Showing posts with label Covid. Show all posts
Showing posts with label Covid. Show all posts

Tuesday, April 21, 2020

Канабис индустријата се развива и покрај Корона пандемијата

Индустријата за марихуана и нејзините даночни приходи во Алјаска останаа цврсти за време на кризата поради Ковид-19 пандемијата


Додека гувернерот на Алјаска, Мајк Данлеви, повторно сака да ги активира економските сили во државата, една индустрија продолжи да биде сигурен извор на даночни приходи и за време на кризата од Корона вирусот. Бизнисите за канабис во Алјаска биле назначени како основна дејност, што им овозможувало на деловните активности да останат отворени, додека некои други бизниси биле принудени да се затворат, а продажбата останала стабилна, тврди Лејси Вилкокс, претседател на Alaska Marijuana Industry Association. Според законот, сите канабис производи од Алјаска мора да потекнуваат и да останат во државата, значи одгледувачите, производителите и трговците сè уште работат и плаќаат даноци. 

Одгледувачите и производителите ѝ плаќаат даноци на државата, додека трговците на мало плаќаат даноци на нивната локална општина, рече Кели Мазези, даночен управител на одделот за приходи на Алјаска. Даноците од индустријата за канабис не само што се стабилни, рече Мазези, туку тие растат. „Ние преземаме нови даночни обврзници цело време“ - истакна Мазези. „Се одобруваат многу нови лиценци на установи за одгледување, исто како и за производство и малопродажба. Сè уште се одобруваат лиценците, дефинитивно гледаме дека се зголемуваат приходите од данок“ - додава таа. 

Месечните даночни статистики сè уште не се достапни за март, но во февруари државата презеде 1,7 милиони американски долари од даноци. Тие пари се само 25% од вкупните приходи од данок од канабис, според Мазези, а остатокот оди на образовни програми за марихуана, рече таа. Бидејќи марихуаната сè уште е нелегална  на федерално ниво, компаниите за канабис не се квалификувани за федерални или програми за државна помош за време на оваа вонредна состојба. Но, само затоа што на индустријата ѝ беше дозволено да остане отворена, тоа не значи дека на индивидуалните бизниси им оди лесно, тие мораат да се борат, додаде Вилкокс. Бизнисите со канабис сè уште се соочуваат со истите проблеми со кои се соочуваат многу други бизниси во моментов.

Преведе: MoniQue Konopova
Извор: Juneauempire

Friday, April 17, 2020

Како влијае вирусот Ковид-19 кај пациенти кои користат канабис и обратно?

Употреба на канабис за време на економска криза поради вирусна пандемија? Нова научна студија ќе го разгледува влијанието на коронавирусот Ковид-19 кај пациенти кои користат медицинска марихуана


Оваа прелиминарна студија, предводена од Универзитетот во Мајами, ќе ја искористи експертизата за епидемиологија и ќе ги разгледува податоците собрани за моделите и трендовите на пациентите што користат медицински канабис за време на појавата на коронавирусот. Во моментов, пациентите на кои им е дозволено да користат канабис за лекување се соочуваат со одложувања во набавката на нивниот лек заради глобалната „Корона криза“, што ги прави ранлива група која може лесно да потпадне под влијание на вирусот. Истражувачите ќе користат анонимна анкета за да добијат информации од пациенти корисници на медицински канабис во однос на нивното ментално и физичко здравје, како и да ги испитаат промените во фреквенцијата на пациентот кај употребата на канабис, дозата и начинот на употреба засновани врз кризата поради COVID-19. 

Д-р Денис Видо (Denise C Vidot), обучен епидемиолог и доцент на Факултетот за медицински сестри и здравствени студии, ја води прелиминарната студија. Таа рече: „Глобалните квалификациски услови за медицински канабис, иако не се еднолични, сите вклучуваат лица со компромитиран имунолошки систем и други хронични здравствени состојби. Затоа, ова е население што не можеме да го заборавиме во нашите напори да ја „израмниме кривата“. „Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека податоците засновани на популацијата се од суштинско значење да се донесат информирани одлуки. Мојот тим и јас разбираме дека множеството од анегдоти не се податоци. Значи, ние ги комбинираме нашите вештини за да го сториме нашиот дел со цел да ги обезбедиме овие податоци. Нашата цел е корисниците на канабис од секоја земја да го завршат ова истражување, така што податоците се поопшти“ - додава таа.

Избегнувајте групно пушење на ист џоинт за време на Коронакризата!

Друга тема што експертите ќе ја испитаат е групното користење на исти производи и алатки за консумирање канабис по пат на вдишување, евапорација, пушење, што е доста популарна навика помеѓу рекреативните корисници - што може да биде потенцијален фактор за ширење на Коронавирусот. 

Прочитајте повеќе за оваа студија и учествувајте во неа со пополнување на прашалникот ТУКА!

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Healtheuropa.eu