Friday, April 17, 2020

Како влијае вирусот Ковид-19 кај пациенти кои користат канабис и обратно?

Употреба на канабис за време на економска криза поради вирусна пандемија? Нова научна студија ќе го разгледува влијанието на коронавирусот Ковид-19 кај пациенти кои користат медицинска марихуана


Оваа прелиминарна студија, предводена од Универзитетот во Мајами, ќе ја искористи експертизата за епидемиологија и ќе ги разгледува податоците собрани за моделите и трендовите на пациентите што користат медицински канабис за време на појавата на коронавирусот. Во моментов, пациентите на кои им е дозволено да користат канабис за лекување се соочуваат со одложувања во набавката на нивниот лек заради глобалната „Корона криза“, што ги прави ранлива група која може лесно да потпадне под влијание на вирусот. Истражувачите ќе користат анонимна анкета за да добијат информации од пациенти корисници на медицински канабис во однос на нивното ментално и физичко здравје, како и да ги испитаат промените во фреквенцијата на пациентот кај употребата на канабис, дозата и начинот на употреба засновани врз кризата поради COVID-19. 

Д-р Денис Видо (Denise C Vidot), обучен епидемиолог и доцент на Факултетот за медицински сестри и здравствени студии, ја води прелиминарната студија. Таа рече: „Глобалните квалификациски услови за медицински канабис, иако не се еднолични, сите вклучуваат лица со компромитиран имунолошки систем и други хронични здравствени состојби. Затоа, ова е население што не можеме да го заборавиме во нашите напори да ја „израмниме кривата“. „Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека податоците засновани на популацијата се од суштинско значење да се донесат информирани одлуки. Мојот тим и јас разбираме дека множеството од анегдоти не се податоци. Значи, ние ги комбинираме нашите вештини за да го сториме нашиот дел со цел да ги обезбедиме овие податоци. Нашата цел е корисниците на канабис од секоја земја да го завршат ова истражување, така што податоците се поопшти“ - додава таа.

Избегнувајте групно пушење на ист џоинт за време на Коронакризата!

Друга тема што експертите ќе ја испитаат е групното користење на исти производи и алатки за консумирање канабис по пат на вдишување, евапорација, пушење, што е доста популарна навика помеѓу рекреативните корисници - што може да биде потенцијален фактор за ширење на Коронавирусот. 

Прочитајте повеќе за оваа студија и учествувајте во неа со пополнување на прашалникот ТУКА!

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Healtheuropa.eu

2 comments: