Friday, May 6, 2016

Медитација со канабис

Канабисот е првиот природен учител и само еден од многуте други природни забранети учители што растат од земја кон сонцето и што отсекогаш постојат на оваа планета и се користат отсекогаш и тоа во многу култури со иста намена - за просветлување.

Канабисот ги освестува луѓето и те враќа во моментот - само уште една причина зошто е забранет! Цел живот пушиме трева и презадоволни сме од нашата разбудена свесност која секојдневно расте, меѓутоа дојдовме во еден момент каде што не можевме да најдеме ни да одгледаме квалитет што не` задоволува, па се префрливме на нешто „појако“... Почнавме да медитираме! Научно е докажано дека медитацијата исто како и канабисот имаат слични ефекти - само доблести и ниту една негативна страна. Нам канабисот ни помага полесно да навлеземе во медитативна состојба, а потоa со канабис се наградуваме себе си после секоја успешна медитација. Не постои нешто како неуспешна медитација. Дури и секој обид да се фокусираме на немислење или пак, само да ги проследуваме нашите мисли и да ги пуштаме да си заминат од нашите глави, има свој позитивен ефект врз умот и телото. Медитацијата и јогата се исто така дел од човечката цивилизација низ илјадници години и тие се идеални практики добри за баланс на душата, умот и телото. Многу експерти ширум светот истакнуваат дека медитацијата треба да биде редовно практикувана за редуцирање на стресот и подобрување на целокупното здравје. Медитирањето го подобрува квалитетот на животот на секое поле, затоа што оваа практика отвора еден нов поглед кон светот, насочен кон фокусирање на она што го сакаме, а не на она што не го сакаме и изградува позитивен став кон работите, со што се` станува полесно, се подобрува самодовербата и чудата започнуваат да се случуваат, но само доколку се поверува во нив и им се даде простор и шанса да започнат да ни се случуваат.


Историјата на човештвото исто така потврдува дека медитацијата е многу блиска со марихуаната, не само поради истата буква на која почнуваат овие зборови, туку и поради тоа што од дамнешни времиња се користеле заедно. Медитацијата има за цел да не` врати во моментот, затоа што минатото и иднината се само илуција во нашите глави и се` што можеме да сториме е само тука и сега. Канабисот исто така ни ги растргнува од глава непотребните мисли и грижи и исто така не` враќа во моментот. Затоа многумина ја користат оваа билка за полесно навлегување во медитативна состојба на умот, т.е. во „420 состојба на умот“ и канабисот кај многумина ја засилува медитацијата. 

Канабисот отсекогаш се користел како сакрално и спиритуално растение. Многу религиозни групи од Јужна Азија медитираат со помош на канабис. Многумина веруваат дека помага да се успори умот и да се достигне длабока тишина на умот со зголемена свесност. 420macedonia исто така ви го потврдува тоа! Хиндуистите велат дека канабисот сам по себе претставува медитација. „Откако го пушите ова, проблематичните чувства, како страста, алчноста, гневот, сите тие исчезнуваат. Станувате опуштени и смирени. Сконцентрирани сте само на Бог“ - објаснува еден од Садуите (Sadhu) во видеото погоре на National Geographic. 

Канабисот кај секого делува различно и медитирањето под дејство на оваа лековита билка може да ви открие токму на кој начин таа делува врз вас. Консумирањето на индика врстите може полесно да ве сконцентрира. Најпрепорачливо е да консумирате марихуана во која форма сакате во позиција во која ќе медитирате, за да може да започнете со медитацијата веднаш штом канабисот започне да делува - затворете ги очите и фокусирајте се на дишењето. Постојат многу начини и многу техники и вие треба да си ја одберете најсоодветната за вас, еве погледнете два примери прикажани во двете видеа подолу:

Прв дел

Втор дел

Канабисот и медитацијата ќе ве научат дека не треба напразно да се зборува и дека подобро е да се биде во мир, отколку во право, затоа што не само зборовите, туку секоја мисла има неверојатна конструктивна или деструктивна моќ врз се` што се случува околу нас. Канабисот и медитацијата ќе ви покажат дека ние сме креатори на нашата судбина и какви ни се мислите - таков ни е животот. Низ медитација ќе ни стане јасно дека секоја ситуација самите ја создаваме и привлекуваме според Универзалниот закон на привлекување и секој од нас е одговорен за сопствената среќа. Канабисот ти помага постојано да си на висока позитивна вибрација и да живееш живот каков што од секогаш си сакал/а, затоа што кога си постојано расположен, се` што ти треба е тука на дофат на рака.

Уживајте во секоја медитација. Дури и секој обид да медитирате ќе има позитивни ефекти врз вас, како чистење од многу енергетски блокади, лоши мисли, негативни емоции, стрес, анксиозност, депресија, демотивација, мрзливост... Колку повеќе луѓе започнат со медитација и колку повеќе деца се научат да медитираат, толку повеќе позитивна енергија низ вибрации на мир и љубов се испраќани во Универзумот, а со самото тоа ја лекуваме нашата планета од зло, омраза, војни и секакви меѓучовечки недоразбирања и останати негативни вибрации. Бидете извор на тоа што сакате да го примате, медитирајте и пушете трева доколу сакате да живееме во Подобар свет! Ние препорачуваме интересна фреквенција за медитирање со канабис:


No comments:

Post a Comment