Tuesday, January 26, 2016

Научна студија потврди дека Опсесивно-компулсивното нарушување се лекува со CBD

Бразилските научници го истражуваа влијанието на канабиноидот Канабидиол (CBD) врз Опсесивно-компулсивното нарушување (obsessive-compulsive disorder) на англиски познато како OCD


Канабисот ги смирува пациентите со OCD!
Како што е веќе општо познато, марихуаната од многу одамна се користи за лекување на разновидни анксиозни нарушувања, без да има негативни последици врз целокупното здравје на пациентот. Исто така оваа билка не влијае негативно врз развојот на мозокот како што до неодамна се лажеше наоколу. Напротив! Канабисот ја поттикнува неврогенезата. Токму CBD-то има огромен анти-анксиозен и анти-депресивен потенцијал, а воедно не е психоактивен канабиноид и претставува антидотум на дејството на канабиноидот Тетрахидроканабинол (THC). Вториов пак, има веќе одамна докажан анти-канцероген потенцијал, што значи дека растението канабис го има најсоодветниот сооднос на овие состојки - потребен за да излечи било какво заболување и затоа треба да се легализира целото растение, а не синтетичките деривати направени од него во епрувета!

Пациентите со OCD се измачувани од опсесивни мисли и грижи коишто се основа за појава на анксиозност, а потоа и депресија кај најтешките случаи. Единствениот начин да се спречи анксиозноста кај нив е да се спречат компулсивните однесувања. Како размислуваат овие лица? Епа, вака... На сите ни се случило нешто да заборавиме во брзање пред излегување на работа или пак, да мислиме дека сме заборавиле. На пример на сите ни се случило во брзање да заборавиме да ја заклучиме вратата од куќата/станот. Повеќето се во состојба да продолжат со денот и да не `и даваат големо или никакво значење на таа грижа, што може да не` извади тотално од фокус од она што го правиме во моментот. Пациентите со OCD размислуваат многу поинаку. Тие нема да можат да седат мирни се` додека не се вратат дома за да проверат дали вратата навистина е заклучена. Слично е и со миењето раце. Овие луѓе рацете ги мијат по 100 пати во денот, бидејќи имаат параноја дека не им се чисти и дека им се преполни со бактерии. Или пак, се` во домот мора да им е наредено под конец и ништо не смее да биде изместено од зададениот редослед од страна на заболениот. Овие луѓе патат од непотребен стрес, а стресот како што сите знаеме лачи кортизол и предизвикува рак и срцеви болести...

Конвенционалната медицина луѓето со OCD ги лекува со хемиски соединенија, поточно со тешки антидепресиви (ЛЕГАЛНИ ДРОГИ ШТО СОЗДАВААТ ЗАВИСНОСТ), како што се селективните инхибитори на серотонин (selective serotonin re-uptake inhibitors - SSRIs) и сл. како што се: Прозак, Хелекс, Асентра, Дијазепам, Лексилиум и др. Овие „лекови“ пациентот само го прават редовен клиент, а во суштина не му помагаат да се справи со психолошкиот проблем што го мачи. Токму за да им се помогне на овие луѓе, истражувачки тим од Катедрата за фармакологија при Универзитетот од Сан Паоло, предводена од страна на Д-р Франсиско Гимареис (Francisco Guimarães), уште пред две години објави научна студија во зборникот Fundamental & Clinical Pharmacology којашто го испита влијанието на канабисот, поточно на Канабидиолот кај овие пациенти.

Оваа слика е вознемрувачка за лицата со OCD :)
Истражувањето се состоело од следново: тие најпрво им давале на заморчињата Meta-chloro-phenyl-piperazine (mCPP) - психоактивна дрога што најчесто ја има во екстазите. Познато е дека оваа синтетичка супстанца ги индуцира нападите на паника кај оние коишто се склони да ги имаат и воедно симптомите на OCD ги прави уште полоши. Студијата понатаму докажа дека токму mCPP ги инхибира анти-компулсивните ефекти на SSRI. Откако mCPP им било дадено на испитаниците, научниците спровеле тест за да ја проверат OCD активноста. Според студијата ниту ниските, ниту високите дози од дрогата не давале забележителни разлики во анксиозните однесувања кај глувците.

Опуштете се со канабис -
нула смртни случаи во историјата!
Вториот етап од студијата било тестирањето на дејството на канабисот. Научниците им дале на испитаниците две различни нивоа на Канабидиол и тоа 30мг/кг и 15мг/кг и потоа го тестирале опсесивно-компулсивното однесување кај секој стаорец одделно. Шокантно било тоа што дури и малите дози на CBD го намалиле анксиозното однесување без промена на целокупното ниво на активност. 

Без разлика што клиничките студии допрва треба да се спроведат, ние на сите лица со OCD им препорачуваме да се само-лекуваат со канабис, да ја најдат соодветната врста за нив со пробување, по пат на пушење или вапоризирање за инстантен ефект. Сативите имаат поголем процент на CBD. Секој пат пробувајте најпрво да се излечите по холистички пат, на природен начин, а на лекар одете кога тоа е неизбежно! 


Запомнете:

1. Подобро е да спречиш, отколку да лечиш!
2. Канабисот не е дрога, туку лек, како за болните, така и за здравите!
3. Само за лицата со OCD - откако ќе престане да ви пречи лошо сроланиот џоинт, знаете дека веќе немате опсесивно-компулсивно нарушување :)


No comments:

Post a Comment