Showing posts with label коронавирус. Show all posts
Showing posts with label коронавирус. Show all posts

Tuesday, August 18, 2020

„Ана“ - вендинг машина за продажба на канабис дебитира во Колорадо!

Првите примероци на „Ана“ (Anna) се појавија во диспанзерот „Strawberry Fields“ во Пуебло. Компанијата што го создаде овој „тревомат“ се надева дека ќе се прошири и на други локации во Колорадо до крајот на оваа година. Една компанија која произведува вендинг машини се грижи жителите на Колорадо да можат да го купат својот канабис без да имаат контакт со продавач


Денес е нормално потрошувачите да можат да купат намирници како: кафе, храна, играчки, додатоци за домашни миленици и сл. без директно да имаат контакт со вработено лице. Мет Фрост (Matt Frost) е основач и извршен директор на „Anna“ - дизајнирана да извршува нарачки за производи од марихуана. Првите вакви „тревомати“ се поставени во диспанзерот „Strawberry Fields“ во централно Пуебло, каде што клиентите сега можат да купат цвет од канабис, прехранбени продукти со канабис и масла за вапоризирање, без да мора да комуницираат со човечко битие. Овие вендинг автомати за марихуана исто така ќе дебитираат и во други диспанзери, како „Starbuds“ во Аурора до крајот на оваа година.

Фрост првично го разви концептот за прилагодување на перформансите на малопродажниот систем за самопослужување во индустријата за марихуана. Во неговата матична држава Масачусетс, чекањето на клиентите во диспанзерите може да трае и со часови, а некои продавници имаат потреба од клиентите, да го резервираат времето за подигање на нарачаните канабис производи. Но, бидејќи пандемијата со COVID-19 ги ​​принуди продавниците за трева да се прилагодат на зголемената побарувачка на канабис/производи од канабис преку Интернет, Фрост виде можност да им помогне да се модернизираат и да започнат со „бесконтакнтниот“ бизнис.

Постојат искусни потрошувачи на канабис на кои не им е потребна таква интеракција лице-в-лице со продавачот на трева. Тие знаат што сакаат пред да влезат, подготвени се само да влезат и да излезат. Со тоа, ние им даваме повеќе време на луѓето на кои им е потребно „држење за рака“ и го сакаат тоа едуцирање од страна на жива личност“ - истакна Фрост. „Со Ковид19 и социјалното растојание и бесконтакноста, дефинитивно и ние исто така имаме нешто да понудиме“ - додава тој.

Поставени се четири вендинг апарати во Strawberry Fields, така што клиентите сè уште треба да покажат идентификација и да се пријават за да ги користат. Секој од нив прикажува дигитална верзија на менито, на екран на допир голем 27 инчи, каде што клиентите можат да ја пополнат својата виртуелна корпа и да плаќаат со готовина или дебитна картичка. Потоа, Ана ги дистрибуира нарачките. Клиентите исто така можат да нарачаат канабис користејќи ја апликацијата Anna app и потоа да го подигнат нарачаното со помош на машината.

Веројатно нема да најдете закуски во овие вендинг машини - само трева, рече Фрост, барем засега. Покрај експанзијата во Колорадо и дебито на пазарот во Масачусетс, тој исто така го следи пазарот на CBD и се надева дека во блиска иднина ќе стави Ана машини кои продаваат не-психоактивни производи од канабис на бензински пумпи и продавници за малопродажба. „Партнерството кон кое треба да се упатиме треба да го чувам во тајна засега, но [тоа е] многу значајна можност за дистрибуција на ЦБД за која сме возбудени“ - рече Фрост. „Мислам дека ќе ја видите оваа форма апсолутно во есен“ - додаде тој.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: TheKnow

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:


Friday, May 8, 2020

Канабисот покажува ветувачки потенцијал за блокирање на инфекција од коронавирус!

Истражувач од Универзитетот во Летбриџ (град во провинцијата Алберта, Канада) - Игор Ковалчук (Igor Kovalchuk) води студија за медицински канабис како потенцијална терапија за КОВИД-19! Екстрактите од канабис покажуваат потенцијал да ги направат луѓето поотпорни на новиот коронавирус, вели тој


Проф. д-р Игор Ковалчук
Откако разгледаа 400 видови канабис, истражувачите од Универзитетот во Летбриџ се концентрираат на десетина кои покажуваат ветувачки резултати во обезбедување на помалку плодна почва за вкоренување на потенцијално смртоносниот вирус Корона, рече биологот д-р Игор Ковалчук. „Голем број од нив го намалија бројот на овие (вирусни) рецептори за 73 проценти, шансите за негово влегување се многу помали“ - рече Ковалчук. „Ако можат да го намалат бројот на рецептори, има многу помалку шанси од заразување“. Користејќи врсти на канабис сатива во текот на изминатите три месеци, истражувачот рече дека ефективната рамнотежа помеѓу активните компоненти на канабисот, канабиноидите THC (користен за третирање канцери) и CBD (користен за третирање епилепсија) - сè уште не е јасна во блокирањето на коронавирусот.

ПРЕВЕНЦИЈА НА КОРОНАВИРУС СО КАНАБИС, НАМЕСТО ВАКЦИНА!!!

Ова ќе потрае долго време за да откриеме што е активната состојка - може да има многу“ - истакна Ковалчук, кој е во партнерство со фирмата за истражување на канабис во Алберта - Swysh and Pathway RX. Втората компанија делумно е во сопственост на лиценциран производител на канабис со седиште во Олдс - Sundial Growers. Истражувањата најчесто се вршат за поткрепа на комерцијално достапните продукти од канабис. Можеби и поради нелегалноста на ТХЦ ширум светот се прескокнува истражувањето на неговиот неоткриен потенцијал... Затоа истражувачиве се фокусирале главно на антиинфламаторните својства на високата содржина на CBD кои според нив покажаа најмногу ветувања. „Ние повеќе се фокусираме на многу ЦБД (Канабидиол) бидејќи луѓето можат да земаат поголеми дози и да не бидат надувани“ - рече тој.


Подобро да спречиш, отколку да лечиш :)
Студијата под лиценца на Health Canada со употреба на вештачки 3-Д модели на човечко ткиво бараше начини да го спречи многу заразниот коронавирус, јавувајќи се како домаќин во белите дробови, цревата и усната шуплина. Доколку биде успешна, работата може да најде практична медицинска употреба во форма на раствори за плакнење на устата, за гаргара, инхалатори или гелови, рече Ковалчук. „Тоа ќе биде поевтино за луѓето и ќе има многу помалку несакани ефекти“ - рече тој. Но, отсуството на клинички испитувања претставува бариера, а финансирањето од страна на канабис индустријата, исто така недостасува во моментов, рече Ковалчук. „Имаме медицински лица кои се подготвени да работат со нас, но за многу компании во бизнисот со канабис, тоа е значајна готовина што не можат да си ја дозволат“ - потенцира тој.

Ковалчук истакна дека наодите нема да доведат до вакцина - нешто „помалку специфично и прецизно“, но сепак тоа е друго можно безбедно и природно оружје против KОВИД-19! „Екстрактите од нашите најуспешни и нови сатива врсти со многу високи нивоа ЦБД, во очекување на понатамошни истражувања, може да станат корисен и безбеден додаток на третманот против КОВИД-19 како дополнителна терапија“ - рече Ковалчук. „Со оглед на тековната тешка и брзо развивачка епидемиолошка ситуација, мора да се разгледа секоја можна терапевтска опција и патот мора да биде разгледан“ - истакнува тој.

Израелските истражувачи започнаа клинички испитувања на ЦБД како третман за поправка на клетките оштетени од КОВИД-19 со употреба на неговите антиинфламаторни способности. Се смета дека ЦБД може да го подобри традиционалниот ефект на стероидите во таков третман на пациенти во животна опасност и да го засили имуниот систем. Тоа е таков вид на истражување кое заслужува владино финансирање во Канада, рече Ковалчук. „Нашата работа може да има огромно влијание - нема многу лекови кои имаат потенцијал да ја намалат инфекцијата за 70 до 80 проценти“ - заклучува тој.

Новинар: MoniQue Konopova
Извор: Calgaryherald

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Израелска болница ќе започне со лекување на пациенти болни од коронавирус со канабис!

Канабис индустријата се развива и покрај Корона пандемијата