Showing posts with label медитација. Show all posts
Showing posts with label медитација. Show all posts

Saturday, September 22, 2018

Интервју за канабисот со Тони Зен. Дали канабисот претставува инспирација за творење?

Македонскиот извонреден артист, рапер и продуцент Тони Зен со задоволство се согласи да ни биде гостин во еден доста интересен и долг, но доста искрен разговор за канабисот и останатите пропратни теми поврзани со ова лековито растение и неговата употреба


Погледнете го видеото и кажете во коментар што вие мислите, дали сметате дека канабисот треба да биде целосно слободен и треба да се продава на зелените пазари, исто како зеленчукот и овошјето и останатите лековити билки: магдонос, коприва, кантарион...? Дознајте дали Тони Зен консумира(л) канабис? Научните истражувања и животните приказни на многу познати артисти потврдуваат дека канабисот не само што ја поттикнува неврогенезата, лекува од депресија, ги активира двете мозочни хемисфери, но исто така ја поттикнува креативноста. Дознајте дали кај него ова лековито растение претставува инспирација за неговата креативност во неговото творење?


Дознајте како според Тони Зен канабисот треба да биде регулиран? Дали можеби тој како нас смета дека тревата треба да биде целосно слободна? Дознајте дали тој повеќе сака индика, сатива или хибриди? Кои се неговите омилени врсти канабис? Слушнете дали канабисот во некоја негова одредена форма му помага за одредени здравствени проблеми? Дознајте дали Тони Зен познава некој негов близок што се излечил од сериозни заболувања со помош на масло од канабис? Слушнете што Тони им апелира на нашите соборци! Ве молиме да ја споделите оваа статија на социјалните мрежи со цел да ни помогнете во нашата мисија: ДЕМИСТИФИКАЦИЈА И ЦЕЛОСНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КОНОПОТ ВО МАКЕДОНИЈА И ШИРУМ СВЕТОТ!


Wednesday, January 3, 2018

Вежбањето јога и пушењето марихуана одат рака под рака

Со зголемувањето на бројот на земји кои ја легализираат марихуаната за рекреативна употреба, се појави прашањето за јавно комбинирање на јогата и марихуаната. Јогата и канабисот отсекогаш биле поврзувани со длабоки чувства за свесноста. Всушност, голем број јогини сметаат дека вежбањето јога им дозволува да достигнат состојба на „просветлување“


Дали на вашиот јога-мат има место и за марихуаната?

Според историчарите за јога, старите јогини со векови конзумирале марихуана во различни форми. Тие конзумирале пијалак направен од листовите од женско растение канабис, додека пак хашишот бил дел од нивниот секојдневен ритуал за медитирање кој вклучувал и асани. Почетоците на комбинирањето на марихуаната со јогата биле забележани уште во древниот култ кон Шива. Во тој период наместо да ја пушат, марихуаната ја пиеле во млеко. 

Голем број јогини потврдиле дека канабисот им помага подобро да се поврзат со своето тело. „Кога треба да ги соедините вашето тело и вашиот здив, марихуаната може навистина да ви помогне да се опуштите и да чувствувате помалку болка. Целта на јогата е да го опуштите вашето тело. А, марихуаната на многумина им помага во тоа“ - вели Mark Haskell Smith, автор и јога инструктор. 
Убавината на јогата е во тоа што се работи за особено лична пракса, а консумирањето канабис исто така претставува лично патување. Јогата сака да направиш сè што е добро за тебе и за твојата пракса, а секако само ти си личноста што треба да одлучи дали комбинацијата од овие две работи е добра за тебе. Секогаш вреди да се проба, поради нетоксичноста на канабисот.


Во здраво тело - здрав дух! Пријатно канабис-вежбање!

Namaste <3

Автор: Ангела Т.

Thursday, September 14, 2017

Што се случува со третото око кога пушиме канабис?

Се смета дека шишарната жлезда (pineal gland) има способност да ослободи во нас голема духовна моќ, интелект и свест. Добро е познато дека пинеалната жлезда реагира на психоактивни супстанци, па што се случува со тој дел од мозокот кога користиме канабис?


Дело на Алекс Греј (Alex Gray)
Многумина веруваат дека тоа е третото око (шестата чакра), толку често опишувано во митовите и учењата на источните религии. Оваа жлезда е тема на многу дебати и многу е напишано за неа, а особено многу се зборува за третото око во последно време. Многумина велат дека флуоридот од пастата за заби е една од главните состојки што ја блокираат пинеалната жлезда со калцификација. За среќа постојат многу начини за чистење на оваа жлезда. Како што се грижиме за хигиената на телото, исто така треба да се грижиме и за хигиената на духот и умот, а редовната употреба на канабис само може да ни помогне во тоа.


Пинеалната жлезда или „Седиштето на душата“, како што е опишано од Рене Декарт, е централната точка на нашиот духовен систем на водство, што нè тера да ги надминеме петте сетила на рационалност и да станеме мултисензитивни, прилагодени и свесни за повисоките димензии на холографскиот космос. Канабисот или марихуаната, меѓу другите психоделици, го олеснува активирањето на „шишарката“ и му помага на третото око или окото на умот да ја насочи нашата духовна еволуција кон целост.

Пинеалната жлезда е присутна кај речиси сите `рбетници. Кај другите видови, како птиците, влекачите и жабите, пинеалната жлезда се нарекува париетално око или „трето око“, бидејќи нејзините функции многу личат на онаа на вистинското око. Кај овие други видови, пинеалната жлезда има компоненти на вистинско око, со корнеа и конус. Под дејство на директна светлина преку очите, пинеалот го регулира спиењето, менструалните циклуси, шемите на парење, хибернацијата, сезонските шеми на летање и многу други „инстинктивни“ однесувања.



Пинеалната жлезда е доста активна во синтетизирањето на соединенијата поврзани со серотонин, важен невротрансмитер во мозокот. Невротрансмитери се хемиски гласници кои овозможуваат комуникација помеѓу индивидуалните нервни клетки. Повеќето типични психоделични лекови, како што се ЛСД, мескалин, псилоцибин и ДМТ, се активни во мозочните места, кои исто така се погодени од серотонин

Психоделичните лекови, медитациските состојби, спонтаните искуства блиски до смртта и други феномени кои можат да предизвикаат стереотипна смрт, повторно раѓање и рајски/пеколни состојби делуваат преку шишарната жлезда




Ова значи дека универзалната алегорија на гледање бело светло во близина на искуства со смрт или со длабоки духовни визии кои влијаат врз нашата основна природа, се сетила добиени токму преку оваа жлезда. Ова исто така може да биде област каде што сликите во нашата потсвест се преуредени во нови и чудни слики за време на нашите соништа. Визуелните рецептори работат во чиста темнина, но добиваат периферен стимуланс од мозокот. Третото око ја излачува природната молекула DMT произведена од нашето тело во ситуации на блиска смрт. Корелацијата помеѓу овој концепт и оној на сензорна депривација, додека се користат психоделиците, одеднаш не се толку претерани како што некогаш се чинеше. Тоа го принудува умот да се поврзе со условите кои се наоѓаат во шишарката, вадејќи го сето тоа на површина, за полесно да можеме да се соочиме со сè што нè мачи.


На кој начин канабисот делува на пинеалната жлезда?

Истражувањата на стаорци покажале дека пинеалната жлезда содржи функционален ендоканабиноиден систем со канабиноидни рецептори тип 1 и 2 и присутни се ендогени лиганди кои се врзуваат за нив, анандамид и 2-АG. Студијата покажа дека активноста на CB-рецепторите варира во зависност од секојдневниот циклус, со најниски нивоа на активност што се случуваат на крајот од дневниот период.

Исто така се покажа дека нивоата на ензимот одговорен за синтетизирање на нови ендоканабиноидни молекули, NAPE-PLD, беше намален за време на средината на темниот период. Многу е веројатно дека ендогениот аналоген анандамид на ТХЦ врши исто дејство за намалување на ослободувањето на мелатонинот предизвикан од норепинефрин и затоа е фундаментално вклучено во функцијата на пинеалната жлезда. Затоа се чини дека ниски нивоа на анандамид или ТХЦ се потребни за да се зголеми производството на мелатонин. Со зголемување на нивото на мелатонин, како што нормално треба да се прави на крајот од дневниот период, треба природно да се јави чувство на поспаност.


Како пинеалната жлезда влијае врз нашиот „хај“?

Ова не е сосема јасно и во секој случај, знаеме дека повеќе различни региони на мозокот се вклучени во субјективното искуство кога сме хај. Пинеалната жлезда е само една мала врска во екстремно долг и комплициран синџир, кој се протега меѓу некои од најосновните и фундаментални делови на мозокот и некои од најнапредните, како што е неокортексот, којшто постои само кај цицачите. Сепак, шишарната жлезда постојано е поврзана со биосинтезата на круцијални природни процеси поврзани со спиењето, сонувањето и па и фантазијата. Присуството на овие соединенија во шишарката е една од најважните причини зошто многумина ја сметаат за „седиште на душата“ или клучот за „духовно просветлување“. Без сомнение, најпознатото од овие соединенија е N (N-диметилтриптамин - N-Dimethyltryptamine) попознато како DMT.

Сè уште со сигурност не може да се каже дали пинеалната жлезда е одговорна за синтеза на DMT кај луѓето, но постојат значителни докази кои сугерираат дека тоа е така. DMT и сродните соединенија триптамин и буфотенин, се пронајдени во човечката урина, а самата DMT се покажа дека е синтетизирана во шишарката од мозокот кај стаорци. Едно друго слично соединение, 5-MeO-DMT е синтетизирано во човечката пинеална жлезда, но до сега не е докажано дали и самиот ДМТ е произведуван од тој дел од нашиот мозок.


Пинеалната жлезда е дел од сложен и фасцинантен систем!

Додека сме уште далеку од целосно разбирање на комплексната мрежа од хемиски соединенија кои комуницираат во мозокот, почнуваме да градиме едноставна мапа за тоа како сите овие меѓусебно поврзани процеси се вклопуваат заедно. Јасно е дека ендоканабиноидниот систем е фундаментално важен сигнализациски систем, кој помага да се поврзат разните делови од мозокот, коишто само со заедничко совршено функционирање ни го даваат субјективното искуство кога сме ХАЈ. Самата пинеална жлезда е од суштинско значење за овој процес и има несомнена важност како извор на соединенија кои ја менуваат свеста. 

Таа неразделно работи со ендоканабиноидниот систем и со разни други регулаторни системи за контрола на нашето субјективно секојдневно искуство на расположение, будност и поспаност, а кога воведуваме надворешни психоактивни соединенија, овој процес може да се измени на фундаментални начини, од кои некои можат да бидат многу пријатни и здрави. Од сите природни психоактивни супстанци, канабисот е докажано најбезбедната - НУЛА смртни случаи до сега, а најдобро е тоа што не може фатално да се предозира и не може да се стане зависен, па дури ни од секојдневна употреба, поради тоа што рецепторите за активните состојки од канабисот во нашето тело се заситуваат до одредено ниво, а исто така нив ги нема во нервниот систем одговорен за процесот на дишење.



Автор: К. К.

Friday, August 18, 2017

Бинаурални канабис фреквенции за повеќе уживање!

Како да се чувствувате поразлично, а воедно порелаксирано, поздраво и поубаво без употреба на дроги? Со помош на канабис секако - билка што ви помага да се чувствувате нормално и да не дозволите целосно да му се препуштите на стресот од секојдневието


Канабисот идеално се вклопува со звучната терапија, со музиките за медитација, а особено со бинауралните битови (binaural beats) на фреквенции соодветни за полесно активирање на канабиноидите во нашиот организам и за поголемо уживање во ефектот од марихуаната. Музиката и звучната терапија, не само што се користат за лекување, тие се исто така одамна познат начин за безбедно истражување на поинаква перцепција. Лесно достапна алатка секому се бинауралните звуци, кои се препорачува да се слушаат со помош на слушалки за да се постигне подобар ефект, бидејќи предизвикуваат дуална хемисферична стимулација. 


Тие предизвикуваат аудитивна илузија, затоа што различни видови на звуци се слушаат во двете уши, а мозокот добива илузија и започнува да слуша пулсирачки трет тон помеѓу тие два, кој реално не постои. Експертите велат дека различните фреквенции на овие звуци стимулираат различни делови од мозокот, можат да се користат за лекување на мозочни нарушувања, намалување на симптомите кај лицата со говорни мани, АДД, АДХД, несоница, зависности итн., а таков ефект има и канабисот. Тоа значи дека во комбинација добивате премоќна алатка за балансирање на комплексот тело/душа/ум и за победување и спречување на секое заболување за кое модерната медицина нема решение! ;)


Еве неколку наши предлози...




Friday, May 6, 2016

Медитација со канабис

Канабисот е првиот природен учител и само еден од многуте други природни забранети учители што растат од земја кон сонцето и што отсекогаш постојат на оваа планета и се користат отсекогаш и тоа во многу култури со иста намена - за просветлување.

Канабисот ги освестува луѓето и те враќа во моментот - само уште една причина зошто е забранет! Цел живот пушиме трева и презадоволни сме од нашата разбудена свесност која секојдневно расте, меѓутоа дојдовме во еден момент каде што не можевме да најдеме ни да одгледаме квалитет што не` задоволува, па се префрливме на нешто „појако“... Почнавме да медитираме! Научно е докажано дека медитацијата исто како и канабисот имаат слични ефекти - само доблести и ниту една негативна страна. Нам канабисот ни помага полесно да навлеземе во медитативна состојба, а потоa со канабис се наградуваме себе си после секоја успешна медитација. Не постои нешто како неуспешна медитација. Дури и секој обид да се фокусираме на немислење или пак, само да ги проследуваме нашите мисли и да ги пуштаме да си заминат од нашите глави, има свој позитивен ефект врз умот и телото. Медитацијата и јогата се исто така дел од човечката цивилизација низ илјадници години и тие се идеални практики добри за баланс на душата, умот и телото. Многу експерти ширум светот истакнуваат дека медитацијата треба да биде редовно практикувана за редуцирање на стресот и подобрување на целокупното здравје. Медитирањето го подобрува квалитетот на животот на секое поле, затоа што оваа практика отвора еден нов поглед кон светот, насочен кон фокусирање на она што го сакаме, а не на она што не го сакаме и изградува позитивен став кон работите, со што се` станува полесно, се подобрува самодовербата и чудата започнуваат да се случуваат, но само доколку се поверува во нив и им се даде простор и шанса да започнат да ни се случуваат.


Историјата на човештвото исто така потврдува дека медитацијата е многу блиска со марихуаната, не само поради истата буква на која почнуваат овие зборови, туку и поради тоа што од дамнешни времиња се користеле заедно. Медитацијата има за цел да не` врати во моментот, затоа што минатото и иднината се само илуција во нашите глави и се` што можеме да сториме е само тука и сега. Канабисот исто така ни ги растргнува од глава непотребните мисли и грижи и исто така не` враќа во моментот. Затоа многумина ја користат оваа билка за полесно навлегување во медитативна состојба на умот, т.е. во „420 состојба на умот“ и канабисот кај многумина ја засилува медитацијата. 

Канабисот отсекогаш се користел како сакрално и спиритуално растение. Многу религиозни групи од Јужна Азија медитираат со помош на канабис. Многумина веруваат дека помага да се успори умот и да се достигне длабока тишина на умот со зголемена свесност. 420macedonia исто така ви го потврдува тоа! Хиндуистите велат дека канабисот сам по себе претставува медитација. „Откако го пушите ова, проблематичните чувства, како страста, алчноста, гневот, сите тие исчезнуваат. Станувате опуштени и смирени. Сконцентрирани сте само на Бог“ - објаснува еден од Садуите (Sadhu) во видеото погоре на National Geographic. 

Канабисот кај секого делува различно и медитирањето под дејство на оваа лековита билка може да ви открие токму на кој начин таа делува врз вас. Консумирањето на индика врстите може полесно да ве сконцентрира. Најпрепорачливо е да консумирате марихуана во која форма сакате во позиција во која ќе медитирате, за да може да започнете со медитацијата веднаш штом канабисот започне да делува - затворете ги очите и фокусирајте се на дишењето. Постојат многу начини и многу техники и вие треба да си ја одберете најсоодветната за вас, еве погледнете два примери прикажани во двете видеа подолу:

Прв дел

Втор дел

Канабисот и медитацијата ќе ве научат дека не треба напразно да се зборува и дека подобро е да се биде во мир, отколку во право, затоа што не само зборовите, туку секоја мисла има неверојатна конструктивна или деструктивна моќ врз се` што се случува околу нас. Канабисот и медитацијата ќе ви покажат дека ние сме креатори на нашата судбина и какви ни се мислите - таков ни е животот. Низ медитација ќе ни стане јасно дека секоја ситуација самите ја создаваме и привлекуваме според Универзалниот закон на привлекување и секој од нас е одговорен за сопствената среќа. Канабисот ти помага постојано да си на висока позитивна вибрација и да живееш живот каков што од секогаш си сакал/а, затоа што кога си постојано расположен, се` што ти треба е тука на дофат на рака.

Уживајте во секоја медитација. Дури и секој обид да медитирате ќе има позитивни ефекти врз вас, како чистење од многу енергетски блокади, лоши мисли, негативни емоции, стрес, анксиозност, депресија, демотивација, мрзливост... Колку повеќе луѓе започнат со медитација и колку повеќе деца се научат да медитираат, толку повеќе позитивна енергија низ вибрации на мир и љубов се испраќани во Универзумот, а со самото тоа ја лекуваме нашата планета од зло, омраза, војни и секакви меѓучовечки недоразбирања и останати негативни вибрации. Бидете извор на тоа што сакате да го примате, медитирајте и пушете трева доколу сакате да живееме во Подобар свет! Ние препорачуваме интересна фреквенција за медитирање со канабис: