Showing posts with label истражување. Show all posts
Showing posts with label истражување. Show all posts

Saturday, August 8, 2020

Студија: Употребата на канабис има опиоидни ефекти кај пациентите со болки

Дополнителната употреба на канабис е поврзана со намалување на употребата на опијати и помалку итни интервенции од страна на брза помош, кај пациенти со болка што не е поврзана со карцином - тврдат наодите од прегледот на литературата објавена во списанието „Системски прегледи“ (Systemic Reviews)


Тим истражувачи поврзани со Универзитетот во Аризона, Мел и Енид Цукерман Школата за јавно здравје (Mel and Enid Zuckerman School of Public Health), анализирал податоци од девет студии во кои учествувале 7.222 учесници со хронична болка што не била предизвикана поради карцином. Авторите идентификуваа „многу зголемено намалување на дозирањето со опиоиди, намалена посета во собите за брза помош и приеми во болници поради хронична болка од страна на корисниците на медицински канабис, споредено со луѓе без дополнителна употреба на медицински канабис. Имаше 64 до 75 проценти намалување на дозата на опиоиди за корисници на медицински канабис и целосно прекинување на употребата на опиоиди за хронична (некарциномска) болка за 32 до 59 проценти кај корисниците на медицински канабис, во споредба со пациенти без дополнителна употреба на медицински канабис“.

Наодите се во согласност со оние од неколку претходни студии кои заклучуваат дека пациентите со болка, запишани во државните спонзорирани програми за пристап до канабис, обично ја намалуваат или елиминираат нивната употреба на опиоиди со текот на времето. Авторите заклучиле: „Со оглед на тековната епидемија од опијати во САД и препознаените аналгетски својства на медицинскиот канабис, тој може да послужи како одржлива опција за да се постигне намалување на дозата на опиоиди во управувањето со хронична болка непредизвикана од карцином“. Дополнителни информации се достапни од NORML Fact Sheet: „Односот помеѓу марихуаната и опиоидите“.


Автор: MoniQue Konopova
Извор: Yesweekly

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:





Sunday, July 5, 2020

THC ги спречува смртоносните симптоми кај белодробни заболувања поврзани со вируси - СТУДИЈА!

THC дефинитивно има повеќе круцијални здравствени улоги, отколку само да Ве надува и да бидете „ХАЈ“... THC не само што е канабиноид кој е веќе докажан убиец на ракот, тој може да нè заштити од воспаленија, благодарение на неговото антиинфламаторно дејство! Новото истражување објавено во Frontiers In Pharmacology покажа дека тетрахидроканабинолот (THC) - главната психоактивна компонента во канабисот - може да ги спречи леталните симптоми од нарушувања кај белите дробови поврзани со: Covid-19, грип и многу повеќе...


Синдром на акутно респираторно нарушување (Acute Respiratory Distress Syndrome - ARDS) погодува повеќе од 3 милиони луѓе ширум светот секоја година. Обично, по инфекцијата на белите дробови, пациентите брзо добиваат воспаление, потешкотии во дишењето (скратен здив) и промени на кожата. Тоа е фатално кај 35-50 проценти од засегнатите, особено со беснеењето на вирусот Ковид-19. АРДС е сериозна компликација и лекувањето и заштитата со помош на билка како што е канабисот може да биде корисно во тековната битка против пандемијата, за што сугерираат повеќе студии до сега. ARDS е сериозен проблем за оние изнемоштени од заболувања на белите дробови и сите потенцијални заболувања може да имаат големо влијание врз квалитетот на животот на пациентот, како и врз стапката на преживување. 

Кај пациенти со респираторни заболувања, смртоносните симптоми поврзани со ARDS обично следат по наплив на сигнали во белите дробови наречени цитокинска бура (cytokine storm). Цитокините се мали гласници ослободени во организмот и се важни во имунолошкиот систем кога телото е под напад од инфекција. Тие можат да бидат или про-воспалителни, каде му кажуваат на телото да реагира на местото на инфекцијата со имуните клетки или анти-воспалителни, каде што тие ја забавуваат реакцијата и ги запираат имуните клетки премногу да ја оштетуваат областа. Кај респираторните заболувања, понекогаш имунолошкиот систем прекумерно реагира и ослободува премногу про-воспалителни цитокини, предизвикувајќи хиперинфламација и можна смрт, што се нарекува цитокинска бура.

За да проверат дали THC може да помогне во оваа ситуација, авторот на оваа научна студија Амира Мохамед (Amira Mohammed) заедно со истражувачкиот тим од Универзитетот во Јужна Каролина, третирале глувци заболени од ARDS со помош на THC. Овој канабиноид е докажано дека делува како антиинфламаторно средство, па му се чинеше веројатно на тимот дека може исто така да има улога во запирање на воспалението кај белите дробови. Откриле дека во 100 % од случаите, ТХЦ ги заштити глувците од смртоносни симптоми што се случуваат по цитокинската бура со блокирање на про-воспалителните цитокини кои ги доведуваат имуните клетки во областа и предизвикуваат оштетување. Не само ова, THC всушност ја зголеми антиинфламаторната активност, забавувајќи го воспалението и запирајќи ја предизвиканата сериозна штета.


Во апстрактот на студијава истражувачите пишуваат:
„Синдромот на акутно респираторно нарушување (ARDS) е компликација опасна по живот што може да настане по инфекцијата Staphylococcus aureus. Ентеротоксинот произведен од овие бактерии (SEB) делува како суперантиген со тоа активирајќи голем дел од Т-клетките што доведуваат до цитокинска бура и сериозна повреда на белите дробови. Δ9Tetrahydrocannabinol (THC), психоактивната состојка пронајдена во растението канабис сатива, се покажа дека делува како моќно антиинфламаторно средство. Во тековната студија, го испитавме ефектот на третманот со THC врз ARDS предизвикан од SEB кај глувци. Додека изложеноста на СЕБ резултираше во акутна смртност, третманот со ТХЦ доведе до 100% преживување кај глувци. Третманот со THC значително ги потисна воспалителните цитокини: IFN-γ и TNF-α. Покрај тоа, THC ја зголеми индукцијата на регулаторните Т-клетки (Tregs) и нивните придружни цитокини: IL-10 и TGF-β. Покрај тоа, THC предизвика индукција на миелоидно-изведени потиснувачки клетки (Myeloid-Derived Suppressor Cells - MDSCs). THC дејствуваше преку CB2 рецепторот и како фармаколошки инхибитор на CB2 рецепторите ги блокираше антиинфламаторните ефекти. Глувците третирани со THC покажаа значителни промени во изразот на miRNA (miRs) во мононуклеарните клетки инфилтрирани во белите дробови (MNCs). Поточно, THC предизвика дерегулација на let7a-5p што се насочи на SOCS1 и дерегулација на miR-34-5p што предизвика зголемено изразување на: FoxP3, NOS1 и CSF1R. Заедно, овие податоци сугерираат дека промените поврзани со THC при miR експресијата во белите дробови може да играат клучна улога во индукцијата на имуносупресивните Tregs и MDSC, како и сузбивање на цитокинската бура, што доведува до слабеење на повредата на белите дробови со посредство на SEB“.

Овие наоди сугерираат можна рута за запирање на цитокинската бура и сериозните компликации кај пациенти со респираторни заболувања. Се разбира, оваа студија беше спроведена само на глувци и ќе треба многу повеќе тестирања и клинички испитувања пред да стане можна терапија - но, тоа покажува само уште една интересна медицинска апликација на марихуаната за во иднина. Како што се зголемува бројот на истражувања за дејството на канабисот, постојано се докажува дека канабисот може да има многу повеќе корисни апликации, отколку само смирувачко/еуфорично дејство. Веќе се применуваат третмани со канабис за канцери, невролошки и ментални проблеми, како и за хронични болки и ред други здравствени проблеми. Канабисот може да има и огромни други придобивки што допрва треба да се откријат. Сепак, студиите треба да започнат да се спроведуваат и на луѓе, не само на глувци. Ова не е прво истражување за дејството на канабисот врз Корона вирусот и белодробните заболувања. Разгледајте ги и претходните за кои веќе пишувавме на нашиот блог, линковите се во продолжение...

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Iflscience

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

* Канабисот покажува ветувачки потенцијал за блокирање на инфекција од коронавирус!

* Израелска болница ќе започне со лекување на пациенти болни од коронавирус со канабис!

* Како влијае вирусот Ковид-19 кај пациенти кои користат канабис и обратно?

* Канабис индустријата се развива и покрај Корона пандемијата





Станете дел од реномираната швајцарска канабис компанија CANNERALD! - Регистрирајте се веднаш на следниов линк - https://cannergrow.com/r/MV1ZSK

Sunday, May 31, 2020

„Канабисот бил спалуван за време на верски обреди“ од страна на Античките Израелци - научна студија

Античките Израелци палеле канабис како дел од нивните религиозни обреди, открива археолошка студија. Се верува дека канабисот бил спалуван за да предизвика психоактивен ефект кај верниците за полесно поврзување со Бог


Остатоци од канабис се пронајдени
на олтарот од храмот во Арад
Добро сочуваната супстанција пронајдена во храмот стар 2.700 години во Тел Арад е идентификувана како канабис, вклучувајќи го и неговото психоактивно соединение, канабиноидот тетрахидроканабинол - THC. Истражувачите заклучиле дека канабисот најверојатно бил горен за да предизвика еуфорично чувство кај верниците. Ова е прв доказ за употреба на психотропни лековити билки кои се користеле во раната еврејска богослужба, пренесуваат израелските медиуми.


Храмот за прв пат е откриен во пустината Негев, на околу 95 километри (59 милји) јужно од Тел Авив, во 1960-тите. Во најновата студија објавена во археолошкото списание на универзитетот Тел Авив, археолозите велат дека биле закопани два олтари од вар во храмот. Делумно благодарение на сувата клима и закопувањето, остатоците од жртвените паленици беа зачувани над овие олтари.



Темјан беше пронајден на еден олтар, што не беше изненадувачко поради неговата важност во Светите Писма, изјавија авторите на студијата за израелскиот весник Haaretz. Сепак, тетрахидроканабинолот (THC), канабидиолот (CBD) и канабинолот (CBN) - сите активни соединенија (канабиноиди) кои природно се јавуваат во растението канабис - се пронајдени на вториот олтар. Студијата додава дека наодите во Тел Арад сугерираат дека канабисот, исто така играл улога во обожувањето и славењето за време на верските обреди во храмот во Ерусалим.


Ова е затоа што во времето кога храмот во Арад беше дел од тврдината на ридот при јужната граница од Кралството на Јуда и се вели дека одговара на смалената верзија на библиските описи од првиот храм во Ерусалим. Остатоците од храмот во Ерусалим сега се недостапни за археолозите, така што наместо тоа, тие го изучуваат Арад и други слични светилишта и храмови за тоа да им помогне да го разберат обожувањето во поголемиот храм.



Автор: MoniQue Konopova
Извор: BBC

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

* Малку забранета историја: Канабисот и војната во 1812 година

* ФОТО од 1910 година: Парижанка со нејзината мачка во нејзината канабис градина!

* Откриени се златни бонгови од Ариевски цар!

* 9 докази дека Исус Христос ја користел Божјата билка за самолекување и исцелување на неговите следбеници

* За Фестивалот во Непал каде пушењето марихуана е светост!

* Делчевчанецот Перо Археолого Неолитски раскажува за неговото лично искуство со природниот лек канабис

Friday, May 22, 2020

Публикација од истражување за ефективноста на канабиноидите во третманот на ГЛИОБЛАСТОМ!

За жал причината за повеќето случаи на глиобластом не е позната, но за среќа лекот е познат и докажан уште од дамнешни времиња, а постои од настанокот на оваа планета. Лекот за овој тип на канцер, како и за другите видови канцери е КАНАБИС!


Глиобластомот, познат и како (Glioblastoma multiforme - GBM), е најагресивниот вид на карцином што започнува во мозокот. Првично, знаците и симптомите на глиобластом се неспецифични. Може да вклучуваат главоболки, промени во однесувањето на личноста, гадење и симптоми слични на оние на мозочен удар. Симптомите често пати се влошуваат со рапидно брзо темпо и може да напреднат до губење на свеста. Канабиноидите влијаат врз одржливоста на глиобластомските клетки и матичните клетки што потекнуваат од пациенти, коишто ги изразуваат CB1 и CB2 рецепторите.


Глиобластомот е најагресивниот примарен тумор на мозокот што не реагира на конвенционален терапевтски третман. Преживувањето на пациентите се движи од 12 до 15 месеци по дијагностицирањето. Со зрачење и хемотерапија туморот може да се распространи само низ целото тело на пациентот. Може да метастазира, како вторично жариште, што настанува со раширување на болните клетки преку лимфните и крвоносните садови, бидејќи тие третмани го разлутуваат овој вид на рак уште повеќе. 


Ова главно се должи на неефикасното таргетирање на терапевтски отпорните матични клетки на глиобластом (GSCs), затоа итно се потребни нови опции за надополнување на третманот. Зголемениот број на предклинички студии покажа дека канабиноидите предизвикуваат процеси кои водат кон реакции против тумори кај некои видови на карцином, вклучително и глиобластом. Искуството на пациентите кои нелегално се излечиле, ова веќе одамна го докажа, ама ајде мора нели сè да биде научно верифицирано...


ЗАКЛУЧОЦИ од студијата - НАЈВАЖНО:

1.) Канабиноидите, особено при зголемување на концентрациите на THC, ја намалуваат одржливоста на клетките на глиобластом!

2.) Насочување на матичните клетки на глиобластом (GSCs) кои се поотпорни на хемотерапија. GSC досега се покажаа како поранливи поради канабиноидите, отколку што биле диференцираните клетки!

3.) При оптимална концентрација за секој пациент, дефинираниот состав на канабиноиди претставува ветувачка алатка за намалување на оптоварувањето од туморот!



• Студијата е спроведена од страна на Националниот институт за биологија (NIB) и Универзитетскиот медицински центар Љубљана, Словенија со MGC Pharma R&D Division.

• Општата цел на истражувањето беше да се развијат формулации за дефинирање на протоколите за третман на тумори на мозок со висок степен, т.е. глиобластом со помош на канабиноиди.

• Студијата ги процени протеините на канабиноидните рецептори што можат да ги додадат за да ги идентификуваат најефикасните цитотоксични канабиноиди, познати досега, на пр. соодносот на CBD и THC и понатаму нивните можни синергистички ефекти со хемотерапевтскиот „лек“ Темозоломид (Temozolomide - TMZ) во однос на третманот на пациенти со глиобластом.

• Истражувачката соработка е дел од стратегијата на MGC Pharma за партнерство со водечки истражувачки институции за да се испитаат можностите за развој на нови фармацевтски производи засновани на докажани формулации на канабиноиди во предклинички и клинички студии.

• Резултатите од студијата можат да се видат на веб-страницата на компанијата со кликнување тука и беа презентирани од страна на НИБ на Вториот меѓународен годишен конгрес за контроверзности за лекови засновани на канабис во Барселона, Шпанија на 23-24 мај 2019 година.

Во продолжение фотографии од оваа научна публикација, којашто целосно можете да ја превземете на линкот под сликите. Кликнете на сликите за да можете поубаво да ги погледнете!





Активист: MoniQue Konopova


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

* Воведни инструкции за дозирање на канабисово масло

* Дозирање на домашно масло од канабис кај деца и почетници

* Комплетен водич за употреба на медицинска марихуана кај постари лица

* Доза за одржување канабисово масло на крајот од лекувањето (maintenance dose)

* Мерки на претпазливост кога земате фармацевтски лекови и масло од канабис

* Орално или ректално внесување на дозата канабисово масло?

* Марихуаната најдобро делува внесена анално (ректално) и вагинално!

* Хемотерапијата ги убива здравите клетки. Канабисот го убива исклучиво ракот!

* Придружен ефект на канабисот: Зошто се важни екстрактите од целото растение канабис?

* Како да се подобри Протоколот на Рик Симпсон? Со додавање на темјан!

* Канабисово масло со целосен спектар на канабиноиден профил наспроти THC или CBD изолат

* Рик Симпсон вели дека ТХЦ е лек за ракот, а не ЦБД!

* Што е тоа ендоканабиноиден систем?

* Ајде, малце за CB1 рецепторот...

* Ајде, малце за CB2 рецепторот...

* Откритието на CB3 ререпторот може да биде медицинска пресвртница во човечката историја

* Атипични ендоканабиноидни рецептори (1 дел) - GPR18, GPR55, GPR119. Не се само ЦБ1 и ЦБ2!

* Атипични ендоканабиноидни рецептори (2 дел) - Ванилоидни, Серотонински, Глицински и Пероксизомски

* Активната состојка ТХЦ има моќ да го победи ракот на дојка

* Редовното консумирање канабис го спречува стареењето на мозокот!

* Канабисот е во твојата ДНК! - Фармафијата се надеваше дека ова никогаш нема да го дознаеш

* Како и зошто вашиот мозок произведува сопствени канабиноиди?

* Нашето тело е создадено да консумира канабис - мозочните клетки имаат рецептори за THC!

* Ендоканабиноидниот дефицит води кон фибромијалгија и други дијагнози - вели науката

* Што е тоа Анандамид и која е неговата улога во нашето тело?

* Универзитетот Харвард открива дека канабисот го намалува растот на туморите на бели дробови за половина за три недели

* Терапевтско-медицинскиот потенцијал на 6 најпопуларни канабиноиди

* Тајните на канабиноидите и нивните медицински придобивки

* ТХЦ ги отстранува отровните Алцхајмерови протеини од мозокот

* Како канабисот делува врз мозокот и телото?

* Редовното пушење џоинт може да го намали ризикот од мозочен удар!

* Ефекти од долготрајната употреба на марихуаната врз мозокот

* Канабисот ја поттикнува неврогенезата!

* Нашето тело е создадено да консумира канабис - мозочните клетки имаат рецептори за THC!

* Истражувачка колумна: Интравенскиот Витамин Ц е убиец на ракот и ФДА сака да го забрани + неколку вкусни конопнo-овошни пијалaци

Friday, April 17, 2020

Како влијае вирусот Ковид-19 кај пациенти кои користат канабис и обратно?

Употреба на канабис за време на економска криза поради вирусна пандемија? Нова научна студија ќе го разгледува влијанието на коронавирусот Ковид-19 кај пациенти кои користат медицинска марихуана


Оваа прелиминарна студија, предводена од Универзитетот во Мајами, ќе ја искористи експертизата за епидемиологија и ќе ги разгледува податоците собрани за моделите и трендовите на пациентите што користат медицински канабис за време на појавата на коронавирусот. Во моментов, пациентите на кои им е дозволено да користат канабис за лекување се соочуваат со одложувања во набавката на нивниот лек заради глобалната „Корона криза“, што ги прави ранлива група која може лесно да потпадне под влијание на вирусот. Истражувачите ќе користат анонимна анкета за да добијат информации од пациенти корисници на медицински канабис во однос на нивното ментално и физичко здравје, како и да ги испитаат промените во фреквенцијата на пациентот кај употребата на канабис, дозата и начинот на употреба засновани врз кризата поради COVID-19. 

Д-р Денис Видо (Denise C Vidot), обучен епидемиолог и доцент на Факултетот за медицински сестри и здравствени студии, ја води прелиминарната студија. Таа рече: „Глобалните квалификациски услови за медицински канабис, иако не се еднолични, сите вклучуваат лица со компромитиран имунолошки систем и други хронични здравствени состојби. Затоа, ова е население што не можеме да го заборавиме во нашите напори да ја „израмниме кривата“. „Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека податоците засновани на популацијата се од суштинско значење да се донесат информирани одлуки. Мојот тим и јас разбираме дека множеството од анегдоти не се податоци. Значи, ние ги комбинираме нашите вештини за да го сториме нашиот дел со цел да ги обезбедиме овие податоци. Нашата цел е корисниците на канабис од секоја земја да го завршат ова истражување, така што податоците се поопшти“ - додава таа.

Избегнувајте групно пушење на ист џоинт за време на Коронакризата!

Друга тема што експертите ќе ја испитаат е групното користење на исти производи и алатки за консумирање канабис по пат на вдишување, евапорација, пушење, што е доста популарна навика помеѓу рекреативните корисници - што може да биде потенцијален фактор за ширење на Коронавирусот. 

Прочитајте повеќе за оваа студија и учествувајте во неа со пополнување на прашалникот ТУКА!

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Healtheuropa.eu

Sunday, February 3, 2019

Две научни истражувања кои потврдуваат дека легализацијата на канабис води кон помала употреба на други штетни супстанции и лекови

Во првото истражување тим истражувачи од Универзитетот во Арканзас ги процениле податоците за употребата на лекови на рецепт во репрезентативен примерок од речиси пет милиони Американци од 2006 до 2014 година. Во второто истражување тим на истражувачи од Канада и САД анкетирале над 2.000 федерално регистрирани пациенти со медицински канабис во врска со нивната употреба на канабис и други супстанции


Студија 1: Пристапот кон медицински канабис е поврзан со намалена употреба на опијати

Донесувањето на законите за пристап до медицински канабис е поврзано со умерено пониски нивоа на употребата на опиоиди на рецепт, дури и по контролирањето на потенцијално измешаните варијабли, според податоците објавени во Journal of General Internal Medicine. Во наодот што е во согласност со оние на неколку други студии, авторите заклучиле: „Легализацијата на лековитата марихуана била поврзана со пониски шанси за употреба на опијати, хронична употреба на опиоиди и употреба на опијати со висок ризик кога се врши контрола за многу државни и фактори на ниво на пациенти. Овие резултати покажуваат дека законите за медицинска марихуана (medical marijuana laws - MML) може да бидат еднo од оружјата на политиката која може скромно да ја намали употребата на опијатите; хронична и високо-ризична употреба на опиоиди во мозаик, каде што опциите за управување со болките се ограничени, а опиоидната злоупотреба и зависност брзо се зголемуваат“. 


Слични се и извештаите на опсервационите студии кои велат дека државите со пристап до медицински канабис поседуваат пониски стапки на употреба, злоупотреба, хоспитализации и смртност од опијати, во споредба со земјите со правни системи без оперативни медицински програми за марихуана. Целосниот текст на студијава: „Влијание на легализацијата на медицинската марихуана врз употребата на опиоиди, хронична употреба на опиоиди и употреба на опијати со висок ризик“ - се појавува во зборникот Journal of General Internal Medicine. Дополнителни информации се достапни во информативниот лист на NORML: „Односот меѓу марихуаната и опиоидите“.


Студија 2: Пациентите често ги заменуваат другите контролирани супстанции со медицински канабис

Канадските пациенти кои консумираат медицински производи од канабис во согласност со федералниот закон обично ја намалуваат или ја елиминираат употребата на алкохол, тутун и фармацевтски лекови, според податоците објавени во Harm Reduction Journal. „Најчесто цитирана замена се лековите на рецепт (69 проценти), следува алкохолот (45 проценти), тутунот (31 процент) и нелегални супстанции (27 отсто)“. Од оние кои пријавиле замена на конвенционалните лекови со канабис, 35 проценти рекоа дека користеле канабис наместо опиоиди. Од нив, 59 отсто рекле дека на крајот ја прекинале употребата на опијати. Истражувачите понатаму објавија: „Од 515 испитаници кои го замениле алкохолот со канабис, 31 отсто сугерирале дека престанале да го користат целосно, а 37 отсто пријавиле намалување на нивната потрошувачка од најмалку 75 проценти. Од 406 учесници кои го замениле тутунот со канабис, 51 велат дека престанале да го користат целосно, а 14 проценти пријавиле намалување на неговата употреба за 75 проценти“.


Тие заклучиле: „Наодите додаваат растечко тело на академски истражувања што укажуваат дека зголемениот регулиран пристап до медицинскиот и рекреативниот канабис може да резултира со намалување на употребата и последователните штети поврзани со опиоидите, алкохолот, тутунот и другите супстанции“. Претходните истражувања на сличен начин објавија поврзаност помеѓу пристапот до медицински канабис и намаленото трошење на лекови на рецепт, како и намалени нивоа на консумација на алкохол и тутун. Целосниот текст на студијата: „Модели на употреба на медицински канабис и замена на опиоиди и други фармацевтски лекови, алкохол, тутун и недозволени супстанции: резултат од пресек на анкетата на овластени пациенти“ се појавува во зборникот Harm Reduction Journal.

За повеќе информации во врска со студиите, контактирајте го Пол Арментано (Paul Armentano), заменик директор на NORML (National Organization for the Reform of Marijuana Laws) - (Национална организација за реформи на законите за марихуана). Мисијата на NORML е доволно да го придвижи јавното мислење за да ја легализира одговорната употреба на марихуана од страна на возрасните и да служи како застапник за потрошувачите за да обезбеди тие да имаат пристап до висококвалитетна марихуана која е безбедна, удобна и прифатлива.



Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: NORML - Студија 1; Студија 2

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

* КАНАПРЕС: Канабисот ми помогна да се спасам од опијатската зависност!

* Канабисот може да стави крај на злоупотребата на опијатите!

* Панел-дискусија во Масачусетс: „Канабисот и опијатите: превенција или третман“

* Опијатската епидемија може да се реши со медицинска марихуана вели доктор Мехмет ОЗ

* Медицинска марихуана против акутни болки - студија

* Речиси 100% од корисниците на канабис се откажуваат од фармацевтски „лекови“ против болка

* Зошто корисниците на канабис не можат да се предозираат?

* CNN СПЕЦИЈАЛЕН извештај: д-р Санџај Гупта WEED 4: Трева Vs таблети

Monday, December 31, 2018

Марихуаната може да ја подобри срцевата слабост - открива студија од Универзитетот во Хаваи

Една неодамнешна студија покажува дека канабисот може да го заштити срцето и да го редуцира оштетувањето на срцето од стресот од кој што срцевите болести напредуваат


Срцевата слабост може да биде предизвикана од срцев удар, хипертензија и други нарушувања. Истражувачите од Универзитетот на Хаваи откриле дека употребата на марихуана може да ја подобри срцевата слабост. Д-р Александар Стоукс (Alexander Stokes), доцент по клеточна и молекуларна биологија на медицинскиот факултет Џон А. Барнс (John A. Burns School of Medicine), изјави дека потенцијалните медицински придобивки од канабисот за лекување на срцеви заболувања се ветувачки. „Анегдотски, луѓето кои имаат срцев удар се опоравуваат побрзо ако се корисници на марихуана“ - истакна тој. Студијата се фокусира на вклучување на TRPV1 „канабиноиден рецептор“ кој ги комбинира и реагира на компонентите од лековите.


Затоа истражувањето е насловено: „TRPV1 е компонента на атријалниот натриуретичен сигнален комплекс и со употреба на орално испорачани антагонисти, претставува валидна терапевтска цел во надолжниот пресврт и третман на срцева хипертрофија и срцева слабост“. Д-р Стоукс, основачот на Макаи Биотехнологија (Makai Biotechnology), компанија за кардиоваскуларна медицина со седиште на Хаваи, фокусирана на привлекување нови лекови на пазарот со GB Sciences Inc., фармацевтска компанија која работи со диспанзери во Невада. „Срцевите заболувања и дијабетесот се многу распространети на островите и има поголема преваленца кај популацијата на Хавајските и Пацифички острови“ - додаде тој. „Важно е да се откријат нови терапии кои влијаат на оваа ужасна болест“ - заклучува д-р Стоукс.


Уредник и Новинар: MoniQue Konopova

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:



Friday, December 28, 2018

Δ9-THC ги обновува протеините вклучени во митохондријалната биогенеза

Апстракт од студија објавена на Национален центар за биотехнологија информации при Национална библиотека за медицина во САД (National Center for Biotechnology Information, U.S. National Library of Medicine): Делта-9-тетрахидроканабинол заштитува од МПП + токсичност во SH-SY5Y клетките со обновување на протеините вклучени во митохондријалната биогенеза


Поздрав од соборците! :)
Активацијата со активaција на пролифератор-активиран рецептор γ (PPARγ) може да резултира со транскрипција на протеини вклучени во одбраната на оксидативниот стрес и митохондријалната биогенеза која би можела да ја спаси митохондријалната дисфункција кај Паркинсонова болест (ПБ). PPARγ агонистот пиоглитазон е заштитен во моделите на ПБ; сепак несаканите ефекти ја ограничија неговата клиничка употреба. Канабиноидот Δ9-тетрахидроканабинол (Δ9-THC) може да има PPARγ зависни антиоксидантни својства. Тука ги испитуваме ефектите на Δ9-THC и пиоглитазонот врз миохондријалната биогенеза и оксидативниот стрес. Диференцираните SH-SY5Y невробластом клетки биле изложени на ПБ-релевантниот митохондријален комплекс 1 инхибитор 1-метил-4-фенилпиридиниум јодид (1-methyl-4-phenylpyridinium iodide: MPP +). 


Извадок од студијата! 
Откривме дека само Δ9-ТХЦ може да ја врати содржината на митохондријалната супстанција во МПП + третирани SH-SY5Y клетки на PPARγ зависен начин преку зголемување на експресијата на PPARγ коактиватор 1α (PGC-1α), исто така, митохондријалниот транскрипциски фактор (TFAM) како и содржината на митохондријална ДНК. Ко-примената на Δ9-THC со пиоглитазон дополнително ја зголеми невропротекцијата против токсичноста на МПП + во споредба со третманот само со пиоглитазон. Понатаму, користејќи лентивирално спречување на PPARγ рецептор покажавме дека, за разлика од пиоглитазон, Δ9-THC резултираше со PPARγ зависно намалување на MPP + индуцираниот оксидативен стрес. Затоа предлагаме, за разлика од пиоглитазонот, Δ9-THC да посредува во невропротекција преку PPARγ-зависна реконструкција на митохондријалната содржина која може да биде од корист за третманот со ПБ. Лентивиралните вектори во генската терапија се метод со кој гените можат да се вметнат, модифицираат или избришат во организми кои користат лентивирус.


Информации за авторите на студијата: 
  1. Plymouth University Peninsula Schools of Medicine and Dentistry, Plymouth, PL6 8BU, United Kingdom;
  2. School of Medicine, Medical and Biological Sciences, University of St Andrews, North Haugh, St Andrews, KY16 9TF, United Kingdom;
  3. Plymouth University Peninsula Schools of Medicine and Dentistry, Plymouth, PL6 8BX, United Kingdom.

Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Ncbi

Sunday, September 9, 2018

Универзитетот Харвард открива дека канабисот го намалува растот на туморите на бели дробови за половина за три недели

Активната состојка ТХЦ од канабисот го намалува растот на туморот кај ракот на белите дробови за половина и значително ја намалува способноста на ракот да се шири, велат истражувачите од Универзитетот Харвард, кои ја тестирале состојката истовремено како во лабораториските, така и во студиите на глувци


Рак на бели дробови? Канабисот може да помогне!
Тие велат дека ова е првиот сет на експерименти кои покажуваат дека соединението Делта-9-тетрахидроканабинол (ТХЦ) го инхибира EGF-индуцираниот раст и миграцијата во рецепторот на епидермалниот фактор на раст (EGFR), изразувајќи ги клеточните линии на ракот на белите дробови. Канцерите на бели дробови кои прекумерно изразуваат EGFR обично се многу агресивни и отпорни на хемотерапија. ТХЦ кое ги таргетира канабиноидните рецептори CB1 и CB2 е слично со функцијата на ендоканабиноидите, кои се канабиноиди од човечка природа, кои природно се произведуваат во нашето тело и ги активираат овие рецептори. Истражувачите сугерираат дека THC или други дизајнирани агенси кои ги активираат овие рецептори може да се користат за лекување на ракот на белите дробови. „Убавината на оваа студија е што покажуваме дека супстанцијата на злоупотреба, ако се користи претпазливо, може да понуди нов пат кон терапија против ракот на белите дробови“ - вели д-р Анју Прит (Anju Preet), истражувач во Одделот за експериментална медицина, а студијата е објавена во Science Daily.


Делувајќи преку канабиноидните рецептори CB1 и CB2, се смета дека ендоканабиноидите (како и фитоканабиноидите како THC) играат улога во различни биолошки функции, вклучувајќи контрола на болка, расположение и анксиозност, како и воспаление. Иако медицинскиот синтетички дериват на ТХЦ, познат како Маринол, е одобрен за употреба како стимуланс на апетит кај пациенти со рак, сè уште мал број на држави во САД дозволуваат употреба на природна медицинска марихуана за лекување на истиот несакан ефект. За среќа неколку студии покажаа дека ТХЦ има анти-туморска активност, објаснува д-р Прит. Единственото клиничко испитување кое го тестира ТХЦ како третман против ракот е неодамна завршената британска пилот-студија кај човечкиот глиобластом.


Во оваа студија, истражувачите прво покажаа дека две различни клеточни линии на ракот на белите дробови, како и примероци од белодробни тумори од пациентите изразуваат CB1 и CB2. Истражувачите исто така, покажаа дека нетоксичните дози на THC го инхибираат растот и се шират во клеточните линии. „Кога клетките се претходно третирани со ТХЦ, тие имаат помала EGFR стимулирана инвазија како што е измерено со различни in-vitro тестови“ - рече д-р Прит. Потоа, во текот на три недели, истражувачите инјектирале стандардни дози на ТХЦ кај глувци кај кои биле вградени човечки клетки на ракот на белите дробови и тие откриле дека туморите биле намалени во големина и тежина за околу 50 проценти кај третираните животни во споредба со контролната група. Имаше, исто така, околу 60 проценти намалување на канцерните лезии на белите дробови кај овие глувци, како и значително намалување на протеинските маркери поврзани со прогресијата на ракот, додава д-р Прит.


Иако истражувачите не знаат зошто ТХЦ го инхибира растот на туморот, велат дека супстанцијата може да ги активира молекулите кои го стопираат клеточниот циклус. Тие шпекулираат дека ТХЦ може, исто така да се меша со ангиогенезата и васкуларизацијата, која го промовира растот на ракот. Д-р Прит вели дека е потребна многу работа за да се разјасни патеката, т.е. патеките по кои ТХЦ функционира. „ТХЦ нуди некакво ветување, но имаме долг пат пред да знаеме што е неговиот потенцијал“ - додава д-р Прит. Извор на сторијата: материјалите се обезбедени од Американската асоцијација за истражување на ракот (American Association for Cancer Research).


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:














Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Healthupdats

Thursday, August 9, 2018

Студија: Маслото од канабис е 80% успешно кај децата со аутизам

Израелско истражување покажува дека CBD има 80% успех во намалувањето на проблематичното однесување кај децата со нарушувања од аутистичкиот спектар. Оваа израелска студија неодамна објавена во престижниот зборник Neurology го испитуваше ефектот на терапија со канабис кај аутистичните деца


Студијата, предводена од д-р Ади Аран (Adi Aran), директор на единицата за детска неврологија во болницата Shaare Zedek во Ерусалим, покажа дека третманот со канабис со висока концентрација на ЦБД (непсихоактивната супстанца која се смета дека има лековити својства) ја подобри состојбата на 80% од децата во студијата. Студијата вклучувала 60 деца со просечна возраст од 12 години, чија состојба не била подобрена со конвенционална терапија. Децата беа третирани со масло од канабис со концентрација од 20% ЦБД и 1% ТХЦ во период од најмалку седум месеци. ТХЦ е главната психоактивна состојка во марихуаната која го лекува ракот. ЦБД од друга страна, нема психоактивен ефект, но сите состојки мора да бидат присутни во екстрактот барем во минимална количина, поради придружниот ефект.


На крајот на периодот на експерименталното лекување, родителите на децата ги пополнија прашалниците за да ја проценат промената во нивната целокупна состојба. Родителите беа прашани дали забележале промена во однесувањето на нивното дете, степенот на вознемиреност на нивното дете и дали се промениле комуникациските способности на нивните деца. 80% од родителите на децата кои учествувале во студијата пријавиле намалување на проблематичното однесување, при што 62% проценти пријавиле дека однесувањето на нивното дете значително се подобрило.


Начхол Коен (Nachshol Cohen), основач на Cannabium - првото место за купопродажба на CBD рече: „Според неверојатниот извештај, осумдесет проценти од децата пријавиле подобрено функционирање! Се надеваме дека ова истражување ќе помогне да се дојде до концептуална промена од страна на регулаторите и креаторите на политиката, што ќе доведе до научен импулс што недвосмислено ќе ги покаже позитивните ефекти на канабисот врз различни здравствени проблеми“. Студијата исто така покажа дека половина од децата кои учествувале во студијата, воедно пријавија подобрување на нивото на комуникација, при што 40% велат дека нивните симптоми на анксиозност значително се подобрија. Една третина од учесниците не покажаа симптоми на анксиозност пред да започне студијата.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:









Автор и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Israelnationalnews

Wednesday, June 20, 2018

Како и зошто настанува ракот според Ото Варбург и како може да се спречи и излечи?

Повеќе за откритието како здравите клетки се претвораат во рак кога за тоа ќе се создадат услови во човечкото тело и тоа е откриено пред скоро 100тина години, ама за тоа не се зборува, нели треба неморалните луѓе да направат уште некоја милјарда долари, пред страдалниците да почнат се лечат сами... Што Ото Хајнрих Варбург (Otto Heinrich Warburg) всушност открил за канцерот?


Две милијарди долари коштаат годишно третманите за лечење од рак и слично, а при тоа има 97% смртност што значи дека на фармацијата ѝ требаат клиенти, а не самолечење со канабис! Грубо кажано 7 лица од 10 се убиени со хемо, додека 7 лица од 10 се оздравени со домашно канабисово масло! Спречувањето канцери е многу едноставно - со правилна исхрана, со сирова храна, детоксикација, многу вода и цедени сокови, физичка активност и се разбира канабис, позитивна мисла и телото се алкализира во краток период, а клетките од ракот не егзистират во алкална средина. Нобеловиот лауреат Ото Варбург открил дека ракот е предизвикан од ниско ниво на кислород и кисела pH вредност. Иако честопати е погрешно толкуван, д-р Ото Варбург не ја освои Нобеловата награда за откривање дека ракот не може да живее во кислородно богата или алкална средина... Она што го открил Варбург и за што добил Нобелова награда, беше едноставно откривањето дека малото ниво на кислород е карактеристично за клетките на ракот.


Ото Варбург направи некои важни откритија за механизмите на ракот, особено во однос на дишењето и митохондријалната малфункција. Наместо широко распространетата дезинформација за Варбург, дека недостатокот на кислород е главната причина за ракот и дека открил дека кислородот е лек за ракот, вистината може да ве изненади... Она што Варбург всушност открил беше дека клетките на ракот биле ниски со кислород поради промената во клеточното дишење со употреба на кислород за користење на ферментација на шеќерите. „Ракот, над сите други болести, има безброј секундарни причини. Но, дури и за рак, постои само една примарна причина. Сумирано во неколку збора, главната причина за ракот е замена на кислородното дишење во нормалните телесни клетки со ферментација на шеќер“ - објаснува д-р Ото. Распространетото погрешно толкување на откритието на Варбург најчесто е поради комерцијални причини, т.е. за поддршка на продажбата на производи, книги или третмани кои центрираат околу убивање на канцерите со кислород и алкализација. Порано, Варбург претпоставуваше дека кислородот може да се искористи за лекување на ракот. Меѓутоа, кога ја тестирал својата хипотеза и се обидел да го излечи ракот со кислород, тој не успеал.


Лесно е да се види зошто напорите на Варбург за лекување на ракот со додаден кислород не успеале. Ова е затоа што недостатокот на кислород не е примарна причина за ракот - токсините се главната причина за рак. Клетките на ракот се ниски со кислород, првенствено поради тоа што тие се менуваат од земање и искористување на кислород за респирација до попримитивна форма на дишење која користи шеќер, наместо кислород. Тоа е самиот процес на ракот кој предизвикува најголем дел од недостатокот на кислород, а не дека недостатокот на кислород го предизвикува процесот на рак. Без оглед на тоа што Варбург претпоставувал и напишал порано, во неговите подоцнежни години самиот се убедил дека болеста е резултат на загадување. Со тоа, тој дојде многу поблиску до вистинската примарна причина за туморите и другите болести. Ова е нешто што беше постулирано половина век порано од страна на починатиот голем француски научник Антоан Бекамп (Antoine Bechamp). Бекамп верува дека болеста е резултат на комбинација на токсини и нездрав клеточен терен.



Продолжена изложеност на токсини, особено во комбинација со клетки кои не биле соодветно хранети, оксигенирани, хидрирани и исчистени, е примарна причина за рак. Ова е особено важно ако некој го гледа зрачењето како токсин. Со текот на времето стресот и воспалението што произлегуваат од токсините доведува до дисфункција во клеточните митохондрии. Ова доведува до клеточен одбранбен механизам во кој клетките се враќаат во попримитивна форма на дишење (шеќерна ферментација), одбиваат да умрат, да се размножат и формираат заштитна бариера. Едноставно кажано, клетките на ракот имаат низок кислород, бидејќи тие престанале да земаат кислород за дишење како дел од самиот процес на рак. Слично на тоа, самиот процес на ракот предизвикува телото да станува сè повеќе кисело. Телото напорно работи за одржување на pH вредноста во тесен опсег (7,35 - 7,45), а повеќето луѓе прво добиваат рак кога нивната pH вредност е близу до нормалниот опсег. Како што напредува ракот, телото станува сè покисело. Има многу „примарни причини“ за појава на ракот, како што се: габи, бактерии, вируси, паразити, стрес, ниска pH вредност и така натаму и натаму. Но, особено, речиси сите тие постојат околу илјадници и илјадници години на планетава. Она што не постои на планетава отсекогаш, се токму токсините од индустријализацијата на модерното време кои предизвикуваат зголемена инциденца на канцери.



Од почетокот на индустриското време, човекот создаде над 100.000 неприродни хемиски соединенија. Тие постојано се испуштани или истурани во воздухот што го дишеме, почвата на која растат растенијата и водата што ја пиеме и постојано се разградуваат насекаде, па и во нас... Само конопот ја има моќта да се справи со тие загадувачи. Дополнителни предизвикувачи на рак се:


  • Зголеменото зрачење од сите нуклеарни бомби (и неодамнешните нуклеарните катастрофи како што се Чернобил и Фукушима);
  • Микробранова радијација;
  • Вакцините и другите синтетички лекови кои телото ги препознава како токсини;
  • Сите пестициди, инсектициди, козметички производи и лепезата на хемикалии во форма на средства за домаќинство;
  • Преработената храна во која се додаваат штетните адитиви, конзервираната храна;



Нормално, кислородот игра важна улога во природно програмираната клеточна смрт. Тоа се должи на оксидативното оштетување предизвикано од реактивни видови на кислород (РОС). ROS се хемиски реактивни молекули кои содржат кислород. Примерите вклучуваат кислородни јони и пероксиди. ROS се формираат како природен нуспроизвод на нормалниот метаболизам на кислородот. Трикот во обид да се победи ракот со кислород е администрирање кислородот во клетките. Не е доволно едноставно да се обезбеди средина богата со кислород околу клетките на ракот или во крвотокот. Тоа е затоа што, како што беше посочено претходно, клетките на ракот престануваат да земаат кислород - и тоа е вистина без разлика колку кислород може да биде достапен. Екстра кислород, како и здрава алкална исхрана и консумирање на фитоканабиноиди од канабисовото растение, се многу здрави и круцијални работи со цел превенирање на канцерите.


Продлабочи ја својата мудрост:







Автор: MoniQue Konopova
Извор: Thetruthaboutcancer