Showing posts with label машина. Show all posts
Showing posts with label машина. Show all posts

Tuesday, August 18, 2020

„Ана“ - вендинг машина за продажба на канабис дебитира во Колорадо!

Првите примероци на „Ана“ (Anna) се појавија во диспанзерот „Strawberry Fields“ во Пуебло. Компанијата што го создаде овој „тревомат“ се надева дека ќе се прошири и на други локации во Колорадо до крајот на оваа година. Една компанија која произведува вендинг машини се грижи жителите на Колорадо да можат да го купат својот канабис без да имаат контакт со продавач


Денес е нормално потрошувачите да можат да купат намирници како: кафе, храна, играчки, додатоци за домашни миленици и сл. без директно да имаат контакт со вработено лице. Мет Фрост (Matt Frost) е основач и извршен директор на „Anna“ - дизајнирана да извршува нарачки за производи од марихуана. Првите вакви „тревомати“ се поставени во диспанзерот „Strawberry Fields“ во централно Пуебло, каде што клиентите сега можат да купат цвет од канабис, прехранбени продукти со канабис и масла за вапоризирање, без да мора да комуницираат со човечко битие. Овие вендинг автомати за марихуана исто така ќе дебитираат и во други диспанзери, како „Starbuds“ во Аурора до крајот на оваа година.

Фрост првично го разви концептот за прилагодување на перформансите на малопродажниот систем за самопослужување во индустријата за марихуана. Во неговата матична држава Масачусетс, чекањето на клиентите во диспанзерите може да трае и со часови, а некои продавници имаат потреба од клиентите, да го резервираат времето за подигање на нарачаните канабис производи. Но, бидејќи пандемијата со COVID-19 ги ​​принуди продавниците за трева да се прилагодат на зголемената побарувачка на канабис/производи од канабис преку Интернет, Фрост виде можност да им помогне да се модернизираат и да започнат со „бесконтакнтниот“ бизнис.

Постојат искусни потрошувачи на канабис на кои не им е потребна таква интеракција лице-в-лице со продавачот на трева. Тие знаат што сакаат пред да влезат, подготвени се само да влезат и да излезат. Со тоа, ние им даваме повеќе време на луѓето на кои им е потребно „држење за рака“ и го сакаат тоа едуцирање од страна на жива личност“ - истакна Фрост. „Со Ковид19 и социјалното растојание и бесконтакноста, дефинитивно и ние исто така имаме нешто да понудиме“ - додава тој.

Поставени се четири вендинг апарати во Strawberry Fields, така што клиентите сè уште треба да покажат идентификација и да се пријават за да ги користат. Секој од нив прикажува дигитална верзија на менито, на екран на допир голем 27 инчи, каде што клиентите можат да ја пополнат својата виртуелна корпа и да плаќаат со готовина или дебитна картичка. Потоа, Ана ги дистрибуира нарачките. Клиентите исто така можат да нарачаат канабис користејќи ја апликацијата Anna app и потоа да го подигнат нарачаното со помош на машината.

Веројатно нема да најдете закуски во овие вендинг машини - само трева, рече Фрост, барем засега. Покрај експанзијата во Колорадо и дебито на пазарот во Масачусетс, тој исто така го следи пазарот на CBD и се надева дека во блиска иднина ќе стави Ана машини кои продаваат не-психоактивни производи од канабис на бензински пумпи и продавници за малопродажба. „Партнерството кон кое треба да се упатиме треба да го чувам во тајна засега, но [тоа е] многу значајна можност за дистрибуција на ЦБД за која сме возбудени“ - рече Фрост. „Мислам дека ќе ја видите оваа форма апсолутно во есен“ - додаде тој.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: TheKnow

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: