Лековита билка или уште повеќе фармацевтски дроги? |
Медицинскиот канабис го има потенцијалот на природен начин и без несакани последици да им помогне на зависниците од опијати и други тешки синтетички дроги во борбата со нивната зависност, сугерира една нова научна студија
Прегледот на претходните истражувања откри рани докази дека марихуаната може да помогне во лекувањето на менталните здравствени проблеми како што се пост-трауматско стресно нарушување (Post Traumatic Stress Disorder - PTSD - ПТСД) и нарушувањата со злоупотреба на супстанции.
Прегледот на претходните истражувања откри рани докази дека марихуаната може да помогне во лекувањето на менталните здравствени проблеми како што се пост-трауматско стресно нарушување (Post Traumatic Stress Disorder - PTSD - ПТСД) и нарушувањата со злоупотреба на супстанции.
Корисник на канабис VS. зависник од дроги! |
Истражувањето објавено во најновиот број на зборникот Clinical Psychology Review journal направи преглед на сите студии кои го вклучувале менталното здравје и марихуаната објавени од далечната 1960та година, откри дека многу од испитаниците ја замениле употребата на опијати со канабис. „Истражувањето сугерира дека луѓето може да го употребуваат канабисот како излезна дрога за да ја редуцираат употребата на супстанците коишто се потенцијално многу поштетни“ - изјави во едно соопштение главниот автор на студијата Зек Волш (Zach Walsh) психолог и истражувач на марихуаната од кампусот на Универзитетот од Британска Колумбија Оканаган (UBC’s Okanagan campus).
Почитувани лекари, освестете се! |
Пациентот Грег Милер (Greg Miller) е еден од тие среќници. Тој долго време се бореше со злоупотребата на дрога и алкохол откако по една трагична сообраќајна несреќа тој се здоби со хронична болка. Но, потоа тој својата зависност ја замени со медицинска марихуана и имаше успех исто така и во справувањето со неговата болка, без употреба на морфиум и алкохол. „Таа ми помага да ги контролирам моите проблеми со болката“ - истакна Милер за CTV Vancouver.
„Доколку канабисот ја намалува употребата на поштетна супстанца, тогаш тој е од корист за општеството“ - додава Волш.
Канабис = Здравје = Љубов! <3 |
No comments:
Post a Comment