Консумирањето канабис во бременоста е безбедно |
Пушењето канабис за време на бременоста им помага на мајките кога имаат гадење. Научниците открија уште еден неверојатен ефект од марихуаната со кој исто така потврдија дека користењето канабис воопшто не е штетно за време на бременоста. Напротив, канабиноидите им користат како на идните бебиња, така и на идните мајки. Пушењето канабис за време на бременоста им помогна на децата од Нов Зеланд да се понапредни во еден аспект од развојот на мозокот. Децата на мајките љубителки на канабис имаат подобар вид!
Тимот од Универзитетот во Окленд ги објави нивните наоди пред неколку месеци во зборникот Nature: Scientific Reports. Истражувани беа ефектите од фетална изложеност на рекреативни дроги, особено на визуелните области од мозокот. Истражувачите откриле дека пренаталната изложеност на канабис била од голема корист за глобалната перцепција на движење, односно биомаркерот за визуелен невролошки развој во предучилишната возраст. Се покажа дека децата изложени на канабис уште пред да се родат, биле скоро 50% подобри од останатите во овој поглед на развој на мозокот. Пиењето алкохол пак, имало потполно спротивен ефект.
Авторот на студијата Ариџит Чакраборти (Arijit Chakraborty) објави дека изложеноста на алкохол и марихуана немала никаков ефект. Ова докажува дека марихуаната има контра ефект на штетното дејство од алкохолот. Она што е исто така доста интересно да се потенцира е непостоењето на никаква разлика во глобалната перцепција на движење помеѓу децата изложени на канабис и алкохол и децата неизложени на супстанци.
Кликни на сликата! Од студијата спроведена во Јамајка. |
Тимот ја мереше глобалната перцепција на движење (тест што вклучува специфични области од мозокот) кај 170 дечиња од предучилишна возраст. 145 од четиригодишните испитаници биле изложени на разни комбинации од супстанци пред раѓањето, додека 25 не биле изложени воопшто. Помеѓу детектираните супстанци биле: Канабис 40%, Алкохол 56,4%, Метамфетамин 44,2% и Никотин 75,2%. Повеќето од децата, поточно 81,3% биле изложени на повеќе од една супстанца.
„Ефектите врз визуелниот развој се зависни од специфичната употреба на дроги користени за време на бременоста“ - рече Чакраборти кој предложи разгледување на добиените резултати за превенирање на ефектите од феталниот алкохолен синдром. Експертите потврдуваат дека опасностите од консумирање алкохол за време на бременоста се научно докажани. „Ние знаеме дека од сите дроги алкохолот се покажа како најопасен“ - истакнува Кристин Роуган (Christine Rogan) од Fetal Alcohol Network. Таа додаде дека бремените не сфаќаат дека пијат премногу.
Истражувачите не препорачуваат да се започне со консумирање на канабис како антидотум на алкохолот, туку да се престане со пиење алкохол. „Ние им препорачуваме на мајките како прво да престанат да пијат, наместо да пробуваат марихуана, се` додека дополнителни истражувања не го појаснат и ова прашање“ - рече Чакраборти.
No comments:
Post a Comment