Во канабисот е иднината! |
Како што е истакнато на официјалната Веб страница на Hemproject, група научници од болницата California Pacific Medical Center во Сан Франциско покажаа дека соединението добиено од марихуаната може да ги запре метастазите кај многу видови на агресивен рак, потенцијално менувајќи ја смртноста од оваа болест засекогаш. „Тоа ни одзеде околу 20 години истражувања за ова да се открие, но ние сме многу возбудени. Сакаме да започнеме со испитувања што е можно поскоро“ - истакна за The Huffington Post Д-р Пјер Деспрез (Pierre Desprez), еден од научниците кој стои зад откритието. The Daily Beast први го проследија со објава ова откритие, кое веќе ги претрпе двете видови на тестирања, како лабораториските, така и тестирањата врз животни и се чека дозвола за клинички испитувања врз луѓето.
Не само ТХЦ и не само ЦБД, туку сите канабиноиди во корелација меѓусебно си помагаат во убивањето на ракот!
Немаше да биде меѓу нас да не беше канабисот! |
Д-р Деспрез кој е молекуларен биолог со децении го истражува генот ID-1 што го предизвикува ракот да се шири низ телото. Во меѓувреме, соработникот истражувач Д-р Шон МекАлистер (Sean McAllister) ги проучувал ефектите од Канабидиолот (Cannabidiol - CBD) - непсихоактивната состојка којашто ја има во различни концентрации во секоја билка од канабисот, без разлика на врстата. За среќа, оваа интелектуална двојка соработувала заедно при ова најново истражување. Научниците ги комбинирале клетките кои содржат високо ниво на гените ID-1 заедно со CBD во петриеви садови.
„Она што го откривме беше дека неговиот Канабидиол би можел суштински да го 'исклучи' ID-1“ - изјави Д-р Деспрез. Клетките запреле во ширењето и се вратиле во нормала. „Ние најверојатно не би го дознале ова самостојно“ - додаде тој. „Тоа е причината зошто соработката е од толку суштинско значење за научното откритие“ - заклучува Д-р Деспрез. Двајцата доктори први објавиле труд во врска со наодов во 2007 година. Од тогаш до сега нивниот тим покажа дека CBD функционира истовремено како во лабораторија, така и кај животните. И сега, тие откриле уште една добра вест! „Ние започнавме со истражување на ракот на дојка. Но, сега ние откривме дека Канабидиолот функционира кај многу видови на агресивен рак - на мозок, простата - било кој вид во кој овие високи нивоа на ID-1 се присутни“ - рече Д-р Деспрез.
Хемо VS. Мара :) |
Д-р Деспрез се надева дека клиничките испитувања ќе започнат веднаш. „Ние не најдовме никаква токсичност кај животните кои ги тестиравме и Канабидиолот веќе официјално се користи кај луѓето за разни други болести“ - рече тој. Навистина, оваа состојка се користи за ублажување на анксиозноста и гадењето и бидејќи таа е не-психоактивна и претставува докажан природен антидотум на ефектот на Тетрахидроканабинолот - ТХЦ, па затоа е потполно безбедна. Канабидиолот е веќе докажан природен лек за разни видови на епилепсија и дури и најтешките форми на епилепсија кај новороденчињата се третираат со ЦБД.
Твоето здравје е во твои раце! |
„Ние употребивме инјекции во тестирањето кај животните и исто така тестираме и со таблети. Но, вие никогаш не може да добиете доволно количество на Канабидиол за тој да биде ефективен само од пушењето“ - истакнува тој. Покрај тоа, тимот почна синтетизирање на соединението во лабораторија, наместо да го користат растението, во обид да го направат повеќе потентно. „Тоа е вообичаена практика. Но, за среќа тоа ќе не` држи настрана од сите пречки додека бараме одобрување“ - заклучува Д-р Деспрез.
Д-р Деспрез и Д-р Шон МекАлистер |
No comments:
Post a Comment