Showing posts with label дете. Show all posts
Showing posts with label дете. Show all posts

Saturday, January 19, 2019

CannaPaed Symposium 2019 - следната недела во Словенија!

Симпозиумот CannaPaed 2019 ќе се одржи во Љубљана - Словенија поточно во петок, 25 јануари 2019 година во Хотел Union, со почеток во 9:00 часот, кадешто ќе се зборува за лекување на специфични детски болести со помош на канабис


Ова научно советување е наменето за сите кои се грижат за деца со фармакорезистентна епилепсија, како и за деца со други медицински состојби, како што се дистонија, аутизам или рак, кои би можеле да имаат корист од третманот со лекови добиени од канабис. 

Поканетите говорници и експерти во областа ќе ви ги претстават основите на ендоканабиноидниот систем, начинот на дејствување и важноста на различните видови канабис за различни болести во педијатријата.

Симпозиумот е наменет за оние кои се грижат за децата, започнувајќи од оние кои допрва се обучуваат, па сè до оние оние со долгогодишно искуство. Деталите за овој настан, листата на говорници, како и информации за контакт со организаторите, можете да ги дознаете на официјалната веб страна.


Регистрација:


Програма:


Уредник и новинар: MoniQue Konopova

Friday, September 28, 2018

Дозирање на домашно масло од канабис кај деца и почетници

Редовно нè прашуваат како најдобро да се воспостави безбеден терапевтски режим за дозирање на канабисово масло за педијатриски пациенти. По многу обиди и грешки, информации од многу сигурни извори и истражувања, консултирајќи се и со еден интересен блог на искусен родител кој сопственото дете го лекува со канабис, сега можеме да дадеме добра препорака за тоа како да се започне кај децата па дури и кај домашните миленици!


До сега имаме зборувано за тоа како најдобро да се третираат постарите канабис пациенти. За почеток: 1 грам од целосен екстракт масло од канабис со целосен спектар (домашно подготвено) треба да се измеша во 20 грама органско, ладно цедено вирџин кокосово масло. Мешањето може да се направи на многу ефикасен и лесен начин. Загрејте го најпрво кокосовото масло на тивок оган, кокосовото масло има ниска точка на топење од 76 степени Целзиусови, затоа е неопходно средно или високо ниво на топлина. Кога маслото од кокос е во течна состојба, претурете ја смесата во два од 10 ml орални чисти шприцеви. Ќе добиете 20 грама кокосово масло подготвено за понатамошна употреба. Ова не е сè...



Стиснете го кокосовото масло во мала тегла за конзервирање потопена во вода на тивок оган, целата постапка можете директно да ја правите и во чисто ѓезве на рингла. Од шприцот со маслото од канабис, (најчесто маслото од канабис доаѓа претходно спакувано во 2 ml - 10 ml орални шприцеви), инјектирајте 1 ml канабисово масло во 20-те мл од течното кокосово масло (најпрво шприцот со масло од канабис стоплете го за да може лесно да го истиснете густиот екстракт). Промешајте неколку минути на тивок оган, кога кокосовото масло е целосно заситено и измешано со маслото од канабис, кана-кокосовата смеса ќе стане светло зелено-килибарно-кафена. Ова се случува кога канабиноидите се врзуваат за мастите од кокосовото масло. Наполнете чисти шприцеви од комбинацијата Canna-Coco.


Ова разредување ќе даде сооднос од 1/20g масло од канабис по грам од мешано кокосово масло. Во суштина, ова скоро ги поништува шансите за „предозирање“ каде потенцијално може да се појават несаканите ефекти од канабисот, како преголема еуфорија или пресилен седативен ефект. Ова предозирање не е штетно во секој случај или токсично, меѓутоа многу непријатно за неискусен пациент. Со ваква мешавина можете да си направите и кана-капсули. Продолжете со рутината, давајте 2 или 3 пати на ден, додека не се утврди забележлива толеранција или сте подготвени да ја зголемите дозата, по можност по една недела кај децата со не многу сериозни здравствени состојби, кога не мора многу да се забрзува шемата (кога не станува збор за посериозни форми на канцери, во тие случаи дозата се дуплира на секои 4 дена).


Разни медиуми за растворање на канабисово масло
Втората недела или кога сте подготвени, намалете го разредувањето на 1/10g со мешање на маслото од канабис од 1g во 10г кокосово масло. Ова сигурно ќе го зголеми дозирањето. Воведување на повеќе терапевтски канабиноиди во системот е добредојдено. Оваа доза земена два пати на ден, ќе ја зголеми сатурацијата на 2g масло од канабис на ден! Продолжете со намалување на разредувањето и зголемување на внесот на канабис во текот на следните две недели - кон крајот на првиот месец 1 грам на ден масло од канабис треба да се толерира без никаков проблем и да се консумира за да се промовира целосен третман на проблемот, особено кога се работи за канцери. Не го ограничувајте пациентот на еден грам дневно ако е во тешка здравствена состојба, многу успешни приказни за масло од канабис вклучуваат консумирање на 2 грама и повеќе дневно низ подолг временски период, подолг од 3 месеци.


Овој распоред на дозирање не треба да се применува строго за педијатриски пациенти во сите ситуации, исто така може да се користи за започнување на канабиноидна терапија кај новороденчиња, како и постари и немоќни пациенти. Кокосовото масло не е единствениот медиум што може да се користи, може да се употреби: маслиново масло, масло од грозје, масло од коноп, какао путер, шеа путер и други, исто така, успешно се употребуваат за натопување и разредување на маслото од каннабис за дозирање, а некои од овие медиуми се употребуваат и за изработка на канабис супозитории (чепчиња). „Јас секогаш препорачувам избегнување на употреба на ГМО растителни масла, како што се соја, пченка, канола и општо растително (сончогледово) масло“ - вели овој татко.


Според овој паталец, општата употреба на маслото од канабис започнува со создавање на силна толеранција кон големи дози на ТХЦ, со цел да се насочат кон третирање на одредени болести. Препорачуваме употреба на масло од канабис за следното: Хронична болка, мигрена, гадење, грчеви, дијабетес, артритис, Синдром на иритирани црева (IBS - Irritable bowel syndrome), Кронова болест, Мултиплекс скплероза, Лупус, Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, аутизам, цистична фиброза, леукемија и други видови на рак, лезии, модринки, брадавици, бемки, егзема, псоријаза, изгореници, скршени коски, спортски повреди, мускули оштетувања, изгореници, нарушувања во исхраната, висок крвен притисок и пореметувања во спиењето итн... Кај секое заболување вреди да се проба - нема што да изгубите, може само да си го подобрите сонот и квалитетот на животот. „Имавме успех со сите овие состојби и продолжуваме да ги гледаме позитивните резултати кај многу други пациенти со применување на органско кокосово масло. Ова е одличен начин да започнете терапија со канабис“ - вели таткото, авторот на блогот.

Новинар: Кристина Т.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: CannaDad's Blog

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:









Sunday, September 23, 2018

Дете од Санта Роса може да користи лек од канабис на училиште

Во Северна Калифорнија, Санта Роса едно малечко девојченце од предучилишна возраст може да продолжи да го носи својот лек на база од канабис за време на наставата во детската градинка од нејзиното јавно училиште

Малата Брук го користи својот конопен лек!
Во саботата беше објавено дека судијата одлучил во корист на 5-годишната Брук Адамс (Brooke Adams), за која веќе опширно пишувавме на нашиов блог. Таа го користи лекот од канабис како итен третман за смирување на нејзините конвулзивни епи-напади поради ретка форма на епилепсија. Униското училиште од Долината Ринкон во Санта Роса (The Rincon Valley Union School District in Santa Rosa) се обиде да го забрани лекот на територија на училиштето. Тоа тврдеше дека лекот го крши федералниот закон. 


Детската употреба на медицинска марихуана со препорака од лекар е легална во Калифорнија. Но, сите форми на употреба на марихуана остануваат нелегални според федералниот закон. Од секое правило постојат исклучоци! Привремената наредба на судијата ѝ дозволува на Брук да започне со школување во август, додека биле разгледувани приговорите на округот. Медицинска сестра ја придружува Брук на училиште и мора да го примени маслото од канабис три пати за да ги лекува нападите.

Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Kron4

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:




Friday, September 7, 2018

Студија: Медицинската марихуана може да помогне кај проблемите во однесувањето на децата со аутизам

Израелските научници открија дека медицинскиот канабис е корисен во ублажувањето на проблемите во однесувањето кај децата со аутизам. Студија спроведена од д-р Ади Аран (Adi Aran), директор на детска неврологија во болницата Shaare Zedek во Ерусалим, покажа дека 80 проценти од учесниците забележале намалување на проблематичното однесување и подобрување во комуникациските способности


Како беше спроведена студијата?

За оваа студија веќе пишувавме на нашиот блог, сега сакаме да дадеме дополнително појаснување за неа бидејќи сметаме дека е од суштинско значење. Резултатите за прв пат беа објавени во април. Студијата на д-р Аран покажува дека терапијата со Канабидиол или ЦБД може да го подобри животот на децата кои имаат аутизам. Израелската студија објави дека ЦБД може да ја подобри сигнализацијата во мозокот и затоа треба да се користи како потенцијален третман за аутизам. Шеесетина деца биле тестирани во студијата со просечна возраст од 12 години, според Neurology Medical Journal. Студијата се фокусираше само на децата кај кои редовната терапија со лекови немаше ефект. Децата беа третирани со масло од канабис со 20 проценти ЦБД и 1 процент ТХЦ, главната психоактивна состојка во марихуаната, поради меѓусебниот придружен ефект на активните состојки, што докажува дека синтетички изолираните екстракти не се ефикасни. Третманот траеше најмалку седум месеци, а родителите ги пополнуваа прашалниците преку кои ја оценија состојбата на нивните деца на крајот на пробниот период.


Позитивни резултати

Резултатите од прашалниците покажуваат дека 80 проценти од родителите пријавиле намалување на проблематичното однесување. Во исто време, 62 % рекле дека однесувањето на нивните деца значително се подобрува. Каj половина од децата забележано е подобрување во нивото на комуникација, а 40 проценти забележале подобрување во нивниот систем на анксиозност, иако 33 отсто од децата немале симптоми на анксиозност пред да започне студијата. „Резултатите се охрабрувачки, но ние треба да продолжиме да ги истражуваме ефектите на канабисот врз аутизмот во клиничките испитувања“ - рече д-р Аран. Сите родители на децата, со исклучок на еден, сакале да продолжат со терапија со канабис откако ќе заврши студијата, вели истражувачот. Други досегашни истражувања, исто така ги поддржуваат израелските резултати од студиите.


Повеќе студии откриле медицинска корист од ЦБД

Во 2010 година во O'Shaughnesy's клиничко списание за канабис претставен е случајот на мајката која на својот син со аутизам му даде Маринол, кој содржи синтетички канабиноид. Според написот на д-р Лестер Гринспун (Lester Grinspoon), синтетичкиот препарат Маринол имал позитивен ефект врз однесувањето на синот, а жената подоцна го заменила овој третман со природна медицинска марихуана и забележала уште позначителна позитивна промена во начинот на кој дејствувал природниот лек во намалувањето на неговата агресија. Ова потврдува дека екстрактите од органско потекло не им се рамнат ни до петици на синтетичките препарати. Според статиите напишани од Bhismadev Chakrabarti, Antonio Persico, Natalia Battista и Mauro Maccarrone, можеме да заклучиме дека ендоканабиноидниот систем е поврзан со одговорноста за социјална награда, нервниот развој, циркадниот ритам (circadian rhythm) и симптомите поврзани со анксиозноста, што го прави канабисот извонреден лек во терапијата кај аутизамот. ЦБД е познато дека ја стимулира активноста на CB1 и CB2 рецепторите, но и останатите рецептори кои го сочинуваат ендоканабиноидниот систем.
 
 
Ефектите на ЦБД кај аутизмот се испитуваат и во други студии 

Други студии би можеле да го забрзаат развојот на терапиите базирани на ЦБД. Во април, истражувачите од Универзитетот во Калифорнија Сан Диего, ги започнаа клиничките испитувања за ефектите на ЦБД кај аутизмот. Студијата вклучува 30 деца на возраст од 8 до 12 години. Целите се да се утврди дали ЦБД е безбедна и толерантна состојка и дали помага при симптомите на аутизмот? Во студијата, исто така, ќе се испитува како CBD ги менува активностите на мозочните бранови, невротрансмитерите и мозочното поврзување и ќе се испитува дали биомаркерите на невро-воспалението се засегнати од CBD.


Центарот за медицински канабис и истражување (Center for Medicinal Cannabis Research) на универзитетот по медицина од UC Сан Диего (UC San Diego School of Medicine) доби 4.700.000 $ од Фондацијата РRay and Tye Noorda за целите на студијата. Ова претставува најголема приватна донација која е направена за истражување на медицинската марихуана. Медицинскиот центар Montefiore и NYU Langone започнаа клиничко испитување оваа година, вклучувајќи деца на возраст од 5-18 години. Студијата ја предводат д-р Ерик Холандер (Eric Hollander), клинички психијатар во Медицинскиот центар Монтефиоре (Montefiore) и д-р Орин Девински (Orrin Devinsky), директор на Центарот за сеопфатна епилепсија NYU Langone’s Comprehensive Epilepsy Center. Д-р Холандер и д-р Девински најпрво ќе ги проучат ефектите на канабиноидот канабидиварин врз 100 деца, а потоа ќе преминат на уште едно истражување во NYU центарот, кое ќе го проучува ефектот на ЦБД.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:






Новинар: Кристина Т.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Benzinga

Tuesday, September 4, 2018

Очајна мајка во потрага по лек за својот син го довела на пазарот првиот легален лек со канабис

Првиот лек со екстракт од канабис ќе се појави во аптектите оваа есен. Лекот Epidiolex, направен од чист Канабидиол или CBD, активна состојка пронајдена во канабисот, е одобрен за два ретки вида на епилепсија. Сем сега има 17 години, а веќе 2 години е сосема ослободен од болеста и живее без напади благодарение на лекот


За пристигнувањето на лекот во аптеките е заслужно едно семејство кое барало лек за својот син кој страдал од епилепсија. Администрацијата за храна и лекови во јуни конечно го одобри овој лек за лекување на две ретки и сериозни форми на епилепсија, синдромот на Ленокс-Гастау и Драветовиот синдром, кои започнуваат во детството, но можат да продолжат и во зрелоста. Но, испитувањето на CBD, кое не ги предизвикува истите ефекти врз мозокот како THC-то, примарната психоактивна состојка на марихуаната поради која најчесто е консумирана рекреативно, е многу тешко поради ограничувањата за употреба на канабисот во истражувањата. Сепак, семејството на Сем Вогелштајн (Sam Vogelstein) и неговите лекари пронашле начини да се справат со ваквите ограничувања, поради борбата за спречување на неговите напади.


Нападите на Сем започнале во 2005 година, на негова 4-годишна возраст. Тоа е момент кој неговата мајка Евелин Нусенбаум (Evelyn Nussenbaum), никогаш нема да го заборави. Семејството се збогуваше со нивниот пријател, кога Сем одеднаш паднал. По два месеци, Сем повторно имал напад и од тогаш, нападите продолжиле да се појавуваат секоја седмица. На крајот, тој се справувал со 100 напади дневно. „Во најлош случај, нападите се јавуваа на секои 3 минути“ - изјавува мајката на Сем. Тој беше дијагностициран со миоклонична епилепсија, која се карактеризира со губење на способноста за реагирање, а потоа и со тешки грчеви. Нападите биле кратки, но и опасни. Во мозокот на Сем се случува замаглување кое трае од 5 до 20 секунди, доволно за тој да падне по скалите, на лицето или пак, да си ја удри главата во прозорецот. „На голем дел од тоа не се сеќавам“ - изјавува Сем. Тој се сеќава на сите лекови кои докторите му ги препорачале. Некои од нив накратко помагаат. Други пак, предизвикуваат халуцинации, црвенило на кожата и неконтролиран бес. „Сем е нежна личност“ - вели мајка му. „Му дававме лекови и тој стана агресивен, а потоа започна да удира и други деца. Си мислев, ох, ова не е моето дете“ - изјавува таа.


Повеќе од 3,4 милиони Американци имаат епилепсија, според Центарот за контрола на болести и превенција. Но, докторите сè потешко се справуваат со оваа болест. Сем се мачеше да чита, да пишува, да решава математички задачи, додека пак, мајка му забележуваше како тој сè повеќе и повеќе заостанува во училиште. Животот на Сем навистина станал тежок. „Беше страшно. Често плачев во купатилото или пак, седев во својата кола и викав“ - вели мајката на Сем. Во 2011 година Евелин прочитала за истражување за нападите извршено врз стаорци. Истражувачите успешно се справиле со нападите со помош на CBD. „Си помислив, тоа му е навистина потребно на мојот син“ - истакнува таа. Но, пред 7 години, чисто CBD беше многу тешко да се пронајде. Од тогаш, многу држави ја легализираа медицинската марихуана и CBD е достапно во аптеките и на Интернет, но сè уште е класифицирано како дрога и е нелегално според законот.


Таа се приклучила на едно друштво за епилептичари. Групата се обидувала да направи свое CBD масло. Сем реагирал одлично на маслото, но потоа неговите напади повторно се појавиле. „Кога го тестиравме маслото, во него немаше CBD“ - изјавува Евелин. Потоа семејството на Сем се обиде да направи свое масло со ЦБД. Овој процес предизвикал да се рашири миризбата во нивната околина. „Зборувавме за тоа што би се случило доколку не уапсат и си помислив, добро, уапсете ме!“ - додава таа. Конечно, мајката на Сем открива една британска фармацевтска компанија која произведува масло со висока концентрација на ЦБД. По барање на семејството на Сем, компанијата се согласила да му дозволи на Сем да го испроба лекот, под лекарски надзор кој траел две недели. Кратко потоа, семејството заминало во Лондон. „По само еден ден, неговите напади се намалија од 100 на 30, а по вториот ден, тој страдаше од само 10 напади дневно. По третиот, тој имаше само еден напад“ - раскажува мајката на Сем. Момчето не претрпи никакви несакани последици. 


Но, во САД, родителите на Сем мораа да пронајдат начин за да продолжат да го добиваат лекот. Тие стапија во контакт со одговорните институции со барање Сем да го користи лекот. По четири месеци и еден куп документации, на Сем му беше дозволено лекувањето. Тој беше првиот пациент во светот кој добил Епидиолекс, лек направен од чисто ЦБД. Инспирирани од Сем, подоцна и други пациенти почнаа да го испробуваат овој лек. Во 2015, било објавено истражување кое вклучувало 214 пациенти со епилепсија, меѓу кои сите биле деца и тинејџери. За повеќето од нив, резултатите не биле толку драстични како оние на Сем. Нападите се намалиле за 36.5%, што е слично како и со останатите лекови.  


Одредени пациенти искусиле моментални несакани ефекти како диареја или умор. Непознато им било зошто ЦБД кај одредени пациенти реагирало и довело до огромно подобрување, додека пак кај други не. Тоа е поради фактот што канабисот делува индивидуално и одредени концентрации и спој од активни состојки од канабисот одговараат повеќе од други кај конкретни индивидуи. ЦБД исто така стана популарно поради неговата лековитост и за други медицински проблеми. Но, лековите од канабис не се регулирани како обичните лекови, па нивната постојаност на пазарот и дозата можат да варираат.


Со легализирањето на Епидиолекс, пациентите кои страдаат од епилепсија добиваат висококвалитетна, висококонцентрирана доза на ЦБД, вели д-р Роберт Карсон (Robert Carson), невролог кој се справува со пациенти со епилепсија на Вандербилт Универзитетот (Vanderbilt University). Пациентите ќе мора да имаат рецепта за да го добијат лекот. GW Pharmaceuticals сè уште не ја одредиле цената за овој лек, а мајката на Сем се плаши дека здравственото осигурување нема да го покрива трошокот за овој лек. Во меѓувреме, Сем сеуште го добива лекот. Еден ден, се надева дека тој ќе биде оној што ќе ги дава лековите на пациенти како него. „Сакам да бидам доктор за епилепсија“ - изјавува Сем. Моментално тој се обидува да ја добие својата возачка дозвола. Тој сега има 17 години, а веќе 2 години е сосема ослободен и живее без напади. 


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:




Новинар: Ангела Т.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Kqed

Saturday, August 25, 2018

Девојче кое користи медицински канабис за лекување на епи-напади бара прием во училиште

Санта Роса, девојче која користи медицински канабис за лекување на напади бара прием во училиштето во долината на Ринкон. Како и другите деца на нејзина возраст, 5 годишното девојченце со плетенки знае да изброи до 20. Исто така ги знае повеќето букви. „ЦБД е повеќе за одржување на состојбата. Тоа што делува како спас од нападите е всушност THC-то. Ги прекинува нападите во рок од три минути и тоа е многу големо олеснување за нас“ - вели нејзината мајка

Брук со нејзината мајка Џана
Но, Брук (Brooke Adams) беше дијагностицирана пред нејзиниот прв роденден со Драветов синдром, редок вид на епилепсија која предизвикува чести и долги напади. „Првиот напад се случил во првите неколку месеци од нејзиниот живот“ - вели мајка ѝ Џана Адамс (Jana Adams). „Често го посетуваше ургентниот центар во првите неколку години од нејзиниот живот. Тоа ѝ е во гените, никогаш нема да престане“ - додаде таа. Откако се обиделе со неколку фармацевтски лекови кои не ги спречиле нападите, Адамс рече дека се префрлиле на дневни дози од канабидиол, активна состојка од марихуаната позната како ЦБД и масло од канабис за да ги смират нападите на Брук. Поголеми дози од (психо)активната состојка THC лековите се применуваат на нејзините непца кога има напад. „ЦБД е повеќе за одржување на состојбата. Тоа што делува како спас од нападите е всушност THC-то. Ги прекинува нападите во рок од три минути и тоа е многу големо олеснување за нас“ - рече Џана Адамс.


Но, критичното лекување, кое ни помогна да ги намалиме нападите дури до еднаш во неделата, сега ѝ претставува препрека на Брук да се запише во градинка, вели мајката. Универзитетската школа во округот Ринкон, забранува учениците да користат масло од канабис на кампусот, дури и за медицински цели. Окружните функционери нагласуваат неколку државни и федерални правила кои ги забрануваат таквите лекови во рамките на училиштата. Адвокатот на Брук, Џо Роговеј (Joe Rogoway), рече дека правилата се во конфликт со актот на Американците со попреченост и актот на индивидуите со едукациони попречености, кои бараат од јавните училишта да обезбедат услуга и сместување на децата со попречености. Државниот судија има аргументи за одлуката на окружните училишта да му забранат на девојчето да го користи лекот на кампусот, случај кој ги нагласува правните бариери за забрана за користење на медицинска марихуана во училиштата.


Фундаментално, се работи за дозволување на 5 годишното девојче да оди во градинка и да има пристап до лекот од канабис за кој гласачите во Калифорнија рекоа неколку пати дека е соодветен. Федералниот закон вели дека училиштето треба да се прилагоди на нејзините медицински потреби“ - истакна Роговеј. Моментално, државите како Мејн, Њу Џерси и Колорадо направија исклучоци за ученици и студенти чии доктори го одобруваат користењето на медицинската марихуана, дозовлувајки им на родителите или овластени старатели да го администрираат лекот. Сенаторите од Калифорнија, Џери Хил (Jerry Hill), Д-сан Матео (D-San Mateo), промовираа слично законодавство во февруари, претставувајќи право кое би им ја дала опцијата на училиштата да им дозволи на родителите или старателите да применуваат медицинска марихуана на нивните деца. Но, ова право, моментално во Калифорниското собрание би забранило лекот да биде чуван во училиштата. Очајната мајка Џана Адамс рече дека нејзината ќерка нема да биде во полза од предложеното законодавство бидејќи нападите се случуваат периодично и мора веднаш да биде згрижена со маслото од канабис, отколку да чека некоклу минути за да стигне од училиштето во итен случај.


Лекот на Брук - THC тинктура
На Брук ѝ треба некој во училиштето што ќе може да ѝ го применува лекот“ - рече Роговеј.
Универзитетската школа во округот Ринкон ја смести нејзината ќерка пред две години кога таа почна да посетува предучилишна установа. Округот ѝ плати на Брук да оди во предучилишната заедница Хумболт, приватно училиште во Санта Роса кое се согласило да носи со себе лекови од канабис за итни случаи, рече Адамс. Училиштето исто така ѝ обезбеди медицинска сестра која оди на училиште со неа. Но, округот не го направи истото кога Брук се спремаше да се запише во основно училиште порано оваа година, рече Адамс. Напротив, предложија Брук да се школува дома, опција која Адамс верува дека не ги исполнува стандардите во актот за индивидуалците со едукативна попреченост. „Одејќи во училиште, ѝ се овозможува да се социјализира. Неодејќи на училиште, таа не може да си игра со другите и да биде во таа средина која сите деца треба да имаат можност да ја искусат“ - изјавува таа. Кети Мајерс (Cathy Myhers), помошник-надзорник во округот, цитираше неколку прописи кои забранувале на претставниците на училиштата да им дозволат на студентите да користат медицински канабис на кампусот. На пример, според кодексот за здравство и безбедност на Калифорнија, никој не смее да конзумира канабис на 300 метри од училиште, центар за дневна нега или младински центар.


Сојузниот Закон за успех на учениците, бара училиштата да бидат средини во кои нема дрога, рече Мајерс. „Нашата цел е да ги задоволиме потребите на нашите ученици. Се надевам дека ќе добиеме совет за тоа како да ги задоволиме потребите на студентите кои имаат потреба од медицински канабис во кампусот на јавните училишта, без кршење на законите и загрозување на нашата држава и федералното финансирање. Единствената алтернатива за која знам е да им се помогне на студентите со така наречена домашно базирана програма“ - додаде Мајерс. Случајот на Брук е поднесен во Одделот за дефектологија во Калифорнија, Канцеларијата на административни сослушувања на 14-ти Мај. Одделот е одговорен за разрешувања на несогласности помеѓу училишни окрузи и родители со деца со попреченост, според неговата Веб страна. Роговеј рече дека, дводневната јавна расправа ќе им дозволи нему и на адвокатите кои ја претставуваат училишната област да го кажат својот случај за тоа како долината Ринкон треба да продолжи со образованието на Брук.






Новинар: Ангела Т.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Pressdemocrat
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:




















Friday, August 10, 2018

ТХЦ! Не само ЦБД, може успешно да третира педијатриска епилепсија

Екстрактите, тинктурите и останатите деривати од целата билка канабис се покажаа како клучни во лекувањето на детската епилепсија. Канабидиолот (Cannabidiol - CBD), е најпознатото непсихоактивно соединение во канабисот кога се работи за третман на епилепсија и напади, дури и кај деца. Но, новите студии ја осветлија улогата на Тетрахидроканабинолот (Tetrahydrocannabinol - THC) во лекувањето на педијатриската епилепсија


Канадска студија

Психоактивното соединение ТХЦ кое дава хај не е клучно само за лекување на канцерите! Една студија спроведена од истражувачите од болницата за болни деца во Торонто, оценува дека 20 деца кои имаат синдром на Дравет, форма на епилепсија отпорна на лекови (drug-resistant epilepsy - DRE) може да предизвика околу илјада напади месечно. Секое од децата е третирано со експериментален третман со масло од канабис во сооднос од 50:1 на ЦБД према ТХЦ. Лекот, кој беше донација од канадскиот производител на канабис Tilray, беше даван со постепено зголемување на дозите во текот на неколку недели. Според еден од водечките истражувачи неврологот д-р Блатнајд МекКој (Blathnaid McCoy), наодите биле ветувачки.


Ние забележавме ветувачки клинички корисни ефекти, вклучувајќи намалување на фреквенцијата на напади и подобрувања во одредени аспекти на адаптивното функционирање и квалитетот на животните мерки“ - рече МекКој во соопштението. Тие откриле дека колку е поголема дозата, толку е поефикасна. „Кај учесниците кои ја достигнале целната тераписка доза видовме статистички значајно намалување на моторните напади и зголемување на деновите без напади во споредба со оние кои не ја достигнале целната доза“ - додава тој. Вработените, исто така, објавија подобрувања во квалитетот на животот на децата, особено кога станува збор за губење апетит, поспаност и дијареа.


Веќе се знае дека маслата со изолирани канабиноиди се многу помалку ефикасни од маслата FECO (Full Extract Cannabis Oil), благодарение на придружниот ефект - (entourage effect). Сите состојки во канабисот онака како што природно се јавуваат во растението меѓусебно си помагаат. Иако одредена количина на ТХЦ во маслото од канабис може дури и да функционира подобро од лекови само со ЦБД, како што се открива во некои студии, постои одредена доза на загриженост за тоа како децата ќе реагираат на психоактивните ефекти на ТХЦ. МекКој додава дека студијата придонесува „кон растечки докази дека канабиноидите можат да вршат анти-епилептички ефекти и се безбедни и толерирачки во лекувањето на DRE“. Организмот се навикнува на ефектот на ТХЦ и секако дека е најважно децата да немаат напади и да може да уживаат во своето детство!

ПОГЛЕДНЕТЕ како маслото делува веднаш!!!

Австралиска студија

Друга студија, овој пат од Австралија, претставува одговор на наодите од канадската студија. Истражувачите од Иницијативата за канабиноидна терапија Ламберт од Универзитетот во Сиднеј (University of Sydney’s Lambert Initiative for Cannabinoid Therapeutics) откриле дека 75% од родителите кои имаат епилептични деца и користеле лекови базирани на канабис, иако неодобрени, забележале намалување на нападите кај нивните деца. Тие, исто така, забележаа и дополнителни придобивки, вклучувајќи подобрени јазични и когнитивни способности. Интересно е што препаратите што ги користеле овие родители имаа само малку ЦБД, вели Иан Мекгрегор (Iain McGregor), академски директор на Ламберт Иницијативата и автор на студијата.


Иако нелегалните екстракти што ги анализиравме содржеле ниски дози на ЦБД, три од четири биле пријавени како ‚ефективни‘, што укажува на важноста за истражување на билката канабис во целост за третман на епилепсија“ - истакна Мекгрегор. „И покрај огромното присуство на генерално ниски нивоа на ТХЦ, концентрациите не се разликуваат помеѓу примероците кои се сметаат за ‚ефективни‘ и ‚неефикасни‘“ - додава тој. Мекгрегор вели дека најефикасните лекови за епилепсија, всушност, може да имаат потреба само од повеќе ЦБД, некои само повеќе ТХЦ или дури и двете. „Нашето истражување покажува дека постои потенцијална улога за други канабиноиди, самостојно или во комбинација со конвенционалните лекови, кај епилепсиите отпорни на третман - и ова бара понатамошно истражување за да можеме да се надеваме дека ќе развиеме побезбедни и поефективни лекови“ - заклучува тој.


На ТХЦ вреди да се гледа како на третман против напади

ТХЦ отсекогаш била исклучена од вклучување во епилептични третмани поради неговите психоактивни особини, а неговите ефекти врз децата воопшто не се разбрани. Се разбира, луѓето сè уште се плашат дека ова може да им наштети на децата. Но, ТХЦ се покажа дека е антиконвулзивна состојка и всушност може да биде надополнување на други лекови против оваа болест. Но, зошто да ги труете децата со синтетички лекови кои не помагаат, а само имаат низа штетни ефекти, кога може да ги третирате природно со билен екстракт од целото растение канабис? Затоа некои научници препорачуваат додавање на мала количина на ТХЦ (микро доза) за да се постигне максимално намалување на нападите. Во една студија, наодите откриле дека употребата на препарат кој содржи 20:1 на CBD:THC резултирал со значително намалување на нападите. Поради ова, некои родители веќе се залагаат за прописи кои ќе дозволат не само ЦБД, туку и ТХЦ за лекување на епилепсија.


Џејсон Дејвид (Jason David) и Брајан Вилсон (Brian Wilson) се родители на деца кои страдаат од тешки форми на епилепсија. Во интервју од 2014 година, тие изјавуваат дека откриле: исклучувањето на ТХЦ од третманот против епилепсија може да ги попречи придобивките од растението. Вилсон рече: „ЦБД е многу важен дел од миксот, но само дел. Видовме мала контрола на нападите и напредок во развојот само со ЦБД, но ние не видовме вистинска контрола на нападот додека не додадеме мерливи нивоа на ТХЦ во мешавината. Ниското ТХЦ​/високото ЦБД не функционира за секого, исто како и фармацевтските лекови, тоа не е ‚една големина одговара за сите‘“ - додава Дејвид. Па, токму поради тоа вреди да се пробува со различни концентрации на масла, за вашите епилептични деца конечно да се ослободат од конвулзиите и за да ги заштитите од штетното дејство на фармацевтските неефикасни лекови за епилепсија кои можат да предизвикаат кома, па дури и смрт!


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:






Автор и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Cannabis.net

Saturday, August 4, 2018

„Ако не можам да му дадам канабис на мојот син, тој ќе ослепи“ – изјави мајка од Фолкстоун

Очајна мајка на 14-годишно момче кое е на прагот да го изгуби својот вид, јавно апелира канабисот да биде легализиран за медицинска употреба. На Сем Кларк (Sam Clark) од Фолкстон, му беше дијагностициран ретинитис пигментоза - ретко, генетско нарушување, кое вклучува распаѓање и губење на клетките во мрежницата


Мајката Кетрин Скот и болниот син Сем Кларк
Иако тинејџерот е регистриран слеп, тој сè уште може да го види еквивалентот на оние со нормална визија гледајќи низ две тенки, темни сламки. Мама Кетрин Скот (Catherine Scott), 37, вели дека лековитиот канабис е единствениот третман што ќе спречи нејзиниот син целосно да не ослепи. Мајката рече: „Ни беше кажано дека кога Сем ќе помине низ пубертет, целосно ќе ги изгуби очите. Тој сега има помалку од три степени на својот вид и ја изгуби својата централна визија во едното око. Тоа е како да гледа низ две тенки, темни сламки. За него е како да гледа низ две тенки, темни сламки на дневна светлина. Му треба помош за да го помине патот и му треба помош да стигне насекаде“.

На Сем итно му треба канабис!
14-годишникот, во моментов е во редовно образование и присуствува во училиштето The Charles Dickens School во Бродстерс, каде што е во можност да присуствува на нормални часови со своите пријатели. Мис Скот продолжи: „Децата кои ја имаат неговата состојба, можат да ги видат сите работи што нивните пријатели можат да ги направат. Како што стареат, тие гледаат дека нивните пријатели учат да возат и да прават работи што сите ги прават, но тие не можат. Ова е најтешко за него. Тој ги гледа неговите пријатели како правилно играат фудбал и возат велосипед. Најлошото за него е што знае дека никогаш нема да може да вози. Тој оди на часови со своите другари, но ако му дојде премногу, има каде може да оди. Морам да ставам канабис во системот на мојот син СЕГА. Тој е прилично нормален како и сите други, но едноставно не може многу убаво да гледа“ - додава таа.


Сподели го текстов за да им помогнеме на ваквиве деца!
Иако лекарите ѝ рекле на г-ѓа Скот дека моментално нема докази за третман со канабисот, Владата оттогаш бараше преглед за медицинската употреба на лекот. Доаѓа исто како што Министерството за внатрешни работи неодамна додели лиценца за Алфи Дингли (Alfie Dingley) на возраст од шест и Били Колдвел (Billy Caldwell) - 12, за користење на лекот за лекување на нивната епилепсија. Иако нема официјален лек за состојбата на 14-годишниот Сем, истражувањата спроведени во 2014 година покажале дека канабисот е потенцијално корисен за одложување на губењето на видот за страдалниците. Во студијата, синтетички канабис беше даден на две групи на стаорци со состојбата, при што стаорците со оглед на третманот имале 40% повеќе фоторецептори во очите, отколку нетретираните стаорци.

КАНАБИСОТ Е ЛЕК!
Госпоѓа Скот продолжи: „Ги презентирав сите мои истражувања на лекарите и имаше десет дена молчење. Кога се вратија, рекоа дека го разгледуваат третманот со канабис, но и дека нема докази дека ќе работи во ова време. Неговиот следен состанок е во март 2019 година, но тој би можел да го загуби својот вид до тогаш. Морам да внесам канабис во системот на мојот син сега за да ја спречам загубата на видот“ - вели очајната мајка. По неколкугодишно истражување, 37-годишната мајка, сега покренала петиција до Министерството за внатрешни работи за да се обиде да добие помош за нејзиниот син. Таа рече: „Кога Сем беше дијагностициран, почнав да го пребарувам интернетот. Зборував со бројни луѓе кои со канабисот го подобриле својот вид и сакам да го сторам истото за мојот син пред да ослепи. Отсекогаш сме биле исплашени. Но, неговиот вид се сведува на минимум сега и му треба она што го има“ - заклучува решителната жена.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи изјави: „Ние целосно сочувствуваме со семејствата кои се соочуваат со очајни ситуации додека се обидуваат да најдат третман. Затоа Владата презема акција, создавајќи експертска комисија која ќе ги советува министрите за сите барања за лиценца за пропишување на медицински производи поврзани со канабис во исклучителни случаи каде што постои неизвесна клиничка потреба. Семејствата треба да разговараат со своите лекари за опциите за лекување и во случај на рецепт за канабис, овие доктори треба да ја водат апликацијата до експертската комисија“.


ИНТЕРЕСНО: 


Автор: Кате К.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Kentlive.news

Tuesday, July 24, 2018

Состојката од канабисот THC претставува недостасувачко парче во загатката при лекување на епилептични деца

Користењето канабис за лекување на епилепсија стана попопуларно во последно време. Научниците од Сиднеј се залагаат за повеќе истражувања за тоа дали Тетрахидроканабинолот, најпознатата состојка од канабисот треба легално да биде вклучена во мали количини при лекување на деца со тешка епилепсија


Хантер и мајка му 
Родителите се борат за правата да ги третираат своите епилептични деца со канабис. Но, ова е всушност антички анти-епилептичен лек којшто го користеле дури и древните Арапи. Тоа беше исто така популарен начин за лекување на епилепсија во средновековниот исламски свет. Производот одобрен од Владата не содржи Тетрахидроканабинол (ТХЦ), но научниците од Универзитетот во Сиднеј (University of Sydney) дознаа дека малите дози на психоактивната состојка можат да бидат ефикасни во намалувањето на нападите. Универзитетската Ламберт Иницијатива за канабиноидната терапија (The university's Lambert Initiative for Cannabinoid Therapeutics) тестираше 51 примерок од екстракти на канабис од црниот пазар кои австралиските семејства им ги даваат на своите деца. ТХЦ беше присутен во 98 проценти од примероците, иако количината не беше доволна за да има седативен ефект на опојување.  Нешто повеќе од половина од екстрактите придонесоа за намалување на нападите од 75-100 проценти, додека една третина од екстрактите ја подобрија здравствената состојба, а една четвртина помогна во подобрување во говорот. 


Епидиолексот има послаб ефект од нелегалното масло
Врз основа на овие наоди, тимот сега верува дека повеќе истражувања треба да се направат за тоа како ТХЦ може да се приклучи на легална лековита формулација или да се користи со тековните анти-епилептични третмани со фармацевтски и опасни конвенционални лекови, рече научен соработник Анастасија Сураев (Anastasia Suraev). „Можеби THC може да биде важно парче од сложувалката“ - рече г-ѓа Сураев. „Ние треба да откриеме кои се овие дозно-зависни ефекти, па што се случува со пониските дози, што се случува со повисоките дози“ - додава таа. 14 годишниот Хантер Елвел (Hunter Elwell), страда од тешка форма на епилепсија позната како Драветов синдром, болеста од која страдала малечката Шарлот додека нејзините родители не започнале да ја хранат со канабис, болест отпорна на повеќето антиконвулзивни фармацевтски лекови. 


Кога неговата мајка Лорејн Елвел (Lorraine Elwell) прв пат му дала медицински канабис пред шест години, нападите паднале од 30-40 неделно на два или три неделно. „Во текот на ноќта неговите напади се преполовија и во почетокот мислев дека тоа е малку среќа, но потоа, како што минуваше времето, нападите сè повеќе и повеќе се намалуваа“ - рече Елвел.  „Тоа направи огромна промена - како да се сретнав со моето дете за прв пат“ - истакнува мајката од Нов Јужен Велс. Таа користела канабис од  црниот пазар, но сега го користи производот одобрен од Владата со специјален пристап. Таа е посреќна што сега медицинскиот канабис станува законски, но верува дека легалниот производ, Епидиолекс, не е толку ефикасен, како што се нелегалните производи со целосен канабиноиден профил. 


Хантер сега е среќно дете без напади!
Тој е многу подобар од она што беше пред да го користиме маслото од каннабис, но дефинитивно може да се види дека неговите напади се зголемени откако престанавме да го користиме производот канабис од црниот пазар, за да добиеме Епидиолекс“ - додава г-ѓа Елвел. И покрај тоа, таа постојано му дава на своето дете Епидиолекс затоа што е легален и секогаш достапен. „Не е подобро, но сепак е подобро од ништо“ - истакнува напатената мајка. „Тоа исто така значи дека сега може да го има во болница, не сум ограничена за да му го дадам, а медицинските сестри и сите други можат да му го дадат, без да се плашат од опомена“ - објаснува мајката. Г-ѓа Елвел верува дека истражувачите треба да го истражуваат целото растение канабис, а не само другата главна состојка Канабидиол, која не е психоактивна и која претставува нераскинлив партнер на ТХЦ. „Без да се користи целото растение не изгледа како лекот да функционира“ - истакнува таа. „Без разлика дали тоа е ТХЦ или други делови од растението, навистина не знам, но знам дека мојот син беше подобар од малку ТХЦ“ - заклучува мајката на Хантер.


Семејствата се свртуваат кон поевтиниот и поефективниот канабис од црниот пазар

Истражувач Анастасија Сураев
Истражувачот Сураев рече дека високите дози на психоактивното соединение се потенцијално опасни за мозокот на детето, но мали дози особено на почетокот од третманот може да имаат големи придобивки. Не смееме да заборавиме исто така дека организмот многу брзо создава толеранција, особено кога станува збор за млад организам, така што ТХЦ кај малите пациенти воопшто не делува како кај рекреативните корисници на билката, доколку се дозира соодветно. „Родителите пријавуваат големи успеси со [екстракти што содржат малку ТХЦ], па прашањето е дали постои нова формулација или екстракт од целото растение која може да биде важна за епилепсија, која сè уште не е многу добро истражена?“ - додава таа. „Ни требаат повеќе ригорозни научни студии за да можеме да ги потврдиме родителските извештаи за тоа на кој начин и до која мера се ефикасни овие екстракти од канабис [кои содржат THC]“ - заклучува Сураев.


Таа додаде дека иако владите преземаат чекори во вистинска насока, со олеснување на пристапот до медицински канабис за епилептични деца, многу семејства може да продолжат да се свртуваат кон црниот пазар, бидејќи производите се многу поевтини и полесно достапни (не е потребна лекарска документација и одобрувања како кај слабите фармацевтски комерцијални препарати од канабис). Поголемиот дел од семејствата со кои разговаравме своите (нелегални) канабис производи им ги даваат на сочувствителна основа, односно бесплатно или со донација, рече г-ѓа Сураев. „За останатите семејства, тие плаќаат околу 270 долари за еден месец за производот, што е еднакво на околу 10 долари на ден. Кога ќе го споредите со тековните законски шеми... за дете со епилепсија, легалниот производ чини околу 1.100 долари неделно и тоа е еднакво на околу 160 долари дневно. За една година тоа е околу 60.000 долари и тоа е огромна разлика и тоа е нешто што просечното семејство едноставно не можеше да си го дозволи“. 


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:















Автор: Кристина Т.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Mobile.abc.net.au