Sunday, November 27, 2016

Пушењето марихуана како лек за воспалителни болести на цревата!






Кога станува збор за несвојствените воспалителни заболувања кај цревата (Inflammatory Bowel Disease - IBD), канабисот може да биде единственото природно решение, многу побезбедно и поефикасно од фармацевтските лекови


Научниците знаат дека марихуаната содржи повеќе од 100 состојки наречени канабиноиди, коишто имаат биолошки позитивен ефект врз телото на консументот. Канабисот веќе долго време се препишува како лек од страна на лекарите во некои земји и тоа за третирање на физички заболувања како артритис, епилепсија, рак, но и за ментални нарушувања како што е ПТСД, депресија или анксиозност. Сепак, улогата што марихуаната може да ја игра во медицината се` уште не е испрецизирана, иако потенцијалот што го има ова растение во подобрувањето на целокупната благосостојба на човекот (па дури и милениците) е веќе одамна добро позната. Канабисот се покажа и како лек за пациентите кои претрпеле трансплантација на органи - оваа билка им помага новиот орган да е полесно прифатен од страна на нивното тело. Недостатокот на истражувања во голем дел се должи на фактот што повеќето студии се фокусирани на незаконската употреба на марихуаната, а не на терапевтскиот потенцијал и поради тоа што канабисот во поголемиот дел од светот е класифициран како дрога бр. 1, што го прави научното истражување речиси и невозможно...


Coltyn Turner успешно ја победи Кроновата болест
Во потрагата по одговори за потенцијалот што го има марихуаната врз здравјето на човекот, научниците дојдоа до интересни наоди. Кога станува збор за несвојствените воспалителни заболувања кај цревата (Inflammatory Bowel Disease - IBD), канабисот може да биде единственото природно решение, многу побезбедно и поефикасно од фармацевтските лекови. Имено, постојат два типа на IBD и тоа Улцерозен колитис и Кронова болест. Употребата на канабис како терапија според Д-р Џордан Тишлер (Jordan Tishler) кој своето образование го завршил на Харвард и е водечки експерт за канабис терапевтика во Масачусетс, канабисот е решението и е многу побезбеден и помалку штетен во споредба со другите лекови.  Да појасниме дека споредните ефекти од канабист не се негативни ефекти. Тие вклучуваат сонливост или на пример зголемен апетит - а тоа се знаци дека телото се лекува - телото си кажува дека му требаат повеќе хранливи материи и сон за да се избори со болеста! Она што е најважно е дека споредните ефекти од канабисот не се летални (смртоносни) како кај фармацевтските лекови. Друга важна работа е што токму кај пациентите со гастроинтестинални нарушувања, споредниот ефект од марихуаната кој предизвикува зголемен апетит - е токму она што им е најпотребно!


'Подобро е да сум нелегално жив, отколку легално мртов'
Постои изобилство од канабиноидни рецептори во гастроинтестиналниот ѕид, истовремено во имуните клетки и клетките од цревата. Канабисот е многу ефективен кај воспалителните заболувања во третирањето на двете истовремено - основната болест, како и нејзините симптоми. Несаканите последици се вистински, но можам да го избројам бројот на пациенти коишто не успеваат со канабис терапијата поради нетолеранција на споредните ефекти од една страна. Внимателното планирање на режимот, согласноста на пациентот, како и редовното следење, исто како и кај било кој друг лек, можат ефикасно да ги надминат овие потешкотии“ - истакнува Д-р Тишлер.


Ти благодариме д-р Рашна! Сите лекари да бидат како тебе :)
Д-р Тишлер и другите негови колеги, коишто препишуваат медицински канабис се ангажирани да го намалат влијанието што воспалителните болести на цревата го имаат врз секојдневниот живот на луѓето што страдаат од овие болести. Поради тоа што симптомите и степенот на болеста се различни кај секоја индивидуа, тој препорачува вариетет од подготовки и начини на употреба на канабисот. „Оралните подготовки (edibles) даваат многу подолга покриеност, додека за повремените симптоми јас обично преферирам вапоризиран цвет. За оние пациенти коишто имаат потреба од дополнителен третман, јас понекогаш комбинирам орален режим со вапоризирање туфки. Како и кај сите лекови, постојат ризици и придобивки од канабисот и целта е секогаш да се најде начинот и да се користи најмалата возможна доза за да се добие најдобриот резултат, со најмалку споредни ефекти“ - додава Д-р Тишлер. Тој исто така нагласи дека медицинскиот режим значително се разликува од рекреативниот и покрај тоа што секоја употреба на канабист е медицинска.

Д-р Рашна Пател (Rachna Patel) исто така е лиценциран лекар во Калифорнија и таа ја раководи нејзината сопствена клиника за медицинска марихуана. Позната како „Експерт за медицинска марихуана“ (The Medical Marijuana Expert) д-р Рашна третира IBD користејќи канабис со многу успех до сега. „Јас открив дека тој им помага на моите пациенти на повеќе начини. Тој им помага да се намалат стомачните грчеви, гадењето и тој исто така помага да се стимулира апетитот со оглед на тоа што пациентите коишто страдаат од IBD често имаат проблеми со губењето на тежината, па користењето на канабис може да помогне кај апетитот и контролата на тежината“ - истакнува таа.


Победи ги воспаленијата!
Најновото откритие кај истражувањата на Кроновата болест немамерно го поддржува канабисот не само како лек за симптомите, туку и како лек за болеста сама по себе. Студијата спроведена од страна на интернационален тим раководен од Case Western University School of Medicine, откри дека габите и бактериите вообичаено присутни во човечкото тело имаат нетипични интеракции во телата на пациентите со Кронова болест. Како надополнување на ова, со истражувањето на фекалната материја кај здравите индивидуи и лицата со Кронова болест во исто семејство, истражувачите откриле дека во споредба со здравите членови од семејството, лицата со Крон имале повисоки нивоа на два вида на бактерии и една габа, коишто заедно ја создаваат лигавата материја што го предизвикува воспалението во цревата.


Ова научно достигнување во комбинација со идентификувањето на антигабичното и антибактериското дејство на канабисот го има потенцијалот да создаде нови третмани и конечно и лек за Кроновата болест и другите видови на нетипични воспаленија на цревата. Со култивирањето на различни врсти на канабиноиди со овие својства, научниците се фокусирани на максимизирање на антигабичното (антифунгалното) и антибактериското дејство кај надворешната како и кај внатрешната употреба на оваа медицинска билка.





Извор: Coltynscrue

No comments:

Post a Comment