Најголемата поврзаност помеѓу акупунктурата и марихуната е тоа што и двата начини на лекување се неконвенционални и нашироко негирани од страна на „стручните“ медицински професионалци. Сепак, денешната развиена медицина која смета дека има одговор на секој проблем, не е во состојба да одговори на многу медицински мистерии. Друга сличност е тоа што и двата природни начини на лекување не само на болките, се применуваат низ илјадници години и има толку многу задоволни пациенти ширум светот и покрај отпорот од страна на лекарите
Која е најголемата врска помеѓу употребата на канабис и (електро)акупунктурата? Овие две работи не биле споредувани се` до пред две години, кога група на истражувачи од Универзитетот Shanghai Jiao Tong во Кина дојде до одговорот. Оваа студија била финансирана од грантови од Националниот основен програм за истражувања во Кина, Националната природна научна фондација во Кина, Шангајскиот водечки проект за академска дисциплина, Шангајската општинска природна фондација за наука и познатиот шангајски TCM академски истражувачки проект.
Ова откритие објавено на страницата на Американскиот национален институт за здравје (National Institutes of Health), покажува како електроакупунктурата (електрична верзија на традиционалната акупунктура користена за третирање на болките), функционира на тој начин што ја зголемува активноста на природните соединенија во телото кои имаат својство да ги сузбиваат болките. Тие природни телесни „лекови против болки“ се нарекуваат ендоканабиноиди!
Оваа група на молекули, ја нема само во човечкото тело, туку ја има како во канабисот, така и кај сите `рбетници (цицачи). Нашето тело едноставно некогаш не е во можност да излачи доволно сопстени канабиноиди за да се справи со разни стресни и трауматски ситуации во телото, па затоа имаме потреба од внесување на екстерни канабиноиди од растението канабис. Да не ни беа потребни канабиноидите немаше да имаме ендоканабиноиден систем. Денес веќе е општо познато дека многу од болестите настануваат токму поради недостаток на канабиноиди во текот на животот.
Канабиноидите дејствуваат на болките со тоа што дејствуваат на конкретните рецептори во телото. „Поранешните студии покажуваат дека канабиноидните рецептори CB1 се одговорни за ослободување од болки“ - велат научниците. Научниците исто така тврдат дека тие не биле први кои докажале дека акупунктурата предизвикува зголемување на телесните канабиноиди. „Според најновите извештаи од зборникот American journal of Nature Neuroscience, откриено е дека акупунктурата предизвикува човечкото тело да излачува природни состојки против болки“ - додаваат тие.
Користејќи стаорци со артритични болки, научниците открија дека повторувањето на акупунктурата резултирало со зголемување во канабиноидните рецептори во делот од мозокот наречен стриатум. Ова откритие се комплицира со фактот што стриатумот е преполн со допамински клетки. Претходните студии потврдија дека употребата на марихуана исто така може да го зголеми допаминот. Оваа студија со акупунктурата го докажува истото. Електроакупунктурата исто така довела до зголемување во допаминските рецептори, но дали допаминот играл улога во ослободувањето на болките не беше јасно.
Она што беше јасно и очигледно е дека стаорците имале многу помалку болки по третманот со електроакупунктура - третман за кој авторите велат дека е одобрен од страна на Светската здравствена организација - СЗО за повеќе од 40 здравствени проблеми. Доколку канабиноидите се причина зошто акупунктурата функционира за болки, крајно време е СЗО да ја одобри и употребата на марихуана која е крајно побезбедна од акупунктурата. Акупунктура смеат да вршат само добро обучели лица. Секоја грешка може скапо да го чини пациентот на пример со доживотна парализа. Додека марихуаната може да ја користи секој без да мора да се сомнева дека може нешто да му се случи. Канабисот произведен во домашни услови е 100% безбеден за употреба!
No comments:
Post a Comment