Неколку совети од NORML како успешно да го надитрите законот
Тестовите за урина се способни да детектираат присуство на марихуана 1-5 дена по случајната повремена употреба, 1-3 недели кај редовните корисници и 4-6 недели кај лицата кои користат марихуана неколку пати во денот. Исто така, лошата страна кај овие тестови е тоа што тие само го детектираат присуството на метаболичките остатоци од канабисот, а не и на психоактивните елементи и исто така, не можат да одредат колку некој е под дејство.
Задржувањето на THC кај секого е различно и зависи од многу фактори како телесна тежина и дебелина. |
Генералната стратегија за негативен резултат на тестот за урина е да се зголеми внесот на течности особено вода и почесто да се уринира, особено два часа пред тестирањето. Пожелно е да внесувате повеќе течности неколку дена пред тестираето и да го забрзате метаболизмот со повеќе вежбање, за побрзо исфрлање на метаболитичките остатоци од канабис. Препорачливо е да не ја дадете за тестирање првата утринска урина, бидејќи метаболитите во системот пловат повеќе за време на сонот.
Некои лаборатории можеби нема да ви го прифатат примерокот поради разреденоста на урината - преголемата количина на вода и проѕирноста на урината. Затоа може да консумирате поголема доза (50-100 мг) од витаминот Б2 што го има во Б-комплексот за урината да добие жолтеникава боја. Можете да го поттикнете исфрлањето на течности со земање на диуретици (кафе, чај и сок од брусница итн) за поттикнување на мокрењето. Чаевите за прочистување на урината се добредојдени, како Увин.
Чувајте си „чиста“ урина. Доколку можете да подметнете примерок од ваша сопствена или туѓа чиста урина (после соодветна пауза од користење канабис), имајте предвид дека температурата на урината кога ќе ја предаватe треба да соодветствува на температуара на урината што би ја предале веднаш по мокрењето.
NORML (National Organization for the Reform of Marijuana Laws) е Американска национална организација за реформи на законите за марихуана. Мисијата на NORML е подобрување на јавното мислење кон легализација на одговорната употреба на канабис од страна на возрасните лица, но и адвокат за сите корисници во обезбедувањето на пристап до висококвалитетна марихуана која е безбедна и со пристапна цена.
Додека NORML е противник на користење на дроги за време на работата, а 420Macedonia е противник на користењето на дроги воопшто, ние исто како и NORML сметаме дека никој не смее да биде приморан да изврши тестирање на крвта или урината, особено кога се работи за марихуаната, бидејќи таа е лековито растение, а не дрога. Сметаме дека тестовите ја нарушуваат приватноста и не ја мерат моменталната нарушеност, туку минатата употреба. За поуспешна проверка дали некој во моментот е во работна состојба, наместо тестови за присуство на хемиски остатоци од марихуана во метаболизмот, треба да се спроведуваат тестови за моментална концентрација и брзина на реакции со едноставна компјутерска видеоигра.
Во самоодбрана покрај можноста за покревање на соодветна правна постапка, најдобрата одбрана против анализата на урината и крвта е да се биде чист. За жал ова е малку комплицирано кога некој секојдневно сака или мора да користи марихуана за справување со некој здравствен проблем. Исто така, работодавците треба да знаат дека ваквите тестирања само им внесуваат непотребен стрес на вработените и со тоа ја намануваат продуктивноста. Ниту една научна студија не потврдила дека тестирањата за присуство на марихуана и дроги ги прават работниците попродуктивни, ниту пак некако придонесуваат. NORML тврди дека случајните тестирања може да поттикнат употреба на дроги кои се поретко или воопшто тестирани како кокаин, халуциногени дроги или опијати, поради тоа што во системот се задржуваат многу пократко од канабисот - 2-3 дена. Исто така, речиси воопшто не се спроведуваат тестирања за присуство на алкохол, што е најзлоупотребуваната психоактивна и токсична супстанца дури и на работното место.
Тестот не ја мери моменталната работоспособност |

No comments:
Post a Comment