Showing posts with label Covid19. Show all posts
Showing posts with label Covid19. Show all posts

Tuesday, August 18, 2020

„Ана“ - вендинг машина за продажба на канабис дебитира во Колорадо!

Првите примероци на „Ана“ (Anna) се појавија во диспанзерот „Strawberry Fields“ во Пуебло. Компанијата што го создаде овој „тревомат“ се надева дека ќе се прошири и на други локации во Колорадо до крајот на оваа година. Една компанија која произведува вендинг машини се грижи жителите на Колорадо да можат да го купат својот канабис без да имаат контакт со продавач


Денес е нормално потрошувачите да можат да купат намирници како: кафе, храна, играчки, додатоци за домашни миленици и сл. без директно да имаат контакт со вработено лице. Мет Фрост (Matt Frost) е основач и извршен директор на „Anna“ - дизајнирана да извршува нарачки за производи од марихуана. Првите вакви „тревомати“ се поставени во диспанзерот „Strawberry Fields“ во централно Пуебло, каде што клиентите сега можат да купат цвет од канабис, прехранбени продукти со канабис и масла за вапоризирање, без да мора да комуницираат со човечко битие. Овие вендинг автомати за марихуана исто така ќе дебитираат и во други диспанзери, како „Starbuds“ во Аурора до крајот на оваа година.

Фрост првично го разви концептот за прилагодување на перформансите на малопродажниот систем за самопослужување во индустријата за марихуана. Во неговата матична држава Масачусетс, чекањето на клиентите во диспанзерите може да трае и со часови, а некои продавници имаат потреба од клиентите, да го резервираат времето за подигање на нарачаните канабис производи. Но, бидејќи пандемијата со COVID-19 ги ​​принуди продавниците за трева да се прилагодат на зголемената побарувачка на канабис/производи од канабис преку Интернет, Фрост виде можност да им помогне да се модернизираат и да започнат со „бесконтакнтниот“ бизнис.

Постојат искусни потрошувачи на канабис на кои не им е потребна таква интеракција лице-в-лице со продавачот на трева. Тие знаат што сакаат пред да влезат, подготвени се само да влезат и да излезат. Со тоа, ние им даваме повеќе време на луѓето на кои им е потребно „држење за рака“ и го сакаат тоа едуцирање од страна на жива личност“ - истакна Фрост. „Со Ковид19 и социјалното растојание и бесконтакноста, дефинитивно и ние исто така имаме нешто да понудиме“ - додава тој.

Поставени се четири вендинг апарати во Strawberry Fields, така што клиентите сè уште треба да покажат идентификација и да се пријават за да ги користат. Секој од нив прикажува дигитална верзија на менито, на екран на допир голем 27 инчи, каде што клиентите можат да ја пополнат својата виртуелна корпа и да плаќаат со готовина или дебитна картичка. Потоа, Ана ги дистрибуира нарачките. Клиентите исто така можат да нарачаат канабис користејќи ја апликацијата Anna app и потоа да го подигнат нарачаното со помош на машината.

Веројатно нема да најдете закуски во овие вендинг машини - само трева, рече Фрост, барем засега. Покрај експанзијата во Колорадо и дебито на пазарот во Масачусетс, тој исто така го следи пазарот на CBD и се надева дека во блиска иднина ќе стави Ана машини кои продаваат не-психоактивни производи од канабис на бензински пумпи и продавници за малопродажба. „Партнерството кон кое треба да се упатиме треба да го чувам во тајна засега, но [тоа е] многу значајна можност за дистрибуција на ЦБД за која сме возбудени“ - рече Фрост. „Мислам дека ќе ја видите оваа форма апсолутно во есен“ - додаде тој.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: TheKnow

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:


Sunday, July 5, 2020

THC ги спречува смртоносните симптоми кај белодробни заболувања поврзани со вируси - СТУДИЈА!

THC дефинитивно има повеќе круцијални здравствени улоги, отколку само да Ве надува и да бидете „ХАЈ“... THC не само што е канабиноид кој е веќе докажан убиец на ракот, тој може да нè заштити од воспаленија, благодарение на неговото антиинфламаторно дејство! Новото истражување објавено во Frontiers In Pharmacology покажа дека тетрахидроканабинолот (THC) - главната психоактивна компонента во канабисот - може да ги спречи леталните симптоми од нарушувања кај белите дробови поврзани со: Covid-19, грип и многу повеќе...


Синдром на акутно респираторно нарушување (Acute Respiratory Distress Syndrome - ARDS) погодува повеќе од 3 милиони луѓе ширум светот секоја година. Обично, по инфекцијата на белите дробови, пациентите брзо добиваат воспаление, потешкотии во дишењето (скратен здив) и промени на кожата. Тоа е фатално кај 35-50 проценти од засегнатите, особено со беснеењето на вирусот Ковид-19. АРДС е сериозна компликација и лекувањето и заштитата со помош на билка како што е канабисот може да биде корисно во тековната битка против пандемијата, за што сугерираат повеќе студии до сега. ARDS е сериозен проблем за оние изнемоштени од заболувања на белите дробови и сите потенцијални заболувања може да имаат големо влијание врз квалитетот на животот на пациентот, како и врз стапката на преживување. 

Кај пациенти со респираторни заболувања, смртоносните симптоми поврзани со ARDS обично следат по наплив на сигнали во белите дробови наречени цитокинска бура (cytokine storm). Цитокините се мали гласници ослободени во организмот и се важни во имунолошкиот систем кога телото е под напад од инфекција. Тие можат да бидат или про-воспалителни, каде му кажуваат на телото да реагира на местото на инфекцијата со имуните клетки или анти-воспалителни, каде што тие ја забавуваат реакцијата и ги запираат имуните клетки премногу да ја оштетуваат областа. Кај респираторните заболувања, понекогаш имунолошкиот систем прекумерно реагира и ослободува премногу про-воспалителни цитокини, предизвикувајќи хиперинфламација и можна смрт, што се нарекува цитокинска бура.

За да проверат дали THC може да помогне во оваа ситуација, авторот на оваа научна студија Амира Мохамед (Amira Mohammed) заедно со истражувачкиот тим од Универзитетот во Јужна Каролина, третирале глувци заболени од ARDS со помош на THC. Овој канабиноид е докажано дека делува како антиинфламаторно средство, па му се чинеше веројатно на тимот дека може исто така да има улога во запирање на воспалението кај белите дробови. Откриле дека во 100 % од случаите, ТХЦ ги заштити глувците од смртоносни симптоми што се случуваат по цитокинската бура со блокирање на про-воспалителните цитокини кои ги доведуваат имуните клетки во областа и предизвикуваат оштетување. Не само ова, THC всушност ја зголеми антиинфламаторната активност, забавувајќи го воспалението и запирајќи ја предизвиканата сериозна штета.


Во апстрактот на студијава истражувачите пишуваат:
„Синдромот на акутно респираторно нарушување (ARDS) е компликација опасна по живот што може да настане по инфекцијата Staphylococcus aureus. Ентеротоксинот произведен од овие бактерии (SEB) делува како суперантиген со тоа активирајќи голем дел од Т-клетките што доведуваат до цитокинска бура и сериозна повреда на белите дробови. Δ9Tetrahydrocannabinol (THC), психоактивната состојка пронајдена во растението канабис сатива, се покажа дека делува како моќно антиинфламаторно средство. Во тековната студија, го испитавме ефектот на третманот со THC врз ARDS предизвикан од SEB кај глувци. Додека изложеноста на СЕБ резултираше во акутна смртност, третманот со ТХЦ доведе до 100% преживување кај глувци. Третманот со THC значително ги потисна воспалителните цитокини: IFN-γ и TNF-α. Покрај тоа, THC ја зголеми индукцијата на регулаторните Т-клетки (Tregs) и нивните придружни цитокини: IL-10 и TGF-β. Покрај тоа, THC предизвика индукција на миелоидно-изведени потиснувачки клетки (Myeloid-Derived Suppressor Cells - MDSCs). THC дејствуваше преку CB2 рецепторот и како фармаколошки инхибитор на CB2 рецепторите ги блокираше антиинфламаторните ефекти. Глувците третирани со THC покажаа значителни промени во изразот на miRNA (miRs) во мононуклеарните клетки инфилтрирани во белите дробови (MNCs). Поточно, THC предизвика дерегулација на let7a-5p што се насочи на SOCS1 и дерегулација на miR-34-5p што предизвика зголемено изразување на: FoxP3, NOS1 и CSF1R. Заедно, овие податоци сугерираат дека промените поврзани со THC при miR експресијата во белите дробови може да играат клучна улога во индукцијата на имуносупресивните Tregs и MDSC, како и сузбивање на цитокинската бура, што доведува до слабеење на повредата на белите дробови со посредство на SEB“.

Овие наоди сугерираат можна рута за запирање на цитокинската бура и сериозните компликации кај пациенти со респираторни заболувања. Се разбира, оваа студија беше спроведена само на глувци и ќе треба многу повеќе тестирања и клинички испитувања пред да стане можна терапија - но, тоа покажува само уште една интересна медицинска апликација на марихуаната за во иднина. Како што се зголемува бројот на истражувања за дејството на канабисот, постојано се докажува дека канабисот може да има многу повеќе корисни апликации, отколку само смирувачко/еуфорично дејство. Веќе се применуваат третмани со канабис за канцери, невролошки и ментални проблеми, како и за хронични болки и ред други здравствени проблеми. Канабисот може да има и огромни други придобивки што допрва треба да се откријат. Сепак, студиите треба да започнат да се спроведуваат и на луѓе, не само на глувци. Ова не е прво истражување за дејството на канабисот врз Корона вирусот и белодробните заболувања. Разгледајте ги и претходните за кои веќе пишувавме на нашиот блог, линковите се во продолжение...

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Iflscience

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Канабисот покажува ветувачки потенцијал за блокирање на инфекција од коронавирус!

Израелска болница ќе започне со лекување на пациенти болни од коронавирус со канабис!

Како влијае вирусот Ковид-19 кај пациенти кои користат канабис и обратно?

Канабис индустријата се развива и покрај Корона пандемијата





Станете дел од реномираната швајцарска канабис компанија CANNERALD! - Регистрирајте се веднаш на следниов линк - https://cannergrow.com/r/MV1ZSK

Friday, May 8, 2020

Канабисот покажува ветувачки потенцијал за блокирање на инфекција од коронавирус!

Истражувач од Универзитетот во Летбриџ (град во провинцијата Алберта, Канада) - Игор Ковалчук (Igor Kovalchuk) води студија за медицински канабис како потенцијална терапија за КОВИД-19! Екстрактите од канабис покажуваат потенцијал да ги направат луѓето поотпорни на новиот коронавирус, вели тој


Проф. д-р Игор Ковалчук
Откако разгледаа 400 видови канабис, истражувачите од Универзитетот во Летбриџ се концентрираат на десетина кои покажуваат ветувачки резултати во обезбедување на помалку плодна почва за вкоренување на потенцијално смртоносниот вирус Корона, рече биологот д-р Игор Ковалчук. „Голем број од нив го намалија бројот на овие (вирусни) рецептори за 73 проценти, шансите за негово влегување се многу помали“ - рече Ковалчук. „Ако можат да го намалат бројот на рецептори, има многу помалку шанси од заразување“. Користејќи врсти на канабис сатива во текот на изминатите три месеци, истражувачот рече дека ефективната рамнотежа помеѓу активните компоненти на канабисот, канабиноидите THC (користен за третирање канцери) и CBD (користен за третирање епилепсија) - сè уште не е јасна во блокирањето на коронавирусот.

ПРЕВЕНЦИЈА НА КОРОНАВИРУС СО КАНАБИС, НАМЕСТО ВАКЦИНА!!!

Ова ќе потрае долго време за да откриеме што е активната состојка - може да има многу“ - истакна Ковалчук, кој е во партнерство со фирмата за истражување на канабис во Алберта - Swysh and Pathway RX. Втората компанија делумно е во сопственост на лиценциран производител на канабис со седиште во Олдс - Sundial Growers. Истражувањата најчесто се вршат за поткрепа на комерцијално достапните продукти од канабис. Можеби и поради нелегалноста на ТХЦ ширум светот се прескокнува истражувањето на неговиот неоткриен потенцијал... Затоа истражувачиве се фокусирале главно на антиинфламаторните својства на високата содржина на CBD кои според нив покажаа најмногу ветувања. „Ние повеќе се фокусираме на многу ЦБД (Канабидиол) бидејќи луѓето можат да земаат поголеми дози и да не бидат надувани“ - рече тој.


Подобро да спречиш, отколку да лечиш :)
Студијата под лиценца на Health Canada со употреба на вештачки 3-Д модели на човечко ткиво бараше начини да го спречи многу заразниот коронавирус, јавувајќи се како домаќин во белите дробови, цревата и усната шуплина. Доколку биде успешна, работата може да најде практична медицинска употреба во форма на раствори за плакнење на устата, за гаргара, инхалатори или гелови, рече Ковалчук. „Тоа ќе биде поевтино за луѓето и ќе има многу помалку несакани ефекти“ - рече тој. Но, отсуството на клинички испитувања претставува бариера, а финансирањето од страна на канабис индустријата, исто така недостасува во моментов, рече Ковалчук. „Имаме медицински лица кои се подготвени да работат со нас, но за многу компании во бизнисот со канабис, тоа е значајна готовина што не можат да си ја дозволат“ - потенцира тој.

Ковалчук истакна дека наодите нема да доведат до вакцина - нешто „помалку специфично и прецизно“, но сепак тоа е друго можно безбедно и природно оружје против KОВИД-19! „Екстрактите од нашите најуспешни и нови сатива врсти со многу високи нивоа ЦБД, во очекување на понатамошни истражувања, може да станат корисен и безбеден додаток на третманот против КОВИД-19 како дополнителна терапија“ - рече Ковалчук. „Со оглед на тековната тешка и брзо развивачка епидемиолошка ситуација, мора да се разгледа секоја можна терапевтска опција и патот мора да биде разгледан“ - истакнува тој.

Израелските истражувачи започнаа клинички испитувања на ЦБД како третман за поправка на клетките оштетени од КОВИД-19 со употреба на неговите антиинфламаторни способности. Се смета дека ЦБД може да го подобри традиционалниот ефект на стероидите во таков третман на пациенти во животна опасност и да го засили имуниот систем. Тоа е таков вид на истражување кое заслужува владино финансирање во Канада, рече Ковалчук. „Нашата работа може да има огромно влијание - нема многу лекови кои имаат потенцијал да ја намалат инфекцијата за 70 до 80 проценти“ - заклучува тој.

Новинар: MoniQue Konopova
Извор: Calgaryherald

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Израелска болница ќе започне со лекување на пациенти болни од коронавирус со канабис!

Канабис индустријата се развива и покрај Корона пандемијата


Saturday, May 2, 2020

Израелска болница ќе започне со лекување на пациенти болни од коронавирус со канабис!

ТЕЛ АВИВ - Во пресрет на светската пандемија од коронавирус - во канабисот е спасот! Израелска болница ќе започне со тестирање на пациенти засегнати од вирусот КОВИД-19 со медицински канабис, за кој е познато дека има антивирусни и антибиотски својства, како дел од новиот експериментален третман



Иако за целосно излекување од некоја сериозна болест или за стабилизирање на состојбата кај одредени медицински дијагнози потребни се сите активни состојки од канабисот, поради придружниот ефект и нивното меѓусебно содејство, сепак истражувачите решија да го испитаат ефектот само на комерцијално популарниот канабиноид канабидиол кај пациенти позитивни на Коронавирус. Тоа е не-психоактивна компонента во канабисот, исто така позната како CBD, која може да го забави ширењето на вирусот ковид-19 и да спречи пациентите кои се во умерена состојба, да не преминат во критична состојба. Десетици пациенти со КОВИД-19 во умерена состојба во Медицинскиот центар Ичилов во Тел Авив се очекува да бидат (из)лекувани.


Барак Коен (Barak Cohen), искусен анестезиолог, кој е одговорен за управување со одговорот на коронавирусот во болницата, истакна дека третманот ќе ги ублажи симптомите со употреба на „компонента од растението канабис што се смета за безбедна и не создава зависност“. Одделно, истражувачите од универзитетот во Тел Авив започнаа со развој на лек базиран на CBD, за кој се покажа дека е ефикасен против воспаление на клетките на белите дробови инфицирани со коронавирус. Институтот за технологија Technion во Хаифа, исто така работи на развивање на два комплементарни лекови засновани на разни врсти канабис за борба против вирусот. Првиот ќе се обиде да го намали имунолошкиот одговор на пациентот, додека вториот има за цел да го забави текот на болеста со намалување на експресијата на рецепторот, протеин што му овозможува на вирусот да прима и испушта супстанции надвор од клетката. 


Професорот Дуди Меири
Нашата лабораторија е одобрена да работи како лабораторија за коронавирус и во моментов промовираме две студии засновани на постоечки студии за канабис“ - изјави за порталот Calcalist професорот Дуди Меири (Dudi Meiri), кој го води тимот на Технион. „Прво, ќе се обидеме да ги идентификуваме имуните клетки на растението кои се способни да го потиснат имунолошкиот одговор на коронавирусот, што предизвикува воспаление и заболувања. Молекулите на канабис растенијата имаат способност да ја намалат реакцијата на имунолошкиот систем без целосно да го потиснат, а со тоа да обезбедат подобар комплементарен третман од стероидите, кои целосно го потиснуваат имунолошкиот систем“ - додаде тој.


Во втората студија д-р Меири ќе се фокусира на рецепторот што му овозможува на вирусот да го инјектира својот генетски израз во човечките клетки и да се размножува. „Постои процес што го испитува ефектот на молекулите на канабис врз протеините“ - објасни тој. „Сега истражуваме кои од нив се релевантни за истиот рецептор, со цел да се намали неговиот израз, отежнувајќи го вирусот да влезе во клетката и да се размножува“ - заклучува д-р Меири.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Breitbart

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: