Showing posts with label криза. Show all posts
Showing posts with label криза. Show all posts

Wednesday, April 22, 2020

Седи си дома и сади си дома за време на „Корона кризата“ :)

Заштити се од вируси, утепај ја карантинската досада и ограничената слобода на движење, поради пандемијата со вирусот Ковид-19 со креативно хоби - одгледување канабис! Затоа препорачуваме: седи си дома и сади си дома 😀




Ова е тежок период за сите... Депресивно, анксиозно и меланхолично расположение, облачно време, забрането собирање во групи и дружење на кое сме навикнати. За време на овој период за да се победи досадата и анксиозноста, но и за да го зајакнеме имунитетот и полесно да ги спречиме и да се избориме со вирусите, најпотребен ни е лекот - канабис! За жал, тешко е да се набави лекот во ваква состојба кога постои полициски час...


Најевтино и најбезбедно е самите да си го одгледувате и правите лекот во својот дом 🙂 Како? Едноставно! Човекот учи додека е жив! Најдобро ќе учите на своите сопствени грешки, но земете ги пред вид и туѓите искуства. Еве неколку корисни совети од еден искусен одгледувач и наш соборец, кој сакаше да остане анонимен. „Седум години се едуцирам од врвни професионалци“ - вели тој. Ова се најчестите работи коишто обично ги грешат одгледувачите почетници кои немаат доволно искуство:



1.) ТЕМПЕРАТУРА

Внимавајте на температурата! „Доколку му е премногу студено на растението, може да се јави црвенило на стеблото, значи дека ниска му е температурата. Минималната температура - до 18 степени може да се намали, нема да има проблем. Под 18 јавува црвенило - ШОК!“ - истакнува овој анонимец.

* ПРЕПОРАКА:
Минимум 24 степени!
Максимум 34 степени!



2.) НАВОДНУВАЊЕ

Многу внимателно со водата! „Ако е жедно растението можеш да го поправиш тоа, ама ако претераш со водата, нема враќање назад - ќе овене од премногу вода, ги собира лисјата навнатре во тој случај“ - вели нашиот соговорник. Со премногу вода може да скапе коренот... „Со прстите можеш да провериш во црепот дали е влажен кокосот или не. Ако јави влага на прст, нема потреба од наводнување“ - додава тој.



Инфицирано растение :(
3.) ШТЕТНИЦИ

За да се провери дали билката е здрава, за да се провери дали нема пајаче (инсекти), одоздола се проверува листот често, зашто туфката може да фати пајажина, поради која не може да прима доволно светлина и топлина од ламбата. Доколку ова се случи, се користи специјален инсектицид од гроу шоп“ - вели тој. „На секои 3 берби сменувам хумус, а на 2 берби сменувам филтери“ - со цел да се спречи појавата на инсектите од почвата.




4.) ПРИХРАНА

Од прихрани ги користам, најквалитетните. Овој комплет чини 800 евра, ама дава добар резлутат“ - нагласува нашиов соборец. Да не ве исплаши цената на овие препарати, бидејќи тој има 330 билки, т.е. приватна мини оранжерија! За неколку билки тоа нема да ве чини толку скапо, а соодветна прихрана може да најдете и кај нас, во нашите македонски гроу шопови за одгледување канабис.



5.) ВНАТРЕ или НАДВОР?

Во врска со разликата меѓу надворешно и внатрешно одгледување: „Аутдор тревата е за масло, не можеш да извадиш добар квалитет како индор, нема шанси. Исто така и висината ја дава разликата. Надвор можеш да одиш до колку сакаш, додека пак, внатре - колку ќе дозволи просторот. Надворешната е на шест месеци берба, внатрешната на 9 недели, значи аутдор два пати годишно, внатре до 5 пати годишно“ - вели тој. Билките што се одгледуваат надвор може да се кратат во висина: „Може, да - ама немаш потреба да кратиш ако е надвор. Зошто? Нека оди во висина колку што сака - Sky is the limit, немаш пречка за да го оставиш да се извиши“ - вели тој.


Иако трошоците од внатрешното одгледување се можеби малку повисоки, поради тоа што се троши струја за осветлување, сепак тој напоменува: „Недостатокот кај надворешното одгледување е: многу, многу, многу поголем ризик! Со миризбата, мал ветар и ќе се почувствува и до 500 метри далечина. Предноста кај внатрешното одгледување е таа што, никој не знае што имаш дома, доколку сам не се пофалиш!“. Тој вели дека во Холандија надворешната трева е 5 евра во кофи шоп за грам, а внатрешната 10 евра за грам. „Ова се цени на мало, на големо се сосема други цените“ - додава тој. 


6.) ОСВЕТЛУВАЊЕ

Една ламба оди на 1 м квадратен, со што може да осветлува 20 растенија. Растојанието помеѓу ламбата и „бебето“ треба да биде минимум 30-40  см. Тој додава дека по 20 стебла одат на една сијалица: „16 ламби x 20 стебла = 320 стебла“. Според него, исто така многу е важна хигиената во просторот за одгледување, па често треба да се дезинфицира и брише подот.



7.) СОСЕДИ :)

Пред сѐ, немојте никому да се фалите дека одгледувате, ама буквално никому не кажувајте за оваа ваша мала ТАЈНА! „Внимавајте само од комшиите :) Со нив треба да стоите добро и воопшто да не се посомневаат ;)“ - вели соборецов. Исто така, пожелно е да им пуштате на билките убава музика, да им зборувате, да им пеете, да им дадете љубов, само не премногу гласно, за соседите да не се посомневаат во вашето чудно и невообичаено однесување :P





Новинар: MoniQue Konopova
Соговорник: Анонимен соборец :)

Tuesday, April 21, 2020

Канабис индустријата се развива и покрај Корона пандемијата

Индустријата за марихуана и нејзините даночни приходи во Алјаска останаа цврсти за време на кризата поради Ковид-19 пандемијата


Додека гувернерот на Алјаска, Мајк Данлеви, повторно сака да ги активира економските сили во државата, една индустрија продолжи да биде сигурен извор на даночни приходи и за време на кризата од Корона вирусот. Бизнисите за канабис во Алјаска биле назначени како основна дејност, што им овозможувало на деловните активности да останат отворени, додека некои други бизниси биле принудени да се затворат, а продажбата останала стабилна, тврди Лејси Вилкокс, претседател на Alaska Marijuana Industry Association. Според законот, сите канабис производи од Алјаска мора да потекнуваат и да останат во државата, значи одгледувачите, производителите и трговците сè уште работат и плаќаат даноци. 

Одгледувачите и производителите ѝ плаќаат даноци на државата, додека трговците на мало плаќаат даноци на нивната локална општина, рече Кели Мазези, даночен управител на одделот за приходи на Алјаска. Даноците од индустријата за канабис не само што се стабилни, рече Мазези, туку тие растат. „Ние преземаме нови даночни обврзници цело време“ - истакна Мазези. „Се одобруваат многу нови лиценци на установи за одгледување, исто како и за производство и малопродажба. Сè уште се одобруваат лиценците, дефинитивно гледаме дека се зголемуваат приходите од данок“ - додава таа. 

Месечните даночни статистики сè уште не се достапни за март, но во февруари државата презеде 1,7 милиони американски долари од даноци. Тие пари се само 25% од вкупните приходи од данок од канабис, според Мазези, а остатокот оди на образовни програми за марихуана, рече таа. Бидејќи марихуаната сè уште е нелегална  на федерално ниво, компаниите за канабис не се квалификувани за федерални или програми за државна помош за време на оваа вонредна состојба. Но, само затоа што на индустријата ѝ беше дозволено да остане отворена, тоа не значи дека на индивидуалните бизниси им оди лесно, тие мораат да се борат, додаде Вилкокс. Бизнисите со канабис сè уште се соочуваат со истите проблеми со кои се соочуваат многу други бизниси во моментов.

Преведе: MoniQue Konopova
Извор: Juneauempire

Friday, April 17, 2020

Како влијае вирусот Ковид-19 кај пациенти кои користат канабис и обратно?

Употреба на канабис за време на економска криза поради вирусна пандемија? Нова научна студија ќе го разгледува влијанието на коронавирусот Ковид-19 кај пациенти кои користат медицинска марихуана


Оваа прелиминарна студија, предводена од Универзитетот во Мајами, ќе ја искористи експертизата за епидемиологија и ќе ги разгледува податоците собрани за моделите и трендовите на пациентите што користат медицински канабис за време на појавата на коронавирусот. Во моментов, пациентите на кои им е дозволено да користат канабис за лекување се соочуваат со одложувања во набавката на нивниот лек заради глобалната „Корона криза“, што ги прави ранлива група која може лесно да потпадне под влијание на вирусот. Истражувачите ќе користат анонимна анкета за да добијат информации од пациенти корисници на медицински канабис во однос на нивното ментално и физичко здравје, како и да ги испитаат промените во фреквенцијата на пациентот кај употребата на канабис, дозата и начинот на употреба засновани врз кризата поради COVID-19. 

Д-р Денис Видо (Denise C Vidot), обучен епидемиолог и доцент на Факултетот за медицински сестри и здравствени студии, ја води прелиминарната студија. Таа рече: „Глобалните квалификациски услови за медицински канабис, иако не се еднолични, сите вклучуваат лица со компромитиран имунолошки систем и други хронични здравствени состојби. Затоа, ова е население што не можеме да го заборавиме во нашите напори да ја „израмниме кривата“. „Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека податоците засновани на популацијата се од суштинско значење да се донесат информирани одлуки. Мојот тим и јас разбираме дека множеството од анегдоти не се податоци. Значи, ние ги комбинираме нашите вештини за да го сториме нашиот дел со цел да ги обезбедиме овие податоци. Нашата цел е корисниците на канабис од секоја земја да го завршат ова истражување, така што податоците се поопшти“ - додава таа.

Избегнувајте групно пушење на ист џоинт за време на Коронакризата!

Друга тема што експертите ќе ја испитаат е групното користење на исти производи и алатки за консумирање канабис по пат на вдишување, евапорација, пушење, што е доста популарна навика помеѓу рекреативните корисници - што може да биде потенцијален фактор за ширење на Коронавирусот. 

Прочитајте повеќе за оваа студија и учествувајте во неа со пополнување на прашалникот ТУКА!

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Healtheuropa.eu