Дејвид е пресреќен дека е жив! |
Пациентот Дејвид Хибит (David Hibbitt) кој преживеа од рак, исто така е основач на фондацијата за поддршка на пациенти наречена David Hibbitt Foundation, откако се излечи со помош на канабисово масло. Овој 33 годишен Британец од Силвердејл беше дијагностициран со рак на дебелото црево во трет стадиум во јули 2012 година и помина радиотерапија и хемотерапија пред да има операција во март 2013 година
Но, кога лекарите му кажаа на таткото на Дејвид дека канцерот се вратил и беше терминален, Дејвид одлучи да прекине со смртоносната хемотерапија и започна да користи канабисово масло, затоа што сфати дека само во црната леплива смола од цветовите на канабисот се наѕира надежта дека тој не само што може да се спаси од прераната смрт, туку и да има нормален и здрав живот. Дејвид сфати дека ниту еден закон не може да го оспори неговото право да се излекува дури и на нелегален начин и дека неговото здравје е исклучиво во негови раце. Тој немал што да изгуби, бидејќи лекарите ја „предвиделе“ неговата сигурна смрт.
Хемотерапијата ќе го уништеше ова семејство! |
Сепак, „високообразованите“ и „интелигентни“ лекари не се гатачи и предвидувачи на иднината. Тие исто така немаат доволно верба дека едно обично растение може да биде посилно од сите синтетички лекови за кои учеле цела деценија на факултет. Откако Дејвид доби потврда од лекарите дека сега е 100% излечен од ракот, Дејвид сака да создаде мрежа за поддршка на пациентите со канцер кои бараат алтернативни лекови, вклучувајќи и канабисово масло.
„Кога ми беше кажано дека имам терминален рак, јас не можев тоа да го прифатам. Јас бев во моите рани триесетти и имав син за кој требаше да размислувам, па затоа одлучив да пробам алтернативни решенија“ - истакнува Дејвит Хибит. „Неколкумина веќе ми сугерираа да користам канабисово масло, па решив да направам истражување пред да одлучам да му дадам зелено светло“ - додава тој.
Дејвид сака сите да знаат за канабисот |
Дејвид бил повеќе од скептичен и тој не прекинал веднаш со хемотерапијата што полека го убивала. „Јас земав многу мали количества на почетокот паралелно со хемотерапијата, но почнав да ги прескокнувам терапиите поради разни причини“. Сите пациенти со терминални болести сакаат последните денови од животот да им бидат убави и да немаат страшни болки и гадења. Секој човек заслужува достојна смрт, наместо смрт во агонија и под дејство на тешки легални дроги! „Кон крајот на август јас чувствував дека всушност хемотерапијата ми правеше да се чувствувам лошо. Мислев дека ако умрам, јас не сакам да се чувствувам волку болен, па затоа одлучив да ја прекинам“.
Ракот е осуден на сигурна смрт! |
Дејвид сака да им помага на сите со иста и слична ситуација како неговата со совети, насоки, препораки и поддршка. Сепак, тој е реален и не сака луѓето да мислат дека канабисот е магичен лек, туку дека едноставно е само еден и до сега најдокажано ефикасен природен и безбеден лек покрај многуте други алтернативни лекови за канцер.
НАДЕЖТА ПОСЛЕДНА УМИРА!
„Фондацијата ќе има група за поддршка во која ќе може потполно бесплатно да се членува и таа ќе биде место каде што луѓето ќе можат да примаат совети, како и да разговараат меѓусебно за своите искуства. Поентата е на луѓето да им се даде малку повеќе надеж“.
59-годишниот пациент Гери Картлиџ (Gary Cartlidge) од Басфорд рече: „Ми беше дијагностициран терминален канцер во oктомври 2014 и лекарите ми дадоа само од три до шест месеци живот. Јас започнав да користам канабисово масло пред 12 месеци и се` уште сум тука. Тоа што го прави Дејвид е презначајно бидејќи постојат многу луѓе на кои им е потребна помош, а не знаат каде да се обратат за совет околу алтернативното лекување“.
No comments:
Post a Comment