рецептори, pregnenolone се продуцира и ослободува, што го попречува влијанието кое ТХЦ го има врз мозокот. Студиите потврдуваат дека ова може да ги спречи корисниците на канабис да станат премногу high. Генерално, мозокот функционира поинаку кога се конзумира канабис во споредба со тоа кога се конзумираат други супстанции, пред сè затоа што имаме вродена мрежа од рецептори кои се врзуваат со ендо- и фитоканабиноидите. Состојките од канабисот се закачуваат кон канабиноидните рецептори во нас. Можни непријатни чувства може да доживеат само одредени почетници, кои сè уште не се навикнати на ефектот од канабисот и немаат изградено соодветна толеранција на ТХЦ.


Зошто е физиолошки невозможно да умрете од канабис?

Една причина зошто некој не може физиолошки да претера со канабисот е поради способноста на телото да создаде свои „ендогени“ канабиноиди, кои се слични со оние од растението канабис (нашите организми се создадени за да користат канабис). Исто така, потврдено е дека многу од болестите настануваат поради ендоканабиноиден дефицит. Генерално, канабисот има многу ниска токсичност и претставува исклучително мал физиолошки ризик, особено во споредба со други лекови (опиоиди), тутун, алкохол. Не е можно да се употреби смртоносна доза на канабис која ќе предизвика смрт. Сите канабиноиди во содејство имаат неверојатен безбедносен профил, не создаваат зависност и не се токсични. Досега, според Центрите за контрола на болести и превенција, имало пријавени НУЛА документирани смртни случаи поради предозирање со канабис. Ова најчесто се должи на канабиноидните рецептори лоцирани во области надвор од мозочното стебло. Хипотетички, за некој да умре од канабис, за петнаесет минути ќе треба да внесува 1.500 килограми канабис, според Давид Шамер (David Schamder), популарен канабис автор.


Што да сторите ако сте премногу High?

Покрај тоа, иако поединецот не може да се предозира или да умре од прекумерна употреба на канабис, сепак може да се добие екстремно high чувство, кое за некого може да биде непријатно. Ако се консумира премногу канабис, можно е да се чувствувате вознемирени и да доживеете тресење на рацете и зголемено отчукување на срцето. За почеток, не паничете, бидејќи тоа ќе направи да сè чувствувате полошо и повеќе стресно. Благодарение на нашиот ендоканабиноиден систем и специјалната поставеност на канабиноидните рецептори, физиолошки, употребата на канабис не води до фаталност. Ако некогаш сте биле high, разбравте дека на крајот high чувството ќе заврши, а вашето тело и ум се одмараат, регенерираат и се балансираат со самата превентивна употреба на канабис. Исто така, постои анегдота дека доколку канабисот целосно стане легален, тогаш корисниците повеќе нема да се плашат. Растревоженоста најчесто се појавува поради самата нелегалност на канабисот и чувството дека со користењето се прави нешто лошо, т.е. се прекршува законот, затоа што купо-продажбата и користењето се кривични дела. Сепак, ова чувство набрзо поминува. Во меѓувреме, постојат неколку совети кои можете да ги пробате доколку тоа ви се случи вам или на некој ваш близок:


  1. Прошетајте во природа или легнете малку да преспиете;
  2. Пијте повеќе вода за да останете хидрирани - неколку чаши вода можат да помогнат да се спречи/намали high чувството;
  3. Јадете некои од овие ужинки: јатки: ореви, лешници, семиња; кокос; овошјe: авокадо, цитруси; (не: манго);
  4. Разговор со некој пријател или некој близок кој може да ве смири;
  5. Слушајте релаксирачка музика или звуци што ве смируваат;
  6. Изедете нешто луто: лути пиперки, црн бибер, рен и сл;
  7. Конзумирање на канабидиол (ЦБД) делува како антидотум на ефектите од премногу ТХЦ. 


Новинар: Кристина Т.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Thefreshtoast

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:















Sunday, September 23, 2018

Студија: „Пушењето канабис не претставува канцероген“

Изложеноста на чад од канабис, дури и долгорочно, не е позитивно поврзана со хронична опструктивна белодробна болест (chronic obstructive pulmonary disease - COPD), рак на белите дробови или неповратна штета на дишните патишта, според преглед на литература објавена во списанието Breathe


Британските научници разгледаа речиси 20 опсервациони студии, проценувајќи го вдишувањето на канабис и белодробното здравје, кои вклучуваат над 25.000 субјекти, известува NORML. Тие известија за поврзаноста од изложеност на чад од канабис и појава на COPD, емфизем, рак на белите дробови, отежнато дишење или неповратно оштетување на дишните патишта. „Долгорочните респираторни ефекти на канабисот се разликуваат од традиционалното пушење“ - заклучуваат авторите. „Ние не знаеме зошто пушењето канабис не се покажува како канцерогено. Различни фактори можат да придонесат, на пр. потенцијални антиинфламаторни и анти-неопластични својства на ТХЦ и други канабиноиди“ - заклучуваат авторите.

Истражувачите идентификуваа дека постои одредена врска помеѓу вдишување на марихуана и можна појава на почеста моментална кашлица, производство на флегма, отежнато дишење или хроничен бронхитис - и дека овие симптоми не се трајни, туку исчезнуваат после употребата. Авторите, исто така, признаа дека испарувањето канабис (вапоризацијата) - процес кој ги активира канабиноидите, не ги загрева до точка на согорување - ги намалува многу од овие симптоми. Наодите на студијата се слични на оние на другите кои известуваат дека чадот од канабис и чадот од тутун значително се разликуваат во нивните здравствени ефекти и дека долготрајното изложување на чад од канабис не е поврзано со лошото здравје на белите дробови.


Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Аzmarijuana

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:







Saturday, September 1, 2018

Марихуана или тутун: кој чад претставува поголем ризик за вашето здравје?

Долгорочната употреба на тутун и изложеноста на чадот од истиот има докажани штетни ефекти по здравјето, редовното пушење марихуана пак, може долгорочно да го подобри твоето целокупно здравје. Кога доаѓа до пушење, истражувањата докажуваат дека тутунот е далеку поштетен за белите дробови од марихуаната. Пушењето цигари предизвикува околу 80% од сите смртни случаи од хронично опструктивна болест на белите дробови, додека чадот од марихуана помага во ублажувањето на симптомите од болестите на белите дробови, а помага и во нивното лекување


* Престанете да ја споредувате марихуаната со алкохолот и цигарите!
Чад од марихуана и чад од тутун

Пушењето цигари предизвикува повеќе од 480.000 смртни случаи годишно само во САД, што е скоро еден на секои пет смртни случаи. Центарот за контрола на болести во САД известува дека пушењето цигари е почеста причина за смрт отколку смрт предизвикана од сообраќајни несреќи, алкохол, ХИВ, нелегални синтетички супстанци и огнено оружје – заедно! Во Journal of Harm Reduction во 2005 година истражувачите на канабисот дискутирале дека иако чадот и тутунот и канабисот поседуваат слични хемиски својства, не се еднакво карциногени и секако, поседуваат различни фармаколошки активности, особено поради тоа што во чадот од канабисот има активни антиканцерогени состојки наречени канабиноиди, велат студиите. Значи, додека чадот од марихуаната ги минимализира карциногените патеки, тутуновиот чад ги зголемува. Можеби ова е и причината поради која има 0 смртни случаи од марихуана во споредба со тутунот - 480.000, алкохол – 25.692, предозирање со препишани аналгетици – 16.651.... Во секој случај, вапоризаторите се најбезбедната варијанта на пушење марихуана!


Зависност од тутун и зависност од марихуана

Тутунот предизвикува голема зависност поради присуството на никотинот. Слично како кокаинот и хероинот, никотинот го менува начинот на кој работи мозокот кај пушачите и предизвикува стрвност. Се верува дека никотинската зависност е она што го прави откажувањето од цигарите толку тешко. Други истражувања потврдуваат дека никотинот во тутунот може да ги затврдне артериите што доведува до здравствени проблеми со срцето. Марихуаната, пак, не содржи никотин или пак, друга состојка која предизвикува зависност, па затоа зависноста од канабис е речиси невозможна. Според Државниот институт за злоупотреба на лекови во САД, марихуаната не води до зависност, а ова си го знаеме од личното искуство. Најпарадоксално е тоа што канабисот не само што не создава зависнот, напротив - може да помогне во борбата со никотинската зависнот и другите видови на зависности, како на пример од опијати.


Никотин VS. THC

Како што видовме, штетните ефекти на никотинот се добро докажани. Како споредба, за тетрахидроканабинолот се знае дека има бројни здравствени придобивки. Докажано е и дека ТНС е бронхијален дилататор, односно ја има способноста за проширување на алвеолите во белите дробови и помагање во чистењето на нечистотија, шлајм и чад, додека катранот од цигарите ги запушува белите дробови. 


Канцер

Тутунот е обележан како причина број 1 за канцер. Пушење цигари (и пасивно и активно) предизвикува канцер на: бели дробови, дебело црево, грло на матка, ректум, црн дроб, бубрези, грло, хранопровод, панкреас, желудник, жолчно ќесе и уста. Државниот Институт за Канцер во САД заклучува дека не постои безбедно ниво за употреба на тутун. За разлика од чадот од тутунот, истражувањата не успеале никако да најдат врска меѓу изложеноста на чад од марихуана од пушење и канцер на белите дробови или црниот дроб. Наспроти тоа, докажано е со многу продолжени животи дека ТНС всушност е антикарциноген! 


Белодробна функција

Постојат многу истражувања кои ги поврзуваат изложеноста на чад од цигари со поголем ризик од канцер на бели дробови кај возрасни луѓе и со зголемен број на респираторни инфекции и симптоми кај деца. Но, нема резултати кои го поврзуваат чадот од канабисот со штетни ефекти врз белодробната функција. Универзитетот Емори во Атланта спровел истражување со кое докажале дека изложеноста на чад од марихуана дури и за продолжени периоди не е поврзано со штетни ефекти за работата на белите дробови и целокупното здравје.


Да заклучиме...

Врз основа на мноштвото истражувања спомнати во овој текст, прилично е јасно дека регулациите за марихуаната не се за наше добро... Не постојат истражувања кои ја поврзале марихуаната со несакани здравствени ефекти како што е случајот кај пушењето тутун. Канабисот е сметан за лек откако постои човечкиот род и затоа рестрикциите непотребно им го одземаат на луѓето она што може да им претставува примарна и единствена природна опција за лекување и нормален здрав живот. Сите кои сакаат да консумираат канабис пушејќи го, а не сакаат да внесуваат во своето тело никотин и останати хемикалии од тутунот, може да ја прочитаат нашата серија од статии за тоа како да си сролаат здрав џоинт со други билки, наместо со штетен тутун!


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:












Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Vapingdaily

Wednesday, August 1, 2018

7 здравствени придобивки кои ги добиваат рекреативните корисници од пушењето марихуана

Иако сè уште треба да се направат многу истражувања за вистинските придобивки од консумирањето марихуана по пат на пушење, несомнено е дека рекреативните уживатели добиваат некои изненадувачки предности. Еве само 5 придобивки од секојдневното консумирање канабис, а подолу дури 7!


Канабисот всушност нуди некои многу изненадувачки и значајни здравствени придобивки без разлика како е консумиран и без оглед на причината. За одмор на душата и/или телото, дали за подобрување на расположението или пак, заради третирање на некоја сериозна дијагноза... Подолу прикажуваме само седум од придобивките од пушењето трева, тоа се навистина изненадувачки здравствени придобивки и тоа без разлика дали од рекреативни или медицински причини или пак, комбинација од двете:


1. Пушењето марихуана ве прави послаби - или ја намалува веројатноста дека ќе бидете дебели

Кај пушачите на марухуана помала е веројатноста да бидат дебели. Една студија покажа дека кај редовните пушачи на марихуана помала е веројатноста да бидат дебели во споредба со непушачите. Истражувачите од Универзитетските здравствени центри на Конференцијата од Квебек испитале 700 возрасни лица на возраст од 18 до 74 години и откриле дека корисниците на канабис имаат ниски резултати за индексот на телесна маса (често земени како знак за добро здравје). Луѓето со ниски БМИ вредности имаат тенденција да имаат помалку телесни масти и имаат тенденција да бидат со помал ризик од појава на дијабетес.


2. Марихуаната може да ја подобри функцијата на белите дробови

Пушењето марихуана благопријатно делува на вашите бели дробови, а пушачите на канабис всушност имаат подобрена функција на белите дробови кога се споредуваат со пушачите на цигари и луѓето кои никогаш не пушеле. Истражувачите во Весникот на Американското лекарско здружение (Journal of the American Medical Association), велат дека внесувањето на димот од марихуана во организмот, всушност може да ги „обучи“ белите дробови да бидат поефикасни.


3. Ја зголемува креативноста

Студијата за свеста и спознанието (Consciousness and Cognition) во 2012 година покажа дека марихуаната ги направила луѓето покреативни - барем во однос на подобрувањето на комуникацијата. „Сто и шеесет корисници на канабис беа тестирани 1 ден кога не пушеле марихуана и уште еден ден кога пушеле канабис. Канабисот ја зголеми вербалната флуентност од ниска креативност на ниво на високи креативни дела“ - се вели во студијата.


4. Марихуаната им помага на спортистите при закрепнување после напорен тренинг

Горди Мегроз (Gordy Megroz) од Outside направи сопствен експеримент, откако забележа дека спортистите кои користат марихуана имаат подобри резултати и побрзо закрепнувааат после напорното вежбање. Тој и кај себе забележа резултати откако многу брзо закрепнал после напорната недела вежбање. „Јас правам тешка серија на вежби кои ме оставаат во болки и до 2 дена, но сега закрепнав за 24 часа. Истражувањата покажаа дека лекот има антиинфламаторно дејство, што е една од причините зошто медицинската марихуана е толку распространета“ - вели тој. Поради незаконитоста на марихуаната во повеќето места, тешко е да се дојде до легално истражување.


5. Канабисот може да ги убие клетките на ракот

Во клучен момент за застапниците на легалниот канабис, Владата на САД призна дека лекот може да ги намали клетките на ракот. Владата на САД сега вели на својата официјална ВЕБ страница: „докажано е во лабараторија дека канабисот ги убива клетките на ракот“. Веб-страницата вели дека ефектот досега е забележан кај студии на глодари и предупредува: „Во моментов нема доволно докази за да се препорача пациентите да го вдишуваат или да го внесат канабисот како третман за симптоми поврзани со рак или несакани ефекти од терапијата за рак“. Истражувањето за рак во Велика Британија (Cancer Research UK) им кажува на пациентите кои досега не користеле канабис дека екстрактите од канабис може да се користат како третман.


6. Марихуаната е далеку побезбедна алтернатива од алкохол - всушност, таа е за 114 пати побезбедна

Канабисот, всушност, може да биде најбезбедниот лек, откако една научна студија покажа дека всушност за 114 пати е зголемена смртноста од конзумирање алкохол, според списанието Scientific Reports. Авторите на извештаите ги проучувале ефектите на алкохолот, хероинот, кокаинот, тутунот, екстазите, кристал-мет и канабис.


7. Пушењето марихуана може да помогне да се откажете од хероин и други тешки зависности

Пушењето марихуана им помага на пациентите да се откажат од опијати како хероин, откри нова студија. Истражувачите на Универзитетот Колумбија ги следеа пациентите кои биле подложени на терапија за зависност од опијати - и утврдиле дека пациентите кои пушеле марихуана биле повеќе способни да спијат, помалку вознемирени. Истражувачите исто така откриле дека дозирањето на пациентите со Дронабинол - лек што се состои од „активна“ состојка во канабисот, ТХЦ - помогнало симптомите да се повлечат. High Times исто така, посочува дека смртните случаи поврзани со опијати опаднале во американските држави, кои ја легализирале рекреативната употреба на марихуаната.



ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 

Само 5 придобивки од секојдневното консумирање канабис

Органски здрав блант сролан од цветни листови од роза

Автор: Кристина Т.
Извор: Thecannabisadvisory

Sunday, July 8, 2018

Кои се најдобрите билки за мешање со канабис како здрава алтернатива на тутунот?

Разгледавме уште неколку други здрави билки кои можете да ги додадете во лековитата мешавина за пушење или вапоризирање за подобрен вкус, помазен чад, а истовремено можете на тој начин да си помогнете доколку страдате од одредени дијагнози и здравствени состојби. Еве некои други билки коишто се ароматични, корисни и здрави за да се помешаат со цвет од канабис!


Марихуанила
Вапоризирањето - (vaping) се здоби со репутација дека е најздравиот и најчистиот начин на консумирање канабис и останати билки по пат на инхалација без да се вдишуваат сите нездрави канцерогени од чадот за време на пушењето. Веќе зборувавме за тоа дека канабисот може да се меша во џоинт со камилица наместо тутун или пак, со лаванда или нане - особено добро за прочистување на дишните патишта кај астматичари и хронични пушачи на цигари. Луѓето ги вапоризираат сите видови растенија поединечно, но многумина не знаат дека многу од вообичаените билки може да се поврзат со канабисот за подобрен и полековит ефект. Билките како: кратом, лаванда и дамиана не само што можат да го подобрат вкусот на канабисот, особено ако имате понеквалитетна трева, како и за да обезбедите дополнителни придобивки. 


Сите овие билки имаат пријатни ефекти кога се вапоризираат или пушат сами, па природно, искуството се интензивира кога се меша со марихуана. Според д-р Иан Мичел (Ian Mitchell), лекар и клинички асистент-професор на Универзитетот во Британска Колумбија во Ванкувер, канабисот обично се вапоризира на температура од 175 - 200 °C. Оваа температура може и пожелно е да се прилагоди кога канабисот е комбиниран со други билки. Најдобро е да се најде средна основна температура којашто би била најоптимална за секоја од нив. Доколку консумирате органски одгледан и соодветно исушен и соодветно чуван канабис, нема причина за никаква грижа. Сепак, мораме да предупредиме дека пожелно е да консултирате билкар или натуропатски специјалист, пред да експериментирате со големи количини од некои од останативе билки самостојно или во комбинација со најбезбедната билка на светов - коноп.


Кратом
1. КРАТОМ

Кратом (Kratom - Mitragyna speciosa) е тропско зимзелено дрво од Југоисточна Азија. Кратомот е една од најпопуларните билки кои може да се пушат и вапоризираат заедно со канабисот. Кратомот се користи со векови, но само неодамна стана повеќе мејнстрим во западниот свет. Сам по себе, кратомот предизвикува лесен хај кај некои корисници, но многу помал од оној што ќе се почувствува после пушењето канабис. Сепак, мешањето на двете билки би можело да отвори нов свет на духовна поврзаност и психоделични вибрации. Повеќето корисници кои се обиделе да ги комбинираат, добиваат состојба при која кратомот помага значително да ги подобри ефектите на канабисот. Идеалната температура за вапоризација на кратомот е 175 - 200 °C, што е во согласност со најдобрата температура за канабис. Се разбира, чувството ќе варира од човек до човек. Сепак, познат факт е дека кратомот и канабисот имаат слични медицински придобивки. Канабисот секогаш ќе биде супериорен во однос на кратомот и другите билки на речиси секој начин (не само поради тоа што содржи незаменлива палета од активни состојки канабиноиди, терпени и флавоноиди), сепак многумина кои не можат да пушат трева заради која било причина, користат кратом како замена. Здравствените придобивки, исто така, може да се зголемат кога кратомот се консумира заедно со марихуаната:

- Намалување на болката;
- Мускулна релаксација;
- Ослободување од стрес;
- Олеснување на анксиозноста;
- Чувства на еуфорија;
- Способност за спиење.


Кантарион
2. КАНТАРИОН

Кантарионот (St. John's Wort - Hypericum) е дел од семејството Hypericaceae кое првично се појавило во делови од Азија и Европа. Во моментов, се шири низ целиот свет и расте во многу различни региони во дивината. Оваа билка функционира како многу лесен инхибитор на моноамино оксидаза (mild monoamine oxidase inhibitor - MAOI). Ова е нежна и лесна билка, всушност и со толку малку несакани ефекти, често се препишува како стабилизатор на расположение за деца. Се знае дека МАОИ ги намалува потребните нивоа за дозирање за други најчесто фармацевтски лекови за да делуваат во вашиот систем најсоодветно. Но, кои се сличностите со канабисот? И канабисот и кантарионот се многу ефективни антидепресивни и анти-анксиозни лекови. Кога се поврзуваат, пациентите чувствуваат речиси непосредно олеснување кое трае со часови. За легалниот кантарион е познато дека ги влошува симптомите на ADD и ADHD, но докажано е дека нелегалниот канабис помага да се подобрат симптомите кај овие нарушувања. Кантарионот треба да биде вапоризиран на ниски температури, околу 100 - 150 °C. Најдобро е да се вапоризира канабисот прво на 175 - 200 °C, проследено со кантарион. Ако сакате истовремено да ги вапоризирате тогаш страницата Zamnesia препорачува средна температура од 160 - 175 °C.



Пасифлора
3. MARIHUANILLA СО PASSIONFLOWER

Една суптилна мешавина на марихуанила (Leonurus Sibiricus), пасифлора (Passiflora - Passion Flower) и канабис е уште еден микс кој неодамна стана доста популарен. Тие имаат мазен и сладок вкус, но не го влошуваат вкусот на канабисот, а хајот се разликува од користењето на конопот самостојно. Ефектот корисниците го опишуваат како зголемена енергија. Има смисла имајќи предвид дека честопати пасифлората се користи со други природни психоделици за истите да се зајакнат и да се продолжат нивните ефекти. Некои луѓе избираат да ја исклучат пасифлората и да ја користат само марихуанилата во мешавина од канабис како замена за тутун. Преферираната температура за да се вапоризира пасифлора е 150 - 160 °C, а за марихуанила е 150 - 175 °C.


Кана



4. КАНА

Каната (Kanna - Sceletium tortuosum) е растение со мали, бели цветови, а потекнува од Африка. Нема многу забележани медицински придобивки за каната, а се користи за анксиозно олеснување, но психоделичните ефекти се добро документирани. Комбинирањето на каната со канабисот може да даде возбудливо надреално чувство, но користењето на премногу кана може да доведе до некои живописни халуцинации и гадење. Мешавината на канабис и кана треба да се вапоризира на температура од 185 - 190 °C за да се почувствуваат полните ефекти од двете билки.


Дамиана




5. ДАМИАНА

Дамианата (Damiana - Turnera diffusa) е грмушка со прилично жолти цветови кои потекнуваат од Јужен Тексас, Мексико и Јужна Америка. Оваа билка главно се користи како стимулант, но исто така е познато дека е моќен афродизијак, кој може да биде добра или лоша работа во зависност од ситуацијата. Оваа легална билка со ефекти слични на оние на канабисот, често се користи како замена или надополнување на прекрасните зелени цветови од канабисот. Вкусот добро се меша со марихуаната и ги подобрува релаксирачките и еуфоричните чувства кои се чувствуваат кога се консумираат. Имајте на ум дека вкусот може да се задржи некое извесно време по употребата. Некои канабис ентузијасти го обожуваат само вкусот на канабисот, па затоа може да го вапоризираат прво канабисот или да користат одделни уреди за секоја билка. Оптималната температура за дамианата, сама или заедно со канабисот е 175 - 200 °C.


Ашваганда
6. АШВАГАНДА

Ашваганда (Ashwagandha - Withania somnifera) е адаптогеничен корен. Адаптоген е медицинска билка која му помага на вашето тело да реагира на стрес. Овој корен се користи во индиската ајурведска медицина и од неодамна расте полупарноста на ова растение и на Запад. Некои студии покажаа дека ашвагандата има анти-анксиозни и антидепресивни својства. Оваа билка е научно докажана спротивност на анти-анксиозните конвенционални лекови лоразепам (Ativan) и антидепресивот имипрамин (Tofranil) кај испитувањата на животни. Истражувањата покажаа дека Ashwagandha има анти-анксиозни и антидепресивни ефекти кои се споредливи со двата лека. Ова ги наведе авторите на студијата да заклучат дека Ашваганда има природен потенцијал како стабилизатор на расположението. Традиционално, билката се користи за борба против замор, недостаток на енергија и тешкотии со концентрацијата, затоа мешањето со канабисот ги помага ефектите на двете билки.


Рузмарин
7. РУЗМАРИН

Рузмаринот (Rosemary - Rosmarinus officinalis), канабисот и црниот бибер - сите содржат терпен наречен бета-кариофилен (beta-caryophyllene - BCP). Неодамнешните истражувања покажаа дека овој терпен се поврзува со канабиноидните рецептори. Поточно BCP се врзува за клеточниот рецептор наречен канабиноиден рецептор 2 (CB2). Овој клеточен рецептор помага во регулирањето на имунолошката функција и воспалението. Постојат и докази дека граничниот премин може да ги ублажи симптомите на депресија и анксиозност. Кога се комбинира со ЦБД, бета-кариофиленот може дури и да помогне во лекувањето зависност. Значи, додавањето на многу рузмарин и црн пипер во мешавината за пушење е одличен начин за засилување на терапевтските ефекти на сите три од овие билки.


Свети бозел
8. СВЕТИ БОЗЕЛ

Оваа билка (Holy Basil - Ocimum tenuiflorum) се нарекува и Тулси (Tulsi). Светиот бозел е уште еден убиец на стресот. Исто така, се смета дека е добар за акните. Можете да направите едноставен екстракт од оваа билка во вид на масло, слично како маслото од канабис. Ова може да се примени локално како третман за акни, што го надополнува ефектот што канабисот го има врз лекувањето на кожата и спречувањето на кожните состојби и проблеми, како мозолчињата. Ако сте повеќе заинтересирани за анти-анксиозните и анти-стресните својства на билкава, треба да знаете дека ова е уште едно растение со корени во индиската ајурведска медицина (Ayurvedic medicine). За светиот бозел е откриено дека ги намалува нивоата на кортизол (стрес хормон) кај животинските модели. Оваа билка, исто така, има потенцијал како антидијабетски природен лек.


Црн кохош
9. ЦРН КОХОШ

Оваа билка (Black cohosh - Actaea racemosa) се препорачува за дамите во менопауза. Канабисот има потенцијал во олеснување на промени во расположението и брановите на топлина за време на менопаузата, а истото важи и за црниот кохош. За оваа билка е познато дека промовира рамнотежа во ендокриниот систем, кој ги регулира хормоните. Таа содржи фитоестроген, за кој се смета дека природно заменува дел од она што е изгубено за време на менопаузалниот период. Најчесто се користи како екстракт, кој можете да го консумирате орално. Канабисот, од друга страна, го подобрува ендоканабиноидниот систем, кој делумно е регулиран со естроген. Значи, земањето на двете билки заедно може да помогне да го направите вашето секојдневно расположение малку повесело и посмирено.


Ехинацеа
10. ЕХИНАЦЕА

Ехинацеата (Echinacea - Coneflower) содржи соединенија кои се слични на CBD кај некои функции. Овие соединенија се нарекуваат N-acylethanolamines (NAEs) и тие комуницираат со ензимот кој ги разложува ендоканабиноидите во телото (природниот канабис на телото, т.е. канабиноидите од човечка природа, наспроти фитоканабиноидите од растението канабис). Ова го подобрува ендоканабиноидниот тон. Одредени N-ацилетаноламини во ехинацеата, исто така, го вклучуваат CB2 рецепторот. Ова се канабимиметички соединенија. Значи дека овие соединенија делуваат како канабиноиди и го ангажираат ендоканабиноидниот систем, па ајде што не ја забраните и ехинацеата?!? Ехинацеата често се користи за обична настинка. Се смета дека ја зголемува имунолошката функција, го намалува воспалението и делува како антиоксиданс. Билката може да има и ефекти на ослободување од болка. Постојат некои прилично моќни соединенија во ова растение. Тие можат да ви помогнат да се релаксирате, да ја намалите болката и воспалението и да го зајакнете имунолошкиот систем за да ја намалите инфекцијата.


Иако е најдобро да разговарате со експерти од алтернативната медицина пред да консумирате преголеми количества лековити билки, инкорпорирањето на повеќе растенија, зеленчуци и овошја во вашиот живот е сигурен начин за промовирање на добро здравје на долг рок. Дали сте користеле некоја од овие билки во комбинација со канабис или самостојно и какви се вашите искуства? Што сте успејале да излечите со нивната употреба? Споделете со нас!


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:





Автор и Уредник, Претседателна здружението 420 Македонија
Моника Ристеска - MoniQue Konopova
Извори: Zamnesia, HERB

Thursday, July 5, 2018

Од искуствата на пациентите: џоинт измешан со ЛАВАНДА е природен и успешен лек против астма

Пациент кој со години своите здравствени проблеми ги решава токму со тоа што се лекува со канабис на различни начини, препорачува дека нема подобар лек за проблемите со дишењето од чист џоинт сролан без тутун, само од сув цвет од канабис измешан со сушена лаванда



Тоа неверојатно и одлично помага при белодробни заболувања, особено кога станува збор за астма и за превентивно прочистување на белите дробови кај здравите лица. Тој сакаше да остане анонимен и тврди дека оваа техника е идеална за хронични пушачи на тутун, кои според него од време на време треба да ги прочистат своите дишни патишта од катранот и останатите токсини од смртоносните легални цигари. Може да се употребат и други билки наместо лаванда за истовремена употреба со канабисот.


СЛУШАЈ ПАТАЛЕЦ, А НЕ ГАТАЛЕЦ!
Нашиот соговорник тврди исто така дека дејството на лавандата е смирувачко, па препорачува ваквиот џоинт дека има најубав ефект врз целокупното здравје доколку е сролан со индика врсти на канабис и се консумира пред спиење по напорниот ден. Општо познато е дека лавандата (Lavandula) е релаксирачка билка. Има пријатен цветен мирис и од неа се прават етерични масла, освежувачи на простории и е одлична билка за ароматерапија и масажа. Сепак, лавандата и канабисот имаат нешто заедничко. Не само што и двете билки може да се пушат, двете изобилуваат со терпенот линалул. Терпен е фенси збор за мирисна молекула на арома. Кога се комбинира со ТХЦ, Linalool-от има потенцијал како мускулен релаксант. 


Кога се комбинира со CBD, линалолот ги зголемува анти-конвулзивните својства на канабиноидот Канабидиол. Сам по себе, линалолот има анти-воспалителни својства. Исто така, ја намалува чувствителноста на болка. Додавањето на малку масло од лаванда може да ги засили релаксирачките, анти-волспалителните и останатите квалитети на маслото од канабис кои делуваат особено против болките. Можете исто така да додадете малку чај од лаванда и активиран цвет и/или лист од канабис и миксот да го употребите како зачин врз вашето омилено јадење, за да ги добиете придобивките од двете билки. Можете да бидете креативни и да си направите чај од двете билки со додавање на млеко за да го извлечете ефектот од активните состојки на канабисот.



Лаванда и нане во џоинт?

Додека вкусовите се многу различни, ефектите се прилично слични. Лавандата е миризливо цветно растение од видот на растението Lamiaceae, попознати како семејство на нане. И лавандата и нането можат да ви помогнат да се релаксирате физички и ментално. Исто така, двете можат да го ублажат чадот и го намалуваат кашлањето, особено кога се пуши од бонг.


Користете ја оваа комбинација пред спиење за да спиете помирно во текот на ноќта и за да ги ползувате благодетите на природно поттикнат континуиран целовечерен сон. Нането најдобро е да се вапоризира на 160 - 175 °C. Кога се вапоризира самостојно, лавандата обично се вапоризира на пониски температури, некаде околу 130 °C. Но, многу корисници на билки ги пушат и вапоризираат заедно со канабисот на повисоки температури и немаат никакви проблеми, а може да ја изгубат само: несоницата, болките, лошото расположение и проблемите со дишењето.





Едуцирај се повеќе:

Органски здрав блант сролан од цветни листови од роза

Сролај џоинт помешан со камилица или лист од коноп, наместо со штетен тутун!

* Како да се откажеш од пушење цигари со помош на ЦБД?

Цигарите го намалуваат IQ-то, а не џоинтите!

Зошто избелените ризли не се најмедицинскиот избор?

Зошто луѓето треба да престанат да ја споредуваат марихуаната со алкохолот и цигарите?


Автор и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Zamnesia, HERBTheodysseyonline