Showing posts with label вести. Show all posts
Showing posts with label вести. Show all posts

Tuesday, August 18, 2020

„Ана“ - вендинг машина за продажба на канабис дебитира во Колорадо!

Првите примероци на „Ана“ (Anna) се појавија во диспанзерот „Strawberry Fields“ во Пуебло. Компанијата што го создаде овој „тревомат“ се надева дека ќе се прошири и на други локации во Колорадо до крајот на оваа година. Една компанија која произведува вендинг машини се грижи жителите на Колорадо да можат да го купат својот канабис без да имаат контакт со продавач


Денес е нормално потрошувачите да можат да купат намирници како: кафе, храна, играчки, додатоци за домашни миленици и сл. без директно да имаат контакт со вработено лице. Мет Фрост (Matt Frost) е основач и извршен директор на „Anna“ - дизајнирана да извршува нарачки за производи од марихуана. Првите вакви „тревомати“ се поставени во диспанзерот „Strawberry Fields“ во централно Пуебло, каде што клиентите сега можат да купат цвет од канабис, прехранбени продукти со канабис и масла за вапоризирање, без да мора да комуницираат со човечко битие. Овие вендинг автомати за марихуана исто така ќе дебитираат и во други диспанзери, како „Starbuds“ во Аурора до крајот на оваа година.

Фрост првично го разви концептот за прилагодување на перформансите на малопродажниот систем за самопослужување во индустријата за марихуана. Во неговата матична држава Масачусетс, чекањето на клиентите во диспанзерите може да трае и со часови, а некои продавници имаат потреба од клиентите, да го резервираат времето за подигање на нарачаните канабис производи. Но, бидејќи пандемијата со COVID-19 ги ​​принуди продавниците за трева да се прилагодат на зголемената побарувачка на канабис/производи од канабис преку Интернет, Фрост виде можност да им помогне да се модернизираат и да започнат со „бесконтакнтниот“ бизнис.

Постојат искусни потрошувачи на канабис на кои не им е потребна таква интеракција лице-в-лице со продавачот на трева. Тие знаат што сакаат пред да влезат, подготвени се само да влезат и да излезат. Со тоа, ние им даваме повеќе време на луѓето на кои им е потребно „држење за рака“ и го сакаат тоа едуцирање од страна на жива личност“ - истакна Фрост. „Со Ковид19 и социјалното растојание и бесконтакноста, дефинитивно и ние исто така имаме нешто да понудиме“ - додава тој.

Поставени се четири вендинг апарати во Strawberry Fields, така што клиентите сè уште треба да покажат идентификација и да се пријават за да ги користат. Секој од нив прикажува дигитална верзија на менито, на екран на допир голем 27 инчи, каде што клиентите можат да ја пополнат својата виртуелна корпа и да плаќаат со готовина или дебитна картичка. Потоа, Ана ги дистрибуира нарачките. Клиентите исто така можат да нарачаат канабис користејќи ја апликацијата Anna app и потоа да го подигнат нарачаното со помош на машината.

Веројатно нема да најдете закуски во овие вендинг машини - само трева, рече Фрост, барем засега. Покрај експанзијата во Колорадо и дебито на пазарот во Масачусетс, тој исто така го следи пазарот на CBD и се надева дека во блиска иднина ќе стави Ана машини кои продаваат не-психоактивни производи од канабис на бензински пумпи и продавници за малопродажба. „Партнерството кон кое треба да се упатиме треба да го чувам во тајна засега, но [тоа е] многу значајна можност за дистрибуција на ЦБД за која сме возбудени“ - рече Фрост. „Мислам дека ќе ја видите оваа форма апсолутно во есен“ - додаде тој.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: TheKnow

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:


Tuesday, October 17, 2017

Време е за легализација, вели сопственик на диспанзер за канабис од Канада

Како се чувствувате кога сте уапсени?

Ова е она што Роланд Свифт (Roland Swift) ги запрашал своите вработени, пред да ги вработи во High Tides, диспанзерот за медицински канабис кој штотуку беше отворен во Дигби, Канада. Тоа е реалноста со која се соочуваат секојдневно, во очекување на легислативата за легализација на марихуаната, со што ќе се стави крај на диспанзерите кои се наоѓаат во Нова Шкотска. „Ние сме во сива област и се држиме за нашите вратови за да им помогнеме на луѓето. Сите сме страсни за ова и за да направиме разлика“ - рече Свифт

Roland Swift
Чекајќи зелено светло

High Tides прво беше отворен на 31 август. Тоа е медицинска продавница за канабис, што им продава само на оние со рецепти за канабис и кои се постари од 19 години. Оваа продавница има дозвола за работа од општината Дигби и е официјална на секој начин, освен еден - диспанзерите сè уште се технички нелегални. „Ние стоиме гордо, знаејќи дека зборувавме со  Ројалната канадска полиција на коњи (RCMP - Royal Canadian Mounted Police), со градот и дека тие знаат дека сме 100 проценти транспарентни. Ова е велнес центар и ние сме навистина тука да им помогнеме на луѓето“ - додава Свифт.


Диспанзерот делува како аптека 

Ashley Roberts
Свифт, менаџерот Ешли Робертс (Ashley Roberts) и помошник менаџерот Колби Тибодо (Colby Thibodeau) продаваат медицински канабис производи, а исто така одржуваат консултативни сесии со сите несигурни пациенти за тоа што ќе функционира најдобро за нив. Примероците се исто така давани на секој со рецепт и ограничен приход, исто како што аптеките или докторот понекогаш ќе обезбедат мал примерок на нов лек.


Време е за образование

Не само што диспанзерот работи со 100% транспарентност, туку исто така го охрабрува секој кој е љубопитен да ги достави своите прашања и набрзо да замине со одговори. „Најголемиот дел од нашата работа овде, надвор од продажбата е образованието“ - истакнува Свифт. „Повеќето луѓе кои се плашат или се против канабисот едноставно не се информирани за тоа што тој може да направи за луѓето“ - рече Робертс.

Colby Thibodeau
Едно од најголемите појаснувања за канабисот е дека тоа е заеднички термин за различни марихуана и канабиноидни производи. Друга точка на разјаснување со клиентите е дека постојат форми на канабис што може да ги консумирате без да го почувствувате хајот, без да се надувате. ЦБД или канабидиол, е уште една состојка што се наоѓа во марихуаната, но за разлика од ТХЦ, една од главните состојки што го предизвикува хајот, но таа не ве надувува. Постојат и различни методи на употреба, како што се пушењето, јадењето и капсулите кои може да се земаат како пилула и секој начин на консумирање дава различен ефект.

Тоа сè уште помага да се справите со болката и има други бенефиции без да го надуваат корисникот“ - додава Робертс. Медицински канабис, исто така, може да се користи за многу повеќе од само контролирање на болката, за што е најпознат. Робертс рече дека некои клиенти исто така го земаат за да огладнат, бидејќи немаат апетит. „Може да се исмејувате дека несаканите ефекти се смеа и глад, но знаете што, тие за некои луѓе се целиот свет“ - заклучува Свифт.


Лична инвестиција

Sherry Outhouse
Свифт е од Островот Брајер и вели дека неговата мајка е меѓу оние што најмногу се против марихуаната кога тој растел. „Мајка ми ми рече дека ќе ме исфрли од животот ако не престанам“ - рече Свифт. „Ѝ испратив книгата за медицинските придобивки од канабисот, а таа се смени за 180 степени. Таа ме држеше и плачеше, велејќи: ‚Има толку многу луѓе што не знаат‘“ - вели тој.

Сестрата на Свифт, која работела како затворски чувар и била целосно против употребата на канабисот, дури и медицински, ја изгубила битката со ракот минатиот Божиќ. Таа одлучи во своите последни недели повеќе да не зема опијати, бидејќи не можеше да помине време со своите деца. „Добивме рецепт за производи од канабис и тоа беше ноќ и ден. Таа го поврати достоинството, нејзината болка не беше голема и беше во можност да каже збогум на нејзините деца. Тоа значеше цел свет“ - рече Свифт.


Дома во Дигби

Робертс се чувствува добро во врска со нејзината нова позиција со High Tides. Тибодo се чувствува исто така, заедно со рецепционерката Шери Оутхаус. „Имавме навистина добар прием во Дигби и мислам дека тоа е добар знак“ - рече Робертс. Свифт се согласи, велејќи: „Единственото нешто што сум го забележал е многу љубопитност, што ние го поздравуваме тука“. Додека разговара за неговиот бизнис, неколку луѓе минуваат низ вратите. Едниот е средовечен, другиот е постар, а третата се чини дека е во нејзините доцни дваесетти години.

Таа разновидност таму е токму она што го бараме и е причината што ја преместив продавницата повторно дома во Дигби“ - рече Свифт, кој ја затвора својата локација во Халифакс. „Тука видов потреба, каде што е потешко да се најдат лекари кои ќе се согласат да препишуваат канабис. Постарите генерации живееле во време кога медиумите ги исплашиле за канабисот. Мораме да работиме за да го смениме тоа, а нашата најдобра алатка се информациите“ - дополнува Свифт. Тој, Робертс, Тибодо и Оутхаус имаат големи надежи дека, со тројцата новодојдени доктори  во Дигби, прогнозите се добри!

Роланд Свифт е сопственик на новоотворената канабис аптека High Tides, диспенсар за медицински канабис во Дигби. Тој е страстен за медицинскиот канабис поради тоа што им помогна на неговата мајка и сестра во последните денови додека се бореа со ракот. „Им даде [нив] достоинство и значеше свет“ - истакнува тој. Ешли Робертс е менаџер на продавницата. Таа е страсна за едукација на луѓето за тоа зошто медицинскиот канабис може да им помогне на луѓето. „Мојата баба го разбрала тоа кога имала рак и дали знаела дека постоеле производи кои би можеле да ѝ помогнат за нејзината болка, без да чувствува хај, тоа можеше навистина да ѝ помогне“ - рече Ешли.

Колби Тибодо работи во центарот, бидејќи тој е страстен за пристапот. „Има толку многу луѓе кои не можат да пристапат до диспанзерите поради далечината, финансиите и други причини“ - рече тој. „Јас работам овде за да помогнам тоа да се промени“. Шери Оутхаус познавала неколку луѓе кои земале медицински канабис и кои виделе итни подобрувања. „Само сакам други луѓе на кои им треба помош да знаат дека сме тука за нив“ - рече таа.

Автор: К. К.