Showing posts with label плод. Show all posts
Showing posts with label плод. Show all posts

Friday, March 1, 2019

Студија открива дека спонтаниот абортус може да се спречи со THC!

Проблемите со канабиноидните рецептори во плацентата може да предизвикаат спонтан абортус, вели новата студија и земањето ТХЦ го спречува ова! Улогата на ендоканабиноидниот систем во репродукцијата е проучувана со години. Постои силна поддршка за нејзиното учество во одржувањето на здравјето и функцијата на плацентата, а со тоа и спречување на спонтаниот абортус


Постојат најмалку четири вида рецептори во човечкото тело, сите активирани од канабиноиди. Најчесто познатите рецептори се CB1, CB2 и CB3, но има и други атипични рецептори во нашите тела. Рецепторот-g (PPAR-g) активиран со пероксизом и GPR55 рецепторот заедно со G-протеинот се дополнителни рецептори кои комуницираат со канабиноидите. Науката неодамна откри дека јонските канали, исто така, учествуваат во пренесувањето на пораките од канабиноидните молекули, вклучувајќи ги и TRPV1 и TRPM8.




Плацента и канабиноидните рецептори

Главната функција на човечката плацента е размена на храна, кислород и јаглерод диоксид, како и протеинска биосинтеза за фетусот. Плацентата е свој орган, кој се состои од многу различни типови на клетки. Метаболизмот во рамките на плацентата создава микросредина неопходна за поддршка на развојот на човечкиот живот. Научниците откриле дека клетките на плацентата ги изразуваат канабиноидните рецептори CB1 и CB2, што укажува на тоа дека канабиноидите од консумацијата на канабисот може да влијаат позитивно на функционирањето на плацентата.


Рецепторниот волумен на плацентата се менува во зависност од раѓањето: вагинално версус со Царски рез... 

Интересно, изразувањето на CB1 е поголемо кај плацентите собрани од жени по царски рез, во споредба со оние добиени од нормален пораѓај. Ова укажува на тоа дека канабиноидната регулација на плацентарната хомеостаза може да биде многу посуптилна, отколку што некогаш се мислеше. На пример, жените со рекурентни спонтани абортуси имаат покачени нивоа на амид хидролазата на масни киселини (FAAH), ензим одговорен за раскинување на ендогениот канабиноид, анандамид.


Значењето на овој наод е двојно. Прво, тоа укажува на фактот дека проблемот со канабиноидната сигнализација може да биде клучен настан во причината за спонтан абортус. Второ, администрираниот ТХЦ ​​може да го третира нискиот ендоканабиноиден тон во плацентата. Понатаму, неодамна беше објавено дека нивоата на анандамид се пониски кај жени дијагностицирани со прееклампсија, што укажува на тоа дека ова сценарио исто така може да се спречи со ТХЦ!


Каква улога игра THC во спречување на спонтаниот абортус?

Постојат неколку студии кои се обидуваат да утврдат дали администрацијата на ТХЦ ќе биде од корист за плацентарното здравје. Во една студија, откриено е дека ТХЦ има заштитен ефект врз клетките во помали дози и дека ова најверојатно се должи на антиоксидантните својства на ТХЦ. Во една неодамнешна студија, научникот собирал плаценти од родените со целосен термин, за да ја тестира хипотезата за тоа дали изложеноста на ТХЦ за 24 часа и 72 часа, резултирала со промени во изразувањето на ЦБ-рецепторите, одржливоста на клетките и метаболички ензими на ендоканабиноидниот систем.


Тие откриле дека и краткорочната изложеност (24 часа) и долгорочната изложеност (72 часа) не предизвикале никакви промени во изразувањето на CB1 и CB2 рецепторите. Кога концентрацијата на ТХЦ е зголемена на 40mM, што е во согласност со обилната потрошувачка, имаше зголемување на ензими кои го разложуваат анандамидот. Истражувачите го очекуваа овој резултат. Во присуство на надворешно обезбедено ТХЦ, клетките работат да го намалат анандамидот за да ги одржуваат оптималните нивоа на агонисти на ЦБ1. Научниците нагласија дека рекреативната потрошувачка на канабис, обично не ги произведува овие високи концентрации на ТХЦ во плазмата.


Ние сè уште не сме таму...

Сепак, истражувачите, исто така, додаваат дека метаболизмот на ТХЦ од страна на човечкото тело е исклучително сложен. Патеката на администрацијата, метаболизмот и количината на масно ткиво кај индивидуата (бидејќи ТХЦ е липофилен канабиноид и се складира во масното ткиво кај луѓето), во склоп заедно играат улога. Откривањето дека ТХЦ комуницира со многу поширок опсег на рецептори во човечкото тело предизвика многу прашања. На пример, дали вообичаените канабиноидни рецептори стануваат изменети во плацентата поради присуството на ТХЦ? Колку побрзо ќе го откриеме ова, толку побрзо ќе можеме да го користиме THC за терапевтски да го спречиме ризикот кај бременоста, како што е спонтаниот абортус.


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: RXleaf

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:




* * * 




* * *




Sunday, May 20, 2018

Дали е безбедно да се користи CBD за третирање на симптомите од бременоста?

Канабис за време бременоста е популарна, но сè уште доста контроверзна тема. Многу луѓе сакаат да знаат дали е безбедно да се користи ЦБД против гадење, утрински мачнини, болка и мигрена како последица на бременоста. Но, да видиме што вели науката...


На бебето му требаат канабиноиди исто како и на родителите!
Плус, марихуаната е најпопуларна „незаконска“ супстнаца која трудниците ја користат за полесно справување со бременоста особено во првото тромесечие. Според Државната анкета за употреба на лекови и здравје од 2014 година, 5.3% од трудниците пушат канабис. Но, што за изолирано масло со ЦБД без ТХЦ? Дали е безбедно за бременоста? ТХЦ исто така не може да наштети во тој период, а ЦБД е исклучително безбедна состојка. 


Основи за ЦБД во текот на бременоста: Што е ЦБД?

ЦБД е скратеница за канабидиол, кој е вториот најзабележителен канабидноид во канабисовото растение. ЦБД не е психоактивен и не напушува. Медицинските карактеристики на ЦБД се следниве: ублажување на болка, воспаление, стрес, гадење, гастроинтестинални потешкотии, стимулација на апетит, помага при заспивање, контрола на епилептичен напад и тресење. Канабидиолот помага за многу различни телесни функции бидејќи делува врз ендоканабиноидниот систем (ЕКС) на телото. ЕКС ја подобрува хомеостазата, односно балансот во телото и игра улога во расположението, имунитетот и перцепцијата за болка. Всушност, ЕКС игра улога дури и во феталниот развиток.



Што кажува истражувањето за ЦБД и бременоста?

Засега не постојат клинички истражувања врз луѓе за ЦБД и бременост, иако постојат некои успешни обиди врз стаорци. Но, анегдотичните информации за ЦБД и бременоста се зголемуваат брзо. Многу бремени жени ја потврдуваат успешноста на ЦБД против утрински мачнини и гадење, болка, воспаление, проблеми со спиење и опуштање. Неколку истражувања го посматрале ефектот на ЦБД на плацентата ин витро; заклучиле дека ЦБД може да ги смени физиолошките карактеристики на плацентата, т.е. да ја направи поеластична, а тоа може да биде опасно за фетусот. Но, многумина покажале дека ова откритие може да биде различно кај сегашните жени бидејќи истражувачите ставале ЦБД на плацентата постојано од 24 до 72 часа.


Најголем дел од истражувањата за ефектите на канабисот врз бременоста се фокусираат на ТХЦ, иако и овие истражувања не се многубројни. Истражувањата не нашле негативни последици од користење канабис при бременоста. На пример, истражување уште од 1994 година спроведено во Јамајка не нашло значајни разлики кај новороденчиња изложени на канабис ин-утеро и оние кои небиле изложени. Она што е восхитувачки е дека ова истражување продолжило кај бебињата и кога наполнине еден месец и истражувачите откриле дека бебињата изложени на канабис биле поздрави во споредба со оние кои не биле изложени на канабис додека биле во утробите на мајките. Тие имале подобар перформанс од оние кои не биле изложени на канабис за автономна стабилност, квалитет на будност, иритабилност и себерегулирање.



Значи, дали ЦБД за време на бременоста е безбедна состојка?

На крајот на краиштата, постои ризик при изложување на бебето на која и да е нова супстанца. Како што Проект ЦБД укажува, поради суштинската улога која ЕКС ја игра во феталниот развој, нервниот развиток и преживувањето на новороденчето постои ризик од додавање на фитоканабиноиди како ТХЦ или ЦБД за развивање на мозочните ендоканабиноиди. Како и да е, вистината е таа дека мајките повеќе декади користеле канабис при бременоста и најголем дел од нив потврдуваат дека нивните деца се апсолутни здрави и факт е дека до сега ниту еден фетус не настрадал поради канабисот. Акушерите и гинеколозите понатаму сметаат дека мена доволно истражувња за да ги посоветуваат идните мајки на оваа тема. За многу жени, бременоста може да биде многу тешка. Гадењето и утринските мачнини можат да траат цел ден. Кога ја имаат опцијата за конзумирање на органски екстракт од канабис, сè повеќе и повеќе жени ја одбираат природната опција.



Совети ако одлучите да користите ЦБД за време на бременоста:

Купете органско, неГМО ЦБД, растено без пестициди и хемикалии или екстрактот подгответе си го сами, но претходно анализирајте го по лабораториски пат. Можете површински да нанесувате, а вапоризирањето исто така е добра опција. Избегнувајте тинктури од ЦБД екстрахирани во каков и да е алкохол, алкохолот треба да се избегнува за време на блажената состојба! Микродозирајте и користете само колку што ви е потребно, кога имате болки, кога ви се гади и имате несоница и сл. Исто така со маст, крема или чист екстракт од канабис имате шанса многу побрзо да ги решите здодевните стрии после породувањето.



Како што со радозналост и радост ги откривам благодетите на ова свето растение со секој нов ден, мојата восхит и понизност пред ова растение растат со секое ново изгрејсонце“ - 

Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: HERB

Читај повеќе: 





Friday, June 2, 2017

Деца и канабисово масло (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 95 - 98)

Мајките посебно ќе се грижат дали е безбедно да се дава масло на деца. Дали е безбедно тогаш?

Јас сметам дека коноповото масло е перфектно безбедно во третманот на деца од сите возрасни групи кои страдаат од рак и други болести. Јас навистина не знам како докторите кои третираат мали деца во одделенијата за онкологија може да живеат со себе. Дали тие знаат каква штета тие им прават на овие мали единки со радијацијата, хемотерапијата и другите штетни, отровни хемикалии?

Секој кој досега студирал медицина ги знае ефектите од таквите третмани и е свесен за фактот дека тие се многу поверојатни да предизвикаат смрт со употребата на овие третмани, наместо лекот. Ако родителите само би нашле време за целосно да го разберат она што медицинскиот систем има намера да им направи на нивните деца, јас сум сигурен дека повеќето од нив би сакале да ги третираат со конопово масло, бидејќи тоа е природна супстанца којашто е безбедна за употреба и нема да предизвика никаква штета кај детето.

Знаејќи го тоа што го знам за медицинскиот систем, јас никогаш не би дозволил да ги стават нивните раце на ниту едно од моите деца. Во случај кога некој би се обидел да ме присили да направам поинаку, ситуацијата веднаш ќе се претвори во навистина многу грда.
Јас мислам дека тоа е само природно дека било кој родител би сакал да ги заштити нивните деца и да ги чува надвор од опасност. Ако мислев дека медицинскиот систем претставуваше опасност како родител на детето, јас би чувствувал дека јас би требало да имам право да одберам други методи на третмани. Неодамна во САД и Канада, имало случаи кадешто властите ги одземале децата и ги принудувале да земаат хемотерапија и против двете желби како на детето така и на самите родители. Се чини дека како родители ние имаме право да ги одбиеме нивните луди третмани, но нашите деца немаат. Откако хемотерапијата е едноставно отров, ако било кој би одел против мојата волја и би администрирал (давал) такво нешто на мое дете, тоа едноставно може да биде кажано дека тие не би имале многу светла иднина.

Според мое мислење, секој кој би направил такво нешто без знаење на родителите е виновен за обид за убиство и ако детето умре, тие тогаш би биле одговорни за нивната смрт. Јас не се грижам како ти ќе одбереш да гледаш на тоа, отров е отров, и ако лекар ги дава тие супстанци, тие се едноставно исто толку виновни како што јас би бил ако јас би го направил истото. Само затоа што докторите носат бели мантили тоа не значи дека тие имаат право да ги повредуваат своите пациенти; всушност, тоа оди против нивната сопствена Хипократова Заклетва. Ако јас бев на нивно место, јас би започнал да практикувам медицина на правилен начин пред некој да се поврзе со пациентите коишто тие ги повредиле и ќе одлучи да бара одмазда за нив.


Како коноповото масло може да биде употребено во спречувањето болести? Уште еднаш, дали исто така би било безбедно да се дава маслото на деца?

Јас не знам за ништо подобро од коноповото масло во превенцијата на болестите и јас исто така го сметам овој лек дека е перфектно безбеден во третманот на децата. Јас често истакнував дека ако на децата им се дава многу мали дози конопово масло, болестите како дијабетесот, МС, канцерот, и многу други може да бидат спречени од дури и појавување во повеќето случаи.

Ако мала доза на масло е дадена на деца, ТХЦ и неговите придружни канабиноиди ќе се наталожат во нивните системи и ќе ги спречуваат болестите. Јас не зборувам за напушувањето на децата; ова се однесува на обезбедувањето на децата или луѓето од секоја возраст со безопасен, лек што не создава зависност за спречување на здравствените проблеми во иднина. 

Не постои логичка причина зошто ние треба да бидеме спречени од растењето и произведувањето на нашиот сопствен лек за третирање на оние кои ги сакаме. Треба ли нашите деца или дури ние самите да страдаме и умираме поради тоа што компаниите за производство на лекови сакат да прават повеќе пари? Кога има природен лек достапен за олеснување на нашите медицински проблеми за кој повеќето луѓе имаат само малку потешкотии за да го произведат? Време е фармацевтските компании да се бакнат за збогум и да се дознае што Мајка Природа може да обезбеди за ние самите и нашите деца да останат здрави.


Како да се дозира коноповото масло кај децата?

Како за дозите, децата не се различни од возрасните и тие сите имаат различни толеранции за овој лек. За превенирање на болести кај децата, само минимални дози би биле потребни еднаш дневно скоро час пред спиење, па шансата од надувувањето на детето би била многу оддалечена. Повторно, коноповото масло не предизвикува никаква штета, па јас не знам зошто некој би се двоумел да им го даде на неговите деца. Покрај тоа, замислете ги сите секојдневни повреди коишто се случуваат дека сега можеме да се третираме себе си ако маслото беше достапно. Нештата како изгореници, исекотини, гребаници, рани, инфекции, убоди од инсекти, итн. може да бидат третирани толку лесно и ефективно со надворешната употреба на маслото.

По моите искуства со овој лек, тоа би било првото нешто што јас би го дал на моето дете за внатрешни и надворешни состојби. Сепак, јас дефинитивно би се двоумел и размислувал два пати пред да им дозволам да внесуваат хемиски лекови. Всушност, знаејќи го тоа што го знам за медицинската индустрија, јас дури не би размислувал за такво нешто. 

Потребно е искуство со лековитите ефекти на коноповото масло за да се дојде до овој начин на размислување, но без сомнеж по гледањето на она што јас можам да направам, ти исто така ќе се преобратиш. Јас цврсто верувам дека ако децата и луѓето од сите возрасти би земале мали дози од ова масло на редовна основа, тие сите може да живеат подолго и да бидат многу поздрави.“ - Рик Симпсон, Коноп: Најлековитото растение (Rick Simpson, Hemp: The Most Medicinal Plant)

П. Дали постои возраст на која тие можат да започнат со ова? Мојот син има 3 и има лоша егзема и студено е голем дел од годината тука.“ - Роксана (Roxanne)
О. Роксана, апсолутно е безбедно за се дава маслото на деца, дури и на новороденчиња, особено кога се користи надворешно во мешавина со масло од конопово семе или шеа путер. Тоа е добра стратегија да се меша масло од конопово семе со маслото (1% од маслото е добро, но 20-30% би било идеални) и тогаш додадете неколку капки од него во капењето секој ден. Тоа ќе остави тенка обвивка на целото тело и тоа е обично сè што е потребно (или барем за одржување). Правете слики и видеа, подобрувањето ќе биде многу многу брзо. Чешањето ќе исчезне за секунди или минути, и егземата треба едноставно да исчезне за недела или повеќе. Најдобри желби, ЈБ

„Тој чад НЕ е здрав за децата или мајките... глупави мајки и што им велите на вашите деца? Масло или ништо! Особено на деца!“ - Наја (Naia)
-- Јас не би бил толку радикален, пушењето или вапоризирањето исто така има корисни ефекти, на пример за гадење кај бремените жени. Тоа не би го повредило детето. ЈБ

„Чадот не е толку одличен... особено ако имате тенденции кон алергии... само велам. Јас не можам да го поднесам чадот! Исто така, децата не се способни да знаат кога да престанат... без разлика дали тоа е шеќер, кофеин, храна, итн. Ти треба да бидеш нивен водач. Јас не мислам дека залагањето за пушење канабис е добра идеја за тинејџерите. Само велам. Само мое мислење од она што го имам видено. Може исто така да го одвлекува вниманието од училиштето работата и важните проблеми.“ - Наја
-- Јас исто така бев попречуван во училишните и важните задачи, исто така, и ние немавме никаков канабис достапен за нас воопшто. Сè што беше потребно за мене беше да видам убава девојка некаде наоколу и тоа беше тоа за училиштето работата и проблемите кои беа важни за другите но не за мене.

Ако ти контролираш колку чај твоите деца пијат, секако оди и контролирај колку канабис тие ќе земат или внесат. Со среќа во тоа. Тоа е залуден напор, но јас сум сигурен дека тоа ќе одржи многу луѓе зафатени за следните неколку години додека не сфатат колку е безбеден канабисот и дека тоа е навистина практично невозможно фатално да се предозира од него.

Па кој се грижи колку многу од тоа некој консумира? Јас не. Јас дури и не се грижам колку филџани чај или кафе луѓето пијат дневно, замислете го тоа. Зошто јас би требало да се грижам? Тоа не е моја работа. И тоа не е ничија работа колку многу од овој животоспасувачки и превентивен лек некој консумира.

Колку повеќе масло имаш во тебе и колку почесто толку подобро за твоето здравје. Тоа е единственото правило коешто е навистина применливо. За луѓето од сите возрасти, вклучувајќи ги децата и бремените жени. Ако не ја сакате оваа идеја, помирете се со неа, научете да живеете со неа, тоа е најдоброто нешто што можете да го направите. Никаква регулација на канабисот нема да функционира, тој едноставно не може да биде регулиран. Плус, не постои причина за да се регулира истиот. ЈБ

„Јас сум толку среќен што конечно сум во можност да соопштам дека моето слатко машко бебе користи канабис за да се избори со споредните ефекти од хемо и радијација И за да се осигураме дека тој нема да развие никакви нови тумори! Овој лек му помогна неверојатно. Пред да го добива овој лек тој постојано повраќаше, тој не јадеше, тој беше многу летаргичен и безволен... сега тој јаде, го задржува јадењето, тој накачува на килажа и секој што бил во негова близина знае колку апсолутно е тој среќен.“
-- Па, без отровот во неговото тело на детето ќе му биде многу подобро. Навистина е бесмислено да се корсти хемо и радијација заедно со маслото, тоа е како давање на пациентот противотров додека пумпате отров во нивните вени. Само масло за најдобри резултати. Докторите треба да го знаат ова, тоа не е толку тешко да се разбере дека тоа не е добра идеја да се дава отров на деца кога тоа не е потребно. ЈБ

П. „Јас сум 29 годишна самохрана мајка. Мојот син има 8 години и живее со умерен аутизам. Јас не би го сменила моето мини јас за ништо на овој свет, освен да го направам неговиот живот малку полесен. Јас се запрашував дали сте имале некакви други родители да дојдат кај вас прашувајќи за маслото? Или некаков успех со аутизам/Аспергеров? Ако јас одлучам да одам по овој пат на каков вид на доза јас треба да гледам? Ги ценам сите информации! Ви благодарам. Од фрустрирана мама и мало момче.“ 
О. „Маслото е единственото нешто коешто може да функционира.“ - рече Рик кога јас му го прочитав ова. Инструкциите за дозирање и останатите информации за како да се произведе и користи маслото се на нашата страница и во е-книгата на Рик. Јас имам помогнато на голема група аутистични деца во минатото, и овој лек прави чуда за нив.

Децата љубат да го земаат овој лек, тие немаат предрасуди, тие не знаат дека тие „прават нешто лошо“, и родителите уживаат во тоа многу кога тие имаат малку време за себе. За најдобри резултати, како секогаш, јас би започнал со стандардна 60 г терапија, без апчиња, и потоа јас би го задржал детето на доза за одржување во однос на неговиот избор до крајот на неговиот долг и мирен живот. И детето од видеото треба да го направи токму истото, ако воопшто е можно. Најдобри желби, ЈБ

П. Мојата сопруга има тешка болка во долниот дел од грбот поради тоа што е 7-ми месец бремена, таа го опишува тоа како нервен тик којшто е екстремно болен. Јас се потрудив да разгледам наоколу на вашата страница и тука. Дали РСО драматично помага кај болката? Дали имаш линк до претходниот наслов на оваа тема? Јас сум убеден ако тие ја ставеле на кодеин тоа ќе го оштети бебето
О: Јас би ѝ дал да внесува мали дози од маслото и би го нанесувал маслото надворешно на нејзиниот грб. Дајте ѝ масажа со мешавина од маслото и масло од конопово семе. Да, има добра шанса дека кодеинот може да го оштети бебето. Маслото не може и нема да го повреди бебето на никаков начин. ЈБ

„Која е најмладата личност за која сте свесни дека е третирана со РСО? Дали има педијатриски протокол за третман? Додека ние сме биле безуспешни до сега во разнишувањето на мислењето на баба и да бидеме во можност да ја излечиме баба. Јас имам 2 годишник со непознати гастритични проблеми (да таа била на „медицински“ третман за повеќе од година и сите апчиња, креми, лосиони и напивки на Големата Фармација беа неуспешни). Тие сега доведуваат до протеински синдром. Очигледно 11 килограмско дете (25 lb) не може да ја издржи истата доза како 80 кг (175 lbs) маж па дали го препорачуваш воопшто за педијатриски примени?“ - Сара (Sara)

-- Бремените мајки треба да го користат маслото и потоа да ја зголемат дозата кога тие ќе се породат. По раѓањето, мајките треба да јадат мали дози од маслото да се осигураат дека детето ќе се развие на оптимален начин.
Па, ако ме прашате мене, мојот најмлад пациент имаше минус 8 месеци старост и сè уште напредува добро, тој е најдобро развиеното дете во неговата градинка и започна да зборува порано отколку повеќето други. Неговата мајка го користеше маслото пред да се породи со него, и на детето исто така му беше дадено масло по вакцинацијата со шестовалентна вакцина за да се осигураат дека опасните хемикалии ќе бидат исфрлени од неговото тело колку што е можно побрзо.

Канабисовото масло е безбеден лек за луѓето од сите возрасти. Ако имате проблеми да го сфатите ова, погледнете што маслото прави за егземата или за осип од пелени и потоа вратете се и кажете ми дека вие никогаш нема да му давате канабис на вашето дете. Сè што ќе чуете од мене е дека родителот кој не дава канабис како лек на своето дете е или лошо дезинформиран, или тој е психопатски садист кој ужива да гледа како другите страдаат.
Дали знаете колку ефективно е маслото против забоболки? Дали би му дале на детето масло да се избори со болката поврзана со растењето на забите? Јас би. Без никакво двоумење воопшто.
Дозата за деца во основа е иста како за возрасните, кога третирате нешто сериозно. Започнете со минимална доза три пати дневно, навикнете го пациентот на тоа, зголемете ја дозата на секои четири дена или како што е удобно, и секогаш трудете се да ставите колку што е можно повеќе лек во пациентот колку што е разумно можно, додека се осигурувате дека тие остануваат во нивната зона на удобност. ЈБ

„Пријателка медицинска сестра го користеше за 3 стадиум на осип од пелена, исчезна преку ноќ!“ - Алис (Alice)
-- За оние кои сметаат дека децата не треба да користат канабис. Каков друг лек вие би сакале да им давате ако не овој најстар, најбезбеден природен лек кој бил употребуван низ илјадници години? Или дали ти ќе гледаш како твоите деца страдаат од сите тие егземи и осипи без причина? Тоа не е убаво нешто да се направи, јас би рекол. Особено кога има толку едноставно решение за сите тие проблеми со кожата.
Дали е во ред да ги гледаш твоите деца како вриштат од болка кога ти едноставно можеш да им дадеш капка од маслото и тие ќе бидат ослободени од болката? Хм? ЈБ

„Неврохирургот погледна на најнеодамнешниот MRI на Спенсер (Spencer), и рече, „Големиот тумор, на епифизата (pineal gland), и таму НЕМА сомнеж дека тоа било голем ТУМОР, тој е ИСЧЕЗНАТ!!!!“ Тој потоа продолжи за да каже: „Туморот на мозочното стебло е целосно калцифициран!! Тој е многу неверојатно дека ќе порасне, никогаш!“ Потоа тој рече: „Јас НЕ верувам дека тој има НЕКАКВИ тумори на неговиот `рбет, овие мали дамки од светлина мене НЕ ми згледаат како тумори.

Ја дознав причината зошто менталниот статус на Спенсер се подобрил толку драстично, тоа е бидејќи туморот на епифизата го НЕМА!!! Неврологот се обиде да каже тоа беше хемото, но јас истакнав дека туморот беше сè уште целосно непроменет, 30 дена ПОТОА ние престанавме со хемото!! Неговиот одговор? „Па, претпоставувам тоа е среќно дете, чијшто тумор МАГИЧНО исчезна!!!“

Магија? Не. Хемо? НЕ, и ние можеме тоа да го докажеме. Јас не го споменав канабисовото масло. Тој беше МНОГУ упорен ние да направиме уште едно MRI веднаш за да се потврдат неговите мислења. Тој рече да се јавиме во неговата ординација веднаш штом ние ќе закажеме состанок за MRI. Па, ете ви го луѓе! Неврологот потврди, КАНАБИСОТ безбедно ГИ УБИВА пипците на РАКОТ!“ - Кори (Corrie)

„Може ли админот ве молам да советува каков вид на доза да се даде на 8 годишник кој е испратен дома да умре?“ - Рикардо (Ricardo)
-- Започнете со мала доза, видете како детето реагира и потоа зголемете ја дозата толку брзо колку што детето може да поднесе. Три пати дневно. Обично тие се полни со апчиња кога тие се испратени дома да умрат, па вие ќе сакате да ги детоксифицирате најпрво бидејќи не знаете што интеракцијата ќе направи, обично не е многу пријатно што интеракцијата со оние смртоносни хемикалии може да стори. Но тоа е поради тоа што маслото се обидува да ја исчисти подлогата пред да започне да делува.

Или, ако ти немаш што да изгубиш, ти исто така можеш да започнеш со голема количина од маслото и да го ставиш пациентот во состојба на контролирана кома на тој начин. Тоа е тоа што јас најверојатно ќе направам, но тоа е до родителите која насока на третман ќе ја одберат.



Повеќе: Срце, крвен притисок и астма (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 93 - 95)

* Симнете си го протоколот бесплатно на англиски и донирајте за да биде преведен на сите јазици! - http://donate.hempcures.work/

Sunday, February 21, 2016

Бебињата на мајките што пушеле трева за време на бременоста се развиваат подобро!

Консумирањето канабис во бременоста е безбедно
Консумирањето канабис во бременоста е безбедно!

Пушењето канабис за време на бременоста им помага на мајките кога имаат гадење. Научниците открија уште еден неверојатен ефект од марихуаната со кој исто така потврдија дека користењето канабис воопшто не е штетно за време на бременоста. Напротив, канабиноидите им користат како на идните бебиња, така и на идните мајки. Пушењето канабис за време на бременоста им помогна на децата од Нов Зеланд да се понапредни во еден аспект од развојот на мозокот. Децата на мајките љубителки на канабис имаат подобар вид!

Тимот од Универзитетот во Окленд ги објави нивните наоди пред неколку месеци во зборникот Nature: Scientific Reports. Истражувани беа ефектите од фетална изложеност на рекреативни дроги, особено на визуелните области од мозокот. Истражувачите откриле дека пренаталната изложеност на канабис била од голема корист за глобалната перцепција на движење, односно биомаркерот за визуелен невролошки развој во предучилишната возраст. Се покажа дека децата изложени на канабис уште пред да се родат, биле скоро 50% подобри од останатите во овој поглед на развој на мозокот. Пиењето алкохол пак, имало потполно спротивен ефект.

Кликни на сликата!
Од студијата спроведена во Јамајка.
Авторот на студијата Ариџит Чакраборти (Arijit Chakraborty) објави дека изложеноста на алкохол и марихуана немала никаков ефект. Ова докажува дека марихуаната има контра ефект на штетното дејство од алкохолот. Она што е исто така доста интересно да се потенцира е непостоењето на никаква разлика во глобалната перцепција на движење помеѓу децата изложени на канабис и алкохол и децата неизложени на супстанци. 

Тимот ја мереше глобалната перцепција на движење (тест што вклучува специфични области од мозокот) кај 170 дечиња од предучилишна возраст. 145 од четиригодишните испитаници биле изложени на разни комбинации од супстанци пред раѓањето, додека 25 не биле изложени воопшто. Помеѓу детектираните супстанци биле: Канабис 40%, Алкохол 56,4%, Метамфетамин 44,2% и Никотин 75,2%. Повеќето од децата, поточно 81,3% биле изложени на повеќе од една супстанца.

Ефектите врз визуелниот развој се зависни од специфичната употреба на дроги користени за време на бременоста“ - рече Чакраборти кој предложи разгледување на добиените резултати за превенирање на ефектите од феталниот алкохолен синдром. Експертите потврдуваат дека опасностите од консумирање алкохол за време на бременоста се научно докажани. „Ние знаеме дека од сите дроги алкохолот се покажа како најопасен“ - истакнува Кристин Роуган (Christine Rogan) од Fetal Alcohol Network. Таа додаде дека бремените не сфаќаат дека пијат премногу. 

Истражувачите не препорачуваат да се започне со консумирање на канабис како антидотум на алкохолот, туку да се престане со пиење алкохол. „Ние им препорачуваме на мајките како прво да престанат да пијат, наместо да пробуваат марихуана, се` додека дополнителни истражувања не го појаснат и ова прашање“ - рече Чакраборти.