Една неодамнешна канадска студија исто така потврди дека THC (тетрахидроканабинолот) ги прави лабораториските стаорци попаметни
Се запрашувате зошто корисниците на канабис се толку паметни и креативни? Научните наоди неодамна објавени во зборникот Frontiers in Pharmacology ја расчистија мистеријата еднаш засекогаш. Прелиминарните истражувања од страна на медицинските истражувачи од McLean Hospital, Harvard Medical School и Tufts University укажуваат дека користењето трева ги подобрува когнитивните перформанси! Когнитивниот перформанс е нашата способност да ги користиме знаењата стекнати од менталните процеси во мозокот. Со други зборови, извршување на задачи кои бараат процесирање на информации (размислување).
Научниците кои се занимаваат со однесувањето во своето истражување „Сјај во тревата? Пилот студија што го проценува влијанието на марихуаната врз извршната функција“ (Splendor in the Grass? A Pilot Study Assessing the Impact of Medical Marijuana on Executive Function) проследуваа 24 сертифицирани пациенти кои користат медицинска марихуана, во период од три месеци на користењето на овој природен лек. Испитаниците биле постојано надгледувани и им биле мерени когнитивните вештини преку разни тестови на интелигенција и предизвици кои ги вклучувале тестовите Trail Making Test, како и Stroop Color Word Test.
Д-р Стејси Грубер (Staci Gruber) директор на програмата „Истражувања врз марихуаната за невронаучното откритие“ (Marijuana Investigations for Neuroscientific Discovery - MIND) при болницата McLean Hospital - Harvard Medical School’s со нејзиниот извештај даде двојно позитивно мислење за канабисот. Третманот со трева доведе пациентите да се справат со мозочните тестови и загатки со невидена леснотија, брзина и точност. „По три месечен третман со марихуана, пациентите всушност даваа подобри резултати, од аспект на нивната способност за извршување на одредени когнитивни задачи, посебно оние со посредство на фронталниот кортекс“ - објаснува Грубер.
Учесниците во студијата, исто така, изјавиле подобрувања во нивните специфични клинички состојби, спиење и општото здравје, како и намалена потреба од употреба на конвенционалните лекови, особено опијати. „Видовме намалување за 42 отсто кај употребата на опијати. Ова е значајно, особено за оние од нас во Масачусетс и другите области на земјата каде што епидемијата со опијати убива толку многу. Ова прелиминарно откритие со сигурност бара подлабока и поширока истрага“ - додава таа.
За помалку од една недела, електоратот во пет американски држави (една од нив е Масачусестс) имаат можност да гласаат за легалниот марихуана клуб. Доколку само една од овие држави, Калифорнија на пример, изгласа легална употреба за возрасни, буквално милиони Амњериканци ќе добијат можност легално да користат марихуана, без страв дека ќе бидат прогонувани од полицијата и без да го имаат чувството дека според закон се криминалци.
Кој пробал - знае! Нам не ни се потребни додатни истражувања за да се докажува она што отсекогаш се знае дека е така. Да. Канабисот може да те направви попаметен и посреќен човек и да, луѓето ќе ја користат марихуаната. „Луѓето ќе ја користат. Наша задача е да ги дознаеме најдобрите и најбезбедните начини на кои тие можат да го прават тоа“ - заклучува Д-р Грубер.
П.С. Авторот беше напушен и пушеше канабис додека го пишуваше овој текст... :)
M. Konopova
M. Konopova
No comments:
Post a Comment